КАФЕ ПАУЗА

Tag: празник

  • 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

    10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца

    Не само што е најголем христијански празник, Велигден е ден кога може да ја покажете вашата креативност во најголема мера. Играјте со бои, креирајте форми и направете ги вашите велигденски јајца уникатни и интересни како никогаш досега. Ние само ќе ви дадеме некои идеи за да ја поттикнеме вашата креативност, останатото е во ваши раце, забавувајте се!rn

    1. Акварел јајца

    rnЗемете темперни или водени бои и обојте ги јајцата по ваша желба. Потоа со фломастери нацртајте најразлични весели фигури и дизајни. Доколку имате малечки дечиња, дајте им ја нив оваа задача. Не само што ќе ги израдувате, туку и ќе ви бидат од помош.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    2. Омбре јајца

    rnОмбре стилот стана многу популарен, во облеката, фризурите, ноктите, па зошто да не и на велигденската трпеза? Целата постапка е многу едноставна. Додека ги вапсувате јајцата, чувајте ги различен период во бојата за вапсување. Колку подолго стојат толку поинтензивна ќе биде бојата. Потоа во вашата кошничка наредете ги велигденските јајца по нијанси.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    3. Г-дин Јајце

    rnСте го запознале господинот Јајце? Тој ќе ја разигра вашата велигденска трпеза и ќе ги расположи членовите на вашето семејство, особено најмладите. На јајцата нацртајте им лице, секако не смеете да ги заборавите мустаќите. Сместете го господинот Јајце во чашка за јајце која претходно ќе ја украсите со самолеплива хартија. Направете му и капа од листови во боја, „дотерајте“ го по ваша желба.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    4. Велигденска радост

    rnОткако ќе ги бојадисате јајцата оставете ги добро да се исушат. Потоа со помош на четка за сликање, на повеќе места на јајцето направете неколку точки во облик на цвет. Употребете различни бои за да биде вашата декорација уште поинтересна, а по можност користете темпера. Потоа залепете монистра во центарот на секое цветче. Не запирајте само на овој дизајн, останатите јајца украсете ги поинаку. Од бела самолеплива хартија, исечете различни форми и залепете ги на јајцата. Потоа залепете монистра во средина на двете страни. Уште подобро доколку имате монистра во различни бои.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    5. Светки и шаренила

    rnНанесете лепило по површината на јајцето, потоа извалкајте го во шарени светки. Толку лесна постапка, а толку уникатен изглед на вашите велигденски јајца.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    6. Шаренковци

    rnКупете конци во најразлични бои и замотајте ги јајцата во нив. Бидете слободни да играте со боите и дезените по ваша желба.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    7. Ботанички дизајн

    rnЗалепете суви листови и малечки цветови на јајцата. Потоа замотајте ги во парчиња тенок текстил, па во лушпи од кромид и оставете ги да се варат.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rnrnСамите лушпи ќе им дадат боја на јајцата, па така тие ќе добијат боја на ќерамида. Потоа отстранете ги листовите и цветовите и уживајте во декорациите кои ги добивте како резултат на вашата работа. За поинтензивна боја, препорачливо е лушпите од кромидот да ги оставите во ладна вода неколку минути пред да почнете со постапката.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rnrnИсто така, лушпите од кромидот може да ги искористите додека ги вапсувате јајцата со црвена боја, бидејќи со нивна помош ќе добиете уште поинтензивна црвена боја.rn

    8. Декорација со семе од растенија

    rnНа јајцата залепете семе од растенија, како леќа, ориз, пченица… Може да залепите и малечки тестенини. Дозволено е сè што е ситно и што ќе направи јајцата за овој Велигден да изгледаат што пооригинално.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    9. Јајца со дизајн на вратоврски

    rnИсечете ги материјалите, замотајте ги јајцата во нив и цврсто врзете ги на краевите. Оставете ги да се варат во вода каде претходно ќе додадете оцет. Дезените на вратовтските ќе се ископираат на јајцата правејќи ги навистина уникатни. Не заборавајте, доколку ја одберете оваа декорација, ви требаат стари вратоврски и дозвола од вашиот сопруг или татко. Не сакаме кавги пред Велигден.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца 10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rn

