КАФЕ ПАУЗА

Tag: ризик

  • 5 причини зошто вреди да преземате повеќе ризици

    5 причини зошто вреди да преземате повеќе ризици

    Ризикот е една од оние работи што се тешки за мерење. Тој е како меч со две сечила: Или ќе доживеете неуспех или ќе го достигнете врвот. Секому му е добро онаму каде што се наоѓа, но доколку не преземете ризици и не излезете од вашата зона на удобност, тогаш како би успеале да се искачите некое скалило погоре? Ризикот во вашиот живот воведува возбуда, нови искуства, а каков и да биде резултатот, тој носи и големи животни лекции. Преземањето ризик со сигурност има придобивки, а еве за кои поточно станува збор.rnrnВреди да ризикувате: 5 причини зошто секој треба да презема ризикrn

    1. Ризикот прави да бидете забележани

    rnПоголем дел од луѓето го следат полесниот пат бидејќи им недостига самодоверба, па не се одлучуваат да се изложат на каков било ризик. Кога преземате ризици, не следите само одредена програма, туку им велите на оние околу вас да го свртат вниманието кон вашите идеи. Бидејќи малкумина навистина преземаат ризик, кога ќе го направите тоа, вие ќе бидете забележани од околината, а кога ќе се случи тоа, ќе можете да имате поголем напредок во работата, а и одредени личности ќе бидат заинтересирани да соработуваат со вас, имајќи ја предвид вашата храброст и смелост.rn

    2. Ризикот креира промени

    rnЛесно е да останете заглавени во секојдневната рутина и да ги следите навиките кои ви биле вметнати со години. Но, доколку сакате нешто да промените во својот живот, треба да направите нешто поразлично. Иако ќе се соочите со неудобност и чувство на непознато, сепак, тоа е единствениот начин за да создадете промени и да видите дали истите ви одговараат. Дури и ако првичниот план не се покаже како ефикасен, тоа ќе ве научи како поинаку да постапувате во иднина, со цел да станете попродуктивни и да си обезбедите посреќен и поисполнет живот.rnrnВреди да ризикувате: 5 причини зошто секој треба да презема ризикrn

    3. Ризикот прави да се чувствувате живи

    rnАко правите работи што им се допаѓаат на оние околу вас и кои се нормални и прифатливи за сите, тогаш кај вас се појавува чувството на задоволство. Но, исто така не треба да се заборави и возбудата која ја носи преземањето ризик и адреналинот кој се јавува кога правите нешто сосема ново, на нов начин. Во иднина можете да станете дури и зависници од адреналин!rn

    4. Ризикот создава повисоки стандарди

    rnКога ќе почнете да преземате ризик и ќе ги видите резултатите кои произлегуваат од него, тогаш во вашиот ум ќе почнат да се создаваат нови стандарди. Веќе нема да бидете задоволни со она што е доволно и ќе знаете дека за да создадете нешто посовршено, треба да се искачите на следното ниво. Тоа ќе ве поттикне да се движите напред и да поставувате и други нови стандарди. Наскоро, новата зона на удобност ќе ви биде онаму каде што ризикот е норма, а брзината со која работите ќе ви стане многу повисока отколку порано.rn

    5. Ризикот ве учи повеќе работи за вас самите

    rnРизикот е израз на вашите сопствени идеи, па затоа тој може да ве научи многу за вас самите. Колку повеќе ги истражувате способностите кои се кријат во вас, толку повеќе ќе бидете свесни за она што се крие внатре.rnrnСе прашувате дали постојат негативни страни на ризикот? Секако дека да, затоа и се вика ризик. Можете да вложите многу работи и да доживеете неуспех. Но, што ако доживеете успех? Придобивките секако се исплатуваат. Помислете на тоа каде сте сега, а и каде сакате да бидете во иднина, па проценете колкав ризик ви е потребно за да стигнете до таму.

  • Русинка прави прекрасни, но ризични фотографии од кои срцето ќе ви сопре

    Русинка прави прекрасни, но ризични фотографии од кои срцето ќе ви сопре

    Запознајте ја Ангела Николау, една од најхрабрите фотографи ширум светот. Таа постојано е во потрага по нови предизвици и авантури, и додека е на овој пат, никогаш не заборава да направи селфи (или да побара некој друг да ја фотографира). Од стоење на работ на облакодер, до лежење покрај покривот на висока зграда, нејзините фотографии се истовремено и прекрасни, но и страшни за гледање. Погледнете!rnrnПредупредување: Не се обидувате да ги рекреирате овие фотографии освен ако не сте искусен планинар, бидејќи е екстремно опасно!rnrnrnrn

  • 7 убедливи причини зошто не треба да објавувате фотографии од вашите деца на Фејсбук

    7 убедливи причини зошто не треба да објавувате фотографии од вашите деца на Фејсбук

