КАФЕ ПАУЗА

Tag: расположение

  • Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Изгледавте сè на Нетфликс, телевизиските програми не ви се допаѓаат и изгледавте многу култни наслови од списокот со серии и филмови што мора да ги гледате? А, што е со некои од долгите серии што сега можете да ги гледате без никакво каење? Ако овој период барате утеха во филмовите, во сериите и во забавните емисии, тоа е сосема во ред. Овие серии не само што ќе ви предизвикаат чувство на носталгија затоа што ќе ве потсетат на детството и на моментите кога животот беше нормален, туку во моментов може да имаат навистина позитивен ефект врз вашето расположение.rn

    1. „Симпсонови“ („The Simpsons“)

    rnhttps://youtu.be/SR8WWFzrZAgrn

    2. „Вовед во анатомија“ („Grey’s Anatomy“)

    rnhttps://youtu.be/q1pcpgREQ5crn

    3. „Девојките Гилмор“ („Gilmore Girls“)

    rnhttps://youtu.be/fr9NyhPJ2Pkrn

    4. „Паркови и рекреација“ („Parks and Recreation“)

    rnhttps://youtu.be/9djCOPHOvOwrn

    5. „Девојки“ („Girls“)

    rnhttps://youtu.be/k4tY-2PTFPgrn

    6. „Туѓинец“ („Outlander“)

    rnhttps://youtu.be/PFFKjptRr7Yrn

    7. „Два метри под земја“ („Six Feet Under“)

    rnhttps://youtu.be/VT6Fq1ENb8srn

    8. „Повикај го мојот агент“ („Call my Agent!“)

    rnhttps://youtu.be/zXu3gOi8HxIrnrnПогледнете ги и 5-те најдобри мини серии за кои нема да поверувате што всушност сте изгледале.

  • Пролет, лето, есен или зима: Што открива вашето омилено годишно време за вас?

    Пролет, лето, есен или зима: Што открива вашето омилено годишно време за вас?

    Нема многу истражувања кои се занимаваат со влијанието на годишните времиња врз психата, но температурата и светлината имаат свој удел во однесувањето и во промените на расположението. За луѓето родени во текот на пролетните и летните месеци се верува дека се со весел дух и со променливо расположение и се повеќе склони кон осцилации. Од друга страна, пак, се смета дека луѓето родени во есен и во зима се помалку раздразливи.rnrnПролет, лето, есен или зима: Што открива вашето омилено годишно време за вас?rnrnПостудените месеци, кога деновите се пократки, се поврзуваат со сезонското афективно нарушување. Почетокот на пролетта, пак, носи радост во животот на многу луѓе.rnrnВедрите и сончеви денови предизвикуваат добро расположение и позитивна енергија, а сивите и студени денови може да ве демотивираат. Причината е едноставна – недостатокот на светлина понекогаш предизвикува лачење хормони што предизвикуваат летаргија.rnrnВо текот на зимата, многу луѓе доживуваат сезонско афективно нарушување, што може да предизвика депресија, губење на интересот за активности што ги сакате, како и замор и зголемен апетит. Затоа, многу е важно да поминувате колку што е можно повеќе време на сонце во текот на сончевите денови. Во продолжение прочитајте што открива вашето омилено годишно време за вас.rn

    Пролет

    rnПролетта носи подобро време, деновите стануваат подолги, а природата е позелена. Ако пролетта е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате нови почетоци и копнеете по нови искуства.rn

    Лето

    rnЛетото носи ведри, сончеви денови и подоцна заоѓа сонцето, а ако тоа е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате да излегувате и да имате активен живот. Летните месеци се совршени за патувања и за забави на отворено, па ако се препознаете во овој опис, вие сте дружељубива и екстровертна личност.rn

    Есен

    rnИако почетоците претежно се поврзуваат со пролетта, за некои луѓе есента претставува вистинско време за промена и за осврт на тоа што е направено досега, така што ќе можат да прават планови за новата година.rn

    Зима

    rnАко ги чекате ниските температури и моментите во кои сте дома на топло, веројатно сте интровертна личност која ужива да биде дома. Топол џемпер или топло ќебе и вкусен пијалак ја сочинуваат вашата добитна комбинација.rnrnПромените на годишните времиња може да влијаат на тоа како размислувате, што чувствувате и како се однесувате. Но, тие се условени и од искуствата од детството и од други фактори. Ако поминувавте многу време на отворено додека бевте мали, веројатно сè уште го сакате летото.rnrnПрочитајте каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓање.

