КАФЕ ПАУЗА

Tag: розова

  • Истакнувањето на атрибутите не е тешко: Овие бои ќе ви помогнат во тоа!

    Истакнувањето на атрибутите не е тешко: Овие бои ќе ви помогнат во тоа!

    Изборот на гардеробата може да го истакне она најдоброто и да ги прекрие недостатоците, а освен кројот и моделот, тоа се однесува и на бојата. Гардеробата ја избирате според градбата, но и според приликата, па затоа нема исто да се облечете за на работа и за вечерно излегување. Сепак, некои бои се добри за сите прилики и за која било фигура, а комбинацијата на бои и ефектни детали, ќе помогнат да ги истакнете вашите предности.rnrn0-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    1. Црна

    rnИдеална е за секоја прилика, а крупната фигура ја стеснува и намалува. Освен малиот црн фустан, потребно ви е и црно здолниште, кое визуелно ќе ги намали вашите колкови, во комбинација со светла кошула или блуза, која ќе го истакне вашиот горен дел. Црно и бело е класична комбинација, но и таа не мора да изгледа строго. Може да носите лелеаво бело здолниште и црна блуза, доколку сте со ситна градба, како и доколку сакате да го истакнете тенкиот струк или да го прекриете премногу нагласениот или рамен горен дел и премногу заоблените или ковчести колкови.rnrn2-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    2. Бела

    rnДоколку сè на вас е бело, ќе делувате блескаво и сјајно, но и многу покрупно отколку што сте. Чисто белата не ги прикрива недостатоците, а доколку имате некои, комбинирајте ја оваа боја со други бои и детали кои ќе го привлечат вниманието.rnrn3-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    3. Розова и беж

    rnИзборот на овие женствени бои, кои треба да ги ускладите со исто таква деликатна шминка, ќе помогне да изгледате свежо и нежно. Строгите и спортски линии ќе ви прилегаат ако сте слаби, а лежерните и лелеави изберете ги доколку сте покрупни.rnrn4-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_rn

    4. Црвена

    rnВо бојата на страста и радоста, ќе бидете упадливи каде и да се појавите. Црвениот фустан е многу попредизвикувачки и повпечатлив од црниот, но за разлика од црната боја, во која може да биде секое дневно парче на вас, доколку истите тие се во црвена боја, нема да изгледате добро. Црвената боја комбинирајте ја со други бои, а водете сметка и за нијансите. Темно црвената или бордото визуелно ја стеснуваат фигурата исто како црната боја.rnrn5-istaknuvanjeto-na-atributite-ne-e-teshko-ovie-boi-kje-vi-pomognat-vo-toa-www.kafepauza.mk_

  • Мејкап идеален за пролетните денови

    Мејкап идеален за пролетните денови

    Со доаѓањето на пролетта природно е да посакате да ги напуштите црните линии со тушот околу очите и тешкиот мејкап и да почнете да носите лесна прозрачна шминка. Розовата е апсолутен хит во овој период после студената зима, па не е изненадувачки што токму оваа боја била инспирација за насловната страница на јапонскиот Вог.rnrn1-mejkap-idealen-za-proletnite-denovi-kafepauza.mkrnrnРозовите тонови во овој едиторијал се нанесени на нежно лице во неколку варијанти. Потемните нијанси на усните одат во комбинација со минимално нагласување на остатокот од лицето, додека слатките розови усни одлично одговараат со исто толку заруменети образи. Слободно експериментирајте со овие варијанти во следниот пролетен период.rnrn2-mejkap-idealen-za-proletnite-denovi-kafepauza.mk 3-mejkap-idealen-za-proletnite-denovi-kafepauza.mk 4-mejkap-idealen-za-proletnite-denovi-kafepauza.mk 5-mejkap-idealen-za-proletnite-denovi-kafepauza.mk 6-mejkap-idealen-za-proletnite-denovi-kafepauza.mk
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модни трендови за пролет 2014: Еве што предложува H&M!

