КАФЕ ПАУЗА

Tag: рецепти

  • Изненадете ги вашите најблиски со овие 3 брзи десерти во форма на елка!

    Изненадете ги вашите најблиски со овие 3 брзи десерти во форма на елка!

    Доколку сакате вашата празнична трпеза оваа година да биде уникатна и неодолива, треба само да одвоите мал дел од вашето слободно време. Заборавете на класичните десерти и подгответе вистинско хедонистичко задоволство за вашите најблиски. Без разлика дали ќе се одлучите за вкусни мафини, прекрасна торта или пуслици што се топат во уста, овие креативни идеи во форма на новогодишни елки сигурно ќе ги воодушеват вашите гости како со изгледот така и со вкусот…rn

    1. Неодолива торта

    rnИзненадете ги вашите најблиски со овие 3 брзи десерти во форма на елка!rnrnПодгответе ја вашата омилена, лесна торта, но направете ја тркалезна. Пресечете ги краевите и направете триаголници, а во средина ставете чоколадно стапче, така што секое парче ќе личи на мала елка. Засечете го секое парче на краевите за да добие форма на елка и украсете го со шарени бонбони. Уживајте во овие вкусни празнични дрвца!rn

    2. Празнични мафини

    rnИзненадете ги вашите најблиски со овие 3 брзи десерти во форма на елка!rnrnИзмесете тесто за вашите омилени слатки мафини и испечете ги. Ставете ги во златни или црвени корпички за да бидат во духот на празниците. Изматете шлаг, додадете зелена прехранбена боја и со помош на шприц направете елкички како на фотографијата. Украсете ги со ситни бонбони и ставете ѕвезда на врвот што може да се јаде. Сите ваши гости ќе бидат воодушевени!rn

    3. Пуслици во форма на елка

    rnИзненадете ги вашите најблиски со овие 3 брзи десерти во форма на елка!rnrnИзматете 2 белки со 150 грама шеќер и додадете лажичка лимонов сок. Матете ги белките додека не добиете пена, а шеќерот додавајте го постепено. Кога ќе добиете цврст снег, додадете лимонов сок и продолжете со матење. Додадете прехранбена зелена боја и со помош на шприц формирајте елки. Ставете ги пуслиците во рерна околу 60 минути на 130 степени Целзиусови. Кога ќе се испечат, наросете ги со малку шеќер во прав за да изгледаат како да се покриени со снег, а на врвот ставете украсна снегулка или ѕвездичка.rnrnДоколку сте расположени за нешто уште послатко, подгответе ги и овие 3 чоколадни празнични десерти.

  • 3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените денови

    3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените денови

    Ако сте како нас, тогаш сигурно зимата ве натерала да пиете позачинети кафиња за да се стоплите за време на студените денови и ноќи. Но не грижете се, не сме единствени! Според науката, сите ние се чувствуваме погладно за време на зимата и однатре нешто нè тера да се снабдиме со повеќе калории. Па, за да ви помогнеме да ги задоволите вашите потреби, ви подготвивме листа од богати, вкусни рецепти за кафиња што се едноставни за правење…rn

    1. Црно кафе со цимет

    rn(2) 3-zimski-recepti-za-kafinja-shto-kje-ve-stoplat-za-vreme-na-studenite-denovirn

    Ова е најлесниот начин да го зачините вашето утринско кафе, без многу труд.

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежо подготвено црно кафе
    • rn011

    • Стапче цимет
    • rn011

    • Шеќер и шлаг пена, по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го стапчето цимет во ѓезвето додека го подготвувате кафето. Оставете го да отстои 10-тина минути, со цел да го впие вкусот на циметот. Сипете во омилената шолја, по желба додајте шеќер и шлаг пена и уживајте во богатиот вкус.rn

    2. Макијато со лешници

    rn(3) 3-zimski-recepti-za-kafinja-shto-kje-ve-stoplat-za-vreme-na-studenite-denovirn

    Ако сакате силно кафе, тогаш ова е најдобриот избор за вас!

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • Млечна пена
    • rn011

    • Сируп од лешници
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНа веќе подготвено макијато, додајте една лажица сируп од лешници и добро измешајте. За викендите, слободно искористете и ликер од лешници. Вкусот ќе биде незаборавен!rn

    3. Лате со карамела

    rn(4) 3-zimski-recepti-za-kafinja-shto-kje-ve-stoplat-za-vreme-na-studenite-denovirn

    Доколку сакате побогат вкус, ве советуваме да го пробате овој рецепт со карамела!

