Не се нови вестите дека редовната физичка активност може да ви помогне да живеете подолго. Но дали знаевте дека со неа можете да одредите и колкави ви се шансите за инфаркт или мозочен удар? Едно неодамнешно истражување спроведено од тим од Харвард, го открило токму тоа.rnrn
rnrnСе покажало дека ако мажот може да направи над 40 склекови, тогаш има намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести за 96%, во наредните 10 години. Ако мажот може да направи околу 21-30 склекови, тогаш има четвртина од ризикот за болести на срцето, за разлика од мажите кои не можат да направат ни 10 склекови.rnrnНаучниците одредиле основа од околу 11 или повеќе склекови, која би имала значајно влијание врз намалувањето на ризикот од кој било вид кардиоваскуларна болест. Изгледа дека склековите се многу подобри показатели за идното здравје на срцето, за разлика од тестовите како трчање. Покрај тоа, тестот можете да го направите и сами.rnrnСпоред авторот на истражувањето, Џастин Ченг, ова би можело да стане бесплатен начин за одредување на ризикот од кардиоваскуларните болести. Откритието е речиси револуционерно. Според Ченг, резултатите поврзани со кардиоваскуларни болести биле многу подобри од резултатите добиени од тестови со трчање.rnrnВо истражувањето учествувале 1.000 пожарникари од Индијана и тоа траело од 2000 до 2007 година. Потоа научниците 10 години ја набљудувале здравствената состојба на испитаниците. Мажите биле на возраст од 21 до 66 години, а нивниот индекс на телесна маса бил 28,7 во просек.rnrnНе е познато дали сигурно правењето 11-20 склекови може да го намали ризикот од срцеви заболувања, но научниците имаат надеж. Ова е прво истражување од овој вид и потребни се повеќе. Склековите изгледаат како ефективен тест за одредување на здравјето на срцето, но многу научници сметаат дека истражувањето треба да се повтори и со други групи – жени и помалку активни лица. Сепак, испитаниците биле пожарникари, кои воглавно се физички активни поради нивната професија.rnrnИнфарктите и мозочните удари настануваат при стеснување на артериите поради артериосклероза, бавна и прогресивна болест која може да започне уште во детството. Кај некои луѓе артериосклерозата напредува во 30-тите години од животот, а кај други не станува опасна до 50-тите или 60-тите години. Па, важно е да вежбате и да останете физички активни, со цел да ги спречите потенцијалните проблеми со срцето.rnrnДобро е да ги знаете и знаците кои се појавуваат еден месец пред инфаркт.
Tag: ризик
-

Мажите кои не можат да направат 10 склекови се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања
-

7 чудни нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак
Сите ги знаеме основите за избегнување на ракот – немојте да пушите, нанесувајте крема за сончање, избегнувајте црвено месо и држете се настрана од загадувањето на воздухот. Но постојат нешта што го зголемуваат ризикот од рак, но добиваат многу помалку внимание. Погледнете ги 7-те нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак.rnrn
rn1. Жежок чај
rnПиењето чај можеби ви изгледа како здрав начин за справување со стресот, а зелениот чај може дури и да го намали ризикот од рак. Но, прво почекајте да се излади. Пиењето чај кој е речиси врел може да го зголеми ризикот од рак на хранопроводот, барем според едно истражување од 2018-та година од Кина.rnrnВо истражувањето учествувале околу 450.000 луѓе и истражувачите откриле дека оние кои обично пиеле врел чај, пушеле цигари и пиеле алкохол, имале 5 пати поголеми шанси да добијат рак на хранопроводот за разлика од оние кои не ги правеле овие работи. Екстремната топлина на чајот може да го оштети ткивото на хранопроводот, со тоа зголемувајќи ја штетата што ја нанесуваат чадот од цигарите и алкохолот.rn
2. Седење
