Автор: АнаrnrnrnrnЛегнувам во постелата. Легнувам на грб. Тоа порано никогаш не го правев. Се покривам со две ќебиња. И тоа порано никогаш не го правев. Гледам во таванот и помислувам, колку би било убаво да има нешто таму, нешто што во исто време ќе биде интересно и што никогаш нема да ми досади, во кое секој ден ќе откривам нешто скриено, слично на мојот карактер, слично на тебе.rnrnНо кој си ти? Не знам. Сега дури навистина не знам. И порано не знаев, но сега е поинаку. Мислев дека сме слични, да можеби и сме, но за жал сличностите се одбиваат. Секое чудо за три дена, секој среќен момент за неколку мигови…rnrnКолениците ми вибрираат, сакаат да се приземјат, да паднат на сигурно тло. Но не потклекнувам. Не, морам да продолжам, долг пат е пред мене, многу долг. Но сакам да викнам, да викнам на цел глас. Аааааааааааа…rnrnПогледнувам лево-десно, пак лево, назад, е да назад. Се задржувам таму. Секогаш истата грешка, секогаш гледам назад, никако напред. И така се движам гледајќи назад, и оп! Се сопнувам од голем камен и паѓам на земјата, колениците ми крварат. Ја тресам прашината од мене, станувам и го погледнувам каменот. Тоа всушност си ти! Не веруваш? Да ти си! Студен, но на моменти и топол, но сепак камен, симбол за студенило.Нема да лажам и да кажам дека посакувам никогаш да не те сретнам, тоа би било најголемата лага. Нема да кажам дури и дека не сакам веќе никогаш да те видам, и тоа би било само една голема лага, а навистина не сакам да ми порасне носот.rnrnНо сега единствено барам, барем за сега да те избркам од мислите, барем колку е тоа можно, а тоа ќе биде потешко. Времето, времето ќе покаже сè … А до тогаш кој знае, ќе мислам на убави нешта. Не, пак лажам, ќе мислам на тебе. Ќе спијам на грб, ќе гледам во таванот, ќе гледам во нерамнините на ѕидот, ќе правам работи што никогаш порано не сум ги правела … Не ќе правам работи што секогаш ги повторувам.
Автор: Елена МиленкоскаrnrnrnrnСè е празно,rnсобата пуста,rnкреветот сè уште топол,rnкрвта и ладна и врела,rnсрцето и стои и чука,rnтелото и мртво и живо.rnrnНема љубов,rnнема омраза,rnсамо празнина.rnrnТишина…rnrnТишина горка,rnтишина болна,rnтишина мачна.rnБездна… напуштена душа.rnrnУтрото не е повеќе среќно,rnсветлината не е светла,rnчовекот не е повеќе човек.rnrnБладам јас – бладаш ти,rnстрадаме двајцата.
Автор: М. ДавидовскаrnrnСекој ден ја пиеме, а малкумина од нас знаат колку е таа моќна и значајна во нашиот живот. На 22 март се одбележа меѓународниот ден на водата. По тој повод, еве неколку познати и помалку познати факти за неа.rnrnrnrnНашето тело има 80% вода, а исто толкав е процентот и на вкупната количина вода на Земјината топка. Толку многу вода, а уште повеќе тајни, кои таа ги крие во себе.rnrnНаучниците велат дека водата е мала молекула со крајно специфични својства. Не постои друга молекула, во која се откриени такви аномалии. Да не постоеше барем една од тие аномалии, немаше да постои животот на Земјава.rnrnВодата може да се наоѓа во три агрегатни состојби. Од сите течности, таа има највисок површински притисок и е најмоќниот растворувач.rnrnrnrnРезултатите од експериментите изведени во многу држави, покажуваат дека водата го прима и помни секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некој предмет, за да ги „разбере“ и меморира неговите својства.rn
Помнејќи ја информацијата од околината, таа придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште беше дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав. Сензационална новост е дека тоа претставува глупост. Структурата на водата всушност е многу поважна од хемискиот состав.
rn
rn
Структурата на водата се однесува на начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во коишто водата запишува сè што гледа и чувствува.