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Свежо подготвено еспресо
    • rn011

    • Млечна пена
    • rn011

    • Карамела
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПодгответе го еспресото на вообичаениот начин, а потоа сипете една лажица карамела. Препуштете се на благиот вкус што ќе ве загрее однатре!rn

    Дополнителни совети за подготовка:

    rn3 зимски рецепти за кафиња што ќе ве стоплат за време на студените деновиrnrnТопло кафе – ако вашиот кофеински пијалак пребрзо се лади, тогаш слободно однапред загрејте ја шолјата, уште пред да го сипете кафето во неа. Ова е одличен начин да го задржите подолго време топло за да уживате во неговиот вкус до последната голтка.rnrnМлечна пена – ако немате електрична направа за пареа или не знаете како да го користите додатокот за пареа на вашиот кафемат, не грижете се. Еден од најлесните начини да добиете цврста млечна пена е тенџерето. Едноставно сипете го млекото во тенџере и варете на среден оган додека не забележите балончиња. Важно е да го мешате додека се загрева, за да спречите лепење на дното од садот.

  • Дечиња од градинка составиле неверојатно смешна книга со ужасни празнични рецепти

    Дечиња од градинка составиле неверојатно смешна книга со ужасни празнични рецепти

    Децата прават навистина слатки работи кога се во градинка. Носат дома слики кои ги нацртале и книги за читање, а прават и прекрасни проекти со кои се гордее секој родител. Секоја година групата на Кети Холенкамп, учителка во училиште во Илиноис, прави книга со рецепти за Денот на благодарноста. Во книгата има рецепт од секое дете со надеж да се подобри прославувањето во сите домови. Но колку добра може да биде книга со рецепти составена од деца? Можеби нема да сакате да ги пробате, но без сомнение ќе ве насмеат.rn

    Запознајте ги Кети и Мејси Холенкамп

    rn(1)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mkrnrnКети (лево) е прекрасната учителка на оваа креативна група, а нејзината ќерка Мејси (десно) ги објавила фотографиите од книгата на Твитер за да можат сите да уживаат. Рецептите се чудни, но сите се навистина смешни.rn

    Книгата започнува со вовед за родителите

    rn(2)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mkrnrnДраги родители…rnrnНашата група од градинка помина многу време разговарајќи за значењето на Денот на благодарноста и за прекрасните оброци кои им ги подготвувате да ги јадат. Разгледавме листа со храна и секое дете одбра неколку за да напише рецепт за нив. Ги запишавме сите рецепти и сега имаме целосно наша книга со рецепти за Денот на благодарноста. Можеби овие рецепти ќе ви помогнат кога ќе ја подготвувате празничната вечера. Госпоѓа Холенкамп.rn

    А погледнете и неколку од рецептите

    rn

    Мисирката на Карсон

    rn

      rn011

    • 1 мисирка од продавница
    • rn011

    • 10 раце зачини
    • rn

    rnСтавете ги зачините на мисирката пред да ја ставите во рерна на 50 степени. Гответе 5 часа. Ставете ја на чинија и исечете ја со нож.rn

    Салатата на Бела

    rn

      rn011

    • 5 марули
    • rn011

    • 4 преливи за салата
    • rn

    rnСтавете ги преливот и салатата во длабок сад. Можете да ја загреете ако е ладна, можеби во микробранова околу 4 минути. Измешајте и проверете да не е премногу топла. Сега ставете ја во друга чинија и јадете!rn

    Пченката на Харпер

    rn

      rn011

    • 20 пченки
    • rn011

    • 33 обични семки
    • rn

    rnЕ па еве како јас правам пченка. Малку е опасно и расфрлано! Ставете неколку дрва и запалете оган. Потоа најдете некој да ви помогне. Гответе ја пченката со печено месо на рерната на огнот. Сега ставете ги семките врз пченката. Кога огнот ќе изгасне, можете да јадете.rn

    Колачињата на Грејси

    rn

      rn011

    • 3 лажички чоколадо
    • rn011

    • 2 лажички шеќер
    • rn011

    • 4 лажички брашно
    • rn011

    • 1 лажичка од кафеното нешто што изгледа како шеќер
    • rn011

    • 1 вода
    • rn

    rnПрво измешајте сè со миксер или лажица. Мама ги става во рерна. Нашата рерна не е толку жешка. Мислам дека во неа треба да стојат околу 8 минути. Извадете ги и ставете ги на чинија и јадете! Не заборавајте да ја излижете чинијата!rn

    Пирето на Лејла

    rn

      rn011

    • 5 компири
    • rn011

    • 3 литри млеко
    • rn011

    • 5 парчиња путер
    • rn011

    • Малку сол
    • rn

    rnМожете да ги исечете компирите со виљушка ако се премногу големи. Ставете ги во длабок сад со сите други работи и гответе ги во микробранова околу 5 минути. Измешајте со лажица, па згмечете ги со виљушка. Сега се готови за јадење! Ова ми е омилено јадење.rnrnВо продолжение следуваат уште неколку рецепти во нивната оригинална форма…rnrn(3)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mkrnrn(4)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mkrnrn(5)grupa-od-gradinka-sostavila-neverojatno-smeshna-kniga-so-praznichni-recepti-kafepauza.mkrnrnПа, дали би пробале некои од рецептиве?rnrnПогледнете ги и овие урнебесни фотографии кои докажуваат дека со децата никогаш не е здодевно.

