Ако барате цвеќе што дополнително ќе ги разубави вашиот балкон или вашата градина ова лето, можеби прекрасната бакопа е вистинскиот избор. Има богата палета на бои, а ако правилно се грижите за неа, ќе ве награди со безброј ситни цвеќиња.rnrn
rnrnБакопата расте до висина од 10 центиметри, но има многубројни висечки гранки што може да пораснат до 100 центиметри. Нејзиниот цветен водопад ќе го украси балконот на волшебен начин.rnrn
rnrnБакопата цвета од јуни до октомври, а најдобро расте на сонце или под делумна сенка со редовно наводнување со вода, но не со ладна. Најмногу ѝ одговараат утринското сонце и попладневната сенка затоа што така цвета цело лето без престан.rnrn
rnrnНа бакопата ѝ одговара плодна и постојано влажна почва, а е многу чувствителна на суша и мраз. За време на цветниот период, треба да се прихранува со ѓубриво за цветни растенија на секои 14 дена.rnrn
rnrnЦветовите на прекрасната бакопа можат да бидат еднобојни или разнобојни, а најчесто се бели, виолетови, жолти и розови. Бакопата е лесна за одгледување и може да прерасне во прекрасен градинарски цвет, но многу често ја напаѓаат инсекти и треба да внимавате на тоа.rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги овие 5 розови домашни растенија за кои нема да верувате дека се вистински.
Tag: растение
-

Бакопа – летно растение што ќе ве маѓепса со своите ситни цвеќиња
-

Чудесен лек од природата: Ова растение лекува многу болести
Црниот слез е растение кое се користело во народната медицина уште од античко време. Обично расте до 80 цм во висина и има заоблени, срцевидни лисја или лисја во форма на бубрег. Бојата на цвеќето зависи од видот на растението и се движи од синкава до розово-црвена боја. Нема мирис и има неутрален вкус. Расте покрај реките, на влажни ливади, но се одгледува и во градините.rnrn
rnrnЗа лекување се користат листовите, цветовите и коренот на растението. Ако планирате сами да го сушите и да направите чај од ова растение, треба да ги наберете цветовите за време на цветањето кога се целосно отворени. Тие се сушат под сенка и на високи температури. Што се однесува до листовите, тие не смеат да бидат оштетени ако планирате да ги сушите.rnЛековити својства на црниот слез
rnЦрниот слез се користи за да го олесни варењето на храната. Чајот подготвен на пропишан начин се користи за лекување кашлица, бронхитис, гастритис, надуеност на белите дробови (емфизем) и за исфрлање на насобраниот секрет во белите дробови.rnrnИсто така, се препорачува за лекување на грчевите во стомакот и во цревата и за болно уринирање.rnrnЦрниот слез е одлична помош кај респираторните органи што се во лоша состојба. Има антибактериско и антивирусно дејство, ја разредува слузта и го олеснува кашлањето, а неговиот смирувачки ефект ја смирува воспалената слузница на грлото.rn
Како правилно да подготвите чај од црн слез?
rnЗа да го подготвите чајот, потребни ви се 2 лажици црн слез кој ќе ги прелиете со 250 милилитри млака или ладна вода. Оставете го да отстои најмалку 1 до 2 часа.rnrnПодоцна, загрејте го чајот и можете да додадете мед, шеќер или лимон по желба.rnrnПокрај чајот, се користат и капсули и капки од црн слез.rnrnПрочитајте кои семки ја спречуваат појавата на рак, инфаркт, стареење на клетките и многу други болести.
-

Тоа е чудо од растение и лесно може да се одгледува: Еве зошто е добро да одгледувате чуваркуќа!
Оваа исклучителна билка е повеќегодишно растение. Обично расте до максимум 25 сантиметри. Има многу варијации, но најмногу се карактеризира по дебелите лисја кои се полни со вода и цветот во форма на ѕвезда.rnrn
rnrnДобро ги поднесува и внатрешните и многу ниските надворешни температури, што го прави ова растение многу издржливо и долготрајно, а тоа го означува и неговото латинско име Semprevivum tectorum (секогаш жив).rnrnОваа билка, која има најмалку 30 варијации, покрај тоа што е украсна и убаво ќе се вклопи во амбиентот на вашиот дом, е позната и како стар народен лек, пред сè поради нејзините корисни својства кои помагаат при инфекции, ја намалуваат болката, воспалението и има добри деуретички својства.rnrnНашите баби правеле чаеви, тинктури, креми, масти и сирупи од ова лековито растение. Точно заради неговите лековити својства, кои се многубројни. Покрај неговата примена во традиционалната медицина и современата медицина ги проучува лековитите својства на ова растение, бидејќи истражувањата покажале дека има многу силен ефект врз одбраната на организмот од канцерогени клетки, како и при подобрување на нарушениот имунолошки статус. Ова растение е многу лесно за одгледување и одржување и не бара особена грижа. Може да го засадите во мали садови, па дури и во тегли. Неговите лисја се употребуваат во текот на целата година.rnrnЗначи, ако одлучите да засадите чуваркуќа – ќе имате убаво и благодарно украсно растение, кое истовремено ќе ви послужи и како лек за прва помош!rnrnМожеби сакате да прочитате и за магичната шипка. Од неа можете да направите чај, тоник, лосион, мармалад, па дури и вино!rn -

