КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Зошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?

    Зошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?

    Ако историјата нешто нè научила, тоа е дека „таа“ не е непријателот.rnrnЗошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?rnrnВо аферите и скандалите со изневерување секогаш се обвинува „другата жена“ (особено ако изгледа како Кејт Аптон). Ги обвинуваме дадилките кои застануваат помеѓу славните двојки како Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Гвен Стефани и Гавин, Џуд и Сиена Милер, и да бидеме искрени: 6 деца подоцна, многу жени сѐ уште не ја сакаат Анџелина Џоли и покрај сѐ што таа прави за светов (но Бред, Бред е супер). Длабоко во нас знаеме дека потребни се двајца за да се игра танго (со други зборови да се има секс надвор од моногамијата), па зошто тогаш жените се сѐ уште главните виновници? Да ја разгледаме психологијата зад ова размислување:rn

    1. Претпоставуваме дека мажите и онака се лоши

    rnМногу добро ја знаеме познатата изрека: „Сите мажи се исти“. Но, факт е дека мажите се оние кои ги извршуваат повеќето ужасни криминални акти кои ги гледаме на ТВ или ги читаме по весниците.rn

    „Постои мислење дека мажите се кучиња, а жените се добри. Кога жените ќе направат нешто лошо, полесно е да им се налутиме бидејќи мислиме дека се однесуваат различно од нивната вистинска природа“, вели д-р Кристин Хартмен, бихевиористички научник и експерт за односите помеѓу луѓето.

    rnТоа е како да прекршиле некој свет закон. Жената се смета за лошата вештерка, додека мажот е обвинет дека направил грешка, кога во реалноста, тој е личноста која прекршила некаков договор.rn

    2. Полесно е да ја мразиме „Неа“

    rn

    „Другата жена е лесна цел – особено ако не ја познавате или ако не е ваш пријател. Мразењето на личноста која ја сакате, од друга страна, е збунувачко. Ако го обвинувате него, почнувате да си поставувате прашања од типот ‘Што ако мојот брак или мојата врска е лага?’ или ‘Дали ќе бидам сама до крајот на животот?’ Така, поголемиот дел од времето ја мразиме и обвинуваме неа бидејќи планираме да останеме, но ни треба нешто или некој врз кој ќе го истуриме сиот гнев“, вели д-р Бренди Енглер, психолог и автор на книгата „Мажите на мојот кауч“.

    rn

    3. Мислиме дека таа го завела

    rn

    „Мислиме дека ако се ослободиме од неа, сѐ ќе биде во ред. Ја гледаме како виновникот кој го заведува мажот и затоа му е лесно да изневерува. Но, знаеме дека има милиони причини зошто мажите изневеруваат и обично тоа не е толку едноставен проблем каде единственото решение е да се ослободиме од другата жена. Тоа е исто како да сме ублажиле само еден симптом“, вели Хартмен.

    rnШто е најефективно? Заборавете ја одмаздата кон другата жена и обидете се да го разберете неговото однесување.rn

    „Ретко кога мажите изневеруваат бидејќи нивната партнерка не е привлечна или пак, личноста со која ве изневерувал била поубава. Обично тој тоа го прави бидејќи е лут на својата партнерка или не му биле задоволени емоционалните и физичките потреби“, вели Енглер.

    rnНаредниот пат кога ќе тешите некој пријател кој бил изневерен или кога ќе се соочувате со ситуација каде вие сте изневерената личност, смирете го искушението да ѝ се одмаздите на другата жена. На крајот од денот, таа е само уште една личност во потрага по љубов.

