КАФЕ ПАУЗА

Tag: шопинг

  • Со што се опседнати хороскопските знаци?

    Со што се опседнати хороскопските знаци?

    Секој од знаците во Зодијакот има свои опсесии кои свесно или несвесно му го контролираат животот. На Бикот најголема опсесија му се парите, Вагата копнее по рамнотежа, а на Скорпиите најважна им е верноста. Погледнете со што е опседнат вашиот хороскопски знак.rnrnso-shto-se-opsednati-horoskopskite-znaci-kafepauza.mkrn

    Овен: шопинг

    rnПрипадниците на овој знак се ентузијасти и бестрашни во сите полиња на животот, па и во своите мали опсесии. Секогаш трагаат по нешто ново, а таа глад најчесто сакаат да ја задоволат со шопинг. Нивната опседнатост со купување оди од крајност во крајност, до таа мера што тоа може комплетно да им го преземе животот.rn

    Бик: пари и луксуз

    rnБиковите се стабилни, упорни и издржливи, а сите овие квалитети им помагаат да стекнат добра позиција на работа. Не се плашат од напорна работа, а сѐ со една цел – да стекнат што повеќе пари. Големиот износ на сметката им овозможува да уживаат во луксузот, кој го ценат подеднакво како и парите, но не се колебаат и да ги потрошат на други.rn

    Близнаци: гаџети и мода

    rnЖивите и дружељубиви припадници на овој знак се опседнати со техника, односно со сите гаџети кои им овозможуваат подобра комуникација со сите кои ги сакаат. Тие се нивниот прозорец кон светот, а ги обожаваат заради слободата која им ја даваат. Исто така, слаби се на мода и спремни се цел ден да го потрошат на комбинирање модни парчиња според најновите модни трендови.rn

    Рак: успех

    rnСочувствениот Рак секогаш е подготвен да помогне, но само ако тоа не се коси со неговите уверувања. Раковите јасно ги изразуваат своите ставови и на сите им покажуваат што им се допаѓа, а што не. Имаат желба за успех и спремни се за тоа да ги надминат сопствените граници. Тој успех најчесто е поврзан со семејниот и приватниот живот.rn

    Лав: надмоќ

    rnПрипадниците на овој знак имаат одредени аристократски особини кои ги тераат да бидат најдобри во сѐ. Токму тоа е нивната најголема опсесија – надмоќта и супериорноста над другите. Сакаат на другите да им покажат дека одлично се снаоѓаат на сите полиња во животот, но не се колебаат да покажат кога не се во право.rn

    Девица: ред

    rnПедантните Девици се опседнати со редот во толкава мера што животот често им се врти само околу тоа. Најмногу од сѐ ја ценат дисциплината, а ако некој им ја наруши се претвораат во вистински кралици на драмата. Опсесијата со совршено подреден секојдневен распоред се граничи со опсесивно-компулсивно нарушување.rn

    Вага: рамнотежа

    rnВагите се склони кон претерано анализирање, затоа не е чудно што се опседнати со животнатаrnрамнотежа. Тој баланс настојуваат да го постигнат со убави работи, без разлика дали со накит, патувања или облека. Проблемот е во тоа што тој свој порив не можат да го контролираат, па често шопингот може да ги извади од такт.rn

    Скорпија: лојалност

    rnПрипадниците на овој знак се познати по својата мистериозна и посесивна природа, па во животот најмногу копнеат за искреност и лојалност. Сакаат односи полни со доверба, а за своја опсесија ја сметаат големата желба за знаење. Не се плашат да го покажат своето знаење, колку и да им оди тоа на живци на другите.rn

    Стрелец: патувања

    rnБаш како и Овните, и Стрелците најмногу во животот сакаат авантури и активности. И додека другите се опседнати со надмоќ и искрени односи, нивните мали опсесии се патувањата и ќе направат сѐ за што почесто да патуваат. Единствено така можат да се ослободат од вишокот енергија по кој се познати.rn

    Јарец: самиот себе

    rnНа останатите припадници на Зодијакот им се важни материјални работи, но Јарецот е опседнат само со едно – со самиот себе. Тој има егоцентрична карактеристика која го тера сѐ да прави во своја корист, без разлика дали тоа ќе повреди некого или не. Се впушта во лов на успех и гази по другите, освен ако му е страв дека ќе изгуби нешто уште поважно, во кој случај може да се откаже.rn

    Водолија: да биде најкреативна во друштвото

    rnШармантните припадници на овој знак имаат постојана потреба да бидат најкреативни во друштво. Секогаш нешто создаваат и се вистински иноватори, но тоа повеќе го прават за сопствена душа одошто за успех. Иако им годи признанието од другите, многу побитна им е самата титула – најкреативниот знак во друштвото.rn

    Риби: зависности

    rnРибите се вистински сонувачи и живеат во свој свет кој го имаат скроено по своја мерка. Припадниците на овој знак се лабилни личности, затоа не е чудно што лесно се навлекуваат на нездрави навики како брза храна, коцкање или алкохол. Штом еднаш нешто пробаат, постануваат толку преокупирани со тоа што тешко можат да се извлечат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледаат мажите додека ги чекаат своите жени да завршат со шопингот?

