Детелината со четири листови се смета за симбол на среќа насекаде во светот, а дали досега сте виделе виолетова детелина?rnrn
rnrnВиолетовата декоративна детелина која се одгледува во саксии, во дворови и балкони, е исклучително убаво и романтично растение, а кога ќе погледнете како го облагородува вашиот простор, сигурно ќе ја разбуди среќата во вас.rnrnМоже да се одгледува во затворен простор како домашно растение или на отворено, во жардинери. Растението е преубав украс околу фонтани и вештачки езера.rnrnЛистовите во форма на срце можат да бидат зелени или виолетови. Интензитетот на нивната боја зависи од изложеноста на сончева светлина. Има и мали цветови кои можат да бидат бели, жолти и розови. Високите цветни стебленца им обезбедуваат на цвеќето доволно сонце бидејќи се наоѓаат над лисјата.rnrnЗа време на садењето изберете супстрат кој е богат со органска материја. Не сака вишок на влага во зоната на коренот и треба да му се обезбеди добро исцедена почва или подлога во садот. За местото на садење изберете сончеви позиции или прозорци на јужната страна. Не толерира силна сенка. Во северните предели, поволно е растенијата да бидат што повеќе изложени на сонце, додека на југ, благата сенка е подобар избор. Полесно поднесува кратки сушни периоди од дождливите денови. Не поднесува мраз, екстремно високи и ниски температури.rnrnПо цветањето, отстранете ги исушените цветови и цветните стебленца. Ако листовите се суви, исечете ги со ножици еден до два сантиметри повисоко од основата на растението. Во лето преместете го растението во сенка, особено кога температурите се екстремно високи. Престанете да го полевате два до три месеци за да се подготвите за зимата. Ако не можете да го преместите, тогаш покријте го со прекривка.rnrnСемето на декоративната детелина се сее напролет, на растојание од еден сантиметар и се покрива со тенок слој супстрат кој треба да биде умерено влажен. Младите корени бараат повеќе влага од постарите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за одгледување на декоративната виолетова детелина, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие совети за одгледување герании.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Tag: растение
-

Совети за одгледување декоративна виолетова детелина
-

Плишено растение што ќе го украси секој ентериер
Инстаграм не престанува да биде преплавен со прекрасни растенија, особено со необични и ретки што едвај чекаме да ги истражиме. Едно од нив е Sinningia leucotricha или Бразилски еделвајс, кое припаѓа на семејството сукуленти.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnОва растение има прекрасни сребрени лисја што можат да пораснат до 15 цм во висина и 10 цм во ширина. Има розови цветови што се појавуваат кон крајот на пролетта и почетокот на летото и тогаш ова растение е најубаво. Потоа, лисјата и цвеќињата паѓаат и тоа мирува неколку месеци, а потоа повторно почнува да цвета. Почвата секогаш треба да биде влажна, но не премногу и треба да го чувате ова растение на полуосветлено место.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПлишените сребрени листови се она што привлекува најмногу, но внимавајте да не ги наводнувате неговите лисја, туку само почвата.rn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrnПогледнете ги и овие дијамантски сукуленти – растение со уникатен изглед што е лесно за одгледување.
-

Бугенвилија: Цвет што носи атмосфера на море во секоја градина
Овие темнорозови цвеќиња ќе ѝ дадат допир на тропски предели на секоја градина. Бугенвилијата може да порасне и до 25 метри, а има повеќе од 300 подвида бугенвилија и тие се формирани со вкрстување на јужноамерикански видови. Најчесто имаат темнорозова нијанса, но со вкрстувањето се создале и жолти, портокалови и црвени цветови.rnrn
rnКако да одгледувате бугенвилија?
rnБугенвилијата може да се сади кон крајот на пролетта или почетокот на летото, па токму сега е идеално време за тоа. Сака многу сончеви места и може да издржи температури и над 35 Целзиусови степени.rnrnЗатоа, таа често е украс на медитеранските градини, каде што може да се одгледува по ѕидовите на куќата, на оградите и на верандата. Ако не ѝ обезбедите поддршка, таа едноставно ќе се шири по земјата и ќе создаде еден вид „тепих“.rnrnСепак, ова растение може да го одгледувате и во саксии за да можете да го внесете дома штом ќе се појават првите знаци на есен. Кога температурата паѓа под 12 Целзиусови степени, растението може да ги изгуби лисјата.rnrnГолемата предност на бугенвилијата е тоа што поднесува суша многу добро, па затоа не треба да се наводнува често. Освен тоа, прекумерното наводнување може да доведе до гниење на коренот.rnrnБугенвилијата обично цвета кон крајот на пролетта и почетокот на летото, но редовното отстранување на исушените цветови може да го поттикне цветањето и таа да биде раскошна, па не е невообичаено цветањето да трае до крајот на летото.rnrnБугенвилијата ќе го покаже своето најдобро руво во текот на четвртата и петтата година од растот, а ако сакате да ја споделите со пријателите, може многу лесно да се размножи со сечење.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за ранункулусот – цвеќе што во вазната ќе остане свежо со денови. -

