КАФЕ ПАУЗА

Tag: рецепти

  • Рецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета II

    Рецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета II

    Познато е дека кралицата Елизабета II има посебен начин на исхрана, но покрај чајот, таа сака да пие вино или џин по оброкот. Кралицата сака и десерти, а на нејзиното мени се наоѓаат чоколадни колачи, чоколаден мус и колачи со ф’стаци. Во продолжение погледнете како да ги подготвите овие десерти.rn

    1. Колачи со ф’стаци

    rnРецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета IIrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 95 грама ф’стаци
    • rn 011

    • 50 грама путер
    • rn 011

    • 1 лажица павлака
    • rn 011

    • 65 грама шеќер за глазура
    • rn 011

    • 35 грама кора од лимон
    • rn 011

    • 45 грама сушени цреши
    • rn 011

    • 25 грама бадеми
    • rn 011

    • 15 грама брашно
    • rn 011

    • 200 грама црно чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПокријте го садот за печење со хартија и премачкајте го со путер. Растопете ги путерот и шеќерот. Потоа додајте ги павлаката, малку сол, бадемите, ф’стаците, црешите и брашното. Измешајте ги сите состојки заедно. Со помош на лажичка, ставете ги во садот за печење (1 лажица – 1 кекс). Притиснете малку за колачињата да бидат рамни. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 10-12 минути. Растопете го чоколадото, намачкајте ја долната страна од колачињата и оставете го десертот да се излади.rn

    2. Чоколаден мус

    rnРецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета IIrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 50 грама млечно чоколадо
    • rn 011

    • 50 грама темно чоколадо
    • rn 011

    • 350 грама павлака
    • rn 011

    • желатин
    • rn 011

    • 30 милилитри виски
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте 50 грама павлака и ставете го искршеното чоколадо во неа. Оставете да отстои 2-3 минути. Потоа изматете ја останатата павлаката додека не стане мазна. Оставете да се излади. Растопете го желатинот. Во чоколадната смеса ставете ги желатинот и вискито. Изматете ја преостанатата павлака и измешајте ја во изладената смеса од чоколадо.rn

    3. Колач со боровинки

    rnРецепти: 3 омилени десерти на кралицата Елизабета IIrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 500 грама брашно
    • rn 011

    • 1 јајце
    • rn 011

    • 400 грама слатка павлака
    • rn 011

    • 65 грама шеќер за глазура
    • rn 011

    • 100 грама боровинки
    • rn 011

    • 130 грама коцки путер
    • rn 011

    • 2 лажици прашок за печиво
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете мала количина брашно на садот за печење и ставете хартија за печење. Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и 1/2 лажица масло. Ставете го путерот во смесата додека не омекне. Изматете ги шлагот и јајцето со миксер. Посипете го брашното на работната маса. Направете вдлабнатина во средината. Полека истурете ја кремастата смеса и нежно измешајте ја со брашното додека не добиете лепливо тесто. Од тестото направете торта, а потоа пресечете ја на 8 идентични парчиња. Почете околу 30-35 минути во рерна загреана на 200 °C.rnrnПогледнете како да направите лесен ролат со свежо овошје.

  • Овие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништи

    Овие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништи

    Путерот им е омилен намаз на многумина, а исто така и дел од состојките потребни за колачи и за печива. Богатиот вкус што им го дава на некои јадења е незаменлив. Сепак, во некои рецепти не го дава посакуваниот вкус. Поради тоа, откријте кога треба да користите путер, а кога не.rnrnОвие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништиrn

    1. Колачи

    rnПутерот е секогаш одличен избор кога подготвувате колачи. Неговиот вкус дава чувство на богат и раскошен десерт. Десертите направени со маргарин имаат полесна текстура заради поголемиот удел на водата, а и вкусот е различен.rn

    2. Сосови

    rnФранцуската кујна подразбира вметнување парче ладен путер во сосот или во супата на крајот на готвењето. На тој начин, јадењето ќе има богат вкус и сето тоа со минимален напор.rnrnСтавете путер и кога правите сос од домати. Иако на почетокот не изгледа дека двете состојки одат заедно, резултатот е божествен.rn

