КАФЕ ПАУЗА

Tag: празник

  • 3 народни обичаи за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот: Направете го ова на Богојавление и ќе откриете со кој ќе се омажите

    3 народни обичаи за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот: Направете го ова на Богојавление и ќе откриете со кој ќе се омажите

    Вашата животна љубов чека да се сретнете, а вие можете барем да „ѕирнете“ во вашата иднина и да откриете дали идниот сопружник е некој од вашето опкружување! Еве како, според народните верувања, секоја девојка може да открие со кого ќе се омажи…rnrn3 народни обичаи за пронаоѓање на љубовта на вашиот живот: Направете го ова на Богојавление и ќе откриете со кој ќе се омажитеrnrnСе верува дека девојките може да откријат со кого ќе се омажат преку разни трикови и обичаи, а ние ви претставуваме 3 обичаи кои некогаш ги знаела секоја девојка!rnrnАко сте за вљубени во некого и сакате да знаете дали остатокот од животот ќе го поминете со него, се верува дека златниот прстен може да ви помогне да откриете. Земете неколку влакна од вашата коса и на нив закачете златен прстен, а потоа ставете ја косата со прстенот над чаша вода. Се верува дека ако прстенот трипати удари во чашата момчето што сте го замислиле ќе стане ваш сопруг.rnrnСпоред друго верување, со помош на едно јајце може да го открие името на вашиот животен партнер. Сварете го јајцето и исечете ја белката од јајце на половина, а жолчката од јајцето нека да остане цела. Извалкајте ја жолчката во сол и спојте ја со белката и на крајот изедете го целото јајце. Потоа, одете на спиење и се верува дека тогаш вашиот сакан ќе ви се појави на сон.rnrnНо, еден од најпознатите обичаи за откривање на вечна љубов е ритуалот со топчиња од тесто за Водици. Тестото за овие топчиња се прави исклучиво од вода и брашно. Направете четири топчиња од тестото, а потоа ставете ливчиња со имињата на вашите симпатии во три и оставете го четвртото празно. Ставете ги топчињата во врела вода и првото што ќе исплива на површината, е љубовта на вашиот живот. Името на саканиот ќе го прочитате од ливчето во топчето. Ако најпрво исплива празното топче на површината, тогаш девојката сè уште не го запознала нејзиниот животен сопатник.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека оваа година е престапна, па има многу народни верувања поврзани со неа: Еве што не смеете да правите ако сакате да избегнете несреќа!rn

  • 5 филмови кои ќе ве внесат во духот на Ноќта на вештерките

    5 филмови кои ќе ве внесат во духот на Ноќта на вештерките

    Доколку сте од оние кои ја обожуваат Ноќта на вештерките, но сепак не сте голем фан на страшните хорори, тогаш имаме нешто за вас. За среќа, има филмови кои не се толку страшни, но ве внесуваат во духот на овој интересен празник. Овие филмови ќе ве насмеат додека седите топло во своите домови. Следните филмови може да ги гледаат и деца, така што слободно соберете го цело семејство и уживајте во филмскиот маратон.rnrn5 филмови кои ќе ве внесат во духот на Ноќта на вештеркитеrn

    1. „Хокус Покус“ (Hocus Pocus)

    rnДа започнеме со класиката. Едноставно не може да помине Ноќ на вештерките без да го гледате „Хокус Покус“. Овој филм е пресмешен. Во него Бет Мидлер, Сара Џесика Паркер и Кејти Наџими ги глумат сестрите вештерки. Тие не се пријателски настроени, и убиваат деца со цел да бидат вечно млади. Изведбата на Мидлер за песната „Фрлив магија на вас“ е сцена за паметење, и лесно ве примамува.rnrnНајстрашни моменти: Кога книгата со магии го отвора окото. Може да биде малку морничаво.rnrnhttps://youtu.be/F4e6YQFrt1srn

    2. „Градот каде владеат вештерките“ (Halloweentown)

    rnСе работи за филм каде е постојано Ноќ на вештерките. Легендата Деби Рејнолдс глуми добра вештерка која сака да ги научи своите внуци сѐ за магијата. Филм кој е исполнет со летање на метли, издупчени тикви и интересни жители. Но, нешто лошо почнува да се случува и семејството мора да го одбрани градот.rnrnНајстрашни моменти: Скелетот Били кој вози такси е малку морничав. Како зборува без јазик или вози кога нема очи? Како?!rnrnhttps://youtu.be/F4GV_xnN2rUrn

    3. „Не гледај под креветот“ (Don’t look under the bed)

    rnИсполнет со заплети, моменти на плашење како и грозни моменти, овој филм е малку страшен па затоа бидете повнимателни доколку го гледате со деца. Во овој филм чудовиштето навистина постои и прави хаос низ градот. Измислениот пријател на децата, Лери, ќе дојде навреме за да врати сѐ во нормала.rnrnНајстрашни моменти: Кога слаткиот Лери ќе се трансформира во чудовиштето.rnrnhttps://youtu.be/GNBex5MIxDcrn