Како правилно да одгледувате лаванда во вашата градина?
Лавандата на многумина им е омиленото летно растение со препознатлив мирис, кое без проблем може да се одгледува и во домашната градина. Мирисот на оваа медитеранска билка одма нè потсетува на лето, море и сол во зраците. Со оглед на тоа од каде потекнува лавандата, таа е едно од оние растенија кои го обожаваат сонцето и тоа им е потребно. Па, што е потребно за да може да се одгледува ова растение?rnrn
rnrnЌе ви биде потребно сончево место и градина. Засадете ја онаму каде што ќе сонцето ќе грее до осум часа дневно, а исто така важно е да биде заштитена и од силен ветар.rnrnКога станува збор за засадувањето, најмногу ѝ одговара плодна земја со неутрална или послаба киселост. Отпорна е на високи температури и суша, а може да издржи подолго време без многу наводнување. Сепак, во летните денови би требало да ја вадите почесто, најмалку два пати дневно.rnrnВажно е да внимавате да не претерувате со наводнување затоа што со тоа може да ги оштетите корените и билката може да пропадне.rnrnЛавандата е повеќегодишно растение кое расте во облик на грмушка, а нејзиниот животен век е околу 30 години. Коренот ѝ е дрвенест и продира длабоко во земјата. Со оглед на тоа што оваа билка не сака сенка, нејзиното одгледување во стан или во куќа е ставено под знак прашалник. Градината секогаш е подобар избор, особено ако живеете во потопли краишта.rnrnПостојат повеќе различни видови и подвидови на оваа медитеранска билка и следствено на тоа постојат различни барања за нејзино одржување.rnrnИмено, „вистинската“ лаванда успева на плитки, планински и сиромашни подрачја, додека на хибридниот вид му одговараат длабока и плодна земја.rnrnТаа не е посебна само по мирисот и аромата што опушта туку има и лековито својство.rnrnОд нејзе се изработуваат различни „природни“ лекови кои помагаат за несоница, ублажување на главоболка и останати болки во телото, ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат стресот и одржувањето на здравјето на целиот организам.rnrnДознајте и како да го примените есенцијалното масло од лаванда како природен лек. -

Привлечете љубов, здравје или богатство со помош на ова растение
Сигурно сте слушнале за среќниот бамбус, растение кое во последните години стана многу популарно и е чест подарок во вид на букет, самостојно или во посебни аранжмани. Неговото име не е случајно, затоа што се верува дека навистина носи среќа во различни области. Среќниот бамбус е името на растението кое ќе го пронајдете во секоја цвеќарница, но всушност не станува збор за бамбус, туку за растение од видот „Dracena sanderiana“. Овој вид потсетува на бамбус по својот изглед, но и по неговите особини, како што е неговата издржливост и приспособливост. Најверојатно и вие некогаш сте забележале зелени стебла во букетот кои се заоблени на врвот и се издвојуваат од другите. Тие може да изгледаат многу интересно, а исто така посебно значење има и бројот на стеблата.rnrn
rnrnЗа среќниот бамбус се поврзува старото кинеско верување дека тој носи среќа, од каде што потекнува и неговото име. Во Азија ова растение се носи во новиот дом, затоа што позитивно влијае на емоциите и атмосферата, како и на работниот простор, затоа што се верува дека носи успех и напредок во кариерата. Имено, се верува дека:rn- rn011
- Две стебла носат љубов
- Три стебла обезбедуваат среќа
- Пет стебла носат здравје
- Осум стебла се наменети за оние кои посакуваат богатство
- Девет стебла носат среќа на сите полиња
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnДоколку сакате да проверите дали ова навистина функционира, ќе ве израдува и тоа дека среќниот бамбус не бара некоја посебна нега за негово одржување. Тој се чува во вода (во проѕирен или непроѕирен сад) и на овој начин може да преживее и неколку години. Водата би требало да ја менувате или да ја дополнувате на секои 10 дена или две недели, затоа што ова растение брзо ги апсорбира хранливите материи. Најдобро е да користите отстоена вода, така што 10 сантиметри од стеблото да бидат потопени во неа.rnrn
rnrnТреба да имате на ум дека среќниот бамбус е чувствителен на директна сончева светлина, затоа што тоа може да предизвика промена на бојата на листовите, кои ќе станат жолти. Но, ова од една страна може да се смета како негова предност, затоа што успева и во слабо осветлени простории или простории со вештачка светлина каде што повеќе билки не би успеале. Освен под влијание на директна сончева светлина, листовите може да пожолтеат и поради вишокот хлор во водата. Доколку дојде до ова, веднаш треба да ги отстраните тие листови за на нивно место да се развијат нови. Исто така треба да се спомене дека ова растение е прилично отпорно на широк опсег температури, отприлика од 15 до 32 степени.rnrnПа, одлучете се да го збогатите вашиот дом со овој прекрасен среќен бамбус, само внимавајте колку стебла ќе изберете! -

