КАФЕ ПАУЗА

Tag: предлози

  • 5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

    5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хит

    Веќе ги знаете најпопуларните туристички дестинации, а можеби и сте посетиле неколку. Но, доколку сакате нешто ново, погледнете ги местата кои според експертите за патување, допрва ќе станат хит.rn

    1. Капаа, Хаваи

    rn5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хитrnrnЗборот „kapa’a“ на хавајски значи „цврсто“ и е име на место кое не е многу популарно помеѓу туристите. Но, изминативе неколку години популарноста на ова место расте, благодарение на многуте хотелски понуди, трговски центри и ресторани. Малиот град кој е сместен во подножјето на планината Ноуноу е одличен избор за сите кои сакаат да уживаат во океанот, но сакаат да ја избегнат вревата од туристите.rnrnОвде можете да најдете многу предмети изработени со традиционални материјали и сигурно ќе понесете нешто со вас. Капаа е хавајско место познато и по многуте водни спортови кои можете да ги пробате. Доколку отпатувате овде, не заборавајте да го посетите и манастирот Кауаи, кој е познат по тоа што во него се изведува ритуална хиндуистичка молитва 24 часа дневно.rn

    2. Ишигаки, Јапонија

    rn5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хитrnrnВодата околу Ишигаки е толку сина, а песокот толку бел, што местото ќе ви изгледа нереално. Ова патување ќе биде незаборавно искуство за сите ваши сетила. Искусните туристи препорачуваат возење со брод со стаклено дно, преку кое ќе можете да ги гледате прекрасните корални гребени и тропските риби. Ова место има неверојатен подводен свет што навистина вреди да го видите.rn

    3. Гдањск, Полска

    rn5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хитrnrnЕден од најубавите градови во Полска секоја година станува сè попопуларен. Градот има и многу значајна улога во историјата – во 1939-та година бил точка од каде што тргнал европскиот, а и светскиот колапс, а во 1980-та бил место каде што се основал синдикатот Солидарност. Исто така, Гдањск е навистина важно место во кое се испреплетени историјата и сегашноста. Стариот град бил речиси целосно срушен за време на Втората светска војна, но конзерваторите завршиле одлична работа и го вратиле неговиот стар дух.rn

    4. Рига, Латвија

    rn5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хитrnrnОвој град е неверојатна мешавина од латвиска традиција и влијанието од разните држави кои ја окупирале државата во текот на годините. Рига е познат по неверојатните достигнувања во југендстилот, а неговиот арт нуво центар е заштитен од УНЕСКО.rnrnВо Рига има голем број барови, ресторани, но и музеи и можете да посетите сè со ограничен буџет. Покрај музеите и галериите, можете да ги посетите и историски значајните места. Доколку одите за време на пролет, лето или почетокот на есента, сигурно ќе начекате некој концерт или претстава на отворено.rn

    5. Сан Хозе, Костарика

    rn5 туристички дестинации кои допрва ќе станат хитrnrnБез разлика дали сте љубители на кафе или не, овој град е престолнина со кафе и мора да пробате од магичниот пијалак. Пробајте го свежо печеното кафе на централниот плоштад и уживајте во вкусот. Овде можете да го посетите и Музејот на златото, кој сигурно ќе ве остави без зборови. Доколку сакате да се забавувате, Ел Пуебло е центарот на ноќниот живот и место каде што можете да најдете одлични коктели и забава до раните утрински часови.rnrnПогледнете ги и овие потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година.

  • Романтични миди фустани погодни за секоја прилика

    Романтични миди фустани погодни за секоја прилика

    Фустаните се неизоставен дел од гардероберот на секоја жена. Изминативе неколку сезони особено популарни се фустаните со принтови кои се идеални за секаква прилика – од дневна прошетка, па сè до ноќно излегување.rnrnРомантични миди фустани погодни за секоја приликаrnrnШироките миди фустани се одлични за девојките со авантуристички дух. Токму овие модели целосно го прикажуваат нивниот карактер. Она што е посебно кај овие фустани е нивната практичност и можноста за комбинирање со разни модни парчиња. Со добар капут и вистинскиот пар чевли, овој модел фустани ви даваат одлична комбинација за секакви случувања. За дневно излегување, овие фустани одлично изгледаат со чизми до глуждот и со голем капут.rnrnРомантични миди фустани погодни за секоја приликаrnrnАко се одлучите за миди фустан за вечерно излегување, можете да облечете чизми над колена или едноставни чевли со високи потпетици. Доброто кај овие фустани е што можете да ги носете во која било сезона – добри се за топлите летни денови, но одлични се и за облекување во слоеви во текот на студените месеци.rnrnРомантични миди фустани погодни за секоја приликаrnrnПогледнете и кои се видовите фустани што секоја жена треба да ги има во својот плакар.

