КАФЕ ПАУЗА

Tag: ризик

  • Детален список со намирници кои можат да го намалат ризикот од рак!

    Детален список со намирници кои можат да го намалат ризикот од рак!

    Бројот на луѓе кои страдаат од рак се зголемува од година во година и не можеме да влијаеме на одредени фактори, како што е генетиката. Сепак, науката докажа дека правилната исхрана може да го намали ризикот од рак. Нутриционистот и специјалист за исхрана и рак, Никол Ендрус, сподели препораки и совети за изборот на храна за да се намали ризикот од рак.rnrnДетален список со намирници кои можат да го намалат ризикот од рак!rn

    Моќта на растителната храна

    rnКога станува збор за начин на живот кој го намалува ризикот од рак, Ендрус препорачува храната од растително потекло да биде главен дел од вашата исхрана.rn

    „Тоа значи дека вашето мени треба да биде богато со овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, јаткасти плодови и семки бидејќи сите овие намирници се богати со есенцијални витамини, минерали, влакна и антиоксиданси кои се поврзани со намален ризик од разни видови на рак“, објасни Никол.

    rnД-р Амбер Орман, онколог од Флорида, тврди дека повеќе од 40% од сите видови на рак може да се спречат со правилна исхрана во која доминираат растенијата, особено во комбинација со физичка активност, избегнување на цигари и алкохол и одржување на здрава телесна тежина.rn

    „Некои од најмоќните антиканцерогени намирници се темнозелениот лиснат зеленчук, печурките, мешунките вклучувајќи соја, бобинки, јаболка, ѓумбир, лук, куркума, мелен лен и зелен чај со лимон“, изјавува Орман.

    rn

    Вистински протеини

    rnЕндрус тврди дека помалку преработеното црвено месо и немасните извори на протеини, како што се пилешко, мисирка, риба, морски плодови и протеини од растително потекло, можат значително да придонесат во спречувањето на појавата на ракот, особено ракот на дебелото црево.rnrnСо овој избор на протеини, ќе го намалите ризикот од потенцијално канцерогени соединенија и ќе го подобрите вашето целокупно здравје. Затоа Ендрус ги предлага следниве протеини: посни парчиња говедско месо, јагнешко месо, свински бут, пилешко, лосос, туна, ракчиња, скуша, јастог, сом, јогурт, млеко, сирење, грав, грашок, леќа, соја.rn

    Доволно влакна

    rnКако дел од диетата за намалување на ризикот од рак, Ендрус препорачува дневен внес на влакна од 30 грама. Започнете го денот со овесна каша, белиот ориз и тестенините заменете ги со интегрални житарки, јадете повеќе грав и леќа, грашок, малини, јадете овошје, зеленчук и јаткасти плодови наместо преработени грицки.rn

    Здрава хидратација

    rnКонсумацијата на алкохол е тесно поврзана со зголемен ризик од разни видови на рак, вклучувајќи рак на устата, грлото, хранопроводникот, црниот дроб, дојката и дебелото црево, предупредува Ендрус. За да се намали овој ризик, Ендрус препорачува здрави пијалаци наместо алкохол, односно чај од камилица или нане, смуди од свежо овошје и зелен чај.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да го намалат ризикот од рак, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници го зголемуваат ризикот за појава на рак, а се дел од нашата секојдневна исхрана.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дали знаевте дека постои врска меѓу исхраната и ризикот од деменција?

    Дали знаевте дека постои врска меѓу исхраната и ризикот од деменција?

    Невозможно е да се негира врската помеѓу исхраната и ризикот од деменција. Десетици студии ја утврдиле поврзаноста, а здравствените експерти сега почнуваат да ја нарекуваат Алцхајмеровата болест како дијабетес „Тип 3“.rnrnДали знаевте дека постои врска меѓу исхраната и ризикот од деменција?rnrnЖивотниот стил, вклучувајќи ја исхраната, вежбањето, спиењето и стресот, во голема мера влијаат на ризикот од деменција. Намирниците како виршли, помфрит, чипс, газирани пијалаци, колачи и сладолед можат значително да придонесат до пад на когнитивните способности. Една нова студија, пак, ни посочува кои намирници го намалуваат ризикот од деменција.rnrnСтанува збор за студија во која учествувале над 8.000 постари мажи и жени. Во текот на истражувањето било откриено дека исхраната која опфаќа храна од растително потекло и многу мал процент на преработена храна, црвено месо и заситени масти, може значително да го намали ризикот од деменција. Научниците составиле и неделно мени кое изгледа вака:rn