    3. Лиснато тесто

    rnЗа совршеното лиснато тесто треба да му се заблагодарите на путерот.rnrnПутерот се состои претежно од маснотии, но има и малку вода.rnrnАко е ладен кога ќе го ставите во рерната, водата брзо ќе произведе пареа што ќе остане заробена во тестото, а тоа ќе резултира со меки кроасани или колачи.rnrnЛиснатото тесто мора да се излади пред печење.rn

    4. Крем за украсување торта

    rnКремот за украсување е направен од путер и е готов за само 10 минути.rnrnПотребни состојки:rn

      rn 011

    • 125 грама мек путер (не растопен)
    • rn 011

    • 200 грама шеќер во прав
    • rn 011

    • 3 лажици млеко
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnИзмешајте ги путерот и шеќерот, а потоа додајте го млекото и мешајте уште малку.rn

    5. Кафеав сос

    rnЗагрејте го путерот во тава на средна температура додека не добие светлокафена боја.rnrnСо овој сос можете да ги прелиете равиолите или варениот зеленчук, а ако го пржите со презла, ќе добиете уште побогат додаток што можете да го употребувате со зеленчук зготвен на пареа, на пример брокула. Путерот подготвен на овој начин лесно може да се додаде во кој било рецепт што вклучува путер.rnrnОвие јадења во никој случај не треба да ги готвите со путер:rn

    1. Пржено месо

    rnСекој вид мрснотија на одредена температура почнува да гори. Во овој случај, температурата на путерот е релативно ниска, па затоа е подобро да користите некои други мрснотии ако печете месо, стек или пилешки гради.rn

    2. Тортиљи

    rnАко сами ги печете тортиљите, треба да имате свинска маст во фрижидерот.rnrnАко ги готвите со путер, водата што ја содржи ќе расипе сè. Маста има совршена конзистентност и неутрален вкус, па тортиљите ќе бидат совршени.rn

    3. Печен компир

    rnНе печете компири во путер бидејќи тие ќе бидат недопечени, без цврста кора.rnrnМаслото е добра опција во овој случај бидејќи ги прави компирите крцкави.rnrnПрочитајте кои 9 намирници треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет.

  • 7 рецепти за јадења без масло: Вака се пости првата недела од велигденскиот пост!

    7 рецепти за јадења без масло: Вака се пости првата недела од велигденскиот пост!

    Велигденскиот пост е многу построг од божиќниот пост, затоа скоро целиот е заснован на јадења без масло.rnrnПрвата недела од постот се нарекува „чиста“ затоа што постои верување дека во овие денови во молитвите се слуша плачот на душата што се прочистува. Со овие молитви се одрекуваме од гревот и доаѓаме до спасение и вечен живот.rnrnВо текот на оваа недела се препорачува пост, солзи, молитви, покајание, чистење на телото и душата, како и одрекување од грев и страст, за да можеме достојно да се поклониме на крстот.rnrnОва недела се нарекува Тодорова недела.rnrn7 рецепти за јадења без масло: Вака се пости првата недела од велигденскиот пост!rn

    Ви ги предлагаме следниве 7 рецепти:

    rn

    Чорби:

    rn7-recepti-za-jadenja-bez-maslo-vaka-se-posti-prvata-nedela-od-veligdenskiot-postrn

    Крем супа од спанаќ

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 кромид,
    • rn 011

    • 2 чешниња лук,
    • rn 011

    • 3 компири,
    • rn 011

    • 400 г спанаќ,
    • rn 011

    • 1 морков,
    • rn 011

    • 1 пашканат,
    • rn 011

    • сол, бибер и магданос.
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Исчистете го, измијте го и исецкајте го зеленчукот во поголем сад за готвење.
    2. rn 011

    3. Додајте вода, доволно за да се залие целиот зеленчук и варете околу половина час.
    4. rn 011

    5. Потоа измешајте го варениот зеленчук со миксер и додадете уште малку вода и зачини.
    6. rn

    rn

    Варен грав

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 кромид,
    • rn 011

    • 2 чешниња лук,
    • rn 011

    • 2 моркови,
    • rn 011

    • 2 пашканати,
    • rn 011

    • 300 г бел грав,
    • rn 011

    • сол, бибер и ловоров лист.
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Потопете го гравот во вода и ставете го на рингла да зоврие.
    2. rn 011

    3. Кога ќе зоврие, порцедете го и фрлете ја водата, а во садот наполнете друга, чиста вода.
    4. rn 011