  • 5 јазици што можете да ги научите во 2019-та година

    5 јазици што можете да ги научите во 2019-та година

    Секој ги знае придобивките од тоа да зборувате уште еден јазик, но како да се одлучите кој да го научите? Сепак за изучување јазик е потребно многу време, а ако не го користите јазикот целиот труд може да биде залуден. За потрагата да ви биде полесна, ова се некои од најдобрите јазици што можете да ги научите оваа година.rnrn5 јазици што можете да ги научите во 2019-та годинаrn

    1. Шпански

    rnВо светот постојат 330 милиони луѓе чиј мајчин јазик е шпанскиот. Кога станува збор за практичноста и употребата, шпанскиот е одличен избор.rn

    2. Кинески

    rnИако изгледа како чуден избор, кинескиот може да биде навистина корисен во бизнисот и политиката. Ова е најзборуваниот јазик во светот – на 982 милиони луѓе им е мајчин, а над 1,1 милијарда го научиле како втор јазик. Мнозинството од овие луѓе живеат во Кина, но наскоро тоа ќе се промени.rn

    3. Италијански

    rnИталијанскиот е јазикот на класичната музика, модата, уметноста, храната и најдобрите модни брендови, па не е ни чудно што Шекспировата „Ромео и Јулија“ е сместена во Италија. Иако италијанскиот е можеби малку потежок од шпанскиот, фонетските звуци и времињата го прават лесен за учење.rn

    4. Англиски

    rnАнглискиот е доминантниот јазик на Интернетот и денес речиси и да не можеме без него. Тој на некој начин стана универзален јазик и никогаш нема да погрешите доколку го научите.rn

    5. Германски

    rnГерманија е најдоминантна економија во Европа, четврта најголема во светот и германскиот е најзборуваниот јазик на Европскиот континент. Германскиот им е мајчин јазик на 105 милиони луѓе, а над 80 милиони други го зборуваат како втор јазик. Доколку сакате да работите во Германија, познавањето на јазикот ќе ви направи голема разлика.rnrnПогледнете и кои се најтешките јазици за учење.

  • 10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сè

    10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сè

    Одвреме-навреме на секој од нас му се случува да не сака да прави ништо освен да се смести удобно и да изгледа некој филм. Најчесто ова се стресни периоди кога се чувствувате преплавено од сè. Доколку ви е потребен краток одмор, изгледајте некој од овие филмови коишто навистина ќе ви помогнат да заборавите на сè.rn

    1. „Флоренс Фостер Џенкинс“ (Florence Foster Jenkins)

    rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnОваа трагикомедија е навистина шармантна. Мерил Стрип ја гледаме во улога на богата жена од Њујорк која има сè, но сака да биде оперска пејачка и покрај тоа што има ужасен глас. Во улогата на нејзиниот сопруг ќе го гледате прекрасниот Хју Грант.rn

    2. „Недопирливи“ (The Intouchables)

    rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnКреаторите на овој филм успеале да создадат духовито, шармантно и весело дело кое го слави животот. Филмот е комбинација од комедија и драма за два целосно различни ликови.rn

    3. „Одморот“ (The Holiday)

    rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnДве жени живеат 10.000 километри оддалечени една од друга, а и двете се навистина несреќни. Се запознаваат преку Интернет на веб-сајт за размена на апартмани и го прават токму тоа, си ги разменуваат апартманите. Оваа одлука целосно ќе им ги промени животите.rn

    4. „Соул кичен“ (Soul Kitchen)

    rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnФилмот на германскиот режисер со турско потекло, Фатиха Акина сигурно ќе ви го подобри расположението. Дејството се случува околу ресторанот „Соул Кичен“ во Хамбург, а сите ликови сигурно ќе ви се допаднат.rn

