КАФЕ ПАУЗА

Tag: психологија

  • 6 изненадувачки психолошки причини зошто некој би се вљубил во вас

    6 изненадувачки психолошки причини зошто некој би се вљубил во вас

    Љубовта е мистериозна и комплицирана. Ако се обидувате да ја сфатите можете да полудите. На крај ќе се чувствувате како да сте повторно на почеток. Психолозите идентификувале неколку изненадувачки причини за тоа зошто луѓето се вљубуваат.rnrn6-iznenaduvachki-psiholoshki-prichini-zoshto-nekoj-bi-se-vljubil-vo-vasrn

    1. Премногу сте слични

    rnИ покрај веќе старото „спротивностите се привлекуваат“, изгледа дека сличностите предизвикуваат посилна привлечност. Истражување од 2007-ма година открило дека сличностите кај партнерите им помагаат подобро да се разберат. Поради ова посилно и побрзо се поврзуваат.rn

    2. Поврзани сте на 3 генерациски нивоа

    rnПсихологот Ерик Берн смета дека најуспешните парови се поврзуваат на три разни генерациски или нивоа на егото:rn

      rn 011

    • Родител: Она што сте научени
    • rn 011

    • Дете: Она што сте почувствувале (минати искуства)
    • rn 011

    • Возрасен: Она што сте научиле
    • rn

    rnКолку повеќе од овие нешта се совпаѓаат, толку сте покомпатибилни.rn

    3. Долго се гледате во очи

    rnЕдно истражување ги замолило испитаниците да соработуваат и да се гледаат во очи неколку минути. Изненадувачки, но тие откриле дека продолженото гледање во очи ја има моќта да нè поврзе и да развие чувства како привлечност и љубов.rnrnДруго истражување од 2014-та година открило дека начинот на којшто го гледаме нашиот партнер може да покажува љубов наспроти страст.rn

    4. Се грижите за околината

    rnЧудно, но изгледа дека грижата за околината може да ви помогне да ја привлечете личноста што ви се допаѓа. Истражување од 2016-та година покажало дека оние кои се грижат за природата биле доживувани како попривлечни и од двата пола.rn

    5. Се вртите кон наместо од

    rnЕдна од најчудните причини е тоа дали се вртите кон или спротивно од партнерот, и тоа колку често. Психологот Џон Готман ги истражувал интимните врски над 40 години и ги забележал овие моменти. Ова се моменти на присуство и споделена социјална интеракција. Секогаш кога комуницирате имате можност да создадете посилна врска и да ја развиете љубовта.rnrnПа, како реагирате кога партнерот ви раскажува нешто? Дали го слушате со ентузијазам и поставувате прашања, или се вртите на другата страна и не обрнувате внимание? Можеби изгледа безначајноно, но овие гестови или ја зајакнуваат или ја ослабуваат вашата врска.rn

    6. Имате куче

    rnКучето ви носи дополнителни поени, особено на мажите. Истражување од 2008-ма година следело 20-годишно момче кое се обидувало да добие што е можно повеќе телефонски броеви од девојки додека шетало со куче. Откриле дека кучето му помогнало во социјалните интеракции и ги зголемувало шансите да добие број. Истиот резултат го добило и истражување од 2014-та година. Во истражувањето на жени им биле покажувани разни мажи, а тие сметале дека подобри партнери се оние со кучето.rnrnЗнаете и кои се 3-те фази на вљубување кај мажите?

  • 8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

    8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаеле

    Чувствувате потреба некој да ви подаде рака во животот? Да ви помогне? Престанете да се надевате на тоа и немојте да се борите против вашата вродена природа. Наместо тоа, прифатете се себеси со сите свои мани и доблести и искористете ги вашите сили во ваша полза и во согласност со светот околу вас. Проверете ги следниве 8 интересни психолошки факти, за подобро да сфатите зашто некои работи ги правите на еден или друг начин и како можете да ги подобрите.rnrn8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаелеrn

    1. Мултитаскингот не постои

    rnТерминот мултитаскинг беше многу популарен изминативе години, за да означи личност која прави повеќе од една задача или активност во исто време. Проблемот е што мислите дека успевате некако магично да правите сè одеднаш, но тоа е далеку од вистината. Напротив, ги правите сите активности толку неефикасно, што секогаш е подобра варијанта да се фокусирате на само една задача или активност во даден момент.rnrnЕве зошто е тоа така. Ако сте се дефокусирале поради новопристигнатата имејл порака во вашето сандаче, можат да ви бидат потребни околу 15 минути за повторно да се ориентирате и да сфатите што сте правеле пред тоа. Ова значи дека секојпат кога губите фокус на конкретната задача, се трупа изгубеното време во реориентација, што значително ја намалува вашата ефикасност на работа и дома.rnrn8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаелеrn

    2. Немојте да ги споделувате вашите планови ако сакате да успеете

    rnДоколку сте тип на личност којашто сака да ги споделува своите планови и цели на сите пријатели и по социјалните мрежи, размислете повторно бидејќи на овој начин можеби си ја уништувате среќата. Луѓето коишто го прават ова често, а реализацијата не им испаднала според плановите, сметаат дека светот направил некаков заговор против нив. Но, тоа е далеку од вистина – вистината е дека самите се доведувате себеси до таквата ситуација.rnrnСпоред експертите, со прераното споделување на новостите, вие си создавате „предвремено чувство на завршеност“. Ова е убиец на мотивацијата, бидејќи вие може да се чувствувате како веќе да сте успеале само затоа што сте ја објавиле вашата цел. Затоа нареден пат, кога ќе имате одличен план за зголемување на продуктивноста во вашиот оддел, веројатно е подобро тоа да си го задржите за себеси.rn

