Супермесечина е поим што ја означува полната месечина што е најблиску до земјата, а освен што е близу до нас, таа е посебна поради уште една работа – се нарекува розова месечина затоа што нè осветлува напролет, во најцветниот и најромантичниот период од годината.rnrn
rnrnОваа Месечина ќе биде исклучително изразена на небото, така што ќе можете максимално да уживате во нејзината убавина. Нејзините кратери ќе бидат видливи дури и без двоглед и телескоп.rnrnАстролозите истакнуваат дека енергијата на денот на полната месечина, како и неколку дена пред и по 27 април, ќе биде особено интензивна. Нè очекуваат многу динамични и интензивни емоции, а она што е скриено сега излегува на површина – од мисли до емотивни желби. Бидејќи овој пат розовата полна месечина е во знакот на Вага, ќе има многу можности вашата душа конечно да најде некоја утеха.rnrnРозовата супермесечина бара малку да се истакнете, да бидете сами, да се одморите и да си посветите време на себе. Ова е период од годината кога ви треба енергетско чистење од лоши енергии и вибрации и полнење со некои позитивни чувства. Време е да ги осветлите вашите визии и намери за иднината, но и да воспоставите внатрешен мир.rnrnОваа месечина ќе ве охрабри да ги проширите вашите хоризонти и вашата перспектива.rnrnПрочитајте што ни носи април и кои се најголемите астролошки транзити.
Tag: розова
-

Што ќе донесе розовата супермесечина на 27 април?
-

За нежните и романтични девојки: Ова лето изберете розов тексас
Веќе знаеме дека розовата боја е хит за оваа сезона. Исто така, знаеме и дека тексасот е безвремена ткаенина која никогаш не излегува од мода. Па како да ги комбинираме?rnrn
rnrnКога ќе ги споиме тексасот и розовата боја го добиваме главниот тренд за оваа сезона – облека од розов тексас кои трендсетерките со задоволство го комбинираат во своите модни комбинации.rnrn
rnrnДоколку сакате во оваа сезона да му дадете освежување на вашиот секојдневен изглед, тогаш тексасот со розова боја е вистинскиот избор.rnrn
rnrnМодните куќи и познатите брендови предлагаат оваа пролет и лето да обезбедите голема тексас јакна во розова боја, мини тексас здолниште и шорцеви или фармерки.rnrn
rnrn
rnrnКарнерите на облеката од тексас се исто така добредојдени. Доколку сакате посуптилен допир од овој тренд, тогаш ви предлагаме да изберете облека во бледо розова боја, а доколку спаѓате во храбрите дами кои не се плашат од силните бои, тогаш можете да избрете фармерки во силна розова нијанса.rnrn
rnrnОблеката од розов тексас комбинирајте ја со бело палто или нежни пастелни бои за поженствен изглед. Можностите се преголеми, а ваше е да изберете како ќе го вклучите овој тренд во вашите летни модни комбинации.rnrn
-

Валкано розова, боја што ќе ги одбележи венчавките во наредните месеци
Нијансите на розова боја отсекогаш биле актуелни на свечените случувања и манифестации. Од бледо розова, топло розова, пудресто розова, па сѐ до валкано розова која стана вистински тренд за венчавките во 2017-та година. Интернетот и социјалните мрежи се преплавени со идеи за венчавки на кои сѐ е во знак на валкано розовата боја и бојата на месо.rnrn
rnrn rnrnБидејќи венчавката е бајковит и нежен настан, токму поради тоа воопшто не сме изненадени. За вас е најважно тоа да биде боја која и обично ја преферирате, и во која се чувствувате добро. Сѐ останато оваа боја ќе го направи сјајно. Инспирирајте се со фотографиите кои ги избравме и осмислете ја вашата совршена венчавка.rn1. Цвеќе
rnВалкано розовата е особено добар избор ако се венчавате во текот на пролетта или летото, бидејќи одлично се вклопува во опкружувањето, природата и романтиката. Пронајдете цвеќе во розова боја и спојте го со цвеќе во борда и бела боја. Зеленилото, дрвата, реката или езерото само ќе го засилат идеалниот призор.rnrn
rn2. Венчаница
rnВалкано розовата венчаница од тул е вистинскиот избор за урбана жена која не се потпира на традицијата и класиката. Сребрената дијадема е задолжителен детаљ за долгата, брановидна коса. Немојте да ја комбинирате валкано розовата боја со силни и контрастни бои како што е црната, за да не го уништите целокупниот впечаток.rnrn
rn3. Деверици и кума
rnНајдобрите другарки мора да ѝ покажат солидарност на невестата и да изберат лелеави фустани во пастелни бои! Немојте да заборавите дека насмевката на лицето е најубавиот аксесоар којшто можете да го понесете.rnrn
rn4. Декорација на ентериерот
rnЛивчињата расфрлете ги на патот кон олтарот, а како декорација изберете розови завеси, салвети и свеќи, затемнето светло и магијата може да започне!rnrn
rn5. Костумот за младоженецот
rnА доколку имате храброст, заменете ги улогите! Кој вели дека младоженецот не може да носи розов костум и притоа да изгледа феноменално? Поиграјте си со боите и личниот стил, бодејќи ова е само ваш ден!rnrn