    Како изгледаат мажите додека ги чекаат своите жени да завршат со шопингот?

    „Мизерни мажи“ е профил на Инстаграм каде што се собрани еден куп фотографии од мажи кои изгледаат како да се во агонија од здодевност. Не поради себе, туку поради тоа што ги чекаат нивните поубави и по шопинг полудени половини.rnrnМажи во мизерна состојба Мажи во мизерна состојба

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнер

    Клучот за квалитетна врска и успешен брак е искреноста. Сепак, постојат одредени работи за кои дури е пожелно да премолчите за да си направите услуга и себеси и на партнерот.rnrn7 тајни кои смеете да ги премолчите од вашиот партнерrn

    Што мислите за мајка му

    rnОва е една типична тајна која е подобро да биде премолчена. Која корист од тоа ако му кажете дека не можете да ја поднесете неговата мајка? Тој можеби ќе ве разбере, но тешко дека ќе може да преземе нешто околу тоа. Во најлош случај, може да се сврти против вас. Сепак, тоа е жената која му дала живот.rn

    Тајните на вашите другарки

    rnАко некоја другарка ви се довери за нешто што не треба да го кажете никому, тоа треба да се почитува.rn

    Безопасен флерт

    rnВо долгите врски дури е и пожелно повремено партнерите да флертуваат со други. Нормално, ова е безопасно да се премолчи и сосема ОК да се прави одвреме-навреме, сè додека не планирате да одите докрај со некој со кој сте си размениле неколку погледи и срамежливи насмевки.rn

    Скап шопинг

    rnГи здогледавте чевлите на излогот и моравте да ги купите. Не ви се неопходни, а за волја на вистината, скапи се, но едноставно не можете да се одлепите од излогот додека не посегнете по паричникот и да завршите со тоа. Тоа вашиот партнер не мора да го знае. Но внимавајте, доколку сте ги купиле од вашата заедничка сметка, подобро е да го признаете вашиот грев.rn

    Комуницирање со бивши

    rnАко размените неколку збора со некој бивш на Фејсбук или случајно се сретнете некаде и помуабетите некоја минута, тоа не е причина да се возбудувате и веднаш сè да му репортирате на сегашниот партнер. Искреноста само ќе донесе сомнежи. Колку и да сте само пријатели со бившиот, на актуелниот дечко тоа ќе му смета. Но, ако планирате да седнете заедно на кафе, препорачливо е да бидете искрени. Многу полошо е тој да дознае од други кои случајно ве виделе заедно.rn

    Душкање во неговата приватност

    rnАко веќе сте го пикнале носот каде што знаете дека не требало, барем задржете го тоа за себе. Сте му ѕирнале во телефонот додека бил да се тушира, сте ја провериле историјата на посетени сајтови во неговиот прелистувач на компјутерот? Доволно е ова да остане меѓу вас и уредот.

  • Како до правилен избор на машки фармерки?

    Како до правилен избор на машки фармерки?

    Фармерките се едно од најважните парчиња облека во сечиј плакар поради тоа што одговараат на речиси секаква пригода. Многу често се носат, па затоа е многу битно секогаш кога купувате нов пар да не згрешите во изборот. За тоа ќе ви помогнат следните неколку совети.Како до правилен избор на машки фармеркиrn

    Размислете за тоа кога и каде ќе ги носите

    rnВо продавниците ќе најдете безброј различни модели, но секој од нив не одговара на секоја прилика. Ако облекувате фармерки само кога излегувате во кафулиња тогаш за вас нема многу ограничувања и можете да се држите до сопствениот стил. Но, ако дрес кодот на вашето работно место дозволува фармерки, а вие сакате да ги носите, тогаш подобро би било да одберете покласичен модел наместо искинати фармерки. Исто така, гледајте вашиот нов пар добро да стои на патики, чевли или чизми, зависно од тоа каде ќе ги носите.rn rn