      rn 011

    • Најмалку 1 порција на ден зеленчук
    • rn 011

    • Повеќе од 6 порции неделно лиснат зеленчук
    • rn 011

    • Најмалку 5 порции неделно јаткасти плодови
    • rn 011

    • Најмалку 4 оброци неделно грав
    • rn 011

    • Најмалку 2 порции неделно бобинки (капини, малини, боровинки…)
    • rn 011

    • Најмалку 1 порција неделно риба
    • rn 011

    • Маслиново масло за готвење
    • rn

    rnМенито го ограничува консумирањето на одредени производи, вклучувајќи колачи и слатки (помалку од 5 порции неделно), црвено месо (помалку од 4 порции неделно), сирење и пржена храна (помалку од 1 порција неделно) и путер и маргарин (помалку од 1 лажица дневно).rnrnОткако прочитавте кои намирници можат значително да го намалат ризикот од деменција, можеби ќе сакате да прочитате и за ова есенцијално масло кое ги намалува симптомите на деменција.rnrnИзвор: mindbodygreen.com

  • Недоволната хидратација може да биде причина за зголемен ризик од развој на хронични болести!

    Недоволната хидратација може да биде причина за зголемен ризик од развој на хронични болести!

    Колку пати сте си ветиле дека ќе почнете да пиете повеќе вода? За многумина од нас навиката да внесуваме повеќе вода се сведува најчесто на ветување кон самите себеси кое на крајот не го исполнуваме. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто треба да внесувате повеќе вода во организмот? Еве што велат најновите истражувања.rnrnНедоволната хидратација може да биде причина за зголемен ризик од развој на хронични болести!rn

    Врската помеѓу дехидратацијата и смртноста

    rnНајновите истражувања покажале дека пиењето доволно вода може значително да го намали ризикот од развој на хронични болести, како и ризикот од прерана смрт. Згора на тоа, научниците сметаат дека недостатокот на соодветна хидратација е една од причините за предвременото стареење на организмот.rnrnИстражувањето, кое траело повеќе од 25 години, опфатило околу 15.000 луѓе на возраст од 45 до 65 години кои учествувале во редовни клинички прегледи за мерење на нивото на натриум во организмот(што може да ја одрази внатрешната хидратација). Кога нивото на натриум е повисоко, тоа покажува помал внес на вода.rnrnТака, било утврдено дека оние учесници кои внесувале помалку вода имале 64% поголем ризик од развој на хронични болести како на пример срцеви болести, мозочен удар, атријална фибрилација, периферна артериска болест, хронична белодробна болест, дијабетес и деменција.rnrnЗаклучокот до кој дошле научниците е колку повеќе внесувате вода, толку е поголема веројатноста да живеете подолг и поздрав живот.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за друго истражување според кое чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт.rnrnИзвор: mindbodygreen.comrnrn 

  • Дали млечните производи можат да го зголемат ризикот од воспаление?

    Дали млечните производи можат да го зголемат ризикот од воспаление?

    Справувањето со хроничното воспаление не е воопшто едноставно, делумно благодарение на сите збунувачки информации кои ќе ги пронајдете на интернет. Додека повеќето луѓе се согласуваат дека маслиновото масло, лососот и оревите можат да го намалат воспалението, одредени намирници се сметаат за проинфламаторни, иако не постојат силни докази за поддршка на овие тврдења во медицинската литература.rnrnДали млечните производи можат да го зголемат ризикот од воспаление?rnrnИ меѓу многуте намирници кои се на листата на „непожелни намирници“ кога станува збор за намалување на ризикот од хроничното воспаление, се и млечните производи. Но, дали млечната храна навистина предизвикува воспаление? Прочитајте во продолжение.rn

    Што е воспаление?

