Автор: Софијаrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnПред да застане на сцената, нежно помина со рацете по долгиот стаклен лустер, изработен од квалитетни ситни кристали. Потоа вдиша длабоко, се поткрена на прсти и застана на сцената. Во бел фустан, кој и ја оцртуваше контурата, грациозно танцуваше на „Лебедово Езеро“. Газеше по темниот под, како чиниш, по облаци. Сè се затемни. Само едно мало светло остана да ја придружува на сцената. Светкаа нејзините очи. Криеја љубовна приказна. Почна диво да се крева на прсти и вешто да го превиткува телото. Се претвори во грациозно суштество, ги магепса мажите и створи завист во срцето на секоја жена. Се издигна до божица. Само таа, на големата сцена владееше. Во дланките стегаше живот, а од градите испушташе купови енергија. Корсетот ù ги стегаше градите, како скудно лимоново дрво и кога ја издигнуваше главата нагоре, како стебло од изникнат багрем, нежно се оцртуваше вратот. Див лебед ја освои сцената и со секое наредно движење се влажнеа безброј очи за уште и уште.
Наеднаш светлата се запалија и музиката заврши. Таа застана и се скамени. Во првиот ред го виде него. Грмнаа аплаузи, а таа се тресеше како рака на нововработен хирург. Тој почна да ја соблекува. Со поглед и ги сечеше прерамките и ù го спушташе фустанот. Се почувствува како гола да стои пред странец, а тој лакомо ја љуби, ја експериментира, ја превртува.rnrnСветлата се гасат. Изнемоштена, снагата и свенува, се врти кон стаклениот лустер, со поглед го допира. Потоа го гледа него, а до него друга. За последен пат, во темницата им се сретнуваат погледите. Тој ја затвора, ја здиплува, ја остава.rnrnЗавесите се спуштаат.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrn——————————————————————————————————————————————————————-rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: Предложи содржина
-

Балерината
-

„Голден гејт“ низ 20 фотографии
Автор: ВикиrnПоднесено преку „Предложи содржина“rn
„Голден Гејт“ е висечки мост што во превод значи „Златна капија“.
Мостот Голден Гејт бил најдолгиот висечки мост во светот кога завршила изградбата во 1937 година. Со тоа станал еден од најпознатите меѓународни признати симболи на Сан Франциско, Калифорнија, па и на САД.
Ви ги претставуваме 20-те најубави фотографии од мостот „Голден Гејт“ во Калифорнија.
















rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Животни цитати кои ќе ве замислат
Автор: ВикиrnrnЧестопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.rnrn
rnrnЕве неколку цитати кои ќе ве натераат убаво да размислите за некои работи во животот:rnrn„На крајот, нема да биде важно колку пати длабоко сте воздивнале, туку колку моменти ви го одзеле здивот.“rn- Шинг Шионг
rn
„Кога животот ти дава сто причини за да плачеш, покажи му дека имаш илјадници причини за да се насмевнеш.“
rn
„Никогаш не кажувај ги своите проблеми на никого. На 20% од луѓето не им е гајле, а на останатите 80% им е мило што ги имаш.“rn- Лу Холц
rn
„Биди тоа што си и кажувај го тоа што го мислиш бидејќи тие што ти замеруваат не се вредни, а оние кои не замеруваат се оние што навистина вредат.“rn- Д-р Сеус
rn
„Како што растеме, учиме дека личноста која никогаш не сме очекувале да нè разочара, веројатно ќе го направи тоа. Вашето срце ќе биде скршено, вие ќе скршите туѓи. Ќе се карате со вашиот најдобар пријател или можеби дури ќе се заљубите во него и ќе плачете бидејќи времето лета за миг. Затоа, направете многу слики, смејте се често, лесно опростувајте и љубете како никогаш да не сте биле повредени. Животот не доаѓа со гаранција, со време за одмор, со втори шанси. Треба само да го живеете во потполност. Кажете му некому што тој значи за вас и смело прекорете некој што ве разочарал или навредил, зборувајте гласно, танцувајте на пороен дожд, држете нечија рака во вашата, утешете пријател, заспивајте гледајќи го заоѓањето на сонцето, станувајте доцна наутро, флертувајте и смешкајте се додека не почувствувате болка на вашето лице. Не плашете се да ризикувате и да се заљубите, и најмногу од сè, живејте во моментот, бидејќи секоја секунда што ја трошите во лутина или вознемиреност е секунда од среќата која никогаш не можете да ја вратите назад.“