    5. Потоа додајте ги исецканиот кромид, лук, морков и пашканат и оставете да се вари околу еден час.
    6. rn 011

    7. На крајот, во варениот грав додајте зачини и тргнете го од ринглата.
    8. rn

    rn

    Чорба од домати

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    1. 1 кромид,
    2. rn 011

    3. 1 голем морков,
    4. rn 011

    5. 1 корен од магданос,
    6. rn 011

    7. 1 компир,
    8. rn 011

    9. 500 мл сос од домати,
    10. rn 011

    11. сол, бибер и магданос.
    12. rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Варете го зеленчукот со малку вода, а потоа испасирајте го.
    2. rn 011

    3. Додадете го сосот од домати и зачините, варете уште десетина минути.
    4. rn 011

    5. Пред крај, додајте го магданосот.
    6. rn

    rn

    Рецепти со ориз:

    rn7-recepti-za-jadenja-bez-maslo-vaka-se-posti-prvata-nedela-od-veligdenskiot-postrn

    Ориз со зеленчук

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 150 г грашок,
    • rn 011

    • 150 г морков,
    • rn 011

    • 150 г слатка пченка,
    • rn 011

    • околу 1 чаша бел ориз,
    • rn 011

    • сол, бибер, свеж магданос и куркума (по желба).
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Варете го зеленчукот со малку вода и кога ќе е скоро готов додадете го добро измиениот ориз.
    • rn 011

    • Оставете да врие околу десетина минути, а потоа тргнете го од ринглата.
    • rn 011

    • Додадете сол, бибер и свеж магданос и промешајте.
    • rn 011

    • Доколку имате желба може да додадете и куркума.
    • rn

    rn

    Ориз со печурки

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 г печурки,
    • rn 011

    • 1 чаша (од 200 мл) бел ориз,
    • rn 011

    • 1 кромид, 3 чешниња лук,
    • rn 011

    • 1 корен магданос, вода, сол, бибер, мајчина душица и буковец.
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Со многу малку вода варете ги лукот и кромидот па додајте ги печурките.
    • rn 011

    • Кога печурките ќе омекнат, додадете го претходно измиениот ориз.
    • rn 011

    • Додајте ги зачините: магданос, буковец, мајчина душица,сол и бибер.
    • rn 011

    • Потоа залиете со вода и оставете да врие. Повремено промешувајте, додека оризот целосно не ја апсорбира водата.
    • rn 011

    • По неколку минути, тргнете го садот од врелата рингла и сервирајте.
    • rn

    rnОстанатите вкусни рецепти прочитајте ги на следната страница…rnrn

  • Три супер брзи и едноставни рецепти со пуканки

    Три супер брзи и едноставни рецепти со пуканки

    Овие рецепти ќе им дадат нова димензија на пуканките какви што ги знаеме. Еве како да подготвите три вкусни закуски со пуканки, пред да гледате филм.rnrnСè што ви треба за да направите пуканки е тенџере и малку масло. Но, не треба да застанете тука. Со испуканите пуканки можете да направите низа рецепти, од палачинки со пченка и крцкав чипс со сирење, па сè до колачиња со пуканки.rn

    1. Палачинки со пуканки

    rnrnrnЕве еден лесен рецепт за најдобриот појадок досега: Направете палачинки со смеса од пченкарно брашно, сочни зрна од пченка и крцкави пуканки. Тоа е палачинка со три различни слоеви пченка со различна текстура, за совршен оброк.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • Едно пакување смеса за пченкарни мафини (240 г)
    • rn 011

    • 125 г процедена пченка од конзерва
    • rn 011

    • 1 ½ лажичка несолен путер (додајте ако затреба повеќе)
    • rn 011

    • 1 чашка (250 мл) испукани пуканки
    • rn 011

    • Малку јаворов сируп или мед за украсување
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Подгответе ја смесата за мафини според упатството на пакувањето и додајте ја пченката.
    2. rn 011

    3. Растопете путер во тавче и ставете од смесата да се пржи.
    4. rn 011

    5. Пржете ја палачинката од едната страна додека не порумени, па наросете ја со пукани.
    6. rn 011

    7. Потоа завртете ја палачинката внимателно и нежно притиснете. Пржете ја уште околу 90 секунди.
    8. rn 011