rnЕден начин да го намалите ризикот од рак е да се движите. Физичката активност е поврзана со намалување на ризикот од некои од најчестите видови рак, вклучувајќи го оној на белиот дроб, дебелото црево и градите. Едно истражување покажало дека вежбањето го намалува ризикот од сите видови рак за 7%. Сепак, не е јасно како вежбањето го има ова влијание.rn
3. Голема висина
rnПовисоките луѓе имаат поголеми шанси да добијат рак за разлика од пониските. Истражување од 2018-та година открило дека секои 10 центиметри повеќе го зголемуваат ризикот од рак за 10%. Иако не е јасно како висината може да има влијание на ракот, истражувачите заклучиле дека најверојатно високите луѓе имаат повеќе клетки, па поголем број од нив можат да станат канцерогени.rn
4. Чад од скара
rnЛетните скари не се толку невини како што изгледаат. Луѓето кои седат преблиску до скарата можат да ги апсорбираат штетните хемикалии од чадот. Овие хемикалии се канцерогени, или предизвикуваат рак. Истражувачите истакнале дека луѓето кои ги апсорбирале супстанците преку кожата имале помало ниво од нив за разлика од оние кои само јаделе месо, но проблемот е што ги вдишале. Најдобро е да ја покриете скарата или да се облечете повеќе.rn
5. Инпланти на градите
rnСпоред едно истражување, жените со одредени инпланти на градите можат да се соочат со редок вид лимфома. Овој вид рак не е рак на дојката, туку овие клетки потекнуваат од клетките на имунолошкиот систем. Сепак, целокупниот ризик е многу мал. Истражувачите пресметале дека од 7.000 жени што ќе си стават инпланти, само една ќе се соочи со болеста додека да наполни 75 години.rn
6. Алкохол
rnНаздравувањето можеби и не е толку добра идеја. Истражувачите процениле дека годишно 5% од новите случаи со рак и 6% од смртните случаи од рак се директно поврзани со консумирањето алкохол. Истражувачите нагласиле дека дури и умереното пиење може да го зголеми ризикот од болеста.rn
7. Преголема телесна тежина
rnВисоката телесна тежина може да го зголеми ризикот од над 10-тина видови рак. Во едно истражување, луѓето кои биле дебели или со прекумерна тежина имале речиси двојно поголем ризик од рак на хранопроводот, стомакот, црниот дроб и бубрезите за разлика од луѓето со нормална тежина.rn
Што не предизвикува рак?
rnПа изгледа дека каде и да се свртите ќе најдете причина за рак. Но, имаме и добри вести. Истражувачите сметаат дека не постои врска помеѓу електромагнетните сигнали од телефоните и ризикот од рак. Во 10-годишно истражување кое беше објавено оваа година, истражувачите ги следеле ефектите на радијацијата со многу висока радио фреквенција врз ракот кај глувци. Заклучиле дека нема никаков доказ дека радијацијата со радио фреквенција е штетна за човечкото здравје.rnrnПогледнете ги и овие факти за ракот што би било добро да ги знаете.
-

Едноставен тест со кој ќе откриете дали кај вас постои ризик од прерана смрт
Добрата физичка форма не е само за спортистите. Од голема важност е секој од нас да биде во добра физичка состојба бидејќи со тоа се намалува ризикот од болести на срцето, рак и други проблеми со здравјето.rnrn
rnrnСпоред едно истражување од Шпанија, физичката форма имала главна улога во одржувањето на здравјето. Во истражувањето учествувале 12.615 луѓе на возраст од 18 до 91 година, за кои се сомневало дека се изложени на поголем ризик од болести на коронарните артерии. Испитаниците биле замолени да одат или да трчаат на лента за трчање со цел да се провери нивната реакција на стрес. Резултатите биле мерени во метаболички еквиваленти (МЕТ). За да добијат позитивен резултат, испитаниците требало да освојат 10 МЕТ поени, што е еднакво на искачување 3-4 ката без пауза.rn„Четири ката скали е еднакво на околу 20 метри под агол од 30 до 35 степени. Доколку некој може да се качи по скалите за 45 до 55 секунди, тогаш има 10 МЕТ поени и тоа значи дека е во добра форма“, изјавил доктор Хесус Петеиро Васкез, еден од истражувачите.