    5. „Љубов, всушност“ (Love Actually)

    rn10 филмови кои ќе ви помогнат да заборавите на сèrnrnМожеби овој филм ви е веќе изгледан десет пати, но време е да го погледнете уште еднаш. Љубовта навистина може да промени сè – од згодниот нов премиер кој се вљубува во неговата секретарка, до писателот кој бара некој што ќе го освои неговото скршено срце. Уште подобро за филмот е што има и одлична актерска екипа.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Неверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогаш

    Неверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогаш

    За да отидете на одморот од соништата, треба да планирате однапред. Иако сезоната на празници заврши и веќе сите се вратија на работа, тоа не значи дека не можете да го планирате вашиот следен одмор. Доколку сакате нешто навистина неверојатно, сигурно ќе ви се допаднат овие прекрасни хотели ширум светот.rn

    Подземни сребрени соби, Шведска

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnАко сте уморни од постојаното ѕвонење на вашиот телефон и сите електронски направи што ви го одвлекуваат вниманието, упатете се во Подземните сребрени соби. Овој хотел е сместен 155 метри под земјата во историски рудник за сребро во Шведска. Па, овде не стигнува никаков телефонски сигнал. Додека минувате низ темните и тесни тунели за да стигнете до вашата соба, ќе почувствувате како било да се работи овде. Не заборавајте да понесете и топла облека. Иако собите се затоплени, во ходниците температурите се навистина ниски.rn

    Висечки градини во Бали, Индонезија

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnДоколку сакате одлични фотографии за на Инстаграм или едноставно уживате да бидете во природа, ова е место што не треба да го испуштите. Базенот е навистина неверојатен, па не треба да ве чуди зошто е еден од најфотографираните. Густата дождовна шума и неверојатната тропска клима го прават ова место совршено за секој љубител на природата.rn

    Ложата Ту Ту Тун, Орегон, САД

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnКога ќе ги видите овие куќи ќе останете без зборови. Доколку навистина сакате да се релаксирате и да избегате од реалноста, упатете се овде. Сместен на брегот на реката Роуг, овој хотел е совршено место за опуштање. Реката и нејзиното живописно опкружување го прават местото како да излегло од разгледница.rn

    Одморалиште Ладера, Света Луција

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnАко сакате да живеете во џунгла, ова одморалиште е само за вас. Со поглед кон познатите планини Питон, синото Карипско Море и опкружено со густа шума, ова место е помагично отколку што можете да замислите. Собите имаат само 3 ѕидови, а четвртиот е отворен и изложен на неверојатната природа. Па, можете да имате многу неочекувани гости од шумата за време на зајдисонцето.rn

    Бамбу Инда, Бали

    rnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnНеверојатни хотели од целиот свет во кои ќе сакате да останете засекогашrnrnВодниот свет има магичен шарм, па секој хотел што ви овозможува да го гледате е посебен. Иако постојат неколку хотели кои ви нудат да ѕирнете во морскиот свет, Бамбу Ида е можеби најдобриот. Дел од собите се сместени над езеро и имаат стаклен под преку кој можете да гледате во водата. Немојте да се грижите, подот нема да се скрши.rnrnДали знаете кои се најскапите луксузни хотели во светот?

  • 6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

    6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та година

    Доколку планирате да патувате оваа година, можеби е веќе време да се одлучите за дестинација. Патувањето е еден од најдобрите начини да научите нешто повеќе за себе, а посетувањето нови места ќе ви ги прошири видиците и ќе ви даде нова перспектива кон животот. Постојат некои дестинации кои никогаш не се здодевни, но на оваа листа ќе најдете места кои другите често ги забораваат. Па, подгответе го куферот и упатете се кон некои од најневеројатните потценети дестинации.rn

    1. Непал

    rn6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та годинаrnrnНепал е полн со пејзажи кои се како од друг свет и дефинитивно ќе ве восхитат. Без разлика дали сакате авантура па ќе планинарите на Хималаите, или едноставно сакате да уживате во неверојатните глетки, ова ќе биде патување што нема да го заборавите.rn

    2. Камбоџа

    rn6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та годинаrnrnНајверојатно кога мислите на Југоисточна Азија прво помислувате на Тајланд, но Камбоџа е соседна држава која исто така може да ви понуди многу. Од неверојатниот храм Анкгор Ват, до прекрасните спа третмани, овде навистина има што да правите и што да видите.rn