    9. Повторете го процесот со целата преостаната смеса. На крајот, врз сите палачинки додајте ги и преостанатите пуканки и полијте ги со мед или јаворов сируп.
    10. rn

    rn

    2. Крцкави пуканки со пармезан

    rnТри супер брзи и едноставни рецепти со пуканкиrnrnПармезанот совршено одговара со пуканки. За да го подготвите овој едноставен рецепт треба да ги полеете пуканките со растопен путер ароматизиран со рузмарин, да ги наросите со рендан пармезан и потоа да ги запечете во рерна.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 7 чашки (250 мл) испукани пуканки
    • rn 011

    • 2 лажици стопен несолен путер
    • rn 011

    • 1 лажица свеж рузмарин
    • rn 011

    • ¼ мала лажичка сол
    • rn 011

    • ¼ мала лажичка свежо мелен бибер
    • rn 011

    • 150 г пармезан
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Загрејте ја рерната на 180 ᵒС.
    2. rn 011

    3. Во голем сад измешајте ги пуканките со путерот, солта, рузмаринот и биберот.
    4. rn 011

    5. Ставете ги пуканките во плех обложен со хартија за печење, а потоа рамномерно наросете ги со пармезан.
    6. rn 011

    7. Печете ги пуканките од 5 до 7 минути, додека не станат златно-жолти, па оставете ги да се изладат. Потоа искршете ги на ситни парчиња.
    8. rn

    rn

    3. Колачиња со пуканки, јатки и суво овошје

    rnТри супер брзи и едноставни рецепти со пуканкиrnrnОва е прекрасен рецепт во кој се мешаат вкусовите на солено и благо.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 11 чашки (250 мл) испукани пуканки
    • rn 011

    • 50 г суво грозје
    • rn 011

    • 50 г сушена брусница
    • rn 011

    • 50 г печени солени кикиритки
    • rn 011

    • 30 г ф’стаци
    • rn 011

    • 4 лажици несолен путер
    • rn 011

    • 1 пакетче маршмалоу
    • rn 011

    • Малку масло или спреј за готвење
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Ставете ги пуканките, сувото грозје, брусницата, кикиритките и ф’стаците во голем сад.
    2. rn 011

    3. Во меѓувреме растопете го путерот заедно со маршмалоуто, на тивок оган, околу 6 минути, додека смесата не стане глатка.
    4. rn 011

    5. Намрсете го со масло за јадење садот во кој ќе ја ставите смесата (не мора да биде многу голем).
    6. rn 011

    7. Измешајте ги двете смеси и ставете ги во садот.
    8. rn 011

    9. Добро притиснете ја и израмнете ја смесата.
    10. rn 011

    11. Оставете ја да се излади на собна температура. Потоа, исечете на парчиња и послужете.
    12. rn

    rnМожеби сакате да направите и шарени пуканки – оригинални грицки за секоја пригода.

  • 3 начини на кои можете да чувате пајаците и бубачките понастрана од вашиот дом

    3 начини на кои можете да чувате пајаците и бубачките понастрана од вашиот дом

    Пајаците и бубачките знаат да бидат голема иритација, и да направат нашиот дом да изгледа нечисто. Постојат различни хемикалии што помагаат при борбата со овие штетници, но тие исто така се нездрави и за децата и домашните животни. Меѓу другото, тие ѝ штетат и на околината. Токму затоа решивме да споделиме со вас неколку начини на кои можете сосема природно да се ослободите од пајаците и бубачките и да го одржите вашиот дом чист и здрав…rn

    1. Користете масло од пеперминт за да ги избркате штетниците

    rnrnrnМаслото од пеперминт е силен и ефективен начин за справување со штетниците. Но, тоа исто така може да предизвика иритација на кожата кај луѓето и животните. За да го избегнете ова, препорачано е да го измешате маслото со вода за да се раствори. Вака составената мешавина испрскајте ја на оние места каде што најчесто гледате или очекувате да видите пајаци и други инсекти. Исто така испрскајте ги и вратите и прозорците за да ги спречите новите штетници да влезат во вашиот дом.rn