rnОние кои не успеале да го поминат тестот, по 5 години имале помал капацитет на физички способности, 3 пати поголеми шанси да умрат од кардиоваскуларни болести и два пати поголеми шанси да му подлегнат на ракот или некоја друга болест. Оние кои биле во добра форма за време на истражувањето биле заштитени.rnrnФизичката активност и физичката форма имаат големо влијание на крвниот притисок и липидите, а со тоа на целиот кардиоваскуларен систем. Добрата кондиција влијае и на намалување на воспаленијата. Ова е од голема важност бидејќи многу воспаленија се гледаат како причина за разни видови рак и болести на срцето.rnrnПа, за да откриете дали и вие сте во добра физичка форма, пробајте го тестот со качување по скали. Доколку не можете да ги искачите скалите или ви е потребно повеќе време, најдобро е да почнете со вежбање.rnrnПогледнете кои се знаците кои покажуваат дека сте во добра физичка форма, дури и ако не вежбате.
-

10 фотографии што речиси ги убиле нивните креатори
Една слика кажува илјада зборови, или го раскажува животот на нејзиниот креатор. Очигледно е дека фотографите се подготвени на сè за да ја направат совршената фотографија. За некои од нив, овие фотографии биле најдобрите во нивната кариера, но со превисока цена. Воената фотографија и фотографирањето на дивиот свет се обично најризични, бидејќи фотографите се наоѓаат на активни опасни зони. Иако многумина загинале во вакви околности, некои преживеале за да ги раскажат нивните приказни.rn
1. Атиф Саид бил речиси убиен од гневен лав
rn
rnrnФотографот на див свет, Атиф Саид, речиси бил убиен од лав додека го фотографирал. Инцидентот се случил во национален парк во Пакистан. Атиф се возел наоколу кога го пронашол лавот. Се упатил кон него, излегол од возилото и почнал да го фотографира. Во тој момент бил оддалечен околу 3 метри од него. На лавот не му се допаѓало неговото присуство и го нападнал.rnrnАтиф ја направил застрашувачката фотографија во моментот пред да се врати во џипот. Успеал да избега само затоа што ја оставил вратата отворена. Подоцна изјавил дека сега инцидентот му е смешен, особено откако се нашол на безбедност, но никогаш повеќе не би се ставил во таква ситуација.rn2. Трејси Шелтон била речиси убиена од тенк
rn
rnrnВо 2012-та година, Трејси правела фотографии од Граѓанската војна во Сирија и била речиси убиена од тенк на официјалната влада на Сирија. Нивниот главен непријател е Слободната сириска армија, група бунтовници кои сакаат Башар ал Асад да се тргне од функцијата претседател.rnrnТрејси била со нив пред да пристигне тенкот и ги фотографирала додека ја расчистувале нивната позиција. На фотографиите се гледа како бунтовниците се шегуваат и се смеат. По некое време добиле информација дека во близина има тенк. Брзо се упатиле кон нивните оружја, кога тенкот испукал. Трејси ја направила фотографијата во моментот пред да бидат погодени. Тројцата бунтовници што стојат напред загинале, а последниот завршил со повреди. Трејси преживеала без повреди.rn3. Енди Грим бил застрелан од шериф
rn
rnrnНа 4-ти септември, 2017-та година, фоторепортерот Енди Грим се упатил кон сообраќаен застој во Охајо и сакал да направи неколку фотографии. Само што го извадил неговиот трипод, кога бил застрелан од шерифот Џејк Шо. Причината била што Џејк помислил дека триподот е пушка.rnrnПрвиот куршум го погодил Енди во градите, а вториот за малку му ги промашил рамото. За среќа, не бил убиен. Иако Енди го тужел шерифот, подоцна додал дека му е јасно дека станувало збор за грешка и дека не сака шерифот да биде избркан од работа.rn4. Марк Лаита се фотографирал додека бил каснат од црна мамба
rn