    Модни трендови за пролет 2014: Еве што предложува H&M!

    Автор: Ана ПетровиќrnrnОваа година, пролетната сезона ќе биде во знакот на кожните бајкерски јакни, здолништа и чизми, а за надополнување на изгледот задолжени се цветните дезени и мотиви, точките и розовата боја.rnrn0-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mkrnrnЦвеќето е симбол на пролетта не само во природата, туку и во модниот свет, па затоа честопати топлите годишни времиња најавуваат шарени мотиви. H&M за пролетта која доаѓа ни припремија разиграна цветна колекција, а лесните џемпери се на врвот оваа сезона.rnrn

    1-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk
    Моќта е во цвеќињата
    rnrnОсвен природата, се будат и боите. Својот едноставен и практичен, но сепак елегантен пролетен стил разбијте го со розови парчиња облека како провидни блузи или кошули.rnrn
    2-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk
    Жешки во жешко-розова
    rnrnНова сезона, но стари правила. Добрата вест е што можете да ја искористите облеката од минатата есен, посебно бунтовничките маички со кул натписи и рокерските јакни.rnrn
    3-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk
    Рокерски бунтовнички стил
    rnrnРокерско-бајкерскиот стил одлично се вклопува со женствени блузи со точки. Посебна предност им се дава на кожните здолништа.rnrn
    4-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk
    Поврзете ги точките со секси кожни здолништа
    rnrnКако алтернатива за почетокот на пролетта, во оние свежи пролетни утра можете да ги искористите тенките, плетени џемпери. Основа за комбинирање нека ви бидат чизмите во бајкерски стил и здолништата од вештачка кожа.rnrn
    5-modni-trendovi-za-prolet-2014-eve-shto-predlozhuva-h-and-m-kafepauza.mk
    Тенки плетени џемпери

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја

    Нежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја

    Пастелните бои се секогаш во тренд и секогаш придонесуваат за нежен изглед. Црвеникаво-розовата и сивата боја одат одлично заедно. Ова се 4 идеи како да ги искомбинирате овие бои за разни пригоди.rn

    Секојдневно и слатко

    rnСекојдневен и удобен изглед за на училиште, факултет, читална или кафе со пријателите. Искомбинирајте светли фармерки и удобен џемпер. Како аксесоари одберете сива марама со интересен принт и нежни обетки. Завршете го изгледот со ниски балетанки и мала чанта за преку рамо. Секако, не заборавајте го нежно розовиот сјај за усни.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    Женска вечер

    rnЗа забавна и незаборавна женска забава искомбинирајте едноставен сив џемпер, пласирано здолниште и чизми до глужд. Како аксесоар за коса, искористете лента во црна, сива или црвеникаво-розова боја и завршете го изгледот со розов лак за нокти.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    Шик и софистицирано

    rnОваа комбинација е совршена за на работа или кога имате важна презентација на факултет. Искомбинирајте тесни бели панталони, сиво-бела маичка на риги и црвеникаво розова наметка или сако. Завршете го изгледот со каиш во металик боја и нежно ланче со цветови во светли бои.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива бојаrn

    За незаборавен љубовен состанок

    rnНежното розово фустанче со чипка во комбинација со популарните оксвордки и елегантен сив мантил се совршена комбинација кога одите на состанок или пак доколку го прославувате денот на вљубените со вашиот партнер. Едноставно парче накит и плик чанта се задолжителни аксесоари, додека пак совршена фризура за ваква пригода е пунџа на страна.rnrnНежни и женствени комбинации со црвеникаво-розова и сива боја
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

    4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

    Некои бои навистина можат да го нагласат најдоброто кај секоја жена, без разлика на нивниот тен или бојата на коса. Боите кои се наоѓаат на средина на спектарот, односно оние кои не се ниту претопли ниту преладни, им прилегаат на сите жени.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    „Вистинска“ црвена

    rnВо овој случај навистина важи онаа фамозна изјава на дизајнерот Бил Блас:rn
    rn