    2. Направете сопствен спреј против бубачки

    rnrnrnВие самите можете да направите природен спреј што ќе ги држи бубачките настрана од вас. За да го направите, измешајте јаболков оцет, масло, црвен пипер и течен сапун во шише со распрснувач. Исто како и со претходниот спреј, испрскајте ги сите влезови во вашиот дом, како вратите и прозорците. И не заборавајте да препрскате после дожд.rn

    3. Поставете цитрусни кори околу вашата куќа

    rnrnrnСвежиот цитрусен мирис е нешто што инсектите го мразат. Можете да искористите кое било цитрусно овошје, вклучувајќи портокали, лимони или лимети. Поставете ги корите околу вашиот дом, во близина на вратите, прозорците, полиците и сите останати места каде што се сомневате дека би можеле бубачките и пајаците да влезат во вашиот дом. Менувајте ги корите на секои 48 часа за најдобар ефект.rnrnПрочитајте ги и овие застрашувачки факти за бубачките кои ќе ги потврдат вашите стравови.

  • 8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во Италија

    8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во Италија

    Дали постои некој во ваша близина кој не обожува италијанска храна? Не. Така и си мислевме! Не постои човек кој не обожува пица. Италија овозможува безброј гастрономски опции, па затоа издвоивме неколку јадења кои морате да ги пробате доколку некогаш се најдете во оваа земја.rnrn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnСекако, пицата се подразбира како број 1 јадење што мора да го пробате во Италија, па затоа ја изоставивме и се фокусиравме на некои други видови јадења кои не можете да ги замислите, а се многу вкусни!rn

    1. Bigoli

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnМислите дека шпагетите се вкусни? Тогаш не сте пробале биголи, вид шпагети кои се специјалитет во Венеција, а се малку подебели од обичните шпагети и најчесто се приготвуваат во мешавина со патка.rn

    2. Ribollita

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnСите ја обожуваат оваа „зимска“ супа која потекнува од Тоскана. За да го подготвите ова традиционално јадење потребна ви е комбинација од зеленчук (кељ и домат), грав и стар леб. По желба можете да додадете месо или риба, но доколку сакате да се придржувате до оригиналниот рецепт, тогаш изоставете ги месото и рибата. Ова јадење е одлично за да си ја вратите силата по долгата прошетка и разгледувањето на градот.rn

    3. Risi e bisi

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnОва јадење е направено од ориз и грашок, и не е софистициран оброк, но е многу вкусен. Состојките се зготвени во супа од зеленчук, а резултатот е убаво балансирано и лесно јадење, кое е омилено помеѓу вегетаријанците.rn

    4. Tortellini en Brodo

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnЗа многу од семејствата во северна Италија, тортељините ен бродо се задолжително јадење за секоја пригода. Се послужуваат во крем сос и ситно рендан пармезан.rn

    5. Canederli

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnЗа да го приготвите ова јадење, потребен ви е стар леб, јајца, млеко и месо. Овие зачинети топчиња се преливаат во бистра супа, а се слични со нашите ќофтиња, само со помалку месо.rn

    6. Ossobuco alla milanese

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnДоколку морате да пробате јадење со месо во Италија, тогаш тоа нека биде особучо. Превкусно телешко месо зготвено во вино.rn

    7. Cacciucco

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnНе сте личност која обожува риба? Ова јадење ќе го промени вашето мислење. Зачинетата морска храна се поврзува со местото Ливорно, а школките, ракчињата и октоподот во сос од домати е нешто на што нема да можете да одолеете.rn

    8. Focaccia di recco

    rn8 јадења кои морате да ги пробате доколку се најдете во ИталијаrnrnОвој едноставен рецепт кој се нарекува фокача, е ароматична погача која одлично оди со маслиново масло и сирење.rnrnПогледнете ја и одличната храна која треба да ја пробате во Грција.