    10. „Облечени“ јајца

    rnКога сме веќе кај искористување на старите материјали низ дома, за оваа постапка може да ви послужи секој материјал со отвори, како на пример чипката или везените материјали. Облечете ги јајцата и зашијте ги на краевите. Додадете им панделки или нешто друго по ваш избор.rnrn10 оригинални и креативни идеи за украсување на велигденските јајца rnrnОвие идеи не ви беа доволни? Погледнете уште интересни идеи за украсување велигденски јајца. Не заборавајте да ни се пофалите колку добри излегле вашите велигденски декорации.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Божиќна музичка плејлиста со Френк Синатра

    Божиќна музичка плејлиста со Френк Синатра

    Божиќ е еден од најубавите и најмагичните денови во годината. Тој секогаш се поминува со најблиските, со оние кои ни значат повеќе од сè. За да ја искажете својата љубов и благодарност кон нив, годинава подгответе им изненадување – целосен Божиќен пакет во комбинација со неверојатниот глас на Френк Синатра.Божиќна музичка плејлиста со Френк СинатраИ како што тој пее во една од овие песни, „Јас сонувам за бел Божиќ, со секоја честитка што ја пишувам, нека вашите денови бидат весели и светли, и нека секој нареден Божиќ ви биде бел“, така и ние ви посакуваме овој ден да ви биде исполнет со многу радости, насмевки и топлина… Среќен Божиќ!rn

    rn1. White Christmasrn 2. Silent Nightrn3. O Come All Ye Faithtfulrn4. Jingle Bellsrn5. Have Yourself a Merry Little Christmasrn6. Christmas Dreamingrn7. It Came Upon a Midnight Clearrn8. O Little Town of Bethlehemrn9. Santa Claus is Coming to Townrn10. Let it Snowrn11. Medley of Little Town of Bethlehem – Joy to the World and White Christmasrn12. Ave Mariarn13. Winter Wonderlandrn14. The Lords Prayerrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Празникот на чудата – Велигден

    Празникот на чудата – Велигден

    Автор: Мандевска Бојанаrnrn„Христос воскресна! – Навистина воскресна!“ Тоа е поздравот со кој  во наредните денови православните христијани ќе се поздравуваат меѓусебно. Велигден е празник над празниците или празник на чудата. Ден кога се слави Христовото воскресение и победата на доброто над злото.Празникот на чудата – ВелигденГлавна симболика на овој празник се јајцата. Жените од секое православно семејство утрото на Велики четврток ги фарбаат (вапсуваат) првите јајца во црвена боја, и со нив ги тријат децата  по образите или им исцртуваат крст по челата за здравје. Останатите јајца се бојат во различни бои и се цртаат, сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата – крстот, зелената – Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПостојат многу митови и легенди за тоа како црвените јајца станале симбол на овој празник. Главен обичај за овој празник е дарувањето велигденски јајца, притоа водејќи сметка секој член на семејството и гостин да добие јајце со одреден симбол.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденМомчињата и девојките се даруваат со јајца со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, додека пак на малите деца во водата во која се бањаат им се става по едно црвено јајце за да ги заштитува и да ги дарува со здравје. Се верува дека фарбаните јајца имаат голема моќ, па дури и нивната лушпа се смета дека има заштитна функција. Фарабаните јајце се ставаат во кошница со слама со цел таа да наликува на птичјо гнездо.Празникот на чудата – ВелигденНоќта на Велика сабота или во недела наутро се оди во црква на велигденска литургија и тие коишто постеле земаат причеста. Потоа во кругот на семејството се поставува неделен празничен ручек на кој се служи познатата велигденска салата, печен зајак или јагне, се пие црвено вино и се јаде велигденски леб.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденНо, пред да се почне со славењето и празнувањето на Велигден, неизбежно е велигденското чистење и кречење на домот. Со чистењето семејствата ги отстрануваат сите непотребни работи кои го спречуваат слободното циркулирање на позитивната енергија во домот и ослободуваат простор за нова подобра енергија која самиот празник ја дава. Украсувањето и средувањето на домот во велигденска атмосфера е прекрасен момент. Нека следните слики бидат инспирација за вас, нека ја разбудат вашата креативност во уредувањето на домот и велигденската трпеза.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденНека ни е вечен и честит празникот!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најчудните велигденски традиции ширум светот

