КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Како да бидете помудри од останатите луѓе?

    Како да бидете помудри од останатите луѓе?

    Според последните изјави на студентите по психологија, со самото анализирање на различните специфични психолошки студии кои го демонстрираат и објаснуваат човечкото однесување, дури и без да се потрудат да ги запомнат, тие се чувствувале значително помудри и посвесни. Можеби немате голем интерес во луѓето и работите кои тие, или вие, ги правите, но ако вашите ставови се сосема спротивни тогаш сигурно ќе ја цените книгата „Најмудриот во собата: Како можат да ви користат најмоќните студии од социјалната психологија?“. Авторите, Томас Гилович и Ли Рос, професори по психологија на Универзитетите Корнел и Стенфорд, во својата нова соработка покриваат најразлични теми од секојдневниот живот, проблемите со војната, мирот и зошто е толку тешко да го постигнеме.rnrnКако да бидете помудри од останатите луѓе?rnrnКритичката разлика помеѓу мудроста и интелигенцијата е тоа што мудроста бара ефективност и увид од луѓето, а интелигенцијата не. Мудрата личност е способна да ги смести во перспектива сите индивидуални настани и да заземе поширок став и поглед кон проблемот. Во тој контекст, Голович и Рос нудат 3 начини на кои луѓето можат да бидат помудри:rnrn1. Кога правите тешка одлука, практикувајте да ја правите на начинот кој аналитичарите го нарекуваат „премортем“. Тоа се подразбира за оние случаи кога одлуката има потенцијал да биде лоша и од вас се бара да откриете кои информации ви се потребни за да дознаете зошто е тоа така. Некои од нас природно се обидуваат да ги пронајдат пречките во процесот на носењето одлуки и причините зошто постои ризик тие да бидат лоши. Она што треба да научиме да го правиме е слободно да го искажуваме своето мислење и да увидиме кога тоа нема да биде корисно за луѓето, а кога ќе има позитивен ефект.rnrn2. Сопствеништвото не е она што нѐ прави среќни. Искуствата во животот се клучниот елемент кој носи повеќе значења и подолготрајна среќа. Кога сакате да постигнете добар социјален однос кој ќе ве направи помудри, наместо за работите кои сте ги купиле, платата или материјалните нешта, разговарајте за вашите искуства.rn

    „На оние луѓе чии приоритети им се ниските даноци, финансиските проблеми или поконкретно личните и приватните креации создадени на трошок на градењето јавни експериментални ресурси (паркови, јавни места…), е многу поверојатно да го намалат колективното добро на општеството.“ – стои во книгата на Гилович и Рос.

    rn3. Борете се со фундаменталната грешка на атрибуцијата кога ќе се соочите со неа. Таа се дефинира и настанува кога луѓето се обидуваат да претстават или да заклучат дека однесувањето на една личност е предизвикано и е под влијание на неговиот карактер и диспозиција. Тоа го занемарува вистинскиот придонес на контекстот. Авторите велат:rn

    „Вистинскиот мудрец е теренски теоретичар кој не ги осудува другите сѐ додека не ја осознае природата на ситуацијата и додека внимателно не размисли пред да дејствува.“

  • 4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите одлуки

    4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите одлуки

    Дали понекогаш се потсетувате на некоја лоша одлука која сте ја направиле во минатото и сте се запрашале што сте мислеле? Постои голема веројатност дека не сте мислеле воопшто, туку дека сте реагирале според вашите емоции, а не логиката. Независно дали сте се гледале со некоја атрактивна личност која лошо се однесувала со вас или лошо сте инвестирале, вашите чувства можат да ве оттргнат од вистинскиот пат. Колку поинтензивни се емоциите, толку позамаглена и нелогична е и вашата пресуда. Најдобрите одлуки се носат кога има внимателна рамнотежа помеѓу чувствата и логиката, бидејќи колку што е помала логиката, толку е поголема веројатноста да донесете некоја ирационална одлука. Во продолжение прочитајте ги 4-те начини на кои емоциите можат да влијаат негативно врз вашите одлуки.rnrn4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите емоцииrn

    1. Возбудата може да ве натера да ги прецените вашите шанси за успех

    rnИма добра причина зошто казината употребуваат силни светла и гласни звуци. Колку повозбудено се чувствувате, толку повеќе пари ќе потрошите. Независно дали земате некој голем заем за некоја возбудлива можност или се обложувате на некоја трка или натпревар, ако се чувствувате возбудено погрешно ќе го процените ризикот.rn