Рајско стапче: Растението кое лечи преку 50 болести и здравствени нарушувања
Во Египет е познато како „растение на бесмртноста“, а древните Индијанци го нарекувале „рајско стапче“. Ниту еден од овие називи не е залуден, бидејќи алое верата има многубројни здравствени придобивки од кои некои ни се веќе добро познати. Таков е случајот со облогите од листовите алое вера кои се одлични за изгореници и исеченици, но дали сте знаеле дека ова растение не е ограничено само на надворешна употреба?rnrn
rnrnИмено, алое верата содржи преку 200 биолошки активни компоненти меѓу кои се вбројуваат полисахаридите, витамините, аминокиселините и минералите кои ја унапредуваат апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, тоа содржи и антимикробни и антифунгални својства, помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем и го чисти организмот од токсини. Меѓу минералите кои се наоѓаат во оваа билка се и калциумот, магнезиумот, цинкот, калајот, хромот, селенот, натриумот, железото, бакарот и манганот. Овие минерали го подобруваат метаболизмот и помагаат при варењето на храната, па алое верата често се користи и како растение кое е редовно присутно во диетите и оброците на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.rnrnПокрај набројаните елементи, алое верата ги содржи и ензимите амилаза и липаза кои помагаат во разградувањето на шеќерот и мастите. Ова растение е едно од ретките кои го содржат витаминот Б12 кој, пак, е неопходен за производство на црвените крвни зрнца, што е и одлична вест за сите вегетаријанци. Покрај Б12, ги содржи и витамините А, Ц, Е, фолна киселина, Б1, Б2, Б3 и Б6.rnrnАлое верата во својот хемиски состав ги вклучува сите есенцијални аминокиселини, но и салицилната киселина која се бори против бактериите и воспаленијата. Во некои од истражувањата се покажало дека растението е и одлично за отстранување на наслагите од забите и непцата и помага во лекувањето на афтите и раните во усната празнина. Може да се консумира како сок или да се нанесува во вид на гел, а доколку се одлучите да го пиете тогаш најдобро е да го комбинирате со некој друг пијалак бидејќи има горчлив вкус. Сокот од алое вера можете да го набавите во која било продавница за здрава храна. Поради сите материи кои ги содржи, научниците заклучиле дека алое верата значително помага во лекувањето и олеснувањето на симптомите на повеќе од 50 болести. -

Иновативни саксии кои го менуваат својот облик како што растението расте
Овој иновативен дизајн на саксии е инспириран од јапонската уметност оригами. Тие растат заедно со вашите растенија, овозможувајќи им повеќе простор за почва и место за нивните корења. Зад дизајнот стои дуото Бајк и Бегам Ајескан, кои имаат свое студио.rnrn
rn„Во природата, сè еволуира, се адаптира, расте, цвета, се распаѓа, умира, се впива и се користи одново“, велат тие. „Модерниот пристап на дизајн е сосема спротивното. Тука нештата постојат во 3 фази: објектите се создаваат, употребуваат и на крај се фрлаат… Оваа саксија, преку внимателно пресметани оригами обрасци, ја имитираат способноста на природата да расте и да се трансформира со тек на време, овозможувајќи му го на растениото она што му е вистински потребно.“
rn
-

