КАФЕ ПАУЗА

Tag: романтична комедија

  • Нова романтична комедија со прекрасната Џенифер Лопез и уште една латино ѕвезда!

    Нова романтична комедија со прекрасната Џенифер Лопез и уште една латино ѕвезда!

    Филмските улоги во романтични комедии дефинитивно ја одведоа Џенифер Лопез во редовите на најпрепознатливите актерки. Оваа година таа ќе се обиде повторно да ги украде срцата на публиката со уште еден филм.rnrn„Marry Me“, во која глуми со уште латино ѕвезда – Малума и со актерот Овен Вилсон, е приказна која следи позната пејачка (Џенифер) која требаше да се омажи за подеднакво славен музичар (Mалума) пред многу фанови, но неколку моменти пред да го каже нејзиниот завет дознава дека тој бил неверен и таа решава да се омажи за друг. Односно, таа решава да се мажи за странец (Овен) кој во публиката држи знак на кој пишува „Омажи се за мене“.rnrnТрејлерот за филмот сè уште не е објавен, но кратко видео кое ги прикажува главните sвезди и неколку сцени од филмот е објавено на официјалниот профил на филмот на Инстаграм, а можете да го проверите подолу.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Marry Me (@marrymemovie)

    rnrn

    rnrnrnМожеби ќе сакате да ги погледнете и овие 5 филмови за љубовните врски и за сексуалноста од кои ќе научите многу работи.

  • „Virgin River“: Серија што ќе ја обожаваат љубителите на романтичните комедии

    „Virgin River“: Серија што ќе ја обожаваат љубителите на романтичните комедии

    Иако се појави на екраните пред една година, оваа романтична комедија стана популарнa во последните неколку месеци.rnrn„Virgin River“: Серија што ќе ја обожаваат љубителите на романтичните комедииrnrnСтанува збор за драматична романтична серија базирана на роман од авторот Робин Кар. Приказната е многу класична, малку предвидлива, но со доза шарм и целата приказна се врти околу Мелинда Монро која се пријавила за работа како медицински техничар во малото гратче Вирџин во Калифорнија, планирајќи да сврти нова страница во својот живот и да ги остави болните спомени зад себе. Но, како што обично се случува, од проблемот не може да се избега толку брзо. Приказната се врти околу Мелинда и Џак Шеридан кој е сопственик на бар во овој мал град.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=7tAQ4CPNvY4&feature=emb_titlernrnПрочитајте ги и овие 6 причини зошто новата ТВ серија „Lupin“ треба веднаш да ја изгледате.

  • Нови романтични комедии кои ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта

    Нови романтични комедии кои ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта

    Класиците како „Убава жена“ (Pretty Woman) и „Дневникот на Бриџит Џоунс“ (Bridget Jones’s Diary) се незаменливи, но убаво е им дадеме шанса и на новите романтични комедии кои пристигнаа во киносалите годинава.rnrnНови романтични комедии кои ќе ве натераат повторно да верувате во љубовтаrnrnОд новата верзија на „Аладин“ (Alladin), до филмската адаптација на бестселерот „И сонцето е ѕвезда“ (The Sun Is Also a Star), 2019-та година ни носи одлични филмски доживувања од овој жанр, совршени за топлите летни денови.rn

    1. „Берлин, те сакам“ (Berlin, I Love You)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=xcafHBvjfEArnrnОва е најновото продолжение на филмската сага „Градови на љубовта“. По Париз, Њујорк и Рио, време е да ги погледнеме десетте љубовни приказни сместени во главниот град на Германија, Берлин.rn

    2. „После сѐ“ (After)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=BNLta4nDM10rnrnМладата Теса е посветена студентка, грижлива ќерка и верна девојка на своето момче од средношколските денови. Нејзините амбиции ја носат на студии на факултетот кој отсекогаш сакала да го посетува. Но, кога ќе го запознае мистериозниот Хардин Скот, нејзиниот среден живот почнува да се распаѓа како кула од карти.rn