rnrnЦрната мамба е една од најотровните змии во светот. Со едно каснување може да убие човек за само неколку часа и малкумина го преживеале ова. Фотографот Марк Лаита станал еден од нив кога преживеал каснување во 2012-та година.rnrnВо тој период Марк работел на книга за змии. Патувал низ Централна Америка каде што фотографирал змии чувани од колекционер. Колекционерот ги имал отстрането отровните жлезди кај повеќето змии, но не и кај мамбата. Марк успеал да го фотографира самото каснување. Преживеал, но се соочил со обилно крвавење. Забележал дека ја направил фотографијата дури вечерта кога ги разгледувал другите фотографии.rn5. Џејмс Акена бил натепан од војници од Уганда
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=plPK8gSjSHQrnrnНа 20-ти август 2018-та година, фоторепортерот Џејмс Акена бил нападнат од војници од Уганда бидејќи фотографирал антивладин протест. Видеото е направено од друга личност и јасно се гледа како војниците го удираат Џејмс. Кога личноста што снима е забележана, еден од војниците пука кон него со пушка. Во овој момент видеото завршува, но не изгледа како снимателот да е убиен.rnrnПодоцна од војската на Уганда изјавиле дека одговорните војници ќе бидат дисциплинирани. Сепак, забележано е дека полицијата и офицерите на Уганда често ги тепаат новинарите кои фотографираат антивладини протести, и тоа без последици.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Истражување: Жените кои родиле машко бебе се изложени на поголем ризик од постпородилна депресија
Едно ново истражување покажало дека ризикот за постпородилна депресија е значително повисок кај жените кои родиле машко, за разлика од оние кои родиле женско дете. Сепак, научниците истакнале дека ова не се лоши резултати бидејќи раното идентификување на ризичните фактори, значи подобра поддршка за жените.rnrn
rnrnИстражувачите од Универзитетот Кент во САД откриле дека жените кои родиле машко дете имале 71%-90% поголеми шанси да страдаат од постпородилна депресија. Исто така се открило дека новите мајки имале 174% поголеми шанси да добијат постпородилна депресија ако се соочат со компликации за време на породувањето.rnrnЖените кои или имале претходен проблем со менталното здравје, или се склони кон симптоми на депресија, анксиозност и стрес, поретко се соочувале со постпородилна депресија во случај на компликации. Истражувачите сметаат дека причината е тоа што дополнителната поддршка што им е потребна на овие жени, веќе постоела во нивниот живот, бидејќи е познато дека имаат зголемен ризик.rnrnПостпородилната депресија се јавува кај 1 во 10 жени и се манифестира на разни начини. Овде спаѓаат симптоми како тага, анксиозност, замор, намалена концентрација, неможност за поврзување со детето и изолација. Сепак, ова е болест што може да се излечи.rn„Постпородилната депресија е состојба што може да се избегне и се покажа дека дополнителната помош кај жените со поголем ризик ги намалува шансите за нејзино развивање“, изјавила доктор Сара Џонс, една од авторите на студијата.
rnИстражувањето побарало и можна врска помеѓу полот на бебето и ризикот од постпородилна депресија користејќи ги доказите дека постои поврзаност помеѓу развивање на симптоми на депресија и справувањето на имунитетот со воспаленија.rnrnПознато е дека машките фетуси и компликациите при породувањето ги зголемуваат воспаленијата, но оваа врска не беше многу јасна сè досега. Истражувачите се надеваат дека нивните докази ќе помогнат да се откријат и нови ризични фактори во иднина.rnrnЗасега, тие ја нагласуваат важноста дека овие два фактора – бременост со машко дете и компликации при породување, го зголемуваат ризикот од постпородилна депресија, но се лесни за идентификување. Со ова може навреме да се реагира кај жените на кои им е потребна помош.rnrnДознајте дали и татковците можат да страдаат од постпородилна депресија.