    3. Музиката ја обликува вашата перцепција кон светот

    rnДоколку ние сме она што го јадеме, тогаш музиката дефинитивно е филтер низ кој го гледаме надворешниот свет. Дали ова значи дека негативната музика прави да го перципираме светот негативно? Не баш. Истражувачите откриле дека постои корелација помеѓу нашето расположение и перцепцијата. Користејќи ја музиката како манипулант за расположение, тие откриле дека меморијата кај луѓето и нивната реакција кон светот околу нив, зависи од тоа како тие внатрешно се чувствуваат, а не до музиката којашто ја слушаат. Меѓутоа, доколку сакате јасно да го гледате светот околу себе, одберете да ја слушате онаа музика којашто ве прави среќни, без разлика дали станува збор за хеви метал или џез.rn

    4. Уморниот ум, е креативен ум

    rnИмате краен рок за проект којшто се базира на вашата креативност? Тогаш, добра идеја е да се обидете да работите на него веднаш штом се разбудите или пред да одите на спиење. Едно истражување сугерира дека размислувањето „надвор од кутијата“ и работењето на креативни задачи е најефикасно, кога вашето тело е малку уморно. За некои луѓе тоа се однесува на вечерите пред спиење, но секое тело е различно. Затоа, експериментирајте со времето, па можеби ќе откриете дека раните утра подобро ќе функционираат за вас, но во секој случај вреди да се проба.rnrn8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаелеrn

    5. Сарказмот е знак на интелигенција и креативност

    rnДоколку уживате да им давате на другите луѓе по некој саркастичен коментар, можеби вие сте попаметни и покреативни во однос на оние кои не ја ценат оваа карактеристика, а истражувањата го докажуваат тоа. Тие откриле дека сарказмот може да ја зголеми креативноста и на искажувачот и на примачот на овој вид изразување. Благодарение на оваа ментална гимнастика, во која сарказмот подразбира креирање, но и декодирање на пораката, воедно дава знак и за повисоки нивоа на размислување. И покрај тоа што Оскар Вајлд за сарказмот има изјавено дека го смета за „најниска форма на духовитост“, вие можете да останете спокојни, бидејќи тој може да ја инспирира вашата највисока форма на креативност.rn

    6. Пигмалионскиот ефект или самоисполнувачкото пророштво

    rnДвете нешта ја означуваат истата работа: вашите постапки кон другите луѓе, влијаат врз нивното мислење за вас. Ова од друга страна, влијае на начинот на кој другите луѓе се однесуваат кон вас. Нивните постапки го зајакнуваат вашето лично мислење за себеси, што потоа влијае на начинот на којшто вие се однесувате кон другите. Ова можеби ви звучи како заплеткан круг, а тоа е така бидејќи ова навистина е заплеткан психолошки круг на влијанија и потврди за однесувањето. Доколку сакате да го промените овој круг на влијанија, тогаш треба да ги промените вашите постапки. Тие кажуваат сè во врска со вас, а воедно може да донесат позитивна промена и во начинот на којшто се гледате себеси.rn

    7. Одложено задоволство = успех во животот

    rnПознатиот „Манчмелоу тест“, којшто во изминативе четири декади се користеше како класичен експеримент за мерење на самоконтролата кај децата, открива дали детето ќе посегне по моментално задоволување во форма на едно манчмелоу или ќе ја искористи приликата да се воздржи и да добие уште едно. Се прашувате каква врска има овој тест со вас? Па има многу врска и ова е лоша вест за денешните општества коишто се фокусирани на инстант задоволства. Ова е лекција за самоконтрола наспроти инстант задоволства.rnrn8 интересни психолошки факти кои можеби не сте ги знаелеrnrnЕкспертите сугерираат дека одложувањето на задоволството, може да придонесе во иднина да бидете поспособни да искажете поголема волја и самоконтрола во постигнувањето на вашите долгорочни цели. Вистината е дека, вашата иднина не зависи исклучиво од тоа дали вие ќе паднете на мамката за јадење благо или не. Новите истражувања откриваат дека вашите одлуки за земање или одбивање на манчмелуото, се обликуваат и од околината во којашто живеете. Заклучокот од сето ова е дека вашата лична волја да успеете и да ја надминете секоја пречка, е најдобриот показател за вашиот успех или неуспех во животот. Но, чисто да бидете сигурни дека ќе биде така, не го јадете тоа десертче. :)rn

    8. Парите можат да ја купат среќата, и доволни ви се 75.000 долари

    rnВистина е, парите можат да ни ја купат среќата, но и тие пари имаат лимит. Доколку достигнете заработка од 75.000 долари годишно во САД, сите понатамошни евентуални финансиски успеси, нема да ве направат посреќни. Па, сигурно сега се прашувате, кој треба да биде вашиот следен чекор доколку веќе сте го достигнале овој лимит? Дали сега треба да се откажете од вашиот копнеж за повеќе финансии и среќа?rnrnОдговорот е не, вашето следно мерење ќе биде против вашите соседи. Откако ќе го постигнете идеалното ниво на приход за задоволителна евалуација на вашиот живот и емоционална благосостојба, голема е веројатноста дека вие ќе почнете да колекционирате материјални предмети и да се споредувате со другите луѓе. За да биде иронијата уште поголема, ова може да ја намали вашата целокупна добросостојба и задоволство во животот. Ова значи дека да, парите можат да сменат сè, но после одредена точка не значи дека ги менуваат нештата кон подобро.rnrnПрочитајте ги и овие 10 психолошки факти што ги откриваат мистериите на човечкиот мозок.

