КАФЕ ПАУЗА

Tag: празник

  • Нова генерација новогодишни честитки

    Нова генерација новогодишни честитки

    Новата година и божиќните празници се уште поубави и магични кога во поштенското сандаче ќе најдете убава и шарена новогодишна честитка. Ако порано праќањето честитки за Нова година или за друга прилика беше традиција, во последниве години сите праќаме многу повеќе честитки преку електронска пошта.Нова генерација на новогодишни честиткиPostcarden направија револуција во историјата на новогодишните честитки. Another Studio for Design, независна компанија со седиште во Лондон, креираше навистина инвентивни честитки – мини градина скриена во деликатна честитка со внимателно одбрани цртежи. Терапевтите велат дека градинарството е добро за душата, па така со оваа оригинална честитка вашата градина може да ви биде на работната маса.Нова генерација на новогодишни честиткиМатеријалите од кои се направен честитките се водоотпорни, така што не може да се оштети нивниот хартиен дел од водата.Нова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиСо секоја честитка има бесплатни семињата од поточарка, кои треба да се полеваат неколку дена и потоа ја прават градината зелена и бујна. Зеленилото во честитката ќе трае 2-3 недели.Нова генерација на новогодишни честиткиИма пет различни тематски честитки: нива, град, ботаничка градина, фудбалски терен и Божиќ.Нова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиНова генерација на новогодишни честиткиНова генерација новогодишни честиткиОвие честитки се одличен подарок за секој од 7 до 77 години. Цената на една честитка чини 7,50 долари, но за жал, Македонија ја нема во државите во кои Postcarden вршат испорачување. Погледнете на кој принцип работат овие честитки.

    rn

  • Ноќ на вештерките

    Ноќ на вештерките

    „Ноќта на вештерките“ е народен празник кој се слави секоја година на 31 октомври. Овој празник влече свои корени од Ирска, каде Келтите биле многу заинтересирани за духовниот свет и за тоа како да имаат поголем пристап до него. Така, често ги имитирале боговите во покажување мудрост и итрина, а исто така и им помагале да ги победат непријателите во битките кои ги воделе.Ноќ на вештеркитеЗборот „Halloween“ потекнува од зборовите All-Hallows-Even, на кои порано, при изговорот, им се додавала буквата „v“ – Hallowe’en. Денес, овој празник најмногу се празнува и слави во Америка и во Канада. Целиот ден е обоен во црна и портокалова боја.rn

    Карактеристично за празнувањето е тоа што семејствата длабат тикви во разни облици, ставаат фенер во вдлабнатината и тиквата ја оставаат пред вратата за време на ноќта. Децата се облекуваат во страшни костими како вештерки, духови, волшебници, костури и со украсена торба во рака одат од куќа до куќа кажувајќи ја познатата реченица: „Trick or treat“ (Да ти направам трик или ќе ми дадеш чоколатце).Ноќ на вештеркитеЕдна од активностите е и бркање јаболка (Apple bobbing), кои се ставаат во големо буре со вода околу кое се собираат неколку деца или возрасни, кои со заби треба да ги извадат јаболката – кој ќе извади повеќе, тој е победник. Исто така, јаболко се закачува и на јаже. Некој стои пред јажето, тоа се турка и со заби треба да се фати јаболкото.Ноќ на вештеркитеJack-o’-lantern е симболичното име на тиквата која се вдлабнува специјално за овој ден.Ноќ на вештеркитеБидејќи празникот е во годишното време есен, кога се берат јаболка, за овој ден се прават зашеќерени јаболчиња кои им се даваат на најмалите во семејството. Исто така, се прават најразлични специјалитети со тиква, како што е најпознатата Pumpkin Pie – пита со тиква.Ноќ на вештеркитеСе верува дека ако на овој ден погледнете во огледало, ќе го видите одразот на вашиот иден сопруг.Ноќ на вештерките