    rnВоспалението е природен одговор на телото да се заштити од фактори што можат да му нашетат. Постојат два вида на воспаление – хронично и акутно. Акутно воспаление се јавува кога некое лице ќе се повреди – размислете за вашиот воспален глужд кога се повредивте. Овој тип на воспаление исчезнува откако повредата или инфекцијата ќе исчезнат.rnrnХроничното воспаление, од друга страна, може да се задржи во телото. Овој тип на воспаление може да биде резултат на голем број фактори, вклучувајќи пушење цигари, дебелина и одредени намирници. Може да биде предизвикана и од присуство на автоимуна болест или инфекција. Хроничното воспаление може да доведе и до зголемен ризик од одредени видови на рак и дијабетес.rnrnИсхраната која може да го зголеми ризикот од воспаление е богата со рафиниран скроб, шеќер, заситени и трансмасти и има ниска количина на омега-3 масни киселини, природни антиоксиданси, како и влакна од овошје и зеленчук. Но, што е со млечните производи?rn

    Дали млечните производи предизвикуваат воспаление?

    rnМлечните јадења се вкусни додатоци во исхраната кои го поддржуваат здравјето на коските. Од друга страна, одредени млечни намирници содржат заситени масти, хранлива материја која може да го зголеми ризикот од воспаление. Но, според истражувањето од 2017 година објавено во Critical Reviews in Food Science and Nutrition, врз основа на податоци од 52 клинички испитувања на луѓе, се чини дека млечните производи всушност имаат антиинфламаторни ефекти врз телото, без оглед на содржината на маснотии во млечната храна.rnrnЗначи, и покрај тврдењата на одредени влијателни лица дека млечните производи предизвикуваат воспаление, медицинската литература се чини дека сугерира поинаку. Само имајте на ум дека додека пиењето чаша млеко нема воопшто да му наштети на организмот, големите количини на додатен шеќер (чоколадно млеко, млеко со шеќер) можат штетно да му делуваат.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста помеѓу воспалението и млечните производи, можеби ќе сакате да прочитате и колку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно.rnrnИзвор: eatthis.com

  • Научници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!

    Научници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!

    Доколку сте љубители на чај имаме добри вести за вас бидејќи ново истражување ја покажало можната врска меѓу редовното консумирање на овој пијалак и намалениот ризик од предвремена смрт.rnrnНаучници откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт!rnrnГрупа британски научници откриле дека оние кои редовно пијат две или повеќе шолји чај, во споредба со оние кои воопшто не го консумираат, имаат помеѓу 9 и 13% помали шанси за прерана смрт. Згора на тоа, резултатите покажале дека на овие бројки не влијае фактот дали во чајот се додава млеко или шеќер, ниту пак на кој температура се пие.rnrnВо истражувањето учествувале половина милион луѓе од Обединетото Кралство на возраст од 40 до 69 години, од кои 85% изјавиле дека редовно пијат чај. Дури 89% од нив изјавиле дека консумираат црн чај. Истражувањата покажале дека црниот чај, еден од најпопуларните чаеви во Европа, може значително да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.rnrnЧајот можеби и не е единствената причина за намалената смртност, но резултатите се повеќе од очигледни. Така, минатата година било откриено дека пиењето чај или кафе може да го намали ризикот од деменција и од мозочен удар, така што ова не е прво истражување кое ги докажало корисните својства на овој пијалак.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секојдневно треба да консумирате мача чај.rnrnИзвор: theguardian.com

  • Марс во Овен до 5 јуни: Нè очекуваат големи промени!

    Марс во Овен до 5 јуни: Нè очекуваат големи промени!

    Астролозите ни откриваат дека од 25 мај Марс влегува во знакот Овен. Тоа ќе придонесе за активен, енергичен период кој ќе трае сè до 5 јуни. Под влијанието на Марс, во овој период ќе можеме да го започнеме она што ни е важно, да ги наполниме нашите „батерии“ и да тргнеме во акција.rnrnМарс во Овен до 5 јуни: Нè очекуваат големи промени!rnrnПериодот кога се чувствувавме мрзеливи и уморни е зад нас. Сега ќе имаме план како и во која насока да се движиме. Секој од нас копнее за нови искуства, ни требаат промени и сакаме да бидеме попродуктивни.rnrnВо овој период ќе бидеме полни со самодоверба и решителност. Храброста ќе ни ги даде очекуваните резултати само доколку ризикуваме на паметен начин. Време е одново да ја преземеме контролата врз нашите животи.rnrnНајважно од сè е да одиме чекор по чекор кон целта која одамна си ја поставивме. Затоа, неопходни се волјата и храброста.rnrnОсвен тоа, во овој период и Венера ќе транзитира низ знакот Бик што значи дека можеме да си ја пробаме и среќата во љубовта.rnrnОткако ја прочитавте астролошката прогноза до 5 јуни, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за летото 2022 година.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 5 стратегии за преземање ризици