    4. „Фантомот од киното“ (Phantom Of The Megaplex)

    rnКако што се подготвуваат за премиера, се подготвуваат пуканките и екраните, мистериозен фантом почнува да го тероризира киното. Овој филм дефинитивно ќе ве држи возбудени до самиот крај.rnrnНајстрашни моменти: Секогаш кога фантомот ќе се појави со морничавата маска и започнува страшна музика.rnrnhttps://youtu.be/S6sEBqggGq0rn

    5. „Големата тиква, Чарли Браун“ (It’s The Great Pumpkin, Charlie Brown)

    rnНиеден маратон не може да биде целосен без овие ликови. Придружете им се на Линус, Луси, Сали и Чарли додека тие ја поминуваат нивната Ноќ на вештерките чекајќи ја големата тиква која ќе им донесе играчки. Оваа прекрасна анимација е совршена комбинација за „страшен“ филмски маратон, проследен со многу чоколатца.rnrnНајстрашни моменти: Некои луѓе секогаш ги возбудува моментот кога Чарли трча за да ја шутне топката која Луси држи во рака.rnrnhttps://youtu.be/i1AxyNhJX4ArnrnСледно, препорачуваме и 12 морничави игри кои можете да ги играте за Ноќта на вештерките.

  • Денес е Меѓународен ден на љубителите на книги

    Денес е Меѓународен ден на љубителите на книги

    Од најретките први едиции, до најновите свежо отпечатени книги во локалните книжари, од допирот на хартија, до мирисот на страниците – ова се само дел од работите кои само кај вистинските љубители на книги можат да предизвикаат насмевка на срцето.rn

    „Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не ни умее да чита.“ – Марк Твен

    rnДенес е Меѓународен ден на љубителите на книгиrnrnКнигите се моќни. Тие можат да нè транспортираат низ времето и просторот – во минатото, сегашноста, иднината и во многу далечни галаксии, во светови каде што небото е розово и животните зборуваат, а притоа воопшто да не се поместиме од нашиот кауч.rnrnКнигите ни помагаат подобро да се разбереме меѓусебно, да се чувствуваме помалку осамени и да ги пронајдеме нашите најкомплексни емоции претворени во зборови.rn

    „ Колку повеќе читате, толку повеќе работи знаете. Колку повеќе работи научите, толку повеќе места ќе посетите.“ – Д-р Сус

    rn

    Историја на неофицијалниот Меѓународен ден на љубителите на книгата

    rnДодека потеклото на овој Меѓународен ден е обвиен во мистерија и гласини, самите книги не се. Започнувајќи од резбите на камени плочи, книгите подоцна биле дизајнирани да се пренесуваат списите и цртежите на оние кои не можеле да ги носат тие камени плочи.rn

    „Читателот живее илјада животи. Човекот кој не чита живее само еден.“ – Џорџ Р. Р. Мартин

    rnДоколку сте љубител на читање книги, треба да му се заблагодарите на Јохан Гутенберг, пронаѓачот на печатница во 1440 година. Благодарение на неговиот изум, книгите станаа широко достапни за јавноста.rn

    Неколку непознати факти за книгите од минатото:

    rn

      rn 011

    • Страниците на првата книга биле изработени од кожа од теле;
    • rn 011

    • Кориците на книгите биле изработувани од дрво и честопати биле прикриени со кожа;
    • rn 011

    • Книгите се затворале со копчиња или ленти (каиши);
    • rn 011

    • Првата јавна библиотека се појавила во средниот век;
    • rn 011

    • Јавните библиотеки често ги врзувале книгите со синџири за да ги заштитат од крадци.
    • rn

    rn

    „Кога ќе имам сопствена куќа, би била мизерна доколку немам одлична библиотека.“ – Џејн Остин

    rnДенес е Меѓународен ден на љубителите на книгиrnrnБонус факт: Книгите го намалуваат стресот!rnrnИстражувањата покажале дека читањето не е само забава, туку може да има и позитивно влијание врз нашето здравје. Читањето го намалува стресот, го одржува мозокот остар и го подобрува сонот. Научниците исто така откриле дека оние кои читаат многу, постои голема веројатност да бидат емпатични и разбирливи кон другите.rnrnВо чест на Меѓународен ден на љубителите на книги, оставете ги вашите смартфони, земете добра книга, и едноставно… читајте!rnrnПрочитајте ги и овие 4 причини зошто треба да читате повеќе книги.

  • 13-ти февруари: Прославете го Денот на пријателките!

    13-ти февруари: Прославете го Денот на пријателките!

