КАФЕ ПАУЗА

Tag: растение

  • Еко-дом

    Еко-дом

    Како би сакале вашиот дом да биде трансформиран во прекрасен внатрешен зелен лавиринт? Гринворкс е Шведска компанија со необичен профил: тие создаваат уникатен прилагоден простор со зелени ѕидови. Од мобилни растителни панели сè до врамени екрани со светлосни ефекти, оваа идеја може значително да го промени и освежи вашиот простор.Eко домКомпанијата ги обезбедува сите услови за грижа на растенијата: водоснабдување, исхрана, чистење и пресадување со гаранција дека вашите ѕидови ќе бидат секогаш уредни, а просторот здрав за живеење. Ова би било одлично решение за деловна зграда, зар не?Eко домКои се предностите ако имате вакви зелени ѕидови? Воздухот во просторијата ќе биде почист и повлажен, ќе има испарување и звукот ќе биде пригушен. За естетскиот момент не треба ни да коментираме. Вие и вашите пријатели со задоволство ќе уживате во својата кафе пауза меѓу овие живи и зелени ѕидови.Eко домEко домEко домEко домEко домEко домEко домEко домrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитрусни овошја

    Цитрусни овошја

    Автор: Марија СмокварскаrnrnОвошките како лимон, портокал, мандарина, грејпфрут се само дел од групата цитрусни овошја. Се смета дека потекнуваат од Југоисточна Азија, но денес се култивираат секаде каде што е застапена топлата клима. Овие растенија растат како големи грмушки или мали дрвја, високи 5-15 метри со боцкави стебла. Се карактеризираат со иста градба како и другите растенија, меѓутоа се значајни по нивната арома која делумно доаѓа од содржината на флавоноиди и терпеноиди кои се наоѓаат во кората од плодот. Нивниот сок содржи висока количина на лимонска киселина која го дава нивниот остар вкус.Цитрусни овошјаКако што знаеме, тие се најголем извор на Витамин Ц. Нивните плодови се јадат свежи, се користат за ублажување на болката при каснување од пчела и да не заборавиме, нашите мајки ни ги даваат за подобрување на имунитетот во зимските периоди. Еве неколку главни карактеристики на некои од претставниците на цитрусните овошја.rn.rn

    Лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 6 метри.
    • rn011

    • Лимоновиот сок содржи најголема количина на детоксикативни материи од сите други овошја.
    • rn011

    • Содржи 40 милиграми на Витамин Ц што е за 2/3 повеќе од човечката дневна потреба.
    • rn011

    • Лимонот има 15 калории.
    • rn011

    • Во Малезија се верува дека лимоновиот сок е оружје против злите духови.
    • rn

    rn

    .rnПортокал:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Портокаловото дрво расте 8-15 метри.
    • rn011

    • Потекнува од Индо-Кина.
    • rn011

    • Портокаловата боја на ова овошје произлегува од нивното изложување на пониски температури. Во тропските области портокалите имаат зелена боја со неколку жолти дамки.
    • rn011

    • Портокалот има 59 калории.
    • rn011

    • Калциумот во портокалот е подобро впиен, отколку калциумот во млекото. На пример, чаша млеко има 291 милиграми калциум од кој во човечкото тело се впива само 31%, додека, сок од портокал има 350 милиграми од кои се впиваат 37%. Чудно, нели?
    • rn

    rn

    .rnМандарина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Мандариновото дрво е високо 7.5 метри.
    • rn011

    • Мандарината го добила своето има бидејќи била експлоатирана од страна на високи државни функционери во Кина (мандарини).
    • rn011

    • Мандарината има 47 калории.
    • rn011

    • Во древната кинеска медицина, се користи исушена кора од мандарина за подобрување на работата на дигестивниот систем.
    • rn011

    • Мандарината покрај Витаминот Ц, содржи и калиум, магнезиум и Витамините Б1, Б2 и Б3.
    • rn

    rn

    .rnЗелен лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 5 метри.
    • rn011

    • Зелените лимони, најчесто се култивирани во земјите со тропска клима и се многу покисели од обичните лимони.
    • rn011

    • Кората на зелениот лимон е значаен дел од мексиканската, виетнамската и тајландската кујна.
    • rn011

    • Маслото од ова овошје се користи во парфимеријата и во процесите со ароматерапија.
    • rn011

    • Содржи 47 калории.
    • rn

    rn

    .rnЦитрон:

    rn

      rn011

    • Дрвото на цитронот расте до 15 метри.
    • rn011

    • Во фамилијата на цитрони спаѓаат неколку подвидови како на пример:
    • rn

    rn

    Цитрусни овошја
    Бел цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Црвен цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Помело
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Минеола
    rn

      rn011

    • Цитронот содржи 30 калории.
    • rn011

    • Мармаладот од цитрон има одличен вкус и се смета за специјалитет.
    • rn

    rnЦитрусни овошја.rn

    Клементина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Ова овошје се нарекува и мандарина без семка.
    • rn011

