КАФЕ ПАУЗА

Tag: слабеење

  • Храна која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабете

    Храна која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабете

    Ако сакате да изгубите телесна тежина, тогаш овие неколку продукти не би требало да бидат вклучени во вашето мени.rnrnХрана која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабетеrn

    Тестенини од бело брашно

    rnЗнаеме дека тестенините како макарони или шпагети се честопати вклучени во исхраната на врвните спортисти, но тоа не се оние тестенини направени од бело брашно. Јаглехидратите содржани во нив се осиромашени и можат да предизвикаат некои реакции во организмот кои придонесуваат за складирање на масни наслаги. Наместо тоа, одберете тестенини од нерафинирано брашно.rn

    Бел леб

    rnБелиот леб ги има истите карактеристики како и тестенините од бело рафинирано брашно. Содржи премногу вештачки состојки кои се корисни за бизнисот на пекарите, но не и за вашиот организам.rn

    Слатки

    rnДобро е познато дека наместо да даваат енергија, тие секогаш завршуваат како масни наслаги. Во ред е да се насладувате со благи работи одвреме-навреме, но тоа не смее да биде стандарден дел од вашата исхрана.rn

    Брза храна

    rnПржените компирчиња и останатата брза храна важат за најчести причинители за појава на вишок килограми. Содржат премногу масти, во количина во која организмот не може да ги претвори во енергија и затоа остануваат под кожата.rnrnИсто така, треба да се избегнува и чипсот. Тој може да се замени со пуканки, кои се здрава закуска.rnrnХрана која треба да ја исклучите од менито ако сакате да ослабетеrn

    Газирани сокови

    rnОсвен вкусот кој краткотрајно останува во устата, газираните сокови немаат друга позитивна страна. Нивната нутритивна вредност е рамна на нула и се исклучително неквалитетно гориво за организмот.rn

    Сувомесни производи

    rnВо сувомесните производи нема многу месо. Нивниот вкус произлегува од разните вештачки материи кои ги содржат, а кои на крајот предизвикуваат срцеви заболувања и дијабетес.rn

    Одредени видови житарки

    rnПотребно е да се биде претпазлив кога се купуваат житарки. Внимателно прочитајте на кутијата што сè е содржано во она што сакате да го купите. За да имаат подобар вкус производителите честопати додаваат разни засладувачи кои не ви требаат. Наместо тоа, одберете житарки во кои нема никакви додатоци, а потоа бидете креативни и пронајдете го вашиот омилен вкус.rn

    Прелив за салата

    rnКаква салата и да направите, ако ѝ додадете прелив кој не е здрав, џабе јадете салата во обидот да загубите некој килограм. Ако врз вашиот зеленчук ставите мајонез, не може да стане збор за здрава исхрана.rn

    Маргарин

    rnМаргаринот е еден од најлошите продукти кои можат да нахранат човек. Содржи многу масти, многу повеќе од путерот, и што е најлошо, неговата редовна употреба значително го покачува лошиот холестерол.

  • Диета според хороскопскиот знак

    Диета според хороскопскиот знак

    Автор: Моника ДимитровскаrnrnОвој период е идеален за намалување на телесната тежина. Астрологијата идентификува четири основни вида во хороскопот според кои знаците се делат, а тоа се оган, земја, воздух и вода.rnrnДоколку сте во период на слабеење, прочитајте како се врзува тоа за вашиот хороскопски знак според видот во кој спаѓа.rnrnДиета според хороскопскиот знакrn

    Огнени знаци – Овен, Лав, Стрелец

    rnОгнените знаци брзо слабеат. Лесно се одлучуваат за држење диета, но тешко ја издржуваат докрај. Тие имаат најмал степен на виталност и енергија. Се препорачува да се одлучат за диета базирана на протеини, многу месо, без масло, со зеленчук и редовно да спортуваат за диетата да има ефект.rnrnЌе постигнат голем ефект доколку ја одржуваат диетата во летниот период.rnrnТреба да избегнуваат зачинета храна и црвено месо.rn