  • Експлозија од вкусови: 5 креативни и брзи рецепти за совршена вечера во домот

    Експлозија од вкусови: 5 креативни и брзи рецепти за совршена вечера во домот

    Есента и студените денови нè тераат да бидеме малку покреативни кога е во прашање организацијата на квалитетно поминатото слободно време. Некако сите омилени летни активности стануваат потешко изводливи, бидејќи доколку не паѓа дожд, тогаш дува силен ветар. А, ако нè изненади сонце, додека ги завршиме сите обврски, веќе паднала ноќ. Тогаш, што да правите? rnrn2-3-voodushevete-gi-vashite-prijateli-so-eksplozija-od-vkusovi-5-kreativni-i-brzi-recepti-za-sovrshena-vechera-vo-domot-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку вие и вашите пријатели немате идеја како да го поминете вашето слободно време, тогаш еве неколку предлози: организирајте филмска вечер, вечер за гледање стари цртани филмови или вечер за друштвени игри. Добрата стара забава може да се претвори во совршена вечер полна со смеа, а секако сите ние знаеме која е клучната, тајна „состојка“ за успехот на овие собирања. Храната! Затоа ви откриваме 5 совршени и многу едноставни рецепти кои ќе ве направат главна, хит домаќинка во друштвото.rn

    1. Макало со авокадо и лимон во комбинација со солен кекс

    rnОмилената здрава храна која е тотален хит на социјалните мрежи, авокадото, во комбинација со неколку зачини и додатоци може да се претвори во највкусната закуска. Освен две до три авокада и еден лимон, ќе ви биде потребен и лук, малку бибер и едно поголемо пакување павлака. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не се соединат. Што би било макалото без кекс? Тајниот успех на овој рецепт всушност се крие во идеалната комбинација на вкусови, па затоа изберете го вашиот омилен солен кекс и уживајте.rn

    2. Селекција на кашкавали со грозје и маслинки

    rnОваа комбинација е многу француска. Можеби ви изгледа претенциозно да ги послужите гостите со различни жолти кашкавали, црно грозје и маслинки, но комбинацијата е премногу вкусна. Искористете го фактот дека сѐ уште можете да купите грозје, а купете и четири до пет видови кашкавали и уживајте!rn

    3. Крцкави капрезе залаци

    rnСите ние ја сакаме комбинацијата со моцарела сирење и домати, но време е за промена! Пробајте ја оваа крцкава комбинација: намачкајте солен кекс со половина лажичка песто сос, па одозгора нанесете оригано, ситно исечкан сушен домат или моцарела, која исто така е исечкана на коцки. Добар апетит!rnrn1-voodushevete-gi-vashite-prijateli-so-eksplozija-od-vkusovi-5-kreativni-i-brzi-recepti-za-sovrshena-vechera-vo-domot-www.kafepauza.mk_rn

    4. „Фенси“ пуканки

    rnПуканки со путер? Може, но за таа комбинација веќе знаат сите! За овој рецепт ќе ви биде потребна една кесичка пуканки кои се подготвуваат во микробранова печка, масло од тартуф и оригано. Пуканките подгответе ги според упатството на пакувањето, а потоа додајте 1 лажичка масло и 2 лажички оригано. Сите ќе бидат импресионирани и воодушевени.rn

    5. Штангли со путер од кикиритки

    rnГрисините со фил од кикиритки се во ред, кога брзате или немате многу време, но оваа модифицирана и „унапредена“ верзија ќе предизвика вистинско воодушевување во вашето друштво. Едноставно, купете солен кекс, путер од кикиритки и чедар кашкавал, кој ќе го изрендате. Намачкајте го солениот кекс со путер од кикиритки, а врз него посипете чедар кашкавал. Ќе видите, целата закуска ќе се изеде со брзината на светлината.rnrnА, доколку сакате да ги изненадите вашите пријатели со нешто брзо и лесно, тогаш вреди да ги прочитате овие кратки и лесни рецепти од само 3 состојки кои ќе ве натераат да ги излижете прстите.