    3. „Освој ме ако можеш“ (Long Shot)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=S5jiaHvx-kYrnrnФред Фларкси е талентиран новинар кој често запаѓа во неволји. Шарлот Филд е една од највлијателните жени во светот – паметна, софистицирана и успешна во сѐ што прави. Меѓу овие двајца луѓе нема ништо, освен тоа што Шарлот му е симпатија на Фред од детството. И сега, кога нивните патишта повторно се вкрстуваат, Шарлот неочекувано паѓа на шармот на Фред.rn

    4. „Аладин“ (Aladdin)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=foyufD52aogrnrnПриказната за шармантното момче Аладин ни е многу добро позната на сите. Годинава имаме шанса да изгледаме една нова, филмувана верзија на една од нашите омилени сказни од детството. Секако, Вил Смит во улогата на Џинот е повеќе од доволна причина да го гледате овој филм.rn

    5. „И сонцето е ѕвезда“ (The Sun Is Also a Star)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=3On0BXzGnuIrnrnНаташа е девојка која не верува во судбина и во остварување на соништата. Таа не е девојка која би се заљубила во некое слатко момче кое ќе го запознае низ улиците на Њујорк, особено не во момент кога нејзиното семејство треба да биде депортирано. Даниел е добар син и студент, кој го живее животот според очекувањата на неговите родители. Тој не е сонувач, но кога ќе ја сретне неа, тој почнува да верува дека судбината скроила некој голем план за нив двајца.rnrnДоколку ви требаат уште предлози, погледнете кои се филмовите кои треба да ги изгледа секоја жена.

  • 13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    13 моменти од романтичните комедии што нам никогаш нема да ни се случат

    Ах, романтични комедии, совршен приказ на вистинскиот живот и вистинската љубов. Не. Вистината е дека филмовите ни ги „испраа“ главите и ни наметнаа големи очекувања од љубовта кои, за жал, никогаш нема да се исполнат. Со полно право можеме да го мразиме Холивуд и да фрламе со бонбоните по телевизорот (ако некој е доволно луд или тажен за да го прави тоа) поради овие 13 ситуации.rn

    1. Кога се појавува во последен миг за да ви каже дека ве сака…

    rn1-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnВо вистинскиот живот, останувате сами, плачејќи во тоалетот додека сите други се бакнуваат.rn

    2. Кога најдобриот пријател на вашиот сопруг се појавува и ви признава дека е заљубен во вас…

    rn2-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш немаше да истрчате и да го бакнете. Не, нема шанси! Ќе му кажевте дека сте поласкани, но дека тоа е несоодветно однесување и ќе му ја затворевте вратата (или барем така би го навеле вашиот сопруг да мисли).rn

    3. Изгледате секси додека се бакнувате на дождот…

    rn3-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекако дека луѓето и во вистинскиот живот се бакнуваат на дожд, но маскарата си тече, косата изгледа ужасно, а и тој не е нешто подобар.rn

    4. Кога ги тргате очилата и наеднаш сите се вртат по вас…

    rn4-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnОдлична порака Холивуд! Немаме друг коментар на ова.rn

    5. Кога се заљубувате во личноста што ја мразите…

    rn5-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСте имале причина зошто ја мразите оваа личност и сега наеднаш не ја мразите? Постои причина зошто не сте се сложувале и зошто сте се мразеле. Двајца луѓе кои се згодни можат да се мразат и да не се заљубат. Во ред е.rn

    6. Комуницирате со маж од друго време преку поштенско сандаче преку кое си праќате писма…

    rn6-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНема што да се објаснува овде.rn

    7. Да се преправате дека сте друга личност и кога луѓето околу вас ќе дознаат, тие не се воопшто лути…

    rn7-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЗнаете како кога нешто ќе згрешите луѓето околу вас стануваат лути? Е па ова е многу, многу полошо.rn

    8. Кога сте проститутка, се заљубувате во клиент и живеете среќно до крајот на животот…

    rn8-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnКолкави се шансите ова да се случи? Никакви. Ама баш никакви.rn

    9. Кога ја наоѓате вашата сродна душа додека купувате ракавици…

    rn9-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnСекому му се потребни ракавици во зима, а богами и сродна душа…rn

    10. Кога ја изразувате љубовта во јавност на најчудниот начин кој постои…

    rn10-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnЈавното искажување љубов е нешто што предизвикува непријатност кај сите.rn