    3. Романија

    rn6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та годинаrnrnМожеби Романија не е прва на листата за посета на европските држави, но ќе се изненадите од она што може да ви го понуди. Можете со денови да ги истражувате замоците, а тоа ќе биде само почетокот на патувањето.rn

    4. Гренланд

    rn6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та годинаrnrnЗошто да не ја посетите Гренланд оваа година? Доколку сте со авантуристички дух, навистина ќе ви се допаднат сите активности на отворено, од кајакарство и качување карпи, па сè до нуркање. Природната убавина на оваа држава нема да ве остави рамнодушни.rn

    5. Занзибар

    rn6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та годинаrnrnЗанзибар е позната по тиркизната вода, па подгответе ги костимите за капење. Ова е совршена дестинација за мало бегство од реалноста и дефинитивно заслужува да се најде на вашата листа. Ова е одлично место за љубителите на водата и оние кои сакат спортови на вода. Ќе можете да се релаксирате и да ги впивате сончевите зраци.rn

    6. Словенија

    rn6 потценети дестинации кои вреди да ги посетите во 2019-та годинаrnrnСловенија е како мал рај во Централна Европа и навистина вреди да ја посетите. Државата е полна со планини и смарагдно зелени води кои изгледаат како да излегле од бајка. Овде можете да ги истражувате пештерите, замоците и прекрасните пејзажи и сигурно нема да зажалите што сте ја посетиле.rnrnПогледнете и кои се средновековните знаменитости во Европа што можете да ги посетите и денес.

  • Некои од најдобрите филмови на сите времиња

    Некои од најдобрите филмови на сите времиња

    Дали знаете кои се најдобрите филмови кои се некогаш направени? Доколку одговорот е не, во продолжение погледнете ја листата со која можете да направите одличен филмски маратон.rn

    1. „Кога јагнињата ќе стивнат“ (Silence of the Lambs)

    rnНекои од најдобрите филмови на сите времињаrnrnОва е филм чија популарност не може да стивне. „Кога јагнињата ќе стивнат“ е третиот филм во историјата што добил Оскар во сите топ 5 категории.rn

    2. „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (The Raiders of the Lost Ark)

    rnНекои од најдобрите филмови на сите времињаrnrnСо овој филм се роди еден од најпопуларните акциони херои на сите времиња. Првиот филм со Индијана Џонс доби 4 Оскари и постави нови стандарди за специјалните ефекти во филмовите.rn

    3. „Прозорец во дворот“ (Rear Window)

    rnНекои од најдобрите филмови на сите времињаrnrnМногу критичари сметаат дека ова е најдобриот филм на Хичкок, и тоа со причина. Филмот можете да го сретнете многу пати во поп културата и е додаден во Националниот регистар на филмови поради неговата историска и културна значајност.rn

    4. „Казабланка“ (Casablanca)

    rnНекои од најдобрите филмови на сите времињаrnrnОд овој филм не се очекувало да биде голем блокбастер, а најмалку да биде еден од најдобрите на сите времиња. Сепак, оваа драма сместена во Втората светска војна успеа да освои 3 Оскари, вклучувајќи и еден во категоријата Најдобар филм.rn

    5. „Добри момци“ (Goodfellas)

    rnНекои од најдобрите филмови на сите времињаrnrnФилмот на Скорсезе честопати се смета за најдобриот „мафијашки“ филм на сите времиња и служеше како инспирација за познатата ТВ серија „Сопранови“ (The Sopranos).rn

    6. „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“ (Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring)

    rnНекои од најдобрите филмови на сите времињаrnrnОвој филм им стана омилен на фановите и на критичарите бидејќи е најдобрата адаптација на истоимената книга на Толкин.rn

    7. „Седум самураи“ (Seven Samurai)

    rnНекои од најдобрите филмови на сите времињаrnrnОвој филм раскажува за село кое најмува седум самураи кои ќе ги заштитат од бандити. „Седум самураи“ е јапонски филм со најголема заработка и еден од малкуте јапонски филмови кои се прославиле на Западот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието

    13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието

    Денес речиси и да немаме време за долги серии. Поради ова мини сериите земаат сè поголем замав. Тие се одлични за опуштање по долгиот напорен ден, а за да ги изгледате доволно ви е само еден викенд. Во продолжение погледнете некои понови мини серии што навистина ќе ве заинтересираат.rn