    Земјени знаци – Бик, Девица, Јарец

    rnЌе се држат строго до диетата и физичката активност сѐ додека не ги постигнат посакуваните резултати. Такви се земјените знаци, упорни, малку предвидливи и досадни, но покажуваат практични резултати и со својата тврдоглавост можат да симнат и дваесет килограми.rnrnСе препорачува да јадат овошје, салати, зелје, варен зеленчук со зачини, природни и густи сокови, сирење, путер, нерафинирани житарици, супи и чаеви за слабеење кои имаат голем ефект кај нив.rnrnТреба да избегнуваат тешки диети кои се базираат на протеини, сурова храна и газирани пијалаци.rnrnЗемјените знаци имаат потреба од исхрана што се базира на една кинеска поговорка: Појадувај сам, ручај со пријателот, а вечерај со непријателот.rn

    Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

    rnВоздушните знаци лесно се стимулираат себеси доколку сакаат да ослабат или да почнат со физичка активност. Ги сакаат брзите диети, а најмногу јадат навечер.rnrnПокрај потење во теретана, додека се придржуваат до одредена диета, на овие знаци им одговараат масажи, солариум и јога за да се релаксираат и да заборават колку им недостасува чоколадата.rnrnСе препорачува да јадат лесно парен зеленчук, ореви, ѓумбир, јогурт, кефир и лук.rnrnТреба да избегнуваат житарици, рафиниран шеќер и сурова храна.rnrnТелесната тежина на овие знаци е превртлива како нивниот карактер.rn

    Водени знаци – Рак, Скорпија, Риби

    rnВодените знаци се чувствителни на нивната животна средина, и се подложни на вируси, габи и бактерии. За да ја постигнат посакуваната тежина способни се и да гладуваат со денови. Им одговара лесна кујна бидејќи имаат бавен метаболизам.rnrnСе препорачува да јадат парен зеленчук, грав, риба, овошје, пченица, ориз, алги, млечни производи и природни шеќери.rnrnТреба да избегнуваат мрсна храна, слатки, леб, сол, морков, целер и зелка.rnrnИсто така треба да пијат многу вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ако сакате полесно да ослабете, тогаш…

    Ако сакате полесно да ослабете, тогаш…

    Покрај здрав режим на исхрана, потребно е да ги промените и секојдневните навики, доколку сакате полесно да ги намалите килограмите. Некои се помалку, некои повеќе познати. Прочитајте за нив во продолжение.rnrnАко сакате полесно да ослабете, тогаш...rn

    Ден без месо

    rnПробајте барем еден ден во неделата да не јадете месо. Со ова не внесувате многу од мастите, кои потоа тешко се отстрануваат. Покрај ова, препорачливо е и помало консумирање на млечни производи. Тоа ќе ве натера да побарате поздрави варијанти на млеко и млечни производи, чиј вкус пријатно ќе ве изненади. На пример, пробајте бадемово млеко.rn

    Џвакајте бавно

    rnЈадете со мера и џвакајте бавно. Оној момент кога веќе не чувствувате глад, престанете со јадење. Можеби потоа ќе ви се пријаде за кратко време, но затоа ќе си направите здрава ужина.rn

    Подготвувајте си ужини

    rnКога подолго време од денот не сте дома, најдобро е рано наутро да си припремите здрава ужина. На овој начин, нема да мора да посегнувате по брза храна, нема да чувствувате глад и ќе внесувате помалку калории.rn

    Не јадете пред телевизор

    rnОва е строго забрането доколку сакате да симнете некое килце. Добра серија, чипс, Кока-кола – лоша комбинација што само значи внесување огромен број калории без воопшто и да забележите. Затоа, заборавете на ваквата навика или ако толку не можете да одолеете, барем одберете пониско калорична храна и пијалак.rn

    Вежбајте дома

    rnДоколку немате време и сила да одите на професионални тренинзи, тогаш побарајте некои видеа на интернет и вежбајте во домашна атмосфера. Ќе си одберете тренинг кој вам најмногу ви одговара и ќе уживате додека слабеете.rn

    Гледајте помалку телевизија

    rnНаместо да киснете пред телевизор, потрудете се да правите нешто корисно и различно. На пример, учете јазик, чистете, читајте книга или направете некое вкусно здраво јадење. Навистина, има многу поинтересни активности што може да ги направите, само ако се одлучите.rn

    Пијте повеќе вода

    rnЗа крај, доколку сакате да ја намалите тежината полесно, треба да внимавате на дневното количество вода кое го внесувате во организмот. Препорачаната мерка е шест до осум чаши вода дневно. Па, практикувајте ја ваквата навика за поздрав живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои се најчестите новогодишни желби?

    Кои се најчестите новогодишни желби?