    11. Никој не ви замерува што сте лажеле дека сте во врска со член на фамилијата кој е во кома и не може дека е поинаку

    rn11-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНи малку не е шармантно, нити вистинито.rn

    12. Кога поставувате рок и личноста се појавува точно навреме…

    rn12-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnДраги дами и господа, ова го има само во Холивуд!rn

    13. Кога останувате бремени и се заљубувате во момчето со кое сте имале „секс за една вечер“…

    rn13-13-momenti-od-romantichnite-komedii-shto-nam-nikogash-nema-da-ni-se-sluchat-kafepauza.mkrnrnНикогаш нема да можете да го пронајдете откако ќе заврши таа магична ноќ, особено не за да му кажете дека сте бремени.

  • 5-те најдобри европски филмови во кои сигурно максимално ќе уживате

    5-те најдобри европски филмови во кои сигурно максимално ќе уживате

    Дали има нешто подобро од гледање добар филм со партнерот згреани под ќебенце? Бидејќи есента полека доаѓа, а со неа и ладното време и врнежливите денови и ноќи, подготвивме листа од 5 прекрасни филмови од европска продукција.rnrn0-5-te-najdobri-evropski-filmovi-vo-koi-sigurno-maksimalno-kje-uzhivate-kafepauza.mkrn

    1. Животот е убав (La vita e bella)

    rnОвој италијански филм иако започнува како комедија, подоцна се развива и се расплетува во вистинска драма. Гвидо и неговата фамилија се пратени во нацистички концентрационен логор, каде тој смислува сложена лага за да го заштити својот син од ужасниот логорски живот кој ги снашол. „Животот е убав“ е филм кој ќе ве допре и кој длабоко ја истакнува родителската љубов – на што е сѐ е подготвен еден татко за да го заштити својот син.rnrnrn

    2. Лов (Jagten)

    rnПсихолошка драма за која вреди да одвоите време. „Лов“ го следи животот на еден учител (Медс Микелсон) обвинет за злосторство што може да сосема да го уништи. Иако во еден момент животот му тргнува во добра насока, една мала „бела“ лага ќе успее да ја скрши неговата среќа. Овој филм е по малку тежок, но тој дава брутално искрени одговори на важните животни прашања.rnrnrn

    3. Амелиja (Amelie)

    rnБезгрижна романса која добро ќе ве освежи после „Лов“. Овој филм повеќе изобилува со духовити сцени, отколку со длабоки моменти. Филмот „Амелија“ е љубовна приказна која се одвива во срцето на Париз. Искреност, необичност и непосредност – особено во изразувањето на најдлабоките чувства е токму она што го издвојува од останатите.rnrnrn

    4. Недофатливите (The Intouchables)

    rnОвој филм ги следи животите на двајца мажи од целосно различни социјални средини. Едниот, богат аристократ кој по несреќа со параглајдерство останува парализиран, а другиот сиромашно момче кое се бори со предизвиците на младоста. „Недофатливите“ е топла драма за случајните пријателства и социјалните врски.rnrnrn

    5. Кафе во Берлин (A coffee in Berlin)

    rnОва филмско остварување е симпатичен филм кој ја освежува германската кинематографија. Филмот го прати животот на бивш студент по право (Том Шилинг) кој не може да најде кафе на ниедно место во цел Берлин. Со голема доза сув хумор и своевиден коментар за општеството, „Кафе во Берлин“ е брутално хуман и искрен филм кој ќе го зароби вашето внимание.rnrnrn

    Бонус филм: Градот на Господ (Cidade de Deus)

    rnОвој филм не е од европска продукција, но вреди да ја дополни листата на добри неамерикански филмови. „Градот на Господ“ не е за „слабокрвните“. Тој нуди длабоко, болно, но навистина важно нурнување во животот, во еден свет кој е многу поинаков од оној што ние го знаеме. Срцепарателна приказна за животот во бразилските гета каде безбројните убиства и бруталноста влијаат врз животите на малите деца кои растат во светот на криминалот и насилството.rnrn