    Најчудните велигденски традиции ширум светот

    Автор: Ивана ГрујоскаrnrnВо Македонија, традиционалното празнување на Велигден изгледа отприлика вака: рано утрото на Велики четврток се бојадисуваат јајца во црвена боја. Првото бојадисано јајце е наменето за Господ Бог и се покажува на семејството, а членовите на семејството го дочекуваат со зборовите „добре дојде“. На најмалите дечиња три пати им се врти со јајцето околу лицето велејќи им „црвено, бело, дебело“ за да бидат здрави и силни. Потоа, јајцето се завиткува во црвено крпче и се остава на видно место на прозорецот или на терасата од домот. Се верува дека тоа јајце штити од громови и зли сили. На Велигден, обичај е луѓето да се кршат со јајца, а победникот си го зема јајцето на тој што го скршил.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrnМеѓутоа, гледано во светски размери, ние сме доста конзервативни во празнувањето на Велигден. Откривме 10 најчудни традиции на празнување што се применуваат ширум светот. За некои можеби сте слушнале, некои можеби ќе ве зачудат или пак ќе ве насмеат. Како и да е, еве на што наидовме.rnrn1. Во Чешка и во Словачка, мажите и момчињата ги камшикуваат жените и девојките со декорирани инструменти, кои се обично украсени со шарени ленти. Овој обичај традиционално се одржува во понеделник, на вториот ден од Велигден и не е наменет да им предизвикува болка на жените, туку има за цел да го охрабри чувањето на доброто здравје и убавина. Секако, жените и девојките можеби мислат поинаку. :)rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn2. Во Полска и во Русија се прават јагниња од путер. Путерот е извајан во форма на јагне, кој придружува еден оброк.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn3. Остатоците од Божиќ им предизвикуваат забава на Германците за време на Велигден. Остатоци од новогодишни елки се собираат на куп и се палат како симбол дека дошол крајот на зимата и настапува пролетта.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn4. Веројатно сте виделе чоколадни јајца и зајаци, но дали сте виделе чоколаден билби? Билби е малечок вид зајак-торбар со големи уши, кој се закопува под земја. Потекнува од Австралија. И тој е овековечен во чоколадна форма.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn5. Додека во Нов Зеланд традиција е да се кријат велигденските јајца, некои луѓе во Швајцарија гордо ги покажуваат. Во Нион, близу Женева, традиција е да се украсуваат фонтани со цвеќиња, панделки и јајца.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn6. Камбаните во француските цркви не бијат на Велики петок како признание за смртта на Исус. Но, легендата вели дека камбаните всушност летаат кон Рим и се враќаат назад на време за да заѕвонат на Велигден. Постојат многу слики и фотографии кои сведочат за оваа традиција.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn7. Спалувањето на Јуда е древен Велигденски обичај во православните и католичките земји, но денеска се практикува само во неколку земји. Ликот на Јуда е често прикажан и изгорен на Велигден во некои делови од Грција, Мексико, Португалија и Шпанија.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn8. Оваа полска традиција несомнено ја започнал некој маж. Традицијата вели дека на мажите во Полска не им е дозволено да прават Велигденски леб, а некои тврдат дека не смеат да приготвуваат никаква храна за време на Велигденските денови, од страв дека ќе им побелат мустаќите. :)rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn9. На Финска можеби ѝ треба потсетник дека е Велигден, а не ноќта на вештерките. Децата се облекуваат како вештерки и талкаат по улиците со метли во рацете во потрага по колачиња. Се вели дека традицијата започнала со верувањето дека вештерките летале во Германија и лудувале со Сатаната. Затоа, се палат големи логорски огнови за да ги исплашат и да ги истераат што подалеку.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn10. Ние ги јадеме Велигденските јајца, а Англичаните ги тркалаат. Тркалањето на јајца сè уште е доста популарен спорт во Обединетото Кралство. Натпреварот се состои во тркалање на јајца надолу по големи ридови. Оној чие јајце ќе се истркала најдалеку или пак нема да се скрши при тркалањето, победува.rnrnНајчудните велигденски традиции ширум светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скапоцените јајцa Фаберже