    Имајте ги предвид безвременските модели

    rnСекогаш имајте ги предвид моделите чиј стил трае низ годините. Широките фармерки, фармерките испрскани со боја од спреј или оние искинати на колената беа модерни пред неколку години, но денес само ви зафаќаат место во плакарот. Убаво е да имате по некој таков пар кога се модерни, но кога купувате подобро е да размислувате за потемен модел кој одговара за секаква прилика или на модел со малку испран изглед за поопуштена варијанта.rn rn

    Најбитно е како ви стојат

    rnБез оглед на тоа колку се убави фармерките, ако не стојат добро на вас ќе направат да изгледате неуредно и смешно. Не смеат да бидат тесни на половината или на нозете, а многу е важно добро да ви стојат на задникот. Секогаш од продавачот прво побарајте ги моделите кои се прави од колената надолу, затоа што тие ќе направат да изгледате поубаво во нив.rn rn

    Задолжително пробајте ги

    rnСекогаш кога купувате фармерки, ги облекувате и правите крукче низ продавницата. Нешто што можеби го занемарувате, а не би требало, е да проверите како ви ги собира рацете во џебовите, дали тие се доволно големи за паричникот, или како е да седите со тој пар фармерки. Исто така, ова е вистинскиот момент и да видите како стојат на вашите патики или чевли.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Златни правила за купување облека на попуст

    Златни правила за купување облека на попуст

    Пополека ни стигнува летото, а со тоа доаѓаат и летните попусти на облеката по продавниците. Пред да почнете со обиколка на вашите омилени продавници за да ја освежите вашата летна гардероба, барем со неколку нови парчиња, на ум треба да ги имате следиве неколку совети за да уживате повеќе во шопингот.Златни правила за купување облека на попустrn

    Одредете буџет однапред

    rnМногу е важно ова да го имате на ум постојано, од причина што, кога облеката е на намалена цена можете да се занесете и да потрошите повеќе отколку што сте сакале. Кредитните картички оставете ги дома, а со себе понесете само готовина и тоа онолку колку што имате намера да потрошите.rn
    rn

    Направете список

    rnМожеби звучи смешно бидејќи не одите во набавка на намирници, но сепак е добро да имате насоки кон кои треба да се придржувате. Кога имате прилика да појдете на шопинг, многу е лесно да се вратите дома со многу повеќе кеси отколку што се очекувале, вадејќи се на аргументот дека е купено на намалување.rnrnПа така, доколку ви треба нов костим за капење, летен фустан за посебни прилики или панталони кои можете да ги комбинирате со повеќе парчиња што веќе ги имате, немојте да правите отстапувања и да купите нешто што не ќе можете да го искмбинирате со ништо, а сте го купиле затоа што било евтино. Исто така не купувајте парчиња облека што веќе ги имате дома, под изговор дека „од повеќе глава не боли“. Држете се до подготвениот список.rn
    rn

    На себе носете удобна облека и наоружајте се со многу трпение

    rnСите оние кои имаат искуство со купување облека на намаление знаат дека тоа може да потрае и дека е долготраен процес. Од продавница во продавница, од кабина за пресоблекување во кабина. Сепак, барате нешто што идеално ќе ви одговара. Затоа најдобро е на себе да носите облека која лесно се соблекува и облекува, за да бидете поекспедитивни. Исто така, доколку не ви е денот и сте лошо расположени, одложете го шопингот за друг ден.rn
    rn

    Задолжително пробувајте ја облеката пред да ја купите

    rnБез оглед на тоа што знаете дека големината што сте ја одбрале е соодветна за вас, многу е важно да го пробате секое парче кое ќе го земете. Можеби моделот воопшто нема да прилега на вашето тело. Парчињата кои изгледаат добро на закачалка или на кукла не значи дека ќе ви стојат добро и вам. Затоа подобро е тоа да го забележите во соблекувалната, отколку дома.rn
    rn

    Добро прегледајте ја облеката пред да ја платите

    rnВо сезона на намалување на облеката особено треба да обрнете внимание на оние парчиња што сакате да ги купите. Многу често може да се случи поради честото пробување и разгледување, тие да се оштетени или извалкани. Токму затоа, доколку после пробувањето на парчето решите истото да го купите, добро прегледајте го од сите страни да не има некакви недостатоци.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Астрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштите

    Секој од нас има карактерни особини кои го кочат, му создаваат стрес и не му дозволуваат да зачекори кон својата идна среќа. Проблеми му се случуваат секому во животот, но дозволувањето стресот да нѐ надвладее, е само наша одлука. Без разлика дали сте нетрпеливи, гневни, тажни или егоистични, имајте на ум дека таквите особини ве држат во мртва точка и не ви дозволуваат да бидете среќни.rnrnКога последен пат сте имале ужасен ден? Со постојаното менување на времето од сончево во облачно, обврските и нервозите, тој ден најверојатно не бил многу одамна. Тоа е знак дека треба да имате план како да се справите со ваквите денови, а астрологијата и познавањето на особеностите на вашиот знак, многу ќе ви помогнат околу сето тоа.rnrnАстрологија: заборавете на проблемите и научете да се опуштитеrn

    Овен – нетрпеливост

    rnЗаборавете на вашата потреба сѐ да се случи буквално во моментот кога вие ќе посакате. Доколку секогаш некаде брзате, можете да ги пропуштите неверојатните работи во животот на кои природно им е потребен подолг период за да се случат. Научете да ја тренирате вашата трпеливост, а наградата од таквото однесување ќе ја чувствувате на долг рок.rnrnПосле напорен ден ослободете се од целата насобрана напнатост, уживајќи во вашите омилени физички активности. Со гаранција ќе се почувствувате исклучително подобро, после неколку истрчани километри или после една рунда кикбокс.rn

    Бик – огорченост

    rnМногу е важно да заборавите на вашиот потиснат гнев и лутина, до кој толку цврсто се држите. Опростувањето за вас претставува еден начин на исцелување од таквите чувства и враќање на благосостојбата во вашиот живот која ќе ви помогне да продолжите напред. Заборавањето на работите коишто ве лутеле во минатото, ќе ви отворат прекрасни можности за иднината.rnrnПосле напорен ден, свиткајте се во вашето најудобно ќебенце и почестете се со омилениот десерт и ќе забележите како вашите грижи полека исчезнуваат од вашата глава.rn

    Близнаци – премногу размислување

    rnВие буквално живеете во вашата глава, но многу важно за вас е одвреме-навреме да си го „стишите“ мозокот. Доколку секогаш се заглавувате во вашите мисли, ризикувате да го пропуштите она што се случува сега. Дадете си малку време да се релаксирате, да го забавите темпото и да уживате во сегашноста, без да размислувате премногу на неа.rnrnПосле напорен ден одморете го вашиот вечно активен ум, задлабочувајќи се во некоја добра книга. Фокусирањето на вашата ментална енергија кон нешто забавно, занимливо и позитивно, ќе направи да се почувствувате подобро.rn

    Рак – излегување од комфорната зона

    rnЈа знаете онаа мисла „Животот започнува на работ од вашата комфорна зона?“ Во неа има многу вистина! Овој момент е совршен за да се поттурнете себеси нанапред, со цел да пробате нови работи и да искусите нови искуства. Ќе бидете изненадени од она што ќе го најдете по патот, како и од она што ќе го откриете во врска со себеси.rnrnРелаксирачка вечер во вашиот дом, е токму она што ви е потребно после напорен ден. Свиткајте се на каучот во ќебе и пуштете си го вашиот омилен филм или ТВ серија. Ќе видите дека ќе се почувствувате утешено и смирено уште пред да се појават имињата на учесниците на крајот од филмот.rn

    Лав – големо его

    rnМожеби вас ќе ви звучи ова грубо, но сѐ што се случува во светот не се однесува исклучиво само на вас. Можеби на целиот департман во кој работите му е намалена платата, можеби за проектот на којшто работевте напорно добивте негативни критики, но вакви работи секому му се случуваат. Тоа не значи дека светот има лошо мислење за вас. Доколку успеете да го сфатите ова, истото ќе ви помогне да останете во вашиот посакуван центар на вниманието, а воедно и нема толку инстантно да се „инфицирате“ и вознемирувате од постапките и мислењата на другите луѓе.rnrnПосле напорен ден, пронајдете начин да се изразите себеси. Без разлика дали ќе фатите да работите на некој креативен проект или ќе му се јавите на некој пријател кој знаете дека ќе ве сфати, ќе забележите дека кога ќе ги извадите тие чувства од вас, ќе се почувствувате инстантно подобро.rn

    Девица – перфекционизам

    rnРедно време е да се откажете од очекувањата за совршеност, во однос на вас и во однос на луѓето во вашето окружување. Сите имаме мани и навистина совршенството е непостоечка категорија. Ако научите да ги прифаќате ситуациите и луѓето (вклучително и себеси) онакви какви што се, значително ќе си го подобрите квалитетот на животот и ќе се чувствувате порелаксирано и позадоволно.rnrnИскажете ги сите ваши грижи на некој пријател, во комбинација со пијачки или вечера после напорен ден. Дадете си себеси доволно време да ги средите вашите мисли, анализирајќи сѐ што се случило, со цел да почнете да ги напуштате грижите и да се изрелаксирате.rn

