КАФЕ ПАУЗА

Tag: шопинг

  • 5 видови купувачи: Кој е ловец на попусти, а кој е друштвен вид?

    5 видови купувачи: Кој е ловец на попусти, а кој е друштвен вид?

    Терминот „шопинг-терапија“ веќе долго време се користи за да се опише ставот кон шопингот. Без разлика дали сакате да одите на шопинг или не, обично постојат некои емотивни причини зад вашите навики. Кога ќе станете свесни за вашите навики за купување, ќе ви биде полесно да бидете свесни за „предизвикувачите“ што ве принудуваат на таквото однесување и ќе донесувате попаметни одлуки во иднина пред да посегнете по вашиот паричник. Секој од петте видови има свои предности и недостатоци, а во замката на непотребно купување најчесто паѓаат друштвените личности и ловците на попусти чија единствена цел им е заштедата.rnrn5 видови купувачи: Кој е ловец на попусти, а кој е друштвен вид?rn

    1. Друштвен вид

    rnОвие личности одат на шопинг без јасна цел и најмногу уживаат во дружбата со пријателите. Шопингот им е како излегување и често земаат пауза за да одат на кафе или на ручек.rnrnПредности: Поради чувството на социјализација, тие имаат позитивен став кон шопингот.rnrnНедостатоци: Бидејќи немаат јасна цел, често купуваат погрешни работи затоа што го слушаат мислењето на својата придружба, па затоа купуваат набрзина, без да размислуваат.rn

    2. Терапевтски вид

    rnШопингот е нивната терапија. Тие купуваат кога се чувствуваат лошо или добро. Тоа е нивниот издувен вентил и според нив е измислен терминот „шопинг-терапија“.rnrnПредности: Купувањето може навистина да има терапевтски ефект ако се наградат кога се чувствуваат лошо или кога конечно ќе го добијат долгоочекуваниот бонус на својата плата.rnrnНедостатоци: Исто како и брзите решенија, ова може да биде краткотрајно. Таквиот однос кон шопингот не е здрав затоа што ги потиснувате емоционалните проблеми на кои треба да поработите.rn

    3. Дарител

    rnОвие личности уживаат да купуваат подароци, уживаат да бараат идеален подарок за најблиските и честопати претпочитаат да купуваат за други, а не за самите себе.rnrnПридобивки: Прекрасно е чувството кога ќе израдувате некого и ќе му го разубавите денот.rnrnНедостатоци: Ако никогаш не купуваат нешто за себе, треба да откријат зошто е тоа така, зошто не се во можност да најдат подарок или ситница што ќе ги израдува и зошто мислат дека можеби не го заслужуваат тоа.rn

    4. Ловци на попусти

    rnИако имаат доволно пари за да си дозволат нешто по целосна цена, тие уживаат во фактот што нешто ќе купат на попуст. За нив, шопингот е како игра во која треба да победат.rnrnПредности: Овие личности заштедуваат пари.rnrnНедостатоци: Честопати се чувствуваат виновни бидејќи не го купиле производот затоа што навистина им треба, туку затоа што бил на попуст. Многу често им се случува да купат нешто што никогаш нема да го носат или да го користат.rn

    5. Информирани личности

    rnТие одат на шопинг со јасна цел. Пред да ја напуштат куќата, прават список и го пробуваат секој производ.rnrnПредности: Тие заштедуваат пари и носат најдобри одлуки додека купуваат. Овие личности имаат најздрав однос кон шопингот.rnrnНедостатоци: Секоја личност ќе посака да имала ваков став кон шопингот многу порано.rnrnПрочитајте колку калории трошите за време на шопинг.

