КАФЕ ПАУЗА

Tag: слабеење

  • Како да ја одржувате вашата мотивација за слабеење?

    Како да ја одржувате вашата мотивација за слабеење?

    Почетокот на патот кон губењето на тежината е лесен. Вашата мотивација е на високо ниво и вие сте одлучени дека овој пат еднаш засекогаш ќе ја постигнете вашата цел. Цело време внимавате што јадете и одите редовно во теретана. Но, по некое време животот почнува да ви се меша. Одвреме-навреме почнувате да мамите со диетата велејќи си на себе дека само еднаш нема да ви наштети. Се убедувате дека вежбањето кое го пропуштате не е толку важно како што експертите велат. И набрзо, сфаќате дека целосно сте се вратиле на вашите стари навики – како и на старите фармерки.rnrnКако да ја одржувате вашата мотивација за слабеењеrnrnНешто што голем број од луѓето не сфаќаат за мотивацијата е дека за да можете да ја одржувате здрава и силна, потребна е континуирана работа. Тоа е исто како миењето на вашите заби. Мора секојдневно да ги миете доколку сакате да имате сјајна насмевка. Ако сакате да имате и сјајно тело, ќе мора да најдете начин да ја одржите вашата мотивација за вежбање и за конзумирање здрава исхрана.rn

    1. Имајте визуелна цел

    rnКолку повеќе можете да ја видите крајната цел, толку повеќе ќе се охрабрувате. Вашата желба полека, но сигурно ќе станува незапирлива и тешко кршлива.rnrnЕден начин на кој можете да го постигнете ова е доколку направите колаж од фотографии кои ќе го претставуваат она што го очекувате од себе кога ќе ја постигнете целта. Не е важно колку е голем или мал, важно е постојано да биде во вашиот видик. Другиот начин е да создадете некаков на визуелна цел за губење на вашата тежина. На пример, можете да декорирате 2 тегли и едната од нив да ја пополните со онолку шарени камчиња колку што сакате да загубите килограми. Како што ќе ја намалувате вашата тежина, така ќе ги префрлате камчињата од едната во другата тегла. На овој начин можете активно да го следите вашиот напредок.rn

    2. Славете го целиот напредок

    rnЕдна од главните причини поради кои мотивацијата опаѓа во првите неколку недели од започнувањето на нешто ново е бидејќи вие не ги славите вашите мали победи по патот. Тоа е како да не можете да уживате во плодовите од вашиот труд сè додека не стигнете до крајната цел.rnrnКако да ја одржувате вашата мотивација за слабеењеrnrnНе чекајте го крајот за да се пофалите себеси за целиот вложен труд и за сите промени кои сте ги постигнале, без разлика на тоа колку мали и незначајни ви изгледаат. Запомнете, тие се последица од огромна храброст и обврзаност. Кога го почитувате тоа, вие се почитувате и себеси и ја обновувате вашата енергија за постигнување и други успеси.rn

    3. Ослободете се од вагата

    rnПроблемот со вагата во вашето купатило е дека таа не го мери само „вишокот“ во вашето тело, туку ги опфаќа и мускулите, коските, крвта, органите и ткивата. Па, доколку тоа е единствениот метод на мерење кој го употребувате во вашата авантура на губење килограми, тогаш никогаш нема да знаете точно колку маснотии сте изгубиле. И никако не заборавајте дека доколку ги затегнувате мускулите, поради зголемувањето на мускулната маса вашата тежина ќе се зголеми.rnrnИсто така, голем број од луѓето имаат емоционална врска со нивната вага. Тие и дозволуваат таа да им „диктира“ дали денот ќе им биде добар или лош. На овој начин тие ја мерат својата самодоверба, не телесната тежина, што е многу нездраво. Доколку сакате прецизно мерење на вашите маснотии, тогаш обратете се кај професионалец. Тие ќе ве тестираат и ќе ви помогнат да го пронајдете најбрзиот и најдобриот начин на слабеење за вас.rn