  • Викенд книга: „Сонувај малку“ – Сузан Елизабет Филипс

    Викенд книга: „Сонувај малку“ – Сузан Елизабет Филипс

    Очајна млада мајка и човек со скршено срце. Топла и романтична приказна која ќе ве насмее и расположи.

    rnВикенд книга: „Сонувај малку“- Сузан Елизабет Филипсrnrn„Подарок за роденден“ од истата авторка е доста популарна, дури и во една прилика ја подарив за роденден (гестот ми се чинеше добар со оглед на насловот), но ја немам прочитано. Откако ја завршив „Сонувај малку“ добив информации дека всушност е еден вид продолжение на „Подарок за роденден“. Сепак, книгите не се строго поврзани, па може слободно да го прочитате нашиот викенд предлог без претходно да сте ја прочитале првата книга.rnrnФилипс пишува топло и романтично, на моменти тажна, па смешна, позитивна, неизвесна, но во секој случај добра приказна. Дури и кога сè во животот ќе тргне по ѓаволите, не заборавајте дека имате можност да сонувате малку, па, dream a little dream (оригиналниот наслов).rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnРејчел Стоун е очајна самохрана млада мајка на која среќата никако да ѝ се насмевне. Без пари, во стара облека, со гладно дете, таа се враќа во родниот град каде ни од далеку не е добредојдена. Луѓето во Салвејшн ја мразат Рејчел, озогласената вдовица на лажливиот и корумпиран свештеник Двејн Сноупс. Но, таа мора да се врати по нешто што ѝ припаѓа неа, нешто што ќе го нахрани нејзиното 5-годишно момче и ќе му обезбеди стабилна иднина. Никој не го сака нејзиното враќање, дури постојат и такви кои ќе сторат сè што е потребно за да ѝ дадат до знаење дека тука не е добредојдена. Но, ликот на Рејчел ќе ве инспирира и понесе. Таа е млада и борбена, решителна жена која е подготвена да се избори со сè и сешто и ни на крај памет не ѝ е да си замине без борба.rnrnОд другата страна е Гејб Бонер кој навидум е човек без срце. Ретко се смее и се чини дека ја изгубил способноста да биде среќен, задоволен и да покаже љубов и сожалување. Но, тој се крши и се предава пред слабото тело на Рејчел. Оваа исклучителна жена со стар син фустан и машки чевли ќе му го преврти светот наопаку, онака како што никогаш не би ни замислил дека може да му се случи.rnrnВо еден ден, еден расипан автомобил пред неговото авто-кино, вознемирено дете кое му навраќа болни спомени и жена која е толку смела што нема влакна на јазикот, ќе му го променат животот на Гејб Бонер засекогаш.rnrnИ Гејб и Рејчел скоро се вратиле во родниот крај за повторно да се соочат со духовите од минатото. Синот на Рејчел не му ја олеснува болката на Гејб бидејќи во неговите очи го гледа својот изгубен син. Рејчел се плаши дека ако дозволи да му се предаде на овој човек без срце, никогаш нема за возврат да ја добие љубовта што ја заслужува бидејќи тој еднаш ја дарувал својата љубов и ја изгубил.rnrnМи се допадна психолошката анализа на ликовите. Протагонистите се доста добро изградени. Паралелно со приказната за Рејчел и Гејб се протега и интригантната и хумористична љубовна сторија на неговиот брат, свештеникот Итан и Кристи. Иако Рејчел и Гејб го имаат главното светло, другите ликови доста добро ја зачинуваат приказната и поттикнуваат прашања од морална и религиозна природа. Исто, хуморот е навистина добар. Книгава ќе ве насмее на еден необичен и топол начин и ќе ве освои од првите страници. Сепак, на моменти почувствував дека е по малку филмски и нереално, но не го пропуштив она главното – книгава нè тера да веруваме во чуда и во своите соништа. Иако навидум чик-лит, не е баш типична лигава љубовна приказна па верувам дека би им се допаднала и на мажите.rnrnВреди да се прочита. Дозволете си вашиот живот да биде побогат за уште една топла и загадочна приказна, бидејќи знаете како велат, оној кој не чита го живее само сопствениот живот, но оној кој чита, живее илјадници животи.rn
    rn