  • Живејте во сегашниот момент: Психолошка вежба што ви ја враќа моќта и контролата над умот

    Живејте во сегашниот момент: Психолошка вежба што ви ја враќа моќта и контролата над умот

    Живееме во брз, модерен свет каде што многу лесно можеме да го пропуштиме сегашниот момент. Поголемиот дел од луѓето живеат заглавени во минатото, или во исчекување на иднината и едноставно забораваат дека всушност најважно е тоа што во моментот им се случува, а не тоа што поминало или тоа што можеби ќе дојде. Па, ако сакате да се вратите во сегашниот момент, тогаш пробајте ја оваа одлична психолошка вежба.rnrnrnrnЖивеењето во сегашниот момент подразбира да бидете и физички и ментално присутни. Првиот чекор што треба да го направите е да се обидете да откриете кон што е насочено вашето внимание. Тоа најлесно ќе го сторите ако се запрашате: „Каде се наоѓам?“ или уште подобро, ако си го поставите прашањето „Дали сум тука?“rnrnНека овие две прашања ви преминат во навика и секојдневно поставувајте си ги. Обрнете внимание и каде тргнувате да ги барате одговорите, бидејќи местото што прво ви паѓа напамет е најчесто и тоа каде што вашите мисли поминуваат најмногу време.rnrnЗа разлика од умот, телото секогаш се наоѓа во сегашниот момент. Тоа не може и не бара да биде на некое друго место освен сега и тука. Токму таа природна поврзаност на телото со сегашниот момент може да се искористи за и умот да го насочите кон сегашноста. Гледајте на телото како превозно средство што секогаш ве враќа онаму каде што навистина треба да бидете.rnrnА сега, обрнете внимание на тоа што го слушате и на тоа што го гледате околу вас. Но, немојте да именувате работи и да размислувате за тоа што е околу вас, само анализирајте ги изворите.rnrnСледниот чекор е да го насочите вниманието на сензациите во телото, како пецкање, пријатност, вкочанетост, позицијата на телото… Сите овие нешта се создаваат под влијание на надворешните извори. Затворете ги очите и почувствувајте ја таа сензација на присутноста во своето тело. Почувствувате ја неговата тежина и просторот што го зазема. Почувствувајте што точно значи реченицата: „Јас постојам!“rnrnПрочитајте ги и овие 20 цитати за проширување на свесноста што ќе ве инспирираат да ја направите секоја секунда важна.

  • 7 едноставни, но ефективни психолошки трикови препорачани од психотерапевтите

    7 едноставни, но ефективни психолошки трикови препорачани од психотерапевтите

    Понекогаш изгледа речиси невозможно да се справите со сè што ви се случува во животот. Но психологијата има безброј трикови кои можат да ви помогнат и да ви го олеснат животот. Всушност, со развитокот на позитивната психологија во изминативе две децении, психологијата може да ни помогне да го живееме најдобриот живот. Ова се триковите коишто ќе ви го олеснат животот, а ги препорачуваат речиси сите психотерапевти.rnrn7 едноставни но ефективни психолошки трикови препорачани од терапевтитеrn

    1. Зборувајте за да се справите со силните емоции

    rnЕмоциите како гневот можат да бидат толку силни што изгледа како да преземаат контрола над вашиот живот. Но ако ја промените насоката на мислите од она што го чувствувате во моментот кон делот за размислување од мозокот, можете да ги намалите ефектите на силните емоции и подобро да се справите со нив. Па ако чувствувате некоја силна емоција, едноставно кажете нешто како „Чувствувам гнев“. На овој начин ќе го идентификувате гневот на неличен начин и ќе го тргнете фокусот од него.rn

    2. Коцка мраз за справување со анксиозност

    rnКога чувствувате анксиозност можете да го промените фокусот од изворот на паниката кон нешто физичко за да си ја вратите контролата. На пример, земете коцка мраз. Студот што ќе го почувствувате ќе ви го одвлече вниманието, па ќе ви биде потешко да се фокусирате на анксиозноста. Истото можете да го направите и со нешто топло. Кога ќе се оддалечите од анксиозноста за миг, ќе ви биде полесно да ја контролирате.rn

    3. Прошетка против анксиозност

    rnКратката 5-минутна прошетка околу соседството може да ви ја врати способноста за фокусирање. Ако не можете да излезете надвор поради која било причина, едноставно прошетајте низ домот или канцеларијата.rn

    4. Пишување

    rnАко не сте пробале, не потценувајте ја моќта на пишувањето како терапевтска алатка. Без разлика што чувствувате, одвојте неколку минути за да го запишете тоа, како и исходот од моменталната ситуација. Најважно е да обрнете внимание дали исходот е навистина она што го замислувате. Подоцна прочитајте го напишаното за да добиете појасна слика за реалноста наспроти вашата перцепција. Кога редовно ќе го правите ова полесно ќе ја наоѓате разликата помеѓу ирационалните мисли и реалниот свет.rn