  • Што треба да правите наутро за убав почеток на денот?

    Што треба да правите наутро за убав почеток на денот?

    Прочитајте кои ритуали треба да ги правите секој ден за денот да ви започне сјајно, а за да успеете да ги направите овие работи ќе треба да станете многу рано.rnrnШто треба да правите наутро за убав почеток на денот?rn

    1. Направете го она што постојано го одложувате

    rnАко рано го започнете денот, тоа ќе ве поттикне да ги завршите работите што ги одложувате долго време. Тешките задачи оставете ги за рано наутро затоа што тогаш ќе имате најмногу енергија да ги завршите.rn

    2. Правете го она што не стигнувате да го направите во текот на денот

    rnЧесто се случува да имаат премногу oбврски, па некои луѓе се будат уште пред 5 часот за да завршат некои работи. Во овој период од денот телефонот не ѕвони, немате нови мејлови, никој не ви пречи, па ќе имате неколку часови за да ги завршите обврските што инаку не стигнувате да ги завршите во текот на денот.rn

    3. Проверете ја електронската пошта

    rnАко утрото го започнете организирано, можете да бидете поефикасни. Проверете ја вашата електронска пошта за да не ви се натрупуваат пораки во текот на денот. Рано наутро, додека останатите сè уште спијат, ќе можете да се фокусирате на задачите што ви се зададени.rn

    4. Информирајте се

    rnАко сакате да бидете информирани, следете ги вестите секое утро. Со помош на овој ритуал ќе знаете што се случило досега, но и што може да ве очекува во текот на денот.rn

    5. Вежбајте

    rnОдете во теретана рано наутро затоа што тогаш е потивко и има малку луѓе, што значи дека можете да вежбате на сите справи. Исто така, ќе ви биде полесно да се сконцентрирате бидејќи никој не е расположен да зборува толку рано. Освен тоа, ќе се чувствувате подобро во текот на целиот ден.rn

    6. Време за хоби

    rnИскористете го утрото за вашето омилено хоби. Разбудете се порано и искористете го овој период од денот за да ги истражите своите страсти, без разлика дали станува збор за пишување, за уметност или за музика.rn

    7. Возење велосипед

    rnНекои луѓе возат велосипед веднаш откако ќе се разбудат уште пред да го вклучат мобилниот телефон или да ја проверат електронската пошта. На овој начин, можете да размислувате за сè што ве оптоварува и ве вознемирува.rn

    8. Време за читање

    rnОвој период од денот е одличен за читање книги, особено ако сте мајка на мали деца, па ретко имате време за тоа. Кога ќе се разбудите рано наутро, мозокот ви е доволно буден за да се фокусирате на читањето и во куќата е мирно затоа што децата сè уште спијат.rn

    9. Време за себе

    rnРазбудете се порано за да имате време да изберете облека, да ја средите косата и да се нашминкате. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро и посреќно во текот на денот.rn

    10. Прво кафе

    rnУживајте со вашето милениче и со шолја кафе. Опуштете се и слушајте ја тишина која е тешко да ја најдете во текот на денот.rnrnПрочитајте кои други утрински ритуали ќе ви го подобрат расположението.

  • Ќе ви го подобрат расположението: Ова се 10-те најслатки животни во светот

    Ќе ви го подобрат расположението: Ова се 10-те најслатки животни во светот

    Според извештајот на „Њујорк тајмс“, сликите со слатки животни ги стимулираат истите центри за задоволство во мозокот кои се активираат и од добриот секс, од храната и од психоактивните супстанции како што е кокаинот. Од тропските предели во џунглата и сушните пустини, до планините и океаните, ова се некои од најслатките животни во светот:rn

    1. Мрзливец

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Travel Earth (@aroundtheworldpix) on

    rnrn

    rnrnrnПокрај кучињата и мачките, мрзливците се едни од најпопуларните животни што луѓето ги гледаат на Интернет, а според зоолозите, причината за тоа е комбинацијата на нивната чудност, постојаната мистериозна насмевка и нивните слатки бебиња. Покрај тоа што се слатки, тие исто така имаат голем број необични карактеристики што ги прават фасцинантни.rn