-

Сосема нормално е тоа што некои момчиња ја обожаваат розовата боја
Не постојат научни докази дека бојата и полот се вродено поврзани. Експертите од различни области се согласуваат дека поделбата на боите, односно верувањето дека розовата е женска, а сината машка боја, настанало како последица на модните трендови од минатиот век.rnrn
rnrnВо минатото, розовата боја не била резервирана само за жените, туку и мажите честопати се облекувале во розово. На почетокот од 20-ти век, родителите ги облекувале малите деца во неутрални бои, најчесто во бела, бидејќи била поедноставна за одржување.rnrnСо развојот на технологијата, која го олеснила боењето на облеката, и со зголемувањето на потрошувачкиот пазар, во западните земји се појавил обичајот дека синото е за момчиња, а розовото за девојчиња. Се смета дека тоа влијаело и на напредокот во медицината која им овозможила на родителите да го дознаат полот на детето пред раѓање и да можат однапред да купат производи за девојчиња или момчиња.rnrnВерувањето дека розовата е женска боја земало најголем замав во САД во 50-тите години од минатиот век, бидејќи тоа било омилената боја на тогашната прва дама Мејми Ајзенхауер. Розовата боја станала популарна и благодарение на филмот „Смешно лице“ (Funny Face) со Одри Хепберн во главната улога. Така, женската поп култура и ден денес останала „зачинета“ со розови нијанси, почнувајќи од барбиките па сѐ до хигиенските влошки.rnrnКога на некое момче ќе му се допадне розовата боја на облека или на некоја играчка, првата реакција на возрасните е „Што ќе ти е розова боја, таа е за девојчиња!“. Вистината е дека розовата воопшто не е женствена боја. Светскиот институт за бои Pantone, кој веќе половина век ги диктира најновите трендови, ја опишува розовата како „храбра и витална боја која ја подигнува самодовербата и ја дава потребната сила за соочување со стресното секојдневие“.rnrnПоделбата на сината и розовата боја е само една од многубројните категоризации кои се имаат појавено во општеството. Луѓето сакаат кога работите се едноставни и кога не треба многу да размислуваат, па затоа без двоумење го прифаќаат она што се нуди на пазарот. Ако она што се нуди е претежно во розова и сина боја, тоа се комбинира со полот на детето и така се создава општествен тренд кој повеќето луѓе го следат без многу размислување.rnrn
rn„Родителите честопати искажуваат загриженост поради тоа што нивното дете ја обожава ’погрешната’ боја кога се во прашање момчињата, бидејќи се плашат од општествените осудувања и од стигматизацијата. Возрасните неретко даваат непримерни коментари кои можат кај децата да предизвикаат чувство на срам и вина. Уште на предучилишна возраст, децата знаат меѓусебно да си зборуваат дека ’тоа е за девојчиња/момчиња’ и ако детето отстапува од очекувањата, може да биде изложено на навреди и омаловажувања од страна на врсниците“, објаснуваат психолозите.
rnКога не би ги делеле игрите, играчките и спортовите на машки и женски, децата веројатно би биле многу поопуштени и не би се грижеле околу тоа дали некој ќе го одобри или критикува нивниот избор. Децата треба да си играат со различни играчки, без разлика дали тие се првично наменети за девојчиња или момчиња и треба да се облекуваат во боите кои им се допаѓаат.rn
„Возрасните треба да им помогнат на децата да пораснат така што самите ќе си ги бираат боите, играчките, а понатаму и професиите. Треба да им помогнат да сфатат дека не треба да се чувствуваат помалку вредни ако не ги исполнуваат општествените очекувања. На децата треба да им се објасни дека понекогаш луѓето ќе мислат дека е необично тоа што некои девојчиња си играат со колички, а некои момчиња со кукли, но дека и едното и другото е сосема нормално“, додаваат писхолозите.
rnРозовата боја е интересна, одлучна и прекрасна. Таа пренесува позитивна енергија и го подобрува расположението. Токму затоа, децата не треба да се ограничуваат, туку треба да се почитува нивниот избор на боја, облека, играчки и на сѐ друго останато понатаму во животот.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, дознајте како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата.
-