-

Научниците открија дека ранобудничките имаат помали шанси да добијат рак на дојка
Имаме одлични вести за жените што сакаат да се будат рано наутро. Едно истражување покажало дека жените кои се чувствуваат „најбудно“ претпладне имаат 40% помали шанси да развијат рак на дојката за разлика од жените кои се будат подоцна.rnrn
rnrnНаучниците од Универзитетот Бристол во Велика Британија откриле дека нешто толку едноставно како вашиот внатрешен часовник може да има голема улога во тоа дали ќе бидете или нема да бидете дијагностицирани со рак. Тимот ги презентирал нивните откритија на Конференцијата за рак во Глазгов, Шкотска.rnrnСекој од нас има циркадиски ритам кој е уникатен. Тој следи циклус од отприлика 24 часа и може да се менува во текот на животот. На пример, децата од основно обично се ранобудни, додека тинејџерите најчесто се ноќни птици. Додека да станеме возрасни, овој ритам се стабилизира и најчесто се наоѓа помеѓу двата екстреми.rnrnНеодамна истражувањата покажале дека циркадискиот ритам има влијание на многу нешта – од навиките за одолговлекување и пиење, па сè до способноста за играње бејзбол. Додека утринските луѓе имаат предност кога станува збор за здравјето, и најверојатно среќата, ноќните птици обично се попаметни, покреативни и подобри љубовници.rnrnОва ново истражување открило нова предност од раното будење – намален ризик од рак на дојката. Тимот користел генетски варијанти поврзани со потенцијални ризични фактори, во овој случај циркадискиот систем, за да одреди дали има некаква поврзаност помеѓу ризичниот фактор и одредена болест, како рак на дојката. Користењето генетски варијанти ја прави техниката поверодостојна за разлика од другите методи на набљудување.rnrnИма вкупно 341 варијанта поврзана со циркадискиот систем и не биле анализирани други ризични фактори, како на пример дебелината. Биле користени ДНК примероци од над 220.000 жени за истражувањето од Конзорциумот на здружението за рак на дојката, а во проектот на Биобанката на Велика Британија учествувале 180.000 жени.rnrnВо истражувањето на Конзорциумот, примероците покажале дека ранобудните имаат 40% помал ризик да развијат рак на дојката. Покрај тоа секој дополнителен час спиење што ги надминува препорачаните 8, наводно го зголемува ризикот за 20%.rnrnПримероците од Биобанката не нашле поврзаност помеѓу траењето на спиењето и ризикот од рак на дојката, но и тие потврдиле дека кај ранобудните жени ризикот е помал. Во период од 8 години, околу две од сто жени ноќни птици биле дијагностицирани со рак на дојката. Кај ранобудните жени односот бил една во сто.rnrnЗасега истражувањето чека научна евалвација, но ако ја помине, ни нуди цврсти докази кои го поврзуваат телесниот часовник со ризикот од рак на дојката. Сепак, нема објаснување зошто воопшто постои оваа поврзаност и не се знае дали е поради генетика или животен стил.rn„Сакаме дополнително да ги истражуваме механизмите зад овие резултати бидејќи се засновани на прашања поврзани со тоа дали се преферира утрото или вечерта, наместо тоа дали личноста се буди порано или подоцна“, изјавила Ребека Ричмонд која била дел од истражувањето.
rnПогледнете и кои се скриените симптоми на рак на дојката што не смеете да ги игнорирате.
-

Еднаш се живее: Неколку луѓе ја откриваат најлудата одлука што некогаш ја донеле
Многу е возбудливо кога ќе решите да се ослободите од сите ваши ограничувања и да направите нешто лудо. Понекогаш овие ризици и авантури се претвораат во прекрасно искуство, а некогаш завршуваат со урнебесна приказна. Прочитајте која е најлудата одлука на овие неколку луѓе што на крајот ги вовлекла во незгодна ситуација…rnrn
rnНесуден талент
rn
„Решив да се пријавам на аудиција за мјузикл на факултет, иако немав никакво музичко и театарско искуство. Изгубив облог и сето тоа требаше да биде смешно. Си реков дека само ќе се појавам, ќе направам будала од себе и ќе им ја раскажам смешната приказна на пријателите. Испадна дека театарската програма одржува отворени аудиции каде што секој може да дојде во театар и да гледа. Станувало збор за огромен настан што се случувал 2 пати во семестар, ама никогаш не се интересирав за театарската програма, па затоа не знаев за ова. Се појавив во преполна сала, а не можев да се откажам, бидејќи сите мои пријатели беа таму и морав да ја пеам песната ’Memory’ од ’Мачки’ (нивен избор). Тоа беше најболното и најсрамното искуство во мојот живот. Сите во театарот молчеа. Дури и моите пријатели беа засрамени. Сега ми е смешно, ама бев премногу засрамен пред 9 години.“ – Боби, 29
rn
Не прифаќајте алкохол од непознати!