    Многумина почетокот на новата календарска година ја доживуваат како време за нов почеток. За ветувањата коишто не сме ги исполниле изминатата година, го даваме нашиот збор дека ќе ги оствариме од 1 јануари. Погледнете ја листата со најчестите новогодишни желби.rnКои се најчестите новогодишни желби?rnrn

    Да поминувам повеќе време со семејството

    rnПразниците за многумина се ретка прилика да проведат неколку дена во континуитет со своето семејство. За тоа време, сфаќаме колку тоа ни значи и си ветуваме на себе дека следната година ќе им ја посветиме на членовите на семејството, ќе поминуваме поквалитетно време со децата или родителите. Меѓутоа, не е тајна дека оваа одлука ќе ја ставите на последното место, кога празниците ќе поминат и кога ќе им се вратите на редовните обврски кои ви го окупираат времето.rn

    Да ослабам

    rnОној кој е решен да ослаби, почнува да ја остварува таа цел кога било, не се врзува со некој датум, случување, летен одмор, понеделник…rn

    Да престанам да пушам

    rnЗа оваа одлука на нас луѓето, ни треба конкретен датум, затоа што сакаме да знаеме кога точно сме ја запалиле својата последна цигара. „Тоа беше кога ми се роди првиот син“ или „Последен пат запалив кога имаше Европско првенство во кошарка“. Доколку навистина сте решиле да го оставите пушењето на 1 јануари, пазете да не се предозирате со никотин на 31 декември 2013 година.rn

    Да престанам да пијам

    rnМногумина после првото сериозно пијанство изјавиле „Нема да се напијам ни капка повеќе“. Меѓутоа тоа не се покажало како вистина. Затоа сега е идеално време да се присетите на сите ситуации кога сте го прекршиле тоа ветување и колку лошо сте се чувствувале секојпат сте претерале со алкохолот.rn

    Да ги вратам сите долгови

    rnДоколку навистина сакате да го исполните ова ветување, најпрво пресметајте колку пари сте должни и колку е потребно да издвојувате месечно, за да се ослободите од овој товар. Тоа значи дека морате да си ветите себеси дека сигурно и дефинитивно ќе се сетите на оваа одлука, кога ќе видите примамлива облека по модните излози.rn

    Да совладам некоја нова вештина

    rnДоколку одамна сакате да научите некој странски јазик, да свирите инструмент или да научите некоја боречка вештина, сега е време да започнете со тоа. Проверете ја вашата истрајност со овие мали и едноставни одлуки. Доколку на пример, ви успее да научите нов јазик во 2014 година, тогаш во 2015 навистина пробајте да се откажете од цигарите или алкохолот. Инаку, некои истражувања имаат покажано дека поголемиот број од луѓето сакаат да научат да свират на гитара.rn

    Да почнам да штедам

    rnДоколку сакате оваа одлука да ви појде од рака, најверојатно е паметно прво да одлучите за која намена ви требаат парите и колку. На тој начин ќе ја зголемите мотивацијата. Ако навистина сакате да заштедите пари за нешто што ви е битно, започнете веднаш.rn

    Подобро да се организирам

    rnКолку пати во текот на 2013 година ви се случило да ги затворите клучевите во автомобилот, да го изгубите телефонот или да изумите да ги платите сметките на време? На колку мејлови не стигнавте да одговорите, колку луѓе откачивте поради работата, а баш имавте желба да ги видите? Бавењето со некој спорт, правилното спиење и здравата исхрана можат да ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен баланс и да го „вклучите“ копчето за организирање.rn

    Да читам повеќе

    rnКниги, не магазини и веб-сајтови! Книгата има сопствена магија, која не може да се спореди со ништо друго. За да го исполните ова ветување, определете си колку страници дневно сигурно ќе можете да прочитате. Немојте да читате поред вклучениот компјутер, телевизор или со телефонот крај вас, бидејќи тогаш сигурно ќе ја фрлите книгата после прочитани три реченици.rn

    Да патувам повеќе

    rnОваа одлука за жал не зависи само од нашата желба, туку и од финансиските средства. Како и да е, доколку немате доволно буџет за да појдете на далечни патувања, обиколете ја нашата земја или барем градот во којшто живеете. Искористете го секој слободен викенд за да шмугнете некаде, низ парк, на планина, крај река/езеро… Движењето во природа особено ќе ви помогне доколку сакате да ослабете или да ги оставите цигарите. Доколку на патувањата понесете со себе и некоја книга или тргнете во друштво на вашето семејство, тогаш ќе убиете неколку муви со еден удар. Но, имајте на ум, во тој случај, отпаѓа одлуката за штедење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