Моден тренд: Оваа пролет размислувајте розово!
Дури и птиците на гранките знаат дека пастелните бои ќе бидат вистински хит за оваа пролет. Токму оваа година, во текот на жешките денови, розовата боја ќе владее на модната сцена. Таа преовладува во понудата на популарните брендови, а некои пак се одлучиле да ѝ посветат цела колекција. Розовата боја оваа пролет ќе се наоѓа во сите нијанси, од нечисто розови, па сѐ до силна циклама. Исто така, нема ограничувања во однос на видови облека, чевли, шминка, лак за нокти, боја на коса…rnrn
rnКако да ја носите розовата боја оваа пролет?
rn1. Розовата и белата боја се прекрасна комбинација за оваа пролет.rnrn
rnrn2. Немојте да претерувате! Изберете само едно или две розови парчиња во својата комбинација, и тоа не во иста нијанса.rnrn
rnrn3. За да изгледате тренди ќе биде доволен само еден детаљ во розова боја. Но, исто така немојте ни да претерувате, па изберете каиш или чанта во розова боја.rnrn
rnrn4. Избирајте секојдневни парчиња облека во оваа боја, како што се хеланки или кратки панталони, кошула или блуза, сако, чевли или патики, а сето тоа зависи од вашиот моден стил и вкус.rnrn
rnrn5. Доволно ќе биде само да ги налакирате вашите нокти во розова боја или пак да бојадисате еден прамен од вашата коса во бледо розова боја.rnrn
rnrn6. Бледо розовата и праска боја се женствени нијанси кој секој може да ги вметне во својот стил.rnrn
rnrn7. Силните нијанси се совршени за жените кои се чувствуваат пријатно во својата кожа и кои го сакаат вниманието на минувачите од улицата. Ќе добиете повпечатлив ефект доколку ја комбинирате со други интересни бои, како на пример, портокалова, боја на нане, тиркизно сина, жолта…rnrn
rnrn8. Ако ви се допаѓа розовата боја, тоа значи дека можете да ја внесете во вашиот живот и надвор од облеката и шминката. Розовата ќе изгледа неодоливо и како неколку додатоци за вашата куќа или стан.rnrn
-

Знаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?
Фотографиите од бебиња во доцните 1800-ти години, покажуваат дека децата се во бела облека, а преминот кон розова и сина боја се одвивал постепено. Со векови женските деца носеле практични бели фустанчиња, кои биле лесни за одржување и чистење. Пастелната детска облека била воведена во средината на 19-тиот век, но според историчарката Џо Б. Паолети, боите најпрво не биле одредени според полот.rnrn
rnrnВо една статија од 1918 година пишувало дека општо прифатено правило е розовата боја да биде за момчињата, додека пак сината за девојчињата. Причината за тоа е што розовата боја е силна, погодна за момчињата, додека пак сината е нежна, што повеќе одговара за девојчињата. Друг извор пак наведувал дека сината им одговара на русите личности, розовата на бринетите, или пак дека сината е соодветна за бебињата со сини очи, а розовата за оние со кафеави очи. rnrnВо 1927 година едно списание објавило графикон кој ги прикажува соодветните бои за децата според нивниот пол, во согласност со водечките продавници во Америка, а во 1940-та година производителите одредиле дека розовата боја им припаѓа на девојчињата, а сината на момчињата, па новите мајки така почнале да ги облекуваат своите деца. rnrnНо, тоа не е крај на приказната. Поради женското движење за ослободување, универзалната облека била присутна до доцните шеесетти и седумдесетти години. Сепак, розовата и сината боја се вратиле во осумдесеттите години, па кога родителите го дознавале полот на децата, тие ја подготвувале собата за новороденчето во соодветната боја. Производителите виделе прилика и сфатиле дека родителите ќе купат цел комплет производи ако го знаат полот на детето. Овој тренд е останат и до ден денес, иако постои и побарувачка за неутрална боја на облека.rnrn
rnrnПаолети вели дека додека истражувала со цел да пронајде информации за да ја напише својата книга, таа станувала сѐ повеќе критички настроена кон овој тренд.rn„Загубата на неутралната облека е нешто за што луѓето треба повеќе да размислуваат. Сега постои зголемена побарувачка за неутрална боја на облека за бебиња и деца“, вели таа.
rnДоказите дека розовата и сината боја не биле секогаш поделени според полот, ни дава надеж дека неутралните бои може повторно да се вратат.
-

Која боја на кармин да ја изберете летово за забите да ви изгледаат побели?
Многу од жените летово можеби забележале дека една од најпопуларните летни нијанси на кармин – корално црвената, не им одговара баш најдобро на нивната насмевка. Ова наједноставно може да се објасни со правилата за комплементарност на боите. Сината и портокаловата, односно жолтата боја, стојат спротивно една од друга во спектарот на бои. Со оглед на тоа дека спротивностите се привлекуваат, сините тонови во кармините ги поништуваат жолтеникавите бои на нашите заби. Ви претставуваме неколку трикови со чијашто помош ќе ги избегнете „грозните“ нијанси на кармините, врз основа на тенот на вашата кожа или пак, ќе ги изберете оние коишто вашата насмевка ќе ја направат поблескава.rnrn
rn1. Изберете го вистинскиот црвен кармин
rnЦрвениот кармин може да стои на секоја жена и девојка, само доколку ја изберете вистинската нијанса според тенот на вашата кожа. Тогаш, ќе дојдат до израз сите ваши атрибути и ќе направи вашите заби да изгледаат побели. Доколку сте со посветол тен, изберете црвен кармин со боја на вишна кој има сина основа и вашата насмевка ќе заблеска. Оние девојки и жени кои имаат потемен тен треба да изберат црвен кармин со нијанси на боите на виното или костенот. Виолетовата основа ќе направи чуда кога станува збор за белината на вашите заби.rn
2. Боја на малини за поблескава насмевка
rnРозовата е вообичаено понежна и посветла од црвената, па најчесто не може да го даде истиот ефект како потемните бои кои ја истакнуваат белината на забите. Но, розовите нијанси можат да ни дадат холивудска насмевка доколку се држиме до постудените тонови, како што е бојата на малините. Додека оние со корални или портокалови тонови треба да се избегнуваат.rnrn
rn3. Избегнувајте ги кафените тонови
rnКафените кармини никако не ѝ ласкаат на вашата насмевка. На пример, бордо кармините со кафена основа ќе ги истакнат жолтите или темните дамки на вашите заби. Наместо нив, доколку имате посветол тон на кожата, користете кармини со боја на темни бобинки и сина основа, како оној со нијанси на слива. Жените со потемен тен најдобро ќе изгледаат со кармин во нијанса на црвен грав. Таа нијанса добро одговара речиси на секој тен, а нејзината сина основа ги прави посветли вашите заби.rn
4. Обичниот сјај е вашиот најдобар пријател
rnОбичниот сјај ќе им даде влажен изглед на вашите усни, а забите ќе изгледаат блескаво. Кармините во мат нијанси го предизвикуваат спротивниот ефект. Но, сјајот со седефести тонови треба да се избегнува затоа што ги прави посјајни нашите усни, но не и нашите заби.rnrn
rn5. Неонски бои
rnОвие кармини ги истакнуваат вашите усни и потемнетиот тен по деновите минати на плажа, но забите ги фрлаат во втор план. Кармините со светли флуоресцентни нијанси никако нема да помогнат во истакнувањето на вашата насмевка, туку напротив, можат да ги направат вашите заби да изгледаат потемни.
-