    5. Направете „зошто“ листа

    rnСекој сака да изгуби тежина поради некои свои причини. Некои луѓе сакаат само да изгледаат подобро, други сакаат да си го подобрат своето здравје, а некои пак сакаат едноставно да се чувствуваат поудобно во својата кожа. Доколку вие сакате да останете мотивирани за време на целиот процес, тогаш ќе морате да ги разберете вашите одговори на прашањето „зошто“.rnrnКако да ја одржувате вашата мотивација за слабеењеrnrnНаправете листа која ќе ги содржи сите причини зошто сакате да ослабете. Навлегувајте во што е можно повеќе детали, вклучувајќи ги сите придобивки кои би можеле да ги добиете со слабеењето. Што повеќе знаете за оние нешта кои ве мотивираат, толку полесно ќе можете да ја постигнете вашата цел.rn

    4. Опкружете се со мотивациски медиуми

    rnДали ќе го направите тоа со позитивна книга, инспиративна песна или пак, со мотивациски цитати… Тоа останува на вас. Важно е што повеќе да се опкружите себеси со мисли кои ќе ви дадат моќ. Но, ова не мора да биде само за губењето тежина. Може да биде за која било област во вашиот живот каде што сакате да се искачите на повисоки нивоа.

  • Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслаги

    Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслаги

    Insanity е неверојатно ефикасна програма за топење на масните наслаги. Нејзиниот креатор, фитнес-тренерот Шон Ти ветува зачудувачки резултати за само два месеци создавајќи скептицизам кај многумина, но за среќа тој е неоправдан. Оваа програма е толку добро склопена, што со доследно придржување на неговите совети во поглед на изведувањето на вежбите и на исхраната, би било неверојатно доколку не ги добиете посакуваните резултати, барем во мерата во која се трудите.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиInsanity-вежбите се изведуваат дома. Неопходен ви е простор отприлика 2х2 метри, а не ви е потребна никаква дополнителна опрема. Треба само да си ги пуштите видеата на компјутерот или на ДВД плеерот и да го правите она што го гледате на екранот. А, тоа воопшто не е лесно. Без оглед на тоа во каква физичка кондиција се наоѓате, Insanity ќе ве направи уште посилни и поиздржливи додека ги цеди маснотиите од вас.rn rn

    За кого е наменета?

    rnПрограмата е наменета и за почетници во вежбањето и за луѓе во добра физичка кондиција. Дизајнирана е да ве натера да ги поместите границите на својата сила и издржливост, така што и едните и другите може да очекуваат успех. Но, дури и активно да сте тренирале порано некаков спорт или сега тренирате, нема да ви биде лесно со оваа програма. После овие два месеци вежбање сигурно ќе бидете во подобра форма од кога било.rnrnИако Insanity не е наменета за секој, секој не може да ја спроведе. Луѓе кои не можат да истрчаат километар без застанување или не можат да направат десет склека ќе имаат проблеми со неа. Ако спаѓате во оваа категорија, подобро би било претходно да се подготвите малку. Исто така, не се препорачува на луѓе со срцеви проблеми, барем не пред да се советуваат со лекар.rn rn

    Придобивки

    rnГубење на масни наслаги. Ова е најголемиот мотив за голем број луѓе да започнат со Insanity, затоа што за кратко време дава извонредни резултати. Веќе по еден месец вежбање изгледот е видливо подобрен, а по комплетирањето на програмата, процентот на масти во телото задолжително е опаднат за неколку проценти.rnrnМускулна дефиниција. Insanity ја подобрува мускулната дефиниција, но речиси не придонесува за зголемување на мускулната маса. Многу жени се колебаат дали да ја применат оваа програма токму поради тоа што не сакаат големи мускули, но одговорот е дека нема да ги добијат, туку само ќе го издефинираат она што веќе го имаат на нив. Сепак, не е невозможно ни да се добие малку мускулна маса, но тие шанси се многу повеќе на страната на мажите.rnrnФизичка кондиција. Вашата физичка кондиција драматично ќе се подобрува. Ќе бидете поиздржливи од кога и да е. После ова, вообичаената партија фудбал или кошарка нема многу да ве заморува.rnrnПосилен дух. Цело време ќе се натпреварувате сами со себе. По некое време можеби ќе заборавите на вашиот изглед и на согорувањето на мастите и ќе мислите само на тоа колку многу можете да издржите.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrn

    Вежби

    rnВежбите се изведуваат во интервали со висок интензитет меѓу кои има многу мали паузи. Програмата е така дизајнирана што го носи бројот на отчукувања на срцето до вашиот максимум, го држи на тоа ниво извесно време, обично во интервали од две до пет минути, а потоа дозволува краток одмор од 30 секунди пред да се продолжи со следната рунда. Тоа не треба да ве плаши, затоа што тоа е начинот на којшто најбрзо се губат масните наслаги.rnrnВежбите се поделени во вкупно 14 видеа. Добивате и календар во којшто прецизно пишува кој ден кое видео да си го пуштите и да вежбате. Програмата започнува со фит тестот. Се изведува преку 8 вежби со чија помош се мери моменталната физичка кондиција, а се повторува на секои две недели за да се провери напредокот.rnrnВежбите во првиот месец се нешто полесни од оние во вториот и траат малку пократко. Првите четири недели служат за драстично да го подигнат нивото на вашата физичка подготвеност, потоа следува една недела со вежби за олабавување и обновување на енергијата, па уште четири недели со уште поисцрпувачки и подолготрајни вежби кога се губат и најмногу маснотии.rnrnСекоја од вежбите се изведува без дополнителна фитнес опрема, исклучиво користејќи ја тежината и отпорот на сопственото тело. Се состојат главно од разни варијанти на склекови, варијанти на сквотови (чучњеви), спринтови во место, скокови, вежби за баланс, итн. Сите тие вежби се користат во тренинзите за американски фудбал, кошарка, гимнастика и други спортови. Иако тие на видеото може да ви изгледаат доста едноставно, тоа не е така. На крајот од секој ден вежбање треба да се давите во пот, да изгледате како некој да ве избањал со многу вода. Во спротивно многу е веројатно дека сте ја утнале формата и вежбањето немало никаков ефект.rnrnШон Ти цело време ќе ве потсетува дека формата е поважна од брзината на изведување на вежбите. Понекогаш ќе губите здив и ќе имате потреба да подзастанете, но тоа не е страшно. Ретко кога ќе успеете да издржите цел тренинг без пауза плус. Затоа никогаш не притискајте го копчето за пауза, само одморете неколку секунди и продолжете со напорот. Сè додека давате сè од себе и имате доволен број на отчукувања на срцето вие сте на правиот пат, дури и со мали паузи.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrn

    Исхрана

    rnТренерот Шон Ти вели дека согорувањето на маснотиите зависи 30% од вежбањето и дури 70% од начинот на исхрана. Со програмата за вежбање оди и план за исхрана, кој го обезбедува неопходниот калориски дефицит за губење на масните наслаги, но кој за жал не е лесно применлив за нас во Македонија. За секој оброк има мени од пет различни рецепти од кои можете да избирате што ќе јадете, но тие честопати се составени од состојки кои ги нема кај нас или се многу скапи, како на пример кокосово млеко или авокадо.rnrnСепак, тој самиот напоменува дека во исхраната најважно е да се придржувате до правилата кои ја сочинуваат рамката на тоа мени. Истражувајте малку повеќе околу тоа која храна каква хранлива вредност има и лесно ќе го изберете вистинскиот оброк. Храна од типот на пилешко, риба, многу овошје и зеленчук, јаткасти плодови и јајца треба да го сочинува вашето секојдневно мени. Јадете четири до пет пати во текот на денот, при што секој оброк ќе содржи 40% јаглени хидрати, 40% протеини и 20% масти, и да не преминува преку 500 калории. Придржувајте се до ова најмногу што можете за што подобри резултати.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrnrn

    Мотивација

    rnВидеата со вежби се многу мотивирачки. Тренерот цело време зборува нешто за мотивација и многу е инспиративен. Вежбите никако нема да ви бидат здодевни, затоа што многу се разновидни и многу малку се повторуваат. Не е лесно да се научи која вежба е следна, а кога тоа веќе ќе го научите, видот на вежбите се менува.rnrnИ покрај тоа, Insanity програмата е за самодисциплинирани, одлучни и посветени. Ќе биде тешко, но наградата е голема. Нема да има резултати доколку не ги правите вежбите секој ден, ако се прејадувате и не се придржувате до основните правила на здравиот режим на исхрана или ако не спиете доволно. Ниту немањето време не може да ви виде извинување, затоа што никогаш нема да ви земат повеќе од еден час во текот на денот, шест дена во неделата.rn rn

    Како да стигнете до видеата со вежбите?

    rnПрограмата е сместена на 14 ДВД дискови кои можете да ги нарачате од САД за 120 долари или да ги симнете преку торент. Ако се решите за втората опција, внимавајте на тоа да ги симнете сите 14 видеа, заедно со календарот и планот за исхрана.rnrnСледува видео кое е само дел од еден тренинг. Од него ќе добиете претстава како изгледа ова.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Колку се слабее со пешачење?

    Колку се слабее со пешачење?

    Пешачењето на организмот му дава бројни здравствени придобивки, кои пред сè се однесуваат на отстранување и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. За жал, тешко може да се очекува дека со пешачењето како единствена физичка активност можат да се загубат килограми.rnrnКолку се слабее со пешачење?rnrnПешачењето, едноставно, не согорува доволно калории за да предизвика намалување на телесната тежина, освен ако не е дел од програма со други вежби и посебен режим на исхрана. Ако пешачите еден час со брзина од 2,5 км/час, што претставува нормално темпо, ќе согорите помеѓу 200 и 300 калории зависно од моменталната телесна тежина. Тоа значи дека вашата прошетка ви помогнала да согорите помалку или повеќе од две до три јаболка, или едно до две парчиња бел леб. За да симнете еден килограм треба да согорите околу 7.000 калории, а тоа би биле помеѓу 25 и 35 едночасовни прошетки со нормално темпо, зависно од телесната тежина, под услов да се применува соодветен режим на исхрана со кој се обезбедува калориски дефицит.rnrnКолку се слабее со пешачење?rnrnПешачењето може да даде некакви резултати ако се изведува на начин што овозможува согорување на поголем број калории од вообичаеното. Можете да се обидете со брзо одење или со пешачење по ридови. Во тој случај согорувањето на калориите се зголемува и до три пати.rnrnНе ве обесхрабруваме да пешачите. Тоа е одлична активност, добра е за вашето срце, но не можете да се потпрете на тоа ако целта ви е да ги отстраните масните наслаги од телото. Во таков случај треба да се обидете со трчање, спринтови, вежбање во теретана, возење велосипед, пливање, или кој било друг спорт кој ќе ви падне на памет, и секако, примена на здрав режим на исхрана.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до совршено тело до почетокот на летото?

    Како до совршено тело до почетокот на летото?

    Тајната на згодното тело се крие во истрајноста и дисциплината, па за да го постигнете ова потребна ви е вистинска мотивација и искрена желба да ослабете. Здравата исхрана и редовната физичка активност придонесуваат за подобар изглед и здравје, а ќе имате и повеќе енергија и самодоверба. Сè што треба е да бидете спремни за промени и искрено да сакате да си го подобрите квалитетот на живеење. За да си го олесните патот кон телото од соништата, треба да се придржувате кон следниве навики во исхраната.rnrnКако до совршено тело до почетокот на летото?rn

