КАФЕ ПАУЗА

Tag: рецепти

  • Сорбет од лубеница и мохито

    Сорбет од лубеница и мохито

    Лудо освежителен десерт

    rnСорбет од лубеница и мохитоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 кг лубеница, исечена на парчиња и исчистена од семки
    • rn011

    • 2 супени лажици шеќер
    • rn011

    • 2 супени лажици бел рум
    • rn011

    • 4-5 ливчиња свежо нане
    • rn011

    • 60 мл сок од лимета
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо блендер ставете ги лубеницата, сокот од лимета и шеќерот. Миксајте додека да добиете еднолична смеса. Потоа, додадете ги нането и румот и повторно миксајте додека да добиете пире. Смесата ставете ја во замрзнувач да отстои околу 30 минути. По 30 минути пирето од лубеница префрлете го во машина за сладолед и продолжете со процесот на подготовка според упатството на уредот. Доколку немате ваква машина, извадете ја смесата од замрзнувач по 45 минути и потоа на секои 30 минути мешајте ја енергично, рачно или со миксер. За да го постигнете бараниот ефект, ова ќе треба да го правите 2-3 часа. На крај, смесата оставете ја во замрзнувач да се излади околу 3 до 4 часа. Сервирајте со алатка за сладолед и декорирајте со свежи ливчиња нане.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Милкшејк мока

    Милкшејк мока

    Декадентно ладно кафе за попладневно уживање. Сервирајте го во високи чаши за да го доловите ретро стилот.rnrnМилкшејк мокаПотребно е:rn

      rn011

    • 85 г чоколадо со 70 или 80% какао маса
    • rn011

    • 1 лажица инстант кафе
    • rn011

    • 700 мл млеко
    • rn011

    • 4 топки сладолед од ванила
    • rn

    rnПодготовка: Грубо насечкајте го чоколадото и заедно со инстант кафето ставете ги во длабок сад. На оган загрејте 300 мл од млекото. Топлото млеко полејте го врз чоколадото и кафето. Мешајте со лажица за да се растопи чоколадото. Оставете да се олади мока смесата. Оладената мока смеса ставете ја во блендер со останатото млеко и сладоледот. Кратко изблендајте и сервирајте во чаши. На крај, декорирајте со рендано чоколадо.rnrn————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Капучино тирамису

    Капучино тирамису

    Лесно, брзо и вкусно. Италијанскиот шмек е неизбежен.Капучино тирамисуПотребно е:

    rnrn

      rn011

    • 8 пишкоти, преполовени
    • rn011

    • сварено инстант кафе
    • rn011

    • сладолед од чоколадо
    • rn011

    • 140 мл шлаг, изматен
    • rn011

    • 1 лажица шеќер во прав
    • rn011

    • 3 лажици Бејлис
    • rn011

    • рендано чоколадо за декорација
    • rn

    rnПодготовка: Во 4 чаши распоредете ги пишкотите, колку да се обложи дното на чашата. Ставете изладено кафе доволно колку да ги омекне пишкотите. Ставете по две топки сладолед, прелијте ги со Бејлис, една лажица шлаг и шеќер во прав. Декорирајте со рендано чоколадо.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Овошни цигари

    Овошни цигари

    Попладневни грицки и интересни, брзи и лесни суканици

    rnОвошни цигариrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 450 г јагоди, исечкани на мали парчиња
    • rn011

    • 60 мл вода
    • rn011

    • 1 лажица сок од лимон
    • rn011

    • 1 лажица масло
    • rn011

    • 60 г шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

    Загрејте ја рерната на 60 степени Целзиусови. Исечкајте ги јагодите и заедно со водата и лимоновиот сок ставете ги во тенџере да се варат неколку минути, покриени, на средна температура.

    rn

    Овошни цигариОвошни цигари

    rn

    Кога ќе бидат меки, тргнете ги од оган, ставете го шеќерот и претурете сè во блендер. Мешајте убаво додека да се измикса целата смеса. Пробајте од смесата и ако треба додадете уште шеќер.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Во тава ставете хартија за печење и намачкајте ја со малку масло. Претурете ја смесата врз хартијата и со лажица убаво распоредете ја за да биде тенка и во еден рамномерен слој. Печете околу 12-15 часа, при што некаде на половина печење, смесата треба да се преврти на нова намасленета хартија во тавата. Ако смесата почне да се суши во текот на печењето, намачкајте ја со вода. Доколку немате 15 последователни часови на располагање за печење, можете привремено да ја сушите смесата покрај прозорец изложен на сонце.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    Готовата смеса оставете ја да се олади. Од неа исечете долгнавести ленти и потоа завиткајте ги како цигари.

    rn

    Овошни цигари

    rn

    По желба, истиов рецепт можете да го примените за да направите овошни цигари од друг плод.