rn
„Отсекогаш знаев дека сеќавањето на солзите од минатото ќе ме засмева, но никогаш не очекував дека сеќавањето на насмевките од минатото ќе направи да заплачам.“
rn
„Работи како да не ти се потребни парите, љуби како никогаш да не си бил повреден и танцувај како никој да не те гледа.“rn- Рендал Џ. Лејтон
rn
„Совет е она што го бараме кога веќе го знаеме одговорот, но посакуваме да не сме го знаеле.“rn- Ерика Јонг
rn
„Кога една врата се затвора, друга се отвора. Но, често, толку долго гледаме жалејќи во затворената врата, што не можеме да ја видиме онаа која се отворила за нас.“rn- Александар Грејам Бел
rn
„Боли кога љубиш некого, а љубовта не ти е возвратена. Но, она што боли повеќе е да љубиш некого и никогаш да не собереш доволно храброст да му покажеш како се чувствуваш.“
rn
„Најтажната работа во животот е кога ќе запознаеш некој што многу ти значи, за на крајот да сфатиш дека не сте биле створени еден за друг и едноставно мора да го пуштиш да замине.“
rn
„Најдобар пријател е оној со кој можеш да се нишаш на нишалка во дворот, да не проговориш ниту еден единствен збор, а потоа да заминеш со чувството како тоа да бил најдобриот разговор што некогаш си го имал.“
rn
„Точно е тоа дека не знаеме да цениме нешто додека не го изгубиме, но исто така е точно дека не знаеме што сме пропуштиле сè додека тоа не се случи.“
rn
„Потребна е само една минута за некој ‘да ти падне во око’, еден час за да ти се допадне и еден ден за да се заљубиш, но потребен е целиот живот за да го заборавиш.“
rn
„Не барај изглед – тој залажува. Не оди по богатството – и тоа еден ден ќе го снема. Барај некој кој те смее, бидејќи една насмевка е сè што е потребно за мрачниот ден да стане светол.“
rn
„Сонувај што сакаш да сонуваш, оди каде што сакаш да одиш, биди она што сакаш да бидеш, затоа што имаш само еден живот и една шанса да го направиш сето она што сакаш да го направиш.“
rn
„Секогаш ставај ги своите нозе во туѓи чевли. Ако почувствуваш болка, најверојатно така се чувствува и личноста која е нивни сопственик.“
rn
„Невнимателен збор може да поттикне раздор. Суров збор може да уништи живот. Искажан збор во даден момент може да предизвика стрес. Но, еден љубезен збор може да исцели и да благослови.“
rn
„Најсреќните луѓе не секогаш го имаат најдоброто од сè во животот. Тие само го искористуваат максимумот од сè што им доаѓа на патот.“
rn
„Љубовта започнува со насмевка, се развива со бакнеж, завршува со солза. Кога си се родил, си плачел, додека сите околу тебе се смееле. Живеј го животот така за кога ќе умреш, ти да бидеш оној што ќе се смее, додека сите околу тебе ќе плачат.“
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Смешни начини на раскинување
Автор: Викиrnrn
„Сè уште ми недостасува мојот бивш, но пoзабавно ми е да го гледам како пати.“
rnНајдобро е да се избегнуваат ваквите тажни и тмурни изјави. Она што обично ни помага да продолжиме понатаму после раскинувањето, се смешните ситуации на кои се присетуваме.rnrnБез разлика дали ќе му ги пратите на вашиот бивш/а преку СМС или пак ќе си ги задржите само за себе, со ваквите изјави и мисли, секако ќе имате причина да се насмеете. Плус, запомнете дека понекогаш работите треба да се сфаќаат малку полабаво, понесериозно.rnrn
rnrnЕве неколку начини на смешно раскинување:rnrn„Заборави ја љубовта, јас попрво би се заљубил/а во чоколадо.“
rn
„Најпрво, после раскинувањето, ќе имаш слика за себе, како си сама на 57-58 години, шеташ во ноќница, со косата фатена во пунџа, можеби си библиотекарка, подгреваш супа за една особа и се грижиш за пајажините што растат во твојата утроба.“rn-Убави девојки (1996)
rn
„Не оди си лут, само оди си!“
rn
„Не е до мене, до тебе е.“
rn
„Мојот витез во сјаен оклоп испадна дека е губитник во алуминиумска фолија.“
rn