    Сигурни сме дека сите сте добро запознаени со Денот на вљубените (Valentine’s Day) што се прославува на 14-ти февруари, но дали некогаш сте чуле за Денот на пријателките (Galentine’s Day), што сè поголем број дами го слават на 13-ти февруари?rnrn13-ti-fevruari-proslavete-go-denot-na-prijatelkite-www.kafepauza.mkrnrnДенот на пријателките настанал во популарната ТВ серија Паркови и рекреација (Parks and Recreation), кога главната јунакиња Лесли Ноп го измислила овој празник како изговор да ужива со своите најдобри пријателки. Оваа идеја толку многу им се допаднала на девојките ширум светот што тие сè повеќе ги слават женските пријателства токму на овој ден. Датумот е одбран поради тоа што е пред Денот на вљубените, давајќи му до знаење на целиот свет дека нема ништо посилно од женско пријателство.rnrnСе прашувате како се слави овој празник? Не грижете сè, не е ништо комплицирано. Сè што треба да направите е да ги соберете вашите најблиски пријателки и да поминете една вечер со смеење, јадење, пиење, танцување и гледање филмови или серии.rn

    „Ова е најдобриот ден во годината. Секој 13-ти февруари, моите прекрасни дами и јас ги оставаме посилните половини дома и ги славиме жените и нашите силни пријателства“, објаснува Лесли во серијата.

    rn13-ti-fevruari-proslavete-go-denot-na-prijatelkite-www.kafepauza.mkrnrnЗарем треба да се каже нешто повеќе? Ако одлучите и вие да го прославите овој ден вечерва, тогаш погледнете ги следниве неколку идеи што со сигурност ќе ви се допаднат!rn

    Јадете благо… и сè останато што мислите дека дебелее

    rnДенес е дозволено сè! Без разлика дали станува збор за порција помфрит со илјада сосови или многу благи десерти, вие и вашите пријателки можете бескрајно да уживате во вкусот без да се грижите за својата тежина (барем денес не мислете на неа!). Ова е само еден ден во годината, па гарантирано нема да се здебелите.rn

    Подгответе мали подароци

    rnДоговорете се со пријателките каде ќе се соберете, а потоа фрлете се на работа. Сè што е направено со вашите раце е прифатливо како подарок за Денот на пријателките. Можете да пронајдете некој „направи сам“ проект, да нацртате или да напишете нешто… изборот зависи само од вас.rn

    Време за забава

    rnОсобено ако одамна не сте излегле да се забавувате, оваа вечер може да биде одлична шанса да се изнаиграте како никој да не ве гледа. Не мора дури ни да излезете од удобноста на вашиот дом – сè што треба да направите е да ги наредите вашите омилени песни за танцување во плејлиста и да ги пуштите на најгласно.rn

    Филмски или ТВ маратон

    rnФилмови, серии, пуканки, чаша вино… зарем треба да се каже нешто повеќе?rnrnПрочитајте ги и овие 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка!

  • 6 причини зошто треба да ги посетите вашите баба и дедо во празничната сезона

    6 причини зошто треба да ги посетите вашите баба и дедо во празничната сезона

    Сезоната на празници е исполнета со многу убави моменти поминати со семејството, па затоа бабите и дедовците нестрпливо ја очекуваат посетата од нивните внуци. Со оглед на тоа што модерниот живот не нуди многу простор за честа посета на најблиските, празниците се одлично време за тоа. Па, погледнете ги овие 6 причини кои дополнително ќе ви покажат дека оваа недела не треба да ја пропуштите посетата на вашите баба и дедо.rnrn6 причини зошто треба да ги посетите вашите баба и дедо во празничната сезонаrn

    1. Ова е одлично време за да ги прегрнете и да им кажете дека ги сакате

    rnЛуѓето честопати забораваат да им кажат на своите најблиски колку им значат. Запаметете дека вашите баба и дедо заслужуваат да слушнат некои зборови кои ќе им кажат колку ги сакате. Иако психолозите велат дека генерацискиот јаз може да доведе до делумно или целосно недоразбирање помеѓу родителите и нивните потомци, сепак, вреди да се обидете да бидете трпеливи и да ги надминете проблемите. Имајте на ум дека вашите баба и дедо не се модерни како вас и поради тоа може да имате различни ставови, но тоа секако не е пречка вие да ги сакате. Вашата прегратка и искрената насмевка може да биде најдобар лек за вашите баби и дедовци.rn

    2. За да им понудите помош и поддршка

    rnСтарите луѓе се многу чувствителни и ранливи суштества и ним им треба и физичка и ментална поддршка. Затоа, треба да им обрнете повеќе внимание, да ги слушате и да бидете трпеливи со нив. Па, бидете малку креативни и подарете им нешто што може да ги израдува. На пример, изберете елка и однесете им ја за да ја украсите заедно. Исто така не заборавајте да им помогнете да ја исчистат куќата, затоа што тие често немаат енергија да го направат тоа самите. Со вакви гестови на внимание, вие ќе ги направите најсреќните луѓе во светот.rn

    3. За да им покажете дека сте успешни

    rnБабите и дедовците се радуваат кога нивните внуци се среќни и успешни и тоа им ги загрева срцата. Тие се грижат за вашата сегашност и иднина, затоа што вие сте нивното наследство. Затоа, посетете ги и стоплете ги нивните срца со тоа што ќе им кажете и покажете дека сте на добар пат во животот.rnrn6 причини зошто треба да ги посетите вашите баба и дедо во празничната сезонаrn