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со кофеин во борба против целулитот

    Со кофеин во борба против целулитот

    Целулитот е состојба во којашто на кожата се појавуваат дупчиња, давајќи и изглед како кора од портокал. Најчесто може да се забележи на бутовите, стомакот и задникот и тоа почесто е видлив кај жените отколку кај мажите, поради начинот на кој жените ги складираат мастите. Покрај ова, понекогаш и тежината може да игра улога, иако не секогаш е така. Други придонесувачи за неговата појава се лошата исхрана, задржување на водата во телото и доколку голем дел од времето го поминувате седејќи или лежејќи. Токму затоа, дури и најслабите луѓе понекогаш имаат целулит. Генетиката, исто така, може да претставува фактор за негово добивање. Прочитајте до крај, после објаснувањето, следуваат неколку едноставни, но делотворни рецепти кои можете да ги приготвите во домашни услови.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnПотрагата по креми и лосиони кои ќе го победат целулитот се одвива веќе со декади. Најновите анти-целулитни креми кои се наоѓаат по маркетите содржат кофеин и навистина покажуваат резултати. Кофеинот во продуктите за нега на кожата, всушност ги проширува крвните садови со што се зголемува брзината и количеството на крвниот притисок, се намалува задржувањето на водата во организмот која ги притиска маснотиите кон кожата и обезбедува нејзин помазен изглед. Масажата е одличен домашен лек за болести и за грижа на кожата. Таа го подобрува крвниот притисок и циркулацијата, притоа разбивајќи ги масните клетки. Ова во комбинација со кофеин, дава неверојатни резултати во намалувањето на целулитот.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnСамо во САД, секоја година се трошат повеќе од 10 милиони долари на анти-целулитни препарати. Пред повеќе од година дена, еден австриски научник создаде хулахопки исполнети со кофеински микрокапсули. Овие хулахопки имаат функција да го забрзуваат метаболизмот и да ги согоруваат маснотиите. Резултатите биле феноменални, бидејќи се продадени повеќе од 20.000 парчиња за само 18 месеци и од нив само шест биле вратени поради незадоволство од производот.rnrnСо кофеин во борба против целулитотrnrnДоколку сте спремни да се борите со целулитот, на пазарот можете да најдете неколку добри продукти на база на кофеин, но има и некои кои можете да ги направите самите дома. Еве неколку домашни рецепти со кои можете да го започнете вашиот третман против целулитот:rnrn


    rnrn

    Рецепт 1

    rn

      rn011

    • 240 мл топло сварено кафе
    • rn011

    • 1 белка од јајце
    • rn011

    • 1 супена лажица маслиново или ему масло
    • rn

    rnПостапка: Искомбинирајте ги сите состојки за да создадете смеса. Со неа масирајте ги деловите со целулит, правејќи нежни кружни движења, а пота исплакнете. Исто така, можете смесата да ја намачкате на пределите и да го замотате тој дел со најлонска фолија. По 5 до 10 минути отстранете ја фолијата и измасирајте со кружни движења. На крајот убаво исплакнете. За најдобри резултати, употребувајте ја смесата 3 пати неделно.rnrn


    rnrn

    Рецепт 2

    rn

      rn011

    • топол талог од кафе
    • rn011

    • 1 супена лажица маслиново масло
    • rn

    rnПостапка: Состојките измешате ги убаво за да добиете паста. Потоа со раце или со луфа нанесете на пределите со целулит. Масирајте и на крајот исплакнете. Ова постапка правете ја неколкупати во текот на неделата.rnrn


    rnrn

    Рецепт 3

    rn

      rn011

    • мелено кафе
    • rn011

    • лосион или гел за тело
    • rn

    rnПостапка: Во вашиот гел за тело или лосион, ставете една доза мелено кафе. Намачкајте го телото, почекајте неколку минути и потоа исплакнете. Ова правете го секој ден. За подобри резултати употребувајте свежо мелено кафе, а доколку немате, заменете го со инстант кафе.