    Скапоцените јајцa Фаберже

    Историјата на Фаберже започнува со идејата на рускиот цар Александар III, на својата сопруга Марија Фјодоровна да ù подари скапоцено јајце за Велигден. На негово барање, во 1885 година, Петар Карл Фаберже го изработил првиот ваков производ. Со тоа започнала традицијата на царското семејство, за големиот христијански празник да си подаруваат скапоцени јајца. Секое од нив е уникатно, покриенo со дијаманти и со други драгоцени камења.rnrnВо периодот од 1885 година до 1917 година, се изработени вкупно 68 производи во форма на велигденски јајца, наменети за руските цареви и за приватните колекционери. 54 од нив завршиле во рацете на Александар III и на неговиот син Николај II. Секое јајце отсликувало некој настан од руската историја.Скапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаНајскапото јајце Фаберже е таканареченото „Зимско јајце“ (Winter egg), изработено во 1913 година, како подарок за царицата Марија. Тоа е високо 10,2 сантиметри. Направено е од проѕирен кристален камен, покриен со дијаманти, брилијанти и лунарни камења по должината на резбите. Во внатрешноста се наоѓа минијатурна корпа со цвеќе, изработена од платина, злато, бел кварц, жад и од демантоид.Скапоцените Фаберже јајцаСо падот на царското семејство за време на Руската револуција во 1917 година, производството на јајцата Фаберже влегува во криза. Карл Фаберже бил принуден да ја напушти земјата, по што неговата компанија била национализирана, а царската палата ограбена. По грабежот, болшевиците ги распродале уникатните јајца на приватни колекционери. Во тоа хаотично доба, многу од нив биле и изгубени. Во моментов, дел од зачуваните оригинали можат да се видат во музеите, а дел кај приватните колекционери.rnrnОвие скапоцени производи и ден денеска се произведуваат од страна на правниот наследник на Фаберже, истоименета њујоршка компанија, чиј главен мајстор е Виктор Мајер…Скапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајцаСкапоцените Фаберже јајца
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Значењето на цвеќињата

    Значењето на цвеќињата

    Без разлика дали денес ќе подарите или ќе добиете цвет како осмомартовски подарок, убаво е да ја дознаете симболиката која се крие зад секој вид. Момци, пред да ја посетите цвеќарницата денес, проверете каква порака ќе ѝ испратите на вашата љубена со цветот кој планирате да ѝ го подарите.rn

    Роза

    rnРозата е најчест избор кога се работи за подарување цвеќе. Црвената роза симболизира љубов, романса, убавина и совршенство. Овој цвет може да биде доста скап, ако се знае дека цвеќарниците со месеци ги чуваат пупките на розите затворени, сè со цел да расцутат точно за 8 март.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Гербер

    rnГерберот ја симболизира убавината, невиноста и чистотата. Овој цвет може да се најде во повеќе бои, кои заедно во комбинација означуваат поттик и енергичност.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Лале

    rnЛалињата означуваат совршена љубов. Овој елегантен и лесно препознатлив цвет е еден од најпопуларните, покрај розата, и најчесто се поврзува со Холандија, каде што за прв пат процветал во 17-от век. Со подарување на овој класичен цвет, пренесувате топлина и чувство на удобност.Значењето на цвеќињатаrn

    Перуански лилјан

    rnОвој долготраен цвет, познат уште како Алстроемерија, бара постојано внимание и одржување. Симболиката на овој цвет е пријателство и посветеност. Како што кажува самото име, овој вид лилјан потекнува од Јужна Америка, а карактеристично за него е тоа што има повеќе цветови по стеблото, што овозможува лесно да се вклопи во секој цветен аранжман.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Бел крин

    rnБелиот крин означува убавина, класа и стил. Овој ориентален цвет е познат како доста скап и драматичен. Личноста која подарува бел крин е софистицирана и одлично ја познава личноста за која е наменет цветот.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Орхидеја

    rnОрхидејата е позната како редок цвет и е симбол за љубовта, убавината, луксузот и силата. Плус, со подарувањето орхидеја испраќате порака дека имате несекојдневен стил на заведување. Личноста која подарува една орхидеја има подив темперамент од личноста која подарува цел букет рози.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Каранфил

    rnКаранфилот означува нова љубов и фасцинантност. Букет од каранфили означува срдечност. И каранфилите се чест избор за подарување цвеќе, посебно заради тоа што нивната цена е прифатлива.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Сончоглед

    rnКако што кажува самото име на цветот, сончогледот претставува топлина, среќа и верност. Иако сончогледот цвета во лето, тој е достапен низ целата година.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Ирис

    rnИрисот, или кај нас познат како перуника, може да се најде во сина, бела или жолта боја. Во некои делови од светот, темно синиот или виолетов ирис симболизираат кралско достоинство. Но, без разлика на бојата, ирисот означува вера и надеж.rnrnЗначењето на цвеќињатаrn