    „Не постоеше ништо друго, освен оваа возбудена жена и месечевата светлина и миризливиот летен воздух кој ги допираше нивните тела низ отворениот прозорец. Тој го најде заборавот кој му беше потребен…“

    rn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 27 септември 2014.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • 10 големи невистини кои произлегуваат од романтичните комедии

    10 големи невистини кои произлегуваат од романтичните комедии

    Во модерниот свет секојдневно сме изложени на многу романтични комедии кои наголемо ни ги полнат главите со многу невистини за љубовта и пријателството. Ова се десетте најголеми лаги на кои нè учат романтичните комедии.rnrn10 големи невистини од романтичните комедииrn

    Слободно може да си разговараш со пријателката за време на час по јога

    rnНе, не можете да разговарате со пријателката за време на јога вежби, ниту пак додека сте во теретана. Поради две прости причини: ќе бидете преморени за да трошите енергија на разговор, а и на вашиот тренер не му е по мерак да ве слуша како разговарате за вашиот љубовен живот.rn

    Со партнерот секогаш ќе доживувате оргазам истовремено

    rnДа, секако.rn

    Ќе живеете во огромен, луксузен стан до вашата 25-та година од животот

    rnНаидуваме на премногу такви примери. За жал, само во филмовите на младите момци и девојки парите им паѓаат од небо. Ние, обичните смртници ќе треба повеќе да се потрудиме. И тоа е сосема во ред.rn

    Девојките секогаш имаат гламурозни работни места во модниот свет

    rnНајчесто работат во познат магазин, модна куќа или пак се колумнисти. Нивните работни места се просто прекрасни, работата најчесто им се состои од одење во шопинг и следење на најновите модни трендови и секако, заработуваат доволно за да си пружат секакви луксузи.rn

    Ергените се момци со полни џебови

    rnОној кои ѝ се додворува на девојката во главната улога е или архитект, или адвокат или доктор. Со други зборови, човекот не знае што да им прави на парите.rn

    Вашата најдобра другарка постои само за да ги слуша вашите љубовни маки

    rnНајголемите клишеа во романтичните комедии се разговорите меѓу „најдобрите“ пријателки. Девојката која ја има главната улога е центар на универзумот, додека пак нејзината пријателка постои за да ги слуша нејзините жалби, поплаки и љубовни искуства. И секако, за да ѝ донесе кутија со колачи или шише вино кога е тажна.rnrn(1) 10-golemi-nevistini-od-romantichnite-komedii-www.kafepauza.mkrn

    Во ред е да се изневерува

    rnНе, не е во ред и е страшна работа, и секој излегува повреден од таква ситуација. Само што романтичните филмови така ги накитуваат таквите ситуации што изгледаат просто безболни.rn

    Најдобрата другарка ќе ти прости за твојата афера со нејзиниот свршеник или дечко

    rnНе, нема. Најверојатно ќе проба да те уништи.rn

    Да се поминат границите со твојот најдобар другар од спротивниот пол е одлична идеја

    rnНајчесто по многу пијана вечер, на филмовите гледаме како се уриваат границите на машко-женското пријателство. Само што во реалниот живот, тоа не секогаш е така добра идеја.rn

    Сосема е во ред да имаш секс за една ноќ

    rnГледаме сцени во дискотека – неколку мартини и завршува во стан на човек кој прв пат го гледа. Во вистинскиот живот и не е така забавно бидејќи голема е веројатноста од таквата ноќ да се снесат страшни последици.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ода за Господин Совршен и неговата црна мечка