    Во ерата на социјалните мрежи многу луѓе се соочуваат со таа неодолива желба да објавуваат фотографии од нивните деца на Фејсбук за да покажат колку се тие слатки, паметни и колку се горди што се родители. Но, малкумина размислуваат дека оваа навидум безопасна активност може да предизвика опасност за нивното семејство. Секојдневно читаме за сексуални напади врз малолетници кои можат да се случат буквално секаде. Живееме во многу опасно време и добро е да се преземат некои мерки на претпазливост за да го заштитите вашето дете и да не го изложувате на дополнителен ризик.rnrn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnЦелта не е да ја нахраниме вашата параноја или да ви го наметнеме мислењето дека никогаш не треба да ги покажувате децата во јавност. Ова се само неколку предлози како да не ги преминете разумните граници на нормалата со вашето однесување на социјалните мрежи. Во продолжение прочитајте кои се тие…rn

    1. Не ја покажувајте вашата локација кога објавувате фотографии

    rn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnБез разлика дали се работи за нивното училиште, сала за вежбање или место каде што се дружат со другарчињата, не е добра идеја да објавувате информации кои откриваат каде е вашето дете и што прави таму. Некој може да ја искористи таа информација за злонамерни цели и да дознае каде може да го најде вашето дете.rn

    2. Не објавувајте фотографии кои откриваат кои се хобијата и интересите на вашето дете

    rn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnАко некој дознае што сака да прави вашето дете, ќе му биде многу полесно да го измами и да го доведе во опасна ситуација, каде и да оди.rn

    3. Избришете ги сите фотографии кои можат да ги откријат официјалните информации за вашето дете

    rn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnМожеби ова ќе ви се чини очигледно, но сите сме виделе луѓе како се фалат со нивната нова виза, пасош или други важни документи кои ги добиле, обично придружено со фотографија. Кога се работи за децата, нивните официјални информации можат многу лесно да бидат искористени за да се дознае каде живеат и учат.rn

    4. Не објавувајте фотографии од вашите деца сликани до автомобил

    rn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnОва повеќе се однесува за безбедноста на родителите отколку на децата. Освен тоа што на потенцијалните криминалци им нудите информации за автомобилот што го поседувате, може да си направите дополнителни проблеми. На пример, родителите на фотографијата погоре завршиле во затвор откако ја објавиле оваа слика на Интернет.rn

    5. Никогаш не објавувајте слики од вашите деца кога се полу голи, без разлика колку слатко и невино ви изгледаат

    rn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnМожеби вам и на вашето семејство ваквите фотографии ви изгледаат смешно и слатко, но замислите си како луѓето со одредени ментални заболувања гледаат на нив. Станува збор за една сосема поинаква перспектива на работите.rn

    6. Не споделувајте фотографии поради кои еден ден вашите деца ќе се чувствуваат засрамено

    rn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnВо многу семејни фото албуми има слики поради кои децата се чувствуваат комплетно омаловажено и засрамено иако тоа воопшто не била намерата на нивните родители. За многумина не постоела можноста да ги покажуваат сликите од нивните бебиња на Интернет. Така што, би требало да водите сметка во овој случај. Мора да го земете предвид фактот дека за вашите деца таквите фотографии можат да се претворат во совршен компромитирачки материјал кој ќе биде искористен за нивно задевање многу години подоцна.rn

    7. Одбегнувајте да објавувате фотографии од вашите деца кога се со други деца

    rn7 убедливи причини зошто не треба да објавувате слики од вашите деца на ФејсбукrnrnПред да објавите училишна фотографија од вашето дете со неговите соученици, размислете дали на родителите на другите деца би им пречело да ја објавите фотографијата или не. Покрај сѐ, тие не се ваши деца, не се грижите вие за нив и не ќе треба вие да се справувате со негативните последици кои можат да произлезат од тоа што нивниот идентитет ќе биде откриен на Интернет.rnrnСекогаш имајте на ум дека кога објавувате фотографии од вашите деца на социјалните мрежи, дури и кога се споделени само со вашите пријатели, тие повеќе не ви припаѓаат само вам и можат да бидат искористени од секој што може да ги види за негови цели. Бидете внимателни и безбедноста на вашите деца секогаш нека ви биде приоритет.

  • Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби

    Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби

    Сите ние по жестоката караница со партнерот додека сè уште размислуваме со вжештена глава, се чувствуваме доволно силни за да кренеме раце од сè и да ја прекинеме врската. Но, веќе наредниот ден се утепуваме од плачење, прелистувајќи ги старите фотографии по 100 пати и пишувајќи толку многу трогателни текстови, што слободно можеме да издадеме роман.rnrnАко сте лути сами на себе што не знаете како да ги контролирате емоциите и што се однесувате како „лудаци“, тоа е сосема нормално. Не сте луди, туку сте едноставно обични луѓе. Нормално е постојано да се премислувате и да не знаете како да постапите. Дури и откако сте прекинале со некој кој направил нешто непростливо и знаете дека ако му дадете втора шанса ќе згрешите, неодлучноста е сепак присутна.rnrnАко некој ве сака, нема да ризикува да ве изгубиrnrnБез оглед на околностите, вие ќе сакате да се сеќавате на убавите моменти и којзнае по кој пат ќе се прашувате „Зошто токму мене ми се случува ова?“. Запаметете дека тоа што сакате работите да се вратат по старо е сосема нормално и тоа е во ред. Големи се шансите дека личноста со која сте биле сè уште претставува важен дел од вашиот живот. Се работи за некој кој никогаш не сте помислиле дека би можел да ве повреди, или, пак, вие да го повредите. Но, работите се менуваат.rnrnИ покрај тоа што ви недостасува блискоста што сте ја имале, тоа не значи дека треба да бидете пак заедно. Раскинувањата не се само донесени одлуки по кои лесно се продолжува понатаму, иако некои луѓе мислат дека така би требало да биде. Потребно е време за да заздравите и ќе поминете низ многу препреки за да стигнете до таму.rnrnАко некој ве сака, нема да ризикува да ве изгубиrnrnАко се решите дека сепак сакате да го преземете тој чекор и дефинитивно да прекинете, размислете што ве довело до оваа помисла. Што направил? Што сте направиле вие? Како реагирал партнерот кога сте му навестиле дека се гледа крајот на вашата врска?rnrnВообичаено, раскинувањата се случуваат затоа што еден од партнерите престанал да се труди. Ако сега тој тврди дека знае каде згрешил и дека ве сака, мора да се потсетите дека ако тој навистина ве сакал онака како што заслужувате да бидете сакани, тогаш воопшто не би ризикувал да ве изгуби.rnrnСекако дека човечки е да се згреши и сигурно знаете да дадете заслужена втора шанса. Но, ако станува збор за нешто што постојано се случува, време е да почнете да ги слушате нивните дела, а не нивните зборови.rnrnАко некој ве сака, нема да ризикува да ве изгубиrnrnСепак решивте да ја оставите врската зад себе и да продолжите понатаму. Немојте да паѓате на нивните зборови. Сега ќе чуете сè што отсекогаш сте посакувале да ви кажат. Но, ако тие се чувствувале така цело време, зошто не го кажале тоа порано? Ако навистина ве сакале, зошто не се однесувале како што треба уште на почетокот?rnrnСамо вие самите знаете што е најдобро за вас и каков е навистина вашиот поранешен партнер. Немојте да давате втора шанса поради погрешни причини. Дадете ја втората шанса само ако сметате дека тие навистина ја заслужуваат, а не затоа што се чувствувате осамено и тажно.

  • Отровни мисли кои ви ја трујат визијата за подобар живот

    Отровни мисли кои ви ја трујат визијата за подобар живот

    Свесно или не, луѓето тежнеат да се демотивираат дури и кога тоа е сосема спротивно на она кое сакаат да го постигнат. Сакајќи да се заштитат, тие се спречуваат себеси во искусување нови нешта. Плашејќи се да излезат од својата сигурна зона, си ја одземаат себеси можноста да научат нешто, да запознаат некого, да доживеат многу повеќе од тоа за кое знаат. Веројатноста е дека кај тие луѓе, некои од следниве мисли се токму оние кои, потсвесно, постојано ги враќаат назад колку и тие да се обидуваат да одат напред.rnrn(4)-otrovni-misli-koi-vi-ja-trujat-vizijata-za-podobar-zhivot-kafepauza.mkrn

    „Веќе е доцна…“

    rnНикогаш не е предоцна за да направите нешто, да го преземете првиот чекор или, пак, да свртите нов лист. Треба само навистина да го сакате тоа, што нема да се случи доколку си кажувате себеси дека е премногу доцна. Ова е само изговор за оние кои се плашат од исходот на нивните реакции, па наместо да се мотивираат себеси, се кријат зад зборови како овие.rn

    „Ех да бев попаметен/попаметна, посилен/посилна, поубав/а…“

    rnПовторно празни изговори кои само ве спречуваат навистина да успеете во она што сте го намислиле. Веројатноста е дека веќе сте го слушнале ова, но факт е дека откако еднаш ќе се решите на нешто, тогаш ништо освен самите вие не може да ве спречи во правење на сè што можете и знаете за да го постигнете тоа. Вие сте попаметни, поубави и посилни многу повеќе од што мислите. Направете чекор напред.rn

    „Тоа што имам да го кажам не е важно.“

    rnВажно е, вашиот глас е важен. Кој и да ви кажува поинаку е човек која не ви е потребен во животот. Особено кога станува збор за вашиот живот, не смеете да дозволите некој друг да ви диктира како да го живеете. Вашиот глас е ваше право и треба да се борите за она што го сакате, мислите и сметате дека е во ред. Во спротивно, сета таа тишина ќе ве изеде однатре.rn

    „Колку помалку преземам ризици, толку помалку ќе се каам.“

    rnВелат дека единствено се чувствуваме живи кога преземаме ризици чиј исход не го знаеме. Иако можеби не би се согласиле 100% со оваа изјава, дали би си дозволиле себеси да пропуштите некоја животна прилика само бидејќи постои веројатност да жалите подоцна? Верувајте, каењето е многу поголемо кога стравот од истото ве спречува да преземете ризик кој може да ви го промени животот.rn

    „Ми треба дозвола.“

    rnОд кого? Дали другите бараат дозвола од вас? Дали некој ве прашува вас пред да направи нешто? Епа зошто тогаш вие би требало да барате нечија дозвола? Кога нешто навистина сакате да направите, направете го тоа. Сè што преголемото двоумење ќе направи е тоа што ќе ја храни несигурноста во вас додека истата не е толку голема што веќе нема да сакате ни да се обидете.rnrn(3)-otrovni-misli-koi-vi-ja-trujat-vizijata-za-podobar-zhivot-kafepauza.mkrn