    4. Ова може да биде нивната последна празнична сезона

    rnЗа жал, луѓето се како свеќи и светлината во нивните очи може да исчезне во секој момент. Зошто да почнете да ги вреднувате работите откако ќе ги изгубите? Здравите семејни врски треба да ви бидат приоритет во животот, затоа што тие се вашата поддршка во кое било време. Сигурно секој од вас сака своите баба и дедо да живеат што е можно подолго, но никој не може да го предвиди тоа, па затоа, покажете им колку ви значат уште додека сте во можност да го сторите тоа.rn

    5. Тие се извор на мудрост во вашето семејство

    rnБабите и дедовците се најмудрите членови во вашето семејство кои поминале низ повеќе тешкотии и многу страдале во нивниот живот. Тие ги создале вашите родители и го исполниле животот на вашето семејство со вредности, традиции и интересни моменти. Бабите и дедовците може да ви дадат многу мудри совети, па затоа, ова е совршена прилика да ги посетите, да поминете некое време заедно и да разговарате за различни работи.rn

    6. Со вашата посета ќе им ја исполните душата

    rnВашата посета е празник за срцата на вашите баба и дедо. Вечерта помината во кругот на семејството, слушањето на нивните шеги и споделувањето искуства е нешто непроценливо. Подгответе им нешто со што ќе можете да ги изненадите и подарете им позитивни и радосни моменти. Не заборавајте кон нив да се однесувате со почит и разбирање, затоа што тие се значаен дел од вашето семејство.

  • Најинтересните и најубави велигденски прослави ширум светот

    Најинтересните и најубави велигденски прослави ширум светот

    Велигден е еден од најубавите и најважни христијански празници. Тоа е денот кога христијаните насекаде во светот го слават воскресението на Исус Христос, па заедно и во убава атмосфера се радуваат. Но покрај религиозните ритуали и обичаи кои се прават на овој ден, секоја земја има свој, уникатен начин на кој го празнува. Следниве земји ги имаат едни од најуникатните прослави.rn

    Аргентина

    rnВелигден е голем ден за народот во Аргентина. Во текот на Светата недела се практикуваат најразлични традиции, додека народот го почитува постот. Традицијата во Аргентина налага споделување на велигденски јајца и јадење специјална велигденска торта наречена Rosca de Pascua. Прославата кулминира кога луѓето одат на велигденската миса, после која следи голема семејна гозба. Меѓу другото, општината во поголемите градови организира потрага по скриено богатство во која може да учествува секој кој сака да се забавува.rnrn(1)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Грција

    rnУште од времето на боговите, па сè до почитувањето на христијанската вера денес, Грците секогаш биле многу ревносни кога станувало збор за верските обичаи. Грчката црква го следи византискиот календар, па Велигден се слави на различен ден одошто кај повеќето православни цркви, но сепак останува најсветиот празник во Грција кој се празнува цела една недела.rnrnПрославата во Атина започнува на Велики петок кога реплика на Исусовиот гроб се носи низ градот. Следниот ден се оди во црква на полноќна миса после која, точно на полноќ, луѓето си го честитаат празникот со зборовите Христос воскресна и Вистина воскресна. Целата велигденска прослава е проследена со многу забава, музика, огномет и многу храна. Оној обичај кој многу потсетува на нашиот е чукањето со јајца со пријателите, обичај за кој се верува дека му носи среќа на оној кој ќе победи.rnrnGreek Orthodox Patriarch of Jerusalem Thrn

    Либан

    rnХристијаните во Либан сочинуваат половина од неговото население и се едни од најстрасните верници во светот. Улиците, продавниците и куќите низ Либан се богато украсени со најразлични декорации, велигденски чоколадни зајачиња, шарени јајца и што ли уште не. Велигденската миса е дел од прославувањето и обичаите кој никој не го пропушта. Карактеристично за овој голем ден во Либан е обичајот Shanineh кој се одржува во црква, кога на децата им се даваат свеќи украсени со украсни ленти и цвеќе и тие потоа кружат во поворка околу црквата. Исто уникатни се и слатките Ma’amoul, специјално приготвени за овој ден, а со преубав вкус на мешавина од гриз и путер, исполнета со ореви и шеќер во прав.rnrn(3)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Шкотска

    rnВелигден е доста лежерен празник во Шкотска. Иако како верници Шкотланѓаните ги почитуваат верските обичаи, како што е одењето на миса, сепак ова е ден кој тие го прават доста забавен. И сѐ се врти околу велигденските јајца. Откако ќе ги сварат, бојадисаат и украсат со најразлични декорации, секој со своето јајце се упатува кон зелените ридови на тркалање. Целта е да се види чие јајце е најсилно и кое од многуте ќе го издржи тркалањето по ридот. Забавно, но и симболично, овој обичај го претставува тркалањето камења од Исусовиот гроб со што би му се помогнало да воскресне.rnrn(4)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Шпанија