    2. Меркат

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Amanda Spring (@amandaspringart) on

    rnrn

    rnrnrnМеркатите се мали животни кои живеат во Боцвана и во пустината Калахари. Тие се високи само 30 центиметри, а младенчињата само 6 центиметри. Живеат во подземни јами кои изгледаат како лавиринти со многу премини. Овие животни се месојади, многу се друштвени и живеат во групи од околу 30 единки. Тие имаат мали очи и црни влакна околу нив што наликуваат на очила за сонце и ги штитат очите од сонцето.rn

    3. Коала

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by pisi pisi (@gorgeous._.animals) on

    rnrn

    rnrnrnКоалите се животни чие однесување варира од благо каприциозно до целосна депресија. Но, и покрај нивниот навидум незгоден карактер, популарноста на коалите сугерира дека, како и во љубовните врски, нечиј добар изглед може да ги скрие и сериозните недостатоци.rn

    4. Пингвин

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by ✸ Alvaro Lever Villarroel (@alvaro_lever) on

    rnrn

    rnrnrnИ овие водни птици се на списокот на најслатки животни. Во светот има 17 видови пингвини, повеќето од нив црно-бели. Пингвините не можат да летаат, но тие се одлични пливачи.rn

    5. Црвена панда

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Red Pandas (@_redpandas) on

    rnrn

    rnrnrnЦрвената или малата панда е тревојаден цицач која е малку поголема од домашната мачка и е долга околу 56 центиметри. Таа ги населува Хималаите во Непал и во Јужна Кина. Двата вида панди имаат карактеристики на мечка и на ракун. Нивниот заеднички предок датира од пред 10.000.000 години и постоел низ цела Евроазија.rn

    6. Бел кит

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by H.J. | Marine Life Artist (@aech.jay.in.pigment) on

    rnrn

    rnrnrnДолг околу четири метри, белиот кит се наоѓа во поладните атрички мориња, со големина од околу една петтина од синиот кит. Со својата релативно мала големина и интересната структура на лицето и на челото, китот белуга е несомнено многу обожавано животно.rn

    7. Риба кловн

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Reny 🇨🇿 Abovewater Underwater (@tunatura_12) on

    rnrn

    rnrnrnОвие риби можат да го променат полот и тие често може да се видат многу близу до предаторите чиј отров не влијае на овие риба и ја штити од другите предатори. Рибата плаќа за таа заштита јадејќи ги нивните остатоци и одржувајќи им ја куќата чиста.rn

    8. Чинчила

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Frostie & Sushi 🍣💘 (@instachinchilla) on

    rnrn

    rnrnrnТатковината на чинчилите се јужноамериканските Анди. Во почетокот на 20-тиот век, тие биле пренесени во САД и во Канада, каде што станале омилени домашни миленичиња. Во Европа стигнуваат дури во средината на минатиот век.rn

    9. Бела фока

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by MM Documentary (@mmdocumentary) on

    rnrn

    rnrnrnГренландските фоки имаат перки наместо екстремитети, а возрасните фоки имаат дамка на грбот што наликува на седло. Гренландските фоки се цицачи, па дишат на бели дробови и своите младенчиња ги хранат со своето млеко. Тие го поминуваат поголемиот дел од животот во ледените води на северниот Атлантик. Но, овие издржливи животни одлично се снаоѓаат и во области со многу снег и мраз. Возрасните фоки тежат над 130 килограми и се долги околу 1,6 метри.rn

    10. Голема панда

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by シャオルー (@taiwantravelxiaoru) on

    rnrn

    rnrnrnГолемата панда е цицач кој припаѓа на семејството мечки и потекнува од Централна и Јужна Кина. Оваа панда најчесто се храни со бамбус, но може да јаде и друга храна, на пример мед. Големата панда е едно од најзагрозените животни на планетата.rnrnМожеби ве интересира кои животни спијат најдолго?