    Вага – угодување на другите

    rnВие сакате да ги задоволувате потребите на другите луѓе на едно многу високо ниво, па можеби е конечно време да престанете со тоа. Морате да сфатите дека е невозможно да ги направите сите среќни, а со тоа ризикувате да се изгубите себеси во процесот на грижење за другите. Фокусирајте се на вашите приоритети и ценете ги вашите потреби, бидејќи и вие заслужувате да бидете среќни.rnrnПосле напорен ден, направете си домашен спа-третман кој ќе ви помогне да ги „измиете“ вашите грижи. Поминете ја вечерта разгалувајќи се со лосиони, маски за лице, пилинг на тело, свеж маникир и слични работи. Вие навистина го заслужувате тоа.rn

    Скорпија – премногу очекувања

    rnВие работите напорно за да го добиете она што го сакате, но понекогаш животот не излегува онака како што го имате испланирано. Наместо да жалите по она што го немате, фокусирајте ја вашата енергија заблагодарувајќи им се на прекрасните нешта кои се веќе присутни во вашиот живот. Ова ќе ви даде можност појасно да видите што е важно и што навистина сакате.rnrnВие морате некако да се ослободите од вашата силна енергија, за да можете да почнете да се опуштате. Излезете на куса прошетка, а потоа подгответе си топла бања и уживајте во чаша црвено вино.rn

    Стрелец – конкурентски дух

    rnОставете ја вашата потреба константно да се натпреварувате со себеси и оние околу вас. Вие знаете дека секогаш можете подобро и самото тоа е сосема доволно. Доколку се ослободите од овие неверојатно високи стандарди, ќе си ја подобрите самодовербата и вашите врски со другите луѓе.rnrnКомбинацијата од физичка активност, време поминато со пријателите и вентилирање на насобраните проблеми е она што вам ви е потребно. Јавете се кај некој пријател и појдете на џогирање, притоа разговарајќи за работите кои ве мачат.rn

    Јарец – потреба за контрола

    rnДозволете си да се опуштите и оставете го животот да тече. Можеби ќе ви биде шок, но контролирањето на сите работи во животот е една обична илузија, па придржувајќи се кон неа само си правите контрауслуга на себеси. Доколку се откажете од контролирањето на сѐ околу вас, светот нема да се распадне, а вие ќе чувствувате неверојатна слобода и радост.rnrnПо напорниот ден, почестете се со нешто само за вас. Појдете на масажа, купете си ја кошулата или чевлите кои одамна ги посакувате или купете си кутија со чоколадни бонбони и уживајте во добро филмче.rn

    Водолија – осудување на другите

    rnВие се гордеете со својата објективност, но ваквиот начин на размислување може многу лесно да се претвори во навика да ги осудувате луѓето околу вас. Доколку верувате дека секогаш знаете што е исправно, не им оставате простор на останатите да го искажат својот став. Ослободувањето од потребата да осудувате, ќе ви овозможи да се соживувате со ставовите на другите луѓе, да научите да слушате и подобро да ги разбирате.rnrnСоберете се со вашето друштво и појдете некаде на пијачка. Забавувањето ќе ви помогне да го заборавите лошиот ден и да се чувствувате освежено и позитивно.rn

    Риби – апсорбирање тага

    rnБидејќи сте многу чувствителна личност, вие апсорбирате многу енергија од вашата околина, но тоа не значи дека знаете како да се ослободите од неа. Ослободете се од насобраните тешки емоции и ќе почнете да се чувствувате многу полесно и поенергично. Доколку ја ослободите тагата која ја држите во себе, ќе си овозможите да бидете целосно присутни и да го доживеете животот каков што навистина е.rnrnСоздадете си сопствена оаза, со тоа што ќе си запалите неколку ароматични свеќи, ќе го изгаснете вашиот мобилен телефон и целосно ќе се препуштите на уживањето. Без разлика дали сакате да пишувате, медитирате, да испиете шолја чај, вам ви треба мирна атмосфера за да закрепнете од стресниот ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Живот: Некогаш и сега

    Живот: Некогаш и сега

    Кога бевме малечки најголем проблем ни беше како да ги убедиме нашите родители да нè остават да си легнеме подоцна, за разлика од сега кога мечтаеме за мекиот кревет додека висиме до доцна над книгите или заостанатите документи од работа. Овие и други интересни спротивности (но и сличности) од тоа како ни изгледал животот некогаш а како сега, се прикажани во ова интересно стрипче. Сигурно ќе се пронајдете во барем една ситуација!rnrn

