КАФЕ ПАУЗА

Tag: шеќер

  • Шолја за совршено кафе по своја мерка

    Шолја за совршено кафе по своја мерка

    Како го пиете вашето кафе? Со повеќе кафе, со помалку шеќер, со малку вода и многу млеко или со пола-пола? Без пена, со пена, со јака кафена боја или со млеко во кое има малку растворено кафе?Шолја за совршено кафе по своја меркаMyCuppa е навидум обична шолја за кафе, која е посебна штом ја погледнете на внатрешните ѕидови. Таму се наоѓа палета со неколку нијанси кои ќе ви помогнат да ја одредите вашата во зависност од тоа како најмногу го сакате вашето кафе. Вообичаено би било да мерите со лажичка, па веројатно и попрактично, но ова е дефинитивно уникатен начин да се постигне целта – совршено приготвено кафе според свој вкус.Шолја за совршено кафе по своја меркаОдличен подарок за љубителите на добро кафе. Ја има во две варијанти, за љубители на чај и за кафе-уживатели. Чини 20 долари, а ја има на Амазон.Шолја за совршено кафе по своја меркаrn———————————————————————————————————————————————————————

    rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мока леден шејк

    Мока леден шејк

    Вкусен и моќен шејк кој ќе ви го разубави денот…Мока леден шејкПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 мл млеко
    • rn011

    • 1 мала лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 3  супени лажици шеќер
    • rn011

    • 3 супени лажици инстант кафе со вкус на мока
    • rn011

    • 6 коцки мраз (искршени)
    • rn

    rnВреме на подготовка: 5 минутиrnrnНачин на подготовка: Ставете ги млекото, кафето, шеќерот и ванилата во блендер и убаво промешајте ги. После неколку секунди додадете го и мразот и повторно мешајте дури не добиете густа хомогена смеса. Добиениот микс сипете го во висока стаклена чаша. По избор можете да декорирате со шлаг, чоколаден прелив или чоколадни трошки.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашен екстракт од кафе

    Домашен екстракт од кафе

    Љубители на кафето, ова е рецептот за вас. Богат и интензивен вкус на екстракт од кафе, кој може да го искористите во безброј рецепти за кафе и десерти. Лесно се подготвува, а негова примена секогаш ќе се најде.Домашен екстракт од кафеПотребно е:rn

      rn011

    • 500 г шеќер
    • rn011

    • 250 мл јако сварено еспресо
    • rn

    rnПодготовка: Земете големо тенџере со дебело дно, загрејте го на средна температура и ставете шеќер во еден слој. Како шеќерот ќе се топи, така ставајте по малку од остатокот за да добиете карамел. Кога ќе ставите половина од шеќерот, промешајте го со дрвена лажица, па потоа пак ставајте додека да го потрошите целиот. Продолжете да го готвите карамелот додека да добие темно кафена боја.rnrnПочнете да ставете по две лажици од свареното кафе. Бидете внимателни затоа што карамелот ќе почне да прска, ќе се стврдне и ќе се згрутчи. Но, таков е процесот кога се работи со карамел. Ставајте по две лажици кафе додека да го потрошите целото, а за тоа време, карамелот ќе се растопи пак и ќе се соедини со кафето. Кога целата течност ќе биде соединета, претурете ја во тегли, цврсто затворете ги и оставете ги на дневна температура да стојат една до две недели пред да почнете да ја употребувате.rnrnПотоа останува да си направите кафе и да го интензивирате неговиот вкус додавајќи малку од сирупот. Но, тој одлично оди и врз салата од свежо овошје, сладолед, суви колачи и палачинки, шејкови и други напитоци. Па, пробувајте. Опциите се безбројни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зашеќерени бадеми со цимет

    Зашеќерени бадеми со цимет

    Префинета елеганција на овие вкусни јаткасти плодови

    rnЗашеќерени бадеми со циметrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 450 г непечени бадеми
    • rn011

    • 1 1/2 лажици шеќер
    • rn011

    • 3 лажици цимет
    • rn011

    • 1 белка
    • rn011

    • 1 1/2 лажиче екстракт од ванила
    • rn011

    • прстофат сол
    • rn

    rnЗашеќерени бадеми со циметrn

    Начин на подготовка:

    rnРерната загрејте ја на 150 Целзиусови степени. Земете едно тавче за печење, обложете го со хартија за печење и премачкајте го со малку путер. Во еден сад измешајте ги шеќерот и циметот, а во друг сад на страна малку изматете ја белката. Во белката додадете ги ванилата и солта.rnrnЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметrnrnБадемите прво извалкајте ги во смесата со белка, убаво да се обложат сите, па потоа во шеќерот.rnrnЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметrnrnВака подготвени, истресете ги од вишокот шеќер и ставете ги во тавчето во еден слој да се печат 10 минути. По 10 минути, измешајте ги и печете ги уште 10 минути.rnrnЗашеќерени бадеми со циметЗашеќерени бадеми со циметrnrnНа крај, измешајте ги за последен пат и печете ги уште дополнителни 5 минути. Оставете ги да се оладат пред да ги сервирате.rnrnЗашеќерени бадеми со циметrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си кафе во прав по ваш вкус

