КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Како да бидете совршени перфекционисти?

    Како да бидете совршени перфекционисти?

    Перфекционизмот е една од оние амбивалентни термини за кои не сте сигурни дали треба да се гордеете или срамите. Да бидеме искрени. Тврдењето дека сте перфекционисти е исто како и да кажете некому на интервју за работа дека вашата најголема слабост е дека не можете да престанете да размислувате за работата, па затоа морате да работите и за време на викендите. Некако, почнуваме да претпоставуваме дека за да бидеме сфатени сериозни, ние мораме да бидеме најдобри. Да поставиме недостижни стандардни. Постојано да ги качуваме границите… Истражувањата дури и ни покажуваат дека кога студентите сакаат да бидат перципирани попозитивно од нивните колеги и професори, тие се опишуваат себеси како перфекционисти.rnrnКако да бидете совршени перфекционисти?rnrnНо, дали перфекционизмот е квалитет за кој треба да се фалите или блокада кон успехот? Според психолозите, може да биде и двете. Литературата за перфекционизмот разликува 2 вида перфекционисти – адаптивни и позитивни и неадаптивни и негативни.rnrnОвие два вида имаат повеќе сличности одошто разлики. И двата поставуваат високи стандарди и се стремат кон големи цели. И двата работат подеднакво многу со цел да го добијат тоа што го посакуваат и се грижат многу за правилно завршување на своите обврски. И двата развиваат силни способности како резултат на нивниот неуморен труд и со тек на време постигнуваат многу повеќе од останатите. Но, постои една мала разлика чие влијание е огромно:rn

      rn011

    • Позитивните перфекционисти се насочени кон постигнувањата.
    • rn011

    • Негативните перфекционисти се насочени кон неуспесите.
    • rn

    rnИ покрај тоа што победата е подеднакво важна за позитивните и негативните перфекционисти, постои разлика во причините зошто тие сакаат да победат. Позитивните перфекционисти сакаат да победат во трката, а негативните не сакаат да ја изгубат. Оваа разлика во ориентираност кон целите влијае на начинот на кој ги поставуваат истите, како тие се чувствуваат за работата и како одговараат на пречките.rnrnТоа што ги води позитивните перфекционисти е желбата за раст и задоволството кое го доживуваат кога се предизвикани. Подобрувањето на нештата им дава значење и ги одржува задоволни. И покрај тоа што сакаат да бидат добри во нешто, не претеруваат со реакцијата кога нивниот перформанс не е задоволителен. Наместо тоа, се фокусираат на начинот како да се подобрат. Тие ретко размислуваат за откажување бидејќи постигнувањата се нивниот начин на живеење. Кога налетуваат на пречки, тие веднаш почнуваат да бараат решение за проблемот. Тие одговараат на предизвикот така што ја евалвираат нивната работа, анализирајќи ги резултатите и планирајќи го следниот чекор.rnrnОд друга страна пак, негативните перфекционисти работат напорно само за да не бидат отпуштени, да не им се критикува работата, или пак, да не бидат прескокнати за унапредување. Студентите учат повеќе затоа што се плашат дека ќе добијат 9-ка наместо 10-ка и со тоа ќе си го нарушат просекот. Дали можете да ја почувствувате разликата во целите на овие луѓе наспроти целите на оние во другата категорија?rnrnОваа разлика во ориентираност кон целите има огромни последици на долг рок. Истражувачите покажале дека позитивните перфекционисти се добро заштитени од емоционалниот стрес. Тие имаат тенденција да се физиолошки поздрави и емоционално постабилни. Спротивно на нив, негативните перфекционисти се поврзуваат со ниска самодоверба, висока анксиозност и голем ризик од развивање депресија.rnrnВистината е дека сите ние имаме малку позитивен и малку негативен перфекционист во нас. Желбата да се биде совршен е природна тенденција. Желбата да се создаде вреден продукт, да се овозможи добра услуга и да се достигне потенцијалот не е маана. Тоа е здрава аспирација. Но, и покрај тоа што позитивниот перфекционизам може да ве турка нанапред, негативниот ќе прави сè што е во негова моќ да ве влече наназад.rnrnПа, како можете да откриете кој вид перфекционист доминира во вас? Ако одговорот треба да се сумира во една реченица, тогаш тоа би била следнава:rnrnПравете јасна разлика помеѓу: Можам подобро и Ова не е доволно добро.rnrnЗапочнете од тука. Која од овие изјави подобро ја опишува вашата работа?