    „Кога сте во дилема, облечете црвено.“

    rnНе само што црвената боја го запира целиот сообраќај, туку на секоја жена што ја носи ѝ дава предност.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    Тиркизна

    rnБоите на спротивните страни на спектарот се зајакнуваат една со друга, па затоа и не е чудно што јагодите спакувани во зелена кутија изгледаат толку привлечно. Истото важи и за сино-зелената боја или позната како тиркизна, која совршено прилега со спротивната розова, давајќи ѝ здрав изглед на кожата. Одлично се комбинира со црна, кафена и останатите неутрални бои.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    Валкано розова

    rnОваа боја делува префинето. На спектарот се наоѓа помеѓу светло розовата и бојата на праска. Ја нагласува природната свежина на лицето, па секој што ја носи остава впечаток дека блеска. Козметичарите препорачуваат со ваквата боја да се користи и слична нијанса на кармин.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај женитеrn

    Боја на модар патлиџан

    rnОва е совршена темно виолетова боја, бидејќи е лесно прилагодлива, скоро како црната, темно кафената или морнарско сината.rnrn4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Оваа сезона: 50 нијанси на розово

    Оваа сезона: 50 нијанси на розово

    Денов го посветуваме на најжешката и најженската боја – розовата. Во новите колекции на модните дизајнери оваа сезона секако не изостанува розовата боја, која е симбол на љубовта и убавината.Оваа сезона: 50 нијанси на розовоОваа година розовата доаѓа со нов тренд – во пастел варијанта. Најдоминантни бои кои ги донесоа модните трендови во сезоната пролет/лето 2013 се пастелните: бебешко сина и розова.rnrnРозовата пастелна е мека боја која можете да ја комбинирате со бела, бебешко сина, цветни дезени на црна и други.rnrnПокрај пастелната, во мода е и омбре варијантата, а нијансите на розово особено добро изгледаат на фустани.rnrnУште еден начин да носите розово оваа сезона се розовите риги. Ригите се тотално тренди, па зар има подобар начин да изгледате женствено и модерно?rnrnМожете да се облечете и целосно во розово, само секогаш внимавајте на ременот на фустанот кој треба да биде во поинаква боја за да го разбие изгледот.rnrnПогледнете 20 модни комбинации за розови инспирации.Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово Оваа сезона: 50 нијанси на розово
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Креативни идеи за уредување розови соби

    Креативни идеи за уредување розови соби

    Розовата е позитивна и забавна боја, која ве поттикнува да бидете креативни. Можеби оваа боја ве асоцира на детска соба, но не мора да значи. Тинејџерските соби, а и спалните соби за возрасни, совршено би изгледале декорирани во оваа боја. Доколку не сакате да претерате со розовото, пробајте со розови детали, како розови срциња или цвеќиња, или бојадисајте еден ѕид розов, а другите во различна боја. Розовата е топла боја која релаксира, па ако сакате промена во својата соба, внесете розова свежина. Еве некои идеи за уредување и декорација на розови соби.rnrnrnКреативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови соби Креативни идеи за уредување розови собиrnrnДоколку сакате повеќе идеи за декорација на соби, погледнете ги овие дизајни на женски тинејџерски соби.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

    Што кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

    Дали кога ќе го отворите вашиот плакар гледате шаренило од секакви бои или сепак до некој степен преовладуваат нијанси на една боја? Бојата која ја носиме, не значи само дека сме ја одбрале бидејќи била привлечна за нашето око, туку и кажува многу за она што е под облеката. Што кажува за вас бојата која преовладува во вашиот плакар и каква перцепција имаат другите за вас?rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Црна

    rnЦрната боја асоцира на авторитет и моќ, па затоа вие сте личност која не се плаши целосно да ја преземе ситуацијата под своја контрола и да ужива во функцијата која ја има. Црната боја често ја носат луѓе со високи функции и авторитет, како политичарите или оние со важни функции во фирмите. Станува збор за елегантна боја која ве прави повитки. Плус, одговара за секоја пригода, од погреб до венчавка.rn