    Хит диета: Четири причини да ја прескокнете вечерата

    Иако следуваат многу празници и секој ужива во заедничките оброци со семејството и пријателите, можеби сепак најдобро ќе ви биде доколку ја прескокнувате вечерата.rnrnОваа диета е многу едноставна за спроведување и не бара посебни намирници или готвење на специјални јадења. Сè што треба да правите е да ја прескокнувате вечерата, што значи дека после 16 часот не треба да јадете до наредното утро. Доколку останувате до покасно, можете да го поместите последниот оброк понапред, но важно е разликата помеѓу последниот и првиот оброк да ви биде 14 часа.rnrnХит диета: Четири причини да ја прескокнете вечератаrnrnАмериканскиот истражувачки центар за диететика докажа дека доколку го практикувате ова, позитивно му влијаете на организмот и тоа повеќекратно.rn

    Слабеење

    rnДоколку не внесувате храна во организмот по 16 часот, телото почнува пополека да ги согорува мастите. Не треба да очекувате инстант резултати, туку да бидете трпеливи.rnrnТелото ќе согорува по неколку грама дневно, што воедно е и предност на оваа диета, бидејќи на тој начин нема да се појави вишок на кожа, поради загубата на преголема тежина, туку кожата полека ќе се прилагодува на смалената тежина.rn

    Третман против стареење

    rnИзворот на внатрешна младост е хормоналниот баланс и додека телото произведува доволно хормони, ние сме здрави и изгледаме младо. Гладот го стимулира производството на хормоните за раст и мелатонин. rnrnТелото лачи доволна количина хормон за раст до 21-та година од животот, а потоа почнува да се намалува, додека во староста воопшто не се лачи. Намалувањето на хормонот за раст резултира со слабост во мускулите, замор и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.rnrnНашите предци, оделе на спиење гладни, за нивното тело да биде спремно за подолг период на условно постење. Кога сме принудени да одиме на спиење гладни, нашата енергија, која телото инаку би ја користело за варење, се троши за елиминација на штетните супстанци, зголемување на нивото на хормоните и за регенерација на клетките.rn

    Топење маснотии

    rnАко редовно го следите ова правило, зголеменото ниво на хормони ќе влијае на намалување на маснотиите во телото, зајакнување на коските, зголемување на еластичноста на кожата, намалување на холестеролот во крвта, зајакнување на имунитетот, намалување на уморот и подобрување на функцијата на срцето.rn

    Подобар сон

    rnКако што знаете, додека спиете со празен стомак се произведува мелатонин, односно хормон за спиење. Во таа состојба, температурата на телото се намалува, а нашето спиење е подлабоко и се регенерираат клетките во телото. Сите луѓе по добро преспиена ноќ изгледаат помладо и обратно, по непреспиена ноќ изгледаат ужасно.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини да почнете да слабеете веднаш

    5 начини да почнете да слабеете веднаш

    Секој човек што се бори со вишокот килограми знае колку е тешко да се реши овој проблем, па оттука секогаш се добредојдени совети за симнување на килограмите.rnrnПет начини да почнете да слабеете веднашrnrnСпрема едно најново истражување, 51% од испитаниците сакаат да го ослабат вишокот килограми, но само половина од нив велат дека се спремни да преземат нешто околу овој проблем. Секој почеток е тежок, а симнувањето на килограмите е долготраен процес во кој често се губи мотивација.rnrnМожеби е време плановите и диетите да ги замените со неколку паметни навики кои со тек на време ќе донесат резултати.rn

    Овесна каша

    rnПокрај тоа што е многу здрав, овесот е подобар од сите други житарки, бидејќи најмногу заситува. Токму поради тоа ова е совршен појадок.rn

    Заборавете на грижата на совест

    rnНекои истражувања покажуваат дека грижата на совест за храната која сме ја изеле, а не сме смееле, води само до ново прејадување и поради тоа сè паѓа во вода. Кога одлучувате да се почестите, нека не ви биде криво, но потоа повлечете граница и повторно вратете се на старата исхрана.rn