    2. Анксиозноста од еден проблем во вашиот живот може да премине и во друг

    rnАко сте анксиозни за нешто што се случува во вашиот личен живот, на пример се грижите за здравјето или сте нервозни бидејќи треба да купите нешто ново, тоа може да ве направи да се чувствувате анксиозни и врз работните одлуки. Дури и ако ситуациите се неповрзани, истражувањата покажуваат дека е многу поверојатно да имате тешкотии во разликувањето на ситуациите кога сте нервозни. Анксиозноста која произлегува од еден проблем може да ве натера да одбиете да направите промена и да донесете погрешни одлуки.rn

    3. Чувствата на тага можат да ви ги намалат очекувањата

    rnИстражувањата покажуваат дека вашите цели ќе бидат пониски доколку се чувствувате тажно. Во една студија, испитаниците биле натерани да продаваат различни производи. Оние кои се чувствувале тажно одредувале пониски цени на производите, отколку оние кои биле порадосни. Истражувачите сметаат дека тагата им ги намалила очекувањата, со надеж дека брзото исполнување на целта ќе ги направи посреќни. Создавањето ниски очекувања за себе може да нѐ спречи да ги оствариме нашите цели и да го отклучиме нашиот целосен потенцијал.rn

    4. Лутината и срамот можат да ве натераат да правите брзи одлуки

    rnИнтензивните емоции можат да ве направат ранливи на високите ризици и неисплатливите избори. Истражувачите сметаат дека овие чувства ги нарушуваат способностите за самоконтрола. Природно, кога се чувствувате емотивно, вашиот ризик може да стане самодеструктивен.rnrn4 начини на кои вашите емоции можат негативно да влијаат врз вашите емоцииrnrn

    Балансирајте ги емоциите и логиката

    rnrnЕмоциите играат голема и важна улога во процесот на донесување одлуки. Анксиозноста понекогаш може да нѐ спречи да направиме некој лош избор, а досадата може да предизвика искра која ќе нѐ натера да ја следиме нашата страст. За да правиме балансирани избори, треба да ги осознаеме емоциите. Да обрнеме внимание на начинот на кои нашите чувства можат да го променат нашето размислување и да влијаат врз нашето однесување. Со запишувањето на позитивните и негативните страни на тешката одлука, ја зголемуваме логиката, а ја намалуваме емотивната реактивност. Со гледањето на фактите на хартија можеме да си помогнеме во рационализирањето на нашите можности и да ги спречиме емоциите да ја замаглат нашата пресуда.

  • Подемот на боенките за возрасни: Зошто токму вам ви се потребни?

    Подемот на боенките за возрасни: Зошто токму вам ви се потребни?

    Во свет кој е опседнат со технологија и социјални мрежи, изгледа контрадикторно дека токму нешто како боенките за возрасни би можеле да направат толку голема промена. Ова терапевтско хоби кое гордо го зазема своето место крај медитацијата и јогата е еден нов начин да ја проширите вашата свесност во денешниот брз начин на живеење.rnrnПодемот на боенките за возрасни: Зошто токму вам ви се потребни?rnrnПа, што е тоа што предизвикало да настане ова колоритно лудило? И зошто токму вие би требало да ги замените вашите смартфони и таблети кои постојано ви испраќаат нотификации со пакување боички? Според психологијата, секоја боја има огромно влијание врз нашето расположение и моќ да влијае врз моменталните емоции и перцепции. На пример:rn

      rn011

    • сината е позната по својот смирувачки ефект
    • rn011

    • жолтата може да го поттикне вашето среќно и креативно расположение
    • rn011

    • зелената создава чувство на мир и баланс
    • rn011

    • црвената и розовата се поврзуваат со љубовта и топлината
    • rn

    rnОвие книги се внимателно создадени за да им се допаднат на возрасните, така што содржат голем број добро познати спиритуални индиски симболи како мандалата, кои го претставуваат целиот универзум. Тоа е и една од причините зошто голем број возрасни ги одбираат како начин на смирување и бегање од секојдневието.rnrnНо, зошто токму вие би требало да си земете боенка за возрасни и тоа што побрзо? Бидејќи самото боење му помага на вашиот мозок да се ослободи, притоа овозможувајќи ви да допрете до вашиот внатрешен мир. Наша препорака е покрај боенката, да инвестирате и во квалитетни боички со цел да можете да го искусите целосно ова ваше ново разнобојно хоби.