  • Совршени идеи за лесен појадок: Овие 3 рецепти за салати се вистинско откритие

    Совршени идеи за лесен појадок: Овие 3 рецепти за салати се вистинско откритие

    Разбудете се со зеленчук, голема доза протеини и шарени чинии за стопроцентно одличен почеток на денот. Би сакале да јадете салати за појадок? Тие се вистинско откритие за поубаво утро. Во продолжение ќе ви претставиме рецепти за 3 видови салати кои можете да ги подготвите кога вам ви одговара најмногу.rnrnrn

    1. Медитеранска салата за појадок

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2-4 јајца
    • rn 011

    • 200 грама рукола
    • rn 011

    • 300 грама свежи шери домати (преполовени)
    • rn 011

    • 1/2 свежа краставица (исечкана)
    • rn 011

    • 180 грама сварена киноа
    • rn 011

    • 1 авокадо
    • rn 011

    • 110 грама бадеми или други јаткасти плодови (исечкани)
    • rn 011

    • 1/2 лажица зачини по избор (копар, нане, босилек, оригано)
    • rn 011

    • 1 лимон
    • rn 011

    • Маслиново масло
    • rn 011

    • Сол, бибер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПрво сварете ги јајцата. За да бидат меко варени прво загрејте ја водата до вриење, а потоа намалете го огнот и ставете ги јајцата да се варат 5-6 минути. Тргнете ги од огнот и прелијте ги со ладна вода за да го спречите понатамошното варење. Потоа излупете ги. Во голем сад измешајте ги руколата, шери доматите, краставицата и киноата. Прелијте со малку маслиново масло, зачинете и повторно измешајте. Салатата можете да ја распоредите во 4 чинии (или 2 поголеми). Додајте ги претходно исеченото авокадо, јајцата исечкани на половина од зачините по избор. На крајот додајте уште и сол и бибер по вкус, како и исцеден лимонов сок и уште малку маслиново масло.⁠rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Camille Styles (@camillestyles) on

    rnrn

    rnrn

    2. Слатко-солена салата

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 мали слатки компири (или 1 поголем) исечкани на мали парчиња
    • rn 011

    • 300 грама салата по избор
    • rn 011

    • 1 лажица кокосово масло (или друго по избор)
    • rn 011

    • 3 лажици лимонов сок
    • rn 011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn 011

    • 100 грама боровинки
    • rn 011

    • 1 средно авокадо
    • rn 011

    • 4 лажици хумус
    • rn 011

    • Сол, бибер, исечкан магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте поголема тава на оган со средна температура. Кога ќе се загрее додајте ги маслото, компирот, солта и биберот и измешајте. Распоредете ги во еден слој за да се зготват рамномерно и ставете го капакот за да не испарува. Варете 3-4 минути. После тоа свртете го компирот за да бидете сигурни дека ќе се зготви рамномерно. Ако пребрзо потемни, намалете ја температурата. Продолжете да готвите додека компирот не добие златно-костенлива боја од двете страни – отприлика 10-15 минути. Во меѓувреме подгответе го преливот од лимонов сок, маслиново масло, сол и бибер. Сè тоа треба да се соедини со лажица или ако сте го ставиле во стаклена тегла – убаво да се промеша. Послужете така што ќе ја распределите салатата во чинии и на врвот ќе ги додадете печениот сладок компир, боровинките, авокадото, хумусот и магдоносот. Се послужува со преливот од страна. Остатоците може да се чуваат 2-3 дена (одвоени од преливот) иако најдобро е да бидат свежи.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MINIMALIST BAKER (@minimalistbaker) on

    rnrn

    rnrn

    3. Салата со кајгана и боровинки

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • Маслиново или кокосово масло
    • rn 011

    • 2 јајца + 4 белки
    • rn 011

    • 25 грама боровинки
    • rn 011

    • 1/4 лажица цимет
    • rn 011

    • 1/4 лажица сол
    • rn 011

    • 1 лажица босилек
    • rn 011

    • 1 лажица исечкани ф’стаци
    • rn 011

    • Чили или лут сос по желба
    • rn 011

    • Рукола
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНа загреана тава ставете малку масло по избор. Јајцата изматете ги во сад и додајте ги во тавата, па пропржете. Додека јајцата уште се меки додајте ги боровинките за да се загреат и да почнат да се распаѓаат. Додајте малку сол и цимет. Откако јајцата ќе се спржат додајте ги и исечените ф’стаци во тавата. На крајот додајте ги босилекот, биберот, чилито или лутиот сос.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Brittany Mullins (@eatingbirdfood) on

    rnrn

    rnrnrnНаучете го и овој освежителен рецепт за здрав сладолед од јагоди.