    Бела

    rnБелата боја се поврзува со едноставноста. Вие сте весела и едноставна личност која не сака комплицирање на работите. Исто така, доколку оваа боја преовладува во вашиот плакар, значи дека сте педантна личност која ја сака чистотата. Баш затоа успевате толку често да носите бело без видливи дамки од кафе или некаков оброк.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Сива

    rnСивата боја значи софистицираност. Им дава до знаење на луѓето околу вас дека сте самоуверена личност која мисли и донесува одлуки самата за себе. Без страв ги презентирате вашите одлуки и ставови пред другите. Сивата е одлична боја за бизнис средби, романтични состаноци или интервјуа за работа, бидејќи покажува дека сте самоуверени и се чувствувате добро во вашата кожа.rn

    Кафена

    rnОваа боја е знак на стабилност, луѓето можат да се потпрат на вас. Покажува дека уживате во удобноста на животот, но не преферирате промени. Едноставно сакате да играте на сигурно.rn

    Сина

    rnВие сте опуштена, релаксирана и кул личност и не сте многу импулсивна. За посериозни настани, како интервју за работа, одбрете потемна нијанса, како морнарско сина. Но за порелаксираните моменти, одберете посветли нијанси како небесна сина.rn

    Розова

    rnДоколку сте љубител на розовите нијанси, вие сте чувствителна личност со големо срце која се чувствува убаво самата за себе. Кога луѓето носат розова боја изгледаат достапни и способни да ги сакаат луѓето околу себе.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?rn

    Зелена

    rnЗелената ги поттикнува убавите чувства и доброто расположение кај вас, но и кај оние околу вас. Испраќате позитивни и смирувачки вибрации. Можеби тоа е така бидејќи зелената боја асоцира на топла пролет по ладната зима.rn

    Жолта

    rnОваа боја покажува дека сте забавна личност која сака убави моменти и секогаш е подготвена за забава. Вие ги асоцирате луѓето на топло сонце кое го разубавува денот. Секогаш имате одличен избор на облека за опуштена летна забава.rn

    Црвена

    rnВие сте страсна личност која умее да сака. Црвената боја се асоцира со љубов и романса. Ова е бојата која најмногу ги привлекува мажите. Кога се подготвувате за важен настан или романтичен состанок со личност која многу ви се допаѓа, нема да згрешите доколку се одлучите за вашата омилена боја – црвена.rn

    Виолетова

    rnБоја на креативноста. Им покажува на луѓето околу вас дека сте способни да размислувате „надвор од кутијата“. Не се плашите да ги правите работите поинаку од другите и често ја гледате убавината во места каде другите најчесто не ја гледаат. Па кога сакате да се инспирирате себеси или некој друг, носете виолетово!rn

    Портокалова

    rnПортокаловата е бојата на луѓето со богат социјален живот, кои лесно се впуштаат во разни разговори и познанаства. Им кажува на луѓето дека не сте затворени во себе, дека сте опуштени и дружељубиви.rnrnШто кажуваат за вас боите во вашиот плакар?

  • 72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

    72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека

    72-годишниот Кинез Liu Xianping е најверојатно најкул дедо на светот. Тој сакал да ѝ помогне на неговата внука да ја искомбинира облеката за промотивните фотографии, наменети за нејзината онлајн продавница за женска тинејџерска облека „Yuekou“. После кратко време, овој дедо станува интернет сензација.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека
    rn

    Сѐ започна како шега. Тој избра едно парче и го облече со цел да ни даде совет како да го комбинираме. Ни стана забавно и започнав да го фотографирам и сите фотографии ги прикачив на веб-сајтот“ – раскажува внуката.