  • Љубовта, добрата хемија и како тие се разликуваат

    Љубовта, добрата хемија и како тие се разликуваат

    Љубовта не е „добра хемија“, ниту пак претставува магнетизам, позитивна сила или позитивна енергија. Хемија, магнетизам, сила и енергија се поими на физичките науки. Животните науки се малку поинакви. Разликата помеѓу љубовта и хемијата е она што ни ја дава една од најголемите мистерии во науката: односите помеѓу неживите предмети и односите помеѓу луѓето. Оваа разлика често се игнорира, не само во секојдневниот живот туку и во професионалната психологија. Психолозите толерираат многу двосмисленост за разликата помеѓу апетитите и физичките својства. Можат да зборуваат за љубовта како неврохемиска интеракција или да ја третираат како физичка сила која ги спојува луѓето во „врски“.rnrnЉубовта, добрата хемија и како се разликуваатrnrnНаучниците на животот ја ограничуваат љубовта на повисоките и поинтелигентните организми. Разликата помеѓу хемиските врски и љубовта доаѓа од потеклото на животот како еден вид прототип на љубовта. Да се преживее и да се размножува е нешто што сите организми го прават, уште од самиот почеток на животот, за да го задржат пристапот до она од коешто зависат. Овие елементи имаат клучна и централна улога во дефиницијата на љубовта, која може да се подели на 3 дела:rnrn1. Љубов: Колоквијалното мислење дека сме нецелосни без некого што значи дека ја сакаме таа личност.rnrn2. Зависност: Зависиме од партнерот бидејќи сме дел од партнерството, врската, целината. Ако го изгубиме пристапот до нашата „друга половина“ се чувствуваме нецелосни.rnrn3. Посветеност: Ја распознаваме љубовта по посветеноста, по напорната работа, како и по трудот кои едно живо суштество ги прави и вложува во оние кои му значат.rnrnЉубовта, добрата хемија и како се разликуваатrnrnИсто така, често дебатираме што е вредно за љубовта. Целосноста ја дефинира љубовта, но тоа го прави и зависноста. Ако сме зависни од нешто, правиме поголем напор за да го задржиме пристапот до него. Па, што е тогаш разликата помеѓу љубовта и зависноста? Единствената разлика е во нашето предвидување за тоа дали посветената зависност ќе има добар или лош изглед и краен резултат. Ако има добар изглед, велиме дека е љубов или нешто еднакво позитивно. Ако нема добар изглед, тогаш велиме дека е зависност или нешто еднакво негативно.rnrnЉубовта, добрата хемија и како се разликуваатrnrnЛуѓето имаат тенденција да ја заматуваат и разликата помеѓу магијата и последните откритија на науката. Погрешно ја сметаме физичката материја за нешто што се чувствува за да стигнеме до она што е најново и најмагично, дури и ако потекнува од науките – нашиот најнемагичен пристап до разбирањето на работите. Тоа сме го правеле во текот на сите научни револуции во минатото и сè уште го правиме денес со квантната свесност и квантната спиритуалност, како да мислиме дека науката на квантната механика може да нè донесе до магијата, свесноста и духовноста. Но, зошто е тоа така? Зошто гравитираме кон науката и магијата и понекогаш кон комбинацијата од овие две? Од истите причини поради кои гравитираме кон детерминизмот.rnrnЉубовта, добрата хемија и како се разликуваатrnrnГо сакаме детерминизмот кога ни помага, а не го сакаме кога нè повредува. Сметаме дека сме добиле добри вести ако ни е кажано дека успехот ќе ни биде гарантиран, со други зборови кога добрата среќа е детерминирана од судбината. Го сакаме позитивното неочекувано, но не го сакаме негативното неочекувано. Го сакаме детерминизмот и кога може да нè извади од некоја ситуација, на пример кога некој не ни е привлечен и тоа можеме да го покажеме на тој начин што ќе речеме дека нема хемија. Повеќето луѓе не ја разбираат хемијата бидејќи делува паралелно, магично и детерминирачко. Да речеме дека „нема хемија“ значи дека „судбината не сака да бидеме заедно“, исто како што „имаме хемија“ значи дека „судбината сака да бидеме заедно“. Судбината е наш пријател сѐ до оној момент кога избираме дали да ја прифатиме и сакаме.