rn
„Кога студирав во Италија, стекнав мала група пријатели кои сакаа да излегуваат и да се забавуваат што е можно повеќе. Сите пиевме по цело шише вино за да не мораме да плаќаме за пијачки, бидејќи сите бевме ’стиснати’ и одевме од клуб во клуб. Една вечер се враќавме дома пијани и еден дечко се појави од нигде никаде и нѐ праша дали сакаме бесплатен алкохол. Сега знам дека тоа звучи сомнително, и дефинитивно беше, ама тогаш сите се израдувавме и ја прифативме понудата. Нѐ носеше низ еден куп испревртени улички и на крајот завршивме во нешто што изгледаше како клуб, ама беше целосно празен. Нѐ однесе долу во подрум, каде што владееше мртва темница, освен неколкуте снопови светлина и ни извади шише просеко. Буквално бевме единствените луѓе во целото место, покрај диџејот.rnrnОдеднаш, од нигде никаде, се појавија неколку луѓе со шишиња со неонска боја и почнаа да викаат нешто на италијански. Никој од нас не го познаваше добро јазикот, а и музиката беше премногу гласна, па затоа само кимнувавме со главата. Луѓето почнаа да нѐ прскаат со боја, да ни ја размачкуваат по лицата, рацете и облеката и потоа се обидоа да танцуваат со нас. Беше многу бизарно! На крајот, си ги довршивме пијачки и излеговме што е можно побрзо, бидејќи бевме убедени дека ќе завршиме мртви во некоја уличка и ќе нѐ има по весници. Смешно е тоа што клубот навистина го имаше по весници наредниот ден. Наводно, бил затворен поради огромно избивање на менингитис. Престанавме да земаме бесплатен алкохол од непознати луѓе после ова.“ – Кристина, 23
rn
rnТетоважа за паметење
rn
„Кога имав 21 година и одев на факултет, отидов да посетам една пријателка од детството која учеше во близина. Излегов со неа и нејзиното друштво, цела вечер пиевме и одевме по барови. Додека се враќавме кај неа дома во 3 часот наутро, поминавме покрај тату студио и еден од нејзините другари рече ’Јас работам тука, ајде да влеземе!’. Испадна дека тој бил рецепционер, а не тату артист. Но, еднаш се живее, па така сите завршивме со тетоважи во форма на срце на нашите стапала.“ – Марија, 27
rn
Љубов на прв лет (или сепак не)
rn
„Еднаш летав со ужасен авион и ги доживеав најлошите можни турбуленции. Единствената добра страна беше тоа што седев до многу привлечен маж. Во нормални услови, никогаш не би започнала разговор, но бидејќи бев многу исплашена, си реков ’Зошто да не, сега имаме за што да разговараме’, па му кажав дека мразам турбуленции и така почнавме да зборуваме и да се смееме. Навистина ни тргна муабетот, но на крајот мене ми стана лошо и морав да повратам. Проблемот беше во тоа што не ни дозволуваа да станеме од седиштата. Па така, морав да ја извлечам кесата за повраќање од неговото седиште (моето немаше) и да си ги истурам цревата цели 2 минути, додека тој само седеше и се обидуваше да не поврати. Но, ми го зема бројот и сега сме заедно! Се шегувам, не ми прозбори остатокот од летот.“ – Мими, 26
rn
rnАвантурист во душа
rn
„Сакав да импресионирам една девојка од факултет. Сите нејзини поранешни момчиња беа авантуристи, па затоа сакав да направам нешто што ќе остави впечаток. Додека бевме на летен распуст, ја поканив да одиме на банџи-скокање. Не во забавен парк, туку на еден вистински мост високо на планините што го организираа неколку студенти по инженерство. Беше високо околу 45 метри и јас скокнав прв, но по скокот, бев толку преплашен што не можев да зборувам. Потоа, таа скокна и беше комплетно рамнодушна. Таа сега е во врска со професионален каскадер, а јас работам во канцеларија. Сепак, останавме пријатели!“ – Дени, 29