„Јас добив прстен, тој доби прст.“
rn
„Ако твојот мобилен телефон не ѕвони, тоа сум јас.“
rn
„Јас сум толку мизерен/на без тебе, речиси исто како ти да си тука.“
rn
„Зошто не одиш на некое поудобно место, како на пример во кома?“
rn
„Омразата кон тебе ќе бара емоционална посветеност.“
rn
„Разговарај со раката, ако имаш некои прашања – консултирај се со мојот среден прст.“
rn
„Посакувам да бевме подобри непознаници.“
rn
„Ако ти е тешко да си се изнасмееш на себеси, не грижи се, јас со задоволство ќе го направам тоа за тебе.“
rn
„Подобро е да се љуби и да се загуби отколку да се живее со психо до крајот на животот!“
rn
„Мислам дека треба да бидеме само пријатели.“
rn
„Нова година, нова јас, истиот стар ти.“
rn
„Се чувствувам многу подобро откако се откажав од надежта.“
rn
Таа му раскинува, а тој и вели:rn„Никогаш нема да најдеш некој како мене“rn- Се надевам. Ако не те сакам тебе, зошто би сакала некој како тебе?“
rn
„Кога ти треба маж е исто како кога ти треба падобран. Ако не е тука првиот пат кога ќе ти треба, шансите се мали дека ќе ти треба повторно.“
rn
„Ако поминуваш низ пекол, продолжи да одиш.“
rnКој е најинтересниот начин на кој вие сте откачиле некого или пак тој/таа ве оставил вас? Можеби имате нешто што сте сакале да му кажете на вашиот бивш/а, но не сте добиле прилика… испукајте се во коментарите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Кралскиот пијалак
Автор: Christinern(поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnВенчавката на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон беше еден од најизвонредните настани на 21-от век. Откако малку легна прашината околу самата венчавка, може и ние да си наздравиме на кралски начин. Интересно е што е создаден посебен пијалак, наречен „Кралската венчавка“ (The Royal Wedding), кој секако ја има кралската боја – виолетовата. Еве како да си го подготвите.
rnrnСостојки:rn- rn011
- 45 мл бренди
- 20 мл бренди од праска
- 20 мл бренди од цреши
- 90 мл сок од портокал
- газирана вода
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnКако да го направите: Измешајте ги сите состојки во коктел мешалка и истурете ги во необично обликувана висока чаша. Додадете кршен мраз и уживајте!rnrnБонус совети: rn
- rn011
- За некоја „пофенси“ декорација, додадете сламки во бела, сина или црвена боја.
- Ставете ја чашата врз подметнувач кој би имал облик на круна.
- Ставете британски знаменца.
- Додадете парчиња лимон по желба или само употребете ја сопствената фантазија.
rn011
rn011
rn011
rn
rnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.
-

16 вистини кои нè прават посилни
Автор: Викиrnrn
„Потребно е многу повеќе храброст да се откријат на виделина работите за кои не сме сигурни отколку што е потребно за да се скријат, повеќе сила за да се поврземе со луѓето одошто ни треба за да доминираме со нив, повеќе зрелост да се покоруваме на смислените начела отколку на слепиот рефлекс. Цврстината е во душата и во духот, а не во мускулите и во незрелиот ум.“rn- Алекс Карас
rn
rn1. Животот не е лесен
rnНапорната работа ги прави луѓето среќни. Тоа е начинот на кој соништата се претвораат во реалност. Така што, почнувајте го секое утро подготвени да истрчате подалеку отколку што сте истрчале вчера и борете се пожестоко од порано.rn
2. Понекогаш ќе доживеете неуспех
rnКолку побрзо ќе го прифатите ова, толку побрзо ќе можете да продолжите со својата брилијантност. Никогаш нема да бидете 100% сигурни дека нешто ќе функционира, но бидете 100% сигурни дека правењето ништо, никогаш нема да профункционира. Затоа, излезете надвор и направете нешто! Или ќе успеете или ќе научите вредна животна лекција. Во секој случај, добивате.rn
3. Токму во овој момент, има многу нешта кои не ги знаете
rnДенот кога ќе престанете да учите е денот кога престанувате живеете. Зграпчете ги новите информации, размислувајте за нив и искористете ги за да напредувате!rn
4. Можеби нема да има утре