Бел јасмин: Издржлив цвет од кој ќе замириса целата просторија
Јасминот е растение од кое се прават парфеми, масла и чаеви, од кое мирисаат цели цветни леи и балкони, а со својата елеганција се вклопува во секој простор.rnrn
rnrnПостојат повеќе од 200 вида див јасмин, а во нашите предели најпознат е обичниот или белиот јасмин. Овој јасмин може да порасне до метар и половина, а кога цвета, обично е во групи од три до пет цвеќиња. Има силен, сладок мирис и цвета во текот на мај и јуни.rnrnПотребно е редовно наводнување и годишно кастрење за да се подобрат растењето и цветањето. Јасминот сака сончеви места, но освен споменатото кастрење, не му е потребна посебна грижа.rnrnАко сте одлучиле да ги разубавите вашата градина или вашиот балкон со јасмин, изберете сончеви и топли места. Сепак, најдобро е да го засадите во саксии бидејќи на јасминот му пречат мраз и студени ветрови, а снегот може да ги оштети лисјата.rnrnОткако ќе го засадите, обидете се да го чувате на тоа место колку што е можно подолго. Ако неговото живеалиште се промени нагло и премине од сончево подрачје во потемно, растението ќе доживее шок и ќе се појават дамки на неговите лисја.rnrnПо завршувањето на цветањето, треба да се направи кастрење за да даде мирисливи и убави цвеќиња и следната година. Во текот на зимските месеци, лисјата ја менуваат бојата, па стануваат црвеникави.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за герберите – цвеќиња создадени за најслатките букети. -

Литопи – прекрасни сукуленти што личат на украсни камчиња
Дали некогаш сте чуле за литопи? Тоа е необичен род џуџести растенија кои потекнуваат од јужна и југозападна Африка. Се претпоставува дека има 37 вида литопи и околу 145 сорти, а изгледаат како украсни камчиња. Ова е причината зошто тие често се нарекуваат живи карпи или цветни камен.rnrn
rnrnИмето потекнува од грчкиот збор lithops што значи „слично на камен“. Овие кактуси навистина изгледаат како камења, што претставува еволутивна адаптација на животната средина во која се наоѓаат за да можат да се одбранат од природните непријатели. Тие растат во суви карпести области и се отпорни на суша и високи температури.rnrnОна што изгледа како камен се всушност два задебелени и превиткани лисја од литопи, кои се отвораат за време на цветањето, обично кон крајот на есента или почетокот на зимата.rnrnЗадачата на овие лисја е да складираат вода, бидејќи во нивното природно живеалиште не врне дожд неколку месеци. Но, треба да знаете дека цветаат само растенијата што се постари од три или пет години.rnrnЕкспертите тврдат дека литопите може да се одгледуваат во затворени простории или во градината.rnrnГлавните сезони на растење се летото и есента. Во природата, тие растат на сончеви места, а бидејќи станува збор за мали растенија, тие се засадуваат во многу мали саксии, но подобро е да се засадат повеќе растенија заедно во поголема саксија.rnrnАко одгледувате литопи на отворено во градината, треба да обрнете внимание на количината вода на која се изложени. Во текот на зимата не треба да ги наводнувате, освен ако не забележите дека лисјата се сушат.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие дијамантски сукуленти со уникатен изглед. -