  • Рецепти за лесни и здрави оброци со кои вашето утро ќе започне на најдобриот начин

    Рецепти за лесни и здрави оброци со кои вашето утро ќе започне на најдобриот начин

    Секое утро во нашите мисли ни се провртува прашањето „Што ли да појадувам сега?“ Сите ние се бориме со овој проблем, но за среќа, постојат многу решенија и може да се пронајдат насекаде, а понекогаш од решението нè делат само неколку кликови. Со овој „клик“ ќе добиете фантастични, брзи рецепти за вкусен појадок, а најдоброто од сѐ е што тие се подготвуваат пред спиење. Наутро ќе имате доволно време за да појадувате брзо, лесно, здраво, а притоа да добиете многу енергија и да бидете подготвени и насмеани за уште еден ден кој најверојатно е полн со обврски, задачи и нови проблеми.rnrn1-recepti-za-lesni-obroci-so-koi-vasheto-utro-kje-startuva-na-idealen-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    Појадок со боровинки

    rnБоровинките се секогаш одлично решение за појадок, не само заради совршениот вкус, туку и заради нивните бројни предности. Започнувајќи од фактот дека се одлични за крвната слика, па сѐ до тоа дека се моќни антиоксиданси. Заради тоа често се користат свежи во исхраната, па ова е појадок кој е многу вкусен и кој ќе ви даде доста енергија.rnrnСтавете од 3 до 4 лажици овесни снегулки во некој сад или подлабока чаша. Во друг сад измешајте 120 милилитри млеко (може да биде бадемово, кокосово…) со половина лажичка мед, а потоа ставете го во снегулките. Добро измешајте ги сите состојки и ставете ги во фрижидер, сѐ додека не се разбудите наредното утро. Кога ќе се разбудите, извадете го садот од фрижидерот, додајте една лажичка бадемови листови или 2-3 бадеми, малку боровинки по вкус и малку павлака. Измешајте ги сите состојки и ќе добиете совршен појадок, кој е вкусен и здрав и кој ќе ви овозможи добра енергија за целиот ден.rnrn2-recepti-za-lesni-obroci-so-koi-vasheto-utro-kje-startuva-na-idealen-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    Здрав чиа појадок

    rnЗа чиа семето во последните неколку години доста многу се зборува. Иако се ситни и скоро незабележливи, чиа семките се доста здрави, одлични во борбата против разни болести, но и совршена превентива за сите нив, заради што сѐ повеќе се вклучуваат во секојдневната исхрана. Иако ова семе нема вкус, тоа симпатично „крцка“ под забите, па интересно е за јадење. Еве еден појадок кој можете да го подготвите уште денес.rnrnВо блендер ставете една шака свежи или засладени малини, додајте 3 супени лажици кокосово брашно, малку екстракт од ванила, 3 лажици чиа семиња, па сите нив полијте ги со 240 милилитри бадемово или кокосово млеко. Ставете ја изматената смеса во фрижидер околу половина час, но доколку немате време утрото, најдобро е да стои во текот на ноќта. Наутро ќе имате одличен чиа пудинг. Измешајте го со малку путер од кикиритки, а можете да додадете и парчиња овошје. Уживајте!rnrn3-recepti-za-lesni-obroci-so-koi-vasheto-utro-kje-startuva-na-idealen-nachin-www.kafepauza.mk_rn

    Домашен јогурт во два слоја

    rnЕве еден одличен појадок кој изгледа доста интересно, бидејќи има два дела кои секако можете да ги измешате додека го јадете. Во помало тенџере ставете една шака свежо или замрзнато овошје, додајте 3 супени лажици чиа семиња, 2-3 лажички мед и 100 милилитри вода. Измешајте ги сите состојки и ставете ги на тивок оган за се сварат, а потоа оставете ги да се оладат. Откако ќе се олади смесата, ставете од неа една до две лажици во помала чаша, а врз неа додајте павлака. Пријатно јадење!rnrn4-recepti-za-lesni-obroci-so-koi-vasheto-utro-kje-startuva-na-idealen-nachin-www.kafepauza.mk_rnrnПојадокот е најважниот оброк во текот на денот, а за утрото да биде повеќе од добро ви откриваме неколку производи за здрав појадок.

  • Инстаграм профили кои ќе ви помогнат да се храните здраво (и вкусно!)

    Инстаграм профили кои ќе ви помогнат да се храните здраво (и вкусно!)