    rnКако најважен верски празник во Шпанија, Велигден е обележан во карневалска атмосфера, со труби, тапани и весели лица. Еден од регионите со најуникатна велигденска традиција е Севилја. Со своите педесет и две различни религиозни братства чии членови маскирани во покајници парадираат по улиците цела недела, Велигден во Севилја е навистина доживување. Во текот на 24 часа, поворките ги манифестираат случувањата од трите дена, почнувајќи од распнувањето, па сѐ до воскреснувањето на Исус Христос кое е прославено со многу музика, традиционални колачи, танци и секако свеќи украсени со цвеќе.rnrn(5)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Шведска

    rnОва е земјата во која Велигден е целосно посветен на семејството, добрата музика, богатата гозба и забавувањето. Многу од шкотските велигденски обичаи ги вклучуваат децата, па така, вечерта пред Велигден (сабота вечер), малите деца се облекуваат како добри волшебници и на луѓето им делат писменца и картички за да го разбудат во нив велигденскиот дух, додека за возврат добиваат парички и бонбони. Дента на Велигден, центар на внимание се богатите трпези полни со секакви јадења, од кои во најголеми количини ја има рибата. Главна атракција се секако внимателно декорираните велигденски јајца кои подоцна се разменуваат и употребуваат во игра слична на онаа во Шкотска, само овој пат јајцата се тркалаат по ќерамиди.rnrn(6)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Франција

    rnИако црковните ѕвона ѕвонат секој втор ден во Франција, трите дена на Велигден нема да ги чуете. Според старата легенда, се верува дека е така бидејќи тие заминале во Рим за да бидат благословени. Неделата за Велигден, тие повторно може да се слушнат бидејќи ја поминуваат цела земја оставајќи чоколадни јајца, кокошки и зајчиња во секоја градина. Попладнето децата трчаат во градините за да го пронајдат скриеното богатство оставено само за нив од црковните ѕвона. Во поглед на велигденската гозба, изборот на цела Франција е јагнешко месо.rnrn(7)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Германија

    rnДефинитивно земја со една од најубавите традиции кога станува збор за детската радост – секој Велигден, секое дете од своите родители добива кошничка полна со подароци, чоколади и велигденски јајца. Овие кошнички се скриени во дворот, па по враќањето од миса, секое дете весело и возбудено ја бара својата кошничка. Додека ваквиот обичај е попопуларен во руралните области каде куќите имаат големи градини, во урбаните делови на Германија луѓето одат на велигденска прошетка во природа, па ги кријат велигденските гнезда полни со вистински и чоколадни јајца некаде низ дрвјата и грмушките за да можат децата да се забавуваат додека ги бараат. Исто убав обичај е навиката на Германците да ги китат дрвјата во дворовите со дрвени ишарани јајца.rnrn(8)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Америка

    rnМисата е секогаш на прво место. Велигден е празникот кога сите христијани во Америка се облекуваат во најубавата облека и одат во црква на велигденска миса. А потоа на ред доаѓаат колачите и чоколадата. Некои компании за производство на чоколади специјално за Велигден произведуваат велигденски чоколади кои можат да се најдат во продажба само тој период. Она што особено го заслужува вниманието на оние кои живеат во Вашингтон е фактот дека, само за Велигден, вратите од градините на Белата куќа се отворени за децата и нивната игра која се состои во тркалање јајца. Ова е традиција која датира од 1878 година.rnrn(9)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrn

    Канада

    rnПрославите во Канада вклучуваат фестивали, вкусна храна и многу забава. И религиозните и нерелигиозните Канаѓани земаат учество во верските обичаи, актерските претстави, велигденските пеења и сите други активности, меѓу кои и одењето на миса. Богатото мени е разновидно и по желба, но она кое го има на секоја маса се колачите со јаболка и печениот грав. Главна атракција на Велигден е големото јајце конструирано во 1975 година во чест на Украинските спогодби во Едмонтон. Ова е најголемото Велигденско јајце кое постои во светот и како такво претставува архитектонско ремек-дело кое е симбол на животот, просперитетот, вечноста и добрата среќа.rnrn(10)-najinteresnite-i-najubavi-veligdenski-proslavi-shirum-svetot-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за вас

    Неверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за вас

    Веќе знаеме дека Гугл ни носи безброј погодности и подадени информации како на чинија со брзина на светлината. Но, сте знаеле ли дека Гугл може да пресмета колку бакшиш треба да оставите или да ви послужи како ТВ водич? Со овие интересни Гугл трикови ќе станете вистински мајстори на интернет.rnrnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    1. Гугл може да ви користи како тајмер. Само напишете „timer“ и кликнете на бројките за да го одредите времето.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    2. Гугл ќе пресмета колку бакшиш треба да оставите по вечерата. Напишете „tip calculator“.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    3. Може да го користите Гугл за да дознаете на кој датум е празникот за кој се интересирате, како и да дознаете нешто повеќе за истиот. Секако, ова не важи за нашите празници.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    4. Во дел од секунда Гугл ве информира кога ќе излезе филмот што го барате.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    5. Може да го користите како ТВ водич и да проверите кога се прикажуваат вашите омилени програми и серии.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    6. Ви помага да одлучите што да јадете.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    7. Гугл веднаш ќе ги најде песните од вашите омилени изведувачи.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    8. Или пак насловите на книгите од вашиот омилен автор.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    9. Може да го провери вашиот лет.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    10. Гугл ќе ви каже кога точно изгреало и кога ќе зајде сонцето во местото каде живеете.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    11. Ќе ви даде информации за основачите на некои познати компании.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    12. Може да му кажете на Гугл да се врти во круг. Само напишете „do a barrel roll“.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    13. А, доколку напишете „tilt“ само малку ќе се накоси.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    14. Пребарувајте „recursion“, по што, соодветно на значењето на зборот, на шега пребарувачот ќе ве „поправа“ давајќи ви го сосем истиот збор што сте го напишале како предлог за она што можеби сте сакале да го пребарувате.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    15. Уште еден кул трик. Пребарувајте „anagram“ и Гугл ќе креира анаграм од самиот збор што го внесовте.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    16. Или пак, ќе се пошегува со вас ако побарате дефиниција за анаграм.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    17. Доколку пребарувате „festivus“, од левата страна ќе ви излезе метална шипка, соодветно на празникот кој се прославува како пародија на 23-ти декември.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    18. „Zerg rush“ е скриена игра во системот за пребарување.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за вас Неверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    19. На Гугл може веднаш да го проверете значењето, како и потеклото на секој збор.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за васrn

    20. И за крај, доколку напишете „Google in 1998“, на екранот ви излегува тогашната верзија од Гугл.

    rnНеверојатни работи за кои не сте знаеле дека Гугл може да ги направи за вас

  • Најневеројатните фестивали во светот

    Најневеројатните фестивали во светот

    Автор: Сања ПетровскаrnrnОвие фестивали се одржуваат еднаш годишно во различни градови, земји и континенти низ целиот свет. Секој од нив е со своја приказна и убавина, а заедничко им е тоа што нема да сакате да пропуштите ниту еден од нив.rn

    1. Фестивал на снегот и мразот – Харбин, Кина

    rnОвој едномесечен фестивал започнува секоја година на 5-ти јануари и трае до 5-ти февруари во градот Харбин во Кина и е најголемиот фестивал на снегот и мразот во светот. Таму може да се видат најразлични скулптури изрезбани од мраз, па дури и цели згради и објекти во реална големина.rnrn1-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    2. Холи – Фестивал на Хиндуистите

    rnПознат и под имињата Фестивал на боите или Фестивал на љубовта, овој настан се одржува во пролет во Индија, Шри Ланка и други Хинду региони. Фестивалот го прославува крајот на зимата и почетокот на пролетта и победата на доброто над лошото. Ако некогаш одите, не заборавајте да понесете многу боја со себе.rnrn2-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    3. Каскаморас – База, Шпанија

    rnСекоја година на 6 септември во провинцијата на Гранада се собираат илјадници Шпанци кои се мачкаат со маст за да го одглумат за светот крадењето на статуата Девицата на Пиедад и борбата меѓу градовите База и Гуадикс што се случила пред повеќе од 500 години. После точката следи една од најдобрите забави.rnrn3-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    4. Карневалот во Венеција, Италија

    rnТрадиционалниот карневал е едно од главните обележја на овој преубав италијански град и се одржува сѐ до празникот познат како Чиста Среда или до четири дена пред празникот Марди Грас. Сѐ од 13-тиот век па наваму, луѓе од целиот свет доаѓаат за да учествуваат на овој карневал и да ги претстават своите маски.rn

    4-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

    rn

    5. Фестивал на огнот – Лервик, Шкотска

    rnПоследниот вторник во јануари за Шкотланѓаните, а и за луѓе од разни краеви на светот, е резервиран за овој неверојатен фестивал кога толпи луѓе маршираат преправени во разни костуми по улиците на градовите и селата во Шкотска. Кулминацијата доаѓа на крајот на церемонијата кога традицијата налага да се запали цел еден брод кој е копија на старите викиншки бродови.rnrn5-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    6. Тумороуленд – Бум, Белгија

    rnЕден од најголемите музички фестивали на електронската музика и играњето кој секоја година е посетен од повеќе од стотина илјади млади луѓе. Иако датира од 2005 година, дефинитивно претставува прилика за одлична забава и играње до раните утрински часови во текот на летниот период.rnrn6-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    7. Марди Грас – Њу Орлеанс

    rnСекоја година точно во вторникот пред Чиста Среда, улиците на Њу Орлеанс се преполни со луѓе желни и подготвени за забава како да не постои утрешниот ден. Две недели пред и за време на празникот, низ Њу Орлеанс може да се видат и да се учествува на различни паради и балови.rnrn7-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    8. Октоберфест – Минхен, Германија

    rnСе одржува последните недели од септември до крајот на првата недела од октомври, а е најголемиот и најпознатиот фестивал на пивото во светот. Секоја година е посетен од неколку милиони луѓе и се служат неколку милиони литри пива. Побрзајте и резервирајте си лет отсега.rnrn8-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    9. Ла томатина – Буњол, Шпанија