  • За најмалите: Со помош на овој едноставен тест со грозје откријте колку се интелигентни вашите деца

    За најмалите: Со помош на овој едноставен тест со грозје откријте колку се интелигентни вашите деца

    Дали сте знаеле дека обичното суво грозје кое го користиме за подготовка на десерти може да ја открие интелигенцијата на вашето дете и фактот дали тоа ќе се снаоѓа во училишните клупи? Не станува збор за трик, туку за психолошко тестирање кое можете и самите да го пробате.rnrnza-najmalite-so-pomosh-na-ovoj-ednostaven-test-so-grozje-otkrijte-kolku-se-inteligentni-vashite-deca-www.kafepauza.mkrnrnОвој тест им се задава на мали дечиња кои се постари од 20 месеци и вклучува испитување преку игра, кое вклучува само 2 елемента: суво грозје и чаша. Тестирањето трае 1 минута, а како што тврдат научниците, многу е ефикасно за откривање на степенот на концентрација, обрнување внимание на деталите и способностите за учење кај најмалите.rnrnРезултатите од овој тест ќе бидат видливи уште во претшколската возраст, поточно помеѓу 6-тата и 8-тата година од животот, кога децата се подготвуваат да тргнат на училиште. Со оглед на тоа што ова е доба на големи промени, пред нив се наоѓаат бројни задачи за кои некои сè уште не се спремни. Па, со помош на резултатите, вие можете многу лесно и едноставно да предвидите дали вашето дете е спремно за училиште, односно дали ќе има потешкотии со совладувањето на материјалот и предизвиците кои доаѓаат со денешното образование и пубертетот.rn

    Тест за интелигенција со грозје

    rnОвој тест е предвиден за деца постари од 20 месеци. Доколку сакате резултатите да бидат поверодостојни, не треба вие самите да го тестирате вашето дете, туку да дозволите тоа да го направи друга личност, кон која детето нема изразено силни емоции.rnrnНаместете го детето на столица, а пред него, на маса, поставете зрно суво грозје и поклопете го со чаша. Потоа објаснете му дека тоа треба да го земе грозјето (или изеде) дури откако ќе добие дозвола да стане од столот. Ако тоа издржи цела минута, без да го прекрши правилото, се смета дека е натпросечно интелигентно.

  • Што се случува кога единствената токсична личност во вашиот живот сте самите вие?

    Што се случува кога единствената токсична личност во вашиот живот сте самите вие?

    Вие можете целосно да се ослободите од токсичните луѓе околу вас, кои постојано ве влечат надолу со себе. Исто така лесно можете да почнете и да ги избегнувате оние места кои знаете дека лошо ви влијаат. Но, што се случува кога самите сме си својот најголем непријател? Погледнете ги следниве 3 знаци кои укажуваат дека единствената токсична личност во вашиот живот сте си вие и дека е време да преземете нешто со цел да ја подобрите вашата психолошка состојба.rnrnШто се случува кога единствената токсична личност во вашиот живот сте самите вие?rn

    1. Депресија и анксиозност

    rnКога работите против себеси, вие се изолирате од останатите луѓе. Дури и да сте екстроверти, ќе почнете да ги избегнувате социјалните настани со цел да имате што е можно повеќе слободно време за да бидете во вашата соба. Ова не е во ред. Доколку овој период подолго време трае, вие целосно ќе ја изгубите желбата да запознавате нови луѓе, а можеби дури и ќе почнете да ги пропуштате шансите за почеток на нова љубовна врска. Едноставно ќе ѝ дозволите на депресијата да почне да владее со вашиот живот, без шанса за подобрување.rn

    2. Повторување на истите грешки

    rnДоколку потсвесно живеете во минатото, тогаш ќе почнете да им се восхитувате на оние нешта и ситуации кои всушност ве влечат надолу. Откако еднаш ќе пуштите корења кон минатото, болката ќе се врати повторно во вашиот живот, терајќи ве одново да минувате низ истите грешки. Пробајте да се фокусирате на вашите мисли. Што ви велат тие? Дали чувствувате вина или пак, можеби дека не сте добри за ништо? Дали ви е потребна потврда од луѓето околу вас или дозвола за да го надминете тоа што се случило? Ова е еден од најлошите начини на кои можете да бидете токсични за себе. Мислите за кои не сте свесни дека постојат можат да направат најголема штета.rn