    1. „Крајот на е***иот свет“ (The End of the F***ing World)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnЏејмс и Алиса имаат 17 години, но се веќе разочарани од животот. Таткото на Алиса ја напуштил, а мајката на Џејмс извршила самоубиство. Двата лика се среќаваат и одлучуваат да избегаат од нивниот град. Но целта на нивното патување не е баш обична или нормална. „Крајот на е***иот свет“ има сè што ѝ е потребно на една мини серија – солзи, крв и бунтување.rn

    2. „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnПатрик Мелроуз е аристократ со многу пари, психолошки нарушувања и проблеми. Во неговото детство бил малтретиран од татко му, но успеал да стане значајна личност во општеството. Приказната за мажот кој се справува со траумите со помош на алкохол и дрога, речиси сигурно ќе ви го привлече вниманието.rn

    3. „Мозаик“ (Mosaic)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnОваа серија започнува со крајот – убиството на главниот лик, авторката на книги за деца по име Оливија. Ерик Нил е главниот осомничен, но нештата не се толку едноставни. Серијата продолжува со сеќавања од минатото кои ни покажуваат што навистина ѝ се случило на авторката. Овој необичен трилер ќе ве остави без здив до самиот крај.rn

    4. „Пикник на Хенгинг Рок“ (Picnic at Hanging Rock)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnДве девојки и нивните учителки исчезнуваат по пикник на мистериозното место Хенгинг Рок на Денот на вљубените. Ова е навистина морничава и убава серија, а во главниот лик ќе ја видите Натали Дормер.rn

    5. „Внатрешната убавина“ (The Beauty Inside)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnАлекс секое утро се буди како различна личност, а со ова „нарушување“ е навистина тешко да пронајдете љубов. Но кога луѓето ќе се вљубат, најважно е она што е внатре, а токму тоа се обидуваат да го прикажат креаторите. Оваа необична серија полна со љубов и романса ќе биде вистинска храна за вашиот ум.rn

    6. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnКлеј е обичен тинејџер кој е вљубен во Хана, девојка која извршила самоубиство. Тој открива 7 касети снимани од Хана во кои таа ги опишува 13-те причини зошто ставила крај на својот живот. „13 причини зошто“ ќе ве натера да обрнувате повеќе внимание на луѓето околу вас.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 5 одлични рецепти за вашата новогодишна трпеза

    5 одлични рецепти за вашата новогодишна трпеза

    Доколку сте одлучиле Новата година да ја дочекате во удобноста на вашиот дом, сигурно ќе ви се допаднат овие предлози за вашата новогодишна трпеза.rn

    1. Кифлички со сирење

    rn5 одлични рецепти за вашата новогодишна трпезаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 килограм брашно
    • rn 011

    • Масло
    • rn 011

    • 500 милилитри млеко
    • rn 011

    • 3 јајца
    • rn 011

    • 1 и пол коцка квасец
    • rn 011

    • Сирење
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • За филот измешајте 200 грама сирење со 1 јајце. Додајте сол по вкус.
    • rn 011

    • Во малку топло млеко ставете квасец, сол и шеќер. Промешајте за брзо да се растопи квасецот. По 5 минути почнете да го подготвувате тестото.
    • rn 011

    • Во сад ставете брашно, направете дупка во средината, ставете ги 3-те јајца, па полека налевајте млеко и почнете со мешање. Можете да почнете со лажица, а кога ќе се соедини смесата продолжете со рака. Направете меко тесто и оставете го да порасне.
    • rn 011

    • Поделете го тестото на 6 делови. Од секој дел направете 8 кифлички. Филувајте ја секоја со сирење и наредете ги на подмачкана тава. Оставете ги стојат 1 и пол час.
    • rn 011

    • Пред печењето, на секоја кифличка ставете парче маргарин, премачкајте ги со жолчка и ставете малку сусам.
    • rn 011

    • Ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени. По неколку минути намалете ја температурата на 180 степени.
    • rn

    rn

    2. Салата мимоза

    rn5 одлични рецепти за вашата новогодишна трпезаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 средни компири
    • rn 011

