КАФЕ ПАУЗА

Tag: романтична комедија

  • Зошто мажите треба да гледаат романтични комедии?

    Зошто мажите треба да гледаат романтични комедии?

    Разбираме дека сакате да се чувствувате како агентот 007 додека гледате како некој некому му крши врат, или како згради и автомобили одлетуваат во воздух. Всушност и ние девојките многупати сме расположени за акциони филмови. Работата е што многу повеќе би сакале да гледаме романтични комедии, но не и вие. Наместо да се случува постојана борба околу тешката одлука што да гледате заедно, еве неколку причини поради кои е добро одвреме-навреме да попуштате и едноставно да ја гушнете партнерката и да уживате во некоја романтична комедија.rnrnЗошто мажите треба да гледаат романтични комедии?rn

    Ќе научите многу работи

    rnСекако, вашите мајки супер ве воспитале, не велиме не, но некогаш ви треба поттик за да ја покажете вашата романтична страна. Реалниот живот не е како филмовите, но вашата девојка сака да се почувствува убаво по долгиот ден, па „украдете“ некоја финта од филмските срцекршачи. Не ни треба нам тоа секој ден, но добредојдено е да ни тропнете на врата држејќи цвеќе или кутија со бонбони, всушност и една карамела е доволна, битен е гестот.rn

    Бидејќи атмосферата е жешка

    rnДа бидеме искрени, романтичните комедии се плитки филмчиња за забава и речиси секогаш завршуваат среќно. Поради тоа, ние се разнежнуваме, го имаме она чувство на морници кои лазат по телото и огромна е веројатноста да се случи секс. А вие ќе бидете во таа просторија, колку прекрасно е тоа за вас?rn

    Покажувате дека сте џентлмени

    rnЏентлмени ве прават сите оние ситници, како отворање врата, давање предност, но и одлуката да се гледа некоја романтична комедија. Така ѝ давате до знаење дека се грижите за неа, и едноставно сакате да биде задоволна. Некои ќе тврдат дека тоа се гестовите кои ве прават „папучар“, други знаат дека кога сте џентлмен кон својата девојка, едноставно ви се исплаќа и вам.rn

    Можеби девојката сака да ви каже нешто

    rnОна што ние го правиме не е гледање фудбал со пивото во рака. Ние се преоптоваруваме со значењето на секакви работи, но и правиме работи кои во себе носат скриено значење. Само за пример, заедно сте со девојката неколку години, и ве повикува на филмски маратон, кој изгледа од прилика вака: The wedding planner, My best friend’s wedding, Five year engagement… Хммм, којзнае, можеби навистина индиректно сака нешто да ви каже! Едноставно замолчете, сконцентрирајте се на филмовите кои го одбрала, па потоа одлучете дали ќе бегате или не.rn

    Бидејќи вас ве привлекува

    rnВе потсетува колку вашата девојка е нежна и женствена, а тоа ве привлекува многу. Едноставно бидете нејзиниот маж кој ќе ја гушне кога ќе се појави тажна сцена, и дозволете таа да биде вашата жена на која ќе ѝ треба вашата заштита, барем во тој час и половина.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)

    Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)

    Бркотници со автомобили, малку романтика и многу забаваrnrnФилм: Нагази и бегај (Hit and Run)Режија: Дејвид Палмер, Декс ШепардrnrnУлоги: Декс Шепард, Кристен Бел, Бредли КуперrnrnВреметраење: 100 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 август 2012rnrnЖанр: акција, романтична комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnrnОва е еден од оние лесни и забавни филмови кои неосетно го привлекуваат вашето внимание додека ги гледате, ве орасположуваат, а потоа ве држат позитивни уште неколку часа. Нагази и бегај (Hit and Run) е многу едноставен филм чија цел е добро да ве забавува и целосно успева во тоа.rnrnФилм: Нагази и бегај (Hit and Run)rnrnПриказната се врти околу Чарли Бронсон (Декс Шепард), поранешен криминалец кој живее мирен и чесен живот како дел од програмата за заштитени сведоци во малото гратче Милтон. Кога неговата свршеница Ени (Кристен Бел) ќе добие работа од соништата во Лос Анџелес, тоа ќе значи дека или ќе мора да се раздели со неа или да отиде во градот каде што некој чека да го убие.rnrnТој не сака да ѝ пречи на Ени во остварувањето на својот сон и ќе ризикува со патување до Лос Анџелес. Тоа нема да изгледа многу страшно пред да тргнат, но кога поранешното момче на Ени, кој сè уште е опседнат со неа, ќе ги извести „старите пријатели“ на Чарли дека тој пристигнува во градот, работите ќе се заплеткаат.rnrnФилм: Нагази и бегај (Hit and Run)rnrnЗа време на сите сто минути екранот е окупиран со слики од убавата и сончева Калифорнија, воглавно згодни актерки и актери и убави автомобили. Филмот е комбинација од неколку работи. Исполнет е со многу бркотници со автомобили проследени со пукотници, но сето тоа е во служба на забавата која тој ја сервира. Во него има и голема доза хумор кој се базира главно на стереотипи кои се присутни во американското општество, така што може да биде малку неразбирлив за просечен македонски гледач. И секако, романсата меѓи Чарли и Ени.rnrnФилм: Нагази и бегај (Hit and Run)rnrnНагази и бегај (Hit and Run) е одличен, гледлив филм со кој нема да ви биде здодевно. Насловот не е многу познат заради слабиот маркетинг, но тој го заслужува вашето внимание. Направете пуканки, соберете друштво и уживајте во ова возбудливо филмско возење.rnrnФилм: Нагази и бегај (Hit and Run)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Лонг Бранч“ – одлична романтична комедија склопена во 12 минути