  • 10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

    10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположение

    Експертите за маркетинг ефикасно ја користат психологијата на боите за да создадат специфични асоцијации во мозокот на луѓето. Едно истражување тврди дека 90% од одлуките на луѓето се засновани на бојата на предметот. Исто така, можете да ги контролирате вашите емоции со тоа што ќе научите какви ефекти има секоја боја врз вас. Во продолжение прочитајте како боите на предметите околу вас може да влијаат на вашата емоционална состојба.rn

    1. Портокалова

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Може да ве поттикне и да ве стимулира кога станува збор за физичката активност. Оваа боја го поттикнува чувството на оптимизам и храброст, па чувствувате дека можете да постигнете многу работи. Портокаловата боја честопати се поврзува со креативноста и со забавата.rnrnКога ви е потребна: Секогаш кога сакате да вежбате, да привлечете внимание кон себе или да комуницирате со другите. Портокаловата боја е одлична за фитнес-простории, за забави и за разни униформи.rn

    2. Сина

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Оваа боја предизвикува чувство на удобност и мир. Сината боја се поврзува со бојата на водата и на небото кои се симболи на слободата и на спокојството.rnrnКога ви е потребна: Сината боја е совршена за релаксација и затоа треба да ја имате во вашиот дом или каде и да било на друго место каде што ви треба мир и тишина.rn

    3. Зелена

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Бидејќи зелената е бојата на животот, таа е поврзана со чувството на рамнотежа, безбедност и стабилност. Зелената исто така може да ја инспирира благосостојбата и да ја обнови вашата енергија.rnrnКога ви е потребна: Зелената боја е се поврзува со храната, па затоа е многу популарна кај намирниците и може да биде корисна во кујната. Неколку зелени предмети низ вашиот дом (на пример растенија) може да внесат многу живост во вашиот простор.rn

    4. Црна

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Црната предизвикува чувство на сигурност и на емоционална заштита. Оваа боја е совршена за прикривање чувства и за криење на ранливоста.rnrnКога ви е потребна: За многу луѓе, црната боја е прв избор кога станува збор за технологијата бидејќи изгледа безбедно и сигурно. Исто така, при комуникацијата таа покажува авторитетот и мистериозност.rn

    5. Виолетова

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Се верува дека виолетовата боја предизвикува ментална рамнотежа и стабилност и е бојата на духовното просветлување. Виолетовата, исто така, е омилена боја кај кралските семејства и затоа честопати се поврзува со луксузот.rnrnКога ви е потребна: Кога сакате да се опуштите и да се чувствувате удобно. Во принцип, виолетовата е одлична боја за вашите меки предмети во домаќинството, како ќебиња, постелнини, перници итн.rn

    6. Црвена

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Црвената е боја на моќта, на страста и на енергијата. Ве мотивира и ве поттикнува на непосредна акција, па дури може да се чувствувате непријатно ако сте интроверт или ако се наоѓате во ситуации кои бараат мир и тишина.rnrnКога ви е потребна: Ако треба да завршите некоја работа, црвената боја е совршена за стимулирање на активноста. Одлична е и за привлекување внимание кон себе и за зајакнување на самодовербата.rn

    7. Жолта

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Жолтата боја предизвикува возбуда, позитивност и забава. Но, таа е исто така бојата на свеста, без чувство на загриженост или страв.rnrnКога ви е потребна: Можеби забележавте дека повеќето знаци на аеродромите и на патиштата содржат црн текст на светложолта позадина. Тоа е така затоа што жолтата боја веднаш привлекува внимание и ве тера да се фокусирате на информацијата. Исто така, тоа е совршена боја кога треба да направите презентација или да пренесете итна порака.rn

    8. Бела

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Белата е боја на чистотата и на невиноста. Таа предизвикува чувство на сигурност, надеж и нови почетоци. Луѓето чувствуваат немир кога белата боја се користи надвор од контекст. Поради тоа, моментите кога негативните ликови во филмот пијат млеко се многу ефективни.rnrnКога ви е потребна: Користете бело за да ја изразите чистотата и удобноста. Оваа боја често ја гледате во хотелите и во болниците затоа што е одлична за покажување гостопримство и сигурност.rn

    9. Розова

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Розовата претставува романса, топлина и женственост. Оваа боја се поврзува со негувањето и со грижливото однесување, па затоа често се користи кај производите за жени и деца.rnrnКога ви е потребна: Розовата боја може да предизвика жените да изгледаат попривлечно во очите на мажите. Розова облека, розова шминка, розови нокти – сето тоа го дополнува романтичниот изглед кај секоја девојка. Оваа боја често се користи и кај колачите затоа што ве тера да мислите дека тоа што го гледате е многу слатко.rn

    10. Кафена

    rn10 начини на коишто боите на секојдневните работи влијаат врз вашето расположениеrnrnКако се чувствувате: Кафената боја е природна и утешна. Таа предизвикува чувство на стабилност и сигурност, па затоа е една од боите што лесно може да направат да се чувствувате како дома каде и да сте.rnrnКога ви е потребна: Секогаш кога треба да направите околина околу вас да изгледа попријатно. Кафената боја е ефикасна кога се користи на дрвени предмети за да покаже издржливост и богатство.rnrnПрочитајте кои нијанси докажано го подобруваат расположението.