    • 400-500 грама моркови
    • rn 011

    • 6-7 кисели краставички
    • rn 011

    • 6 јајца
    • rn 011

    • 1 главица виолетов кромид
    • rn 011

    • 200 грама кашкавал
    • rn 011

    • 300 грама салама по избор
    • rn 011

    • 300 грама мајонез
    • rn 011

    • 100 грама кисела павлака
    • rn 011

    • 1 лажичка сол
    • rn 011

    • Бибер
    • rn 011

    • Свеж магдонос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Сварете го компирот, а морковите излупете ги и сварете ги одделно. Сварете ги и јајцата и оставете ги да се изладат со зеленчукот.
    • rn 011

    • Измешајте ги мајонезот и павлаката и додајте сол и бибер.
    • rn 011

    • Изрендајте ги сите состојки (освен лукот). Одделете ги белките од жолчките.
    • rn 011

    • На дното ставете го исечканиот магдонос, изрендајте компир и ставете тенок слој од намазот.
    • rn 011

    • Потоа ставете морков, намаз, салама, намаз, кашкавал, намаз, лук, намаз, рендана белка, намаз, кисели краставички, намаз, и на крај додајте ја ренданата жолчка. Украсете по желба.
    • rn

    rn

    3. Полнети ролнички со сланина

    rn5 одлични рецепти за вашата новогодишна трпезаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 пар пилешки гради
    • rn 011

    • 200-250 грама сува сланина
    • rn 011

    • 100-150 грама кулен
    • rn 011

    • 150 грама фета сирење
    • rn 011

    • Зачин, сол и бибер
    • rn 011

    • Лук
    • rn 011

    • Кари
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Исечете го месото на тенки шницли, додајте зачини, сол, бибер и кари и добро измешајте.
    • rn 011

    • Издробете го сирењето, додајте го издробениот бел лук и исечканиот кулен и добро измешајте.
    • rn 011

    • Ставете едно парче сланина, а врз него парче месо. На месото ставете од филот со сирење. Завиткајте го заедно со сланината и направете ролничка.
    • rn 011

    • Наредете ги ролничките во сад со фолија. Можете да додадете и компир да се пече како прилог.
    • rn 011

    • Печете 40 минути во рерна загреана на 200 степени.
    • rn

    rn

    4. Салата со зелка и кисело млеко

    rn5 одлични рецепти за вашата новогодишна трпезаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 помали зелки
    • rn 011

    • 1 кромид
    • rn 011

    • 1 лажичка шеќер
    • rn 011

    • 1/2 лажичка сол
    • rn 011

    • Бибер
    • rn 011

    • 120 милилитри млеко
    • rn 011

    • 4 лажици мајонез
    • rn 011

    • 230 милилитри матеница
    • rn 011

    • 1 лажица оцет
    • rn 011

    • Малку лимонов сок
    • rn 011

    • 1 морков
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • Исечкајте ја зелката и измешајте ја со кромидот и изренданиот морков.
    • rn 011

    • Во друга чинија ставете шеќер, сол, бибер, млеко, мајонез, оцет и матеница. Мешајте додека не се соединат состојките.
    • rn 011

    • Измешајте го преливот со зелката и оставете да отстои околу 1 час.
    • rn

    rn

    4. Куглоф со малини и чоколадо

    rn5 одлични рецепти за вашата новогодишна трпезаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 5 јајца
    • rn 011

    • 250 грама шеќер
    • rn 011

    • 250 грама маргарин
    • rn 011

    • 100 грама чоколадо
    • rn 011

    • 200 милилитри јогурт
    • rn 011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn 011

    • 350 грама брашно
    • rn 011

    • 300 грама малини (или вишни)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    • За преливот растопете 100 грама чоколадо со една лажица масло.
    • rn 011

    • Растопете 100 грама чоколадо, калапот премачкајте го со масло и брашно и загрејте ја рерната на 180 степени.
    • rn 011

    • Изматете ги маргаринот, шеќерот и ванилиниот шеќер, додајте ги јајцата, јогуртот и брашното.
    • rn 011

    • Во калапот ставете поголем дел од тестото, додајте ги малините, па додајте уште малку од смесата.
    • rn 011

    • Во остатокот смеса измешајте го растопеното чоколадо и ставете го во садот. Со нож прободете низ тестото.
    • rn 011

    • Печете околу еден час, па оставете го да се излади. Извадете го колачот од калапот и прелијте го со растопено чоколадо.
    • rn

    rnПогледнете го и овој одличен предлог за декорација на вашата новогодишна трпеза.