  • Black Friday: 7 работи што продавачите не сакаат да ги знаете во текот на овој ден

    Black Friday: 7 работи што продавачите не сакаат да ги знаете во текот на овој ден

    Black Friday во 2018 година бил најпрофитабилниот ден за продавачите ширум светот создавајќи огромни приходи од 7,9 милијарди долари само кај американските продавачи. Но, се очекува овој рекорд да биде срушен оваа година. Додека многумина со нетрпение ги очекуваат наводно сензационалните попусти, продавачите имаат многу трикови и тајни што се надеваат дека вие нема никогаш да ги откриете. Прочитајте за што станува збор.rnrnBlack Friday: 7 работи што продавачите не сакаат да ги знаете во текот на овој денrn

    1. Ексклузивните промоции и не се баш толку ексклузивни

    rnАко видите дека одредени понуди се ексклузивни или станува збор за ограничени количини, не верувајте веднаш во тоа. Благодарение на овие термини, купувачите имаат тенденција да купат работи што не им се потребни само затоа што стравуваат дека ќе ја пропуштаат спектакуларната понуда.rn

    2. Black Friday ќе ве натера да потрошите повеќе пари за да „заштедите повеќе“

    rnПоточно, многу продавници нудат дополнителни попусти ако купите повеќе артикли. Но, ова е само уште една психолошка замка што ве тера да потрошите повеќе пари.rn

    3. Производите не се продаваат толку брзо колку што мислите

    rnИако можеби мислите дека сè што планирате да купите ќе исчезне со брзина на светлината додека да стигнете до продавницата, не грижете се. Повеќето продавачи имаат дополнителни резерви на залиха, а и не се сите дојдени за да го купат токму тоа што вам ви треба.rn

    4. Накитот ќе биде поевтин неколку недели по црниот петок

    rnСпоред резултатите од едно истражување, повеќе накит се продава пред новогодишните и божиќните празници, а подоцна во јануари продажбата драстично паѓа. Токму затоа, златарите и останатите продавачи на накит ги чуваат најдобрите попусти за почетокот на следната година.rn

    5. Вие плаќате иста цена секоја година

    rnАко мислите дека понудите стануваат сè подобри од година во година – се лажете. Според едно истражување спроведено во 2014 година, дури 93 % од продавниците во текот на овој ден секоја година имале исти цени за одредени производи. Со други зборови, ако купувате работи што не ви требаат во моментов, туку ќе ги користите во иднина, слободно почекајте нови попусти.rn

    6. Најголемите попусти се резервирани за непопуларните производи

    rnОва е можност за продавачите да го продадат она што не успеале да го продадат во текот на целата година.rn

    7. Ако плаќате во готово, ќе потрошите помалку

    rnЗа време на ова шопинг-лудило најдобро е картичката да ја оставите дома. Ако имате само одредена сума готовина со вас, сигурно нема да можете да потрошите повеќе.rnrnПогледнете на кои други начини продавниците за облека ве тераат да потрошите повеќе пари.

  • Колку калории трошите за време на шопинг?

    Колку калории трошите за време на шопинг?

    Километрите што ги минувате за време на вашите модни излети не треба да бидат занемарени. Од денес слободно фалете се како да сте истрчале цел маратон. Имено, сигурно ќе се изненадите доколку почнете да ги броите километрите што сте ги поминале додека сте шетале по продавници и трговски центри.rnrnКолку калории трошите додека купувате?rnrnСпоред резултатите од едно британско истражување, жените во текот на само една година изодуваат дури 330 километри додека се во шопинг. Научниците потврдиле дека и жените кои се најголеми противници на теретаните и вежбањето, во просек одат 8 километри, два пати неделно, за време на вообичаените шопинг излети. Овде спаѓа и секојдневното одење во продавница по намирници.rnrnСо други зборови, со купувањето годишно трошите неверојатни 14.884 калории. Односно, без одење во теретана, трошите дури 67 чоколади, а токму пешачењето е најдобрата вежба бидејќи го одржува здравјето на срцето, го забрзува согорувањето на мастите и го поттикнува трошењето на калории.rnrnЖените кои учествувале во истражувањето носеле бројач на чекори за време на нивното рутинско купување. И испитаничките биле шокирани од резултатите.rn

    „Никогаш не ми текнало дека за време на шопинг вежбам! Сега гледам дека има вистина во тоа. Одење од продавница до продавница, истегнување кога сакам да фатам нешто од горните полици и на крај, зајакнување на мускулите кога сè треба да однесам дома“, изјавила една од нив.

    rnСепак, немојте да претерувате бидејќи овој „спорт“ може да биде навистина скап.rnrnПогледнете и колку калории на час трошите со различни активности.

  • Смешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнерки

    Смешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнерки

    Секој што смета дека кавалерите не постојат, ги нема забележано „мизерните мажи“ по трговските центри. На следниве фотографии можете да видите мажи кои отишле на шопинг со нивните партнерки, но и да ја забележите нивната агонија. Сигурно се прашувате зошто некој маж би поминал часови седејќи на неудобна клупа. За љубов, се разбира. Без разлика колку овие мажи го мразат шопингот, тие ги сакаат нивните партнери уште повеќе. Погледнете ги урнебесните фотографии. Дали можете да се препознаете самите или го гледате вашиот партнер?rnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnСмешни фотографии од мажи кои отишле на шопинг со нивните партнеркиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 правила за штедење кои секоја жена треба да ги следи

    7 правила за штедење кои секоја жена треба да ги следи

    Многумина од нас попрво би се одлучиле да потрошат одредена сума пари, наместо да ја заштедат. Ова особено се случува откако ќе завршите некоја задача добро и за тоа ќе добиете соодветен паричен надоместок, па сметате дека треба да си подарите нешто, затоа што навистина заслужувате. Исто така, се случува и честото импулсивно трошење пари, односно нервозата и стресот кои ги лечиме со купување нешто ново.rnrn7 совети за штедење кои секоја жена треба да ги следиrnrnКолку и да ни е привлечна идејата за трошење на парите кои ги заработуваме, секогаш е потребно трошоците да бидат што порационални и да воспоставиме построг однос кон финансиите. Внимавајте на трошењето, за да не завршите со блокирани сметки или во минусни суми кои тешко ќе ги надоместите. Затоа, потребно е да се следат овие правила:rn

    Правило 1

    rnСекој би сакал да живее во одлично опремен стан, со убав и модерен мебел и на атрактивна локација во градот. Но, ова подразбира и поголеми трошоци за одржување, за сметки или пак повисока кирија. Идеален износ за кирија би бил една четвртина од вашите месечни примања, помал дел за комуналните трошоци и остатокот за вас. Следејќи ја оваа формула ќе избегнете непотребни трошоци надвор од вашите можности.rn

    Правило 2

    rnОбрнете внимание на исхраната. Можно е да се храните здраво и квалитетно без да трошите големи суми пари, а притоа да намалите со порачување готова храна или хранење во ресторани. Едноставните решенија често се и најздрави и најекономични. Научете да подготвувате оброци дома, од избрани квалитетни состојки. На овој начин и штедите и се грижите за себе.rnrn7 совети за штедење кои секоја жена треба да ги следиrn

    Правило 3

    rnНаместо да одите на работа со автомобил, користете јавен превоз. Трошокот би бил уште помал доколку е возможно да стигнете со велосипед. Исто така, доколку сте за кратка релација, најдобро е да ја испешачите. Ако веќе морате да користите автомобил, договорете се да го делите трошокот со колеги или пријатели кои се движат во иста насока.rn

    Правило 4

    rnБидете дисциплинирани кога е во прашање шопингот. Вистина е дека некогаш би се откажале од оброк за да можеме да купиме нов кармин, но размислете дали веќе имате доволно шминка и облека. За поголема заштеда, можете да користите и картички и купони за попуст.rn