    1. Не пијте пијалаци со шеќер

    rnСлатките сокови само му штетат на вашиот организам и многу придонесуваат за дебелеењето, па затоа обидете се постепено да ги исфрлате од исхраната.rn

    2. Избегнувајте сосови

    rnИако се многу вкусни и одат во комбинација со голем број грицки и секаков вид храна, сепак содржат огромен број калории.rn

    3. Јадете барем 25 грама влакна дневно

    rnГравот, продуктите со интегрални житарки, овошјето и зеленчукот, се одлични намирници кои можат да ви ја овозможат потребната дневна доза на влакна, за да бидете сити, да ви се подобри варењето и стомакот да ви биде рамен. Со овие продукти многу лесно ќе симнете неколку килограми, а потоа ќе можете и да ја одржите тежината.rn

    4. Подготвувајте ја вашата храна сами

    rnНа овој начин вие ќе ги контролирате употребените состојки и големината на порциите.rn

    5. Одбегнувајте ги овие три нарушувачи на секоја диета

    rnНапад на глад – прво и осново никогаш не си дозволувајте себеси да бидете прегладнети.rnrnСпецијални прилики – кога имате прилика да прославите нешто, прославете го, но со умерена доза на храна и пијалак.rnrnВраќање на килограмите – доколку престанете редовно да пазите на исхраната и со вежбањето, сосема нормално е дека ќе вратите неколку од изгубените килограми, но не треба да дозволите ова да ве демотивира.rn

    6. Калоричната храна држете ја подалеку од вас

    rnНајдобар начин да ги одбегнете високо калоричните продукти е воопшто да не ги имате дома, бидејќи на тој начин најлесно ќе им одолеете.rn

    7. Забавете и обрнете внимание

    rnПред да се нафрлите на храната, најпрво оддалечете се од масата и почекајте барем 15 минути за реално да согледате дали сте навистина гладни или не.rnrnКога ќе седнете на маса јадете бавно и не дозволувајте компјутерот, телевизорот или весникот да ви го одвлекува вниманието. Така целосно ќе бидете свесни за секој залак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Придобивките од зелениот чај за вашата убавина

    Придобивките од зелениот чај за вашата убавина

    Здравствените придобивки од зелениот чај на сите ни се добро познати. Но, дали знаете колку тој може да придонесе за вашата убавина?rnrnПридобивките од зелениот чај за вашата убавинаrn

    1. Ефект на антистареење

    rnЗелениот чај изобилува со антиоксиданси кои го забрзуваат процесот на обновување на ќелиите на кожата. Како резултат на тоа вашата кожа ќе изгледа помладо и поцврсто од претходно. Овој чај ја забавува појавата на брчки и ги елиминира темните дамки од кожата.rn

    2. Заштита од акни

    rnАкните често настануваат поради токсините кои се наоѓаат под површината на кожата. Поради високото ниво на антиоксиданси, зелениот чај делува како природно детоксификационо средство, а со самото тоа се намалува појавата на акни и тие побрзо исчезнуваат.rn

    3. Заштита од сонце

    rnКонсумирањето на зелен чај ја штити кожата од штетните сончеви зраци, а го спречува и појавувањето на изгореници и рак на кожата.rn

    4. Губење килограми

    rnЗелениот чај го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето на храната. Токму поради тоа, овој напиток е ефикасно средство во борбата против непотребните килограми.rn

    5. Опаѓање на косата

    rnГубењето на косата е хроничен проблем поврзан со модерниот начин на живеење. За да се решите од овој проблем, редовно консумирајте зелен чај, бидејќи тој ги стимулира фоликулите и го зајакнува коренот на косата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?

    Каде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?