    Ода за Господин Совршен и неговата црна мечка

    Одлучно кликам „Close“ и ми се чини дека ако изгледам уште една романтична комедија каде просто сè е толку совршено има да врескам. Не за нешто друго туку јас си го сакам животот со сите убавини, но и несовршености. А како капак на сè не се само филмовите туку и книгите. Ми се чини како најдобрите пријатели полека да почнуваат да ме разочаруваат. Зборувам дури и за книги чии автори некогаш ме воодушевувале.rnrnОда за Господин Совршен и неговата црна мечкаrnrnБајроновиот херој просто го има речиси во секое парче од модерната литература а да не зборувам за филмовите. Тој е висок, згоден, неопходен, така совршен и прекрасен, и секако, со полни џебови. Толку сексапилен што на жените им се тресат колената пред него, а по можност крие по некоја мрачна тајна за да биде поинтересен, и е вистински „бед бој“. Ја здогледува неа и се вљубува, и само неа ја сака. Таа може да го врти околу малото прсте, сè прави за неа, таа го сменува и веќе не е женкар. Нема очи за другите жени.rnrnОф.rnrnДосега барем девојката беше не-толку-совршена. Знаете, трапава, изгубена, „филмски несовршена“. Сега и нејзиниот карактер го градат како да е цвеќе за мирисање. И тоа ме нервира. Ајде јас можам да разберам дека тоа е така само во романите. Мајка ми отсекогаш ми велела, не плаши се од страшните филмови, тие се само куп измислици за некој да си го наполни џебот. Јас велам, не верувајте во романтичните комедии, тие се само куп измислици за некој да си го наполни џебот. Што се случи со книгите и филмовите каде дечкото ја воодушевуваше девојката на точак со ружа скината од двор, ја носеше на сладолед па играа и танцуваа до зори?rnrnСега почнувам добро да се преиспитувам пред да одберам која книга ќе ѝ ја предложам на мојата помала сестра или братучетка. Нејќам да се стремат кон „ловење“ на лошо момче кое ќе биде „добар само спрема нив“, кој ќе им свирнува од својата црна „мечка“, ќе ги чека со букет цвеќе секоја вечер, и ќе ги изнесува во луксузен ресторан. Во реалноста, таквите се обично ловци на спонзоруши, а феноменот „лошо момче“ е чиста измислица. Всушност вистинскиот назив е „невоспитано магаре“.rnrnКога ќе излезам на кафе и ги гледам средношколците кои палат цигара по цигара мислејќи дека така се поголеми фаци (притоа несвесни дека им мафта стентот за срце негде од далеку и им вели ‘се гледаме за дваесетина години’), сфаќам колку погрешна претстава имаат девојките за „господин господин совршен“ кој треба да наликува на лош дечко. Додека „материјалот“ за сериозна врска и брак, мирно чека да дојде неговото време.rnrnДечкото треба да ве сака, цени, вреднува, почитува. Да ве забавува, засмејува, да биде искрен со вас. Па дури и тоа да биде во обична кола, точак, со една ружа и во сендвичара. Оти ако на 20 години тој вози некое џипиште (без разлика колку пари имаат неговите), тоа не е негово, и тој никогаш нема да знае вистински да ги вреднува работите.rnrnИзвинете ако не се согласуваме, ама многу порадо би живеела во реалноста и би уживала со некој несовршен исто како мене.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 препораки за филмски викенд со романтични комедии

    5 препораки за филмски викенд со романтични комедии

    Ако сакате да поминете мирен викенд со лесен филм исполнет со романтика и малку хумор, ние ви ги препорачуваме овие пет романтични комедии.rnrn5 препораки за филмски викенд со романтични комедииrn

    1. Големата свадба (The Big Wedding)

    rn5 препораки за филмски викенд со романтични комедииrnrnГлавни улоги: Роберт де Ниро, Дајан Китон, Кетрин ХејглrnrnПремиера: 26 април 2013rnrnВреметраење: 89 минутиrnrnКратка содржина: Дон и Ели биле во брак 20 години пред да се разведат. Имаат три деца, од кои едното, Алехандро, е посвоено. Токму тој треба да се жени, а на свадбата доаѓа и неговата биолошка мајка, предан католик кој не верува во развод. Поради тоа Алехандро ги замолува Дон и Ели да глумат дека сè уште се заедно додека трае свадбата.rn

    rn

  • Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)

    Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)