    5 стратегии за преземање ризици

    Понекогаш колку поголем е ризикот, толку поголема е наградата. Можете да го живеете животот без ниту еднаш да не излезете од вашата удобна зона, без ниту еднаш да не ризикувате, а да бидете среќни. Сепак, мислите од типот: што ако, да можев, кога би… неминовно предизвикуваат жалење за работите што не сте ги направиле бидејќи не сте биле доволно храбри. Понекогаш животот вреди да се живее токму поради ризиците… Во продолжение прочитајте ги нашите стратегии за преземање предизвици.rnrn5 стратегии за преземање ризициrn

    Неуспехот е дел од успехот

    rnФактот дека неуспехот е дел од процесот кон постигањето успех е нешто што многумина од нас го забораваат или не можат да го прифатат. Никој не може да постигне големи резултати кога прави нешто за прв пат. Сетете се, на пример, кога учевте да возите велосипед или безуспешно се обидувавте да ги врзете врвките на чевлите. Сфатете го неуспехот како чекор напред кон успехот.rn

    Направете проценка на она што ќе го добиете и она што ќе го изгубите

    rnИсто како и секој потфат, кога размислувате за ризик, морате да ги земете предвид добивката и загубата. Сакате да започнете сопствен бизнис? Колку средства сте подготвени да потрошите пред да почнете да заработувате? Добро размислете за вашата финансиска стабилност, а потоа одлучете дали вреди да ризикувате или не.rn

    Дејствувајте како ова да ви е единствена можност

    rnВложете ги сите ваши сили во ризикот што ќе го преземете, како ова да е единствена шанса која никогаш нема да се повтори. Осигурете се дека ризикот што го преземате е она што вистински го посакувате. На пример, сакате да работите во друга земја – можеби ќе ви треба повеќе време да се навикнете на јазикот, културата, можеби ќе ви недостига домот – сепак, тоа ќе биде вистинска авантура за вас, а авантурите не се авантури без тешкотии! Секако, можеби и навистина ќе имате и други можности, но не дозволувајте тоа да ви биде изговор доколку можноста ви се пружи токму сега.rn

    Бидете онакви какви што сте

    rnРазмислете каков ризик сакате да преземете. Дали се совпаѓа со вашите цели, амбиции и вашата личност? Изберете ризик кој ќе одговара на вашата личност и не обидувајте се да се промените себеси поради ризикот. Се разбира, ќе морате да ја напуштите удобната зона, но не очекувајте дека тоа целосно ќе ве трансформира. Изберете ризик кој има потенцијал да ве направи среќни, а не ризик кој можеби повеќе би им одговарал на другите. Спознајте се.rn

    Верувајте во себе

    rnНајверојатно ќе наидете на моменти кога другите ќе ве обесхрабруваат. Ќе има мигови кога и самите ќе се сомневате дали сте го направиле вистинскиот избор – да ризикувате. Во тие моменти доволно е да се сетите дека веќе сте ги процениле потенцијалните добивки и загуби и дека сте одлучиле на таков чекор бидејќи верувате во своите способности. Само така ќе успеете!rnrnОткако ги прочитавте нашите стратегии за преземање ризици, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 ризици треба секој да ги преземе барем еднаш во животот.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

    5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот кревет

    Откриено е дека 62% од мачките спијат со своите сопственици, а 13% од нив спијат со деца. Мачките се слатки и сосема е природно што сакате да ги гушкате и да ги чувате покрај вас, но во реалноста, тоа може да биде ризично. Во продолжение прочитајте зошто треба да се потрудите вашиот кревет да биде зона без мачки.rn

    Можеби имаат болви или други паразити

    rn5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот креветrnrnКога го делите вашиот кревет со вашата мачка, го споделувате и со сите паразити што ги има. На пример, со болвите. Една болва може да живее на вашето домашно милениче речиси 2 месеци и може да биде многу тешко да се ослободите од нив.rn

    Мачките може да внесат остатоци од кутијата со песок во вашиот кревет

    rn5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот креветrnrnДури и најчистите мачки може да имаат остатоци од кутијата со песок на шепите. Таа нечистотија може да заврши во вашиот кревет и да доведе до одредени заболувања.rn