    Доколку сакате да ја достигнете вашата идеална линија, а потоа и да ја одржите вашата тежина, треба да го смените животниот стил. Она што е неопходно за да стигнете до посакуваната цел е да ги избегнувате нездравите намирници, секојдневно да вежбате и доволно да спиете.rnrnКаде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?rnrnМногумина најголемата грешка ја прават обидувајќи се за кусо време да изгубат голем број килограми, па токму затоа ви ги претставуваме најголемите грешки кои се прават при слабеењето.rn

    Изгладнување

    rnОва е најчестата грешка, која многумина ја прават обидувајќи се да постигнат големи резултати. Со изгладнувањето настанува мачење на мускулното ткиво и на целото тело, што може да резултира со голем број промени на метаболизмот, а не е исклучена можноста и да покачите некое кило плус. Сите доктори и експерти често потсетуваат дека сите екстремни диети се лоши за здравјето и невозможно е да се издржат на долг рок.rn

    Таблети, шејкови и многу други препарати за слабеење

    rnКолку и да имаат привлечна и добра реклама, атрактивна продавачка која и самата ги „користи“ производите и одлични препораки и искуства од претходните корисници, за жал сѐ уште не постои магична таблета, шејк или прашок кој може да ви ги скрати маките со вишокот килограми. Токму затоа не фрлајте ги вашите пари џабе, а инвестирајте ги во здрава храна, справа за вежбање или личен тренер.rnrnКаде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?rn

    Потење преку пасивност

    rnДоколку пријателката ви раскажала дека ослабела 2 сантиметри во струкот со секојдневно одење во сауна, не летајте се веднаш и вие да пробате. Вештачкото потење во сауна или замотувањето со целофанска фолија, нема да ве ослободи од масните наслаги. Потењето е добар показател, но само доколку се работи за потење поради вежби, а не седејќи во сауна.rn

    Еднолична исхрана

    rnНајверојатно сите сте чуле за диета која препорачува внесување само на одредена храна во организмот. Токму затоа голем број од луѓето веруваат дека едноличната исхрана ќе им помогне во постигнувањето на идеалната тежина, но со тоа можете да го постигнете само спротивното. Последните истражувања покажале дека најдоследен начин за губење килограми и одржување на посакуваната тежина е комбинацијата од разновидна здрава храна и редовно вежбање. Доколку исклучите едно од овие нешта џабе си го трошите времето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацете

    4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацете

    За да ја намалите својата тежина, потребен ви е посебен режим на исхрана и секако, треба редовно да вежбате. Но, најголем проблем на многумина се мастите во рацете, кои тешко се намалуваат, па некогаш слабеењето на овој дел од телото може да ви изгледа невозможно. Ова се 4 вежби кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел.rnrn4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацетеrn

    Склекови

    rnДоколку не сте навикнати да кревате поголема тежина, тогаш на почеток ќе имате тешкотии во правењето склекови, но тоа е само додека се навикнете. На почеток правете помал број склекови и со редовни паузи, или правете т.н. женски склекови кои се полесни бидејќи тежината не паѓа на прстите од нозете туку на колената. Откако ќе свикнете на редовни вежби со склекови, нема да имате проблеми. Правете отворени склекови, со растојание помеѓу рацете поголемо од рамената или затворени склекови кога рацете ви се подоближени една до друга.rn

    Тегови

    rnЗа почеток кревајте полесни тегови, не почнувајте веднаш со поголема тежина. Најдете вежби на интернет кои се најефективни за постигнување на вашата цел. На пример, земете ги теговите во раце и застанете исправени, со рацете до вашето тело. Потоа, подигнете ги рацете странично, па пред вас достигнувајќи висина до рамената, па зад вас колку што можете и така наизменично. Запомнете дека при оваа вежба рацете мора да ви бидат прави и да не ги виткате лактите.rnrn4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацетеrn

    Вртење

    rnОва се дел од оние вежби кои навидум изгледаат лесни, но штом ги пробате се уверувате дека се тешки, но и многу ефикасни. Застанете исправени и раширете ги рацете како да сакате некому да му дадете огромна прегратка. Рацете нека ви бидат прави, а дланките свртете ги кон таванот. Свртете ги рацете обратно колку што можете по хоризонтална оска, така да дланките повторно се најдат отворени нагоре. Потоа, вратете ги рацете во првобитната позиција и повторувајте ја вежбата. Не спуштајте ги рацете додека не направите цела серија вежби. За почеток не форсирајте се бидејќи со сигурност наредниот ден ќе имате болка во мускулите. Дозволете му на вашето тело да се привикне на рутината.rn