Оваа пролет царуваат пастелните бои: Еве како да ги комбинирате со останатите парчиња облека
Ако сте се запрашале кој тренд ни доаѓа оваа пролет, тогаш со радост ве известуваме дека пастелните бои и оваа сезона ќе продолжат да царуваат помеѓу вашата гардероба. Сигурно ви останало некое пастелно парче гардероба од минатите сезони, па со тоа ќе ви биде полесно да ги надополните комбинациите за кои ќе се одлучите оваа пролет.rnrn
rnrnСмирените бои како што се бебешко розовата и бебешко сината, се во прв план, но немојте да ги занемарите и пастелно виолетовата, жолтата или зелената. Овие бои ѝ прилегаат на секоја жена, како за окото, така и при носењето, бидејќи одговараат и на русокосите и на бринетите. Нема да погрешите при изборот на која било боја, а најважно е да ја одберете соодветната нијанса за чувствителноста на вашето око.rnrn
rnrnВо овие нежни тонови, претходно можевме да видиме само блузи и кошули, а потоа на ред дојдоа и пантолоните. Сепак се стекнува впечаток дека дамите ги избегнуваат ефектните парчиња како што се јакните, капутите и обувките во пастелни бои. Можеби мислат дека пастелната боја е моментален тренд, па не сакаат да трошат пари на скапи парчиња облека, но по неколку сезони доаѓаме до заклучок дека трендот на пастелната боја нема така лесно да излезе од модната сцена.rnrn
rnrnОваа сезона слободно одлучете се за џемпер или мантил во некоја смирена боја, бидејќи нема да погрешите, а исто така ќе уживате подолго време носејќи го.rnrn
rnrnДоколку сте од оние дами кои мислат дека костимот во боја е премногу и дека подобро би избрале сако или пантолони во боја, време е да се ослободите од овие мисли и модни стеги, бидејќи комплетот во нежни нијанси ќе биде еден од главните трендови оваа пролет и ќе можете да го носите во сите прилики, од работни состаноци до приватни настани и прослави.rnrn
rnrnБидејќи знаеме дека модата од 70-тите се враќа назад, фустаните во ваков крој ќе бидат совршен избор за топлите денови што доаѓаат. Мини должина, кратки ракави и крој кој од колковите па надолу се шири во облик на трапез, можете секогаш да го комбинирате со балетанки, плитки платнени патики, а чизмите и високите потпетици се подразбираат. Кожна или јакна од штоф ќе бидат одлични за да ја надополните оваа комбинација, но и да ве загрее доколку е потребно. Заедно со бебешко синиот фустан одлично се вклопува и нијансата во боја на лешник, но и нежната крем.rnrn
rnrnШироките пантолони со раб се уште еден доказ дека 70-тите ни се враќаат, а ако ги облечете во розова или пастелно розова ќе донесете нова димензија на овој тренд. Ако ногавиците се подолги и прилично широки, посакувано е да облечете високи потпетици, кои дополнително ќе ви ги издолжат нозете, но и ќе спречат самите ногавици да ви се влечат по асфалтот.rnrn
rnrnЖолтите пантолони споени со пастелно розова или сина даваат смирена палета која пријае на сетилото за вид, иако можеби самата замисла на комбинација од овие две бои во моментот ви се чини непосакувана. Најдобро е да ги извадите сите парчиња облека кои ги имате во својот гардеробер во пастелни нијанси и да ги комбинирате со останатите за да направите неколку модни комбинации кои совршено ќе ви послужат кога треба набрзина да се спремате и да излезете од домот.rnrn
-