    5. Дишење за фокус

    rnИзминатава деценија свесноста стана една од најкористените алатки. Таа ви помага да ја подобрите отпорноста и може да ви помогне во борбата со депресијата и анксиозноста. Исто така ќе ви помогне да го подобрите фокусот и расположението. Свесноста не е недостижен метод за медитација за кој се потребни часови или денови за да ја научите. Доволно ви е само една минута за да ја совладате. Со тоа што ќе бидете свесни за вашето дишење дури и на неколку секунди, ќе го подобрите вашиот фокус и ќе ги исчистите мислите.rn

    6. Набројте 5 нешта за да се смирите

    rnАко се чувствувате немирно, набројте 5 нешта што ги гледате, 4 нешта што ги чувствувате, 3 нешта што можете да ги слушнете, 2 нешта што можете да ги помирисате и едно нешто што можете да го вкусите. Оваа вежба ќе ви помогне да излезете од вашата глава, да се приземјите и да се вратите во сегашниот момент.rn

    7. Џвакајте гума за џвакање за да се смирите

    rnАко се чувствувате нервозно или напнато, гумата за џвакање може да ви биде од помош. Со џвакањето му давате знак на мозокот дека ви е удобно. Наместо да паничите, вашиот мозок ќе се смири бидејќи правите нешто друго – џвакате гума за џвакање. Не можете да бидете нервозни или загрижени бидејќи во тој случај не би џвакале.rnrnПогледнете ги и психолошките трикови за поголема самодоверба.

  • 7 психолошки правила што можат да ви го подобрат животот

    7 психолошки правила што можат да ви го подобрат животот

    Професор Мартин Селигман, еден од основачите на позитивната психологија, спровел значителен број истражувања со цел да докаже дека овој вид терапија може да им помогне на луѓето да живеат убав живот истакнувајќи ги нивните силни страни. Луѓето се чувствуваат посреќно ако се охрабрени да живеат со позитивна психологија. Овие фундаментални правила ќе ви помогнат да се справите со депресијата, да го подобрите психичкото здравје и да постигнете повеќе во вашиот живот.rn

    1. Правило на огледало

    rn7 психолошки правила што можат да ви го подобрат живототrnrnОва значи дека секоја личност во вашиот живот е огледало. Тие го рефлектираат вашиот карактер, дури и оние нешта што не ги сакате. Карактеристиките што ги гледате кај другите луѓе ви даваат можност подобро да се запознаете и да созреете. Сите квалитети што ги сакате или ги мразите кај другите се всушност ваши. На пример, ако некој не ве почитува тогаш веројатно и вие се однесувате така, само не обрнувате премногу внимание на тоа. Ако сакате да промените што било во врските, започнете со вас. Станете промената што сакате да ја видите.rn

    2. Моќта на изборот

    rn7 психолошки правила што можат да ви го подобрат живототrnrnСè што се случува во вашиот живот е резултат на изборите што сте ги направиле досега. Вашиот избор на пријатели, животен стил и верувања го формираат вашиот карактер. Вие сте авторот на вашата судбина. Ако се справувате со здодевна личност и постојано се обидувате да ѝ ги решите проблемите, тогаш сакате да го правите тоа во вашиот живот. Вие дозволувате да се случува тоа. Не можете да се пожалите никому. Ако сакате друг резултат, потребно е да направите друг избор. Одберете внимателно бидејќи секоја одлука е важна. Се разбира, постојат и нешта кои не се ваш избор. Не можете да го одберете семејството, гените, опкружувањето во кое сте родени и слично. Тоа се правилата на животот. Сепак, кога некои ситуации се надвор од контрола не значи дека немате избор ни како да реагирате на нив.rn

    3. Моќта на грешките

    rn7 психолошки правила што можат да ви го подобрат живототrnrnПотребно е да сфатите дека секој може да погреши. Понекогаш нашите верувања или нашите постапки, без разлика колку мислиме дека се правилни, нема да изгледаат правилни за другите. Не треба да го гледате светот само во црно и бело. Никој не е совршен. Секој има право да направи грешка. Секогаш бидете подготвени да ги препознаете вашите грешки и да ги анализирате за да знаете како да ги поправите.rn

    4. Правилото на релевантност

    rn7 психолошки правила што можат да ви го подобрат живототrnrnПостојат некои нешта што зависат само од вас. Нема потреба да се жалите за вашиот животен стил, вашите врски или вашето работно место. Ако не можете да бидете целосно вљубени во некоја личност, не можете да го очекувате тоа од неа. Кога ќе се одлучите дека заслужувате подобро, промените што ви се потребни ќе почнат да се случуваат. Вашите цели нека ви бидат приоритет. Ако сакате да постигнете многу, целете високо и преземете нешто.rn

    5. Ефектот на зависност

    rn7 психолошки правила што можат да ви го подобрат живототrnrnНикој не ви должи ништо. Но, можете да одлучите да бидете добри кон некој друг и да му помогнете. Не мора да чекате одговор. Да бидете добри е подарок за себе. Ако сакате да бидете добра личност потребно е да бидете силни и да верувате во себе. Се разбира, постојат моменти кога е потребно да кажете не. Согласувањето со сè што ќе побараат од вас не е нешто што ќе ве направи среќни. Направете го висинскиот избор за вас.rn