Потребни се 2 услови за да цветаат раскошно: Како се одгледуваат кали?
Потекнува од Африка, но калата расте и во други тропски подрачја. Ова растение цвета во различни бои, од бела до розова и бордо. Станува збор за цвет кој трае долго, дури и кога ќе се отсече, па затоа често е дел од цветните аранжмани, особено кога станува збор за свадби. Калата во вазна ќе го украсува вашиот дом со денови, но треба повремено да ѝ ги отсекувате врвовите.rnrn
rnrnФактот што ќе воодушеви многумина е дека калата се одгледува многу лесно. Ова растение не бара многу внимание. Правилното садење и местоположбата на калата се единствените важни работи на коишто треба да внимавате.rnrnКалата сака сончеви места или полусенка во потопло подрачја.rnrn
rnrnАко одлучите да го одгледувате овој цвет, треба да го засадите напролет. Ова цвеќе расте умерено брзо и честопати цвета на почетокот или на средината на летото. Калата цвета во текот на целата сезона, до рана есен. Пред садењето, важно е да почекате да помине опасноста од мраз и почвата да се затопли доволно.rnrnКога ја засадувате, почвата треба добро да се наводни. Калите сакаат влажна почва и да ги прихранувате со ѓубриво во текот на сезоната на растење.rnrn
rnrnПо садењето, не претерувајте со наводнување. Откако ќе се создадат ризомите, наводнувајте ја калата еднаш неделно или почесто ако е многу жешко. Ако растението е во затворена просторија во саксија, постојано ќе му треба влага.rnrnКога станува збор за калата, треба да знаете дека таа може да биде отровна за домашните миленици. Цветот на калата содржи рафиди кои можат да предизвикаат здравствени проблеми кај домашните миленици.rnrnПогледнете ги овие пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце. -

Дијамантски сукуленти: Растение со уникатен изглед што е лесно за одгледување
Љубителите на сукуленти секогаш се радуваат кога ќе додадат некои нови примероци во својата колекција, а оној што ќе се истакне со својот уникатен изглед се нарекува Haworthia cooperi или проѕирен или дијамантски сукулент.rnrn
rnrnОвој сукулент потекнува од Јужна Африка. Има ситни, месести лисја кои растат во розети и се делумно проѕирни, а тоа му дава уникатен изглед на растението.rnrnТокму поради изгледот на лисјата се нарекува дијамантски сукулент, а цвета во пролет и лето. Сака многу светли простории, но не сака директна сончева светлина. Во својата природна средина, најчесто се наоѓа во сенка на дрвја, карпи или други предмети.rnrnНајдобро е да го чувате на прозорецот, каде што ќе има барем три до четири часа силна светлина во текот на денот.rnrnИако претпочита високи летни температури, тоа успева и на поладни температури од околу 10 Целзиусови степени. Сепак, проверете дали температурата на која се наоѓа не е пониска од 4 Целзиусови степени бидејќи може да замрзне.rnrnШто се однесува до наводнувањето, наводнувајте го сукулентот обилно и рамномерно во текот на летните месеци. Почвата мора да биде целосно сува помеѓу наводнувањата.rnrnВо текот на зимските месеци, доволно е да го наводнувате растението еднаш месечно.rnrnПрихранувајте го во лето, но не и во зима. Садот во кој е засаден сукулентот треба да има дренажни дупки.rnrnОва растение не бара многу внимание, а најмногу треба да обрнете внимание на прекумерното наводнување. Никогаш не треба да биде во премногу вода подолго време бидејќи тоа може да ги оштети неговите корени.rnrnАко неговите лисја станат жолти или бели, тоа е знак дека е премногу изложено на директна сончева светлина. Од друга страна, ако неговите лисја почнат да избледуваат, тоа значи дека не добива доволно светлина.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете го и овој прекрасен розов сукулент кој е познат и како планинска роза. -

Ранункулус – цвеќе што во вазната ќе остане свежо со денови
Ранункулус или лутиче е цвеќе што ќе ве маѓепса со својата убавина и со цветовите што изгледаат како да се направени од најмеката хартија.rnrn
rnrnПостојат неколку стотици видови цвеќиња ранункулус, а повеќето од нив цветаат во средината на пролетта или во доцна пролет. Овој цвет плени со своите живописни бои, а поради убавината, се споредува со розата и со божурот.rnrnСлоевите тенки ливчиња можеби изгледаат кревко, но ранункулусот е многу цврст цвет. Ставете го во вазна и овој цвет ќе остане свеж со денови. Секој ден ќе ве воодушевува со отворањето на своите ливчиња и со богатството на бои скриени во него.rnrnПоради раното цветање, ранункулусот може да се сади во саксии и да се чува во затворен простор. Во тој период е најдобро да го ставите на прозорец свртен кон југ или запад, а температурата од околу 13 Целзиусови степени ќе биде идеална за него. Во рана пролет, ова растение постепено се приспособува на надворешните услови, така што можете да го чувате надвор подолго и подолго секој ден и да го внесете внатре пред да падне мрак. Ова цвеќе се сади на отворено во средината на мај.rnrnЗа успешно засадување на ранункулусот, важно е да ја збогатите земјата со хумус или со купена почва и да обрнете внимание на наводнувањето – почвата треба да биде влажна, но не премногу.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја оваа точкеста бегонија што ќе ве освои на прв поглед. -