    rn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облекаrnrnТалентираниот, слабичок дедо одлично се снашол во работата на модел за женска облека, со што ѝ помогнал на неговата внука, да ја зголеми продажбата шестократно.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облекаrnrnОткачениот дедо Лиу се справил со сѐ што носат тинејџерките, од розова облека, секси здолништа, тантела, хулахопки во боја, чантички, шалчиња, до очила за сонце и успеал да ги изрекламира на уникатен, хумористичен и женствен начин.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека
    rn

    Зошто да не е прифатливо некој како мене да носи женска облека? Тоа што сум модел за продавницата ѝ помага на мојата внука, а јас немам што да изгубам. Бевме многу среќни на денот на фотографирањето. Јас сум многу стар и единствено нешто за што се грижам, е да бидам среќен“ – изјавил тој.

    rn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облекаrnrnКоментарите за идејата се многу позитивни, а голем број од обожавателите дури му завидуваат на добрата фигура која ја има дедото, особено на неговите витки, долги нозе.rnrn72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека72-годишен дедо стана супер моделка за женска облека
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бакнежи, насмевки и високи потпетици

    Бакнежи, насмевки и високи потпетици

    Денес решив да им се обратам на моите дами, знаете, оние припадничките на посилниот пол. Испровоцирана од девојки кои им робуваат на комплексите од типот да му бидат достојни на дечкото (заборавајќи дека и тој треба да се труди да биде достоен за нив), од девојки кои се затвораат во соблекувалната на своето работно место и трошат време и нерви по телефон, објаснувајќи некои свои постапки наместо да си ја бркаат работата и да си прават пари, девојки кои ќе потрошат толку солзи на некого кого ни уво не го боли за нив… со еден збор, оние кои на секаков можен начин си ги побркале приоритетите во животот.rnrnНе смеете да изигрувате дека сте глупави, кога и научно е докажано дека нашата интелигенција е поголема од онаа на мажите. Секој човек се труди од глупав да испадне паметен, зашто со сила да се правиш глупава кога не си? Каде е она твое ЈАС, она кое никој не смее да го погази? Како е можно така лесно една девојка, која (како демек) се заљубува, да заборави на сите свои принципи?rnrnБакнежи, насмевки и високи потпетициrnrnДа обрнеме внимание на она што ни значи, она што нè исполнува, нè прави среќни… на сите оние мали задоволства, да уживаме и да ги почувствуваме сите убавини на животот.rnrnСакаме розова боја, убави нокти, плишани мечиња, подароци и цветови… И што, треба да бидеме дефинирани како плитки и површни? Не! Имаме право на возбуда и среќа, кафе муабет и оговарање, луди журки и незаборавни ноќи. Имаме право на добар филм, облека и шопинг и многу нијанси на сјаеви за усни… Шарени тетратки, убави слики и украси. Имаме право понекогаш да бидеме и себични. Имаме право на летни авантури, незаборавни дружења и патувања, искусување на љубовта повторно и повторно, макар и не била онаа вистинската.rnrnЕден ден ќе бидеме мајки и нема да можеме да ги ставиме своите потреби пред сè останато. Еден ден нема да ни доликува да се журкаме до зори, сите пари да ги трошиме на себе и да спиеме со своите мечиња. Има време кога ќе мора да броиме калории, сега ги заслужуваме највкусните тортички со секакви преливи. Ќе дојде време кога ќе мора да бидеме смирени и разумни, до тогаш можеме да бидеме палави и темпераментни.rnrnПочувствувајте ја младоста и предајте ù се целосно. Ќе бидете ли некогаш помлади од овој момент? Како жени и девојки, како идни пожртвувани мајки и хероини за своите најблиски, заслужуваме еден куп бакнежи и страст, искрени насмевки и незаборавни дружења… и секако, посакуваните модели на високи потпетици… а не купишта грижи наместо уживање во животот!rnrnДо следното читање, ве оставам во позитивно и розово расположение,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.