    Гарденија

    rnОвој елегантен цвет означува чистота и радост, но подразбира и старомодна длабока љубов. Мажот кој на жената ѝ подарува гарденија, значи дека има заедничко минато со неа. Гарденијата е доста скап цвет и се продава единствено на парче, а не како букет.rnrnЗначењето на цвеќињата
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хороскоп за Св. Валентин

    Хороскоп за Св. Валентин

    Автор: Вера МартиноскаrnrnИзгледот може да лаже на овогодишниов Св. Валентин. Овој романтичен празник е за прославување на радостите на љубовта, но сериозните чувства оваа година се брануваат под површината. Цвеќето, чоколадите и сличните подароци нема да ѝ наштетат на врската, но нема да ги оттргнат грижите и сомнежите за подарувањето на вашето срце.rnrnВенера, планетата на љубовта и манипулативниот Плутон се во таква позиција што може да предизвикаат појава на посесивност и љубомора, поткопување на довербата помеѓу партнерите, како и на вербата во себе.Хороскоп за Св. ВалентинНајкорисните подароци кои може да ги дадете сега, се искреното изразување на вашите грижи и покажувањето разбирање за стравовите на партнерот. Веројатно ова ќе ги тргне површните насмевки во моментот, но ќе ги продлабочи и зајакне врските во иднина. Погледнете ги предвидувањата за вашиот знак за овој Св. Валентин.rn
    rn

    Овен

    rnОваа година важни се малите нешта затоа што вашата вообичаено страсна владејачка планета Марс е заглавена. Ова може да ве направи носталгични, но подобро ќе ви биде ако се посветите на деталите од сегашноста. Правењето нешто корисно е одличен начин да го прославите овој празник, со Марс во практичната Девица. Наместо да се занесете во јадење и танцување, зошто овој ден да не го посветите на тоа да им послужите на другите? Ова веројатно не звучи романтично, но ја покажува вашата љубезност и сочувство. Помагањето некому како волонтер, пријател или член на семејството ќе ви донесе ниво на задоволство, кое ќе направи да се чувствувате дека навистина ја заслужувате љубовта, овозможувајќи ви послободно да ја дарувате и воспримите.rn
    rn

    Бик

    rnСлатката страна на Св. Валентин ѝ прилега на вашата сензуална природа. Слаткиот мирис на цвеќе и вкусот на чоколада ја истакнува нежната страна на вашиот карактер. Сепак, може да има нешто што недостасува оваа година затоа што ви е тешко да се смирите и да уживате во овој специјален ден. Романсата која ја претставува овој ден е завиена во напнатата врска помеѓу љубовната Венера и провокативниот Плутон. Задевање, недоверба, љубомора или сомневање во себе може да ви го помрачат расположението. Ако имате партнер, побарајте тивко, оддалечено место каде ќе може да разговарате за интимни нешта. Ако сте сингл, подобро е да сте сами или со некој кому му верувате, отколку да барате романса под ризични околности.rn
    rn

    Близнаци

    rnСв. Валентин за вас може да започне отрезнувачки затоа што Месечината во Скорпија која е одговорна за расположението, се наоѓа во вашата 6-та куќа на прилагодување сè до вечерта, но токму тогаш забавата започнува. Месечевата промена кон дружељубивиот Стрелец  ја осветлува вашата 7-ма куќа на партнери, канејќи ве гласно и силно да се забавувате со некоја авантуристичка индивидуа. Сепак, може да сте со личност која се чувствува малку несигурна, што не му одговара на вашиот дух. Сфаќањето дека другиот можеби не се чувствува толку весело и разиграно како вас е важно доколку сакате да ја стекнете неговата или нејзината доверба. Не сметајте ги за безначајни повредените чувства, иако мислите дека проблемот и не е толку важен.rn
    rn

