Овој проект е неверојатно смешен и инспиративен во исто време. Во 2003 година, кога Боб Кери и неговата сопруга се преселиле на Источниот Брег на САД, Кери го започнал својот проект „The Tutu Project“ со цел да ги помеша неговиот стар и нов начин на живот, со розова тантела.
Шест месеци откако се преселиле, неговата жена Линда открила дека има рак на дојка. Оттогаш, Линда се бори со болеста, а Боб ја пренасочил неговата фотографија кон собирање пари за медицински истражувања кои би помогнале во борбата против болеста. Нивната цел е да соберат 75.000 долари од продажбата на неговите фотографии и од книгата „Балерина“, која ќе биде објавена следната есен.
Неговите фотографии ги предизвикуваат гледачите да се кикотат, со оглед на фактот дека возрасен маж не носи ништо на себе, освен розово балетско фустанче во апсурдни ситуации, како на пример танцувајќи во снегот, лежејќи на сред Тајмс Сквер или скокајќи на зелена ливада.
Со неговиот проект, тој истовремено нѐ потсетува на моќта и влијанието на деструктивната болест од која може да заболи буквално секоја жена во светот. Кој би помислил дека фотографии со маж во розе тантела, може да предизвика таков емоционален ролеркостер?!
Некои велат дека хуморот е најдобриот лек за сѐ, а овој проект е доказ дека Боб и Линда, буквално се водат според ова мото. Артистот вака ја објаснува нивната состојба со жена му:rnrn
„Колку и да звучи чудно, ракот на Линда нѐ научи дека животот е убав, а справувањето со него може да биде тешко и понекогаш, најдобрата работа која можеме да ја направиме, т.е. единствената работа која можеме да ја направиме, е да се соочиме со наредниот ден, смеејќи се и споделувајќи ја насмевката со другите“.
rn











rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


Историчарите откриле публикација од една продавница која датира од 1918 година и го докажува тоа. Во неа е наведено дека „розовата боја како поодлучна и помоќна е посоодветна за момчињата, додека сината боја е поделикатна и понежна, па со самото тоа повеќе одговара за девојчињата“. Се смета дека промената во оваа поделба на бои спрема полот се случила во 40-тите години на минатиот век, кога трговците увиделе промена во она што родителите го преферираат, па ја прогласиле морнарско сината за машка боја. Потоа жените ширум светот, борејќи се за своите права, одбирале розови и црвени нијанси за своите ќерки.rnrnНаучниците велат дека децата не препознаваат разлика помеѓу половите, сè до седмата година од животот, па се верува дека тие веќе механички одбираат сини односно розови нијанси, соодветно на она што за нив одбирале родителите уште од раѓањето.rnrn
Необичната боја на водата се должи на цијанобактеријата „Dunaliella salina“, која вирее во средини со висока соленост. Таа ја апсорбира сончевата светлина, по што ги продуцира розовите нијанси. За време на сувата сезона бојата е поизразена.
Езерото е распространето на површина од 3 квадратни километри, а неговата максимална длабочина изнесува 3 метри. Количеството на сол во Ретба е 40%, со што тоа е достоен ривал на мртвото море. Во еден литар вода има 380 грама сол.
Локалните жители профитираат токму од солта во Ретба. Нејзиното ископување се врши главно со дрвено кану, се оди до подлабоките делови на езерото и таму со голи раце таа се вади од дното, се собира и се носи на брегот за да се исуши.
Во овој процес учествуваат сите, како мажите, така и жените и децата. Тие работат по 6-7 часа на ден, а за да ја заштитат кожата од енормните количества сол, се мачкаат со масло од шеа (Shea Butter). Тоа делува смирувачки и го штити ткивото од оштетувања.







Освен по својата специфична боја, езерото е препознатливо и по познатото рели Дакар, кое во последните години е преселено во Јужна Америка.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn

rn
rn
rn
rn
rnrn