Зошто треба да имате растение во вашата канцеларија?
Внесувањето на природата во вашата канцеларија е еден од најдобрите начини да го намалите вашиот стрес, да го подобрите вашето расположение и ефикасноста во работата, да го подигнете нивото на енергија и да ја зголемите отпорноста на болести.rnrn
rnrnТоа не значи дека треба да бидете опкружени со џунгла. Доволни се три растенија високи по 20 см, се тврди во истражувањето кое го направило тимот на професорката Маргарет Бурчет од Технолошкиот факултет во Сиднеј.rnrnВо оваа студија е откриено дека собното растение може да го снижи нивото на токсини во воздухот за дури 20%, а друго истражување открива дека тоа може да го намали уморот, кашлицата, воспалението на грлото и симптомите на настинка за повеќе од 30%, како и честото отсуствување од работа за 60%.rnrnВоедно, воздухот во затворените простории е за 5-10 пати позагаден од оној надвор. Кај луѓето кои во најголем дел од денот престојуваат во затворена просторија, можат да се јават здравствени проблеми како што се кашлица, тешкотии со дишењето, астма и други тегоби во респираторниот систем, како и проблеми со крвните садови.rnrnНекои научници тврдат дека за прочистување на воздухот и одржување на оптималното ниво на влага во просторијата, не се заслужни само билките, туку и микроорганизмите кои живеат во нивните корења, во хумусот и земјата во која се засадени.rnrnСе чини дека главната предност на собните растенија можеби и не се состои во нивното снабдување на просторот со кислород, туку во отстранувањето на јаглеродниот диоксид. Бројни истражувања докажале дека ефикасноста на работното место опаѓа кога расте нивото на јаглерод диоксид (а тоа често се случува во затворените простории во кои работат повеќе луѓе).rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Растение кое секој би го посакал во својата канцеларија
Доколку сакате да имате растение на вашето работно биро, но не би знаеле баш да се грижите за него, тогаш со сигурност ќе ви се допадне овој креативен дизајн на корејскиот артист Зап. И покрај тоа што изгледа како обична саксија со листови, секој од нив е всушност пенкало направено од силикон. rnrnОвој изум т.н. „Pooleaf“ доаѓа во три различни природни нијанси, а секое од нив чини 5 американски долари. И покрај тоа што полнењето цела саксија со цвеќиња може да биде малку скапо, сепак тоа ќе биде функционален и оригинален додаток на вашата канцеларија, на кој ќе се воодушевува секој клиент.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Зошто е добро да консумирате мака?
Колку често ви се случува да колабирате во текот на работниот ден помислувајќи дека ви е неопходна нова доза кафе? На многумина ни треба кофеинот за да функционираме, но штом не го внесеме, телото ни дава знак дека му е потребно. Тоа е и нормално, кофеинот е стимуланс, помага во намалување на физичкиот замор и одржување на менталната будност. Но, што ако би можеле да го замените кофеинот со природна состојка која ги нема негативните ефекти кога не се внесува редовно? Можете, со растението кое се вика мака.rnrn
rnrnКоренот мака, познат и како перуански жен-шен е моќно растение кое расте во Боливија и Перу. Маката била одгледувана илјадници години во Перу и продолжува да се користи како коренесто растение и како медицинска билка. Коренот прво се суши, после што се меле и се продава во форма на прашок.rnrnБидејќи има јак, моќен вкус, најдобро е да се комбинира во смуди, енергетски стапчиња, десерти, јогурт и чоколадо. Ова растение е богато со стероли, содржи многу витамини, минерали (железо, калциум, селен, фосфор, магнезиум и цинк), како и диететски влакна, аминокиселини (протеин) и комплексни јаглехидрати.rnrnМаката дава енергија и издржливост. Го намалува заморот, го балансира телото за да му помогне да го совлада стресот и го енергизира по природен пат, без крахирање.rnrnКај мажите, маката ја зголемува издржливоста и силата, а го покачува либидото и кај двата пола. Кај жените, покажано е дека ја зголемува плодноста, помага во намалување на менструалните симптоми, придонесува за редовен циклус, и го воспоставува хормоналниот баланс при менопауза.rnrnДелува и на плодноста кај мажите, бидејќи влијае на нивото на тестостерон, бројот и подвижноста на сперматозоидите и делува како одличен афродизијак.rnrnИсто така, маката го намалува бројот и интензитетот на главоболките, позитивно влијае во случаи на депресија и анксиозност, го јакне имунитетот и го забавува процесот на стареење. Всушност му помага на телото подобро да се справува со надворешни и внатрешни влијанија како што се вознемиреноста и физичките повреди.rnrnПа, дами и господа, откажете ги прегледите за плодност и набавките на вијагра. Набавете мака и консумирајте ја за да бидете витални, полни со енергија, плодни, со здраво либидо и со целосен баланс на вашето тело.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