    Вагата ви е непријател

    rnБројките на вагата често осцилираат што може да ве излуди, особено во ситуација кога секој килограм ви е важен. Заборавете на вагата и концентрирајте се на начинот на исхрана. Напредокот многу брзо ќе се забележи на вашата облека, па вагата ќе ви послужи само како потврда.rn

    Избегнувајте пијалаци

    rnГолем број луѓе во организмот внесуваат и до 37% од непотребните калории преку разни пијалаци. Исфрлете ги соковите и алкохолот и префрлете се на чаеви, вода и кафе без шеќер. Ако не можете да пиете горко кафе, тогаш ставете малку природен засладувач.rn

    Ноќни оброци

    rnСпрема едно истражување, луѓето кои јадат касно навечер во организмот внесуваат околу 250 калории повеќе од оние кои не јадат во ноќните часови. Испланирајте ги оброците, така што последниот да ви биде приквечер и обидете се тоа да ви прејде во навика.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вежбите со кои Адријана Лима се врати во форма по бременоста

    Вежбите со кои Адријана Лима се врати во форма по бременоста

    Преубавиот ангел на „Victoria’s Secret“, Адријана Лима, ја воодушеви јавноста кога по само 8 недели од нејзиното пораѓање се појави повторно на пистата.rnrnВежбите со кои Адријана Лима се врати во форма по бременостаrnrnКога се појави во долна облека на пистата, целата јавност остана шокирана, а тогаш таа изјави дека резултатите ги постигнала благодарение на редовно вежбање. Сепак, дури сега таа на јавноста ѝ го покажа тренингот кој секојдневно го правела по пораѓањето. rn
    rn

    „Со две мали девојчиња, навистина немам доволно време за теретана, а скокањето со јаже е нешто што можете да го правите по дома. Секој ден вежбам, додека тие две спијат“ – изјави Адријана за магазинот „Self“.

    rnrnПогледнете како изгледа еден нејзин тренинг.rnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зимска диета: засилете го греењето ако сакате да ослабете

    Зимска диета: засилете го греењето ако сакате да ослабете

    Повеќегодишно истражување кое е спроведувано во Шкотска, покажало дека луѓето чии домови се потопли во текот на зимата, губат повеќе килограми, за разлика од оние кои имаат послабо греење.rnrnЗимска диета: Засилете го греењето ако сакате да ослабетеrnrnШкотското истражување е правено во периодот 1995 – 2007 година, во соработка со повеќе од 100.000 луѓе, кои во своите домови имаат централно греење. Тоа покажало дека колку што е домот потопол, толку луѓето имаат повитка фигура.rnrnТемпературата над 23 степени во домот е поврзана со понизок индекс на телесна маса кај луѓето. Истовремено, топлината придонесува за зголемена потрошувачка на енергија, но и помал апетит, поради што луѓето ги губат килограмите.rnrnЗимска диета: Засилете го греењето ако сакате да ослабетеrnrnНаучниците овој феномен го објаснуваат на следниов начин: телото мора да ја одржува својата постојана температура, поради која во премногу топлите простории има потреба да ја ослободува. Со оглед на тоа што за тој процес е потребна енергија, која со самото тоа се согорува – се намалува и тежината.rnrnСепак, научниците споменуваат дека престојувањето во топли простории во текот на зимата не е само по себе доволно за да можете да ги намалите килограмите, особено не во празничниот период, кога повеќето луѓе се изложени на богати трпези. Тие советуваат дека со јадењето барем 5 мали оброци во текот на денот, меѓу кои ќе вклучите доста овошје и зеленчук кои ќе ве држат сити, ќе го намалите и внесувањето на масти и шеќери во организмот. Вашата вага, наскоро ќе ви биде благодарна.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

    Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

    Зарем не би било супер да можевме да согоруваме калории и да топиме масти со само 4-минутно вежбање на ден? Всушност, тоа е можно.rnrnБрз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?rnrnНаспроти верувањето, долготрајните кардио вежби не се најдобриот начин за топење на мастите. Ако навистина сакате да постигнете резултати, подобар начин е со кратки интензивни тренинзи, кои можат да траат и само 4 минути. Ова е одлична вест за сите кои немаат време за регуларни тренинзи заради густиот распоред на обврски. Па, издвојте само 4 минути од вашето време и дознајте ги придобивките од метаболичниот тренинг.rn

    Што е метаболичен тренинг?