    Денес ви откриваме 5 занимливи Инстаграм профили со кои никогаш нема да размислувате што да подготвите за појадок, ручек и вечера или како да ги изненадите вашите гости. Освен убавите фотографии на профилите кои можете да ги погледнете, ќе пронајдете и вкусни и здрави рецепти.rnrn1-5-instagram-profili-so-koi-kje-se-hranite-zdravo-i-vkusno-www.kafepauza.mk_rn

    @livegreenhealthy

    rnДевојката која се вика Џени Леи, живее во Њујорк и го води овој Инстаграм профил за здрава храна каде што собира рецепти од целиот Интернет. Џени дури издаде и електронска книга „Detox“ во која мотото гласи: „Не јадете помалку, јадете подобро“. На овој профил можете да пронајдете рецепти за хранливи салати од филмовите, сите видови тестенини, сендвичи за појадок и пици за голема група пријатели.rnrn3-5-instagram-profili-so-koi-kje-se-hranite-zdravo-i-vkusno-www.kafepauza.mk_rnrn

    @thedelicious

    rnИнстаграм профилот и блогот со убаво име „The delicious life“ го води Сара Џеј Џим, која ве повикува да се храните здраво секојдневно. Нејзиниот профил не е само збирка рецепти, туку тоа се композиции со најдобрите традиции од холандскиот живот. Ако планирате да го изненадите вашето друштво во блиска иднина, секако проверете го овој профил во кој ќе можете да пронајдете многу рецепти.rnrn7-5-instagram-profili-so-koi-kje-se-hranite-zdravo-i-vkusno-www.kafepauza.mk_rnrn

    @nutritionstripped

    rnЕкспертот за нутриција и диети, Мкел Хил, го води блогот на кој ја споделува својата филозофија за здрава исхрана во форма на рецепти за вкусни залаци и корисни слатки, како што се кокосови бонбони и палачинки од боровинка.rnrn4-5-instagram-profili-so-koi-kje-se-hranite-zdravo-i-vkusno-www.kafepauza.mk_rn

    @iquitsugar

    rnБлогерката Сара Вилсон повикува на откажување од шеќерите и придржување до осум неделната програма за исхрана. За сите новости оваа девојка зборува на својот Инстаграм профил, каде што ќе пронајдете рецепти за корисни печива со цимет или грчка пита.rnrn5-5-instagram-profili-so-koi-kje-se-hranite-zdravo-i-vkusno-www.kafepauza.mk_rn

    @sproutedkitchen

    rnЉубовниот пар, Хугх и Сара Форте, водат блог со рецепти во кои најчесто се користат сезонски земјоделски производи. Тие имаат две деца, главни експерти за мајчините специјалитети во кујната. Страницата содржи детални упатства, а посебно внимание е посветено на појадокот за кој ќе пронајдете многубројни рецепти. Без разлика дали барате домашна гранола или залаци како од филмовите. Во 2012 година, семејството Форте издало и готвач во кој се состојат вегетаријански рецепти.rnrn6-5-instagram-profili-so-koi-kje-se-hranite-zdravo-i-vkusno-www.kafepauza.mk_rnrnКога сме кај здравата храна, погледнете го овој Инстаграм профил кој ќе ве натера да се заљубите во овошјето на прв поглед.

  • 30 рецепти за здрави и вкусни сокови

    30 рецепти за здрави и вкусни сокови

    Нема потреба да пиете безброј апчиња за да бидете здрави. Сè што е потребно е да го наполните вашиот блендер со здрави и вкусни состојки и ќе го добиете она што ви е потребно секој ден. Во продолжение следуваат 30 рецепти за здрави и вкусни пијалаци полни со витамини за кои ви е потребен само блендер.rnrn(10)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mkrn

    1. Ореви, магдонос, мед, ѓумбир и суво грозје

    rnЗа да го намалите заморот и да ја подобрите состојбата на вашите нокти и коса, направете го следново: Во блендер ставете ореви и сув магдонос и блендирајте. Додајте природен мед, суво грозје и мелен ѓумбир. Консумирајте го овој пијалак 2 до 3 пати неделно.rn

    2. Спанаќ, банана и лимон

    rnМала порција спанаќ е доволно за да ја внесете дневната доза на некои витамини и хранливи материи. Во блендер измешајте 350 милилитри вода, 3 банани, мала порција спанаќ и сок од половина лимон.rn

    3. Боровинки, банана, лимон и целер

    rnМалку луѓе знаат дека боровинките се одлични за вас. Тие го одржуваат имунолошкиот систем силен и се одлични за вашиот вид. Блендирајте 2 банани, 3 лажици боровинки, сок од 1/3 лимон, две стапчиња целер и чаша вода.rnrn(1)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mkrn

    4. Целер, спанаќ, лимета и банана

    rnЦелерот не само што ги согорува калориите, туку е богат со витамини и хранливи материи. Измешајте 2 стапчиња целер, 30 грама спанаќ, 1 чаша вода, сок од половина лимета и банана.rn

    5. Спанаќ, банана, јаболко и лимон

    rnБананата и спанаќот се многу здрава комбинација. Бананите го подобруваат вашето расположение и ја зголемуваат вашата енергија. Измешајте 30 грама спанаќ, 2 банани, 1 јаболко, чаша вода и сок од половина лимон.rn