    Може да ве издраскаат или да ве каснат

    rn5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот креветrnrnАко мачката спие или дреме во вашиот кревет и одеднаш ја разбудите, може да се вознемири и да ве издраска, особено ако се плаши лесно.rn

    Може да ви ја уништат постелнината

    rn5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот креветrnrnИ покрај тоа што гребењето се смета за нормално однесување на мачките, не е убаво да се вратите дома и да видите уништени чаршафи и ќебиња. За да го избегнете ова, потрудете се да го натерате вашето домашно милениче да спие во својот удобен кревет за мачки.rn

    Откако ќе почнат да спијат на вашиот кревет, нема да сакаат да си заминат

    rn5 работи на кои треба да внимавате кога ја оставате мачката во вашиот креветrnrnАко вашата мачка се навикне да спие во вашиот кревет и одеднаш ја избркате, таа може да ве изненади со своето однесување, како туркање предмети, правење хаос или раскинување на завесите. Мачките обично не реагираат добро ако одеднаш им ја одземете територијата.rnrnПрочитајте зошто мачките имаат толку груб јазик.

  • 5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

    5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакот

    Без оглед каде се појавуваат маснотии на вашето тело, тие секогаш предизвикуваат загриженост, особено кога се во форма на испакнатост на вашиот стомак. Ако сте жена и ако обемот на вашата половина е над 88 центиметри или ако сте маж и обемот на вашата половина е над 100 центиметри, големи се шансите да имате маснотии во стомакот. Според лекарите, тоа може да биде опасно за вашето здравје.rn

    1. Поголем ризик од развој на дијабетес

    rn5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакотrnrnКога вашиот црн дроб е покриен со масно ткиво како резултат на вишокот маснотии во стомакот, не успева да го обработи шеќерот во крвта доволно добро. Поради тоа, шеќерот останува во крвотокот наместо да биде обработен од црниот дроб. Тоа може да доведе до повисоко ниво на шеќер во крвта што може да предизвика дијабетес.rn

    2. Поголем ризик од метаболички синдром

    rn5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакотrnrnРазвивањето метаболички синдром е ризик со кој се соочувате кога имате поголем обем на половината. Кога имате маснотии во стомакот, може да станете склони кон развој на срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар. Луѓето со поголем ризичен фактор се повеќе склони кон која било од споменатите болести погоре.rn

    3. Поголем ризик од рак

    rn5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакотrnrnЕдно ново истражување покажува дека еден вид протеин што се ослободува од маснотиите во стомакот може да ги претвори неканцерогените клетки во канцерогени, што резултира со развој на тумор.rn

    4. Поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања

    rn5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакотrnrnДокажано е дека висцералните масни клетки во абдоменот може да произведат протеини кои ги стеснуваат крвните садови, што може да резултира со висок крвен притисок. Исто така, овие протеини може да предизвикаат затнување на артериите, правејќи ги почувствителни на мозочен и срцев удар.rn

    5. Поголем ризик од деменција

    rn5 ризици од заболувања предизвикани од маснотиите во стомакотrnrnСпоред истражувањата, жените со голема количина маснотии во стомакот имаат трипати поголема веројатност да развијат деменција. Ова најмногу е предизвикано од висцералните или од абдоминалните маснотии.rnrnПрочитајте кои промени на јазикот укажуваат на одредени заболувања.

  • 8 лоши навики и ситуации што го зголемуваат ризикот од мозочен удар

    8 лоши навики и ситуации што го зголемуваат ризикот од мозочен удар

    Мозочниот удар настанува како последица на оштетени крвни садови во мозокот кои се распрснуваат или блокираат и предизвикуваат недостаток на кислород во мозокот. Оваа состојба може да доведе до оштетување на мозокот, па дури и до смртен исход. Пушењето, дебелината и претходните случаи со мозочен удар во семејството се главни фактори на ризик. Но, неколку неодамнешни истражувања откриле други изненадувачки работи кои можат да го зголемат ризикот. Прочитајте во продолжение!rnrn8 лоши навики и ситуации што го зголемуваат ризикот од мозочен ударrnrn