    Правило 5

    rnЗа да можете да заштедите, обидете се да одвоите 10% од месечните примања и тргнете ги настрана или чувајте ги на штедна сметка. На овој начин секогаш ќе располагате со одредена сума пари за оние „црни денови“ кога се појавуваат непланирани трошоци. Исто, доколку планирате да си купите нешто поголемо и поскапо, ваквото штедење е добар начин побрзо да ги соберете парите кои ви се потребни.rnrn7 совети за штедење кои секоја жена треба да ги следиrn

    Правило 6

    rnТрошете одговорно и во домот. Обичните светилки заменете ги со штедливи, загревајте го бојлерот на евтина струја и трошете ја водата рационално. Веднаш ќе забележите разлика во износите на режиските трошоци.rn

    Правило 7

    rnДобро е да си купите нешто што ве развеселува, но не претерувајте со тоа. Можете да одделите одредена сума и да ја потрошите на нешто што ви прави задоволство, на пример поскапа чоколада или ручек во поексклузивен ресторан. Но, најважно е никогаш да не ја надминете однапред определената сума и не трошете дополнителни пари кои не се наменети за овој вид задоволства.rnrnСледете ги и овие 10 одлични совети од луѓето кои умеат да штедат.

  • Време е за модно патување: Топ 10 најдобри градови за шопинг

    Време е за модно патување: Топ 10 најдобри градови за шопинг

    Есента е можеби вистинското време да избегате од дождот и студенилото и да ги споите вашите две омилени нешта – модата и патувањето. Ако и вие сте една од оние девојки кои со задоволство ги посетуваат трговките центри додека се на патување за да ги купат најубавите и најквалитетни парчиња облека од последната мода, тогаш земете го пасошот во рака и одберете еден од најдобрите градови за шопинг.rnrn1-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_rn

    1. Сеул, Јужна Кореја

    rnАзија полека, но сигурно станува центарот на модните случувања. Во Сеул моментално можете да ги купите најдобрите производи за нега и убавина, а самиот град до нарекуваат престолнина на производите за убавина.rn

    2. Бангкок, Тајланд

    rnНа пазарите можете да купите облека по многу пристапни цени, а самиот град има голем број трговски центри и бутици од реномирани брендови каде што се продава облека по многу пониски цени отколку во Европа.rn

    3. Рим, Италија

    rnРим е близу, па доколку сакате да се облекувате во последна мода, ќе пронајдете сѐ што ќе ви посака душата во италијанската престолнина.rnrn2-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_rn

    4. Истанбул, Турција

    rnЗа добар шопинг во овој град не е важно годишното време, а во Капали постојат над 4.000 продавници во кои можете да пронајдете буквално сѐ – од игла, до локомотива. Големо изненадување е тоа што овој град нуди сјајни попусти на производите од актуелната сезона.rn

    5. Лондон, Англија

    rnЛондон, како еден од светските центри на модата, секако е идеален за шопинг. На располагање ви се голем број шопинг улици, трговски центри и бутици, а за оние со „подлабок џеб“, сите светско познати креатори имаат свои претставништва во Лондон. Градот исто така нуди и големи распродажби каде и за „ситни“ пари можете убаво да се облечете. Најпознатите шопинг улици се Оксфорд, Регент и Бонд, а добар избор има и во делот од градот Сохо бидејќи таму исто така има продавници и бутици за сечиј вкус.rnrn3-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_rn

    6. Париз, Франција

    rnДури и со најскромните буџети, Парижаните се секогаш во тренд и секогаш се облечени во согласност со модата која е во тек. Затоа воопшто не изненадува фактот дека Париз се смета за глобален центар на модата. Покрај тоа што ги обиколуваат музеите и галериите, милиони луѓе доаѓаат во Париз само за да се снабдат со облека од најновата мода.rn

    7. Милано, Италија

    rnУште еден центар на модната индустрија и град во кој можете да пронајдете модерна и атрактивна облека по поволни цени. Секако, ако имате многу пари за трошење, во Милано можете во секоја доба од денот да купувате роба од најпознатите светски брендови.rn