    „Ќе почнам од утре.“

    rnВеројатноста е дека нема, а објаснувањето е толку едноставно – утре ќе имате друга причина повторно да го одложите тоа за што станува збор. А после некое време веќе и ќе заборавите на него. Затоа започнете денес. Не губете повеќе од вашето драгоцено време и почнете веднаш. Подобар момент од сега нема да постои.rn

    „Само сакам да ми биде удобно.“

    rnВистински убавиот живот е надвор од удобноста на границите кои сте си ги поставиле пред себе. Запознавање нови луѓе, учење нови работи, доживување нови авантури. Сигурно посакувате да ѕирнете што сè се наоѓа таму преку границите, нели? Бидејќи удобното е убаво некое време, но размислете што сè можеби пропуштате додека удобно и на сигурно чекате и гледате како вашиот живот поминува покрај вас. Ризикувајте.rn

    „Болката треба да се одбегнува по секоја цена.“

    rnКако што се среќата и убавите моменти дел од вас, така и болката и тагата играат неверојатно важен дел во градењето на вашата личност, став, мислење, желби и аспирации. Живеењето без болка е невозможно и нелогично и е исто како да се обидувате да откинете дел од себе кој има многу важна улога во вашиот живот. Дозволете си да ја почувствувате болката со цел интензитет, распаднете се на милион парчиња ако е тоа потребно, а потоа почнете да се составувате одново. Само така ќе се чувствувате целосни и само така ќе можете да научите уште некоја животна лекција.rn

    „За сè се тие виновни!“

    rnТој, таа, тие… Сите се виновни освен вас, така? Не грижете се, не сте единствени кои бараат кривица во сите останати освен во себе. Првиот инстинкт ни е секогаш да најдеме каде е грешката на другите, често заборавајќи дека за секоја караница, секој проблем требаат минимум двајца. Но што побрзо согледате што вие грешите и како вие можете да ја подобрите ситуацијата и што помалку се концентрирате на тоа да ги обвинувате другите, толку подобро. Најтешко е да признаете и прифатите дека грешите, но само тогаш кога ќе го направите тоа, ќе можете да бидете подобра личност.rn

    „Во ред е ако прекршиш по некое ветување…“

    rnНо, не е. Ветувањето си е ветување и тоа значи дека треба да си го исполните до крај. Во спротивно која е поентата да ветите некому нешто? Уште повеќе, веројатноста е дека едното прекршено ветување ќе стане 2, па 3, па 4 и така натаму, сè додека не се најдете себеси како си го давате овој изговор за секое ветување. Ова им кажува на луѓето дека сте личност на која не можат да се потпрат, дека сте личност на која не ѝ е важно за нив, што порано или подоцна ќе ве доведе во ситуација во која нема да имате ни вие на кого да се потпрете кога тоа ќе ви биде најпотребно.rnrn(1)-otrovni-misli-koi-vi-ja-trujat-vizijata-za-podobar-zhivot-kafepauza.mkrn

    „И верзија на вистината е прифатлива…“

    rnЛесно е да се убедите себеси дека верзии на вистината се прифатливи, но тешко е да прифатите дека сепак постои само една верзија, онаа вистинската, без додатоци и без одземени делови. Уште потешко е да ја кажете таа вистина, од разни причини, меѓу кои најчестата е дека не сакате да повредите некого. Но верувајте, колку е да е болна, вистината е секогаш подобра кога е во својата вистинска форма. Верувајте дека личноста спроти вас е доволна силна да ја чуе и почитувајте како што и вие би сакале да ве почитуваат вас со целата вистина.rn

    „Ако ја игнорирам својата лоша страна, таа ќе исчезне.“

    rnБаш напротив – ќе ве удри со неверојатна сила токму тогаш кога најмалку очекувате. Никој не сака да биде игнориран, па така ни вашата лоша страна. Сите оние лоши навики, мисли, однесувања кои мислите дека е подобро да ги тргнете на страна ќе се вратат само посилни од кога било, решени да ве обземат. Затоа, наместо да ги потиснувате, соочете се со нив и работете на себе. Прифатете ги дека постојат бидејќи само така ќе можете да ги менаџирате во сопствена корист, да ги свртите на подобро и вешто да ги контролирате.rn

    „Едноставно има премногу препреки на патот.“

    rnПрепреките можат да ве сопрат или да ве забрзаат, а сè зависи само од вас. Ако решите да ги гледате како знак за стоп, тогаш никогаш нема да отидете подалеку од идејата која ја имате во глава, но ако ги погледнете како предизвик, тогаш ќе излезете како победник дури и ако не успеете во тоа што сте го замислиле. Ако се прашувате зошто, тогаш одговорот ќе го најдете во следните два збора: Се обидовте. Кој знае, следниот пат можеби ќе успеете.rn