    6. Краставица, марула, лимон и мед

    rnОвој вкусен пијалак навистина ќе ве освежи. Краставиците се одлични за прочистување на организмот, а марулата е полна со витамин Е. Измешајте малку марула, излупена краставица, сок од половина лимон, чаша вода и една лажица мед.rnrn(2)30-recepti-za-zdravi-i-vkusni-sokovi-kafepauza.mkrn

    7. Морков, цвекло, целер, краставица, јаболко, магдонос и ѓумбир

    rnОва е густ, но многу вкусен пијалак. Измешајте морков, малку цвекло, едно стапче целер, краставица, две јаболка и малку магдонос. Додајте ѓумбир и блендирајте.rn

    8. Спанаќ, марула, целер, круша, банана и лимон

    rnОвој пијалак е одличен за појадок и за вашиот имунитет. Измешајте неколку листови спанаќ, 5 листови марула, 3 стапчиња целер, круша, банана, малку сок од лимон и 1,5 чаша вода.rn

    9. Морков, јаболко, ѓумбир, банана, портокал и нане

    rnСамо гледањето на овој пијалак ќе ви го подобри расположението. Измешајте 3 моркови, 2 зелени јаболка, парче свеж ѓумбир, 2 банани, портокал и малку нане. Ова ви е доволно за да направите 2 порции.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 3 рецепти за сосови кои се готови за 3 минути

    3 рецепти за сосови кои се готови за 3 минути

    Тешко е да се замислат филмските дружења без грицки. Наместо класични чипсови, изненадете ги пријателите со малку поздрави алтернативи! Морковот, краставицата и целерот самите по себе можеби не се возбудливи, но со вистинските сосови може да се претворат во сладок залак со кој гледањето на филмот ќе стане уште позанимливо. Со шарените сосови од кисела павлака, авокадо и домати со сигурност ќе го задоволите вкусот на вашите гости. Подготовката е едноставна, а намирниците сигурно веќе ги имате во вашата кујна.rn

    Сос од авокадо

    rn2-3-recepti-za-sosovi-koi-se-gotovi-za-3-minuti-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама кисела павлака
    • rn011

    • ½ авокадо
    • rn011

    • 1 чешне лук
    • rn011

    • ½ лимон
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзгмечете го авокадото со виљушка или со помош на некој уред. Изгмечете го лукот, а потоа соединете ги заедно со киселата павлака. На крај, додајте ја солта и лимоновиот сок.rn

    Бел сос

    rn3-3-recepti-za-sosovi-koi-se-gotovi-za-3-minuti-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 200 грама јогурт
    • rn011

    • 200 грама кисела павлака
    • rn011

    • 1 чешне лук
    • rn011

    • 2 лажици мајонез
    • rn011

    • Прстофат магдонос
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсечкајте го лукот на ситно, измешајте го со јогуртот, киселата павлака и мајонезот, а на крај додајте го и магдоносот.rn

    Тако сос

    rn4-3-recepti-za-sosovi-koi-se-gotovi-za-3-minuti-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лажица масло
    • rn011

    • 1 кромид
    • rn011

    • 1 пиперка
    • rn011

    • 1 чили пиперка
    • rn011

    • 400 грама пире од патлиџани
    • rn011

    • ½ лажичка мелен ким
    • rn011

    • ½ лажичка меле коријандер
    • rn011

    • 1 чешне лук
    • rn011

    • Прстофат сол и бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете го маслото во тава, додајте го ситно исечканиот кромид и пржете го околу една минута. Потоа, додадете ја и исечканата пиперка. После две до три минути додајте го лукот и зачините, а потоа и пирето од патлиџани. За крај, по сопствена желба и вкус можете да додадете малку кисела павлака.

  • Брзо и вкусно: Одлични десерти со јагоди

    Брзо и вкусно: Одлични десерти со јагоди

    Сезоната на јагодите полека почнува, па веќе можете да ги најдете во маркетите и на пазарите. Најдобро е да купувате домашни јагоди, од локалните произведувачи, бидејќи тие се најздрави и највкусни. Освен тоа што се вкусни, јагодите се едни од намирниците кои спаѓаат во групата „суперхрана“, бидејќи содржат многу витамини и минерали, како и разни супстанци кои го штитат нашето здравје, па дури и лечат некои болести. Содржат големо количество витамин Ц и антиоксиданси, па затоа задолжително вклучете ги во вашата исхрана. Денес за вас подготвивме неколку занимливи рецепти со јагоди, па погледнете ги во продолжение.rn