  • 30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

    30 интересни психолошки факти кои сигурно ќе ве замислат

    Верувале или не…rnrn(1)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn1. Кога сонувате, вашето физичко тело е парализирано.rnrn2. Кога плачете поради тага и болка, првата солза ви потекува од левото око. Кога плачете од радост, првата солза потекува од десното око.rnrn3. Депресијата е резултат на размислување повеќе од потребно, притоа создавајќи проблеми кои никогаш не ни постоеле.rnrn4. Човечкиот ум не може да создава лица, па така, дури и кога мислите дека никогаш во животот не сте ја виделе личноста која ја сонувате, факт е дека тоа се случило, иако можеби било во дел од секунда.rnrn5. 80% од луѓето, до својата 16-та година веќе ја имаат запознаено личноста со која ќе се венчаат.rnrn6. Колку што неуките луѓе имаат тенденција да си ги преценуваат знаењата и можностите, толку и интелигентните луѓе имаат тенденција да се потценуваат.rnrn7. Кога се сеќавате на нешто од минатото, вие всушност се сеќавате на последниот пат кога сте се сетиле на тоа, а не на вистинското случување.rnrn8. 68% од луѓето имаат развиено фантомски синдром на вибрирање што значи дека тие веруваат дека нивниот телефон вибрира дури и кога не е така.rnrn(2)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn9. Луѓето кои се дел од религиозни или духовни групи имаат помало ниво на стрес од оние кои не се дел од вакви групи.rnrn10. Половина од светската популација страда од анксиозност, депресија, некаква зависност или комбинација од овие три.rnrn11. Секој има омилена песна која е директно поврзана со некој емотивен настан од нивното минато.rnrn12. Најдобро е да молчите кога станува збор за вашите амбиции и цели бидејќи откако еднаш ќе ги кажете некому, почнувате да ја губите мотивацијата да ги исполните.rnrn13. Всушност, никој не може совршено добро да работи повеќе работи одеднаш.rnrn14. Максималниот капацитет на луѓе со кои човекот може да биде близок е 150.rnrn15. 80% од сите разговори кои ги водите се однесуваат нa некакво жалење за нешто.rnrn16. Умот е најкреативен кога е најуморен.rnrn(3)-30-interesni-psiholoshki-fakti-koi-sigurno-kje-ve-zamislat-kafepauza.mkrnrn17. Постојат само 4 вистински емоции, а не 6 – гадењето и изненаденоста повеќе не се сметаат за дел од таа група.rnrn18. Луѓето се поискрени кога се уморни.rnrn19. Најјасните сеќавања кои ги имате се најверојатно погрешни.rnrn20. Човекот е способен да креира илузија на прогрес во што и да прави само за да се мотивира себеси.rnrn21. Интернетот се смета за зависност и можно е да биде додаден во групата на ментални нарушувања.rnrn22. Вашиот потсвесен ум ги гледа и знае работите и пред вие да сте свесни за нив.rnrn23. Чоколадото ја ослободува истата хемикалија во телото како и љубовта.rnrn24. Музиката има директно влијание врз вашата перцепција на светот.rnrnpuzzlernrn25. Чувството е поубаво кога давате отколку кога добивате.rnrn26. Пеењето ги намалува анксиозноста и депресијата.rnrn27. Способни сте да го намамите умот дека доволно сте спиеле и овој ефект е познат како плацебо ефект.rnrn28. Вашиот мозок го перцепира одбивањето како болка.rnrn29. Губењето на телефонот ја поттикнува истата реакција на телото и мозокот како кога би имале блиска средба со смртта.rnrn30. Кога некому му недостасувате, постои веројатност од 80% дека таа личност ќе се појави во вашите соништа.

  • Најголемата причина поради која поголемиот дел од луѓето со прекумерна тежина не можат да ослабат

    Најголемата причина поради која поголемиот дел од луѓето со прекумерна тежина не можат да ослабат

    Здравствените истражувања откриле дека поголемиот дел од луѓето кои сакаат да ослабат забораваат на една многу важна работа поради која 90% од диетите не успеваат. Станува збор за менталното здравје.rnrnНајголемата причина поради која поголемиот дел од луѓето со прекумерна тежина не можат да ослабатrnrnВо оваа студија каде што учествувале повеќе од 1.000 испитаници, 31% од нив одговориле дека најголемата препрека за слабеењето им било недостатокот на вежбање, 26% ја обвинувале нездравата исхрана, додека пак, 17% велеле дека скапиот здрав живот е тоа што ги спречува да ослабат. Многу мал процент биле свесни за проблемот со своето ментално здравје кое ги спречува да ја постигнат посакуваната телесната тежина.rn

    „Секоја личност која не може да ослаби вината ја бара во недостатокот на вежбањето и лошите прехранбени навики. Но, треба да се земе во предвид и причината поради која јадеме многу“, вели Дајана Робинсон, невропсихолог при институтот за медицина во Орландо.

    rnЗа голем број луѓе јадењето е емоционално искуство. Кога им е тешко, тие се тешат со храната бидејќи како деца биле наградувани со благо за доброто однесување. Консумирањето храна со цел да се исфрлат негативните емоции не секогаш е лоша навика додека се држи под контрола. Проблемот настанува кога оваа навика ќе ги преземе нештата во свои раце.rnrnОткако ќе завршите со вкусниот оброк, мозокот испушта допамин, невротрансмитер кој се поврзува со чувствата на задоволство и пријатност. Телото станува задоволено, а ние се чувствуваме добро. Но, емоционалната врска со храната станува проблем кога личноста почнува да јаде само со цел да го доживее тоа позитивно чувство.rn

    „Ако сакате да постигнете подобри резултати, обидете се подобро да се запознаете и да станете свесни за сите оние нешта кои ве прават незадоволни и несреќни, односно откријте го тоа поради кои копнеете за храна дури и кога не сте гладни. Само тогаш ќе можете да преземете нешто против нив, притоа ослободувајќи си го патот кон слабеењето“, советува Робинсон.

  • Справете се со нервозниот шеф: 3 психолошки трикови за избегнување на стресот на работа

    Справете се со нервозниот шеф: 3 психолошки трикови за избегнување на стресот на работа

    Стресот е еден од најголемите проблеми во денешниот модерен свет. Тој лесно може да предизвика ментални, но и физички потешкотии. Во ситуациите кои изобилуваат со стрес, луѓето често го менуваат своето вообичаено однесување, па затоа и лесно стануваат незадоволни, цинични и анксиозни. Со цел да го спречите ова да се случува на вашето работно место, погледнете ги следниве 3 психолошки трикови кои ќе ви помогнат полесно да се справите со вашиот нервозен шеф и да го намалите вашиот стрес на работа.rnrnСправете се со нервозниот шеф: 3 психолошки трикови за избегнување на стресот на работаrnrn1. Најпрво треба да  сфатите дека и вашиот шеф е човечко суштество со свои одговорности и обврски. Обидете се да го погледнете со малку разбирање и емпатија, наместо со лутина и страв. Ставете се во неговите или нејзините чевли и погледнете го светот од нивните очи. Без сомнение брзо ќе забележите дека тие се многу послични на вас одошто претходно сте верувале.rnrn2. Не се преокупирајте со анализите за причината на моменталната состојба на вашиот шеф. Наместо тоа, фокусирајте се на она врз кое можете да имате контрола – вашите резултати. Потпрете се на оние нешта кои се најдобри кај вас и промовирајте ги вашите вредности. Бидете она што сте, останете искрени и отворени без разлика на околностите во кои се наоѓате.rnrn3. Повикајте позитивни чувства преку визуелизација. Станува збор за една од најлесните и најделотворни техники за намалување на стресот. Токму затоа следен пат наместо да замислувате како се карате со вашиот шеф, вие замислете дека го/ја прегрнувате. Дали сте знаеле дека се доволни 20 секунди во нечија прегратка за да се поттикне хемиска реакција во вашето тело која ќе ја зголеми вашата доверба кон оваа личност? Едноставно замислете го вашиот идеален однос со шефот и држете се до тие емоции кога сте на работното место.rnrnСо овие совети вие многу брзо можете да започнете нов живот во кој стресот нема да има клучно место. Менувајте се себеси и со оваа промена ќе влијаете позитивни и врз оние околу вас. Луѓето се многу чувствителни и тие брзо ќе ја забележат вашата промена. Исто така, доколку гледате на вашиот шеф позитивно, големи се шансите и дека тој или таа ќе го промени своето мислење за вас.

  • 5-те најчести погрешни сфаќања за психотерапијата

    5-те најчести погрешни сфаќања за психотерапијата

    И покрај тоа што терапијата со текот на времето добива сè попозитивна репутација, сепак сè уште постојат многу луѓе кои веруваат дека таа постои само за „лудите“. Дури и покрај големиот успех зад себе, многумина ја потценуваат нејзината важност во денешниот модерен начин на живеење. Токму затоа погледнете ги следниве 5 митови за психотерапијата и вистината која се крие зад нив.rnrn5-те најчести погрешни сфаќања за психотерапијатаrn

    1. Психотерапијата е за луди луѓе

    rnЛуѓето одат на терапија поради многу причини, како на пример, раскинување, проблеми во бракот или стрес на работа. Постојат различни видови проблеми, кои заслужуваат соодветна грижа и поддршка. Помеѓу нив се и различните ментални болести, како и најразличните видови секојдневни потешкотии. Избегнувањето на терапијата само затоа што мислите дека ќе ве направи „луди“ во очите на другите е голема грешка.rn

    2. Не можете да си дозволите психотерапија

    rnНо, можете да си дозволите излегување и неколку пијачки секоја сабота? Вистината е дека психотерапијата е покриена од вашето здравствено осигурување, па сè што треба да направите е да најдете терапевт кој работи во државна институција. Доколку не сакате да го искористите вашето осигурување, или пак немате, постојат терапевти кои имаат попристапни цени, но и попусти за одредени ситуации. Исто така вие не мора секоја недела да одите на сесии, но кога навистина ќе ви биде потребна помош, не ја одбивајте. Вашите пари нема залудно да бидат потрошени.rn

    3. Можете да разговарате со вашите пријатели за овие проблеми

    rnВашите пријатели можеби можат да ве сослушаат, па дури и да ви дадат совет, но тие не го имаат поминато потребниот тренинг за целосно да ви помогнат. Психотерапевтите поставуваат прашања кои водат кон свесност и личен раст. Исто така, кога сте на терапија, целата сесија се врти околу вас, па ќе имате доволно време да работите на сите нешта кои поминуваат низ вашата глава.rn

    4. Сите психотерапевти се исти

    rnПогрешно. Постојат многу различни видови терапевтски стилови, па токму затоа и треба да го откриете оној кој најмногу ви одговара. Различните видови терапии водат кон различни техники кои си имаат свои специфични позитивни страни. Вие не можете да откриете што најдобро ви одговара доколку не пробате. Исто така, не се откажувајте веднаш по првата средба. Дајте си време да ја запознаете личноста спроти вас и да откриете дали таа може да ви помогне или не.rn

    5. Можете да го решите проблемот со апчиња

    rnПсихијатријата и медикаментите се ефективни за многу луѓе. Но, за жал не сите проблеми можат да бидат средени на овој начин. Понекогаш е многу поефикасно доколку едноставно разговарате за она што ве мачи. На пример, ако се карате често со вашиот партнер, тоа може да значи дека имате проблеми со комуникацијата. Во овој случај апчињата нема да можат да ви помогнат. Терапевтите имаат способност да ви помогнат побрзо да ги надминете потешкотиите и да развиете нови техники со кои во иднина полесно би се справувале со слични проблеми.

  • Неколку психолошки совети за оние кои се хронично уморни

    Неколку психолошки совети за оние кои се хронично уморни

    Многу е важно да ги знаете различните начини на кој уморот се манифестира. Тој може да се појави како општ систематски физички умор, замор на целото тело или специфичен локален умор кој се појавува само на одредени делови на телото, како на пример, слабост во мускулите. Од друга страна тој може да се појави и како когнитивен умор кој ја отежнува концентрацијата или завршувањето на други активности кои бараат размислување.rnrnНеколку психолошки совети за оние кои се хронично уморниrn

    Потешкотиите кои се предизвикани од хроничниот умор можат да се поделат на 3 категории:

    rn1. Физички потешкотии – Толку силен умор што дури и најмалата физичка активност делува премногу тешко.rnrn2. Когнитивни потешкотии – Проблеми со помнењето и концентрацијата, како и потешкотии при следење на разговор, особено ако има прекини од надвор.rnrn3. Емоционални потешкотии – Присуство на огорченост и лутина, како и ненадејни промени на расположението кои одат од една крајност во друга.rn

    Како уморот влијае врз вашиот живот и што можете да направите за да го победите?

    rnВашиот круг на пријатели се намалува, а вие имате сè помалку енергија за забава и дружење. Уморот резултира со општо смалување на активностите и токму затоа понатаму може да доведе до фрустрации и лошо расположение, делумно од чувството на непријатност, делумно поради отсуството на одредени активности. Вашите должности сè повеќе се собираат на куп, па станувате вознемирени поради оние нешта кои не сте успеале да ги завршите. Секојдневниот стрес го зголемува уморот и целосно ги троши вашите залихи енергија. Доколку дојде до ова, вие мора да најдете време малку да одморите, со цел да го опуштите телото како и вашите мисли.rnrnДоколку ја потрошите целата ваша енергија, без да си оставите резерва, ќе ви биде потребно многу повеќе време да се исправите повторно на нозе. Понекогаш многу е тешко да се одлучи на кои активности би требало да се троши енергијата, а на кои не, па затоа ви е потребен и многу добар план. Вие треба да одредите приоритети во вашиот живот кои ќе ги опфаќаат сите негови аспекти, од приватната до професионалната област.rnrnМенаџирањето на енергијата е исто како и менаџирањето на парите кои ви се на располагање. Вие ги анализирате приоритетите и ги одбирате оние одлуки кои сметате дека се најдобри за вас. Нека вашата крајна цел биде трошење на енергијата за оние нешта кои ви се моментално најважни. Откако тие работи ќе бидат завршени, потоа со остатокот испланирајте ги сите дополнителни нешта кои би можеле да ги завршите. Но, внимавајте и никогаш не трошете ја вашата енергија до крај. Не заборавајте дека одморени ќе завршите многу повеќе за пократко време, па токму затоа и на долг рок не вреди да го жртвувате вашиот сон. Кога целата енергија ви е на располагање, точно знаете колку можете да потрошите без да си наштетите.

  • Античка техника за дишење која ќе ви помогне брзо да ја намалите вашата анксиозност

    Античка техника за дишење која ќе ви помогне брзо да ја намалите вашата анксиозност

    Анксиозноста е една од најчестите психолошки нарушувања на модерниот живот. Но, според статистиките помалку од 25% ја добиваат соодветната помош со цел да се справат со оваа состојба. Анксиозноста може да биде дел од генерализираното нарушување на анксиозноста, опсесивно-компулсивното нарушување, нападите на паника, како и пост-трауматично стресно нарушување. Доколку сметате дека и вие имате проблем со неа, а не сакате да пиете медикаменти, тогаш постојат неколку начини на кои можете да ја подобрите вашата состојба. Еден од овие начини е дишењето.rnrnАнксиозноста е една од најчестите психолошки нарушувања на модерниот живот.rn

    „Кога не добивате доволно кислород, вашиот мозок добива сигнал за опасност, па веднаш го става вашите ум и тело во состојба на анксиозност“, вели докторот Џонатан Дејвидсон. „Вашето дишење брзо станува сè поплитко и во екстремни случаи може да предизвика и целосен напад на паника, каде што личноста почнува пребрзо да дише и губи воздух.“

    rnСпоред студиите, правилното дишење е клучот при намалувањето на анксиозноста, па токму оваа античка техника би можела да направи да се чувствувате подобро. Сепак, доколку ни таа не помага, а вие сепак чувствувате дека ви е потребна помош, не се плашете да им се обратите на професионалците.rnrn

  • Психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата

    Психолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијата

    Боењето често се смета за хоби во кое уживаат само најмалите. Но, што ако ви кажеме дека тоа има позитивно влијание и врз возрасните? Со помош на неколку нови студии, психолозите откриле дека боењето го намалува стресот и им помага на индивидуите да го отклучат нивниот внатрешен потенцијал така што ги потсетува на детските сеќавања, кога нештата биле многу поедноставни. И да, боењето дури се споредува и со медитацијата.rnrnПсихолозите тврдат дека боењето е најдобрата алтернатива на медитацијатаrnrnПостои долга историја на поврзаност помеѓу ментално несигурните личности и боењето. Карл Јунг, познат психолог, го користел боењето како техника со чија помош неговите клиенти се фокусирале и добивале контрола врз својата потсвест. Барем на одредено време. Психологот Антони Мартинез исто така објаснува дека сите ние можеме да го користиме овој третман со боење за да влеземе во покреативна состојба. Практиката во тивка атмосфера со амбиентална музика може да им помогне на боите да ви повикаат прекрасни мисли.rnrnПа, дали боењето навистина помага при намалување на стресот? Според техниките на Јунг, боењето во кружни форми и соодветни геометриски фигури може да активира различни области во мозокот. Техниката се состои од логика, како и од креативност. Боењето геометриски форми вклучува логика, додека мешањето бои кои одговараат вклучува креативност. Токму оваа комбинација од логика и креативност ги активира областите во церебралниот кортекс и овозможува опуштеност која ја намалува активноста во амигдалата, односно во оној дел од мозокот кој ги контролира емоциите.rnrnНа кратко, ние успеваме да го намалиме нашиот стрес само затоа што сме фокусирани на одредена активност која е всушност забавна за правење. Ние едноставно се фокусираме само на неа и на ништо друго. Од друга страна пак, таа нè потсетува и на оние денови од нашиот живот кога воопшто не сме ни знаеле што е стрес – на детството. Според оваа студија, во најпродаваните 20 книги на Амазон се наоѓаат 6 боенки за возрасни. Тоа е знак дека оваа техника со боење навистина работи. Додека работеле на своето истражување, психолозите ги читале и коментарите под овие боенки со цел да откријат какво искуство имале луѓето кои ги купиле. Еден од корисниците напишал:rn

    „Боењето е најдобриот начин да се ослободите од стрес. Тоа исто така ги држи настрана и медикаментите!“

    rnДруг корисник дал подетално објаснување:rn

    „Како дете обожавав да бојам, но никогаш не мислев дека ќе се чувствувам на истиот начин и кога ќе пораснам. Откако го пробав тоа, не бев воопшто разочаран. По само неколку минути боење, бев толку опуштен и освежен што можев да се соочам со сè што ќе ми наиде.“

    rnНекои доктори исто така го понудиле своето размислување на оваа тема. Еден од нив напишал:rn

    „Почнав да поставувам боенки за возрасни и боички во чекалната на мојата болница со цел пациентите и нивното семејство да можат да ги користат за да се опуштат малку.“

    rnЛуѓето чувствуваат дека боењето им помага при намалувањето на стресот до тој степен што дури и престануваат со земање лекови за смирување. Па, дали и вие се чувствувате како да поминувате низ тежок период? Слободно земете неколку боички и почнете да боите. Време е одново да го пронајдете детето во вас и да им дозволите на боите да го подобрат вашиот живот.

  • Моќна техника од руски психолог: Ако некој започне кавга, еве како да ја избегнете

    Моќна техника од руски психолог: Ако некој започне кавга, еве како да ја избегнете

    Ова е еден корисен совет од познатиот руски психолог Александар Свијаш, кој објаснува како да постапите ако вашиот партнер, пријател, колега, шеф или сосед започне кавга со вас, а вие сакате да ја избегнете. Притоа ова не вклучува физички напад, што секако би требало да се реши на друг начин.rnrnmokjna-tehnika-od-ruski-psiholog-ako-nekoj-zapochne-kavga-eve-kako-da-ja-izbegnete-kafepauza.mkrnrnОва е едноставен, испробан метод, кој навистина дава резултати.rn

    1. чекор

    rnЗапаметете – за кавга се потребни двајца. Кога некој ви се обраќа со кавгаџиски тон, останете смирени и според темата на кавгата накратко проанализирајте што е тоа што на таа личност всушност ѝ е навистина потребно (длабока причина), што ѝ недостасува, што очекува од вас, па заради тоа и започнала кавга.rnrnТоа што ја мачи може да биде недостаток на самодоверба, доверба, љубов, топлина и внимание, страв од нешто…rn

    2. чекор

    rnТивко, во мислите дајте ѝ го на таа личност она што ѝ е потребно. За ова ќе ви треба доволно смиреност, силен карактер и толеранција.rnrnКажете си во себе: „Ти праќам разбирање (доверба, љубов, сигурност, оптимизам, те прифаќам таков/ва каков/ва што си…).“rnrnНе одговарајте на провокациите од таа личност, однесувајте се нормално и повторувајте го повеќепати во мислите она што ѝ го испраќате.rnrnТаа личност потсвесно ќе го прими вашиот подарок, ќе се смири за некое време (додека продолжува да ве провоцира и да вика) и ќе ве остави на мира.rnrnНе очекувајте никаква благодарност, нека ви биде доволно тоа што ќе го добиете она што ви треба – таа личност ги добива добрите вибрации, а вие – вашиот мир.rnrnНапомена: Оваа метода не се однесува и не треба да се применува во случаи на насилство и злоставување во семејството и односите со партнерот во кои е потребно веднаш и физички да се делува, а ако треба и законски со цел да си заминете од насилната личност.rn

    Погледнете ја и техниката на Свијаш која ќе ви помогне да се изборите со секој страв кој го имате во себе
  • Сè што мислиме дека знаеме за зависностите е погрешно

    Сè што мислиме дека знаеме за зависностите е погрешно

    Што мислите, што ја предизвикува зависноста од хероин? Можеби ова ќе ви звучи како глупаво прашање со едноставен одговор. Хероинот предизвикува зависност, би одговориле. Доколку користите хероин 20 дена по ред, до 21-от ден вашето тело веќе физички ќе почне да го бара поради хемикалиите кои предизвикуваат зависност во него. Тоа е дефиницијата на зависност. Но, тоа не е сè. Изгледа скоро сè што знаеме за зависноста е погрешно.rnrnСè што мислиме дека знаеме за зависностите е погрешноrnrnСо години, за појавата на зависност се обвинувале хемикалиите кои ги навлекувале корисниците на употреба за кратко време. Но, денес многу научници почнуваат да веруваат дека луѓето стануваат зависни од дрога поради своето негативно животно искуство, а не поради хемикалиите кои таа ги содржи. Токму затоа и тие сметаат дека наместо да се затвораат овие луѓе помеѓу 4 ѕида, многу е важно да се научат како повторно да се прилагодат на општеството.rnrnНашето сегашно знаење за зависноста доаѓа од серија истражувања кои вклучувале стаорци. Стаорците се поставувале во кафез каде што биле поставени две шишиња со вода вода – едно со обична вода, а друго со вода во која имало хероин или кокаин. Во сите случаи стаорецот пиел од водата со дрога, секојдневно зголемувајќи ја дозата додека еден ден не се предозира и умре. Но, овој експеримент имал еден проблем – сите овие стаорци биле сами.rnrnЗа да го тестираат влијанието на присуството на други стаорци, научниците изградиле парк за стаорци кој на некој начин бил рај за овие животни. Таму имало најразлични методи за забава, како и многу пријатели со кои тие можеле да си играат, како и потенцијални партнери за секс. Двете шишиња вода повторно биле поставени, но само мал број стаорци ретко решавале да се напијат од водата со дрога и ниту еден од нив не се предозирал до смрт. Што ни кажува тоа? Погледнете го следново видео кое покажува една сосема нова слика за зависностите и начинот на кој луѓето функционираат…rnrn