Започнавте нова врска и размислувате колку да се опуштите? Или, вашата врска преживеа некои кризни моменти, па се двоумите дали може да ја сметате како нешто вредно за долгорочно инвестирање? Проверете ги следниве 4 знаци кои доколку ги наоѓате во односот со вашиот партнер, може слободно да здивнете, бидејќи таа врска има голем потенцијал да биде долгорочна.rnrn
rnrnНо, доколку вашата врска не се поклопува сосема со принципите на здрава и долгорочна врска, можеби треба да ги преиспитате своите чувства и сериозно да разговарате со вашиот партнер.rn
1. Ги сакате екстремните ставови на партнерот
rnШто мислите, што е поточно, тоа дека сличниот трага по сличниот или дека различностите се привлекуваат? Генерално, точно е дека луѓето повеќе се поврзуваат со луѓето со кои имаат поголеми сличности и со кои ги делат истите вредности. Но, се разбира, ова е само генерализација. Сите лесно ќе се сетиме на парови коишто одлично функционираат и покрај тоа што едниот од нив обожава месо, а другиот е веган, или парови од кои едниот е интроверт, а другиот екстроверт.rnrnУште повеќе, екстремностите понекогаш нè привлекуваат. Па така, некое срамежливо и тивко момче може да се чувствува многу привлечено од девојка што има илјадници пријатели и е експерт за социјални мрежи. Но, како и да е, со тек на време, ова може да стане сериозен проблем. Еден од честите случаи е нарцисоидноста која нè привлекувала на почетокот, која после некое време, многу, ама многу ќе почне да ни смета.rnrnКога вашиот партнер има екстремни ставови, не е неопходно да ги споделувате и вие истите, но подобро ќе напредувате доколку ги поддржувате сосема спротивните ставови на темата.rn
2. Вашиот партнер е пријатен, доверлив и сигурен
rnСите имаат приоритети кога станува збор за посакувани особини кај партнерот. Некои луѓе ги ценат повеќе парите или статусот, додека за некои други, тоа е неважно. Но, без разлика кои се другите посакувани особини и идеали, скоро сите мажи и жени сакаат партнер кој е пријатен, доверлив и сигурен пријател. Ако вашиот партнер или партнерка се тополи и пријатни со вас пред други луѓе, тоа е одличен знак. Исто е одличен знак доколку се емотивно стабилни и ви даваат поддршка. Доколку се однесуваат нарцисоидно кон други луѓе, а се фини кон вас, тоа е потенцијален загрижувачки знак. Нивниот однос кон другите можеби ги открива нивните вистински бои.rn
3. Еднакво се цените со партнерот
rnИстражувањата покажуваат дека љубовта не е сосема субјективна, бидејќи се случува дури и странци вообичаено да се рангираат себеси во однос на другите и имаат барем приближна идеја за својата вредност во очите на другиот.rnrnПроблемите може да се појават кога двете страни во врската немаат исти ставови за вредноста на другиот. Многупати сме виделе славни и моќни личности како стапуваат во врска со некој што изгледа како да не ни има работа и интереси во животот. Имањето партнер со помало мислење за себеси или очекувања од вас, може да биде атрактивно на почетокот, но дефинитивно станува проблем после одредено време.rnrnРеалноста е дека атрактивните луѓе стапуваат во брак со други атрактивни луѓе. Може да помислите дека сите би сакале партнер со 10/10 самодоверба и успешност, но понекогаш тоа може да биде премногу стресно. На пример, доколку вашиот партнер е Марија Шарапова, сосема е возможно поголемиот дел од времето да сте загрижени дека ќе ја изгубите од некој „подобар“.rnrnГенерално, имање партнер со горе долу иста слика за себеси, е добар старт за мирна и долга врска.rn
4. Вашиот партнер прави да се чувствувате добро во својата кожа
rnВо среќните врски, луѓето генерално ги гледаат своите романтични партнери малку попозитивно отколку што тие сами сметаат дека се. На пример, доколку себеси би се рангирале 6 од 10, многу е извесно дека вашиот партнер би ве рангирал како 7 од 10. Овој избистрен поглед на партнерот како подобар, е всушност стожерот на функционална врска и добар знак за нејзината долготрајност. Според едно истражување, како ве гледа партнерот, е особено важно во три сфери – топлина/доверба; атрактивност/виталност; и статус/материјалност (или потенцијал за нивно стекнување). Овие три сфери се покажале многу поважно во градењето стабилна врска, од на пример, што партнерот мисли за вашето пеење под туш.






rnrnРеалниот живот е тоа што постои надвор од правите агли на совршено филтрираните фотографии. Вашето утринско кафе, фотографирано за вашите следачи, нема да ја покаже девојката која едвај ги држи солзите во себе седната во ќошот на кафулето. Видеото од преслаткото бебенце на вашата пријателка нема да ги покаже исцрпувачките воздишки од новите родители и ноќните караници. Сѐ што е помалку чисто и светкаво мора да биде скриено или уредено, сочувано од сите љубопитни очи. Во нашиот труд да се поврземе, ја губиме нашата блискост, поистоветуваност, идентификација.rnrnИдеализираме и обожаваме екрани со лажни стандарди за компарација. Нашите глави деноноќно се поклонуваат пред нивните олтари, читаме псалми составени од Фејсбук статуси, твитови и хаштагови и се молиме за прифаќањето кое ќе нѐ искупи од заборавот. Молци привлечени од светлината. Но, која е жртвата за нашата нова религија? Сподели линк, но не споделувај оброк. Сподели емотикон во форма на срце, но не споделувај љубов. Говорот на телото стана непознат јазик, преводот изгубен во ерата на роботските гласови кои нѐ водат низ секојдневието.rnrn
rnrnШто е потребно за да се вратиме назад на фабричките нагодувања?rnrnСиното небо изгледа многу поинаку кога нема филтер. Лицето на нашиот најдобар пријател е многу поубаво лично отколку на една фотографија. Концертите подобро се доживуваат кога ги гледаме со своите очи, а не преку објективот. Станете малку неуредни и осмелете се да заборавите да направите фотографија. Така ќе сфатите дека таа е сѐ уште зачувана во меморија, само не во вашиот телефон, туку во вашата глава.rnrnДисконектирајте се од светот во вашите раце и вклучете се во универзумот пред вас. Отплеткајте се од светската мрежа и вдишете длабоко. Погледнете нагоре и барајте ги новите шанси.
rnrn