rnСо современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440.000 информациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина.rnrnМолекуларната структура претставува „азбука на водата“. Со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.rnrnrnrnЕмоциите, позитивните и негативните делуваат најсилно. Во лабораторијата на прoф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции врз водата. Водата реагирала на строго определен начин. Генерално, љубовта ја стабилизира, агресијата ја дестабилизирa.rnrnВо лабораторијата на д-р Емото се испитува водата подложена на различни делувања. „Впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со криогена камера.rnrnВлијание на зборовите „Ти благодарам“ (лево), „Ми се лоши од тебе, ќе те убијам“ (десно)rnrnВлијание од хеви метал музика (лево) и од Моцарт (десно)rn
Современата технологија овозможува структурирање на водата. Обработувањето на земјата со структурирана вода навистина има ефект. Структурираната вода делува и на крвта на човекот. Терапија со таква вода го лечи организмот.
rnФеноменот структурирана меморија и овозможува на водата да запамети сè наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата.rnrnВодата ни дава живот, здравје и енергија. Разбудете ја свеста и користете ја водата на правилен начин.rnrnЛегендата вели: Ќе дојде ден кога целата вода на светот, освен онаа која ќе биде брижно сместена, ќе исчезне. А на нејзино место ќе се појави друга, од која луѓето ќе полудуваат.rnrnrnrnСамо еден човек го сфатил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода. Дошол претскажаниот ден кога сите извори пресушиле. Човекот пиел од своите резерви. Набрзо изворите се наполниле со нова вода. Луѓето пиеле жедно и сите полуделе, а тој човек продолжил да пие од својата вода и останал нормален. Тој бил единствениот „разумен“ сред „безумниците“. Сите луди го нарекувале луд. Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот. А безумниците сфатиле дека тој најпосле се здобил со разум…
Автор: ПеперуткаrnrnrnrnМи требаш,rnа те немам.rnПостоиш,rnно не те гледам.rnТе барам,rnа не те наоѓам.rnТе сонувамrnи не сакам да се разбудам.rnНе сакам да те изгубам.rnСмешно е да кажамrnдека те сакам,rnне те ни познавам,rnНо те чувствувам.rnНекој глас однатреrnми зборуваrnда останам, да почекам,rnда не бегам.rnМорам да те пронајдам.rnСе прашувам,rnно одговор не дознавам,rnкога ќе те видам?rnСе плашам,rnда те погледнамrnи во твоите очиrnда не се пронајдам.rnДа те слушам и да верувамrnво лагата што не сакамrnда ја откријам.rnСе плашам да се заљубамrnво другиот во тебе,rnоној што јас го гледам,rnа ти го криешrnнекаде длабоко во себе.
Автор: ПеперуткаrnrnrnrnЗапри, застани, погледни…rnМе одмина,rnа ти ме пронајде.rnМе заборави,rnа ти ме разбуди.rnСега не можам да заспијам.rnМи подаде рака,rnа сега сум сама.rnНе беше само насмевка,rnне беше само поглед,rnне беше само обичен збор.rnНишто не беше случајност.rnБеше пулс,rnбеше сјај,rnбеше трепет.rnСè беше вистина.rnВистина во којаrnне сакаш да веруваш.rnВистина од којаrnсе плашиш.rnВистина која не ја признаваш,rnно и вистина која постои.rnИ пак не веруваш.rnНо запри, застани, погледни…rnјас сè уште постојам,rnјас сè уште ти се насмевнувам,rnте гледам,rnте чувствувам.rnЈас не заминав,rnзашто знам дека ќе се вратиш,rnзашто одиш бесцелно,rnбегаш од себе.rnНо патот по кој одиш е круг,rnпак ќе ме сретнеш.rnТогаш запри, застани, погледниrnи не одминувај ја вистинатаrnпред која ќе стоиш.rnНе биди слепrnза сјајот во своите очи,rnне биди далеченrnза пулсот на своето срце,rnне биди студенrnза прегратката во своите раце.rnНе биди лажно празенrnза она што длабоко те исполнува.rnСамо запри, застани, погледни…