rnБарем не за секого. Токму сега, некој на Земјата планира нешто за утре, без да размислува дека можеби денес ќе умре. Ова е тажна вистина. Затоа денес, потрошете го времето мудро и правете доволно долги паузи за да научите да го цените тоа.rn
5. Има многу работи чија контрола не е во ваша моќ
rnГубењето на вашето време, талентот и на емоционалната енергија, на работи кои се надвор од ваша контрола е рецепт за фрустрација, беда и стагнација. Инвестирајте ја вашата енергија во нешта врз кои можете да влијаете.rn
6. Информацијата не е вистинско знаење
rnЗнаењето доаѓа од искуството. Можете да разговарате за една работа 100 пати, но овие муабети ќе ви дадат само филозофско гледиште за неа. Мора да ја искусите работата за вистински да ја разберете.rn
7. Не можете да бидете успешни без да дадете вредности
rnНе трошете си го времето обидувајќи да станете успешни, трошете го на произведување вредности. Кога ќе бидете вредни за светот околу вас, тогаш сте и успешни.rn
8. Некој друг секогаш ќе има повеќе од вас
rnБез разлика дали тоа се пари, пријатели или магични топчиња што сте ги собирале, секогаш ќе има некој што ќе има повеќе од вас. Но запомнете, не се работи за тоа колку имате, се работи за тоа колку страст сте вложиле за да ги добиете тие работи. Уживајте во патувањето, не само во постигнатата цел.rn
9. Не можете да го смените минатото
rnКако што еднаш рекла Марија Робинсон: „Никој не може да се врати назад и да почне одново, но секој може да почне денес и да изгради нов крај.“ Вие не можете да го промените она што се случило, но можете да го промените начинот на кој ќе реагирате на тоа.rn
10. Единствената личност која може да ве направи среќни сте вие
rnКоренот на личната среќа доаѓа од нашата врска со себеси. Секако, други луѓе можат да имаат краткотрајни ефекти врз вашето расположение, но на крајот ништо не е поважно од тоа како вие се чувствувате однатре.rn
11. Секогаш ќе има луѓе на кои не сте им драги
rnНе можете да бидете сè на секого. Без разлика што се трудите да направите, секогаш ќе има некој друг кој ќе мисли поинаку. Затоа, сконцентрирајте се на тоа што сакате да го правите, бидејќи вашето срце секогаш е во право. Што другите мислат и велат за вас, не е важно. Она што е важно е како се чувствувате со самите себеси.rn
12. Не секогаш ќе го имате тоа што го посакувате
rnКако што вели Мик Џегер: „Не може секогаш да го добиете она што го сакате, но ако се обидете, понекогаш може да го најдете она што ви е потребно.“ Погледнете наоколу. Ценете ги работите кои ги поседувате во моментот. Многу луѓе не се толку среќни.rn
13. Во животот, секогаш ќе го добивате она што ќе го вложите
rnАко сакате да добиете љубов, тогаш пружете љубов. Ако сакате пријатели, однесувајте се како таков. Ако сакате пари, обезбедете вредност. Навистина е волку едноставно.rn
14. Добрите пријатели ќе доаѓаат и ќе си одат
rnМногу од вашите средношколски пријатели нема да бидат со вас и на факултет. Многу од вашите колеги од факултет нема да бидат дел од вашиот долгогодишен професионален живот. Многу од вашите колеги на работа нема да бидат тука кога со вашиот брачен другар ќе го носите второто дете на свет. Но, некои ќе бидат со вас во тие моменти. Тие пријатели, оние кои биле тука додека сте го поминувале сето тоа, тие се оние кои навистина се важни.rn
15. Правењето истата работа секој ден го попречува созревањето
rnАко го правите она што го правите, ќе продолжите да го добивате она што го добивате. Созревањето се случува кога ќе ги промените работите, кога ќе направите нови работи, кога ќе се протегнете надвор од вашата комфор зона.rn
16. Никогаш нема да се чувствувате 100% подготвени за нешто ново
rnНикој никогаш не се чувствува 100% подготвен кога ќе се појави можност за нешто ново. Повеќето големи можности во животот нè тераат да созреваме надвор од нашата комфор зона, што значи дека нема да се чувствуваме сосема удобно или подготвени за тоа.rn
И запомнете, обидувајќи се да бидете некој друг, ја губите личноста која навистина сте.rnСилата доаѓа од удобното чувство во сопствената кожа.