  • Вкусни напитоци кои ќе ве разладат за време на летните денови

    Вкусни напитоци кои ќе ве разладат за време на летните денови

    Летото е во полн ек, па мора да наоѓаме начини како да се разладиме во овие жешки денови. Хидратацијата на организмот е неопходна за време на најтоплото годишно време. Покрај консумирањето вода, можете да бидете малку креативни во кујната и да подготвувате вкусни напитоци кои ќе ве освежат во овој период.rnrnВкусни напитоци кои ќе ве разладат за време на летните деновиrn

    Напиток од јогурт и вода

    rnКомбинацијата од вода и јогурт, позната под името „lassi“ е традиционален пијалак во Индија. Благодарение на пробиотичките бактерии го подобрува варењето, а во комбинација со неколку сочни парчиња овошје ќе ви го освежи целиот организам.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 децилитри јогурт
    • rn 011

    • 2 децилитри вода
    • rn 011

    • 1 лажица мед или јаворов сируп
    • rn 011

    • 1/2 шолја исечкано манго
    • rn 011

    • 1/2 шолја боровинки или рибизли
    • rn 011

    • 1/2 шолја малини
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер и мешајте ја смесата додека таа не стане кремаста. По подготовката напитокот ставете го во фрижидер.rn

    Напиток со кефир и краставица

    rnКраставицата е, дефинитивно, најосвежителниот зеленчук. Овој зелен плод кој содржи многу вода, во комбинација со кефир уште повеќе ќе ве освежи.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 децилитри вода
    • rn 011

    • 2 децилитри кефир
    • rn 011

    • 1 краставица
    • rn 011

    • неколку ливчиња мента
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте ја краставицата и пресечете ја на мали парчиња. Ставете ја во блендер па додадете вода, кефир и мента. Сè добро изблендирајте.rn

    Напиток од ѓумбир

    rnМожеби мислите дека пикантната арома на ѓумбирот не е посакувана за време на високите температури, но неговото делување во текот на топлите денови е многу добро. Имено, ѓумбирот помага во регулирање на телесната температура.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 литар минерална вода
    • rn 011

    • свеж сок од лимета
    • rn 011

    • 30 грама изрендан ѓумбир
    • rn 011

    • 1/3 шолја исечкана мента
    • rn 011

    • 1 лажица мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Доколку парчињата зеленчук на крајот ви пречат тогаш може да ја исцедите течноста, а потоа ставете ја во фрижидер.rnrnНо, која е најчестата грешка поради која уште потешко ја поднесуваме жештината? Прочитајте тука.

  • 3 едноставни рецепти за подобро расположение

    3 едноставни рецепти за подобро расположение

    Без разлика дали сте се расправале со партнерот, сте паднале на колоквиум или сте имале лоша работна недела, има начин да го подобрите вашето расположение. Готвењето е секогаш забавна активност, а овие едноставни десерти ќе можете да ги направите за само 10-тина минути.rn

    1. Чоколадни топчиња

    rn3 едноставни рецепти за подобро расположениеrnrnЧоколадото може да ги излекува сите рани, па зошто да не ги направите овие превкусни чоколадни топчиња?rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 170 грама чоколадо
    • rn 011

    • 2 лажици маргарин
    • rn 011

    • 1 јајце
    • rn 011

    • 1 лажица шеќер во прав
    • rn 011

    • 1 лажица ситно исечкани ореви
    • rn 011

    • 1 лажица мини маршмелоу
    • rn 011

    • 1/2 лажица кокосово брашно
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНа тивок оган растопете ги чоколадото и маргаринот. Откако чоколадото целосно ќе се растопи, тргнете го од оган. Во садот со чоколадо изматете ги јајцето, шеќерот, маршмелоуто и оревите. Кога смесата ќе добие цврста структура, почнете да правете топчиња. На крај ставете ги во кокосово брашно, и вашиот десерт е готов.rn

    2. Пржена банана со цимет

    rn3 едноставни рецепти за подобро расположениеrnrnИдеалната комбинација од банана и цимет речиси сигурно ќе ја намали вашата тага.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 банани
    • rn 011

    • 2 лажици маргарин
    • rn 011

    • 2 лажици шеќер
    • rn 011

    • 1/2 лажица цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете ги бананите и пресечете ги на половина надолго. Во тава растопете го маргаринот и на него испржете ги бананите додека не добијат златно кафеава боја. Додека бананите се пржат, во сад измешајте ги шеќерот и циметот. Откако ќе се испржат, ставете ги бананите на чинија и прелијте ги со смесата од цимет и шеќер. Послужете ги бананите топли.rn