  • Интересно психолошко видео детално ни ги открива видовите нарцизам

    Интересно психолошко видео детално ни ги открива видовите нарцизам

    Многу одамна, уште пред ерата на селфињата, античките Грци и Римјани имале мит за една личност која била опседната со својот изглед. Според една верзија од овој мит, Нарцис бил згоден маж кој патувал низ светот во потрага по љубов. Откако одбил нимфа која се викала Еко, тој го видел сопствениот одраз во река и се заљубил во него. Бидејќи не можел да се одвои од себеси, тој се удавил, а на местото каде што умрел, се појавило цвеќе кое било наречено нарцис, по него.rnrnrnrnОвој мит ја доловува основата на нарцизмот, која вклучува претерано голема насоченост кон себеси. Но, спротивно на општото верување, не станува збор за само една карактеристика, туку за низа карактерни црти кои заедно го сочинуваат ова однесување. Психолошката дефиниција за нарцизмот е надуена и грандиозна слика за себе. На кратко, нарцисите веруваат дека се подобри во секој поглед од останатите и дека тоа некако ги прави поважни, па затоа и заслужуваат специјален третман.rnrnСпоред психолозите, постојат 2 видови нарцизам – грандиозен и ранлив. Исто така постои и нарцистичко нарушување на личноста, но тоа е нешто сосема друго и многу посериозно.rnrnГрандиозниот нарцизам е најчесто застапен меѓу луѓето и се карактеризира со екстровертност, доминантност и барање внимание. Овие луѓе бараат внимание и моќ, па затоа дел од нив стануваат политичари, славни личности или лидери. Секако, не сите што ги градат овие позиции на моќ имаат нарцистички карактерни црти. Многумина од нив го прават тоа од позитивни причини, како достигнување на својот целосен потенцијал или помагање на другите луѓе. Но, нарцисите го прават тоа поради вниманието кое го добиваат од овие позиции. Од друга страна пак, ранливите нарциси можат да бидат тивки и резервирани. Тие се цврсти во своите ставови дека нешто им припаѓа токму ним, но лесно можат да се почувствуваат загрозено.rnrnТемната страна на нарцизмот се покажува на долг рок. Овие луѓе имаат тенденција да се однесуваат себично, па затоа нарцистичките лидери можат да носат ризични, па дури и неетички одлуки. Што се однесува до љубовта, тие можат да бидат неискрени и неверни. Кога нивниот „розов“ поглед кон себе е предизвикан, знаат да станат огорчени и агресивни. Тоа е како болест каде што оние кои страдаат од неа се чувствуваат многу добро, но луѓето околу нив страдаат. Токму ова однесување според психолозите е класифицирано како нарцистичко нарушување на личноста и се појавува кај 1 до 2% од целата популација, најчесто кај мажите. Исто така е и дијагноза резервирана за возрасните.rnrnИнтересно видео детално ни ги открива карактеристиките и видовите на нарцизмотrnrnСпоред психолозите, постојат неколку карактеристики што се манифестираат кај оние со нарцистичко нарушување на личноста. Тие вклучуваат:rn

      rn011

    • Грандиозен поглед кон себе
    • rn011

    • Проблеми со емпатија
    • rn011

    • Чувство дека нешто им припаѓа токму ним
    • rn011

    • Потреба за восхит и внимание
    • rn

    rnПроблемот кај ова нарушување е што личностите кои го поседуваат се ставаат себеси на прво место и не се грижат за останатите. Замислете да ги користите вашите сопружници и деца како начин да добивате внимание или пак, наместо да го прифатите конструктивниот критицизам и да се подобрите, вие на сите да им велите дека не се во право.rnrnПа, што го предизвикува нарцизмот? Студиите со близнаци покажуваат силна генетска компонента, иако научниците сè уште не се сигурни за кои гени станува збор. Но, како и со сè останато, така и во овој случај околината исто така игра голема улога. Родителите кои ги ставаат своите деца на пиедестал можат да поттикнат развивање на грандиозен нарцизам, додека пак студените родители кои држат сè под контрола можат да предизвикаат ранлив нарцизам.rnrnИзгледа дека нарцизмот е повисок во земјите кои ценат индивидуалност и самопромоција. Иако не е докажано дека социјалните мрежи создаваат нарцизам, тие без сомнение овозможуваат одличен начин за добивање на потребното внимание и социјалниот статус што им се потребни на нарцисите.rnrnИмајќи го сè ова на ум, дали нарцисите можат да ги подобрат своите негативни карактеристики? Да! Сè што промовира искрена слика за себе и своето однесување, како и грижењето за другите, психотерапијата или вежбањето сочувство, може да биде од голема помош. Проблемот е што може да биде предизвик за оние со вакво нарушување да работат кон подобрување, но тоа не значи и дека е невозможно.

  • Дали музиката може да ни помогне да заспиеме?

    Дали музиката може да ни помогне да заспиеме?

    Сите знаеме дека квалитетниот сон е од голема важност за секој сегмент од нашиот живот. Нарушувањата на сонот можат да доведат до премореност, анксиозност, депресија и слаба продуктивност од физички и психички аспект. Апчињата можат да помогнат, но можат да имаат и негативен ефект на секојдневниот живот. За среќа, постои решение! Психолозите откриле дека слушањето музика што релаксира пред спиење може да ги олесни проблемите со спиењето кај многу луѓе. Оваа музика го намалува лачењето на стрес хормонот норадреналин во системот, со што се намалува и нивото на напнатост и раздразливост, а се зголемува квалитетот на сонот.rnrnДали музиката може да ни помогне да заспиемеrnrnПсихологот Лазло Хармат собрал 94 студенти кои страдале од проблеми со спиењето и ги поделил на три групи. Едната група слушала музика за релаксирање пред спиење, другата слушала аудио книга, а третата не слушала ништо. Испитаниците од првата и втората група требале да ја пуштаат музиката или аудио книгата 45 минути пред да си легнат.rnrnПо 3 недели, 30 од 35-те ученици од групата која слушала музика ги решиле проблемите со спиењето и квалитетот на сонот значително им се подобрил. Слушањето аудио книги им помогнало на далеку помал број луѓе: Само 9 од 30 го подобриле квалитетот на сонот. Студентите исто така биле тестирани со цел да се открие колку биле депресивни пред и по експериментот. Симптомите на депресија кај групата која слушала музика значително се намалиле, но аудио книгите го немале истиот ефект.rnrnМузиката исто така може да им помогне и на постарите луѓе да спијат подобро. Во 2003 година, психолозите Хуи-Линг Лаи и Марион Гуд спровеле сличен експеримент на група луѓе на возраст од 60 до 83 години кои имале проблеми со спиењето. Повторно музиката покажала неверојатни резултати. Половина испитаници од групата која слушала музика го подобриле квалитетот на сонот.rnrnДали музиката може да ни помогне да заспиемеrnrnДоколку и вие би сакале да го почувствувате чудотворното дејство на музиката, може да се обидете со класична музика, џез или блуз. Од голема важност е да внимавате на тоа колку е гласна музиката. Ако е премногу тивка, тоа може да нервира, но ако е премногу гласна, тогаш нема да можете да заспиете. Исто така, направете последната песна постепено да се стишува, бидејќи во спротивно ненадејната тишина ќе ве разбуди. Станува збор за природен рефлекс кој прави да се штрекнеме ако одеднаш стане премногу тивко.rnrnВечерва пред да си легнете направете листа од вашите омилени парчиња релаксирачка музика, најдете ја вистинската гласност и уживајте во мирниот и непречен сон.

  • Интересен и необичен тест: Каков е вашиот птичји карактер?

    Интересен и необичен тест: Каков е вашиот птичји карактер?

    Сите ние ги обожаваме карактерните тестови бидејќи нè учат на нешто ново за нас, па токму затоа решивме да го споделиме и овој тест со вас. Според Јасир Осман, креаторот на овој тест, сите луѓе можат да се поделат во 4 групи, односно во „неутрален гулаб“, „аналитичен був“, „рационален паун“ или „одлучен орел“. Секоја од овие птичји групи претставува различни карактери. Сите птици имаат сопствени желби, емоционални потреби, фактори кои ги контролираат, како и уникатни карактеристики. Што мислите, во која категорија спаѓате вие?rnrnИнтересен и необичен тест: Каков е вашиот птичји карактер?rnrnПознавањето на карактерните стилови на луѓето околу вас ќе ви помогне да имате подобар однос бидејќи можете да ги погледнете од различни перспективи и да употребите соодветни стратегии при одржување на вашата блискост. Секоја птица има различни карактеристики и различен начин на кој се справува со врските, емоциите, комуникацијата и конфликтот. Овој тест, познат и како D.O.P.E (dove, owl, peacock, eagle), се базира на тестот за оригиналните 4 карактерни видови составен од страна на д-р Гери Котур.rnrnНие лесно можеме да ги разбереме карактерните црти кои се поврзуваат со овие 4 птици. Доколку видите нивни претставници, лесно можете да ги категоризирате и соодветно да се поставите пред нив. На тој начин сите ваши врски, без разлика дали се љубовни, пријателски, семејни или работни, ќе бидат многу поцврсти и поиздржливи. На пример, следниве карактерни црти се најдоминантни за секоја од 4-те птичји групи:rnrn1. Гулаб – мирољубивост и нежностrnrn2. Був – логика и интелигенцијаrnrn3. Паун – центар на внимание и социјалностrnrn4. Орел – смелост и одлучностrnrnОвие тестови се најефикасни во оние моменти кога треба да откриете нечии инстинктивни одговори на конфликт. Доколку добро ги проучите и разберете нивните однесувања, тогаш без сомнение подобро ќе се справувате со конфликтот. Вие ќе имате увид во нивните сили и слабости, но и ќе можете подобро да ги разберете нивните реакции со цел да создадете позитивно решение и за двете страни.rnrnМожете да го направите тестот на следниов линк, за да откриете точно во која категорија спаѓате, но лесно можете да ја дознаете категоријата на оние околу вас преку карактеристиките кои следуваат.rn

    Гулаб

    rnГулабите имаат висока емоционална интелигенција, но се многу пасивни при комуникацијата.rn

    Позитивни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Трпеливост
    • rn011

    • Несебичност
    • rn011

    • Доверба
    • rn011

    • Интровертност
    • rn011

    • Избегнување ризици
    • rn011

    • Почит
    • rn011

    • Искреност
    • rn011

    • Релијабилност
    • rn011

    • Опуштеност
    • rn

    rn

    Негативни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Зависност
    • rn011

    • Предвидливост
    • rn011

    • Следбеници
    • rn011

    • Наивност
    • rn

    rn

    Був

    rnБувовите имаат висока логична интелигенција, но се многу пасивни при комуникацијата.rn

    Позитивни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Интровертност
    • rn011

    • Смиреност
    • rn011

    • Промисленост
    • rn011

    • Правда
    • rn011

    • Свесност
    • rn011

    • Решителност
    • rn011

    • Конзервативност
    • rn011

    • Насоченост кон деталите
    • rn011

    • Внимателност
    • rn011

    • Љубопитност
    • rn

    rn

    Негативни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Недоверба
    • rn011

    • Насоченост кон себеси
    • rn011

    • Неодлучност
    • rn011

    • Одмаздољубивост
    • rn

    rn

    Паун

    rnПауните имаат висока емоционални интелигенција и се многу активни при комуникацијата.rn

    Позитивни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Зборливост
    • rn011

    • Отворен ум
    • rn011

    • Енергичност
    • rn011

    • Емоционалност
    • rn011

    • Харизма
    • rn011

    • Социјалност
    • rn011

    • Ентузијазам
    • rn011

    • Авантуристи
    • rn011

    • Натпреварувачки дух
    • rn

    rn

    Негативни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Нефокусираност
    • rn011

    • Емоционалност
    • rn011

    • Себичност
    • rn011

    • Потреба за контрола
    • rn011

    • Доминација
    • rn011

    • Жед за моќ
    • rn

    rn

    Орел

    rnОрлите имаат висока логична интелигенција и се многу активни при комуникацијата.rn

    Позитивни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Харизма
    • rn011

    • Искреност
    • rn011

    • Преземање иницијатива
    • rn011

    • Независност
    • rn011

    • Водени од целите
    • rn011

    • Агресивни
    • rn011

    • Мотивирани
    • rn011

    • Бестрашни
    • rn

    rn

    Негативни карактеристики:

    rn

      rn011

    • Ригидност
    • rn011

    • Без сочувство
    • rn011

    • Егоизам
    • rn011

    • Контроверзија
    • rn011

    • Нетрпеливост
    • rn011

    • Претерана упорност
    • rn011

    • Тврдоглавост
    • rn

    rnОд сите категории, најчесто застапената е токму орелот, со околу 29% од цената популација. Доколку сакате да добиете подобра слика за луѓето околу вас, побарајте од нив да го направат овој тест со цел да откриете нешто повеќе за начинот на кој функционираат.

  • Психолозите откриваат: Зошто незнаењето нѐ излудува?

    Психолозите откриваат: Зошто незнаењето нѐ излудува?

    Кога се соочуваме со несигурни резултати и веројатни сценарија, самиот факт дека нешто лошо може да се случи може многу да нѐ вознемири. За таа намена истражувачите собрале една група од 45 испитаници кои доброволно се согласиле да играат компјутерска игра во која треба да пребаруваат под кој камен живее змија. Во оној момент кога се појавувале змиите, тие добивале благ електричен шок на дланките.rnrnПсихолозите откриваат: Зошто незнаењето нѐ излудува?rnrnСо самиот тек на играта, испитаниците станале подобри во погодувањето и предвидувањето кои камења кријат змии, но играта била дизајнирана постојано да ги променува шансите за успех за да се задржи нивото на несигурност. Во позадина, истражувачите со помош на еден софистициран компјутерски модел за учење ја мереле количината на несигурност на испитаниците кога требало да изберат еден камен. Истовремено, го мереле и нивото на стрес кај секој испитаник поединечно, според проширувањето на зениците и перспирацијата.rnrnРезултатите покажале дека нивото на несигурност било право пропорционално со нивото на стрес. Ако некој од испитаниците се почувствувал сигурен дека ќе пронајде змија, нивното ниво на стрес било значително пониско откога сметале дека можеби под тој камен живее змија или не. Во двата случаи испитаниците добиле електричен шок, но нивото на стрес било значително повисоко кога постоела несигурност.rn

    „Користејќи го нашиот модел можеме да претпоставиме под колкав стрес се наоѓаат нашите субјекти не само кога добиваат електрични шокови, туку и колку биле несигурни за тие електрични шокови. Нашиот експеримент ни дозволува да носиме заклучоци за ефектот на несигурноста врз стресот. Излегува дека е многу полошо да не знаете дека ќе добиете електричен шок отколку да знаете дека дефинитивно ќе добиете или не“, вели главниот истражувач Арчи де Беркер од институтот за неврологија при Универзитетот во Калифорнија.

    rnЛуѓето еволуирале за да реагираат на одреден начин на несигурноста за одлични и очигледни причини дека она што се крие зад каменот, грмушката или на дрвото може да нѐ повреди, убие или изеде. Нашите мозоци се адаптивно програмирани да реагираат вака уште од многу одамна во историјата на нашите предци. Само затоа што живееме во технолошки напредно општество не значи дека нашите мозоци реагираат поразлично, туку реагираат на различни можности – некои физички, а некои перцептивни.rnrnОвие перцептивни несигурности се полоши бидејќи колку подолго мислиме на нив толку повеќе можат да се трансформираат во најразлични форми во нашите глави. Светот има свои чудовишта и во тоа нема сомнеж, но ние создаваме многу повеќе со нашиот безграничен простор во имагинацијата. И ова е многу блиско со стравот, фобиите, анксиозноста, зависноста, авторитарното лидерство и слично – сите поврзани во мозокот и неговата бескрајна потрага по сигурноста.

  • 8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлуки

    8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлуки

    Ако претпоставуваме дека разбираме зошто размислуваме и ги правиме работите на одреден начин, тогаш веројатно грешиме. Со децении долгите истражувања покажуваат дека луѓето се однесуваат на начин кој е мистериозен и збунувачки – дури и за самите нив. Во продолжение прочитајте ги 8-те психолошки откритија кои објаснуваат дел од одлуките што ги правиме секој ден.rnrn8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлукиrn

    1. Честопати се согласуваме со мислењата на другите, дури и ако е очигледно дека другите грешат

    rnПсихологот Еш направил експеримент уште во 50-тите години на минатиот век каде учесниците требало да кажат која од трите линии е најдолга. Едната линија очигледно била подолга од останатите. Во секоја околност, еден учесник бил опкружен со група луѓе кои тврделе дека најкратката линија е најдолга. Дури ¾ од учесниците се сложиле со групата. Подоцнежните експерименти во кои се скенирал мозокот, покажале дека групниот притисок предизвикувало промена во перцепцијата за реалноста на луѓето, додека несогласувањето со групата ги правело да се чувствуваат неудобно.rn

    2. Погрешно претпоставуваме дека повеќето луѓе го поддржуваат однесувањето на другите

    rnЕден начин да се објасни овој феномен е кога „никој не верува, а сите мислат дека сите веруваат“. Со други зборови, поединци во групата приватно веруваат во едно, но мислат дека сите останати во групата веруваат во спротивното. Кога психолозите Даниел Кац и Флојд Алпорт во 1931-та година испитувале студенти за расната сегрегација, повеќето од нив не ја поддржувале, но биле убедени дека нивните пријатели ја поддржуваат. Истите резултати се покажале и во скорешните истражувања за консумацијата на алкохолот помеѓу студентите. Повеќето не ја практикувале, но мислеле дека тие се оние кои се издвојуваат од другите.rn

    3. Повеќе ги сакаме луѓето кои се однесуваат слично како нас

    rnВеќе е познато дека ако сакате да добиете нешто од некого, треба суптилно да го имитирате нивниот говор на телото. Овој ефект е познат како „камелеонов ефект“.rn

    4. Мислиме дека имаме силно влијание врз функционирањето на работите, иако тоа не така

    rnТоа објаснува зошто секогаш мислиме дека сме заглавиле во побавниот ред во продавницата или во подолгата колона на патот. Таа врска се појавува кога се чини како две работи да се поврзани, иако не се. Затоа кога стоите во ред, забележувате само две работи: Редот кој сметате дека се движи побрзо од вашиот и себеси. Не обрнувате внимание на фактот дека всушност и вие брзо се приближувате до касата.rn

    5. Не размислуваме секогаш рационално кога работиме во група

    rnПознатиот психолог Бен Датнер вели:rn

    „Понекогаш, најдобрата работа која лидерот може да ја направи за да го спречи „групното размислување“ е да отстапи од својот тим и да овозможи групата да дојде до својот независен консензус пред да се донесе некоја финална одлука.“

    rn

    6. Можеме да бидеме погруби кон другите отколку кон себеси

    rnЧестопати мислиме дека туѓите грешки се резултат на личните пропусти, а нашите грешки се резултат на околностите. Така на пример ако некој ве турне на поминување, ќе помислите дека е луд пред да му се случи нешто. Но, ако вие некого поттурнете, вие сте љубезни и знаете дека не сте го направиле тоа намерно.rn

    7. Не сме свесни што влијае врз нашето однесување

    rnВо една студија, на учесниците им била дадена плацебо таблетка и им било кажано дека ќе им се намали болката кога примаат електрични шокови. Откако ја зеле таблетката, учесниците можеле да издржат дури 4 пати поголема болка. Но, кога ги прашале зошто одеднаш повеќе ја толерираат болката, тие не го поврзале своето однесување со пилулата туку давале разни објаснувања – на пример дека се навикнале и слично.rn

    8. Мислиме дека сме попривлечни некому кога ќе ги сретнеме во опасни ситуации

    rnБројните истражувања покажуваат дека првата средба треба да биде возбудлива. Состанокот на кој сте вклучиле и доза адреналин – вртелешка, хорор филм (па дури и ако сте се нашле во некоја навистина опасна ситуација), го помага стимулирањето на мозокот и луѓето мислат дека навистина уживаат во вашето друштво. Што, се разбира, е вистина, но чувството дополнително се засилува.

  • Неверојатно лесна техника која ќе ви помогне при донесувањето тешки одлуки

    Неверојатно лесна техника која ќе ви помогне при донесувањето тешки одлуки

    Оваа техника, позната како Декартов квадрат, се покажала како многу успешна кога станува збор за донесување тешки одлуки. Поентата е да се направи анализа на проблемот или ситуацијата согледувајќи ги од различни агли со помош на само четири прашања.rnrnНеверојатно лесна техника која ќе ви помогне при донесувањето тешки одлукиrnrnСè што треба да направите е искрено да ги одговорите следниве 4 прашања:rnrn1. Што ќе се случи ако го направам тоа? (Што ќе добијам од тоа?)rnrn2. Што ќе се случи ако не го направам тоа? (Дали сè ќе остане исто? Кои се предностите ако не го направам тоа?)rnrn3. Што нема да се случи ако го направам тоа? (Кои се негативните последици ако го направам тоа?)rnrn4. Што нема да се случи ако не го направам тоа? (Кои се негативните последици ако не го направам тоа?)rnrnОсобено бидете внимателни кога ќе го одговарате четвртото прашање. Мозокот ќе се обиде да ја игнорира дуплата негација и вашиот одговор може да биде сличен како оној на првото прашање. Не дозволувајте да се случи ова!rnrnСигурно се прашувате зошто оваа техника е толку ефективна? Проблемот е во тоа што кога ќе се најдете во ситуација која бара од вас да донесете тешка одлука, најчесто заглавувате на првото прашање „што ќе се случи ако го направам тоа?“. Декартовиот квадрат ни овозможува да го согледаме проблемот од четири различни гледни точки со цел одлуката што ќе ја донесеме да биде што е можно порационална.rnrnНареден пат кога ќе се најдете пред тешка животна дилема и нема да знаете како да постапите, сетете се на Декартовиот квадрат. Проширете ги вашите видици и разгледајте го проблемот од секој можен аспект. Одлуката што ќе ја донесете несомнено ќе биде онаа вистинската.

  • Едноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени животот

    Едноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени животот

    Сигурно повеќе пати сте чуле дека ако сакате да внесете промена во вашиот живот, прво мора да го промените начинот на размислување. Не треба да се фокусирате на негативните работи, да се споредувате со другите, да озборувате и да се жалите. Звучи лесно, нели? Многу луѓе цврсто веруваат дека се оптимисти и дека имаат само позитивни мисли, па според тоа се сметаат за среќни луѓе. Ако вие сте едни од нив, само продолжете така и понатаму! Меѓутоа ако сакате да проверите колку навистина сте ослободени од негативните мисли и по можност да го насочите начинот на размислување во попозитивен правец, пробајте го овој едноставен експеримент.rnrnЕдноставен психолошки експеримент кој ќе ви го промени живототrnrnПредлогот на психологот Вил Боуен е да носите виолетова алка 21 ден без да се пожалите. Секогаш кога ќе се пожалите ќе мора да ја префрлите алката на другата рака и да почнете од почеток. Според многу психолози, виолетовата боја го стимулира мозокот, ја намалува анксиозноста и нервозата, а 21-от ден е доволно време за да воведете нова навика во вашиот живот.rnrnБоуен самиот признава дека успеал да ја износи алката на една рака 21 ден дури по три месеци постојани обиди и неуспеси, а на повеќето луѓе потребни им се 5 до 6 месеци за да ја постигнат целта. Првите неколку недели ќе ја префрлате алката 10 до 20 пати на ден, што потоа ќе се претвори во еднаш дневно, а за неколку месеци во еднаш неделно. Овој метод се покажал како толку успешен што милиони луѓе во светот го пробале.rnrnВо периодот кога ја носеле алката луѓето научиле да ги забележуваат позитивните работи за нив и за светот околу нив. На крајот сфатиле дека животот и не е толку лош и дека секојдневно се опкружени со навистина интересни и позитивни нешта. На почетокот потребно е да се вложи многу труд за да се забележат овие работи, но чекор по чекор намерно ќе почнете да одбирате да ги гледате само убавите работи околу вас.rnrnПоставете си го себеси следново прашање: Подготвени сте да го пробате овој експеримент кој може да ви го промени животот?

  • Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?

    Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?

    Замислете дека поминува тролејбус со голема брзина, кој не е во контрола и се движи кон група од 5 луѓе. Вие стоите на мостот над него, во близина на поголем човек. Доколку го турнете на шините под мостот, неговото тело ќе го сопре тролејбусот и тој нема да удри во 5-те луѓе пред него. Да, тој ќе умре, но другите 5 ќе преживеат. Дали би требало да го турнете човекот од мостот?rnrn(1) Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?rnrnПред да ја донесете одлуката, треба да знаете дека вашата популарност може да зависи од неа. Според една нова студија каде што биле вклучени 2.400 учесници, начинот на кој ќе го решите „проблемот со тролејбусот“ може да има големо влијание врз тоа колку луѓето ви веруваат. Па, ајде да ги разгледаме вашите можности.rnrnВие би можеле да кажете „да“, бидејќи спасувањето на 5 личности ја надминува штетата од убивањето на 1 човек. И не би биле сами… Вие би правеле морална одлука имајќи го општото добро на ум, дури и ако со тоа правите штета – на пример, убивате 1 личност со цел да спасите 5.rnrnОд друга страна пак, би можеле да кажете „не“, бидејќи убивањето е погрешно, без разлика на позитивните исходи кои би можеле да настанат. Во овој случај, вашата морална одлука се води од повеќе морални правила, права и должности. Верувањата дека не треба да се убива, или пак, да се однесувате со останатите како што би сакале тие да се однесуваат со вас, спаѓаат во оваа категорија морални вредности.rn

    Па, кој е вашиот одговор?

    rnСтатистички, поголемиот дел од луѓето мислат дека е погрешно да се турне човекот од мостот со цел да се спаси животот на другите 5. На некој начин, ова има смисла – ние се тресеме од самата помисла дека вакво нешто би можело да му се случи на некој наш близок, пријател или партнер, дури и ако станува збор за општото добро. Но, која е вистинската причина поради што повеќето луѓето го преферираат овој пристап кон моралноста?rnrnДосега се верувало дека интуициите кои ги водат овие луѓе доаѓаат од „ирационални“ емоционални одговори. Но, изгледа постои друго објаснување, поточно моќта на популарноста. Оние луѓе кои се држат до моралните правила се сметаат за подобри социјални партнери, што може да објасни зошто поголемиот дел од луѓето размислуваат на овој начин.rnrnЗа време на човечката еволуција, ваквото размислување можело да има големо влијание помеѓу целата популација. Па, наместо да рефлектирате ирационално или емоционално размислување, правењето морални одлуки базирани врз правила би можело да биде еден вид адаптивна карактеристика на нашите умови со цел да се погрижиме дека би преживеале во светот.rnrn(2) Психолошки експеримент: Дали би убиле 1 човек со цел да го спасите животот на 5 луѓе?rn

    Да се вратиме повторно на тестот

    rnНаучниците ја тестирале оваа хипотеза со користење неколку варијации на „проблемот со тролејбусот“ и ги прашале луѓето со спротивставени морални одлуки, која група според нив ја сочинуваат подобри социјални партнери. Во текот на 9 експерименти, тие откриле дека луѓето кои одбиле да убијат невина личност, дури и кога тоа би придонело за општото добро, се сметале за подоверливи личности отколку оние кои ја одбрале другата алтернатива.rnrnИ не само што повеќето луѓе кажале дека повеќе би им верувале на овие личности, туку тие исто така имале и повеќе доверба во нив кога станувало збор за пари. Учесниците им дале поголеми суми пари на оние кои одбивале да жртвуваат еден за да спасат повеќе, надевајќи се дека тие сигурно ќе им ги вратат, во однос на оние кои одбрале да се жртвува еден живот по цена повеќе.rn

    Но, нештата никогаш не се толку едноставни

    rnСамата одлука дали да се жртвува невина личност или не, не било единственото значајно нешто. Научниците исто така откриле и дека начинот на кој се носела самата одлука бил многу важен. Оние кои решиле да го жртвуваат животот на една личност со цел да спасат повеќе, но притоа тешко ја донеле таа одлука, се здобиле со повеќе доверба отколку оние кои ја носеле одлуката лесно.rnrnИ не секогаш оние кои одбивале да убијат невина личност, добивале поголема доверба кај останатите. Каде што личноста која би можела да биде жртвувана покажувала специфична желба да живее или да умре, луѓето ги ценеле оние индивидуи кои ги почитувале тие желби, дури и ако тоа вклучувало убивање.rnrnОвие откритија не само што објаснуваат како сме ги добиле нашите морални интуиции, туку исто така можеме да го видиме и нивното влијание врз светот. Па, следен пат кога ќе треба да дојдете до тешка одлука, не заборавајте дека луѓето ги преферираат оние личности кои ги следат моралните правила.

  • Дали психологијата може да го објасни хуморот?

    Дали психологијата може да го објасни хуморот?

    Хуморот е важен дел од човечкото искуство. Доколку ги набљудувате луѓето во социјалните групи, ќе забележите дека тие поминуваат голем дел од времето смеејќи се. Многу популарни форми на забава се фокусираат на создавањето хумористични ситуации. Објавените линкови, фотографии и видеа на социјалните мрежи се често смешни. Но, и покрај важноста на хуморот во животот на луѓето, се покажало тешко да се разберат условите кои ја прават една работа смешна. Всушност, ако ги прашате луѓето што е хуморот, ќе кажат дека е нешто што е поврзано со неочекуваните настани.rnrnДали психологијата може да го објасни хуморот?rnrnПрашањето „Што е смешно?“ ги заинтересирало психолозите Кејлеб Ворен и Питер МекГроу (автори на книгата „Кодот на хуморот“) кои подготвиле една интересна студија за мартовското издание на списанието „Journal of Personality and Social Psychology“. Тие започнале со објаснувањето дека постојат многу начини на кои работите можат да бидат неочекувани или изненадувачки. Некои просто се, некои се должат на спротивставувањето на две работи кои не припаѓаат заедно и некои се прекршувања на нормата или стандардите за тоа како треба да изгледа светот.rnrnПроблемот со фокусирањето на овие прекршувања на очекувањата е тоа што многу настани се неочекувани или изненадувачки, но не се смешни. Да добиете лото е изненадувачко, но не е смешно. Да ве удри некој со снежна топка додека одите на улица е неочекувано, но не и смешно. Истражувачите велат дека она што ги двои смешните работи од изненадувачките е тоа што луѓето наоѓаат хумор само во оние т.н. бенигни прекршувања кои можеби ќе направат луѓето да се почувствуваат непријатно, но се безбедни.rnrnВо едно истражување, на испитаниците им било покажано видео од скокач на шипка кој не успеал да скокне бидејќи шипката се скршила и едно во кое успева да ја прескокне оградата. Природно, луѓето сметале дека видеото во кое шипката се скршила е посмешно од она во кое скокачот успева да прескокне преку оградата. Дури им било смешно кога однапред им било кажано што ќе се случи, па изненадувањето не било предвесник на хуморот. Втората група, на која ѝ било кажано дека скокачот се повредил кога шипката се скршила, воопшто не мислеле дека видеото е смешно. Значи, хуморот вклучувал прекршување кое било целосно безбедно.rnrnВо вториот експеримент, испитаниците дошле во една лабораторија каде еден човек кој се преправал како учесник во истражувањето или им дал бонбона на испитаниците или им ја фрлил. Тој на некои им кажал што ќе направи пред да им даде или да им фрли бонбона, а на некои откако го сторил тоа. Оние испитаници кои биле предупредени дека ќе им биде фрлена бонбона се смееле повеќе од другите. Настанот бил смешен затоа што дејството не било опасно, додека неочекуваното фрлање на бонбоната, иако е неочекувано и изненадувачко, се гледало како агресивно и поопасно сѐ додека испитаникот не разбрал што се случува.rnrnДвете студии предложуваат дека идејата за бенигните прекршувања е добро објаснување за многуте форми на хуморот. Постои елемент на неочекуваност, но се случува на начин кој ги прекршува верувањата на луѓето за тоа како светот треба биде безбеден. Овој тек на истражување е интересен бидејќи дава објаснување зошто хуморот наоѓа голема примена во разликувањето на ситуациите кои се смешни и оние кои делат слични карактеристики со ситуациите, но не се сметаат за смешни.