Марсала бојата се повлекува од модната сцена: Овие бои ќе ја одбележат 2016-та година
Брендот „Пантон“ е познат по тоа што секоја година во месец декември објавува која боја ќе ја одбележи наредната година. За разлика од оваа година, во која доминираше марсала бојата, 2016-та ќе ја одбележат ниту повеќе ниту помалку туку пастелните тонови. Да, добро прочитавте, не само една туку повеќе пастелни бои, додека предност ќе има комбинацијата на пастелно розови и пастелно сини тонови.rnrn
rnrnПознатите дизајнери веќе ја воведоа оваа комбинација на бои во своите колекции за наредната година, а познатите убавици ги облекоа нивните парчиња во текот на своите појавувања, па еве прилика да видите како може да ги носите пастелните розови и сини нијанси во текот на 2016 година.rnrn1. Комбинацијата од пастелно розови и сини тонови беше неизоставна во колекцијата на брендот „Вионет“ за пролет/лето 2016 година.rnrn
rnrn2. Преубавата ќерка на манекенката Петра Њемцова, оваа година на црвениот тепих на канскиот фестивал се појави во тоалета од пастелни тонови од колекцијата „Couture“ на брендот Захаир Мурад за 2016 година.rnrn
rnrn3. Еве една од креациите од пролетната колекција на брендот „Армани“ за 2016 година.rnrn
rnrn4. Преубавата Кендал Џенер во текот на Париската модна недела во октомври носеше една од креациите со пастелно розови тонови.rnrn
rnrn5. Колекцијата на модната куќа „Делпозо“ за пролет/лето 2016 година ни ја донесе оваа нежна тоалета со пастелно розови тонови украсена со пастелно сини детали.rnrn
rnrn6. Манекенката Суки Вотерхаус на вечерата на брендот „Бурбери“ носеше креација од пастелни тонови која додатно ја истакна нејзината женственост.rnrn
-

Изберете идеална боја на кармин според бојата на вашата коса
Карминот e можеби наједноставната и најевтината шминка која ќе ве направи поатрактивни и која ќе ги освежи вашето лице и изглед. За момент можете да се трансформирате во убавица без многу труд и потрошено време. Доколку брзате за на состанок или доцните за на работа и немате време да се нашминкате, доволно е да ставите само кармин и ќе изгледате занесно и одморено.rnrnСепак, секоја боја на кармин не ѝ прилега на секоја жена! А тоа сигурно сте го забележале и на ваша кожа. Начинот на кој ќе го одберете карминот според бојата на вашата коса во голема мера ќе одреди дали ќе изгледате складно или не.rnrn
rnrnДоколку сте платинеста русокоса најдобро е да изберете нежна и блага шминка во природни нијанси, а на усните да нанесете јак црвен кармин. Светлата коса и јакиот кармин се совршен контраст, а како русокоса ќе делувате неодоливо секси со боја која им дава исполнетост на вашите усни. Дури и карминот во портокалова боја се препорачува за девојките со светла боја на коса.rnrn
rnrnЗа девојките и жените кои имаат темно руса коса, совршен избор би бил карминот во розова боја. Јаката розова боја не е препорачлива за сите русокоси. Најдобро им стои на оние жени кои имаат природно руса нијанса на коса. Платинестите русокоси би требало да ја избегнуваат оваа нијанса.rnrn
rnrnАко имате светло кафеава коса на вашите усни може да ставите скоро сè. Од црвен и розов кармин, па сè до најнеобичните нијанси на сина, зелена, портокалова и боја на црвено вино. rnrn
rnrnДоколку имате темна боја на коса, избегнувајте ги посветлите нијанси. Најдобро е да користите мат кармини во крем нијанси, а за вечерни излегувања изберете кармин во боја на црвено вино. rnrn
rnrnЦрната боја на коса исто така поддржува потемна шминка и кармини во потемни нијанси. Светлиот кармин, како и сенките за очи, може да направат да изгледате нескладно и вашето лице да изгледа претерано светло и бледо во однос на бојата на вашата коса. На усните нанесете кармин во боја на црвено вино, виолетови или темно црвени нијанси.rnrn
rnrnЦрвената и огнената боја на коса се одлични за експериментирање и се препорачува да користите кармини во кафеава боја и боја на лешник. Избегнувајте ги црвените и розовите нијанси на кармин. Кармините во сите останати бои може без проблем да ги користите.rnrn