    1. Торта со јагоди и павлака

    rn2-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 10 послужувања:

    rn

    За подлогата:

    rn

      rn011

    • 200 грама бисквити
    • rn011

    • 100 грама пржени, мелени бадеми
    • rn011

    • 100 грама кокосово масло или путер (стопен)
    • rn

    rn

    За кремот:

    rn

      rn011

    • 300 милилитри слатка павлака за шлаг
    • rn011

    • 300 милилитри кисела павлака
    • rn011

    • 150 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 10 грама желатин во прав
    • rn011

    • 500 грама јагоди
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Сомелете ги бисквитите и пржените бадеми и потоа додајте го маслото или растопениот путер. Мешајте додека состојките не се соединат и добро втиснете ги на дното од калапот со дијаметар од 24 сантиметри, кој претходно сте го обложиле со фолија. Оставете го да отстои во фрижидер додека го подготвувате кремот.rnrn2. Подгответе го желатинот според упатството на кесичката. За тоа време изматете ја слатката павлака заедно со шеќерот во прав. Потоа, додајте ја киселата павлака и измешајте ги сите заедно.rnrn3. Набабрениот желатин загрејте го и додавајте го малку по малку во претходно изматената смеса, со постојано мешање.rnrn4. Измијте ги јагодите, исчистете ги и исушете ги. Оставете неколку настрана за украсување! Ставајте ги густо една до друга на подлогата од бисквити и бадеми и потоа прелијте сѐ со подготвениот крем од павлака.rnrn5. Украсете по сопствена желба со преостанатите јагоди и добро изладете (најдобро преку ноќ).rn

    2. Чоколаден мус со јагоди

    rn3-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 6 послужувања:

    rn

      rn011

    • 5 јајца
    • rn011

    • 200 грама чоколадо
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 2 пакетчиња ванилин шеќер
    • rn011

    • јагоди
    • rn011

    • 125 милилитри слатка павлака
    • rn011

    • 4 лажици јако филтрирано кафе
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОдвојте ги белките од жолчките. Искршете го чоколадото и стопете го на пареа. Изматете ги белките со 100 грама шеќер, а во друг сад изматете ја слатката павлака. Измешајте го ванилиниот шеќер со жолчките, додека не добиете пенеста смеса, а потоа додајте го процеденото кафе, па растопеното чоколадо и на крајот шлагот. Распределете го мусот во чаши и ставете го во фрижидер да се стврдне. Декорирајте со какао, шлаг и јагоди.rn

    3. Ролни со јагоди

    rn4-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 4 послужувања:

    rn

      rn011

    • 7 парчиња бел леб
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 3 големи лажици млеко
    • rn011

    • 240 грама шеќер
    • rn011

    • 1 лажичка цимет
    • rn011

    • 100 грама путер
    • rn011

    • Нутела
    • rn011

    • 100 грама јагоди
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Од парчињата леб внимателно отстранете ја кората. Притиснете ги со рацете за да не се ронат. Премачкајте ги по целата површина со тенок слој Нутела или некој друг крем по желба.rnrn2. Јагодите измијте ги во студена вода, исцедете ги и исушете ги. Исечете ги на коцки. Наредете ги по работ на секое парче леб.rnrn3. Внимателно свиткајте го парчето со јагоди за да добиете ролна. Повторете ја постапката со преостанатите парчиња леб и јагоди.rnrn4. Во подлабок сад, додајте ги јајцата, млекото и мешајте додека не добиете глатка смеса. Во друг сад, измешајте го шеќерот и циметот.rnrn5. Во тава растопете го путерот. Секоја ролна натопете ја во мешавината од јајце и млеко и ставете ја во тавата, така што преклопот да се наоѓа на долната страна. Кога ќе добијат златна боја, свртете ја и запечете ја од другата страна. Повторете ја постапката со сите ролни.rnrn6. По ред, како што ги вадите од тавата, валкајте ги од сите страни во мешавината од шеќер и цимет. Послужете ги топли во комбинација со свежи јагоди.rn

    4. Овошна торта со јагоди

    rnStrawberry Shortcakern

    Потребни состојки за 6 послужувања:

    rn

      rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • 8 лажици шеќер
    • rn011

    • 8 лажици брашно
    • rn011

    • Прашок за печиво (на врвот од ножот)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте ги јајцата со шеќерот за смесата да стане потполно пенеста.rnrn2. Кога ќе ја мешате смесата полека додавајте 8 лажици брашно и прашок за печиво и тоа со лесно мешање.rnrn3. Кога ќе ја изматите смесата, ставете ја во калап за колачи со дупка на средината.rnrn4. Печете ја тортата 15 минути на 200 степени.rnrn5. Кога тортата ќе биде готова извадете ја и оставете ја да се излади. Додајте ги јагодите или некое друго овошје по желба и украсете ја со шлаг.rn