    Ножици

    rnВежбата се вика ножици, бидејќи движењата потсетуваат на работа со ножици. Застанете право и исправете ги рацете пред вас во висина на рамената. Замислете дека држите огромни ножици и дека треба да ги отворате и затворате. Раширете го растојанието меѓу рацете, потоа доближете ги на средина, така што рацете ќе се преклопат, потоа повторно раширете ги. Наизменично менувајте го преклопувањето на рацете, така што еднаш левата рака ќе дојде над десната, па потоа обратно. Вежбата повторете ја минимум 20 пати.rnrnДоколку ги правите овие вежби по 15 минути секој ден, за многу брзо време ќе ја забележите разликата во вашите раце.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 одлични пролетни диети

    5 одлични пролетни диети

    Зимата пројде, па време е конечно да се ослободиме од вишокот килограми, кои ги наталоживме во овој период од годината. Ова се 5 одлични диети кои ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате подобро и поудобно во сопственото тело за време на прекрасната пролет.rnrnПет одлични пролетни диетиrn

    Сончева диета – жолта боја за витка става

    rnСончевата диета не треба да трае повеќе од 8 дена, а за нејзиното времетраење можете да изгубите до четири килограми. Основно правило е да консумирате само жолти производи, како диња, банана, тиква, крушки, кашкавал и слично.rn

    Алкална диета – препорака од холивудските ѕвезди

    rnАлкалната диета е хит помеѓу холивудските ѕвезди, а се заснова на одржување рамнотежа во организмот на база на кисели продукти. Оваа диета не само што може да ви помогне да ослабете, туку го штити и здравјето. Суштината е во тоа што секојдневно, покрај оброкот, морате да внесувате и кисела храна, во сооднос 4:1, за да го постигнете посакуваниот баланс во организмот.rn

    Лимон диета – експресно слабеење

    rnЛимонската диета е вистинска бомба од витамин Ц, а со еднонеделно придржување можете да изгубите еден конфекциски број. Додадете 2 лажици сок од лимон во 30 децилитри вода заедно со две лажички јаворов сируп и малку чили. Овој сок пијте го во текот на целата недела, 5 пати дневно. Во текот на неделата не смеете да јадете ништо друго, а дополнително смеете да консумирате домашна супа од зеленчук и билни чаеви.rn

    Диета со туна – 1,5 килограми помалку за само 3 дена

    rnОваа диета можа да ви помогне без голем напор да загубите 1,5 килограми за само 3 дена. Звучи одлично, зарем не? Диетата се држи 3 дена, а потоа треба да се јаде нормално. Секој ден се јаде по една порција туна, а дополнително можете да јадете салата и супа. Дозволени се и чајот, црното незасладено кафе и водата.rn

    Банана диета – лесно и слатко

    rnПотребно е секое утро да јадете една банана и да пиете чаша вода, а во текот на денот можете нормално да јадете. Додека трае диетата не смеете да консумирате алкохол, да јадете сладолед и други слатки работи. Исто така препорачливо е да пиете поголемо количество вода во текот на денот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    За вашиот дом да свети, потребно е многу труд и работа. Но, целиот тој труд и работа може да ви помогне да имате подобра фигура и да бидете во одлична форма. Бројот на калории кои се трошат за време на чистење со правосмукалка, миење садови или бришење прозори, ќе ве натераат секоја недела да правите генералка по дома.rnrnКуќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабетеrn

    Чистење на купатилото

    rnЗа полчасовно чистење на кадата можете да потрошите 200 калории. Кога на ова ќе ги додадете калориите потрошени за чистење на останатите елементи во купатилото, се добива една одлична бројка.rn