  • Ако пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптоми

    Ако пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптоми

    Ако сте од оние што веднаш штом ќе се разбудат не размислуваат прво за јадење, туку за кафе, веројатно сте зависни од овој кофеински пијалак. Ако не можете да функционирате без кафе, веројатно сте почувствувале некои од следниве симптоми:

    rnАко пиете неколку кафиња дневно, сигурно и вие ги имате овие симптомиrnrn1. Се будите вознемирени, мразите сè, особено алармот што ве буди и вашата прва помисла е каде да го пиете првото кафе: на работа или имате време да го испиете дома пред да заминете.rnrn2. Не успеавте да го подготвите кафето дома, доцните на работа, пристигнавте на работа, но нешто ви недостасува. Не можете да почнете да работите пред да ја испиете првата голтка кафе.rnrn3. Го испивте првото кафе, но сè уште сте многу нервозни. Веројатно нема да можете да ги толерирате луѓето до пладне, сè додека кафето што го испивте утрово не „проработи“.rnrn4. Пристигнавте на работа, нема кафе за да си направите, а тоа од кафематот не ви е вкусно. Веднаш барате кафулиња што се блиску до вашето работно место и ја чекате првата можност да направите „кофеинска пауза“.rnrn5. Луѓето околу вас забележуваат промени во вашето расположение пред и по пиењето кафе. Откако ќе го испиете кафето, вие сте највеселата личности и би им помогнале на сите, а пред да го испиете кафето никој не смее да ви се приближи.rnrn6. Вашиот дигестивен систем се навикнува на кафето што го пиете наутро и често трчате директно во тоалет за време на кофеинската пауза.rnrn7. Кај нас нема „Старбакс“, но кога одите во странство и гледате какви „глупости“ мешаат во кафето, почнувате да се прашувате како луѓето можат да го пијат тоа затоа што тоа веќе не е кафето што го знаете и на коешто сте навикнати.rnrn8. Вашата продуктивност на работа расте пропорционално со шолјите кафе што сте ги испиле. Станувате хиперактивни и побрзо ги завршувате зададените обврски.rnrn9. Пиете кафе и попладне, но иако имате чувство дека срцето ви чука забрзано, сепак не се откажувате.rnrn10. Се смеете кога некој ќе ви каже да пие кафе без кофеин. Тоа е како некој да ви рече дека пие пиво, а всушност пие „Радлер“.rnrnПрочитајте кои состојки можете да ги додадете во вашето кафе за уникатно кофеинско доживување.