    Живот: Некогаш и сега
    Спиење:
    „Но не сакам да одам во кревет!“                     „Но сакам да одам во кревееет.“
    rnrn
    Живот: Некогаш и сега
    Шопинг:
    „Ова е глупаво“                                                     „Ова е глупаво“
    rnrn
    Живот: Некогаш и сега
    Допишување:
    „Драго непознато другарче…“                        „Еееј од кога не сме се слушнале.                                                                               Како си?“
    rnrn
    Живот: Некогаш и сега
    Преспивања:
    „Може ли да спие кај нас?                            „Сакаш да дојдеш да гледаме филм?
    Те молам, те молам..“                                                         Те молам?“
    rnrn
    Живот: Некогаш и сега
    Чистење:
    „Готово!“                                                          „Готово!“
    rnrn
    Живот: Некогаш и сега
    Готвење
    rnrn
    Живот: Некогаш и сега
    Бањање:
    „Влегувај внатре!“                                         „Излегувај надвор!“

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 мудри заповеди за шопинг на распродажба

    9 мудри заповеди за шопинг на распродажба

    Податокот дека во текот на јануарските попусти жените во Велика Британија трошат повеќе од милијарда фунти за облека која нема никогаш да ја облечат, е и тоа како загрижувачки. За да не постанете и вие жртва на распродажбите, проучете ги нашите мудри совети, кои ќе ви заштедат време и пари.rnrn9 мудри заповеди за шопинг на распродажбаrn

    1. Ѕирнете во плакарот

    rnПред да тргнете на шопинг, преуредете го вашиот плакар, со цел да видите што сѐ чувате во него. Можеби имате нешто одамна заборавено во некоја кутија, па непотребно ќе посегнете да го купите во првиот бутик во кој ќе влезете. Добро разгледајте што имате и што ви фали. Дали се тоа секојдневни парчиња облека, класичен капут, чевли, свечена облека или можеби долго посакуваната кожна јакна? На распродажба се достапни сите модни парчиња, а вие треба да ги изберете оние кои навистина ви се потребни, како и во секој стандарден шопинг.rn

    2. Направете список и заштедете

    rnНа еден лист, напишете што сѐ ви е потребно да си купите, и понесете го со себе за време на пазарењето. На тој начин ќе го заштедите времето во непотребно лутање по продавниците, а воедно ќе заштедите и пари, бидејќи нема да ги расфрлате на непотребни работи.rn

    3. Одредете буџет

    rnОднапред одредете го максималниот износ кој сакате да го потрошите, за потоа да не се каете дека сте го испразниле паричникот. На пример, доколку сакате да потрошите 6.000 денари, извадете токму толку од вашата картица, ставете ги во паричникот и заборавете дека имате уште пари на неа. Кога ќе го потрошите последниот денар од паричникот наменет за купување, ќе заврши и вашиот шопинг.rnrn9 мудри заповеди за шопинг на распродажбаrn

    4. Со испробување започнете пред снижувањата

    rnОблеката која ви се допаѓа, пробувајте ја пред да започне шопинг-лудилото во вашиот град. Кога ќе најдете нешто коешто добро ви стои, запишете од која продавница е и кој број ви одговара. На тој начин ќе заштедите време во чекање пред гардеробите и ќе го зграбите посакуваното парче пред другите. Доколку е веќе доцна за тоа, немојте импулсивно да купувате без да знаете дали бројот ви одговара. Евтино или не, фрлени пари – се фрлени пари.rn

    5. Не го чекајте последниот ден од распродажбите

    rnСо обиколка на трговските центри започнете што побрзо, бидејќи во текот на првите денови кога започнале попустите, повеќето луѓе не се информирани за тоа и плус сите најдобри и најатрактивни парчиња облека се достапни. Во последните денови остануваат само најмалите и најголемите броеви и изборот е многу мал.rn

    6. Заштитете се од манипулативните попусти

    rnНа многу бутици пишува дека има 50% попуст, но кога ќе ги погледнете цените, сѐ е прилично скапо. Нека не ве мамат процентите на излогот. Проверете ги цените во неколку бутици и заклучете што е навистина на попуст, а што е измама која ве мами импулсивно да пазарите зашто има голем „попуст“.rn

    7. Старата цена на производот мора да биде видлива

    rnТрговците честопати врз старата цена ја лепат новата, но по правило на етикетата на артиклите треба да е видлива и старата цена, па и процентот за кој производот е снижен. На овој начин, ќе имате увид колку навистина е голема вашата заштеда. Гужвата, гласната музика и еуфоријата може да ве зашемети, но држете ги очите широко отворени.rn