rn
Не толку Магичен Мајк
rn
„Јас и моите пријателки за прв пат отидовме на машки стриптиз. Очекувавме нешто во стилот на Магичниот Мајк. Наместо тоа, добивме згодни мажи во разни костими (пожарникар, бизнисмен) кои танцуваа многу кратко и потоа се обидуваа да нѐ убедат да платиме за приватен танц до крајот на вечерта. Воопшто не испадна така како што очекувавме и половата нерамноправност е навистина изразена во оваа област.“ – Катерина, 26
rn
rnМаратонка без кондиција
rn
„Минатата есен решив да трчам полу-маратон иако воопшто не сум во форма. Беше за хуманитарни цели, сите мои пријатели се пријавија, јас само што дипломирав, па затоа сакав да си поставувам нови предизвици. Немам вишок килограми, но никогаш не вежбам и немам кондиција. Знаев дека ќе биде тешко, но не и ужасно. Испадна дека е ужасно. Морав да застанам покрај медицинските шатори 2 пати и тие за малку немаше да ми дозволат да ја довршам трката. Морав да земам 2 слободни дена од работа за да заздравам. Моите пријатели обожаваат да ми се смеат поради тоа и смешно е, ама фала му на Господа што не се случи ништо ужасно. Наравоучение: Маратоните се супер, ама пријавете се само доколку навистина сте се подготвувале за нив!“ – Ана, 23
rn
Екстремно планинарење
rn
„Јас и другарка ми патувавме низ Скандинавија и имавме еден ден во Ставангер, Норвешка. Другарка ми навистина сакаше да се искачи на Прекестулен, а тоа е голема карпа висока 600 метри од каде што има неверојатен поглед, но врнеше и не бевме сигурни дали тоа е добра идеја. Зборувавме со една од вработените и таа нѐ убеди дека луѓето постојано се качуваат на карпата додека врне и дека нема за што да се грижиме. Иако бевме скептични, си рековме ’еднаш се живее’, бидејќи знаевме дека тоа ќе ни биде единствената прилика да ја видиме карпата. Искрено, тоа беше ужасна идеја.rnrnНа половина пат почна да истура и од нигде никаде стана толку ладно што можевме да си го видиме здивот. Другарка ми заборави да ми спомне дека се плаши од височина и ме зграпчи за грб додека се искачувавме по кривите рабови на карпата. Кога конечно стигнавме до Прекестулен 2 часа подоцна, беше толку облачно и магливо што не можевме да видиме ништо, така што ништо од неверојатниот поглед. Кога се симнувавме надолу, се лизнав од работ на карпата, ја изгребав ногата и си ги скинав панталоните, а имавме уште 2 часа одење. Кога конечно стигнавме долу, имаше огромен црвен знак пред патот кој ги предупредуваше луѓето да не се качуваат, затоа што било екстремно опасно и имало луѓе кои го загубиле животот поради тоа што се качувале на вакво време. Бевме толку исцрпени и целата случка беше толку неверојатна, што не можевме да престанеме со смеење додека се враќавме во градот.“ – Михаела, 22
rnДоколку ви се допаднаа овие исповеди, прочитајте и кои се најдобрите животни одлуки што овие луѓе ги донеле.
-

Колку царски реза може да издржи женското тело?
Во многу држави е забележано зголемување на породувањето со царски рез. Па ако планирате да имате бебе, големи се шансите дека ќе се породите со царски рез. Сепак во овој случај, постои околу 90% шанса и вашето следно дете да биде родено со царски рез. Но, колку вакви потфати може да издржи женското тело?rnrn
rnrnНаучниците немаат конкретен одговор, иако веќе покажано е дека колку е поголем бројот на овие операции, толку е поголем ризикот.rn„Обично, 1 или 2 царски реза не го зголемуваат ризикот ни за мајката, ни за детето. Штом жената ќе направи 3 или повеќе царски реза, значително се зголемува ризикот од компликации“, вели доктор Мара Френсис.