    Консумирање диетални пијалаци

    rnНеодамнешно истражување спроведено во Америка на повеќе од 80.000 жени, во период подолг од десет години, покажало врска помеѓу вештачки засладените пијалаци и зголемениот ризик од мозочен удар. Научниците истакнуваат дека резултатите можат да се однесуваат само на жени кои поминале низ менопауза, а истражувањето не може со сигурност да ги прогласи диеталните пијалаци за виновници. Но, сепак најубаво е целосно да ги исфрлите од вашата исхрана.rn

    Грип

    rnЕдна студија спроведена на Универзитетот Колумбија покажала дека во првите неколку недели по појавата на симптомите на грип, ризикот од мозочен удар расте приближно за 40%. Исто така, друго истражување спроведено во Шкотска покажало дека ризикот од мозочен удар е поголем после заболување од респираторен вирус.rnrnЗатоа, обрнете внимание на симптомите како што се потешкотиите со одење, говорење, проблемите со вид и другите знаци кои го се појавуваат пред мозочниот удар. Некои научници забележале дека ризикот може да биде зголемен и до една година од поминување на грипот.rn

    Прекувремена работа

    rnИстражување од 2015 година, објавено во списанието Лансет покажало дека луѓето кои работат повеќе од 55 часа неделно имаат 33% поголем ризик од мозочен удар од оние кои работат стандардни 40 часа.rnrnДруго големо истражување спроведено во Данска покажало дека луѓето кои подолг период се изложени на стрес имаат речиси двапати поголем ризик од мозочен удар со фатални последици за разлика од оние кои не се под стрес.rn

    Дрога

    rnИлегалните супстанци како кокаин или метамфетамин се поврзуваат со мозочниот удар дури и кај младите, здрави луѓе.rnrnИстражување објавено во Журналот за форензични науки открило дека во 279 случаи на мозочен удар со фатални последици, на возрасни што биле помлади од 45 години, околу 20% се поврзани со консумирање на метамфетамин или кокаин.rn

    Мигрена со аура

    rnАурата е невролошки симптом кој најчесто е проследен со мигрена во облик на визуелно нарушување. Едно истражување од 2016 година покажало дека кај луѓето кои боледуваат од мигрена со аура, ризикот од исхемичен мозочен удар е двапати поголем отколку кај луѓето кои боледуваат од мигрена без аура.rn

    „Ако боледувате од мигрена со аура, замолете го вашиот лекар да ги процени факторите на ризик за мозочен удар“, советуваат експертите.

    rn

    Гласна бука

    rnБританската срцева фондација предупредува на потенцијалните ризици од живеењето или работењето во подрачје со многу бука. Нема многу истражувања за поврзаноста помеѓу мозочниот удар и силната бука, но нивните резултати се загрижувачки.rnrnИстражување од 2015 година, објавено во журналот Европско срце покажало дека зголемената прометна бука е поврзана со зголемен ризик од мозочен удар кај луѓето што живеат во близина на многу фреквентни места.rn

    Крвавење на непцата

    rnЛуѓето со болни непца имаат двапати поголем ризик од мозочен удар или други сериозни кардиоваскуларни болести. Многу експерти се сомневаат дека постоењето на бактерија во усната празнина што предизвикува воспалителен процес, може да создаде дополнителен ризик.rn

    Хроничните воспаленија во телото предизвикуваат многу здравствени проблеми вклучувајќи го и стврднувањето на артериите кои можат да го зголемат ризикот од мозочен удар.

    rnСигнални болести на непцата вклучуваат крвавење, потечени, црвени или осетливи непца, лош здив или кафеави наслаги на рабовите на непцата.rn

    Претерано консумирање на алкохол

    rnДруго истражување спроведено во 2016 година покажало дека пиењето од 6 до 9 коктели во текот на едно ноќно излегување, го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар за 30% наредниот ден.rnrnОд друга страна пак, умереното консумирање алкохол , односно еден пијалак за жените и најмногу два за мажите, може да помогне при одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.rnrnДоколку имате некоја од овие лоши навики или ви се случува нешто од горенаведеното тоа не значи дека ќе доживеете мозочен удар. Добро е да ги знаете ризиците кои доведуваат до негово појавување за да можете да го превенирате.rnrnНемојте никогаш самите да си ставате дијагнози, секогаш консултирајте се со вашиот лекар за промените кои ги забележувате кај себе.rnrnОткриете кои се навиките што го оштетуваат мозокот и го уништуваат помнењето.