    8. Хонг Конг, Кина

    rnГолемите трговски центри во овој град се многубројни, модерни, ги имаат сите познати светски марки и многу пријатен амбиент со ресторани и кафулиња кои се одлична станица за одмор од купувањето.rnrn3-vreme-e-za-modno-patuvanje-top-10-najdobri-gradovi-za-shoping-www.kafepauza.mk_rn

    9. Дубаи, Обединети Арапски Емирати

    rnДубаи е без сомнение еден од најголемите светски престолнини на луксузот и скапите работи.rn

    10. Њујорк, САД

    rnШопингот во Њујорк овозможува и неизмерно задоволство на престојување во најубавиот град на планетата, а многу тврдат дека цените на облеката и обувките во овој град се пониски од очекуваното.rnrnА, пред да се упатите во најблискиот трговски центар, секогаш имајте ги на ум овие совети за мудар шопинг.

  • Паметни совети за паметно купување: Како најдобро да ги искористите летните попусти?

    Паметни совети за паметно купување: Како најдобро да ги искористите летните попусти?

    Пред да се упатите кон шопинг центарот и да ги искористите сите погодности на летната распродажба, ви препорачуваме да ги прочитате овие шест правила за паметно купување.rnrnrn

    Правило бр. 1 Не дозволувајте попустите да ве прелажат

    rnБез разлика колку се цените примамливи, ништо не е евтино ако само зазема место во вашиот гардеробер. Замислете, едно британско истражување покажало дека купувачите не носат купена облека во вредност од 30 милијарди евра. Како фрлање пари!rn

    Правило бр. 2 – Бидете мудар инвеститор

    rnСега веќе сигурно имате доволно облека за оваа сезона, па размислете што доаѓа следно. Што би можеле поволно да купите сега и да го носите во есен или во зима? Класично сако и панталони, квалитетна спортска облека… Сето тоа може да ви биде добра инвестиција, но, повторуваме, само доколку ви се допаѓа. И уште еднаш добро размислете што навистина ви е потребно.rn

    Правило бр. 3 – Немојте да купувате нешто што не можете да го носите со нешто што веќе го имате

    rnАко купувате некоја облека и потоа повторно одите да купувате нешто што можете да го носите со тоа, најверојатно вашето купување нема да има толку поволна цена.rnrn2-pametni-soveti-za-pametno-kupuvanje-kako-najdobro-da-gi-iskoristite-letnite-popusti-www.kafepauza.mk_rn

    Правило бр 4 – Размислите дали во остатокот од годината ве очекуваат некои важни, гламурозни настани

    rnДали очекувате нечија венчавка, промоција, гламурозна забава… Летните намалувања се посебно добра прилика за купување посвечени фустани. Не само што ќе заштедите пари, туку и ќе ја избегнете паниката за купување во последен момент за некој важен настан.rn

    Правило бр. 5 – Добро разгледајте ја облеката пред да ја купите и проценете го квалитетот

    rnОва сепак е облека која половина година лежела во некое складиште и големи се можностите да е оштетена или да има некои дамки што не може да се отстранат. Не трошете ги парите на ова.rn

    Правило бр. 6 – Не купувајте облека што не ви е точна

    rnНикогаш не купувајте го она што не ви одговара со намера дека ќе го однесете на поправка, или уште полошо, со намера дека ќе ослабете. Бидејќи најверојатно нема да пазите на исхраната, да вежбате или шивачката нема добро да ја заврши својата работа. Кога купувате на попуст, купувајте како да ја плаќате вистинската цена.rnrnНо, доколку сакате да купувате и да ги обиколувате бутиците, тогаш ова се работи во кои ќе се препознае секоја девојка која обожава шопинг.

  • Врвен предизвик: Што ќе се случи ако се откажете од шопингот на една година?