Автор: МајаrnrnФакт е дека девојките се пребирливи, но и машките не ни даваат подобар избор – реченица која често може да се слушне на утринското кафе. Откако поминала „важната“ вечер, девојките најчесто коментираат „Како може да ти се допаѓа баш тој дечко?“ Треба да сфатиме дека девојките не секогаш знаат што треба да се цени кај еден дечко. Затоа, оваа листа може да им помогне да донесат правилна одлука:1. Доколку ви се доближи некој тип, тој треба внимателно да ве оттргне од него, но не да го направи тоа како да ве „поседува“.rnrn2. Внатре во дискотеката се наоѓаат неговите другари. Тој треба културно да ве претстави пред нив.rnrn3. Доколку тој ви ја отвори вратата од автомобилот, тоа е добар гест. Покажува почитување кон вас и вашата женственост.4. Вашиот разговор е само ваш. Секое негово прекажување, може да биде разбрано на погрешен начин и да придонесе кон донесување лош впечаток.rnrn5. Дечкото треба да знае дека не смее да ја споредува девојката со неговите бивши.rnrn6. Доколку вашите другарки ве придружуваат вечерта, дечкото не треба да ги игнорира и да ве одделува од нив. Напротив, тој треба да се потруди да остави добар впечаток кај нив бидејќи на утрешниот разговор ќе се анализира секоја негова постапка.7. Тој треба да биде отворен за нови идеи и да прифаќа авантури. Во спротивно, во брзо време со него би ви станало монотоно.rnrn8. Треба да дава комплименти, но не да претера со нив бидејќи девојката ќе помисли дека тој ја лаже.rnrn9. На првиот состанок е доволен само бакнеж. Избрзувањето на работите, според девојките е сосема негативно.10. Порака за добра ноќ или известување дека убаво си поминал вечерта со вас е голем плус за освојување на срцето.rnrnСе надевам дека им помогнав на машките, полесно да ги освојуваат девојките. Исто така, овие 10 точки ќе им бидат од корист на девојките за да не ги пропуштаат добрите момци, кои можеби се пред нивните очи, како и правилно да ги вреднуваат нивните постапки.rnrn
Автор: ПеперуткаrnrnПостоиш ли?rnВистински си или само те замислувам?rnНо, не само што те замислувам,rnјас те чувствувам!rnТе чувствувам како бакнеж на пеперутка,rnоној најнежен трепетен допирrnшто го прави моето срце живо.rnтолку нежно, а толку силноrnте чувствувам,rnтолку доволно за да постојам.rnНо, постојам само ако постоиш и ти.rnВо постоењето е мојата смисла,rnво постоењето е твојата душа,rnпостоењето е наша мисла.rnПостоиш, затоа што те чувствувамrnи без да те видам, затоа си вистински.rnЗашто правиш да живеам,rnзашто така постојам.rnИ јас сум вистинска кога ме чувствуваш,rnдури и кога не знаешrnи кога не ме гледаш.rnјас постојам.
Автор: М. ДавидовскаrnrnДевојките побрзо созреваат и психички и физички. Но, што се случува кога и момците ќе станат зрели и возрасни?rnrnrnrnДевојките важат за нежни, пријатни и мили, но се повеќе сакаат да се докажат дека се самостојни, способни, вешти и многу попаметни од посилниот пол. И научно и практично се докажале како такви, но сепак постои една мала, но исто толку голема работа која ги спречува во сето она што го смислиле и решиле да го остварат, а тоа е: премногу размислуваат и навлегуваат во работите и ги анализираат! Кога би можеле помалку да се оптоваруваат, би биле секогаш задоволни.rnrnrnrnМомците за разлика од девојките се порешителни, не затоа што не размислуваат пред да направат нешто, туку бидејќи не се водат од простите предрасуди и озборувања и полесно функционираат.rnrnKога една девојка ќе се најде во непозната средина или пак ќе се соочи со нови работи и нови луѓе, најпрво размислува како да се претстави и докаже, а притоа да не погреши и да го остави вистинскиот впечаток. И секако, кога се оптоваруваме со една иста незначајна мисла ќе го покажеме сосема спротивното…rnrnМомците го сакаат истото, но тие на спонтан природен начин подобро се претставуваат и тоа секако се цени многу повеќе.rnrnХраброста е доблест која не секој може да ја поседува. Кога на девојката и е некој важен и сака да го задржи, таа мисли дека не треба да кажува сè што мисли и чувствува, а тоа секако во многу случаи се покажало како неправилно. Во ова модерно време на живеење треба да се негуваат старите правила за почитување, но не оние кои тогаш важеле за пристојни и нормални. Така, девојките сè уште би чекале и би зависеле од момците, а најмногу во изразување на чувствата.rnrnrnrnОна што ви шепоти од внатре не се секогаш зборовите на срцето, ниту пак на разумот. Момците делуваат самоуверено само затоа што не прашуваат постојано и наоколу дали тоа што сакаат да го направат е правилно. Тие дејствуваат, па доколку крајот резултира со неуспех, учат од сопствените грешки и веднаш ги поправаат.rn
Девојките се секогаш спремни за долги разговори и внимателно сослушување, а особено сакаат да делат совети, но ретко кога ги применуваат за себе.