    3. Не си дозволувате да чувствувате

    rnДали сте забележале дека во последно време правите сè само за да не останете сами со вашите емоции? Без разлика дали станува збор за прекумерно време на работа или пак, за гледање филмови во текот на целото слободно време, вие само си го одвлекувате вниманието од себе и не си дозволувате да се соочите со тоа што моментално ви се случува. Дури и да поминувате низ лош период, дозволете си да го почувствувате тоа, бидејќи во спротивно никогаш нема да можете да го надминете. Единствениот начин да се справите со лошите емоции е доколку се соочите со нив.

  • 5 психолошки вежби кои водат кон успех, среќа и задоволство

    5 психолошки вежби кои водат кон успех, среќа и задоволство

    Физичкото здравје е многу важно кога станува збор за нашата телесна форма, но на ист начин можеме да го тренираме и својот мозок, односно своите ментални активности. Доколку сакате да водите поуспешен живот, исполнет со многу среќа и задоволство, тогаш треба да се обидете да ги применувате овие психолошки вежби секојдневно.rnrn5 психолошки вежби кои водат кон успех, среќа и задоволствоrn

    1. Вежбајте поставување цели

    rnДефинирајте ги целите, а потоа почнете полека да ги наоѓате оние начини со кои најдобро би можеле да ги остварите. Целите се лични и индивидуални, па секогаш треба да бидат доживувани како светлото на крајот од тунелот, кон кое се движите и кое ви дава самодоверба и сигурност. Но, внимавајте да не поставите премногу високи очекувања бидејќи можете да се разочарате.rn

    2. Вежбајте го нивното остварување

    rnНе мора детално да се подготвувате за сите цели. Понекогаш доволно е едноставно да ѝ дозволите на вашата енергија да ве води и да си кажете себеси дека вие можете да го направите тоа. Исправете се и тргнете кон напред, без двоумење и на тој начин ќе привлечете позитивна енергија кон себе. Навикнете се на успех, така што ќе почнете од помалите цели кон поголемите.rn

    3. Вежбајте ослободување од менталните препреки

    rnСо цел да ја развиете вашата ментална сила, вие мора да ги тргнете „помошните тркалца“. За почеток, обидете се да престанете да го одложувате будењето. Наместо да притиснете „снуз“, станете и соочете се веднаш со денот. Ако ова ви премине во навика, лесно ќе можете да го префрлите и на другите сфери во вашиот живот и ќе станете посамостојни и попродуктивни.rn

    4. Вежбајте изградба на отпорност

    rnПодгответе се за кратки рокови, лични неуспеси, борби и стрес во вашиот живот. Жилавоста не се создава со лесното преминување низ проблемите и фокусирање на позитивните нешта од животот. Вие мора да ги прифатите промените без лутина и аверзија. Тоа е многу важно ако сакате да зајакнете и да можете лесно да се справувате со сè посилни проблеми.rn

    5. Вежбајте развивање на вашата ментална агилност

    rnВнимателно планирајте го донесувањето одлуки, реакциите, вниманието и чекорите кои ги преземате. Во оваа цел може да ви помогне медитацијата за да се смирите себеси и да почнете промислено да реагирате во стресните ситуации. Од вашата ментална координација зависат многу нешта, започнувајќи од успехот во кариерата, па сè до физичкото здравје.

  • Како да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?

    Како да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?

    Постојат многу моменти во нашиот живот кога го имаме тоа непријатно нервозно чувство во нашиот стомак. Еден вид анксиозност која се појавува во моментите пред интервју за работа или пак, пред испит. Токму ова чувство е тоа што ви помага да останете енергични и фокусирани, резултирајќи со позитивен исход.rnrnКако да се ослободите од постојаното чувство на нервоза?rnrnСосема е во ред понекогаш да чувствувате нервоза, бидејќи во одредени ситуации, како погоре наведените, таа може да биде од корист. Но, хроничната анксиозност може да биде толку силна што едноставно ја презема контролата врз животот на оние кои страдаат од неа. Доколку ги имате следниве симптоми, тогаш и вие сте едни од оние кои имаат проблем со нервозата:rn

      rn011

    • Потешкотии sо спиењето
    • rn011

    • Чувство на гадење
    • rn011

    • Забрзано чукање на срцето
    • rn011

    • Неспособност да се фокусирате
    • rn011

    • Непријатно чувство
    • rn011

    • Плачливо расположение
    • rn011

    • Лесно се иритирате
    • rn011

    • Губење апетит
    • rn

    rnПа, како да ја намалите нервозата која ги предизвикува овие симптоми? И покрај тоа што секој си има свои сопствени и уникатни начини да се справи со ова непријатно чувство, сепак понекогаш тоа може да избега од контрола. За да спречите тоа да се случи, погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да се заштитите:rn