    rnМетаболичниот тренинг се однесува на вежбање со висок интензитет во структурирани периоди и пократки периоди за одмор во наизменичен циклус. Овие тренинзи претставуваат мешавина од тренингот со дигање тежини и кардио тренингот во една интегрирана сесија. Резултатот е тренинг кој ќе ве одржува во суперфит форма, ќе ви го забрза метаболизмот и ќе му овозможува на вашето тело да согорува масти дури до 48 часа по вежбањето.rn

    Резултати кои се постигнуваат со минути, не со часови

    rnПостојат различни видови метаболични тренинзи, но најпознатиот е Табата-тренингот според името на јапонски доктор кој го измислил концептот. Овој тренинг се заснова на 20 секунди вежбање, по кои следуваат 10 секунди одмор, во 8 серии. Ова е еднакво на 4 минути.rnrnНо, ова не е така лесно. Иако потребното време за вежбање е многу мало, треба да вежбате двојно посилно одошто би вложувале при регуларен тренинг во теретана. Ако завршите со избраниот сет вежби за одреденото време со леснотија, значи дека не сте вежбале правилно. Ако треба некако да се опише интензитетот на вежбање, би рекле дека последните две сесии треба да ви изгледа невозможно да ги завршите. Табата-тренингот се заснова на вежбање со максимален капацитет во кратки експлозивни сесии, што води до подобра фитнес форма и стимулирање на основниот метаболичен ритам, што пак го забрзува топењето на мастите.rnrnБрз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?rnrnВо едно контролирано научно истражување на д-р Табата биле вклучени две групи кои вежбале по 5 дена во неделата, вкупно 6 недели. Едната група вежбала по еден час со среден до висок интензитет на вежбање, додека другата група вежбала интензивен тренинг од само 4 минути на ден. Кај втората група било забележано значително зголемување на аеробниот и анаеробниот степен на фитнес што недостасувало кај групата што вежбала по еден час.rnrnЗначи, постојат докази дека со ваков тренинг можеме да си ја подобриме нашата фитнес-состојба, но што е со останатите придобивки?rnrnД-р Табата исто така го истражувал и продолженото дејство на овој вид тренинг и докажал дека со негово практикување се трошат дополнителни 150 калории во следните 12 часа по вежбањето, што значи дека се трошат калории дури и кога се одмарате.rnrnДруга добра вест е подобрувањето на сензитивноста на инсулин што е значаен фактор за нашето целокупно здравје и добростостојба. Тоа може да биде причина за намалување на здравствените проблеми како дијабетесот, високиот холестерол и високиот крвен притисок.rn

    Дали да се префрлите на метаболичен тренинг?

    rnВо истражувањето на д-р Табата, оние учесници кои вежбале по 4 минути интензивен тренинг изјавиле дека повеќе имаат желба да продолжат да ја практикуваат оваа форма на вежбање. Ова, во комбинација со истакнатите придобивки, дава одлична основа за напуштање на традиционалниот начин на вежбање и почнување со нов метаболичен начин кој ќе ве направи фит и здрави.rnrnНема потреба да набавувате специјална опрема, но на пример следниот пак кога ќе појдете во теретана, изберете вежби што ќе ги направите во Табата-циклус. Набрзо ќе почнете да уживате во придобивките. Со гаранција!rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брза диета со суви сливи

    Брза диета со суви сливи

    Сувите сливи не претставуваат само вкусна ужина, туку и се одлични за коските бидејќи ги зајакнуваат. Тие содржат витамин К, кој е многу важен за коските, но и за згрутчувањето на крвта. Нивните растворливи влакна ја забавуваат апсорпцијата на гликоза и го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.rnrnБрза диета со суви сливиrnrnДиетата со суви сливи спаѓа во оние „брзи“ диети и може да се практикува максимум 5 дена и тоа само за одредена потреба. Па така, доколку ве очекува важен состанок, прослава или нешто слично, можете набрзина да симнете од 2 до 5 килограми зависно од вашиот организам, за да изгледате одлично на настанот.rnrnОброците треба да се консумираат на секои 3 часа, а вашето дневно мени треба да изгледа вака:rnrnПојадок: 6 суви сливиrnrnУжина 1: јаболкоrnrnРучек: варено јајце и варена виршлаrnrnУжина 2: иста како и ручекотrnrnВечера: чаша јогурт со ниска масленостrnrnПокрај тоа што треба да го почитувате овој строг режим на исхрана, добро е и да бидете физички активни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.