  • 10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

    10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро

    Џон Арден, неврофизиолог и искусен лекар, ве советува како да си го подобрите расположението, да ја намалите вознемиреноста и да бидете посреќни. Неговите совети се засноваат на најновите достигнувања во науката и во медицината поткрепени со докази.rnrn10 тајни на невропсихолозите што ќе ви помогнат да се чувствувате подоброrnrn1. Насмевката и намуртеноста испраќаат сигнал дека сте среќни или тажни. И кога ќе глумите дека сте среќни, вие ќе бидете посреќни отколку што сте.rnrn2. Ако размислувате повеќе за можностите отколку за ограничувањата, мозокот ќе формира нови врски меѓу невроните и ќе се ослободи од негативните емоции.rnrn3. Со стравот мора да бидете на ти. Наместо да го избегнувате, соочете се со него. Кога ќе се соочите со стравот, неудобноста и непријатноста постепено ќе исчезнуваат.rnrn4. Наместо да не размислувате за тоа што ве боли, прифатете ја болката. Додека размислувате колку навистина нешто ве боли, болката се намалува. Ова е научно докажано.rnrn5. Ако сте расположени, голема е веројатноста дека ќе ви се случи нешто убаво во животот. Најголемиот дел од она што се случува во животот се заснова врз расположението и се врти околу тоа.rnrn6. Обидете се да ја одржите емоционалната состојба во која сакате да бидете колку што е можно подолго. Со текот на времето, оваа состојба ќе ви доаѓа природно.rnrn7. Колку почесто намерно предизвикувате одредена состојба во себе, на пример смиреност или надеж, толку е поголема веројатноста дека таа состојба ќе ви стане навика.rnrn8. Ако тагата, депресијата или гневот се постојаната емотивна состојба на еден човек, тоа е како оштетување на плочата. Личноста треба да пронајде сила и да го прескокне тоа оштетување на плочата за песната да продолжи да свири.rnrn9. Наместо да размислувате како да го надминете проблемот, фокусирајте се на тоа зошто се појавил проблемот. Поентата е да се решат проблемите, а не да се давите во нив.rnrn10. Колку почесто човекот зборува за настаните во својот живот на одреден начин, толку се посилни и нервните врски што ги претставуваат тие мисли.rnrnИзјавите се позитивни или негативни. На пример, ако продолжите да велите: „Тешко е“, „Не знам дали можам да го преживеам ова“ или „Тоа нема да заврши добро“, тогаш е време да го смените начинот на кој размислувате.rnrnПрочитајте ги овие 3 едноставни совети за брзо подобрување на расположението.

  • 5 знаци дека сте опкружени со енергетски вампири

    5 знаци дека сте опкружени со енергетски вампири

    Забележувате дека се чувствувате летаргично, ве обзема чувство на рамнодушност и имате впечаток дека веќе не сте расположени за ништо. Ако не станува збор за депресија, тогаш е време да ја смените вашата околина. Ако сте принудени да поминувате време на работа со луѓе со кои не ја делите истата енергетска аура, тоа можете да го избегнете барем во приватниот живот. Отстранете ги токсичните луѓе од вашиот живот, а следните знаци покажуваат дека постојат такви личности во вашето опкружување.rnrn5 знаци дека сте опкружени со енергетски вампириrnrn1. Забележувате дека често се наоѓате во ситуација во која некој ви кажува нешто, а вашите мисли залутале, се чувствувате уморно и воопшто не ве интересира темата. Освен тоа, по таквиот разговор, вие ќе чувствувате само потреба за кревет.rnrn2. Кога сте заедно со пријателите, вашата тема обично е последна на списокот, ако воопшто и се најде таму. На вашиот соговорник му е важно да ги раскаже своите животни случувања, а вие не сте важни, па ќе се чувствувате празно по таквиот разговор.rnrn3. Во вашето опкружување не ви се потребни негативни луѓе кои гледаат сè од најтемната перспектива. Дури и ако сè е толку црно, надежта и оптимизмот ќе ви дадат волја да продолжите понатаму.rnrn4. Чувствувате желба да се оддалечите и да станете недруштвени. Ова е аларм дека вашата околина не ви одговара и дека е време да запознаете некои нови луѓе на кои ќе им дозволите да влезат во вашиот живот. Дајте си можност за нови искуства, не се сите луѓе толку безлични и здодевни.rnrn5. Постојано сте мета на критики и другите луѓе лесно ве осудуваат затоа што тие се хранат со туѓите неуспеси. Сосема е во ред некој да ви даде вистински совет во вистинско време, но постојаната осуда е само знак дека треба да се тргнете настрана и да не ги слушате тие празни приказни затоа што веќе сте слушнале еден куп непотребни совети.rnrnМожеби ве интересира какви видови емоционални вампири постојат и како да се справите со нив.

  • Зошто треба да ја споделите вашата среќа со злобните луѓе: Следете и гледајте што се случува

    Зошто треба да ја споделите вашата среќа со злобните луѓе: Следете и гледајте што се случува

    Веројатно сте се нашле во ситуација кога зрачите со позитивна енергија и со среќа, сакате да го споделите тоа чувство со останатите, но наидувате на кисела насмевка и на неодобрување.rnrnЗошто треба да ја споделите вашата среќа со злобните луѓе: Следете и гледајте што се случуваrn

    Зошто вашата светлина им пречи на луѓето што живеат во мрак?