    3. Мафини со парчиња чоколадо

    rn3 едноставни рецепти за подобро расположениеrnrnЗа овој превкусен десерт ќе ви бидат потребни само 10 минути.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 лажица маргарин
    • rn 011

    • 2 лажици кафеав шеќер
    • rn 011

    • 1 лажица екстракт од ванила
    • rn 011

    • 1 жолчка
    • rn 011

    • Прстофат сол
    • rn 011

    • 3 лажици меко брашно
    • rn 011

    • Неколку парчиња чоколадо
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnРастопете го маргаринот на тивок оган. Откако ќе се растопи, тргнете го садот од оган и додајте ги кафеавиот шеќер, екстрактот од ванила и солта. Потоа додајте ја и жолчката и добро промешајте. Кога ќе се соединат состојките, во смесата ставете и брашно. Добиената смеса ставете ја во калапи за мафини. Ставете го калапот во претходно загреана рерна на 180 степени, и печете 5 до 10 минути. На испечените мафини ставете мали парчиња чоколадо.rnrnПробајте ги и овие чоколадни десерти за кои ви се потребни само 3 состојки.

  • Рецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салата

    Рецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салата

    Веројатно ви пукнале неколку јајца за време на фарбањето. Исто така ќе останат и многу од Велигден. Па, погледнете ги овие одлични рецепти со кои ќе можете да ги искористите преостанатите велигденски јајца.rn

    Солена торта со јајца

    rnРецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салатаrn

    Потребни состојки

    rn

      rn 011

    • 1 килограм компири
    • rn 011

    • 1 лажица путер
    • rn 011

    • Кисели краставички
    • rn 011

    • 7 варени јајца
    • rn 011

    • 400 грама печеница или шунка
    • rn 011

    • 200 грама сирење
    • rn 011

    • 150 грама кашкавал
    • rn 011

    • 3 лажици мајонез
    • rn 011

    • Сол по вкус
    • rn

    rn

    Потребни состојки (за сос)

    rn

      rn 011

    • 200 милилитри мајонез
    • rn 011

    • 200 грама кисело млеко
    • rn

    rn

    Потребни состојки (за декорација):

    rn

      rn 011

    • 4 варени јајца
    • rn 011

    • Малку магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСварете ги компирите во солена вода. Исцедете ја водата, додајте путер и направете пире. Краставичките, печеницата сирењето и кашкавалот изрендајте ги, а јајцата исечете ги на тенки парчиња. Во посебен сад измешајте ги мајонезот и киселото млеко.rnrnКога компирот ќе се излади, од половина смеса направете кора во калап за торта. Добро натапкајте го со прстите за да добиете цврста кора.rnrnВрз компирите наредете сирење и рендана печеница, па премачкајте со третина од сосот од кисело млеко и мајноез. Потоа ставете го останатиот дел од пирето, а врз него ставете кисели краставички, па тенко исечените јајца. Премачкајте и со другата третина од сосот, а озгора ставете изрендани кисели краставички.rnrnДобро притиснете со дланките, покријте ја тортата со фолија и оставете ја во фрижидер преку ноќ. Ставете ја и преостанатата третина од сосот во фрижидер.rnrnСледниот ден извадете ја тортата од калапот, од страните премачкајте ја со останатиот сос, а на крај изрендајте 3 јајца на врвот.rn

    Богата салата со јајца

    rnРецепти со велигденски јајца: Богата солена торта и превкусна салатаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 10 варени јајца
    • rn 011

    • 180 милилитри кисело млеко
    • rn 011

    • 100 милилитри мајонез
    • rn 011

    • 3 лажици сенф
    • rn 011

    • 1 мал праз
    • rn 011

    • Сол и бибер по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка

    rnВо голем сад измешајте ги киселото млеко, мајонезот и сенфот. Излупете ги јајцата, исечкајте ја белката, а жолчката изронете ја со прсти.rnrnИзмијте го празот и исечкајте го ситно, па заедно со јајцата додајте го во садот. Зачинете со бибер и сол по вкус, промешајте и оставете да се излади во фрижидер.rnrnПробајте го и овој вкусен рецепт со велигденски јајца.