    Врвен предизвик: Што ќе се случи ако се откажете од шопингот на една година?

    Се знае дека шопингот е најдоброто решение за лошото расположение. Меѓутоа, што кога некој ќе ве предизвика да не отидете на шопинг цела година? Дали би се согласиле? Можете ли да се замислите во таа ситуација? Дали би „преживеале“? На прв поглед ова не делува претерано тешко, особено ако не сте вистински купохоличарки. Меѓутоа, ако сакате секој месец да се почестите со некое ново, тренди парче облека, добро ќе размислите дали вреди навистина да се откажете од шопингот заради еден предизвик. Сепак, пред да кажете да или не, еве неколку работи кои ќе се случат доколку се одлучите на овој моден експеримент.rnrn2-shto-kje-se-sluchi-koga-kje-se-otkazhete-od-shopingot-na-edna-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ќе откриете скриено богатство

    rnВо вид на облека која не сте ја носеле со години! Бидејќи, кога ќе сфатите дека нема да имате ништо ново една година, морате да започнете да се снаоѓате со она што веќе го имате, зар не? Во почетокот ова ќе ви делува грозно, но потоа вашата смисла за мода ќе се зголеми и ќе создадете модни комбинации на кои претходно не би ни помислиле, а некои од нив ќе ви станат омилени. Поради ова вреди да ризикувате!rn

    2. Ќе го средите гардероберот, домот, животот…

    rnЗа да не носите постојано иста облека, ќе морате да го средите гардероберот за да можете да знаете со што располагате. Да, некоја облека повторно ќе ја откриете, а некоја навистина ќе посакате да ја фрлите. Кога ќе започнете да ги средувате и фрлате работите, ова расположение ќе започне да ве „фаќа“ не само во поглед на гардероберот, туку и во поглед на целиот дом, па и на животот. Бидејќи, хаосот во домот е и хаос во главата. Но, сега сето тоа ќе исчезне. Ќе дознаете колку е убаво да живеете во простор со помалку работи.rn

    3. Ќе заштедите време, нерви и пари

    rnСо оглед на тоа дека веројатно немате толку многу работи на располагање, со тек на време ќе научите како паметно да ги комбинирате. Тоа штеди време, енергија и нерви, бидејќи сите комбинации однапред ќе ги знаете и повеќе нема да се прашувате што да облечете додека со саати зјапате во преполниот шкаф. Секако, самата помисла дека нема да купувате една година го загрева срцето, но и паричникот, бидејќи знаете дека нема да потрошите ниту денар.rnrn1-shto-kje-se-sluchi-koga-kje-se-otkazhete-od-shopingot-na-edna-godina-www.kafepauza.mk_rn

    4. Ќе станете поинспиративни

    rnИ тоа не само во модна смисла. Кога нема да трошите пари на гардероба, ќе можете да трошите пари на искуства кои ќе ве развеселат и инспирираат. Што повторно ве води до модата и поголемата креативност кога е во прашање комбинирањето на облеката. Тоа е еден бескраен круг.rn

    5. Ќе сфатите дека ништо не ви е потребно

    rnПоточно, ќе започнете да ја гледате разликата помеѓу она што го сакате и она што ви е потребно. На пример, можеби сакате десет пара фармерки, но навистина не ви се потребни сите.rn

    6. Ќе сфатите дека помалку е повеќе

    rnПравилото „малку е повеќе“ не важи само за стилот, туку важи и за животот. Ќе сфатите дека среќата и добриот стил се кријат во едноставните модни комбинации, дека среќата е во секојдневните ситници на кои сега им давате поголемо значење, дека среќата е во сите оние мали работи во кои сега уживате, бидејќи времето не го трошите за размислување што да облечете. Среќата е во едноставноста, полната празнина и сето она со кое сте ја замениле купохоличарката во себе.rnrnАко сè уште не сте подготвени да се откажете, прочитајте ги овие 9 мудри заповеди за шопинг на распродажба.