    6. Правилото на присутност

    rn7 психолошки правила што можат да ви го подобрат живототrnrnПочнете да живеете тука и овде. Не мислете на минатото бидејќи со секој нареден момент започнува сегашноста. Не грижете се за иднината бидејќи сè уште не започнала. Ако премногу сте приврзани за минатото, може да се чувствувате депресивно. Грижите за иднината од друга страна, предизвикуваат анксиозност. Насочувањето на мислите и емоциите кон сегашноста е добро за вашето расположение, здравје и вашите врски со другите луѓе. Сè додека живеете во сегашноста сте реални и внесувате хармонија и среќа во вашиот живот.rn

    7. Моќта на оптимизмот

    rn7 психолошки правила што можат да ви го подобрат живототrnrnНемојте да ги игнорирате малите нешта околу вас. Немојте да го критикувате животот бидејќи на тој начин сигурно ќе ве одмине. Уживајте во убавината на природата – сончеви лета, реки, зелени шуми, прекрасни пријатели… Сè додека живеете обидете се да бидете среќни во секој момент. Бидете продуктивни, бидете активни, имајте живот полн со позитивни емоции. Кога поминувате премногу време гледајќи телевизија, лежејќи или правејќи нешта што не го исполнуваат вашиот живот и ум со нови интересни искуства, вие не сте дел од реалниот свет.rnrnПробајте ги и овие психолошки вежби кои водат кон успех, среќа и задоволство.

  • 11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

    11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за вас

    Љубовта е необјаснив феномен и не постои точен одговор за тоа зошто некој се вљубил во некој друг. Но, она што сме го одбрале може да ни каже многу за нашиот карактер. Всушност, не е случајност што се вљубувате во висока или ниска личност, отворена или личност што ги крие своите емоции. Ако сакате да научите нешто повеќе за вашиот карактер, погледнете што кажува вашиот избор на партнер за тоа.rn

    1. Сличности во физичкиот изглед

    rn11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за васrnrnНеколку истражувања покажале дека често одбираме партнер чиј изглед е сличен со нашиот. Внимателно погледнете го партнерот и размислете дали имате некои слични физички карактеристики. Љубовта кон нашиот партнер е заснована на љубовта кон себе. Односно, ако мислите дека сте привлечни, повеќе ќе ве привлекува партнер кој личи на вас за разлика од некој целосно различен.rn

    2. Слично ниво на привлечност

    rn11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за васrnrnОбично забележуваме ако мажот и жената личат еден на друг. Научниците откриле дека одбираме луѓе кои се наоѓаат во истата „зона на убавина“. Наводно, сметаме дека таа личност е најправилната опција. Па ако мислите дека вашиот партнер е атрактивен, тоа значи дека истото важи и за вас.rn

    3. Емоционални и рационални

    rn11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за васrnrnИма интересна рамнотежа помеѓу емоционалните и рационалните луѓе. Изгледа дека постојано се обидуваме да се надополниме. Како резултат на ова, се појавува совршениот пар. Едниот партнер може да биде мирен, додека другиот го разгорува огнот во врската. Ако вашиот партнер внимателно размислува пред секоја одлука, голема е веројатноста дека вие сте премногу емотивна личност.rn

    4. Добрите луѓе одбираат добри луѓе

    rn11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за васrnrnДобрите луѓе кои можат да се сочувствуваат со другите имаат поголеми шанси за хармонична врска. Овие луѓе не се расправаат и лесно наоѓаат заедничко решение на проблемите. Покрај тоа, овие луѓе се согласуваат уште кога ќе се запознаат, па поради ова почнуваат врска. Ако вашиот партнер е шармантен, голема е веројатноста и вие да ја имате таа особина.rn

    5. Разлика во висина

    rn11 карактеристики на вашиот партнер што кажуваат многу за васrnrnДали често гледате високи мажи со мали девојки, или високи девојки со многу пониски момчиња? Понекогаш оваа разлика може да изгледа чудно, но нема ништо изненадувачко кај неа. Мажот изгледа посилно и поголемо покрај мала жена, а високата жена изгледа поуспешно и со поголема самодоверба. Па, ако одберете мал партнер, сакате да се грижите за него. Ако одберете повисок партнер, сакате да бидете опкружени со грижа и внимание.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најчестите погрешни сфаќања за интровертите и вистините зад нив

    Најчестите погрешни сфаќања за интровертите и вистините зад нив

    Кога ќе го чуеме самиот поим интроверт, веднаш помислуваме на тивка личност која поминува повеќе време сама и избегнува дружења. Но, во реалноста, интровертноста ретко е поврзана со останувањето дома. Всушност, токму интровертите е поверојатно да имаат неколку значајни и вистински пријателства, наместо да бидат во површни односи со многу луѓе.rnrnШто најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?rnrnСпоред психологијата, интровертите имаат пониска чувствителност на допаминот, за разлика од екстровертите. Но, кога е во прашање дружење, тие избираат да поминат квалитетно време во помала група или пак воопшто да не излезат, наместо тоа да го прават во големи друштвени настани.rn