    • Неговото добивање се должи на отецот Клемент Родиер од Ангола.
    • rn011

    • Клементината е хибрид од портокал и мандарина.
    • rn

  • Топ 10 најчудни растенија во светот

    Топ 10 најчудни растенија во светот

    Автор: Марија СмокварскаrnrnНекои танцуваат, други се кријат од срам, трети се огромни, четврти воскреснуваат… ова се најчудните растенија во светот.rn. rn

    1. Welwitschia mirabilis – најотпорно растение во светот

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение се смета за уникат во природата. Ги населува пустинските пространства на Намибија. Не е многу убаво за гледање, но со своите карактеристики е единствено. Целото растение се состои од 2 листа кои со својот раст образуваат многу чудни форми, како во филмовите со вонземјани. Стеблото може да порасне до 2 метри во висина и 8 метри во широчина. Животниот век му е од 400-1500 години, а тоа што го прави единствено е тоа што може да преживее до 5 години без дожд. Локалните жители му дале едно симпатично име: Оnyanga, што во превод значи пустински кромид бидејќи го користат и во исхраната.rn.rn

    2. Dionaea muscipula – стапица за инсекти

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотDionaea muscipula е едно од најпознатите месојадни растенија поради својата стапица за инсекти. Можеби ова растение е славно, меѓутоа е и многу опасно, барем за оние малечки инсекти со крилца. Растението има 2 големи шарени листови кои во внатрешната страна се обложени со ултрасензитивни влакнеца кои детектираат присуство на сè од мравкa до пајак. Неговата стапица се затвара за помалку од секунда.rn.rn

    3. Rafflesia arnoldii – растение со најголем цвет во светот

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотЕве едно егзотично и доста ретко растение кое без разлика на тоа колку е убаво, нема да сакате да го посадите никаде блиску до вашиот дом. Тоа ќе го создаде најголемиот цвет на светот кој тежи 7-10 кг. Но, иако на изглед е многу раскошно и живописно, неговиот цвет ја создава една од најодвратните миризби на светот  – онаа на скапан труп. Дури во Индонезија, местото од каде потекнува, е наречено Corpse Plant (растение-леш). Rafflesia arnoldi цвета само последните 3 дена до една недела и за неговиот опстанок потребни се идеални услови. Дури и по опрашувањето, само 10-20% од расадот успева да преживее. Со малку среќа (или за несреќа J), после 9 месеци ќе почне да цвета.rn.rn

    4. Desmodium gyrans – танцувачко растение

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотДенес, ова растение е познато и како Танцувачка трева или Растение-семафор (наречено така по начинот на играње на листовите слично како сигналите од семафорот). Инаку е многу обично растение, лесно се чува, си игра среќно на сончево време и бара наводнување. Баш како секое нормално растение :). rn

    rn

    .rn5. Euphorbia obesa – растение-бејзбол

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е ендемит кој живее во регионот Great Karoo во Јужна Америка. Целото растение е во форма на бејзбол топче од каде го добило и името. Заштитено е со закон со цел да се зачува што е можно повеќе од останатата дива популација. Во последно време, сè почесто се одгледува во ботаничките градини и расадниците, со што се осигурува дека растенијата кои ќе стигнат до рацете на колекционерите не се растенија од дивината.rn.rn

    6. Romanesco Broccoli – растение-карфиол

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е откриено во 16-от век во Италија и е во блиско сродство со карфиолот. Поради некоја причина, растението расте спирално движејќи се логаритмички кон центарот. Неговиот раст е сличен на фрактал, кој претставува геометриско тело со доста сложен дизајн, изведен од едноставни математички правила.rn.rn

    7. Baobab – дрво во форма на шише

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотBaobab е заедничко име на родот Adansoniа кој опфаќа 8 видови дрвја. Жител е на Мадагаскар, континентална Африка и Австралија. Наречено е дрво-шише, не само поради неговиот изглед, туку и заради способноста да складира околу 300 литри вода. Не е чудо што живеат повеќе од 500 години.rn.rn

    8. Dracaena cinnabari – змејско крваво дрво

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОвој вид е најверојатно еден од најпознатите и најкарактеристичните видови на островот Сокотра во Индискиот Океан. Неговиот изглед е во форма на превртен чадор и има густа крошна. Ова е зимзелен вид кој лачи темно црвена смола што потсетува на крв по што го добил и своето име.rn.rn

    9. Mimosa púdica – срамежливата мимоза

    rn

    Топ 10 најчудни растенија во светотMimosa pudica (pudica – срамежлив) е едно од најсензитивните растенија во светот. Тоа срамежливо мало цвеќенце при секаков допир или потрес си ги затвора ливчињата и по неколку минути пак ги отвора. Епа кој би рекол дека и растенијата имаат чувства? 🙂

    rnrn

    rn

    .rn 10. Selaginella lepidophylla – воскреснувачко растение

    rnТоп 10 најчудни растенија во светотТоп 10 најчудни растенија во светотОва растение е пустински вид кој е способен да преживее речиси целосно сушење. За време на суша, неговото стебло се завива во цврста топка и по изложување на вода повторно се отвора. Живее во пустината Chihuahuan во Северна Америка.