    8. Инвестирајте во детали

    rnНаместо да купувате евтини грди маици, кои ќе ги носите само дома, инвестирајте во сјајни модни детали. Искористете прилика да го купите посакуваниот накит, шал, долна облека, колан или чанта, додека траат попустите.rn

    9. Одберете ги утринските или вечерните часови

    rnПовеќето од нас одат на шопинг по завршувањето на работното време, поради што трговските центри се пренатрупани, а гужвата е неизбежна. Овие фактори влијаат на нашето трпение, поради што сме подготвени да купиме и непотребни производи. Поради тоа, доколку имате можност, избегнувајте да купувате за време на викендите и касно попладне.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Метросексуалци или „кремови“… речи модерни хомосексуалци

    Метросексуалци или „кремови“… речи модерни хомосексуалци

    Метросексуалец:rnrn1. Маж кој е стрејт, излегува со девојки, но обрнува големо внимание на својот надворешен изглед.rnrn2. Метросексуалец е неологизам кој се користи за да се опише маж (најчесто припадник на модерно, урбано и капиталистичко општество), кој троши многу пари и време на шопинг и грижа за својот изглед.rnrnСпоред многу дефиниции, тоа е значењето на овој релативно нов поим. Живеам во 21-ви век, знам до каде се движат работите со овие нови сексуални правци (иако понекогаш навистина посакувам да не знаев), ама сè нешто не ми штима. Наречете ме старомодна, сепак еве ќе речам, мажот би требало да наликува на маж.Метросексуалци или „кремови“… речи модерни хомосексуалциКако прво и основно, половите разлики ПОСТОЈАТ. Да не се лажеме, не можеме целосно да сме еднакви кога клучната основа ни е различна – се делиме на машки и женски пол. ДА, во 21-век жената не смее да биде омаловажувана поради тоа што е жена, жената не смее да ја доживува кујната како своја канцеларија и единствено место каде припаѓа, стоп – друга тема на муабет… Ама ајде луѓе, да бидеме искрени кон самите себе, постои одредена слика за женственост и друга слика за она што БИ ТРЕБАЛО да претставува МАШКИ ПОЛ. Сите тие метросексуалци ми наликуваат на хомосексуалци кои сè уште не се откриле…rnrnКако може дечко ти да поминува повеќе време пред огледало од тебе? Да ти позајмува пудра за лице или кармин и да си делите ист лосион за тело со мирис на ванила. Што е следно, заедно ќе си го диплите розовиот долен веш и ќе се договарате на која страна да си ги наместите шишките? Не станува збор за полова еднаквост или каде треба да е жената, а каде мажот. Работата е што навистина, некои работи се ЖЕНСКИ.rnrnНе дека ние жените сакаме мажи кои наликуваат на неандeрталци и влегуваат под туш два пати годишно, плус за празници (ама само за некои поважни), сепак некоја граница МОРА да постои. Јас сега сакам да ве прашам нешто: Што всушност е вистински маж? Пцуе, не ја почитува својата девојка/жена, „глава“ е во куќата (а со глава не размислува), прди (извинете на зборов), жрдига и пие додека гледа фудбал…? Ама како што се изместија сфаќањата за тоа што навистина преставува една дама, баш така се измести и перцепцијата за тоа што е вистински маж. Луѓето одат во крајности, мисли дека докажува оти е вистински маж со тоа што прави сè од она што го наведов три реда погоре, а не сфаќа дека така повеќе наликува на животно. Од друга страна, ниту целосно спротивното од тоа (демек метросексуалноста), мене не ми се совпаѓа со она што би требало да биде отсликување на поимот „вистински маж“.rnrnИ пак ќе ви дозволам да ме наречете старомодна и со назадни сфаќања, ама не знам што е секси во маж кој си нанесува маска за лице секој вторник навечер и прчи усни кога се слика? Изгледа јас сум во некоја илузија. Изгледа девојките како мене кои сакаат силни момци кои би се степале заради тебе, а не заради најнова марка облека, не се во тек со новото време. Да, мора да сме многу заостанати штом сакаме машки…. со карактеристики на машки. Големи силни момци, кои сфаќаат дека појавата да имаш влакна на телото не е болест (значи ти си маж, не мора во кожата да бидеш мазен како бебешко газе), кои знаат до која мера би требало да бидат „опседнати“ со својот надворешен изглед…rnrnНе чинело да одиш контра со времево, демек на многу ладно време да не пиеме многу топли напивки. Сè што можам да кажам е тоа дека некои правила постојат за да не се почитуваат. Кој што сака нека каже, ама нема нешто подобро од жешко кафе додека надвор завејува снег… Ќе престанам овде, станувам многу поетски настроена.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Факти за убавината кои ќе ве изненадат