rnrnrnМомците, пак, не поднесуваат долги анализирања на небитни прашања и слободното време го користат најчесто за добро опуштање со пријателите, па денот им е како песна.rnrnrnrnАко на момците им кажете „не“, „не сакам”, „не можам”, тие го прифаќаат тоа и не размислуваат понатаму, но затоа девојките се секогаш спремни да го толкуваат одговорот, па дури и да навлезат во вашата психа и да донесат заклучок дека вашето „НЕ“ е всушност „ДА”. Ако нема никаков проблем, девојките ќе го измислат, но само ако тоа им биде допуштено.rnrnМомците знаат да бидат исто толку нежни и внимателни како и девојките, само треба да им оставите простор да се покажат и верувајте ќе го направат тоа на најдобар можен начин.rnrnМомците обожуваат амбициозни, одлучни и храбри девојки, но сепак оставете им да мислат дека тие ја имаат водечката позиција.rnrnА, пак, девојките ја ценат искреноста, сакаат да им биде посветено внимание, а кога го имаат тоа, спремни се да возвратат два пати повеќе.rnrnПа затоа, девојки бидете поопуштени, а вие момци повнимателни за да бидеме сите среќни и задоволни…rnrnrnrn rnrn
Автор: ПеперуткаrnrnПарче сон ти подарувам.rnПарче од мојот сон,rnкако парче чоколадна торта.rnНе ти се верува?rnСе радуваш и се сомневаш.rnПремногу шлаг?rnТаква сум.rnМорам да ја доукрасам суштинатаrnда не ја разголам премногу вистината.rnВнимавај!rnДа не се презаситиш од површината.rnВкусна е. Знам.rnНо, следува содржината.rnРед тесто:rnСами меѓу многуте.rnПрелив од блескави погледи,rnтајни состојки.rnНе се забележуваатrnно имаат скокотливо нежен вкус,rnсе чувствуваат.rnРед фил:rnМногу расфрлани зборовиrnчиниш случајно изгубениrnбадеми и лешници.rnКремот се топи сам,rnа нив треба добро да ги изџвакаш.rnДа ја сфатиш смислата,rnда ја доиграш играта,rnда ја вкусиш суштината.rnРед тесто:rnШербетно слатки насмевки.rnЈа чувствуваш блажината?rnДопира до секоја клетка.rnНаежува.rnИ пак ти се развлекува насмевка.rnЗадоволен?rnНо, чекај, има уште…rnНајубавиот ред фил:rnСите состојки соединети,rnмагични преливи разлеани,rnстрасни бакнежи растреперени.rnКулминација.rnГо проголта последното залче од чоколадното парче.rnРазбуди се!rnПочна да го сонуваш мојот сон.rnА јас сакам сонот да ми се оствари. На здравје!
Автор: ПеперуткаrnrnrnrnКое е тоа време?rnКолку трае тоа време?rnВремето што минуваrnбез да помине,rnвремето што те крие?rnКаде е тоа време?rnВремето што те донесе,rnвремето што те украде,rnшто те однесе?rnЗошто постои тоа време?rnВремето што ме лаже,rnтоа проклето време,rnвремето Уште Малку,rnвремето Подоцна,rnвремето Не Е Време,rnшто сака да ми каже?rnМолчи тоа време,rnбега тоа време,rnтоне тоа време.rnБездна е,rnно јас ќе го допрам днотоrnза да ја најдамrnпораката во шишето,rnда го најдам одговорот,rnда го најдам и запрам тоа време.rnВремето Надежrnќе биде време Вистина,rnвремето Сонrnќе стане време Јаве,rnвремето Чекајќиrnќе биде време Чекорејќиrnвремето Сакајќиrnќе стане време Љубејќи.rnИ тогаш, кога „ќе биде“rnи тогаш кога „ќе стане“ ,rnтогаш времето ќе запреrnи ќе остане…rnВистинско време во јаве,rnчекорејќи и љубејќиrnдо другото време,rnвремето Засекогаш.