    Чистење на подовите

    rnСо едночасовно чистењето со правосмукалка се согоруваат 180 калории, додека едночасовното чистење со џогер согорува 280 калории.rn

    Готвење

    rnДа, да, добро читате. И со самото приготвување на храната се трошат калории. За едночасовно вртење низ кујната се трошат 150 калории.rn

    Местење кревет

    rnСекое утро, задолжително местете си го креветот, бидејќи со тоа трошите околу 130 калории.rn

    Бришење прозори и огледала

    rnСо полчасовно чистење на прозорите во куќата се трошат 125 калории.rn

    Собирање и фрлање ѓубре

    rnЗа еден час собирање ѓубре од дворот или од куќата ќе потрошите 105 калории. Сигурно нема да имате прилика еден час да собирате ѓубре по дома, но на неделно ниво е сосема доволно.rn

    Миење садови

    rnСо полчасовно миење садови ќе потрошите 125 калории. Ова е одлична причина зошто оваа активност да ја извршувате со мерак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 причини зошто да почнете да учите стомачен танц

    5 причини зошто да почнете да учите стомачен танц

    Ако досега не сте пробале стомачен танц, тогаш дефинитивно мора да го направите тоа! Стомачниот танц е совршен начин за тонирање на вашите мускули и одржување на вашето тело во добра форма. Исто така со негова помош, ќе научите и како да се чувствувате поудобно во своето тело.rnrn5 причини зошто да почнете да учите стомачен танцrn

    Стомачниот танц вклучува изолирани движења на сите поголеми мускулни групи

    rnСтомачниот танц е одличен начин да го подобрите вашето физичко здравје, како и нежно да ги тонирате и зацврстите поголемите мускулни групи, посебно абдоменот, рацете, горниот дел од грбот, задникот и горниот дел од нозете. Најдоброто нешто во врска со овој прекрасен танц е фактот што ве учи како да го балансирате вашето тело и како да изолирате одредени мускулни групи за да постигнете подобри кружни движења. Целта е да успеете да движите одредени делови од телото, додека истовремено останатите ги одржувате целосно неподвижни и мирни.rn

    Стомачниот танц ги зацврстува стомачните мускули

    rnПреку брановидните, кружни и вибрациски движења на стомакот и колковите, овој танц го тонира и зацврстува најдлабокиот слој на абдоминалните мускули. Доколку ви е здодеано да правите стомачни вежби, а сакате да продолжите да го одржувате вашиот стомак рамен, тогаш ова е дефинитивно позабавен начин за остварување на вашата цел.rnrn5 причини зошто да почнете да учите стомачен танцrn

    Стомачниот танц зацврстува и други поважни мускулни групи

    rnОвој танц ги зацврстува квадрицепсите, тетивите под коленото, рацете и грбните мускули. Со зацврстување на грбните мускули, вие го подобрувате држењето на телото и ги намалувате шансите за повреди на грбот. За време на стомачниот танц, тежината на телото постојано се пренесува од една на друга нога. На овој начин ударот на колената, зглобовите и глуждовите е минимален и поради тоа тие се зацврстуваат на безбеден начин.rn

    Стомачниот танц помага при намалување на тежината

    rnПокрај тонирањето на вашите мускули, стомачниот танц е понежна форма на аеробик вежби кои можат да ви помогнат да изгубите и до 300 калории за еден час.rnrn5 причини зошто да почнете да учите стомачен танцrn

    Стомачниот танц го намалува нивото на стрес и ви помага при зголемување на самодовербата

    rnИнспирирано од средно-источните мелодии, овој танц се состои од лулање, кружење и други видови лесни и повторливи движења кои можат да предизвикаат состојба на целосна ментална релаксација и на тој начин го намалуваат насобраниот стрес од текот на денот. Што се однесува до самодовербата, стомачниот танц ќе ви помогне повеќе да го цените и сакате вашето тело, како и да се чувствувате поудобно во него.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.