    Факти за убавината кои ќе ве изненадат

    Сте се запрашале ли некогаш колку време и пари трошат жените на пазарење, шминкање или депилирање? Или кој нокт расте најбрзо и колкава е цврстината на човечката коса? Еве некои интересни факти поврзани со убавината и надворешниот изглед кои би ве изненадиле.rnrnФакти за убавината кои ќе ве изненадатrn

    1. Русокосите имаат повеќе коса

    rnСекако, станува збор за природните русокоси. Тие во просек имаат 140.000 влакна на нивната глава, бринетите имаат околу 110.000, а оние со црна коса 108.000. Најмалку имаат црвенокосите кои во просек имаат 80.000 влакна на главата.rn

    2. Поминуваме 58 денови во депилирање

    rnЖените во просек поминуваат 58 дена од целокупниот животен век во депилирање и отстранување на несаканите влакна.rn

    3. Ноктот на средниот прст најбрзо расте

    rnНоктот на средниот прст во просек расте побрзо од останатите. Исто така, во лето ноктите растат побрзо отколку во зима. Сте знаеле дека ноктите на раката со која повеќе работите растат побрзо? На пример, доколку сте десничари, побрзо ви растат ноктите на прстите од десната рака.rnrnФакти за убавината кои ќе ве изненадатrn

    4. Црвенокосите се реткост

    rnЛуѓето со природна црвена коса се најретки. Иако за детето да има црвена коса мора и двајцата родители да носат такви гени, научниците тврдат дека спротивно од постоечките верувања, природната црвена боја на коса нема да исчезне во скоро време.rn

    5. Жените трошат многу пари и време за декоративна козметика

    rnСамиот факт можеби не го доживеавте како некое изненадување, но прочитајте ги статистичките податоци. Резултатите од едно истражување во 2010 година покажале дека жените во текот на целиот живот во просек трошат 13.000 долари за шминка, а поминуваат 330 часови нанесувајќи ја.rn

    6. Во просек поминуваме 9 години пазарејќи

    rnПросечна жена поминува околу 9 години од нејзиниот живот во пазарење и шопинг.rnrnФакти за убавината кои ќе ве изненадатrn

    7. Како што изминува работната недела, трошиме сè помалку време на спремање и дотерување

    rnОва важи и за мажите и за жените. Во понеделник жените поминуваат 76 минути подготвувајќи се за на работа, но околу 19 минути во петок. Мажите, од друга страна, поминуваат 28 минути во подготовки во понеделник, а само 11 во петок. Па како резултат на ова, најверојатно сите сме најубави во понеделник.rn

    8. Просечна жена купува 7 пара обувки годишно

    rnЗа ова и не е потребно некое објаснување. Кога би можеле би купувале и повеќе.rn

    9. Постојат само два вида коса

    rnГенетски гледано, постојат само два вида коса, и тоа права и виткана. Брановидната коса е резултат на тоа што личноста има по еден ген од двата вида.rnrnФакти за убавината кои ќе ве изненадатrn

    10. Со текот на времето се зголемува просечната величина на женските обувки

    rnНа почетокот на дваесеттиот век, просечната вечичина на обувки кај жените била број 35 или 35,5, во шеесеттите 37,5 или 38, додека денес е 41.rn

    11. Најпродаваниот производ за убавина во светот е маскарата

    rnНајпродаваниот мејкап производ во светот е маскарата Great Lash од Мејблин, која за првпат почнала да се произведува во 1971 година. По еден примерок од оваа маскара се купува на секои 1,6 секунди.rn

    12. Најпродаваниот парфем е Шанел 5

    rnЗа првпат е произведен во 1919, а се претпоставува дека на секои 90 секунди се купува по едно шишенце од овој парфем.rnrnФакти за убавината кои ќе ве изненадатrn

    13. Човечката коса е поцврста отколку што многумина мислат

    rnКога е сува, човечката коса има поголема цврстина при истегнување отколку најлон со иста дебелина.rn

    14. Бебињата се раѓаат со сини очи

    rnНивната вистинска боја на очите се развива во првите неколку години од животот како резултат на тоа што светлината го поттикнува производството на пигментот меланин. Во просек, само еден од шест возрасни има природно сини очи, а овој број се намалува како резултат на миграциите и мешаните бракови.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.