    rnЕден од ретките фестивали кои се одржуваат само за забава и без некоја посебна причина, а настанал така што во 1945 година некои жители почнале да фрлаат овошје и зеленчук за време на парадата. Секоја последна среда во август, во близина на Валенсија, започнува познатата тепачка со домати која претставува ретко и интересно искуство кое не смеете да го пропуштите.rnrn9-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    10. Меѓународниот фестивал на балоните – Албакерки, Ново Мексико

    rnОвој фестивал се одржува секоја есен на почетокот на октомври, а претставува најголемиот собир на балони на топол воздух. Трае 9 дена, а за тоа време може да се видат повеќе од 750 балони на небото.rnrn10-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    11. Карневалот во Рио де Женеиро, Бразил

    rnСамба музика, костуми во секакви бои и облици и огромен број луѓе кои парадираат по улиците на Рио де Женеиро. Овој фестивал се одржува еднаш годишно, точно четириесет и шест дена пред Велигден, а е меѓу најпознатите во светот. Ритамот и шармот на овој бразилски карневал сигурно ќе ве воодушеват.rnrn11-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    12. Фестивал на тркалање кашкавал по Купер Хил – Глоучестер, Англија

    rnАко некогаш сте посакале да видите стотици мажи како трчаат надолу по рид и бркаат кашкавал, тогаш овој фестивал во Глоучестер е вистинското место за тоа. Големото тркало од кашкавал се пушта од врвот на ридот и натпреварувачите трчаат по него, па тој што прв ќе ја помине целта го освојува кашкавалот. Забавата продолжува по локалните пабови.rnrn12-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    13. Коачела – Индио, Калифорнија

    rnТридневен музички и уметнички фестивал кој е вистинско пролетно уживање и кампување во пустина во преубавата Калифорнија. Пропратено со музиката на некои од најпознатите имиња на музичката естрада и присуството на многу познати личности, ветува неверојатна забава.rnrn13-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    14. Денот на мртвите – Фестивал на Мексиканците

    rnСекој 1-ви ноември, традиционалните Мексиканци насекаде во светот го прославуваат Денот на Сите Светци (според католичкиот календар), за да се сетат на нивните блиски кои починале пред нив. Најголемите забави се одржуваат во Мексико Сити и Лос Анџелес, а можат да се видат најразлични маски и културни спектакли.rnrn14-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    15. Трка со бикови – Памплона, Шпанија

    rnНема некој кој не би сакал да види толпа луѓе кои трчаат и бегаат од бикови на сред улица. Тоа е возможно секој јули од 6-ти до 14-ти во градот Памплона во Шпанија и претставува негова долготрајна традиција, а е вистинско возбудливо искуство.rnrn15-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    16. Водниот фестивал во Сонгкран – Чианг Маи, Тајланд

    rnНајголемата борба со водени балони, пиштоли на вода и полни шишиња. Неверојатна пролетна водена авантура која ја означува традиционалната Тајландска Нова година, а трае најмалку три дена.rnrn16-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    17. Огнен човек – Блек Рок Сити, Невада

    rnAко и вие сте од оние кои сакаат да се ослободат од конвенционалните стеги на општеството, тогаш оваа пустинска деноноќна забава во Невада е местото каде треба да одите. Започнува последниот понеделник од август и завршува првиот понеделник од септември, а името го добила по палењето на големата дрвена фигура во саботата вечер.rnrn17-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    18. Кирпинарскиот турнир во борење во масло – Ердин, Турција

    rnЗа сите обожаватели на борба меѓу полуголи мажи измачкани со маслиново масло ова е вистинското место каде треба да се биде. Се одржува во летниот период во градот Ердин, Турција.rnrn18-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    19. Вандерласт, фестивал на јогата – Оаху, Хаваи

    rnОдмарање на прекрасните плажи на Хаваи и инспиративна авантура која е комбинација на јога, музика, природа и душевно исполнување за сите љубители на овој индиски ритуал.rnrn19-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    20. Фестивал на борби во кал – Порен, Јужна Кореја

    rnКореја изобилува со навидум случајно организирани фестивали и настани од кои дефинитивно најпознат е овој фестивал на борби во кал. Се одржува покрај плажа, па во секој момент можете да направите пауза и да се разладите во океанот.rnrn20-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    21. Геј парада – Сан Франциско

    rnПозната и под името Гордоста на Сан Франциско, оваа парада е традиција на градот многу години наназад. Овој фестивал е незаборавно дводневно доживување кое ги слави хомосексуалците, бисексуалците и трансродните лица низ целиот свет.rnrn21-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    22. Фестивал на фенерите – Пингши, Тајван

    rnНе постои ништо поромантично и помагично од небо осветлено со илјадници лебдечки фенери токму над вас. Оваа неверојатна глетка е возможна на неколку фестивали во светот, но токму овој во Тајван ќе ве остави без зборови.rnrn22-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrn

    23. Гластонбери – Гластонбери, Англија

    rnУживање во звуците на неверојатна музика создадена од најпознатите музички имиња додека немирно газите во кал во вашите чизми за дожд и кампувате со пријателите. Музички фестивал како ниеден друг – гласен, валкан и див. Не смеете да го пропуштите.rnrn23-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филмски препораки за продолжен празничен викенд

    Филмски препораки за продолжен празничен викенд

    Погледнете ја нареднава филмска листа која се надеваме дека ќе ви помогне во изборот на филмови кои ќе ги гледате овој продолжен викенд со вашите најмили. Среќни празници.rn

    1. Тајниот живот на Волтер Мити (The secret life of Walter Mitty)

    rnrnФилмски препораки за продолжен празничен викендГлавни улоги: Бен Стилер, Кристен Виг, Џон ДалиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: авантура, комедија, драмаrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnКратка содржина: Волтер Мити секојдневно бега од својот анонимен живот во светот на фантазијата кој е исполнет со хероизам, романса и акција. Кога неговата работа ќе почне да му виси на конец, тој ќе тргне на пат околу светот кој ќе се претвори во неверојатна авантура. Авантура која ни тој самиот не би можел толку добро да ја смисли.rnrnrnrn

  • Ренесанса на душата

    Ренесанса на душата

    Знаете што не е фер? Цела недела куќата да ти мириса на највкусни велигденски специјалитети, а ти да не смееш да пробаш ништо од тоа. Се работи за јак карактер или фактот што ќе добиеш по рака со дрвената лажица ако посегнеш по нешто предвреме? Па доаѓа Велигден и се давиш во руска салата… или што и да е тоа што ти е омилено. Јас сакам да предложам еден договор. Ќе бидам умна, послушна, а за возврат сакам да можам да јадам сè и сешто без да накачам некое килце плус, нека биде како договор со Дедо Мраз за Нова година. Само не знам каде да се обратам и да го предложам договоров, ама во секој случај мислам дека е добра идеја…Ренесанса на душатаКога станува збор за празниците, не мора да излегувам од дома за да најдам инспирација или да соберам податоци. Тука е мајка ми. Експерт за сè живо и неживо, за сè што лета, оди, се јаде… Детален познавач на секоја област, секогаш подготвена да даде подробни информации, и најважно од сè – секогаш е во право, а спротивното е невозможно да се докаже. Не, сериозно, за нејзините познавања од областа на верата и духовноста ѝ симнувам капа.

    rnПо разговорот со жената која мора да ме сака каква што сум бидејќи таква ме родила, се прашувам колку сите ние вистински се концентрираме на светоста на празникот? Во целата збрка да се исчисти домот, секоја да се покаже колкава домаќинка е, да се вапсаат јајцата, да се оди по гости и во црква бидејќи таков е адетот, кој колку обрнува внимание на сржта на овој ден?rnrnСтанува збор за ден кој е симбол на вечниот живот, на надежта и бесмртноста. Јас лично го доживувам како ренесанса на душата. Нова шанса, нов почеток, повторно раѓање. Ден кога те обзема сета светост и кога се ежиш од биењето на камбаните или кога Џокси ја пее „На Велигден“. Кога кршењето со јајца е толку забавно и предизвикува во тебе да се разбуди натпреварувачкиот дух – твоето јајце да биде кршалче. И плус, секогаш е во пролет, уште една поврзаност со симболите за преродба. Колку е прекрасно тоа?rnrnСега се прашувам, дали вербата денес е потценета? Во денешно време, со таков напредок на технологијата и медицината, со такви достигнувања, дали да се бара од нас да веруваме во нешто што не го гледаме е премногу? Но да ве прашам нешто, ја гледате љубовта? Не, но сепак верувате во неа, бидејќи ја чувствувате кон семејството, пријателите, сопругот или сопругата. Нели тие нешта кои не се гледаат, не може да се допрат, но се чувствуваат, се најсвети и најмили?rnrnМожеби треба да престанеме да бидеме самобендисани, да се доживуваме себеси како да сме семоќни и како да никој не ни може ништо. Вистината е сепак, дека времето лета, дека вербата ѝ е потребна на душата, дека треба да постојат вакви денови кога ќе се сетиш на твоите пријатели и роднини, поблиски или подалечни. На некој на кого му треба помош, на некој на кого одамна или воопшто не сте му кажале што чувствувате. Нека овој ден биде поттик за сите нас да ја покажеме нашата љубов и верба.rnrnСрцата се кршат и луѓето се забораваат поради зборови кои остануваат некажани. Кога последно сте му се јавиле или сте го посетиле вашиот стар дедо и сте му кажале колку го сакате и почитувате? Кога последно сте ја прегрнале вашата мајка или вашата пријателка и сте ѝ кажале колку ви е мило што ја имате во својот живот? Мислам дека сите ние би требало да го сториме тоа што поскоро. Нам не ни текнува додека нештото не го изгубиме и не почне страшно да ни недостига. Тоа е проблемот со нас луѓето…rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn