КАФЕ ПАУЗА

Tag: ризик

  • Судено ли ни е?

    Судено ли ни е?

    Судбината е чудна работа. Не знаеш на кој пат ќе те однесе. Не знаеш каква одлука ќе треба да донесеш и дали е денес тој ден кога сите работи во твојот живот ќе се свртат наопаку. Дека животот ќе ти се смени за 360 степени. Можеме да си ја контролираме сопствената судбина? Дали постојат знаци кои ни ги испраќа некој со цел да ни каже дека нештото ни е судено нам и дека треба да го зграбиме додека имаме можност?Судено ли ни е?Денес сакам да ви раскажам нешто, кратка приказна за една девојка. Девојката имаше долга врска кога во нејзиниот живот се појави друг маж. Беше решила целосно да го игнорира иако ù годеше вниманието кое го добиваше од него. Беше прашање на време, поточно дел од секунда кога таа ја донесе одлуката, да сепак излезе со него. Неочекувано, непланирано, едноставно се случи. Нејзината врска пропадна и таа се најде себеси како цела година трага по нова љубов. Зошто ја донесе таа одлука? Зошто од безбедно место влета во бурно море каде никој не ти гарантира дека повторно ќе најдеш некој грижлив кој внимава на твоите потреби и те сака, вистински те сака? Требаше ли таа да бара знаци испратени од универзумот дека нејзината одлука е правилна?rnrnРаботата е во тоа што, тие знаци ги нема. Најчесто тој што ги гледа, всушност го гледа она што сака да го види. Ќе речеме дека било судбина. Не! Судбината те носи на одреден пат, а одлуката која ќе ја направиш е твој избор, а не е дека така ти било судено. Срцето и судбината – два главни и дежурни виновници за сè што ни се случува. Како прво, оставете го срцето на раат. Негова задача е да ви дава живот, а не да ви зборува. Не може срцето да ви кажало нешто, тоа сте биле вие, вашиот разум, вашата потсвест. И судбината не ни е крива за ништо. Не може да не ти било судено да направиш нешто, може само да не си се потрудил доволно.rnrnКако и да е, девојката сепак, повторно најде некој кој е грижлив. Излезе дека одлуката да излезе од таа врска, било најдоброто нешто што го сторила во животот. Немаше никаква гаранција каков ќе биде исходот, но требало да се ризикува. Некогаш ризикот ќе се исплати, некогаш не. Но, на крајот на краиштата, тоа е животот. Не може секогаш да играме на сигурно. Од страв дека нашата одлука би била целосно погрешна, се тешиме самите себе барајќи знаци, некакви сигнали од судбината. Зошто толку копнееме по тие знаци? Зарем толку сме несигурни во себе? Зарем толку сме исплашени?rnrnДа разбереме дека животот си го контролираме самите. Дека ние ги носиме најважните одлуки. Најважно од сè, да сфатиме дека ако одлуката била погрешна, секогаш имаме можност за втора шанса, дека никогаш, ништо не е изгубено. Некогаш нештата во животот се случуваат неочекувано, ќе те пресретнат изненадно, од немајкаде. Ама поврзани се работите, за сè има причина. Постои логика во тоа дека сè на овој свет е поврзано. Работите и личностите кои ги среќаваме, тука се со причина која ќе ја согледаме порано или подоцна.rnrnБи сакала на приказната да ù дадам и крај, да не остане незаокружена. Којзнае, можеби во тој момент кога девојката стана достапна за нови случувања во животот, момчето со нетрпение го очекуваше моментот кога таа ќе стане дел од неговиот живот. Можеби сепак, си биле судени еден на друг. Можеби… којзнае.rnrnЕпа да, судбината е чудна работа, а животот е интересен и непредвидлив. Според мене, баш тоа е убавото во него. Можеби знаците дека нешто ни е судено само си ги замислуваме, а можеби има причина зошто ги бараме.rnrnГо чувствувате мирисот на утринското кафе? Тоа е знак кој универзумот ви го испраќа и значи дека вие, во овој момент, треба да се сместите удобно, да се релаксирате, да пуштите добра музика и да уживате во вашето кафе, без да ви е грижа ама баш за ништо. Јас знам дека тоа е токму она што ќе го направам сега.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Смртно опасна патека

    Смртно опасна патека

    За да ги истражите преубавите карпести предели на кинеската планина Хуа Шан имате само една опција, а тоа е 12-километарската „смртоносна патека“. Таа е неверојатно стрмна и важи за една од најопасните во светот. Патеката води точно до највисокиот од петте врвови на планината, која пак лежи во јужниот дел на градот Хуајин, 120 километри источно од Ксиан, на 2.200 метри надморска височина. Врвовите наликуват на ливчиња од цвет, па оттука доаѓа и нејзиното име Хуа Шан, што во превод значи „Лотус со пет ливчиња“.rnrnНејзините убавини можат да ви бидат на дланка, доколку соберете доволно храброст и се впуштите во ризична авантура по тенките дрвени штици, прикрепени за карпите. Не очекувајте заштитна ограда. Поставен е само еден синџир на кој можете да се придржувате додека се движите по патеката.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаАко ова ви звучи страшно, тогаш не ни помислувајте да ја започнете маршутата, бидејќи вистинските маки започнуваат кога ќе стигнете до каменот на кој со кинески симболи пишува: „точката каде се враќаат и коњите“. Тоа е еден вид предупредување и порака за недоволно подготвените туристи, да го завршат патувањето и да се повлечат назад. Таму патеката станува екстремно стрмна, едвај проодна и крајно небезбедна.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаДоколку не ве предомисли ниту овој знак и успеете да продолжите понатаму, на врвот на планината ќе посетите будистички храм во кој се чуваат бројни свети текстови. Таму, пред многу векови монасите се криеле од своите непријатели. Тогаш тие се движеле само по штиците. Синџирот е поставен во поново време, на барање на туристите, кои во 1990 година, ја принудиле месната управа дел од патеката да обезбеди и со огради и широки камени скали.Смртно опасна патекаСмртно опасна патекаСмртно опасна патекаЗа жал, овие зафати не се доволно безбедни, секој да се осмели да тргне по патеката. Иако, таа се нарекува смртоносна, не постојат официјални статистички податоци за несреќи кои се случиле таму. Но, загрижува фактот што во последно време по патеката се движат сè понеискусни посетители, а во некои случаи недостатокот на добра физичка и психичка подготвеност може да има фатален крај за неодговорните туристи.Смртно опасна патека
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најекстремни спортови во светот

    10-те најекстремни спортови во светот

    Автор: Ивана ДимитровскаrnrnДали сте се запрашале зошто луѓето воопшто се одлучуваат за екстремни спортови? Екстремните спортови можат да бидат прилично опасни и ризични по здравјето на учесниците, а неретко завршуваат и со фатални последици. Некои велат дека тоа е единствениот начин на кој можат да го покачат нивото на адреналин, да се одвојат од останатите, да демонстрираат решителност, одлучност и храброст или едноставно да направат нешто различно и поинакво.rn

    1. Volcano boarding (Сурфање на вулкан)

    rnБордањето по снег веќе не е во мода. Спуштање по активен вулкан на специјално дизајнирани дрвени бордови со брзина не поголема од 80 км/ч е вистинскиот предизвик. Илјадници љубители на овој спорт се искачуваат на подножјата од планината Сиро Негро во Централна Америка, каде се наоѓаат едни од најубавите вулкански стази за бордање. Оние кои пробале сведочат за неверојатниот адреналински шок кој се јавува кога треба да се помине вулкански наклон од 41 степен во своите најстрмни делови, на релативно млад вулкан кој досега еруптирал преку 20 пати, последен пат во 1999 година. Со своите почетоци во 2005-та година овој тип спорт привлекол повеќе од 10.000 бордери.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    2. Train surfing (Сурфање на воз)

    rnПред сè, станува збор за илегален спорт кој е популаризиран во 80-тите години во Германија, кој опфаќа искачување и сурфање на воз во движење од надворешната страна. Опасноста во спортот, освен можноста да се падне, е и во потенцијалните пречки на патот: тунели, кабли и слично. Иако подземните железници со години водат против-кампања, сурфањето по возови се практикува на големо во Африка и во Индија. Професионалците во овој спорт ги докажуваат своите способности на најбрзите возови во Германија, InterCityExpress. Овие возови постигнуваат максимална брзина од 280 км/ч.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    3. Crocodile bungee (Банџи-скокање над вода со крокодили)

    rnЗа оние за кои висината не е доволен предизвик постои алтернативен вид банџи-скокање и тоа скокање во води полни со крокодили. Ова дополнително зачинување кое го вовеле Австралијците дефинитивно остава без здив, а какво е чувството… за тоа сведочат само најхрабрите (најлудите) авантуристи!rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    4. Slacklining (Екстремно одење по јаже)

    rnНајкратката дефиниција за овој екстремен спорт би била: одење по затегнато јаже на голема висина. Впрочем, јажето воопшто и не е затегнато, а најчесто и се прилагодува според тежината на изведувачот. Целиот концепт е во вештината на одржување телесен баланс во стресни околности: неверојатни висини и отстранување на заштитните придржувачи. Моменталниот рекорд според Гинисовата книга го постигнал Кристијан Шу, преминувајќи процеп на Норвешки фјорд во Кјеранг на висина од 1.000 м, висина еквивалентна на 3 Ајфелови кули.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    5. B.A.S.E. jumping (Скокање од згради, мостови, антени и карпи)

    rnОвој тип спорт е всушност скокање со падобран, но на некое поопасно ниво. Разликата е во тоа што скоковите започнуваат од фиксни објекти, како и кај параглајдерството, но со затворен падобран. Акронимот B.A.S.E. е кратенка од четирите објекти кои најчесто се користат како потенцијални стартни позиции: згради, антени, мостови, карпести рабови. Опасноста на спортот лежи во недостигот на време да се отвори падобранот по скокот.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    6. Limbo skating (Поминување под автомобили со ролшуи)

    rnЗа многумина речиси невозможно, овој тип лизгање под коли е последното лудило во Индија. Сам по себе спортот бара флексибилност, физичка спремност и способност за гимнастички баланс. Неофицијалниот светски рекордер е Аникет Чиндак, индиското чудо од дете, кое досега прошло под 57 коли.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    7. Heli skiing (Скијање по скок од хеликоптер)

    rnОвој пред сè скап спорт, вклучува амбициозен обид за скијање по стрмни и непристапни терени до кои може да се стигне само со хеликоптерски превоз. Освен скијањето, дури и самиот хеликоптерски превоз може да биде опасен. Френк Велс, поранешен претседател на корпорацијата Волт Дизни, загинал во хеликоптерска несреќа при обид за хели-скијање.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    8. Cave Diving (Нуркање во пештера)

    rnЗамислете да се најдете на повеќе од 30 м длабочина во мрачна, ладна и длабока подводна пештера. Нуркачите мора да се добро обучени и спремни за ваков вид експедиција, но и покрај тоа постојат низа опасности кои прават овој спорт да се вброи на листата најекстремни. Можно е да се остане без кислород, да се згреши патеката или да се биде изеден од некое чудно пештерско суштество. Според статистичките извештаи преку 500 нуркачи имаат загинато од првото пештерско подводно спуштање во 1960 година па навака. За љубителите на овој спорт, но и за оние кои сакаат да пробаат, подводните пештери во Матка се доволен предизвик.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    9. BirdMen (Луѓе-птици)

    rnСо специјална опрема: летечки костим и контрола на движењата, луѓето навистина можат да летаат! Брзината која може да се постигне се движи 220 – 240 км/ч. Популарна локација за ваков вид спуст е долината Ромсдал во Норвешка.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    10. Skydiving (Слободен пад од авион)

    rnЕкстремен спорт за сите оние кои се заситиле од „едноставното“ спуштање со прикачен падобран, па одат еден чекор погоре: фрлање од авион без прикачен падобран, за потоа, во текот на паѓањето друг падобранџија да им обезбеди безбеден начин за слетување. Велат дека наједноставен начин да се совлада стравот од висина е доколку се фрлите свесно од целосно функционален и исправен авион. Добар дел од падобраните имаат и висински самоактивирачки систем, односно во случај да заборавите да го ослободите, сам ќе ја заврши работата на одредена висина од земјата, но тоа се разбира, само доколку го имате со вас. Во спротивно довербата во вашиот партнер е единствената сигурна работа која ќе ве спушти на тврдо тло.rnrn10-те најекстремни спортови во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

    Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

    Ѓаволски добро пливање и рајски поглед, ви нуди бесконечниот природен базен на работ од Викториините водопади, на реката Замбези. Во периодот кога завршуваат сушите и реката е со најнизок водостој, овој природен луксуз е мета на илјадници туристи. Базенот е сместен на 103 метри височина и со право го добил името „Базенот на ѓаволот“. За да фрлите поглед надолу, треба да допливате до самиот раб и да се поткренете или качите на карпата која го заокружува.Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Водопадите се наоѓаат помеѓу африканските држави Замбија и Зимбабве. Патот до нив воопшто не е безбеден. Туристите одат на свој ризик, свесни дека лесно можат да настрадаат. По цена од 5 долари, тамошното население им нуди помош полесно да стигнат до базенот. Овие водопади се едни од најопасните во светот. Познати се и како „Чадот што грми“. Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Погледнете едно од многуте видеа снимени на оваа локација и објавени на Јутјуб.rn

    rn

    Во продолжение, погледнете уште неколку фотографии направени од туристите, кои уживаат во малку повеќе адреналин. Ќе забележите дека и покрај ризикот, цели семејства одлучиле да го испробаат овој природен, бесконечен базен. Изгледа страшно, но и неверојатно возбудливо.

    rn

    Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“Рајско уживање во „базенот на ѓаволот“

    rnБи се осмелиле ли и вие да му погледнете на ѓаволот право во очи? :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Брзото возење велосипед го зголемува животниот век

    Брзото возење велосипед го зголемува животниот век

    Сите сме свесни дека возењето велосипед е одличен метод за слабеење и одржување на телото, но најновите истражувања докажале уште еден бенефит од овој вид вежбање. Имено, се докажало дека не се важни само поминатите километри, туку и интензитетот со кој возите.rnrnБрзото возење велосипед го зголемува животниот векrnrnИстражувањето е направено на велосипедисти од Данска, а покажало дека мажите кои возат брзо и со јак интензитет живеат 5,3 години подолго, додека пак мажите кои возат со нормална брзина живеат за скоро 3 години подолго од оние кои возат бавно. За женските велосипедисти истражувањата покажале дека оние кои возат брзо живеат скоро 4 години подолго од оние кои возат бавно, а оние кои возат нормално 2,2 години повеќе од нив.rnrnОва истражување го спровел професорот Питер Шнор од Европскиот совет за кардиологија, кој го споредувал здравјето на велосипедистите со нивните резултати од возењето. Велосипедизмот се покажал како спорт кој ја намалува смртната стапка во целина, најизразено намалувајќи ги коронарните срцеви заболувања. Според најновите препораки, најмалку 30 минути физичка активност секој ден, го намалува ризикот од срцеви проблеми. Брзите велосипедисти кои поминуваат не повеќе од еден час на ден на својот велосипед, имаат најголеми шанси да избегнат какви било смртни заболувања.rn
    rn

    „Овие истражувања покажуваат дека секојдневната физичка активност треба да е енергична, зависно од индивидуалната перцепција колкав интензитет е доволен. – вели професорот“

    rnБрзото возење велосипед го зголемува животниот векrnrnДобиените резултати биле презентирани на конгресот на Европската заедница за кардиологија одржан во Париз, а во истражувањето биле земени предвид и други фактори за велосипедистите, како што е пушачката навика, телесната тежина, консумирањето алкохол и медикаменти и крвниот притисок. Најдраматично сознание било намалувањето за 82% на ризикот за срцев удар кај двата пола, доколку секојдневно возат барем 30 минути со брзо темпо. Ризикот за смртни заболувања бил намален за повеќе од 50% за брзите велосипедисти кои возат од 30 до 60 минути дневно, додека оние кои возат со нормална брзина ризикот го намалуваат за 33%.rnrnСпоред Шнор невозможно е да определите колку време е потребно за да се помине одреден пат, кој ќе треба да се извози со брзо темпо.rn
    rn

    „Ние не очекуваме 80-годишен човек да вози како 20-годишен. Важно е вие самите да си го процените максималниот интензитет, кој малку ќе ве остава без здив.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лекции на кои нè научил животот

    Лекции на кои нè научил животот

    Понекогаш, мислејќи за животот и за тоа што сè сте научиле, може да направите нов голем потфат во насока на негово подобрување. Па така, кога ќе се запрашате што досега ве има научено животот, можат да ви текнат интересни работи, кои би сакале да си ги кажете себеси како лекција кога би можеле некако да се вратите назад во времето. Ова се неколку примери за лекции кои треба да ги запомниме, а многумина од нас ги учат од секојдневните искуства.rnrnЛекции на кои животот не научилrnrn1. Поминувајте повеќе време со луѓе кои можат да ве насмеат и помалку со оние од кои чувствувате притисок дека треба да ги импресионирате.rnrnrn2. Никогаш не кажувајте му некому дека соништата не можат да му се исполнат. Ќе изгледате како будала кога ќе ви докаже дека сте биле грешка.rnrn3. Смејте се на глупави вицови, извинувајте се и кажувајте му на некого колку ви значи во животот. Тоа се мали моменти кои го прават животот голем.rnrn4. Животот е многу поубав кога ќе престанете да се обидувате да бидете кул и ќе се фокусирате да бидете свои.rnrn5. Премногу често ги осудуваме луѓето врз основа на првиот впечаток или недоволно информации. Наместо да ги осудуваме за она што го прават и она што се, треба да најдеме начин да сфатиме зошто го прават тоа и како стигнале онаму каде што се сега.rnrn6. Доколку сакате да се чувствувате дека сте богат/а, сетете се на сите нешта кои ги имате, а кои парите не можат да ги купат.rnrn7. Колку повеќе се познавате себеси, толку подобро ги разбирате другите.rnrn8. Не ви е потребен голем број пријатели, туку само онолку во кои можете секогаш да бидете сигурни.rnrn9. Луѓето на кои им е судено да бидат заедно, порано или подоцна ќе си ги вкрстат патиштата.rnrn10. Жалењето за нешто е како да си удрите шлаканица затоа што сте си удриле шлаканица. Не го решава проблемот, туку само повеќе боли.rnrn11. Никој не е 100% сигурен кога му се укажува нова прилика. Затоа големите можности во животот ни помагаат да пораснеме и емоционално и интелектуално.rnrn12. Без разлика колку многу ви е скршено срцето, светот не застанува. Утредента сонцето повторно ќе огрее.rnrn13. Научете да ги приспособувате вашите едра во животот на непредвидливи ветрови, притоа задржувајќи го фокусот на целта. Пловете сè додека не стигнете таму.rnrn14. Трошете помалку отколку што заработувате.rnrn15. Кога ви се чини дека немате ништо, некој има уште помалку. Пронајдете ги таквите и помогнете им, ќе дознаете зошто.rnrn16. Негативноста носи уште поголема негативност. Кога се фокусирате само на негативното, очигледно само тоа и ќе го гледате.rnrn17. Никогаш немојте да се каете. Доколку се случило нешто добро – супер. Доколку се случило лошо, тогаш тоа е ново искуство.rnrn18. Зафатеноста и продуктивноста се сосема спротивни нешта.rnrn19. Морате да создавате и да барате можности. Можностите и приликите во животот нема сами да ви затропаат на врата. Морате да ја преземете иницијативата во свои раце и да вложите дел од себе.rnrn20. Кога поминувате подолго време грижејќи се за нешто, едноставно само ја употребувате имагинацијата за да ги создадете нештата кои не сакате да ви се случат.rnrn21. Сите луѓе имаат проблеми. Само што некои знаат подобро да ги сокријат од други.rnrn22. Во ред е да бидете лути и бесни, но не и да бидете сурови.rnrn23. Кога двајца соработуваат наместо да се натпреваруваат, можат да постигнат многу повеќе отколку двајцата поединечно.rnrn24. Без разлика како нешто ќе заврши, секогаш излегува како што требало да биде.rnrn25. Не постои работа во која нема ризик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.