    „Премногу изгубив за да продолжам да се обидувам.“

    rnСекој крај е нов почеток и секој пораз е само нова шанса за победа. Сè во животот е искуство кое или може да ве изгради во подобра личност или да ве кутне на земја, одземајќи ви ја силата повторно да се исправите на нозе. Изборот е ваш, но имајте на ум дека многу повеќе губите кога воопшто не се ни обидувате бидејќи така не си ни давате шанса за нешто повеќе.rn

    „Само сакам денов да заврши што побрзо.“

    rnИскористете го секој ден до максимум, извлечете од него сè што можете и легнете во кревет секоја вечер знаејќи дека тој ден бил сè што можел да биде. Не трошете минути, часови, денови залудно бидејќи тоа време нема никогаш да можете да го вратите назад. Бидете сè што можете да бидете, бидете и повеќе, искусете ги сите авантури и згазете ги сите препреки, доживејте ја целата радост и почувствувајте ја целата болка, живејте го секој ден како да ви е последен.

  • Како секој хороскопски знак се справува со преземањето ризик?

    Како секој хороскопски знак се справува со преземањето ризик?

    Во животот понекогаш се соочуваме со ситуации кои бараат да ја покажеме нашата храброст и бестрашност, но и онакви ситуации каде најдоброто решение ни изгледа како да е бегањето од проблемите. Изборите и одлуките кои ги носиме се должат на нашиот карактер и природа, па затоа карактеристиките на хороскопските знаци во кои сме родени можат многу да ни кажат за нашата склоност кон ризиците или желбата да го избереме безбедниот пат. Во продолжение прочитајте како секој хороскопски знак ги доживува ризичните ситуации.rnrnКако секој хороскопски знак ги доживува опасните ситуации?rn

    Овен

    rnСо Овните владее Марс, планетата на акцијата и храброста, па затоа и луѓето родени во овој знак не знаат што е страв. Секој ризик за нив претставува нов предизвик, додека опасните ситуации во кои се наоѓаат само ја зголемуваат нивната самодоверба.rn

    Бик

    rnПрипадниците на овој знак обично се држат настрана од опасностите и ризиците и ги избегнуваат стресните ситуации. Најважната работа за нив е да уживаат во тоа што го сакаат, бидејќи нивниот владетел е Венера.rn

    Близнаци

    rnИако ги сакаат предизвиците, тие сепак можат да предвидат што може да се случи доколку западнат во една опасна ситуација и дали вреди да се ризикува или не. Со Близнаците владее Меркур, планетата на логиката.rn

    Рак

    rnРаковите се упорни и храбри, но ризикувањето не е нивната силна страна. Вниманието е мајката на мудроста, па затоа тие ги избегнуваат непотребните ризици и безобѕирни ситуации. Со нив владее месечината.rn

    Лав

    rnЛавот е еден од најхрабрите знаци со кои владее Сонцето, симболот на успехот. Тие се подготвени да го свртат целиот свет наопаку за да си ја постигнат целта. Луѓето не треба да ги имаат за непријатели.rn

    Девица

    rnДевиците ќе ризикуваат само кога знаат дека со тоа ќе исполнат некоја нивна цел. Како и со Близнаците, така и со нив владее Меркур, планетата на интелигенцијата и логиката, па тие мудро и внимателно ги избегнуваат ризичните ситуации.rn

    Вага

    rnТие веруваат дека е попаметно доколку ги избегнат ризиците, наместо да ги преземат. Не ги сакаат конфликтите, аргументите и скандалите и го користат своето заострено чувство за правда и дипломатија за да ја избегнат опасноста.rn

    Скорпија

    rnСо храбрите припадници на овој знак владеат Плутон и Марс, планетите на моќта и силата. Скорпиите ги обожаваат предизвиците и ризиците, и опасноста постои само за нив.rn

    Стрелец

    rnИако понекогаш премногу ризикуваат, тие брзо застануваат пак на нозе и повторно се подготвени да се соочат со новите предизвици. Тие не се плашат од промената и сѐ што е ново за нив е и возбудливо.rn

    Јарец

    rnТие не се плашат од опасноста, но избегнуваат да ризикуваат бидејќи со нивниот знак владее Сатурн – планетата на мудроста. Јарците веруваат дека секој треба да се бори за себе, без оглед на потенцијалните опасности и стресни ситуации.rn

    Водолија

    rnСо Водолиите владеат две планети – Сатурн, планетата на мудроста и Уран, планетата на промената. Затоа тие понекогаш ги сакаат ризиците и опасните ситуации кои ги забавуваат, но внимаваат бидејќи знаат дека некогаш можат да западнат во вистинска опасност.rn

    Риби

    rnСо Рибите владее Нептун, планетата на страста. Кога се соочуваат со опасните ситуации, Рибите, иако навидум изгледаат храбро и самоуверено, тие сепак претходно детално и внимателно ја анализираат ситуацијата пред да се впуштат во некаков ризик.