rn rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Англиски колачиња
Автор: Марија ДукоскаrnrnЗа сите обожаватели на кафето, еве предлог-рецепт за брзо и едноставно слатко задоволство. Станува збор за колачиња, коишто ќе измамат насмевка на сечие лице. Брзи за подготовка, сè што ви треба е да издвоите еден час за подоцна да ги изненадите вашите пријатели со нешто уникатно.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 250 г маргарин
- 170 г шеќер
- 100 г чоколадо сецкано на коцкички
- 100 г мелени ореви (може и лешници)
- 450 г брашно
- 100 г суво грозје (или некое друго суво овошје)
- 2 јајца
- 1 пециво
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСите состојки се замесуваат. Потоа тестото се плеска и се рассукува. На крај, со модли се сечат фигури и се печат.rnrn

-

Mокриот понеделник во Полска
Автор: М. Давидовскаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnВелигден е најголемиот Христијански празник, но во секоја земја различно се празнува. „Мокар понеделник“ е името на вториот ден од Велигден во Полска, долгогодишна традиција зачувана до денес.
На овој ден, обичај е да се фрла вода врз непознати минувачи по улиците, а симболизира прочистување пред доаѓањето на пролетта.
Во минатото неженетите момци ги прскале со вода девојките и на тој начин ги искажувале своите интереси и чувства. Девојките пак, во знак на благодарност, подарувале бојадисано јајце. Кај други, обичајот бил поинаку толкуван. Ако девојката е испрскана значело дека ќе се омажи таа година.
Но, со текот на годините и обичаите се менувале. Добиле модерен начин на обележување. Па така, секоја година во Полска, момците се на улиците со шишиња и кофи со вода кои ги истураат врз девојките. За нив овој ден е вистински кошмар, но сепак одлично се забавуваат.
Покрај во Полска, овој ден се одбележува и во Украина и Чешка.
rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни. -

Поезија: Пронајди се, пронајди ме
Автор: Пеперуткаrnrn
rnrnЗошто бегаш, зарем не сфаќаш?rnГледаш, но не забележуваш.rnЈас стојам пред тебе,rnа ти ме бараш.rnМе гледашrnи се уште ме бараш,rnа не веруваш дека постојам.rnМи зборуваш за мене,rnме полудуваш,rnно не ме гледаш.rnЈас сум таа што ја бараш,rnно не само таа што ја гледаш,rnтуку онаа која треба да ја откриешrnдлабоко во онаа што ја гледаш.rnНе ме разбираш,rnзашто пак само површно читаш,rnзашто забораваш,rnне размислуваш.rnСи велиш: „ Во многу гледам“.rnНо што чувствувашrnдодека гледаш?rnЗнам дека знаеш,rnно не признаваш.rnНи себеси не си веруваш,rnод страв не си дозволуваш.rnСе пронаоѓаш, знам,rnно лесно се откажуваш.rnНе затоа што не знаешrnдоволно да сакаш,rnтуку зашто си заборавилrnда сонуваш,rnда се надеваш,rnво искреност да верувашrnи од срце да се радуваш.rnСи заборавилrnбез горчина да судиш иrnбезусловно да љубиш. -

Ледено кафе со кршен мраз
Автор: Zizzyrn
Ледено кафе за уживање на тераса, со замижани очи вперени кон пролетното сонце
rn
rnПотребни состојки (за 4 кафиња):
rn
- rn011
- 1 л свежо сварено кафе
- 1/2 лажиче екстракт од ванила
- 55 г бел шеќер
- 60 мл зовриена вода
- 16 коцки мраз (кршени)
- 1/2 шолја крем
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете го кафето во фрижидер да се лади околу 30 минути. Изладете 4 чаши. Промешајте ги екстрактот од ванила и шеќерот во зовриената вода сè додека не се растворат. Ставете ја оваа смеса да се олади, повторно околу 30 минути. Распоредете го мразот и изладеното кафе во чашите. Додадете од шеќерната смеса по вкус, а по желба, засладете и со крем.