    Направете си кафе во прав по ваш вкус

    Ви здосади секој ден да купувате по неколку мали пакувања инстант кафе? Вие сте од оние кои не купуваат цела конзерва кафе, туку по едно-две пакувања од ден за ден? Ако имате желба, креативност и малку слободно време, може самите да си направите инстант кафе, кое ќе го чувате во тегличка и секој ден ќе си правите шолја кафе од подготвената сува смеса. Плус, ако однесете една тегличка на работа, можеби ќе ги инспирирате и колегите и тие да си направат инстант кафе, по нивен вкус. Многу лесно се прави, еве како:rnrnНаправете си кафе во прав по ваш вкусrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 500 г еспресо кафе, во гранули
    • rn011

    • 260 г млеко во прав
    • rn011

    • 60 г шеќер во прав (ако кафето го пиете горко, не ставајте шеќер)
    • rn011

    • 60 г смеса за топло чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо голем и длабок сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте ги со лажица додека да се соединат. Готовата смеса распоредете ја во чисти теглички.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

    Кафе… уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво. Љубителите на кафето ќе ја сакаат оваа позадина на нивниот десктоп.rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #37
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1600×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно е никогаш да не заборавате да уживате во него. Ги имате состојките, направете си кафе по мерак.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Капучино тирамису

    Капучино тирамису

    Лесно, брзо и вкусно. Италијанскиот шмек е неизбежен.Капучино тирамисуПотребно е:

    rnrn

      rn011

    • 8 пишкоти, преполовени
    • rn011

    • сварено инстант кафе
    • rn011

    • сладолед од чоколадо
    • rn011

    • 140 мл шлаг, изматен
    • rn011

    • 1 лажица шеќер во прав
    • rn011

    • 3 лажици Бејлис
    • rn011

    • рендано чоколадо за декорација
    • rn

    rnПодготовка: Во 4 чаши распоредете ги пишкотите, колку да се обложи дното на чашата. Ставете изладено кафе доволно колку да ги омекне пишкотите. Ставете по две топки сладолед, прелијте ги со Бејлис, една лажица шлаг и шеќер во прав. Декорирајте со рендано чоколадо.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Храна која предизвикува надуеност

    Храна која предизвикува надуеност

    Внимавате на исхраната, вежбате во теретана, сакате да постигнете идеална телесна тежина… Не уништувајте го целиот ваш труд и напор, заборавајќи ги оние нешта кои за миг ќе предизвикаат надуеност во пределот на стомакот.Храна која предизвикува надуеностrn

    1. Рафиноза (храна со галактоза, фруктоза и глукоза)

    rnТука спаѓаат следниве производи: зелка, проќељ, брокула, аспарагус и други зеленчуци и продукти со цели зрна. Овие предизвикуваат надуеност во стомакот само ако се јадат свежи, затоа прво згответе ги па потоа конзумирајте ги.rn

    2. Лактоза

    rnТука станува збор за продукти во кои има природни шеќери како млекото и млечните производи (павлака, јогурт, сладолед, сирење, кашкавал). Имајте на ум дека во млекото има поголемо количество лактоза отколку во сирењето, кашкавалот и јогуртот.rn

    3. Сорбитол (шеќерен алкохол кој бавно се раствора во метаболизмот на човекот)

    rnГо има во овошјата, вклучувајќи ги и јаболката, крушите, праските и сувите сливи.rn

    4. Скроб

    rnКомпир, пченка, ориз, леб, тестенини и храна направена од брашно. Освен што предизвикуваат подуеност, овие продукти предизивкуваат и гасови.rn

    5. Продукти со комплексен состав од скроб и протеини (зрнеста храна)

    rnПред употреба на продукти од овој тип, најдобро е да се потопат во вода неколку минути пред да почнат да се готват.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошни цигари

    Овошни цигари

    Попладневни грицки и интересни, брзи и лесни суканици

    rnОвошни цигариrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 450 г јагоди, исечкани на мали парчиња
    • rn011

    • 60 мл вода
    • rn011

    • 1 лажица сок од лимон
    • rn011

    • 1 лажица масло
    • rn011

    • 60 г шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

    Загрејте ја рерната на 60 степени Целзиусови. Исечкајте ги јагодите и заедно со водата и лимоновиот сок ставете ги во тенџере да се варат неколку минути, покриени, на средна температура.

    rn

    Овошни цигариОвошни цигари

    rn

    Кога ќе бидат меки, тргнете ги од оган, ставете го шеќерот и претурете сè во блендер. Мешајте убаво додека да се измикса целата смеса. Пробајте од смесата и ако треба додадете уште шеќер.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Во тава ставете хартија за печење и намачкајте ја со малку масло. Претурете ја смесата врз хартијата и со лажица убаво распоредете ја за да биде тенка и во еден рамномерен слој. Печете околу 12-15 часа, при што некаде на половина печење, смесата треба да се преврти на нова намасленета хартија во тавата. Ако смесата почне да се суши во текот на печењето, намачкајте ја со вода. Доколку немате 15 последователни часови на располагање за печење, можете привремено да ја сушите смесата покрај прозорец изложен на сонце.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Готовата смеса оставете ја да се олади. Од неа исечете долгнавести ленти и потоа завиткајте ги како цигари.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    По желба, истиов рецепт можете да го примените за да направите овошни цигари од друг плод.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.