  • Мора да ги знаете овие шопинг трикови доколку купувате од eBay!

    Мора да ги знаете овие шопинг трикови доколку купувате од eBay!

    Во теорија eBay звучи совршено – безброј работи по разни цени, обично пониски од оригиналните… Но, секој кој барем еднаш купувал од таму знае дека во пракса не е сѐ така сјајно. Количината на производи може да биде навистина застрашувачка, поради што многумина брзо се заморуваат и се откажуваат од потрагата. Но, постојат неколку шопинг трикови кои ги намалуваат тие маки, а ги штедат вашите нерви и пари. Еве кои се тие:rnrn1-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_rnrn

    1. Пребарувајте ги и погрешно напишаните зборови

    rnГрешки им се случуваат на сите, па така и луѓето кои продаваат работи на еBay може случајно наместо „Gucci“ да напишат „Guci“ или Manolo со две „л“, што за вас може да значи лов од соништата. Затоа, кога следниот пат ќе барате поволна Шанел чанта пробајте да ги побарате и погрешните варијанти на името на брендот, бидејќи можеби така ќе го пронајдете посакуваното парче по одлична цена, кое на другите ќе им избега само поради правописот.rnrn2-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_rn

    2. Купувате веднаш

    rnИ додека на некои eBay им е занимлив поради аукциите и адреналинот кои им го овозможуваат, поголемиот дел од луѓето сакаат да го купат она по што дошле по некоја разумна цена. Ако сте во другата група, тогаш секогаш пребарувајте со филтерот „Buy it now“, бидејќи така ќе ви се прикажат оние производи кои можете да ги купите без да се натпреварувате со другите за нив.rn

    3. Купувајте додека другите спијат

    rnАко сепак ги сакате аукциите, тогаш би требало да бидете паметни при изборот на времето во кое ќе го извршите шопингот. Избегнувајте ги часовите кога поголемиот дел од луѓето се будни и подобро купувајте во текот на ноќта, исто како и на големите празници. На пример, за Велигден сигурно на веб-сајтот ќе бидат значително помалку луѓе отколку во некој обичен ден, што веднаш значи и помала конкуренција при ценкањето. Но имајте на ум дека корисниците на eBay се претежно Американци, така што треба да ја следите нивната временска зона и нивните празници.rnrn3-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_rn

    4. Вклучете ги извезувањата

    rnАко барате одредено парче кое моментално не е достапно ни во понудата на eBay; напишете го во пребарувачот и кликнете на опцијата „Follow third search“. Така ќе ги активирате известувањата и eBay ќе ви испрати порака кога производот ќе биде на понуда, како и кога ќе се намали неговата цена, односно ќе ги следите сите новости за пребаруваниот поим.rn

    5. Не дозволувајте да се излажете со цената

    rnПред да купите нови патики, проверете за колку пари претходно се продавал тој производ. Тоа ќе го направите така што при пребарувањето од левата страна на екранот, на самото дно, од понудени филтри, ќе кликнете на „Sold listings“. Така ќе можете да ја споредите цената која активниот продавач ја бара од вас со цената по која досега се продавани истите парчиња и нема да бидете насамарени. Тогаш можете слободно да се обидете да се нагодите со продавачот или едноставно да чекате некоја подобра и пореална цена.rnrn5-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_rn

    6. Плаќајте со PayPal

    rnПри секое купување задолжително малку истражете го продавачот, за да ги избегнете веќе познатите измамници, но и како дополнителна сигурност, најдобро е да купувате со PayPal. Тогаш сте осигурани со полисата за враќање на парите во случај на некоја грешка на eBay.rn