  • 10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

    10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

    Филмовите од 80-тите биле или неверојатни, или многу лоши, во зависност од тоа кого ќе прашате. Но на почетокот на векот, 80-тите повторно станаа популарни. Без разлика што мислите за овој период, не можете да одречете дека некои од најдобрите филмови се направени токму тогаш. Во продолжение погледнете ги филмовите од оваа деценија што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството.rn

    1. „Враќање во иднината“ (Back to the Future)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnМожеби овој филм нема да ви го промени животот, но сигурно се сеќавате на него. Ликот на Марти Мекфлај ќе ви даде самодоверба, а самата идеја за патувањето низ времето е навистина примамлива. Прашањата и проблемите со кои се соочува Марти во текот на патувањето ќе ве натераат да размислите за вашите избори.rn

    2. „Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ (Star Wars: The Empire Strikes Back)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnФилмот што го знаат сите е приказната за младото момче кое се соочува со неговото минато и станува маж. Покрај неверојатните вселенски битки, мудроста на Џедаите и планетите на вонземјаните, ова е приказна за растењето и соочувањето со предизвици кои сигурно ви се познати – семејството и личноста којашто ќе станете.rn

    3. „Направи го правилното нешто“ (Dо the Right Thing)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnOва е приказна за ѕид во една пицерија. Кога ќе настане конфликт помеѓу сопственикот на пицеријата Сал и редовниот посетител поради тоа зошто на Ѕидот на славата на пицеријата има само Италијанци, се создава вистинска напнатост низ целото соседство. Сите почнуваат да го гледаат ѕидот како симбол на расизмот.rn

    4. „Утрински клуб“ (The Breakfast Club)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnОва е еден филм кој изгледа како да не е ништо повеќе од забавна комедија. Но набрзо се менува и станува приказна за несигурноста и наоѓањето заеднички нешта со луѓето кои навидум се сосема различни од вас.rn

    5. „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (Raiders of the Lost Ark)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnСеријалот Индијана Џонс речиси сигурно ќе ве врати во детството. Ако сакате да истражувате и да патувате, потрагата по најмистериозниот предмет на Земјата ќе го разбуди авантуристот во вас.rn

    6. „Таа мора да го има“ (She’s Gotta Have It)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnОвој филм е приказна за Нола Дарлинг која има сериозни проблеми со љубовта. Не може да одлучи каков маж сака, па одлучува да се состанува со тројца во исто време. Она што е интересно за филмот е отворената дискусија за врските и сè што доаѓа со нив. Целта е да се раскаже приказна за жена која не знае кон каде да се движи, и тоа на навистина искрен начин.rn

    7. „Карате кид“ (The Karate Kid)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnОвој филм е често опишуван како верзија на „Роки“ (Rocky) со боречки вештини. Во истиот дух, и овој филм ќе ве инспирира и ќе ве натера да скокате и да удирате во нешто, или барем да бидете попродуктивни. Покрај тоа, филмот изнесува некои важни лекции за тоа како да се справите со малтретирањето и ја истакнува моќта и важноста на смирениот и фокусираниот ум.rn

    8. „Бескрајна приказна“ (The Never Ending Story)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnОва е приказна за момче кое влегува во светот на фантазијата со помош на една мистериозна книга. Приказните се важни бидејќи не само што можат да нè научат на многу, туку имаат уникатна способност да нè однесат во некоја друга реалност. Овој филм ќе го направи токму тоа.rn

    9. „Слободниот ден на Ферис Буелер“ (Ferris Bueller’s Day Off)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnТешко е да се замисли листа со филмови од 80-тите без овој наслов. Веројатно поминало долго време откако последен пат сте го изгледале, но сигурно се сеќавате на кршењето на 4-тиот ѕид, скокањето и епскиот подвиг на Ферис и неговите пријатели. Во овој филм ќе научите дека животот е краток и дека треба да го извлечете најдоброто од времето што ви е дадено.rn

    10. „Вонземјанин“ (E.T. the Extra-Terrestrial)

    rn10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детствотоrnrnКласиката на Спилберг е за две момчиња кои стануваат пријатели со чуден вонземјанин. Нивната цел е да им избегаат на властите. Не треба да нè чуди зошто ова е најпрепознатливиот филм на сите времиња. Приказната е одлично раскажана и ја покажува моќта на пријателството и неговата способност да ги надмине сите граници.rnrnПогледнете и кои се највисоко рангираните филмови на IMDb.