    „Лонг Бранч“ – одлична романтична комедија склопена во 12 минути

    Предоцна е за враќање назад…

    rnСодржина: „Long Branch“ е краток романтичен филм, во кој се работи за една девојка по име Лин, која едноставно сака да има секс за една вечер. Но, работите се усложнуваат кога дознава дека Греј, момчето коешто го „собира“ од улица за да имаат секс, ѝ вели дека живее во далечното соседство Лонг Бранч во Канада, кое е оддалечено минимум 2 часа возење со јавен превоз. Навидум приказната се состои во нивното долго патување, сѐ со цел да стигнат кај Греј дома и да имаат еден безначаен секс и никогаш повеќе да не се сретнат. Но, многу работи можат да се случат за 2 часа…rnrnrnrnКритика: наместо досадна, клише романтична приказна, режисерите и креатори на филмот Дејн Кларк и Линзи Стјуарт, нè воведуваат во една поинаква љубовна перспектива, која истовремено е свежа и уникатна. Актерите внесуваат реалистичност и човечност во нивните улоги, што на крајот од 12-те минути, чувствуваме како вистински да ги познаваме нивните карактери.rnrn„Лонг Бранч“ - одлична романтична комедија склопена во 12 минутиrnrnМожеби тоа е резултат и на автентичност која се крие зад приказната во филмот. Една вечер, на забава режисерите почнале да се бакнуваат и потоа Дејн ја повикал Лин, да дојде кај него дома. Но, откако дознала дека тој живее во Лонг Бранч, се откажала од идејата. Нивниот заеднички филм е всушност одговор на прашањето „Што ќе се случеше, доколку…“, односно претставува замисла за она што нивната вечер можела да биде, доколку таа кажела „да“. Одговорот на нивното прашање е забавно филмче, со одлични дијалози и фантастичен актерски перформанс.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)

    Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)

    Филм за смислата на животот, целите во животот, љубовта, славата…rnrnФилм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Режија: Вуди АленrnrnУлоги: Вуди Ален, Алек Болдвин, Пенелопе Круз, Џеси Ајзенберг, Елен Пејџ, Роберто Бенињи, Алисон ПилrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англиски, италијанскиrnrnПремиера: 6 јули 2012rnrnЖанр: романтична комедијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnДоколку ви се допаднале „Вики, Кристина, Барселона“ (Vicky, Christina, Barcelona) и „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris), сигурно со нетрпение сте го очекувале и овој филм. Најновиот филм кој Вуди Ален го снима во европска метропола е инспириран од Декамерон на Џовани Бокачо, едно од најсјајните дела на ренесансата. Во него презентира четири приказни кои меѓу себе не се поврзани на друг начин освен со тоа што сите се случуваат во Рим.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Американката Хејли за време на летниот одмор во вечниот град го сретнува локалниот адвокат Микеланџело во кој се вљубува и планира свадба, а поради тоа во градот пристигнуваат нејзините родители. Штотуку венчаните Антонио и Мили пристигнуваат во Рим на меден месец, но тука ги чека првиот тест на нивниот брак. Римјанинот Леополдо живее сосема обичен живот со сопругата и двете деца пред ненадејно да се соочи со голема слава. Џек и Сали се студенти во Рим на кои на гости им доаѓа пријателката Моника, неуспешна актерка која многу го привлекува Џек. Со нив ќе се дружи и славниот архитект Џон, кој инаку е идол на Џек.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Фокусот на филмот цело време се префрла од една приказна на друга. Секоја од нив е интересна на свој мистериозен начин и ќе успее да ве задржи љубопитни до самиот крај. Темите кои провејуваат низ римските приказни се смислата на животот, целите во животот, љубовта, славата, итн., а се прикажани на начин карактеристичен за филмовите на Вуди Ален.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Во сите сцени се чувствува духот на Рим. Филмот, всушност, е една прекрасна разгледница од овој град. Ален секако не смеел да ги изостави кадрите додека ликовите се воодушевуваат на шармот на преубавиот град додека сонцето бавно се спушта зад хоризонтот.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)„За Рим со љубов“ е ставен во жанрот романтична комедија, иако според својата необичност битно се разликува од останатите вака класифицирани филмови. Ако сте уживале во гледањето на „Полноќ во Париз“, ќе ви се допадне и овој филм, иако тешко е да се очекува дека ќе ве импресионира исто колку него.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn

  • Работи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот живот

    Работи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот живот

    Филмовите се виновни за многу несреќни љубовни врски. А и како не би биле, кога во речиси секоја романтична комедија, главната актерка покрај себе го има најхрабриот херој, кој ги прави некои од следниве работи:rnrnРаботи кои мажите ги прават во филмовите, но ретко и во реалниот животrn

    1. Ѝ доаѓа на девојката под прозор и ѝ пее

    rnПовеќето од девојките кога ќе се скараат со момчето, седат на својот кревет, плачат и се обидуваат да го добијат на телефон. Филмскиот јунак ќе сфати дека тоа што го направил е погрешно, па ќе трча да го поправи проблемот со букет црвени ружи пред вратата на девојката на која ѝ ги повредил чувствата. Ако треба ќе седи надвор и на дожд ќе ѝ пее серенади, понижувајќи се пред комшиите и ќе нѐ натера нас девојките, кои плачеме пред телевизорот, уште повеќе да ги мразиме своите момчиња.rn

    2. Се заљубува во девојката од соседството иако е опкружен со манекенки

    rnУспешниот бизнисмен кој е постојано опкружен со убави жени и може да ја има која и да ја посака, одеднаш одлучува дека љубовта на неговиот живот е комшиката која ја сретнува на пат до пекарницата? Филмовите нѐ научија дека на патот до контејнерите можеби ќе ја сретнеме љубовта на нашиот живот, што можеби и не е толку нереално, но мажот сигурно во тој „романтичен“ момент додека го фрламе ѓубрето, нема да застане пред нас за да ни го побара телефонскиот број, иако сме облечени во пижами.rn

    3. Се заљубува во девојката иако се договорени дека се заедно само за секс

    rnЕштон Кучер и Натали Портман, Џастин Тимберлејк и Мила Кунис имаат неколку заеднички работи: преубави се, се имаат договорено дека се заедно само за секс кој не вклучува никакви емоции и потполно се нереални. Паровите кои се само пријатели со бенефиции, ретко завршуваат како оние на телевизија, бидејќи дури и едната личност да се заљуби, другата не ги има истите чувства, па неминовно ќе дојде до раскинување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку романтични комедии што и мажите би ги гледале

    Неколку романтични комедии што и мажите би ги гледале

    Автор: Александар НиневскиrnrnМажите вообичаено не сакаат да гледаат романтични комедии или љубовни драми. Преферираат акциони филмови, научна фантастика, криминалистички трилери и слично. Сепак, веруваме дека лесно би можеле да ги убедите да гледаат еден од следниве филмови.Неколку романтични комедии што би ги гледале и машкиrn

    Заборавајќи ја Сара Маршал (Forgetting Sarah Marshall)

    rnОвој филм изобилува со комични актери меѓу кои и Џејсон Сигал (Маршал од „Како ја запознав мајка ви“), Пoл Руд, како и прекрасните Кристен Бел и Мила Кунис.rn

    rn

    Амели (Amélie)

    rnНема да згрешите со Амели. Филмот е смешен и интересен без да биде премногу „чикфлик“. Одри Тату одлично си ја завршува својата работа во филмот.rn

    rn

    Подобро не може да биде (As Good As It Gets)

    rnШтом станува збор за филм со Џек Николсон, знаете дека ќе уживате. Неговата трансформација од огорчен старец во нешто почовечно е одлична.rn

    rn

    Задржувајќи ја вербата (Keeping the Faith)

    rnОваа филмска приказна со Бен Стилер, Џена Елфман и Едвард Нортон е класичен љубовен триаголник, кој поради професиите на мажите (свештеник и рабин) станува уште поинтересен.rn

    rn

    Кога Хари ја запозна Сали (When Harry Met Sally)

    rnОва е еден од филмските класици со Мег Рајан и Били Кристал кој секој мора да го гледа.rn

    rn

    Хич (Hitch)

    rnФилмот е навистина премногу смешен, а како дополнителен бонус Вил Смит ќе ве научи како да танцувате.rn

    rn

    (500) денови со Самер ((500) Days Of Summer)

    rnМожеби филмов е по малку депресивен поради неговиот суров и директен пристап кон влегувањето во нова врска. Сепак, не е премногу нежен и ја истакнува динамиката на модерната врска, повеќе од типичната романтична комедија, без да го наруши хуморот.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.)

    Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love.)

    Филм за тоа колку љубовта може да биде слатка, но понекогаш и горчлива и за справувањето со длабоките емоции кои притоа го облеваат човечкото срцеrnrnЛуда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Режија: Глен Фикара и Џон РекваrnrnУлоги: Стив Карел, Рајан Гослинг, Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон, Џона БобоrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 јули 2011rnrnЖанр: романтична комедија, драмаrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnМожеби на прв поглед ќе помислите дека „Луда, глупава љубов“ е уште една романтична комедија, со неколку заплети и расплет со среќен крај. Но, овој филм не само што на неколку пати добро ќе ве изнасмее, тој и ќе ве натера да размислите и да ги „разбудите“ вашите најдлабоки љубовни емоции. Интересно е тоа што филмот е многу модерен и ги прикажува видовите на љубовно однесување на современите луѓе (стабилни врски, секс за една вечер, среќни бракови кои завршуваат со развод, афера со колега од работа, дете вљубено во постара девојка…)rnrnСекој од нас си мисли дека вистинската љубов треба да е едноставна, да не боли, туку само да лекува, но да бидеме искрени, тоа е сепак невозможна реалност, нели?! Овој филм ја прикажува токму таа комплексност на љубовните врски, справувањето со љубовните разочарувања, но и задржувањето на љубовните успеси. Овој филм е по малку машки, бидејќи повеќе ја прикажува емотивната состојба на мажите кога тие се чувствуваат немоќни да ја спасат нивната љубовна врска со саканата, што го прави уште поинтересен, бидејќи сме навикнати да гледаме романтични комедии претставени од поженска перспектива. rnrnНајдоброто од сè, е што филмот не е толку лесно предвидлив, па уживањето во „рипањето“ од еден на друг фокус и на крајот совршено склопената целина, е големо.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rn Кратка содржина: На четириесет и кусур години, правичниот Кал Вивер смета дека живее совршен живот. Има добра работа, убава куќа, одлични деца и е женет со неговата љубов од средно училиште. Но кога тој дознава од жена му дека таа го изневерила со заводливиот колега од работа и бара развод, неговиот „совршен“ живот станува пекол. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Плус, тој не бил сингл две декади и не знае ни како да се однесува со други жени. Поминувајќи ја секоја вечер во локалниот бар, осамен, очаен и намуртен, го запознава неодоливиот триесет и нешто годишен Џејкоб, секси маж, кој ќе го учи како да брка женски и да ја врати мажественоста во себе. Со цел да му помогне на Кал да ја преболи жена му, Џејкоб му ги отвора очите кон многу можности: како да заведува згодни девојки, да пие „машки“ алкохолни пијалаци и да оформи сопствен имиџ. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Кал и неговата жена Емили не се единствените кои ја бараат љубовта на погрешно место. Нивниот тринаесетгодишен син Роби е лудо заљубен во неговата седумнаесетгодишна бебиситерка Џесика, која пак е вљубена во татко му, Кал.Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Глума: На смееме да изоставиме да ја споменеме глумата на Рајан Гослинг, кој покажа дека умее совршено да се вклопи во улогата на ладнокрвен криминалец во „Drive“, да биде непоправлив романтичар во „The Notebook“ и да биде нескротлив и дрзок женкар во „Crazy, Stupid, Love,“ кој може да ја освои секоја девојка што ќе посака. Тој очигледно умее да ги одбере вистинските улоги за него. Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Веднаш зад него е Стив Карел кому одлично му прилега улогата на маж во години, кој е „изгубен во вселената“ откако жена му го остава за друг. Останатите актери во филмот, како Џулиен Мур, Ема Стоун, Анали Типтон и четиринаесетгодишниот Џона Бобо, одлично си ја донесуваат нивната улога, исто така.Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Луда, глупава, љубов (Crazy, Stupid, Love)Кога и како да го гледате: Може да се каже дека овој филм е наменет за секој тип луѓе, во кој било дел од денот и во какво било друштво. Бидејќи тој изобилува со една искреност, емоционална длабочина, ненаметлив хумор кој повеќекратно ќе ве изнасмее до солзи и ја анализира човековата љубовна состојба, прикажана преку различни карактери и во различни ситуации, нема причина зошто да не одвоите два часа и да се релаксирате гледајќи го.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.