    Рак

    rnРазбудената сентименталност на овој Св. Валентин е помешана со некои компликации. Патувањето започнува со Месечината во страсната скорпија и вашата 5-та куќа на романсата, што звучи како совршена формула за добивање на посакуваната интимност. Сепак, вечерта се случува промена, со влегување на Месечината во грубиот стрелец, која може да биде помалку нежна од потребното. Нечувствителните забелешки може да предизвикаат непријатни чувства. Ако е така, искажете се цврсто, но нежно, наместо да се смешкате додека од внатре вриете. Довербата бара вистина, дури и кога кажаното не се вклопува во идеалниот модел на Св. Валентин со срценца и цветчиња. Соочувањето со реалноста е клучно за љубовта да трае.rn
    rn

    Лав

    rnДенот може да ви донесе извесни предизвици, односно да дојде до комплицирање на вашите планови, а емоциите може да ви бидат многу повредени. Љубомората или презирот може да му го одземе сјајот на празникот и славењето на љубовта. За среќа лунарната транзиција во ентузијастичкиот стрелец и вашата 5-та куќа на романсата, во текот на вечерта може да го сврти ветерот во поповолна насока. Игривата и дарежлива природа на вашиот карактер ќе заблеска и ќе ви овозможи да си поминете незаборавно. Сепак, извесна чувствителна личност може да реагира со љубомора, недоверба или едноставно да не биде расположена. Наоѓањето рамнотежа помеѓу радоста која вие ја барате и ранливоста на оваа личност, најлесно може да биде постигнато со љубезност и умерена смисла за хумор.rn
    rn

    Девица

    rnНа овој празник, обидете се да ги поедноставите работите затоа што страсниот Марс сè уште се движи ретроградно во вашиот знак. Враќањето на место или на активност каде во минатото сте искусиле задоволство, е еден добар начин да ја искористите оваа инаку комплицирана транзиција. Само одржете ги работите едноставни за да го ограничите стресот и да си поминете убаво. Поврзувањето со некој што не сте го виделе некое време е уште еден начин да го прославите овој празник. Можно е да сретнете гласни или некултурни поединци во текот на вечерта. Дадете сè од себе да бидете во духот на забавата и немојте да им дозволите на груби личности да ви го уништат расположението.  Исто така, може да испланирате тивка вечер надвор или да останете дома и да најдете помирни начини на уживање.rn
    rn

    Вага

    rnВашиот вкус за романтика тежнее кон слатката страна, што всушност треба да е поентата на Св. Валентин. Сепак, на овој ден постојат моќни чувства во вашите врски со другите луѓе, кои ја симнуваат фасадата на љубезност за да стигнат до подлабоките лични проблеми. Вашата примамлива владејачка планета Венера, е на пат кон заплеткување со мрачниот Плутон, побудувајќи проблеми со самоконтролата, љубомората и изнесувањето на скриените работи на површина. Страста е дел од пакетот, а ако имате волја да се соочите со непријатните чувства, може да го претворите проблемот во можност да се зближите со некого. Клучот е да бидете искрени кон себе и потоа да ги изразите вашите желби, без да застранувате во презир или во фокусирање на минатото.rn
    rn

    Скорпија

    rnСтраста пулсира додека барате задоволство на подлабоко ниво од она што ќе го најдете на која било картичка за Св. Валентин. Денот започнува со Месечината во вашиот интензивен знак, подигајќи ги влоговите во играта на љубовта.  Вие не сте за флертување или за играње со луѓе кои не се подготвени да се посветат целосно на романсата. Планетата на љубовта, Венера сега се судира со вашата моќна владејачка планета Плутон, интензивирајќи ги врските со поголема желба, но исто така заканувајќи им се со тајност, љубомора и проблеми со контролата. Оваа атмосфера не е идеална за весели активности, но може да ве поттикне да ги поместите границите со вашиот партнер. Само, направете го тоа нежно за да не отидете предалеку и на крајот да создадете криза.rn
    rn

    Стрелец

    rnОдржувањето позитивен став е една од вашите јаки страни и вештина која ќе ви биде потребна овој Св. Валентин. Оптимизмот ќе ви биде неопходен, затоа што имате „сиви чувства“ на денот кога треба да се прославува љубовта. Започнува со Месечината во мистериозната скорпија и вашата таинствена 12-та куќа, што може да не ве доведе во најигривото расположение. Можеби ќе бидете посреќни ако не сте толку активни вечерта или ако поминете време со личност која не очекува многу. Лунарна промена во вашиот знак вообичаено би ја разубавило вечерта, што и во овој случај е возможно. Како и да е, љубовната Венера се судрува со манипулативниот Плутон, а вие не сте некој што сака да биде контролиран. Ако сте незадоволни со вашиот партнер, бидете искрени, но внимателни со вашите зборови.rn
    rn

    Јарец

    rnЕдна од вашите силни страни е тоа што знаете што сакате, но знаењето што и кого не сакате е еднакво важно за овој ден. Секако, празникот треба да претставува славење на љубовта, исполнет со цвеќиња, чоколади и романтика. Но ова не е баш таков ден. Овој Св. Валентин посоодветно е да се зборува за сериозни емоционални проблеми со пријател, отколку да се однесувате како заљубен тинејџер. Добрата вест е што можеби сте подготвени да дискутирате за некои сериозни работи. Ова не е забавно, но може да биде исклучително продуктивно за да се расчистат нерешени прашања кои ве фрустрираат во сегашната врска или во потрагата по нова. Ако и покрај ова, сега одлучите да си „играте“, добро е да знаете дека работите може да станат сериозни, затоа избегнувајте да бидете премногу компетитивни.rn
    rn

    Водолија

    rnИдејата за љубовта е прекрасно нешто и нешто во кое можете целосно да верувате. Сепак, овој концепт можеби нема да се отслика во реалноста на годинешниот комплициран празник. Првичниот проблем е тоа што Венера, планетата на љубовта се вплеткува со Плутон, темниот господар на подземјето. Ова може да предизвика некои провокации кои го разбиваат духот на денот. Но наместо да се трудите да пловите над непријатните чувства, соодветно време е да нурнете длабоко во себе и да размислувате за вашите желби. Доколку тие не се исполнети од вашиот сегашен партнер или сте сингл, интимен разговор со некој на кого можете да му верувате, може да ви помогне да тргнете кон остварување на вашите потреби.rn
    rn

    Риби

    rnДури и романтична личност како вас може да забележи дека овој Св. Валентин повеќе е за копањето длабоко во нашата емотивност, отколку за кратки врски во лесен стил. Многу е важно да бидете ценети, со оглед на тоа што Венера е во вашата 2-ра куќа на самопочитта и се судира со проникливиот Плутон.  Вие веројатно не можете да си ги објасните непријатните проблеми, како на пример чувството да се биде непочитуван или игнориран. Не е убаво кога незадоволството ќе излезе на површина, но тоа е многу поздраво отколку да се потиснуваат чувствата. Решението е во признавањето дека заслужувате љубов и внимание без да се борите за тоа и да сфатите дека не сте жртва. Добивањето на тоа што го сакате, започнува со елиминирање на кое било однесување и верувања кои ви стојат на патот, за да се осигурате дека ве третираат фер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Десет коктели за дочек на Стара Нова година

    Десет коктели за дочек на Стара Нова година

    Автор: Елена ЈошескаrnrnОткако ја дочекавме новогодишната ноќ со прекрасни алкохолни коктели, ред е од ова да не отстапуваме и за дочекот на новата година според јулијанскиот календар.rnrnСледуваат 10 коктели кои ќе го продолжат вашето празнично расположение и кои одлично ќе се вклопат во вашата староновогодишна прослава. Сите се креација на Џаред Лакс, визуелен уметник, кој работи како супервизор во барот Quattro, дел од ланецот Four Seasons.rn

    1. Есенски зачин

    rn

      rn011

    • 30 мл вотка
    • rn011

    • 60 мл сок од јаболко
    • rn011

    • 15 мл сок од лимон
    • rn011

    • 15 мл сируп
    • rn

    rnСостојките се комбинираат во шејкер со мраз и убаво се протресуваат. Се гарнира со стапче цимет и парче јаболко.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    2. Искрата од Малибу

    rn

    rnОткако состојките ќе се измешаат во шејкер, коктелот се истура во чаша полна со шампањ и се декорира со парчиња јагоди.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    3. Розова лимонада

    rn

      rn011

    • 60 мл Absolut Citron вотка
    • rn011

    • 15 мл ликер Куантро
    • rn011

    • 15 мл ракија од праска
    • rn011

    • 30 мл Limoncello
    • rn011

    • 30 мл кисел микс
    • rn011

    • 15 мл сок од лимон
    • rn011

    • неколку капки Гренадин
    • rn

    rnРабот на чашата се премачкува со лимонов сок и се обложува со шеќер. Се декорира со кора од лимон.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    4. Крем од цимет

    rn

      rn011

    • 60 мл ирски крем Бејлис
    • rn011

    • 15 мл Goldschlager
    • rn011

    • 15 мл ликер со вкус на карамелизирани бонбони
    • rn

    rnВнатрешноста на чашата се декорира со чоколаден прелив, а работ од чашата се натопува со чоколаден сируп и се обложува со рендано чоколадо.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    5. Шеќерно стапче

    rn

      rn011

    • 45 мл вотка
    • rn011

    • 15 мл мента ракија
    • rn011

    • 15 мл крем од какао
    • rn

    rnКако што кажува името, овој коктел се декорира со новогодишно шеќерно стапче.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    6. Оревокршачка

    rn

      rn011

    • 45 мл вотка
    • rn011

    • 15 мл ликер Amaretto
    • rn011

    • 15 мл бел крем од какао
    • rn

    rnРабот на чашата се обложува со мелени ореви, додека на дното може да се додаде една мараскино вишна.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    7. Божиќно кисело

    rn

    rnЗа да се добие одличен контраст на боите, светло зелениот коктел се служи во чаша во која на дното има мараскино вишна.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    8. Ноќ во Аспен

    rn

      rn011

    • 90 мл кафе
    • rn011

    • 30 мл ликер Frangelico
    • rn011

    • 15  мл ванила-коњак
    • rn

    rnКоктел наменет за поладните денови, кој, за дополнителна енергија, се декорира со шлаг, морско оревче и зрна кафе.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    9. Ног од Југот

    rn

      rn011

    • 120 мл Eggnog
    • rn011

    • 15 мл ликер од бело чоколадо
    • rn011

    • 30мл  ликер Southern Comfort
    • rn

    rnЕгног е традиционален млечен пијалак кој е особено популарен во САД и Канада за време на зимските празници како Божиќ и Нова година. Рецептот содржи само сирови јајца. Гарнирајте со рендано чоколадо.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова годинаrn

    10. Лаванда

    rn

      rn011

    • 45 мл вотка
    • rn011

    • 30 мл француско бело вино Lillet
    • rn011

    • 30 мл сируп од лаванда
    • rn011

    • 15 мл сок од лимон
    • rn

    rnЗа целосно да се долови името на овој коктел, се декорира едноставно се гранче лаванда.rnrnДесет коктели за дочек на Стара Нова година
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Божиќни цветни декорации

    Божиќни цветни декорации

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЉубов, тоа е вистинското значење на Божиќ. Празник над празниците. Доказ за раѓањето и постоењето на доброто, искреноста, чесноста и вербата како дел од човекот. Период од годината кога се шири добрина и љубезност. Споделувањето, радоста, среќата се доблести кои го прават Божиќ поважен од останатите празници. За надополнување и разубавување на празничната атмосфера неопходен дел се божиќните песни, декорации, цвеќиња, храна.rnrnБожиќни цветни декорацииrnrnЦвеќето се користи во различни видови декорации. Аранжманите со цвеќиња и нивното поставување во одредени делови од домот може да го подигнат расположението и да дадат подобар изглед на празничната атмосфера. Украсувањето на домовите претставува обичај кој ја следи традицијата уште од времето кога се мислело дека цвеќињата имаат магична моќ. Божиќните цвеќиња се симбол за веселост, љубов, убавина, надеж и „виновници“ за будењето нежни емоции во човечките срца. Најкористени цвеќиња во божиќните декорации се бршлен, имела, рози, млечка, зеленика, кактус, шишарки и секако, дабови гранчиња.rnrnЕве неколку предлози како би можеле да го употребите цвеќето за декорации во божиќен дух.rnrnБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииБожиќни цветни декорацииrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.