Велигденски кактус – пролетно растение што не бара грижа и внимание
Велигденскиот и божиќниот кактус се дел од семејството кактуси и се хибриди на бразилскиот шумски кактус. Имињата ги добиле по празниците, поради периодот од годината во кој цветаат.rnrn
rnrnКоја е разликата помеѓу овие две растенија? Божиќниот кактус потекнува од бразилските дождовните шуми, додека велигденскиот кактус потекнува од сувите шуми. Велигденскиот кактус цвета на крајот на зимата и во рана пролет, а божиќниот кактус за време на зимските празници.rnrnСе разбира, има разлика и во изгледот. За разлика од божиќниот, велигденскиот кактус има ливчиња распоредени во совршен венец. Цветовите можат да бидат во разни бои.rnrnОва растение треба да се чува на силна, но не на директна сончева светлина. За разлика од пустинските кактуси, тоа сака пониски температури, дури и преку ден.rnrnПочвата треба да биде малку влажна и да ја оставите да се исуши пред повторно да го наводнувате кактусот. Квалитетната грижа за велигденскиот кактус вклучува и пресадување на растението на секои две години, во пролет. Потоа, заменете ја почвата, но вратете го растението во истата саксија.rnrnАко вашиот дом е сув, обезбедете му влага ставајќи го на чинија наполнета со камчиња и со малку вода. Испарувањето ќе го навлажни воздухот околу растението.rnrnАко добро се грижите за растението, ќе имате здрав зелен кактус. За да процвета, потребни се ниски температури и долги ноќи. Ако сакате да видите цветови, мора да бидете малку груби кон растението, односно пожелно е малку да го запоставите во постудените месеци. Прво престанете да го храните кактусот, а потоа преместете го на темно место по 12-14 часа во текот на денот. Пупките се формираат најдобро кога температурата е околу 10 Целзиусови степени.rnrnОд октомври до ноември, наводнувајте го растението поретко. Во декември, можете да го преместите на потопло место каде што температурите се движат од 16 до 18 Целзиусови степени. Растението може да почне да цвета веќе во февруари, но циклусот на цветање обично започнува во март, а растението може да ве наградува со убави цвеќиња до мај.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за глоксинијата – цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин. -

Глоксинија – цвет што ќе ве воодушеви на најубавиот можен начин
Глоксинија (Sinningia speciosa) е растение по потекло од Бразил, кое сега се одгледува низ целиот свет како домашно растение. Расте од 15 до 30 сантиметри во висина, а нејзините цветови во форма на ѕвонче се опкружени со привлечни лисја со нежна и кадифена текстура.rnrn
rnrnПериодот на цветање се карактеризира со богатство и разновидност на бои – нејзинитецветови може да бидат сини, виолетови, розови, бели… Глоксинијата не бара многу внимание, но треба да ѝ обезбедите неколку услови. Ставете ја на многу светло место, но не на директна сончева светлина. Најдобро е да стои до прозорецот, но надвор од дофатот на сончевите зраци.rnrnИдеална температура за глоксинијата е од 16 до 24 Целзиусови степени.rnrnШто се однесува до наводнувањето, наводнувајте ја глоксинијата доволно често за почвата да биде влажна, но не претерувајте. На крајот на сезоната на цветање (во октомври), полека намалете го наводнувањето и потоа прекинете го целосно кога ќе изумрат лисјата. Оставете го растението да хибернира во потемна и посвежа просторија, на температури од 10 до 15 Целзиусови степени. Во февруари или март, повторно започнете со наводнување и ставете го растението во посветла и потопла просторија.rnrnОд март до септември, на глоксинијата ѝ треба ѓубриво што ќе обезбеди цветање во текот на целиот овој период. Додавајте му ѓубриво на растението приближно на секои две недели.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ја оваа точкеста бегонија што ќе ве освои на прв поглед.