  • 6 знаци дека се движите кон срцев удар

    6 знаци дека се движите кон срцев удар

    Живееме во брз свет, каде што ретко кога имаме време да се наспиеме, а уште помалку да обрнеме повеќе внимание на нашето здравје. Но, тоа мора веднаш да се смени, бидејќи едноставно не вреди да го ризикуваме нашиот живот. Доколку се пронаоѓате во следниве знаци, тогаш без сомнение треба да размислите за начинот на кој го водите вашиот живот и да почнете да правите промени уште денес, доколку сакате да се заштитите од сигурниот срцев удар кој следува во вашата иднина.rnrn6 знаци дека се движите кон срцев ударrn

    1. Се разлутувате дури и за најмалите нешта

    rnИмате тенденција да се претворите во Халк кога сте лути? Овие огнени емоции можат драстично да го зголемат вашиот ризик за срцев удар. Истражувачите од Универзитетот во Австралија тестирале 313 пациенти кои доживеале срцев удар веднаш по силно разлутување. Тие откриле дека пациентите имале 8,5 пати поголема шанса да доживеат срцев удар во 2-та часа кои следуваат по разлутувањето. Колку повеќе сте лути, толку поголеми се шансите за срцевиот удар.rn

    2. Поголемиот дел од времето го поминувате пред екран

    rnДа, тоа ја вклучува и вашата работа на компјутер. Една студија од Универзитетот во Лондон ни покажува дека луѓето кои гледаат телевизија или работат на компјутер 4 или повеќе часа секојдневно, имаат 125% поголем ризик од развивање кардиоваскуларна болест, како срцевиот удар. Долгите периоди поминати во седење ги трошат резервите на липопротеинската липаза во телото, ензим кој ја согорува маста и спречува затнување на артериите. Доколку го поминувате поголемиот дел од денот заглавени зад маса, обидувајте се на секои 20 минути да правите кратка прошетка или пак, почнете да работите на висока маса крај која потребно е да стоите. Вие можете да согорите и 30% повеќе калории кога стоите, отколку кога седите.rn

    3. Спиете помалку од 6 часа секоја вечер

    rnМногу возрасни личности се обидуваат да ги достигнат препорачаните 7 до 9 часа сон секоја вечер, но постојаното намалување на овие граници може да биде смртоносно. Една студија објавена во „Scandinavian Journal of Work, Environment & Health“ открила дека мажите во Јапонија кои спиеле помалку 6 часа во текот на вечерта имале и до 5 пати поголема шанса да доживеат срцев удар од оние кои спиеле 7 до 9 часа. Уште една студија објавена во медицинското училиште Јичи во Точиги, Јапонија, покажува дека истиот ризик се случува и кај жените кои спијат помалку од 6 часа секоја вечер.rn

    4. Живеете во област со многу смог

    rnСмогот е исто толку лош за вашето срце, колку што е и за вашите бели дробови. Истражувачите користеле редовни мерења на загаденоста на воздухот во Јужен Бостон со цел да детерминираат колкава изложеност на штетните материи влијае врз пациентите кои доживеале срцев удар. Тие откриле дека изложеноста на висока концентрација загаден воздух може да го зголеми ризикот за срцев удар и до 48% во 2-та часа пред пациентите да почнат да ги чувствуваат првите симптоми. Ризикот се зголемувал и до 69% кога луѓето се изложуваат на високо ниво загадување на воздухот за 24-те часа пред појавата на симптомите.rn

    5. Разведени сте

    rnРазводот може навистина да предизвика болка во срцето. Истражувачите од училиштето за медицина во склоп на Универзитетот Дјук спровеле 18-годишна студија која вклучувала скоро 16.000 мажи и жени помеѓу 45 и 80 години кои барем еднаш биле во брак. На секои 2 години, истражувачите го проценувале нивниот брачен статус, како и општото здравје. Разведените жени имале 25% поголема шанса да доживеат срцев удар отколку оние кои останале во бракот. Жените кои имале 2 или повеќе разводи, имале и 77% поголема шанса да страдаат од срцев удар. Што се однесува до мажите, ризикот останал ист, без разлика дали биле во брак или разведени за прв пат. Но, ако постојат 2 или повеќе развода, шансите за срцев удар се зголемуваат на 30%.rn

    6. Живеете во област со екстремни температури

    rnСтудиите ни покажуваат дека и екстремното ладно и екстремното топло може да ги изложи луѓето на ризик од срцев удар. Со помош на податоците од една студија која истражувала срцеви удари во Ворчестер, Масачусетс, научниците откриле дека температурата пониска од -8 степени Целзиусови, може да го зголеми ризикот и за 36% во 2-та дена пред појава на првите симптоми за срцев удар. Од друга страна пак, британските истражувачи откриле дека откако температурата ќе достигне 20 степени, со секое наредно нејзино зголемување, се зголемува и ризикот за срцев удар.