    7. Секогаш преговарајте

    rnНајдобро е да го замислите eBay како еден огромен онлајн пазар, каде што секогаш вреди да се обидете да ја намалите цената. Дури и кога продавачот ќе ве одбие уште на почетокот, знаете дека сте се обиделе и дека не сте го пропуштиле на некој друг она што сте го сакале, без да се ги искористиле сите опции. И запомнете, секогаш вреди да бидете пристојни, бидејќи не се вели залудно дека убавиот збор и железни врати отвора.rnrn4-dokolku-kupuvate-od-ebay-ovie-shoping-trikovi-mora-da-gi-doznaete-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку се одлучите да купувате од некој друг веб-сајт, добро би било да ги знаете и овие корисни совети за безбедно онлајн купување.

  • 6 работи што ќе ги разберат само девојките кои обожаваат шопинг

    6 работи што ќе ги разберат само девојките кои обожаваат шопинг

    На девојките кои ја сакаат модата навистина не им е лесно. Тие веруваат дека нивниот живот би им бил полесен доколку би имале само еден пар обувки кои би ги комбинирале со 95% од дневните модни комбинации. Или пак, доколку се личности што не се оптоваруваат за бојата на карминот и дали таа нијанса се сложува со модната комбинација. Можеби дури и девојка која признава само две фризури: Пуштена коса и коњско опавче. Но, како и да е, девојките кои ја сакаат модата и шопингот, имаат забележано неколку ситуации кои постојано се повторуваат, а сите како нив ќе се препознаат во истите. Па, да започнеме по ред.rnrnGirlfriends window shoppingrn

    1. Почетокот на распродажбата би требало да се прогласи за национален празник

    rnНема ништо полошо од тоа кога ќе започнат распродажбите, а вие морате да го поминете целиот ден на факултет или на работа. И потоа започнувате да се загрижувате дали воопшто ќе остане нешто во бутиците додека стигнете до нив.rn

    2. Вашиот телефон е „окупиран“ со шопинг листи

    rnКаде и да погледнете, секогаш пронаоѓате некој список со работи кои мора да ги купите. Дури сте започнале и самите на себе да си испраќате пораки за случајно да не заборавите на сјајната блуза која сте ја виделе во вашиот омилен бутик.rnrn2-6-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-obozhavaat-shoping-www.kafepauza.mk_rn

    3. Редот пред соблекувалните е толку долг, што редовно купувате облека без да ја пробате.

    rnТрпението не е ваша јака страна? Уште полошо е кога доаѓа зима, па мора да поминете по 40 минути во соблекувалната за само да се „ослободите“ од горниот слој облека! Кој уште има време за тоа? Навистина е крајно време да се смисли некој побрз и поедноставен начин за испробување на облеката! Виртуелни огледала, на пример?rn

    4. Викендот по примањето на платата е најопасниот викенд за вашиот паричник

    rnТолку многу пати си го повторувате зборот самоконтрола што тој целосно ја изгубил својата смисла. Ако вашата плата го преживее тој прв викенд, сè ќе биде полесно. Но, ова „ако“ е од клучна важност!rnrn3-6-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-obozhavaat-shoping-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ако нема нешто во вашата величина, тогаш ги обиколувате сите бутици од истиот бренд

    rnБаш кога конечно сте ја донеле одлуката да го купите оној мал црн фустан, моделот во вашата величина е продаден? Тоа е веќе лична навреда. Тогаш започнува трката по градот. Сега тој фустан мора да го имате, па макар и да го облечете понекогаш, кога евентуално ќе одите на вечера во најпопуларниот ресторан во градот. Но сериозно, ќе го носите тој фустан.rn

    6. Секогаш кога немате пари во себе, во секој бутик би купиле барем едно парче облека

    rnЗар ова не се случува баш секој пат? Некако секогаш се случува новите колекции да стигнат во бутиците баш кога сте ја потрошиле платата или пак сте го заборавиле паричникот дома.rnrn4-6-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-devojkite-koi-obozhavaat-shoping-www.kafepauza.mk_