    Излезете и вежбајте

    rnФизичката активност испушта ендорфини во вашето тело, па без разлика дали слушате музика додека трчате, кревате тегови или одите на аеробик, тоа е одлично време да ги средите малку вашите мисли и да откриете од каде доаѓа ова непријатно чувство.rn

    Почнете со јога или медитација

    rnИсто како и со физичката активност, така и овие две нешта можат многу да ви помогнат при поврзувањето на вашето тело со вашиот ум. Јогата и медитацијата се едни од најефективните начини да го исчистите вашиот ум и да си ги организирате мислите.rn

    Направете свесен труд да си го одвлечете вниманието

    rnДајте си себеси нешто да правите. На тој начин ќе имате помалку време да се грижите. Во денешно време постојат многу нешта кои можете да ги правите така што истовремено ќе ви биде и забавно, но и малку ќе го ослободите вашиот ум од грижите за секојдневните проблеми.rn

    Запишете си ги мислите

    rnМногу често ги заклучуваме нашите мисли длабоко во нас. Понекогаш тие се толку скриени што дури ни ние не можеме да им пристапиме. Но, со пишувањето вие лесно можете да стигнете до нив, како и да најдете решенија кои би ви помогнале да ја решите загатката.rn

    Побарајте помош

    rnПонекогаш најдоброто нешто што можете да го направите за себе е доколку побарате помош. Уште подобро ако таа е од професионален психотерапевт. Нема потреба да се срамите или да се плашите, бидејќи терапевтите се тука исклучиво за да го подобрат вашето ментално здравје.

  • 5 чекори кои водат кон добросостојба

    5 чекори кои водат кон добросостојба

    Добросостојбата е универзална цел која е составена од добар баланс помеѓу здравјето и среќата. Тоа секогаш треба да биде нешто кое се стремиме да го подобриме. Но, имајте на ум дека дури и ако сте физички во добра форма, можеби не постои рамнотежа во други области од вашиот живот. Токму затоа е и многу важно секогаш да тежнеете кон хармонија помеѓу умот, телото и духот. Следуваат 5-те чекори кои ќе ви помогнат да бидете порелаксирани и да се чувствувате многу подобро во вашата кожа.rnrn5 чекори кои водат кон добросостојбаrn

    Чекор 1: Научете како да се справите со разочарувањата

    rnМногу луѓе стануваат екстремно разочарани кога нема да успеат да остварат ветување кое си го дале самите себеси, како на пример, дека ќе изгубат тежина или ќе престанат да пушат. Ова може да предизвика создавање на самосожалување. Со цел да го избегнете тоа, мора да сфатите дека некои цели, без разлика колку остварливо ни изгледаат, сепак се нереални.rn

    Чекор 2: Извлечете го позитивното од негативното

    rnВо тој случај, дури и ако не успеете во своите замисли, вие ќе имате позитивно искуство на кои можете да му се радувате. На пример, ако сте успеале да не запалите цигара цела недела, наградете се себеси, а потоа обидете се да го продолжите овој период за малку подолго. Движете се полека кон целите, наместо да ги брзате нештата и потоа да се разочарувате.rn

    Чекор 3: Проценете и подобрете

    rnДоколку не успеете да остварите одредена цел, повторно ќе го земеме примерот со пушењето, не гледајте на тоа како на пораз. Направете чекор наназад и проценете ја целата ситуација. Откријте што ве натерало да потфрлите и како би можеле да го избегнете тоа во следниот обид да се откажете од цигарите.rn

    Чекор 4: Планирајте за успех

    rnАко сте загрижени за вашите финансии, тогаш едноставно избегнувајте ги сите оние екстравагантни начини на кои можете да потрошите многу за непотребни нешта. Планирајте го вашиот буџет однапред и правете редовни проверки и надградби на планот со цел да се погрижите дека нема да тргнете повторно во погрешна насока.rn

    Чекор 5: Не се откажувајте!

    rnНајважното нешто кое треба да го запомните е дека во повеќето ситуации клучно е да планирате однапред бидејќи на овој начин ќе можете да ја видите целосната слика. Но, не бидете премногу строги кон себе ако не успеете да ја постигнете првичната цел, туку наградувајте се за сите мали успеси кои сте ги постигнале по пат. И најважно од сè, не се откажувајте! Тежнејте кон напредок и секогаш ќе бидете успешни!