    Интровертните имаат различна мозочна хемија

    rnОсновната разлика меѓу екстровертна и интровертна личност е во тоа како нивниот мозок реагира при социјална стимулација. Кај екстровертите, мозочната реакција настанува веднаш, додека пак кај интровертите, импулсот ќе помине подолг пат, а со тоа и подолго време, додека правилно да се процесира, за да може личноста соодветно да реагира. Тие полесно забележуваат ситници, но и имаат моќ да претпостават каков би бил исходот.rnrnОва значи дека интровертите имаат навистина „оптоварен“ мозок, преполн со грижи за тоа што ќе се случи следно. Во социјален контекст, кај нив се случува многу посложен процес поради кој некогаш нивната реакција за останатите е несоодветна или неочекувана. Но, сето тоа се случува само затоа што, едноставно, нивниот мозок е така структуриран. Тие секогаш ќе изберат помала и потивка, наместо поголема и побучна група луѓе.rnrnШто најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?rn

    Интровертен мамурлак

    rnПоради интензивната работа на мозокот, кај интровертите настанува состојба позната како „интровертен мамурлак“, која се случува поради зголеменото лачење кортизол и адреналин во текот на мисловниот процес. Оттука доаѓа и објаснувањето зошто попрво би останале дома и би ја слушале омилената музика – нив им треба да одморат и да закрепнат.rnrnВо идеален случај, една личност се движи по границата на екстровертност и интровертност и балансира меѓу двете состојби. Но, кога нештата се излезени од оваа рамнотежа, тогаш имаме луѓе кои избегнуваат социјални ситуации дури и ако претходно сакале да бидат присутни, но и такви кои постојано ќе бидат присутни секаде иако од тоа не постигнуваат никаква сатисфакција.rnrnИнтровертноста никако не е поврзана со срамежливоста или со социјалната анксиозност, како што често се верува. При социјална анксиозност, личноста се плаши од она што може да го направи и како останатите ќе гледаат на тоа, додека пак, интровертната личност се повлекува затоа што така се чувствува удобно. Всушност, социјална анксиозност може да им се случи дури и на најекстровертните лица.rnrnШто најчесто сфаќаме погрешно во врска со интровертите?rn

    Интровертите мразат блиц-разговори

    rnТие преферираат да аргументираат на некоја тема, па дури и со часови. Поради тоа, не гледаат поента кога правите краток муабет со нив, со површни прашања и одговори. Интровертниот попрво ќе избере да комуницира со две личности со кои ќе има вистински теми за разговор, наместо со 10 или 15 со кои ќе оствари само бледа комуникација.rnrnКога се работи за екстровертност или интровертност, на тоа не треба да гледате како проблем, туку како можност да го истакнете најдоброто од вас и да го искористите во своја корист. Секогаш треба да најдете начин да бидете отворени и кон себе и кон другите, за полесно да ги надминете проблемите, секако, доколку ги имате. Прифатете се себеси, без разлика на тоа колку сте интровертни и знајте дека, всушност, сè е во ред со вас.rnrnПрочитајте ги и овие 9 причини зошто интровертите треба да станат писатели.

  • 10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат

    10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаат

    Психолозите од Швајцарија имаат највисока годишна плата во својата област, но тоа не е затоа што се подобри од колегите ширум светот, туку затоа што знаат како да ги наплатат своите совети. Вистината е дека каде ѝ да сте, кога посетувате психолог, постојат неколку чести совети кои ќе ги добиете, а кои ви изгледаат премногу банални или клише. Сепак, тоа не значи дека плаќате непрофесионалци, туку дека за ваша среќа, сте еден од полесните случаи со кои психологот се среќава.rnrn10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаатrnrnОва се 10-те најчести совети кои можете да ги добиете од својот психолог, а за кои може да ви биде наплатена поголема сума на пари:rn

    1. Повеќето проблеми потекнуваат од детството. Погледнете ги само своите родители!

    rnКако тие се однесуваат? Зошто така се однесуваат? Постојат многу теории дека поголемиот дел од проблемите датираат уште од детството. Ако разберете зошто вашите родители во минатото постапиле на еден или на друг начин, ќе можете да им простите и да се прифатите себе, а со тоа и да продолжите понатаму.rn

    2. Проблемите со другите се во вашата глава

    rnВнатрешните дијалози со кои бараме објаснување за нечие однесување воопшто не се корисни. Постапките на другите не можеме да си ги објасниме, затоа што нашиот ментален склоп е поинаков од оној на другата личност. Секој обид да разберете е само создавање нов проблем во главата.rn

    3. Зборувајте за своите чувства и не отфрлајте луѓе

    rnСекогаш кога некого обвинувате, тој инстинктивно се обидува да се заштити. Ако наместо тоа кажете како се чувствувате, ги мотивирате да ја признаат грешката и да се обидат да ја поправат ситуацијата. Секако, тоа зависи и од она колку ѝ значите на личноста која ве повредила.rn

    4. Грижете се повеќе за себе, а помалку за мислењето на другите

    rnСпоредувањето со други луѓе е сосема неосновано и бескорисно. Секоја личност има свои предности, лични квалитети, желби, таленти… Можеме другите луѓе да ги користиме како инспирација за да се подобриме самите, но не и за да се изедначиме со нив.rn

    5. Излезете од својата безбедна зона

    rnОвој совет важи за секоја сфера од животот – од промена на работно место, до наоѓање партнер. Пронајдете ја својата страст, ризикувајте и вклучете се во нешто што ви е интересно, колку и да е нетипично за вас.rnrn10 бесплатни совети кои психолозите дебело ги наплаќаатrn