  • 5-те најизразени карактеристики на психопатите од реалниот живот

    5-те најизразени карактеристики на психопатите од реалниот живот

    Верувале или не, веројатноста дека веќе сте запознале психопат во својот живот е огромна. Иако во филмовите сите се претставени како сериски убијци, во реалниот живот не е така. Но, сите оние останати карактеристики се тука. Тие се фини, љубезни и прават да се чувствувате убаво и сигурно. И тоа што не го гледате е дека сè е манипулација на неверојатно високо ниво.rnrn(3)-5-najizrazeni-krakteristiki-na-psihopatite-od-realniot-zhivot-kafepauzarnrnИстражувања покажуваат дека 1% од светската популација се психопати или потенцијални психопати и тоа поголемиот дел од нив се мажи. Иако звучи како болест, сепак станува збор за антисоцијално нарушување на личноста предизвикано од различни фактори. Неверојатно е тешко да забележите дека си имате работа со психопат, но можеби следниве 5 изразени показатели ќе ви помогнат во тоа.rn

    1. Тие лесно шармираат

    rnНикој нема да направи да се чувствувате добро и убаво како што тоа може да го направи психопатот. Тој ќе ве шармира и придобие, ќе ве насмее и ќе биде добар и фин. Сето ова прави да е скоро невозможно да забележите дали е некој психопат или не. Без разлика на фактот што немаат никакви чувства, способни се да ја стават на себе маската на харизмата и да ја придобијат секоја личност во собата.rn

    2. Тие не се каат за ништо

    rnНе само што нема да се покаат за ништо, туку веројатноста е дека после тоа што го направиле некому да следи и коментар од типот на „го заслужи тоа”. Тие се способни да навредат, повредат, манипулираат, излажат и намамат секого, притоа не чувствувајќи ни трошка вина или жал. Ова е еден од највпечатливите показатели дека си имате работа со психопат, иако ништо друго не укажува на тоа.rnrn(1)-5-najizrazeni-krakteristiki-na-psihopatite-od-realniot-zhivot-kafepauza.mkrn

    3. Тие се арогантни

    rnПсихопатите имаат зголемено чувство на важност. Исто како и нарцистите, тие сметаат дека вообичаените правила не важат и за нив. Тие исто така имаат и огромни идеи за нивниот потенцијал. Едноставно веруваат дека заслужуваат да имаат повисоки работни позиции од останатите или пак, убедени се дека најдобри во сè што прават. rn

    4. Ги привлекуваат ризични ситуации

    rnШто е повозбудливо и попривлечно за психопат од премногу ризична ситуација? Одговорот е ништо. Преземањето ризици им дава чувство на живост, а кога притоа навлекуваат со себе уште некој кого вешто ќе го манипулираат, тогаш возбудата им е уште поголема. Психопатите не се грижат ни за својата, ниту за туѓата безбедност. Тие се хранат од другите луѓе, лажејќи, манипулирајќи, крадејќи. Фактот дека се премногу интелигентни им овозможува доста добро да ги испланираат своите постапки, но притоа воопшто не грижејќи за останатите луѓе околу нив.rn

    5. Тие се природни манипулатори

    rnДефинитивно најсилната, но истовремено и најскриената карактеристика на психопатите е тоа што тие се способни да манипулираат со вас без вие воопшто да сте свесни за тоа. Тие самите немаат типични чувства, но токму затоа се неверојатно способни да ги прочитаат останатите во само неколку минути и истовремено да го приспособат своето однесување на нивното, притоа целосно играјќи само за своја корист. Она што вас ви делува како грижлива личност е всушност некој кој само си поигрува со вас.

  • Душевни болести: 4 хороскопски знаци кои се во најголема опасност

    Душевни болести: 4 хороскопски знаци кои се во најголема опасност

    Психозите се психолошки нарушувања кои постојат од кога постои и човекот. Низ историјата се толкувани на различни начини: дека болните се опседнати со некоја натчовечка сила или од ѓаволот, дека се последица на некој грев или дека се предизвикани од лошото однесување.rnrnДушевни болести: 4 хороскопски знаци кои се во најголема опасностrnrnСепак, секој од нас може психички да се разболи во зависност од животните подеми или падови. Психозата на болните не им дозволува реално да гледаат на себеси, како и на општеството и често ги менуваат своите мислења, чувства и однесувања. Промените некогаш почнуваат одеднаш, но најчесто се случуваат постепено. Еве кои хороскопски знаци се во најголема опасност.rn

    Овен

    rnНајслаби делови од организмот кај припадниците на овој знак се главата, мозокот, очите, носот, вилицата, крвотокот, срцето, бубрезите и половите органи. Овните неконтролирано ја трошат енергијата, подложни се на повреди, инфекции, акутни заболувања кои се придружени со висока температура и нарушувања во крвната слика.rnrnЗа овие луѓе карактеристично е што поради стрес и долготрајна нервоза лесно ја губат косата. Овните треба да избегнуваат мрсна храна и силни зачини, а при лекувањето да користат природни лекови, треви и чаеви. Побрзо заздравуваат во природа, на чист воздух, покрај море или езеро.rn

    Близнаци

    rnНајзагрозени делови од организмот кај припадниците на овој знак се рамената, рацете, прстите, белите дробови, клучната коска, нервите, а секундарно жлездите и мозокот. Близнаците често заболуваат од бронхитис, астма, различни невролошки заболувања, менингитис и воспалување на жолчката.rnrnТие се плашат и од најмалите предзнаци на болеста, што ја влошува состојбата и често доведува до хипохондрија. Во исхраната не треба посебно да внимаваат на количината која ја внесуваат, како и на квалитетот, само треба да воведат повеќе ред во неа, да не прескокнуваат оброци или да престанат да јадат помеѓу два оброци.rn