    Внимавајте на знаците кои ви ги дава животот…rnrnФилм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Режија: Дејвид О. РаселrnrnУлоги: Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт Де НироrnrnВреметраење: 122 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2012rnrnЖанр: романтична комедија, драмаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) е брилијантна романтична комедија. Колку и да изгледаат чудно овие зборови во една иста реченица, тие најсоодветно го опишуваат овој филм. Не е многу различен од останатите во поглед на контурите на приказната – и овде се работи за маж и жена меѓу кои уште од почетокот се чувствува хемија и го чекате моментот кога можеби ќе завршат заедно, но оваа приказна е обвиткана со многу други елементи кои филмот жанровски го доближуваат до драма. Емоционалните проблеми, менталните нарушувања, односите во семејството, важноста на шансите кои постојат само во сегашноста толку убаво се прелеваат едни во други, создавајќи позитивен амбиент што овој шармантен филм го прави вистински прирачник за оптимисти.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Тоа што најпрво паѓа во очи е фактот што и двата главни лика имаат проблеми со психичкото здравје. Пет (Бредли Купер), кој има биполарно нарушување, речиси до смрт го претепал љубовникот на сопругата и затоа поминал 8 месеци во болница за ментални болести. Излегува оттаму само благодарение на снаодливоста на својата мајка, по што се враќа да живее кај родителите. Набргу ќе оди на вечера кај пријатели каде што ќе ја сретне Тифани (Џенифер Лоренс), млада вдовица која се обвинува себеси за смртта на својот сопруг. Таа веднаш ќе пројави интерес за Пет, но тој не е заинтересиран да се гледа со неа.rn
    rn

    Пет: „Изгледаш убаво“.rnrnТифани: „Благодарам.“rnrnПет: „Не флертувам со тебе.“rnrnТифани: „О, не ни помислив дека флертуваш.“rnrnПет: „Гледам дека си се потрудила, а јас сакам да се подобрам поради мојата сопруга. Работам на тоа. Сакам да ѝ дадам до знаење дека е убава. Никогаш не го правев тоа. Сега само вежбам. Како почина Томи?“

    rnФилм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Пет е полн со некаков ирационален оптимизам за животот, сметајќи дека сопствената волја му е доволна за да си ги врати назад сопругата, работата и целиот претходен живот. Не може веднаш да го постигне тоа затоа што судот му наредил да не ѝ се доближува на неговата сопруга, и тоа на нејзино барање. И покрај тоа, тој упорно се спрема за големиот момент кога сè ќе се врати на свое место. Секој ден тренира за да ја импресионира сопругата, чита многу книги и оди на психијатар каде што учи да ги контролира емоциите. Обидите некако да дојде во контакт со сопругата нема да престанат, а надежта дополнително ќе му ја подгрее Тифани. Таа ќе му ја вети својата помош, но зад тоа се кријат мотиви кои само таа ги знае.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Покрај двајцата главни протагонисти, филмот изобилува и со многу други ликови. Сите тие се преправаат дека живеат совршен живот, а всушност се дават во емоционални проблеми. Неверојатно суеверниот татко на Пет (Роберт Де Ниро) или пријателите кои не уживаат во бракот изгледаат како да се уфрлени во приказната за да се направи паралела со Пет и Тифани и да ја доловат хипокризијата со која околината им приоѓа на нивните проблеми.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) Во тоа придонесува и брилијантното сценарио. Моќните дијалози ќе почнат да го освојуваат вашето внимание уште од првата сцена. Одлично се пренесени преку извонредната глума за која Бредли Купер, Роберт Де Ниро и Џенифер Лоренс добија номинации за Оскар за нивните улоги, а последната успеа и да го добие покрај останатиот куп награди.rn
    rn

    Пет Сениор: „Да ти кажам нешто. Мора да обрнеш внимание на знаците. Кога животот ќе ти подаде рака во еден ваков момент, грев е да не му возвратиш… ти велам.“

    rnФилм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook) „Прирачник за оптимисти“ (Silver Linings Playbook) ја заслужува сета врева која се крева околу него. Ја прикажува љубовта како совршена состојба на која не ѝ се потребни совршени луѓе според општо прифатените стандарди за да биде таква и сигурно ќе ве остави со позитивно расположение откако ќе заврши. Кога само ваквите филмови би се нарекувале романтични комедии, овој жанр не би имал углед на некој кој цели на женската публика и служи за привремено лечење на нивните рани или за градење илузии. „Прирачник за оптимисти“ е филм кој одлично обработува секојдневни човечки теми и затоа вреди да се изгледа.Филм: Прирачник за оптимисти (Silver Linings Playbook)
    rnrnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn