КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • Решете го овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо се справувате со стресот

    Решете го овој брз психолошки тест и дознајте дали добро или лошо се справувате со стресот

    Овој кус тест ќе ви открие како успевате да се носите со стресот. Сè што треба да направите е да одговорите со „да“ или „не“ на прашањата и потоа да си дадете по еден бод за секој позитивен одговор. Резултатите можете да ги најдете под прашањата. Бидете брутално искрени за да ја добиете најреалната слика!rnrnrnrn1. Често ја занемарувате својата исхрана?rnrn2. Често се обидувате да ги направите нештата сами?rnrn3. Се лутите лесно и често?rnrn4. Често тежнеете кон нереални цели?rnrn5. Често не успевате да го препознаете хуморот во ситуациите коишто им се смешни на другите?rnrn6. Често и лесно се нервирате?rnrn7. Ви се чини дека од сè правите голем проблем, поголем одошто навистина е?rnrn8. Често се жалите дека сте неорганизирани?rnrn9. Имате тенденција да се лутите и да ги чувате емоциите во себе?rnrn10. Често го запоставувате вежбањето?rnrn11. Имате премалку квалитетни односи со членовите од семејството и пријателите?rnrn12. Често премалку се одморате?rnrn13. Често се лутите кога другите ве оставаат да чекате?rnrn14. Често ги игнорирате симптомите на стрес?rnrn15. Често ги одложувате нештата за подоцна?rnrn16. Често мислите дека има само еден, правилен начин на правење на нештата?rnrn17. Често не успевате да издвоите време за опуштање во текот на денот?rnrn18. Сметате ли дека поминувате премногу време жалејќи се на минатото?rnrn19. Имате чувство дека претрчувате преку денот?rnrn20. Се чувствувате ли често дека сте неспособни за сè што морате да направите?rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за да ги откриете резултатите!” active=”false”]rnrnОд 1 до 6 бодови – Вие најчесто немате проблеми со стресот.rnrnОд 7 до 12 бодови – Прилично лесно го контролирате стресот.rnrnОд 13 до 17 бодови – Вие сте во близина на зоната на опасност, бидете внимателни!rnrnНад 18 бодови – Вие сте под хроничен стрес, време е за промени!rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn 

  • Психолошки тест: Колку навистина се познавате себеси?

    Психолошки тест: Колку навистина се познавате себеси?

    Во животот многу нешта можат лесно да ни го одвлечат вниманието. Често се наоѓаме помеѓу оние што сме и оние што сакаме да бидеме. Не е реткост ни тоа дека самите си задаваме нереални цели и достигнувања. Во сите тие желби и очекувања најчесто знаеме да се изгубиме себеси. После некое време забележуваме дека не сме задоволни со животот што го водиме и сфаќаме дека сме длабоко незадоволни. Со цел да го решите проблемот во кој сте се нашле, многу е важно да ги откриете вашите вистински интереси, вредности и ставови. Ова сознание може да ви помогне да станете посреќни и позадоволни.rnrnrnrnВо продолжение следува листа со прашања што ќе ви помогне да размислите за себе, за своите секојдневни навики и интереси. Овие прашања ќе ве поттикнат да размислувате во вистинската насока за да се запознаете себеси подобро. И запомнете – не постојат точни и неточни одговори!rn

      rn 011

    • Ако нешто е забрането, дали го сакате тоа повеќе или помалку?
    • rn 011

    • Дали постои област во вашиот живот каде што се чувствувате како да немате контрола?
    • rn 011

    • Неочекувано сте добиле целосно слободен ден. Што ќе правите?
    • rn 011

    • Колку време го барате тоа нешто што не можете да го најдете?
    • rn 011

    • Дали ве мотивира конкуренцијата?
    • rn 011

    • Дали ви е полесно да правите работи за другите одошто за себе?
    • rn 011

    • Дали постојано работите? Или дали мислите дека треба да работите?
    • rn 011

    • Дали лесно ги прифаќате правилата или се бунтувате?
    • rn 011

    • Дали добро работите под притисок?
    • rn 011

    • Како би требало да изгледа вашиот совршен ден?
    • rn 011

    • Колку време гледате во некаков екран (телевизија, компјутер, мобилен…) во текот на неделата?
    • rn 011

    • Дали сте утрински или вечерен тип на личност?
    • rn 011

    • Што за вас претставува задоволство – заштеда на време или заштеда на пари?
    • rn 011

    • Дали сакате да бидете во центарот на вниманието?
    • rn 011

    • Дали е вашиот живот ставен „на чекање“ во каква било смисла?
    • rn 011

    • Што би правеле да имавте повеќе енергија?
    • rn 011

    • Какви типови луѓе и кои активности ви даваат енергија? А кои ви ја црпат?
    • rn 011

    • Дали ви е тешко да се ослободите од нештата што повеќе не ви се потребни?
    • rn 011

    • Дали лесно се нервирате?
    • rn 011

    • Во кое време одите на спиење? Колку часа спиете?
    • rn 011

    • Ако на крајот на годината постигнете успех, дали имате уште некоја желба што би ве направила уште посреќна?
    • rn

    rnИ за крај, кои прашања би ги додале на оваа листа за да им помогнете и на другите луѓе подобро да се спознаат себеси? Пишете ни подолу во коментарите!

  • 7 правила за среќен живот препорачани од најдобрите психолози

    7 правила за среќен живот препорачани од најдобрите психолози

    Ако ги применувате овие психолошки правила, тие можат да ви ја променат целата перцепција на светот. Вие конечно ќе почнете да се чувствувате удобно во својата кожа. Тие ќе го направат вашиот живот посветол, попозитивен, повозбудлив и ќе ви го исполнат со посебно значење, мудрост и љубов.rnrnrn

    1. Правило на огледало

    rn

    Луѓето кои ме опкружуваат се мои огледала.

    rnТие ги одразуваат карактеристиките на вашата личност кои најчесто не ги разбирате. На пример, ако некој е груб кон вас, тоа значи дека вие го барате тоа. Вие го дозволувате. Ако луѓето често си поигруваат со вас и ве издаваат тоа значи дека сте наивни и слепо им верувате на сите. Затоа и немате право никому да се лутите.rn

    2. Правило на избор

    rn

    Сфаќам дека сè што се случува во мојот живот е резултат на мојот избор.

    rnНикој не може да ја одреди насоката на вашиот живот. Ниту еден човек, добар или лош, не може да влијае на вашето расположение. Ништо не е вон вашата контрола, кога станува збор за вашето секојдневие. Вие сте главните креатори на својата судбина.rn

    3. Правило на грешки

    rn

    Признавам дека правам грешки.

    rnВие не треба да мислите дека другите треба да сметаат дека вашите мислења и постапки се правилни. Тоа што е важно е вие да бидете задоволни со своите дела. Светот не е црно-бел, има многу нијанси! Никој не е идеален и треба да го сфатите тоа конечно. Вие сте добра личност што повремено прави грешки. Признајте кога тоа ќе се случи и продолжете понатаму.rn

    4. Правило на реципроцитет

    rn

    Го имам точно тоа што ми треба и тоа што го заслужувам, ни повеќе ни помалку, без разлика дали се работи за врските, работата или парите.

    rnАко не можете целосно да ја сакате личноста покрај вас, не треба да го барате тоа ни од неа. Истовремено, секогаш кога вие самите се одлучувате за промена – и луѓето околу вас се менуваат на подобро. Не заборавајте го тоа.rn

    5. Правило на зависност

    rn

    Никој ништо не ми должи – ќе помогнам на сите што можам без да очекувам ништо за возврат.

    rnАко сакате да станете подобра личност, најпрво мора да станете силни. За да станете силни мора да верувате дека можете сè да направите. Мора да верувате во себе! И најважно од сè – треба да знаете точно кога да кажете НЕ!rn

    6. Правило на присутност

    rn

    Живеам тука и сега.

    rnНема минута, бидејќи секоја секунда е важна. Нема иднина бидејќи таа уште не се случила. Животот во минатото води кон депресија, додека чекањето на иднината води кон грижи и вознемиреност. Сè додека живеете во сегашноста вие сте реални, вие постоите. Тука се крие вистинската среќа.rn

    7. Правило на оптимизам

    rn

    Додека константно го критикувам животот, тој поминува покрај мене без да забележам.

    rnОчите гледаат, нозете одат, ушите слушаат, срцето чука, душата се радува… Додека се движите низ природата и го чувствувате ветрот на вашата кожа – тогаш живеете. Кога гледате телевизија, лежите на кауч или разговарате со пријателите на Интернет – не сте присутни во овој свет, туку во некој сосема друг.rnrnПрочитајте ги и овие 17 совети за организиран и среќен живот од гуру за минимализам.

  • Односите со родителите влијаат врз изборот на брачниот партнер

    Односите со родителите влијаат врз изборот на брачниот партнер

    Сите проблеми со спротивниот пол влечат корени од нашето детство. Каков однос сме имале со мајката или со таткото, таков однос ќе имаме и со нашите сопружници, тврди психологот Јулија Талантсева.rn

    Влијанието на мајката

    rnrnrnМајката е почеток на сѐ, таа априори не може да биде добра или лоша, таа е само мајка. Дури и ако психолошки несвесно му наштетила на своето дете, тоа е само последица од нејзиното лошо детство или од лошиот однос со нејзините родители.rn

    Мајка која не посветила многу време на своето дете

    rnМајката која често го оставала своето дете кај роднините, која прерано го запишала во градинка или која, во главно, била зафатена со самата себе, кариерата или со некое хоби – сето ова може да влијае врз детето, така што тоа ќе почне да го гледа животот во црно-бело.rnrnОткако ќе порасне, ова дете, сега веќе маж, ќе оди во екстреми во односот со спротивниот пол: прво ќе љуби до лудило, а потоа жестоко ќе мрази. Со вакво стереотипно размислување, тешко е да се изгради здрав однос.rn

    Самохрана мајка

    rnДецата на самохраните мајки, кои виделе и знаат колку е тешко, не можат да изградат свое семејство бидејќи имаат грижа на совест ако ја остават мајката сама. Девојките често имаат несоодветни односи со мажите, а момчињата избираат партнерка која им изразува сожалување, а потоа цел живот патат поради недостаток на љубов.rn

    Семејство во кое има многу кавги, а детето е во улога на „судија“

    rnВо семејствата каде што детето било т.н. „судија“ меѓу кавгите на родителите, подоцна ќе развие ниска самодоверба и за него животот на другите секогаш ќе биде поважен од неговиот.rn

    Влијанието на таткото

    rnrnrnТаткото е глава на семејството, на неговите правила и прописи. Односот на ќерката со спротивниот пол зависи од односот со таткото. Синовите, откако ќе пораснат, во некои ситуации почнуваат да се однесуваат како таткото. Исто така, неретко тие со жените се однесуваат исто како што нивниот татко се однесувал со нивната мајка.rn

    Татко кој често го повредувал детето со навреди, кавги и грубости

    rnЌерките на ваквите татковци бираат силни и цврсти мажи за свои животни придружници, кои понекогаш знаат и да ги навредат.rnrnСиновите на овие татковци често се мета на навреди од околината, но тие самите не сакаат да ги повредуваат другите.rn

    Татко кој не бил присутен во воспитувањето на детето

    rnЌерките на ваквите татковци се заљубуваат во рамнодушни или оженети мажи.rnrnСиновите, пак, се еднакво ладни и тешко ги изговараат зборовите „те сакам“ бидејќи, според нив, тоа е знак на слабост.rn

    Татко кој бил премногу зафатен со работата или имал друго семејство

    rnНивните ќерки се спремни да станат нечии љубовници или да прифатат љубов на далечина.rnrnСиновите, во најдобар случај, одат во спротивност – стануваат верни мажи и добри татковци, а во најлош случај односот со жените го доживуваат како забава.rnrnЗа да изградите силни и здрави односи, треба да се ослободите од влијанието на родителите со помош на искусен психолог, кој за вас ќе развие индивидуална здравствена програма.rnrnСледно, дознајте кои се нештата што секој маж треба да ги знае откако ќе стане татко.

  • Интересни факти за луѓето кои може да ве изненадат

    Интересни факти за луѓето кои може да ве изненадат

    Човечката психологија овозможува да се извлечат некои заклучоци кои генерално важат за сите луѓе. За многу од овие нешта не сме свесни, додека некој не ни ги предочи. Прочитајте ги фактите подолу и обидете се да ги примените оние кои можат да ви бидат корисни.rnrnИнтересни факти за луѓето кои може да ве изненадатrnrn1. Доколку ги запишуваме своите соништа, побрзо ќе ги оствариме.rnrn2. Најдобро ги меморираме информациите ако после 30 до 50 минути учење направиме десетминутна пауза.rnrn3. Жените кои имаат повеќе машки пријатели се почесто добро расположени.rnrn4. Мажите не се подуховити од жените, но се поопуштени и повеќе зборуваат, па не се оптоваруваат со тоа дали на другите им се допаѓа нивниот хумор или не.rnrn5. Луѓето кои знаат да кажат „благодарам“ и „извини“ се далеку посреќни и позадоволни од останатите.rnrn6. Може многу да се заклучи за нечиј карактер ако се набљудува неговото однесување со персоналот во ресторан.rnrn7. Луѓето кои имаат силно чувство на вина се подобри во разбирање на мислите и чувствата на другите луѓе.rnrn8. Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка од мажите, но и многу повисок праг на толеранција.rnrn9. Луѓето се посреќни ако често го прават она од што се плашат.rnrn10. Кога држиме за рака личност којашто ја сакаме, чувството на болка и несигурност се намалува.rnrn11. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од просечното.rnrn12. Бракот со најдобриот пријател е со најмали шанси за развод и има големи шанси да трае доживотно.rnrn13. Долгогодишната осаменост е штетна по здравјето како и пушењето по 15 цигари на ден.rnrn14. Најчестиот кошмар вклучува паѓање, неподвижност, прогонување и смрт на блиска личност.rnrn15. Колку се посреќни луѓето, толку помалку сон им е потребен.rnrn16. Човекот брзо носи одлука кога му се оди во веце.rnrnПрочитајте ги и овие 28 изненадувачки, но вистинити факти.

  • Зошто најмалку нè интересираат луѓето кои најмногу нè сакаат?

    Зошто најмалку нè интересираат луѓето кои најмногу нè сакаат?

    Дали имате забележано дека кога партнерот го гледа најдоброто во вас, вие почнувате да се „ладите“? Имено, објаснувањето за ова лежи длабоко во човечката потсвест.rnrnЗошто најмалку нè интересираат луѓето кои најмногу нè сакаат?rnrnВо секој од нас постои помал или поголем дел кој верува дека не сме достојни некој да не сака. Токму поради оваа несигурност се гледате како помалку вредни, па кога некој ве обожава без разлика на вашите мани, неретко заклучувате дека нешто не е во ред со таа личност штом ѝ се допаѓа некој како вас.rnrnПа, изгледа дека во нашата природа е да „бараме“ одбивање, наместо љубов од некој кој помалку го цениме.rnrnПриродната склоност да се избегнуваат оние кои се заинтересирани за вас произлегува од две главни причини. Првата е потребата за „квалитетно“ потомство преку врска со некој којшто е „подобар“ од вас. Втората причина е вашата несигурност за тоа колку сте всушност вредни за љубов.rnrnПа, како може да ви помогне ова сознание? Можеби кога ќе бидете свесни за ова, ќе почнете да им давате повеќе можности на луѓето кои вистински се заинтересирани за вас и кои ве сакаат. Тешко е да се победи егото, но ако успеете, ќе бидете отворени кон целосно нови и подобри искуства.