  • 4-те фази во животот според Карл Јунг

    4-те фази во животот според Карл Јунг

    Одејќи низ животот, поминуваме низ различни периоди кои сите ги опишуваме на свој јазик и со различни зборови. Но еден од најдобрите начини на кои може да се поделат фазите во животот е оној според тоа кои сме и што нè води во одреден момент од нашиот живот, а не според возраста за која е докажано дека не е веродостоен показател. Во ова успешно се истакнал швајцарскиот психијатар и психотерапевт Карл Јунг, кој според погоре наведените критериуми, го има поделено животот на 4 фази: спортист, борец, изјавувач и дух.rnrn4-fazi-vo-zhivotot-spored-karl-jung-kafepauza.mkrn

    1. Спортист

    rnОва е најнезрелата фаза од сите 4 и додека сме во неа, ние сме најмногу концентрирани на себе. Опседнати сме со физичкиот изглед и со впечатокот кој го оставаме на оние околу нас. Најочигледен пример за оваа фаза се тинејџерите и тоа во моментот кога се гледаат во огледало: нарцисоидни, критични, а најчесто и двете одеднаш. Факт: многу луѓе остануваат долго во оваа фаза, некои и засекогаш, а има и такви кои подоцна во животот повторно се враќаат во оваа фаза.rn

    2. Борец

    rnКако што поминува времето, полека ја напуштаме атлетската фаза и навлегуваме во оној период од животот кога имаме желба да го освоиме светот. Уште повеќе, полни сме со идеи како да го направиме тоа и со амбиции кои почнуваат да нè водат по тој пат. Ова значи дека стануваме посвесни за реалноста и одговорностите кои се пред нас. Со други зборови, полека влегуваме во светот на возрасните каде веќе станува неопходно да се соочиме со предизвиците кои животот ни ги дава. Ова е исто така фазата кон која се враќаат оние кои подоцна во својот живот решаваат да почнат од почеток: нови идеи, нови амбиции, нови цели.rn

    3. Изјавувач

    rnСледен период во нашиот живот е оној во кој се прашуваме себеси што сме направиле за останатите. Оваа фаза е поврзана со формирањето свое семејство, постанувањето родител и преземањето одговорност за некој друг наместо само за себе. Односно, вниманието кое претходно целосно го насочувавме кон себеси, сега го вртиме кон луѓето околу нас, децата кои ги имаме и за кои сакаме да обезбедиме подобар и поубав живот, наследството кое го создаваме за потоа да го оставиме на најблиските. Во оваа фаза се осврнуваме кон минатото, кои сме и како сме дошле тука, што сѐ сме постигнале досега и како да продолжиме понатаму, притоа постојано земајќи ги предвид и луѓето кои се дел од нашиот живот. Кратко и јасно – созреваме.rn

    4. Дух

    rnДоколку сте во период од животот кога сфаќате дека сте повеќе од она што сте го создале, дали во однос на пари, имот, пријатели, семејство и сл. – тогаш вие се наоѓате во четвртата животна фаза. Оваа фаза нè тера да се осврнеме на духовното во нас, на она апстрактното кое не можеме да го допреме, но можеме да го почувствуваме. Размислуваме за животот и како тој, во духовна смисла, е патување без почеток и крај. Истапувајќи од нашиот ум, не можеме, а да не се запрашаме што нè чека понатаму кога физички ќе нè нема. Но, ништо не ја опишува подобро оваа фаза од зборовите на Лао Цу:rn

    „Дали можете да истапите чекор наназад од сопствениот ум и во таа состојба да ги разберете сите работи околу вас? Раѓањето деца и одгледувањето, имањето нешто без да го поседувате, делувањето без какви било очекувања, управувањето без да се обидувате да контролирате сѐ: ова е врховната доблест.“

    rnВо која фаза се наоѓате вие?