    rnВо животот има луѓе кои буквално се исполнети со светлина и кои осветлуваат сè околу нив, но има и такви што ќе ве отрујат со својата токсичност.rnrnНајвпечатливо е тоа што негативните луѓе се откриваат во моментот кога сте најсреќни и кога сакате да ја споделите радоста со светот. Овие луѓе не треба да ве интересираат бидејќи тие се деструктивни, а вистински пријатели се оние што се среќни кога вие сте среќни.rnrnСветлината и темнината се дел од човечката природа. Некој во душата има светлина, а некој темнина, односно завист и гнев. Проблемот е во тоа што кога вие треба да комуницирате со тие луѓе, веќе знаете дека среќата на другите кај нив предизвикува гнев.rnrnФакт е дека таквите луѓе ќе се чувствуваат подобро само кога ќе го расипат вашето расположение бидејќи во нивните души живее зло, а низ нивните вени тече завист.rnrnНо, ако некој постојано ја гасне вашата светлина и ако не можете да ја споделите среќата со таа личност, што правите вие покрај неа? Колку повеќе време ќе поминете со токсична личност, толку потешко ќе ви биде да се вратите во позитивно расположение.rnrnКога чувствувате радост, сосема е природно да имате желба да ја споделите радоста со другите. Секој го прави тоа на свој начин, но целта е иста – сакате да ја споделите својата среќа за душата на останатите да стане поубава, како што е вашата.rnrnАко во такви моменти наидете на злобни луѓе кои не знаат да ја прифатат вашата радост, ќе се случи најлошото – радоста ќе ве напушти. Наместо поддршка, ве пречекуваат злоба, завидлив поглед и отровни зборови.rnrnСреќата е заразна, но само за оние што светат одвнатре. Ако вашата радост не ја зарази личноста со којашто ја споделувате, не обвинувајте се себеси. Секој располага со тоа што го носи во својата душа.rnrnПрочитајте како да го активирате хормонот на среќа за само неколку минути.

  • Каква музика може да го подигне вашето расположение?

    Каква музика може да го подигне вашето расположение?

    Каква музика пуштате кога сте тажни? Дали се тоа некои весели ноти за подигнување на расположението или пак, можете да слушате само балади? Ние ви откриваме што велат најновите истражувања кога станува збор за музиката и за подобрувањето на расположението.rnrnКаква музика може да го подигне вашето расположение?rnrnСпоред неодамнешните истражувања, веселата и енергична музика нема ефект врз вашето расположение ако сте тажни. Ако сте вознемирени, експертите велат дека треба да слушате само тажна и меланхолична музика што ќе одговара на вашата моментална емотивна состојба.rnrnАнкетата спроведена на над 700 студенти од Универзитетот во Берлин покажала дека слушањето музика навистина може да предизвика позитивен одговор кога станува збор за чувствата, а сето тоа е засновано врз одговорите дадени од анкетираните.rnrnКаква музика може да го подигне вашето расположение?rnrnАнкетираните одговарале на прашањето какви чувства буди кај нив тажната музика, а најчестите одговори биле дека тоа се чувствата на мир, носталгија и разнежнетост.rnrnНаучниците велат дека најважната работа кога станува збор за слушањето тажна музика е тоа што му овозможува на слушателот да доживее тага без никакви импликации по неговиот реален живот, а кога песната ќе заврши, тој нема да доживеете никаков стрес или загуба. Исто така, откако ја ислушале тажната музика, учесниците во ова истражување имале силно чувство на емпатија и можеле да сочувствуваат со изведувачот.rnrnКаква музика може да го подигне вашето расположение?rnrnПодатоците од ова истражување велат дека повеќето луѓе поврзуваат одредени проблеми во врската со одредена песна или некоја песна ги потсетува на раскинувањето со саканиот. Многу од нив дури потврдиле дека тажната музика им помогнала да го поправат лошото расположение. Учесниците, од друга страна, сведочеле дека генерално слушаат весела музика додека се забавуваат, возат автомобил или додека се на работа. Во овие случаи, не е потребно регулирање на расположението бидејќи чистењето или возењето на пример, не се активности при кои е неопходно да се подигне расположението.rnrnБез разлика на тоа во каква состојба се наоѓа вашиот ум, истражувањата покажале дека тажната музика секогаш ќе има позитивен ефект врз вашето расположение и врз состојбата на духот, а стручните лица велат дека баладите повеќе будат романтични отколку тажни чувства.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 3-те чудни и изненадувачки начини на кои музиката влијае на вашето здравје.