    Рак

    rnРаковите се родени гурмани, па затоа нивните дигестивни органи и желудникот често им се изложени на опасност. Имаат и осетливи бели дробови, ребра и црн дроб. Силно влијание врз Раковите има околината, а уште повеќе емоциите, па лесно заболуваат од болести кои се карактеристични за поднебјето во кое живеат.rnrnСклони се на реума, тумори, гастритис, депресија и хистерија, како и на сите наследни болести. Во исхраната треба да намалат со внесување скроб, маснотии, благо и чоколади, а покрај овошјето, најдобро е храната да ја консумираат термички обработена. Најдобро заздравуваат на планина, опкружени од нивните најмили. Добро ги прифаќаат сите начини на лекување.rn

    Водолија

    rnНа Водолиите осетливи делови им се глуждовите и зглобовите на нозете, мозокот, срцето, крвотокот, лимфните јазли, нервите и дишните патишта. Карактеристични болести за нив се сите оние кои се поврзани со нарушувања во крвните садови, анемија, лошо врзување на кислородот во крвта, мигрена, кожни болести, невралгии, нервни и психички болести и карциноми. Исхраната мора да им биде поквалитетна, со повеќе внесување месо, витамини, минерали, а оброците да им бидат поредовни.rnrnДобро реагираат на природните лекови и хомеопатското лекување. За време на заздравувањето не би требало да се изложуваат на големи температурни промени, напор, па дури и прошетките можат лошо да дејствуваат. За Водолиите најважен е одморот и добриот сон.

  • 5 митови за успехот во кои не треба слепо да веруваме

    5 митови за успехот во кои не треба слепо да веруваме

    Секој сака да постигне добри резултати во својот живот и да доживее еден личен напредок и на професионален и на приватен план. Но, успехот не значи дека треба да ризикуваме сѐ во животот и да чекаме последиците да ни го одредат патот. Во продолжение прочитајте ги 5-те митови за успехот во кои не треба слепо да се верува и кои можат само да нѐ одвојат од реалноста.rnrn5 митови за успехот во кои не треба слепо да верувамеrn

    1. Секој ризик е добар ризик

    rnОвде не станува збор за тоа дека не треба воопшто да ризикуваме доколку ни се укаже некоја добра прилика, туку дека не треба по секоја цена да го правиме тоа. Професорот по психологија и авторот на книгата „Како неконформистите го движат светот“, Адам Грант, вели:rn

    „Често најуспешните луѓе се оние кои се најмалку подготвени да ризикуваат. За да успеете понекогаш не треба да ризикувате, туку доволно е секојдневно да пробувате нешто ново. Ако ви се укаже шанса да започнете свој бизнис, тоа не значи дека треба да ја напуштите моменталната работа или факултетот, туку да се потрудите паралелно да играте на двата фронта“, објаснува д-р Грант кој додава и дека според нивните истражувања, дури 33% од младите бизнисмени започнуваат на овој начин.

    rn

    2. Верувајте им на своите инстинкти

    rnНе треба да го земаме ова тврдење здраво за готово бидејќи понекогаш и инстинктот може да нè излаже.rn

    „Интуицијата не е нешто што сега се појавило, туку станува збор за нашата несвесност која ги препознава обрасците на искуството. Ако лошо ја направам некоја работа 4 пати, тогаш 5-от пат ќе ми се појави некоја мачнина дека тоа не треба да го правам. Сепак, со оглед на тоа дека сѐ е во постојано движење, работите кои вчера биле важни денес можеби нема да бидат“, вели д-р Грант додавајќи дека не треба секогаш да се ослонуваме на инстинктот, туку консултацијата дури и со оние луѓе кои постојано нѐ критикуваат е најдобриот совет на патот кон успехот.

    rn

    3. Не одложувајте ги обврските

    rnНиту ова правило не треба да го следиме слепо ако сакаме да успееме. Овде станува збор за тоа дека на почетокот на секоја работа или проект на кој работиме, секогаш ќе смислуваме некои вообичаени и веќе видени идеи. Колку подолго работиме на еден проект толку повеќе нашата првобитна идеја ќе се развива и на крајот ќе успееме да смислиме нешто сосема ново, оригинално и многу подобро од она на кое најпрвин сме помислиле.rn

    4. Подобро ќе напредувате ако се сложувате со шефот

    rnСигурно е пријатно да работиме со некој кој ги дели истите убедувања и кој е пријателски настроен, но не и доколку сакате да напредувате на работата. Многу е подобро да работите за некој кој има високи стандарди и кој е склон на конструктивни критики, отколку за некој кому сѐ што ќе изработите му се допаѓа.rn

    5. Изберете го она во коешто сте најдобри

    rnНа разговорот за работа, луѓето често претеруваат во наведувањето на работите кои знаат да ги прават. Тоа не значи дека не треба да се усовршуваме и да бидеме разновидни, туку дека не треба да направиме сѐ одеднаш. Потребно е да избереме еден став со кој најдобро знаеме да располагаме и да се фокусираме на него, бидејќи само така успехот ќе биде гарантиран. Мултитаскингот ќе си дојде со времето.