    5. Тирамису со јагоди

    rn6-brzo-i-vkusno-odlichni-deserti-so-jagodi-www.kafepauza.mk_rn

    Потребни состојки за 12 послужувања:

    rn

      rn011

    • 2 жолчки
    • rn011

    • 50 грама шеќер во прав
    • rn011

    • 500 грама маскарпоне
    • rn011

    • 250 милилитри слатка павлака
    • rn011

    • 250 грама јагоди
    • rn011

    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • rn011

    • 300 грама бисквити со путер
    • rn011

    • 1 шака исечкани бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте ги жолчките заедно со шеќерот во прав и ставете ги да се варат на пареа околу 10 минути додека не се згуснат. Кога добро ќе се оладат додајте го маскарпонето и измешајте го. Посебно измешајте ја слатката павлака и додадете ја на претходната смеса и повторно измешајте со миксер. Бисквитите ставете ги во кеса и здробете ги, а бадемите исечете ги на мали парчиња. Јагодите исечете ги на плочки и посипете ги со ванилин шеќер.rnrn2. На дното од чашата ставете малку крем, а потоа на него наредете ги зашеќерените јагоди. Посипете ги со бисквитите и бадемите и повторете уште еден ред маскарпоне, јагоди и бисквити. На врвот ставете го кремот со маскарпоне и украсете со помали парчиња јагоди и бадеми. Ставете во фрижидер за да се излади.

  • Вкусно пролетно уживање: 5 рецепти за неодоливи смудиња

    Вкусно пролетно уживање: 5 рецепти за неодоливи смудиња

    Во врелите и спарни денови кои доаѓаат вистинска среќа е да пронајдете начин како да се разладите. Смудито е ладна, лесна и здрава напивка која се подготвува за неколку минути, а спојот на вкусовите, на овие пет начини веднаш ќе ве одведат на некои далечни тропски плажи. Базата на смудињата нека бидат протеинските напивки и јогурти кои ќе ве држат сити подолго време. Сите наведени смудиња содржат состојки кои не се тешки за наоѓање, па не ви преостанува ништо друго освен подготвени да ја дочекате жешката сезона.rnrn1-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чоколадно овошно смуди

    rnЗа подготовка на ова смуди ќе ви биде потребен еден портокал, протеинска млечна напивка со вкус на чоколадо, смрзнат сок од портокал, четири коцки мраз и овесни снегулки. Во блендер додајте 120 милилитри од чоколадниот пијалак, излупениот и исечкан портокал, 60 милилитри смрзнат сок од портокал и 120 грама овесни снегулки. Овесните снегулки ќе омекнат заради млечната напивка, а портокалот на ова чоколадно смуди ќе му ја даде потребната свежина. Откако ќе ги измешате сите состојки, во чашата додајте парчиња мраз и вашето смуди е подготвено за послужување.rnrn2-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_rn

    2. Свежо смуди со манго

    rnВо 200 милилитри протеинска напивка со вкус на ванила додајте две исечкани манга, секако без семки. Занимлив вкус ќе создаде и циметот во прав, а за малку покисела нота додајте и сок од половина лимон. Измешајте ги сите состојки и послужете во добро смрзнати стаклени чаши.rnrn3-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_rn

    3. Виолетово смуди

    rnПред подготовката на ова смуди ќе ви бидат потребни смрзнати боровинки. Во блендерот ставете протеинска млечна напивка со вкус на банана, 60 грама смрзнати боровинки и две лажици мед. Предностите на боровинките се многубројни – ги чуваат коските, срцето, го регулираат шеќерот во крвта, а содржат и хранливи влакна кои го поттикнуваат варењето и благотворно делуваат на цревната флора.rnrn4-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тропско смуди со зеленчук

    rnПротеинскиот јогурт со вкус на тропско овошје и ѓумбир совршено ќе се спои со свежиот кељ. За да не ви недостига благо во вашата вистинска енергетска напивка додајте и една банана. Во блендерот измешајте 200 грама свеж кељ во листови со 100 милилитри јогурт. За дополнителна свежина додајте исцеден лимонов сок и здробен мраз. Додајте вода доколку сакате да го разредите ова густо смуди.rnrn5-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_rn

    5. Слатко-кисело смуди

    rnЗа 5 минути можете да создадете совршена овошна експлозија на вкусови. Потребно ви е 60 милилитри протеински јогурт со вкус на јагода и црвено овошје, едно излупено киви, една лажичка мед и коцки мраз. Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги. Слатко-киселото смуди е готово за само 5 минути.rnrn6-proletno-vkusno-uzhivanje-5-recepti-za-neodolivi-smudinja-www.kafepauza.mk_