rnНо за кои ризици станува збор? Со секој нов царски рез, треба да се внимава на следниве нешта:rn
1. Лузни на матката
rnСекојпат кога имате абдоминална операција ви останува лузна. Колку повеќе лузни има, толку е потешко да се изведе царскиот рез.rn
2. Проблеми со плацентата
rnПонекогаш со неколку царски реза, вашата плацента може да почне да се однесува чудно. Може да биде премногу навлезена во ѕидот на матката, па дури и да го затвори грлото на матката.rn
3. Повреди на мочниот меур
rnОва не е често, но се случува после неколку царски реза.rn
4. Обилно крвавење
rnСо повеќе царски реза се зголемува ризикот од обилно крвавење. Иако ова може да се случи и на првиот царски рез, со зголемување на операциите се зголемува и ризикот.rn
Одлучете пред да дојде време за породување
rnКога одбирате болница, распрашајте се за нивната полиса за царски рез. Сепак таа има најголемо влијание за тоа дали здравата бременост ќе заврши со царски рез. Запомнете дека овие зафати денес се многу побезбедни и навистина спасуваат животи. Иако нема одреден број за операциите кои можете ги поднесете, јасно е дека ризикот значително се зголемува после третиот царски рез.
-

Луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања
Кога брзате и треба да стигнете некаде на време, последното нешто што ви треба е човек кој се влече на улица пред вас. Овие бавни пешаци го попречуваат зафатениот тек на животот, но тие не само што ги нервираат останатите туку и си штетат самите себеси. Имено, најновите истражувања откриле дека луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања.rnrn
rnrnРезултатите од истражувањата покажале дека брзината на вашето одење може да влијае на здравјето на вашето срце и да го зголеми ризикот од прерана смрт. Истражувачите го анализирал одењето на 420.000 луѓе во период од 6 години, како и нивните шанси за прерана смрт. Тие откриле дека кај бавните пешаци постојат од 1,8 до 2,4 пати повеќе шанси да починат од срцево заболување за разлика од брзите пешаци.rnrnМеѓутоа истражувачите веруваат дека ова се должи на активниот животен стил на луѓето кои одат брзо. Според нивните претпоставки, брзите пешаци се физички поактивни и во подобра форма за разлика од бавните пешаци. Поради сето тоа, луѓето кои одат брзо немаат проблеми со висок крвен притисок, прекумерна тежина и пасивен начин на живот, што се најголемите причинители на срцевите заболувања.rnrnДоколку вие сте едни од тие забавени пешаци кои се влечат како целиот свет да застанал, можеби не можете да си помогнете и навистина не сакате да брзате во животот. Но, со оглед на можните ризици што ви се закануваат, најверојатно подобро би било да ги забрзате работите. Никој не вели дека треба да станете маратонци, но постојат голем број секојдневни начини на коишто можете да го „зачините“ вашиот живот со малку движење и активност.rnrnДури и најмалата физичка активност може да ви донесе неверојатни здравствени придобивки. На пример, одбегнувајте ги лифтовите. Ако видите голем број скалила, искористете ја оваа можност за да повежбате малку. Малите нешта како качувањето по скали наместо возењето во лифт може да направат голема разлика во вашиот живот.rnrnОсвен тоа може да правите 10-минутни интензивни вежби секој ден. Без разлика колку сте зафатени, сигурно можете да издвоите 10 минути од вашиот ден и да ги посветите на вашето здравје.rnrnИсто така, ако користите јавен превоз, симнете се неколку станици порано и поодете 10 или 20 минути. Не морате да одите побрзо доколку не сакате, но барем ќе се движите повеќе, а тоа е главната цел.rnrnМотото „Полека, но сигурно“ несомнено ќе ве одведе до крајната цел, но кога се работи за здравјето на вашето срце, навистина би требало да се потрудите малку повеќе за да го направите она што е најдобро за вашето тело.rnrnДоколку сакате да ја зголемите вашата физичка активност, прочитајте со кои спортови најбрзо се слабее.

rnrnПоради тоа, мора да ги барате овие нешта, дури и ако постои голема веројатност да бидете одбиени. Ако ве плаши, тоа е добро. Сите добри нешта се страшни на почетокот. Па, погледнете зошто секогаш треба да ги барате ризичните нешта.rn