    6. Поставете свои граници и не дозволувајте да ги рушат

    rnВашите односи со луѓето зависат од границите кои ги поставувате. Трпењето нечие однесување кое не ви одговара и ве повредува, и молчењето во име на мирот, воопшто не ги решава проблемите. Затоа, потребно е да се постават граници и точно да им се покаже на другите до каде можат да одат.rn

    7. Секој ден направете мал чекор напред

    rnВоведувајте нови навики и размислувања, памтете ги добрите моменти, заблагодарете се… Ќе видите дека ситуацијата и не е толку лоша како што изгледа.rn

    8. Размислувајте за искуствата кои сте ги стекнале благодарение на некоја ситуација

    rnСекоја стресна и непријатна ситуација од која успешно сме излегле, со себе носи важна животна лекција, која пак ни дава искуство за во иднина полесно да се справуваме со тешките моменти.rn

    9. Оставете ги нештата да поминат

    rnПромените се секогаш добредојдени, но само за вас. Воопшто не е правилно да ги терате членовите од семејството или пријателите да го следат вашиот пример. За нив можеби важи и функционира нешто сосема различно од вашето. Сепак, тие ве сакаат и ќе имаат разбирање за вашите одлуки, сè додека не им наметнувате потреба да се менуваат поради вас.rn

    10. Бидете си самите свој пријател

    rnСекогаш бидете спремни да го признаете и да го прифатите поразот. Само на тој начин лесно ќе го надминете и ќе бидете подготвени за новите предизвици, кои со себе ќе донесат и успеси. Сепак и поразите се дел од важните животни лекции кои сите мораме да ги научиме.rnrnПрочитајте уште 10 интересни факти за човековата психологија.

  • Дали егото е наш сојузник или непријател?

    Дали егото е наш сојузник или непријател?

    Егото често се споменува во негативен контекст, но кога нештата ќе се согледаат од повеќе страни, тоа нам ни носи и некои предности во животот. Поради тоа, треба да научиме да го разбереме егото, да го прифатиме и да го употребуваме во своја корист.rnrnDali-egoto-e-nash-sojuznik-ili-neprijatel-kafepauza.mkrn

    Што е егото и како Фројд го дефинирал?

    rnАко пребараме на интернет или во стручна литература, ќе најдеме многу дефиниции и објаснувања според кои егото е наш внатрешен непријател кој ни ги расипува односите со луѓето. Веќе е толку природно да се карактеризира како негативна особина, што забораваме на оригиналната дефиниција според Фројд.rnrnТој, внатрешниот свет на луѓето го поделил на ид, его и суперего. Идот се состои од нагоните, инстинктите и несвесните нагони. Суперегото е моралот, свесноста и прилагодувањето на општествените норми кои сме ги прифатиле во текот на воспитувањето и образованието.rnrnЕгото се наоѓа меѓу нив и ги комбинира пораките од идот и суперегото.rnrnВо слободна дефиниција, би можело да се каже дека егото е нашето доживување за самите себе и иако некогаш може да биде преголемо, всушност не е возможно да се функционира без него. Тој дел од нас ни помага да ги процениме ситуациите и да се однесуваме соодветно на нив.rnrnДали егото е наш сојузник или непријател?rn

    Зошто често се наведува како синоним за себичност или ароганција?

    rnБез разлика на дефиницијата на Фројд, луѓето често го користат овој термин во многу погрешен контекст. Кога ќе чуеме дека некој има преголемо его, добиваме впечаток на арогантна и самобендисана личност, која сака да ја истакне својата важност. Затоа и се случува „набилданото“ его да се третира како внатрешен непријател, а некои дури и се обидуваат да се ослободат од него.rnrnПонекогаш се случува луѓето кои ги дефинираме како егоисти навистина да се обидат да ги контролираат своите нагони, особено ако се од материјална природа. Овие луѓе, исто така ќе се обидат да бидат повеќе на располагање на своите роднини и пријатели, но тогаш самите си го доведуваат во прашање карактерот и личноста. Имало и случаи каде луѓето толку се обидувале да се ослободат од егото, што станале самодеструктивни и претерано самокритични.rnrnЕмотивните рани можат да бидат болни исто како и физичките, а личност која еднаш била „етикетирана“ како егоистична, најчесто останува таква засекогаш, колку и да се обидува тоа да го смени.rnrnДали егото е наш сојузник или непријател?rn

    Егото ги лечи повредите од детството

    rnСè што правиме, правиме за да ги излечиме и замаскираме повредите од детството. Однесувањето во текот на растењето е соодветно на тоа какво детство сме имале. Така, некои ќе работат за да си дозволат скапа облека и други предмети, некои ќе собираат титули, трети ќе бидат хумани и ќе прават добри дела, а други ќе се обидат да создадат идеален дом.rnrnСето тоа е во ред, но доколку потекнува од некоја траума, може да се случи да се критикуваме себеси затоа што сме дозволиле егото да нè води.rnrnНо, токму во овој момент, наместо да се бориме со него, треба да му дозволиме на егото да биде посилно и постабилно. Треба само да процениме дали тоа го правиме од лично задоволство или пак сакаме да надоместиме за нешто што сме го немале во животот.rnrnПритоа, треба да внимаваме да не залутаме во слепа улица на самодеструкција и компулсивна потрага по она што мислиме дека ни треба.rnrnЗатоа, во тој момент, треба да се посветиме на надминување на тие неостварени детски желби и со ладна глава да размислиме за она што си го правиме себеси и енергијата да ја насочиме кон креирање подобар живот. На овој начин веќе сме успеале да го претвориме егото во наш сојузник.rnrnПрочитајте ги и овие Цитати за егото кои ќе ве инспирираат да станете посвесни за себе.