  • 8 психолошки трикови што ќе направат веднаш да им се допаднете на другите

    8 психолошки трикови што ќе направат веднаш да им се допаднете на другите

    Довербата може да биде навистина чудна. На мозокот му е потребно помалку од 1 секунда за да одлучи дали можеме да веруваме некому, но доколку оваа одлука секогаш е точна, не би имало разводи, уништени пријателства или изневерување. Поради тоа, луѓето настојуваат да бидат сомнителни и да не веруваат на секој што само ќе го сретнат. Но доколку сакате да изгледате добро во нечии очи, постојат неколку методи што ќе ви помогнат во тоа.rnrn8 психолошки трикови што ќе направат веднаш да им се допаднете на другитеrn

    1. Покажете ѝ на личноста дека ви се допаѓа

    rnСте слушнале ли за феноменот „реципрочно допаѓање“? Ова се однесува на настојувањето на луѓето да им се допаѓа некој на којшто тие му се допаѓаат. Ова се случува бидејќи луѓето чувствуваат поддршка од партнерот и добро е да знаете дека сте сакани. Па доколку некогаш треба да привлечете нечие внимание, покажете позитивен став кон него и веројатно ќе ја добиете истата љубов.rn

    2. Истурете го кафето

    rnИако овој совет звучи чудно, многу истражувања покажале дека нашата ранливост ја зголемува нашата привлечност и ги тера луѓето да ни веруваат. Но постојат 2 важни факти што треба да ги запомните. Пред да кажете лоша шега или да го испуштите пенкалото на земјата, осигурете се дека личноста е свесна за вашата „изведба“.rn

    3. Извинете се

    rnДруг ефективен, но често заборавен метод за градење доверба е извинувањето. Истражувачите забележале дека ова функционира во ситуации кога е очигледно дека не сте виновни. Како на пример, кога кажувате дека ви е жал за лошото време, кога покажувате емпатија или кога давате до знаење дека ви е жал што нешто тажно му се случува некому. Ова покажува дека го разбирате искуството на личноста, па таа ќе почне повеќе да ви верува.rn

    4. Копирајте го однесувањето на соговорникот

    rnВо овој случај не треба да бидете нападни, туку станува збор за имитирање на изразите на лицето, гестикулациите или однесувањето. Техниката е наречена огледување и навистина работи. Во едно истражување, келнерка добивала поголем бакшиш кога ги имитирала муштериите во ресторанот. Други истражувања покажале дека на мажите повеќе им се допаѓале жените кои го повторувале нивното вербално и невербално однесување, за време на состанокот. Се разбира, немојте да претерувате и да повторувате постапки како вртење кон другата страна.rn

    5. Кажете тајна

    rnСамодисциплината е можеби најимпресивниот пристап. Дали се сеќавате како сте се чувствувале кога сте се отвориле за нешто важно во вашиот живот? Кога ќе споделите интимна информација со другите луѓе, тие ја чувствуваат вашата грижа и се чувствуваат поблиску до вас. Ова значи дека и тие можат да ви кажат некоја тајна.rnrnИстражувања спроведени во неколку образовни институции, покажале дека студентите кои си поставувале приватни прашања изградиле поблиски врски, во споредба со оние кои не споделиле никакви интимни информации.rn

    6. Зборувајте со правилна брзина

    rnНекои експерти тврдат дека правилната брзина на зборување може да ви помогне да изградите доверба и да зачувате нечие внимание. Погрешно е да верувате дека имате една брзина на зборување за сите ситуации и изгледа дека секој настан си бара своја. На пример, брзото зборување укажува на итност, возбуда и страст, додека побавното темпо помага да се фокусирате на важноста или сериозноста на некој аргумент.rn

    7. Нежно допрете го соговорникот

    rnИзгледа дека случајниот допир може да биде моќна алатка за градење доверба. Многу истражувања го демонстрирале ова. Кога еден атрактивен маж барал телефонски броеви од жени на улица, дел од нив случајно ги допрел. 19% од допрените жени го дале нивниот број. Се разбира, доколку го користите овој метод бидете внимателни за социјалните и културните норми. Допирот нема да има позитивен ефект доколку ги преминете личните граници на соговорникот.rn

    8. Покажете заинтересираност

    rnКога ќе го направите ова, треба да се фокусирате на потребите и сфаќањата на другата личност наместо на вашите верувања. Најчесто, кога двајца луѓе разговараат, едниот секогаш трпеливо го чека другиот да заврши со зборување. Потоа тој ја кажува неговата приказна, најчесто со поврзана тема и често со обид да каже поинтересна и подобра приказна. На следната средба со нова личност, обидете се да не се фокусирате на вашите приказни, туку поставувајте прашања и покажете интерес кон соговорникот. Сигурно ќе бидете изненадени од резултатот.rnrnПробајте ги и овие психолошки трикови за поголема самодоверба.

  • 5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни

    5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни

    Кога станува збор за вулгарните изрази, повеќето луѓе ќе размислат дали да ги изговорат. Ова не треба да нè чуди, бидејќи уште од мали сме научени дека пцуењето не е пристојно и дека не се наоѓа во вокабуларот на успешните луѓе. Но, на секој му се случува одвреме-навреме да му излета некоја пцовка, без разлика на ситуацијата. Како и за многу нешта кои со децении биле табу, почнуваме да го менуваме и нашиот став кон пцуењето.rnrn5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешниrnrnСпоред психолозите, пцуењето го подобрува нашиот живот. Еден од најголемите „фанови“ на вулгарните зборови е психологот Ричард Стивенс, професор при Универзитетот Кееле. Ричард напишал неколку текстови на оваа тема, во кои ги спомнувал неговите истражувања, а сите покажувале едно – покрај тоа што повременото пцуење е оправдано, тоа дури и го подобрува животот. Погледнете ги 5-те причини зошто е тоа така.rn

    1. Пцуењето ви дава сила

    rnВо 2017-та година, Ричард направил експеримент со кој покажал дека пцуењето очигледно ни дава физичка сила. Тој ги замолил испитаниците да прават две разни вежби – едната со пцуење, а другата без. Забележал дека испитаниците кои пцуеле на цел глас, дале подобри резултати.rn

    „Од претходните истражувања знаеме дека пцуењето помага полесно да се издржи болката. Најверојатно тоа потекнува од нашиот нервен систем, кој го забележува забрзувањето на срцето кога сме во опасност.“

    rn

    2. Пцуењето е знак за интелигенција

    rnВеројатно сте слушнале дека оној кој пцуе, не знае доволно зборови за да се изрази пристојно. Но ова не е точно, а тоа го потврдиле и неколку истражувања. Оној кој знае многу погрдни зборови, всушност има побогат речник и е покреативен и попаметен.rn

    3. Пцуењето ја поттикнува самодовербата

    rnДоколку повремено кажувате и по некоја пцовка во аргументите, ќе оставите посилен впечаток, па дури и ќе можете да го наметнете вашиот став. Но доколку имате лоши аргументи, ниту една пцовка нема да ви помогне.rn

    4. Пцуењето ја зголемува страста

    rnКолку често расправата со партнерот завршува со секс? Многу мажи, но и жени, навистина го сакат валканиот разговор во кревет. Мажите изјавиле дека повеќе се возбудуваат од вулгарни предлози, наместо од „попристојните“ како „Сакаш ли да водиме љубов?“rn

    5. Пцуењето е израз на најсилните емоции

    rnВо еден од неговите текстови, Ричард дал пример за тоа како користењето погрдни зборови нè тера на размислување. Имено, после слушањето снимки од црни кутии од авиони, откриено е дека повеќето пилоти во последните моменти пред паѓањето на авионот, користат навистина вулгарни изрази. Важно е да споменеме дека пилотите се добро образовани личности. Поради ова, психологот дошол до заклучок дека со помош на вулгарноста, ги покажуваме нашите најсилни емоции.rnrnЗнаевте ли дека луѓето кои многу пцујат имаат една заедничка позитивна особина?

  • 5-те типови личности според модерните психолози

    5-те типови личности според модерните психолози

    Вашиот карактер влијае на многу нешта – од пријателите што ги одбирате, па сè до тоа за кого ќе гласате на политичките избори. Но многу луѓе не размислуваат за нивните лични особини. Кога ќе сфатите каква личност сте, ќе имате подобар увид во вашите јаки и слаби страни. Исто така ќе знаете како изгледате во очите на другите. Повеќето модерни психолози се согласуваат дека постојат 5 типови личности или карактери, а во продолжение можете да откриете каде спаѓате вие.rnrn5-те типови личности според модерните психолозиrn

    1. Совесни

    rnЛуѓето кои имаат највисок степен на совест се ефикасни, добро организирани и доволни си се самите себеси. Тие сакаат однапред да ги планираат нештата, а нивните цели се навистина високи. Луѓето кои имаа помала совест ги гледаат овие личности како тврдоглави и опсесивни.rn

    2. Екстровертни

    rnЕкстровертните луѓе ја добиваат нивната енергија од друштвните активности. Тие се разговорливи, дружељубиви и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Другите ги гледаат како доминантни и жедни за внимание.rn

    3. Пријатни

    rnЛуѓето кои спаѓаат во оваа категорија се секогаш љубезни кон другите. Познати се по нивното добро однесување и често минуваат време волонтирајќи и правејќи добро. Понекогаш другите ги гледаат како наивни и претерано пасивни.rn

    4. Отворени за нови искуства

    rnЛуѓето кои се отворени за нови искуства се познати по нивниот широк спектар на интереси и живописни фантазии. Тие се радознали и креативни и преферираат разновидност, наместо некоја рутина. Сакаат да се реализираат себеси преку интензивни и еуфорични искуства, па дури и живот во странство. Другите ги гледаат како непредвидливи и нефокусирани.rn

    5. Невротични

    rnНевротичните имаат висок степен на емоционална нестабилност. Често се избувливи и се одликуваат со анксиозност и раздразливост. Другите ги гледаат како нестабилни несигурни личности.rn

    Разбирање на основата на карактерот

    rnКарактерот на луѓето останува релативно стабилен со текот на времето. Карактеристиките кои се појавиле на 7-годишна возраст, најверојатно ќе предвидат какво ќе биде вашето однесување во текот на целиот живот. Секогаш можете да го промените вашиот карактер, но за тоа ќе ви бидат потребни многу труд и трпеливост. Сепак, доколку не сте задоволни, психолозите сметаат дека е возможно.rnrnДознајте и кој од 12-те Јунгови архетипови ве опишува најдобро.

  • Тест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?

    Тест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?

    Денес секој знае за опасноста од пушењето цигари. Но, 50-тите биле различно време кога рекламирањето и културниот притисок да пушите биле силни. Пушењето било симбол за софистицираност и воглавно луѓето не биле свесни за негативните последици.rnrnТест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?rnrnОвој текст е од списанието „Caper Magazine“ од 1959-та година и покажува неколку примери за она што го забележал психоаналитичарот доктор Вилијам Неутра. Според неговата анализа, начинот на којшто ја држите цигарата може да открие детали за вашиот карактер, расположение и несигурности. Па, доколку сте пушач, дали се препознавате?rn

    1. Жената е несигурна и страв ѝ е да не ја изгуби цигарата. Веројатно цврсто се држи за нејзиниот сопруг

    rnТест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?rn

    2. Типично држење на девојка на која ѝ е здодевно на состанокот. Мора да се концентрира на филтерот за да не се проѕева

    rnТест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?rn

    3. Доктор Неутра сметал дека овој маж е интелектуалец, интелигентен и замислен лик

    rnТест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?rn

    4. Не можете да се потпрете на оваа личност. Таа е слаба, тешко се живее со неа и склона е кон лажење

    rnТест од 1959-та: Што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?rnrnПродолжува на следната страница…rnrn