  • Интересно истражување: Што открива за вас вашата насмевка?

    Интересно истражување: Што открива за вас вашата насмевка?

    Насмевката има моќ и најмрачниот ден да го направи светол и радосен, па не е ни чудно што истата може да открие многу за вас и за вашиот карактер. Од друга страна пак, со насмевката им покажуваме на другите како се чувствуваме, но исто така и можеме да откриеме како им е ним.rnrnЕкспертите открија: Како насмевката може да открие многу нешта за вас?rnrnЗемете за пример само како насмевките на луѓето кои ги среќаваме секојдневно можат многу да ни кажат за нивната моментална состојба. Но, има ли и други скриени значења зад насмевките или пак сè е тоа субјективна интерпретација?rnrnНајпрво, карактеристичната насмевка што ја има секоја личност е нешто што се нарекува „Душенова насмевка“. Во овој контекст, „карактеристична“ се однесува на насмевката која реално и природно се појавува на лицето кога личноста е среќна и задоволна.rnrnТерминот „Душенова насмевка“ доаѓа од името на францускиот невролог Гијом Душен, кој во 19-ти век ги проучувал изразите на лицето и нивната психологија. Тој открил дека препознатливата насмевка потекнува од намерните и спонтаните контракции на два различни мускула на лицето, односно јаболкниците и очите и аглите на усните.rnrnМногумина се согласуваат дека е лесно да се препознае дали некој се смее вистински, од срце, само по брчките што се појавуваат околу очите, особено оние на надворешниот агол. Но, дали е навистина толку лесно? Погледнете го ова видео и тестирајте ја вашата способност да направите разлика помеѓу вистинска и лажна насмевка.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=47&v=ZxgCpyOAqGIrnrnИстражувањата, исто така, покажале дека насмевката, заедно со сите фацијални експресии, може да открие многу интересни нешта поврзани со карактерот на личноста, па дури и да предвидат колку ќе биде успешен животот во иднина. Студијата била објавена во 2001 година во списанието „Personality Processes and Individual Differences “. Но, што уште може да се дознае за една личност врз основа на тоа како се смее?rnrnЕшли Еделстајн e лиценциран терапевт кој работи со тинејџери, парови и млади. Таа открива дека како дел од нејзината работа е и „ловењето“ на визуелните знаци на клиентите, меѓу кои и смеењето.rn

    „Некои луѓе го даваат своето срце на рака, но има и такви кои природно се интровертни и малку откриваат за себе. Некои добро ги кријат вистинските чувства зад насмевка, но ние најчесто можеме да почувствуваме дека нешто не е како што го гледаме“, вели Еделстајн.

    rnТаа додава и дека природната и искрената насмевка вклучува многу повеќе од развлекување на усните и дека очите се токму оние кои ќе ги издадат вистинските чувства.rnrnЗатоа и во принцип е доста лесно да се забележи дали некој ја глуми насмевката.rn

    „Сите можеме да препознаеме лажна насмевка: развлечени усни, целосно покажани, но стиснати заби, без радост во очите“, изјавила Еделстајн, додавајќи дека токму од ваквиот израз на лицето може да се добие јасен знак за нечиј тензичен, тежок и неискрен темперамент.

    rnКога насмевката доаѓа природно, особено кога е широка, таа дава чувство на пристапност и допадливост, често покажувајќи дека се работи за порелаксиран тип темперамент. Оние кои се смеат со затворена уста оддаваат впечаток на љубезни и професионални личности, но во социјални ситуации може да испратат порака на затвореност и непристапност. Широката насмевка, позната како „од уво до уво“, укажува на самодоверба.rnrn2-ekspertite-otkrija-kako-nasmevkata-moze-da-otkrie-za-vas-kafepauza.mkrnrnЕделстајн додава и дека игривата полунасмевка оддава исто така игрив, некогаш и благо провокативен темперамент.rnrnСепак, овие откритија не треба да влијаат на тоа да размислуваме како се смееме и што тоа им покажува на другите. Информациите наведени во оваа статија не се наменети за менување на начинот на кој некој се смее, бидејќи секако, секоја личност има свој карактеристичен и уникатен начин на смеење, по кој другите проценуваат какво е неговото расположение.rnrnОна што треба да го запаметите е овој едноставен совет на авторката Даниел Радин: Никогаш не задржувајте ги во себе позитивните вибрации, без разлика каде сте или со кого зборувате.rnrnВашата препознатлива насмевка секогаш ќе им пренесе позитивна порака на луѓето околу вас, особено на работното место. Насмејте се, за да го подигнете нивото на самодоверба, во ситуации кога истата ви е најпотребна на професионално поле.rnrnРадин изјавува дека многу луѓе сметаат дека не треба да се смеат за време на интервјуата за работа, но токму насмевката може да биде знак дека се работи за кандидат кој е расположен да соработува ефективно со своите колеги.rnrnЗа крај, најважно е да запаметиме само едно: Насмевката е онаа која го прави нашиот изглед целосен!rnrnЉубезност, искреност и насмевка: 20 нешта што ќе направат да изгледате неодоливо!