КАФЕ ПАУЗА

Tag: празник

  • Божиќен пакет

    Божиќен пакет

    Божиќ е посебен ден, исполнет со среќа, хармоничност и мир, а најважно од сè, претставува раѓање на новата надеж. Православниот Божиќ ни е на прагот, но сè уште има време за да се подготвите за совршена божиќна прослава. За таа цел, послужете се со нашиот божиќен пакет кој се состои од божиќни песни, идеи за божиќни пораки и подароци и обичаи за Божиќ.rnrnБожиќен пакетrnrn

    Божиќни песни

    rnОва се песните кои задолжително треба да се најдат во вашата божиќна плејлиста:rnrn1. Mariah Carey – All I want for Christmas is yourn2. Elvis Presley – Blue Christmasrn3. Frank Sinatra – Let it snowrn4. Kenny Rogers and Dolly Parton – A Christmas to rememberrn5. Enya – Adeste Fidelesrn6. Bon Jovi – Bells will be ringingrn7. Celine Dion – So this is Christmasrn8. Chris Tomlin – Angels we have heard on highrn9. Alabama – The Christmas shoesrn10. Wham – Last Christmasrn11. Coldplay – Christmas lightsrn12. Frank Sinatra – The first Noelrn13. Amy Grant – Breath of heavenrn14. Band Aid – Do they know it’s Christmasrn15. Jose Feliciano – Feliz Navidadrn16. Train – Shake up Christmasrn17. Bing Crosby – Silent nightrn18. Mia Rose – What would Christmas be like?rn19. ‘N Sync – Mery Christmas, happy holidaysrn20. Brenda Lee – Rocking around the Christmas treern21. Dean Martin – Let it snowrnrnЕве ја и целата листа подготвена за преслушување. Треба само да притиснете плеј.rnrnrn

    Божиќни пораки

    rnНе заборавајте да им го честитате овој свет празник на вашите блиски. Еве неколку идеи за божиќни честитки или пораки:rn
    rn

    „Како што бадниковиот оган се ложи,rnво вашиот дом среќа да се множи,rnнека светла ѕвезда во животот вас ве води,rnзашто денес е Божиќ – Христос се роди!“

    rn

    „Денешниот блажен ден нека ви биде радосен!rnБожиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати.rnАнгел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.“

    rn

    „Додека бадниковиот ден догорува,rnслушни го Бога што ти зборува,rnследи го патот на срцето што до среќа те води.rnСреќен Божиќ – Христос се роди!“rn

    rn

    „Во телото здравје, во душата мир,rnво мислите спокој, во срцето младост.rnЧестит Божиќ, ти испраќам полна вреќа радост!“

    rn

    „Божјата милост насекаде нека ве прати,rnнека за доброто со добро ви се вратиrnХристос насекаде да ве води,rnСреќен Божиќ, Христос се роди.“

    rn

    „Бадниковата вечер нека го избрише сето она што сакаш да го заборавиш,rnа Божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов!

    rn

    „Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди,rnсреќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари.rnСите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје!rnБериќет и к`смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!“

    rn

    Божиќни подароци

    rnПродолжуваме со одбирање божиќен подарок. Запомнете, тој мора да е подарен со љубов и внимание, а не секогаш треба да потрошите многу пари за да го одберете совршениот.rnrnБожиќен пакетrnrnЗа вашиот близок пријател од посилниот пол или пак за вашиот партнер купете приврзок за клучеви, масажер, дивиди со неговиот омилен филм, футрола за мобилен телефон, рачен часовник или убав машки шал.rnrnЗа вашата блиска другарка, одберете голема шолјичка за кафе или чај со интересен натпис или пак слика. Уште подобро би било ако успеете да најдете чаша за вино со изгравиран натпис.rnrnЗа вашата пријателка или колешка од работа, одличен подарок би била и кутија со чоколатца, термос за кафе, цеде со фитнес-вежби, омилената книга или книга од омилениот автор, плишано меченце за чистење екран од мобилен или компијутер, а доколку е нежна и женствена, нема шанси да не ѝ се допаднат интересни бушави топлинки за низ дома.rnrnДоколку личноста ви е блиска и драга, подарете ѝ кутија со кочачиња, спа-колекција со миризливи свеќи и купка за капење или најново издание од омиленото месечно списание, а во тој случај, не би било лошо да ставите црвена панделка на насловната страна.rnrnБожиќен пакетrnrnЗа вашиот неженет чичко, вујко или постар братучед, одберете интересна новогодишна честитка со Баба Мразица или пак комплет од омилениот алкохолен пијалак со брендирана чаша од истиот.rnrnОдличен подарок за вашиот татко или дедо е шише добро вино, сет отворачи за вино или пак малечка сталажа или држач за вино.rnrnВашата мајка, тетка или стрина најверојатно намногу би се израдувале на убав сервис за кафе, голем магнет за на фрижидер со некаков натпис или форма, марама, божиќен венец или вазна за цвеќиња.rnrnЗа вашиот шеф одберете убав сет пенкала, ѕиден часовник или паричник.rnrnЗа вашата сестра или братучетка одберете убав комплет шал и капче во нејзината омилена боја, можеби омиленото домашно милениче кое долго време го посакува, термофор (предмет направен од гума кој се полни со топла вода и служи за топлење) со некаков божиќен мотив како снешко или Дедо Мраз или пак приврзок за ланче или мобилен телефон со нејзиното име.rnrnЗа вашиот помал брат или братучед, купете ламба за во детска соба со интересни бои или облици, некаква друштвена игра како „Монопол“ или „Не лути се човече“, гумена играчка за во када или плишана перница во облик на животно како тигар, мече или слатко кученце.rnrnСовршен подарок за вашиот брат или сестра, е зголемена и врамена верзија од вашата заедничка слика со Дедо Мраз што сте ја направиле кога сте биле малечки. Со сигурност ќе донесе насмевки и убави спомени.rnrnБожиќен пакетrnrn

    Прославувањето на Божиќ во Македонија

    rnБожиќ во Македонија се прославува според Јулијанскиот календар по кој се раководи Православната црква. На 6 јануари се прославува Бадник (зборот доаѓа од страро-македонски збор со значење „да бидеш буден“), а суштината на празникот е да се одбележи радоста пред Христовото раѓање. На овој датум навршуваат Божиќните пости кои траат 6 недели. На различни места постојат различни обичаи за Бадник по кои луѓето се раководат. Многу од нив црквата ги смета за пагански обичаи, но и покрај тоа сè уште се применуваат.rnrnБожиќен пакетrnrnВо македонските православни цркви има целодневна бадникова служба и црковно пеење. Рано наутро на Бадник, деца (коледарчиња) одат по куќите со песни и добиваат подароци, како: пари, ореви, костени, овошје и слично. Една од најпеаните бадникови песни е „Коледе леде“, објавена во запис во 1893 година.rnrnПразникот се обележува со традиционална, посна и свечена вечера во кругот на семејството. Обичај е по вечерата да не се крева софрата, туку храната да остане поставена на маса цела вечер. Во многу семејства на Бадник се меси лепче (кравајче) или погача, во која се става паричка. За време на вечерата кравајчето се крши на онолку делови колку што има членови во потесното семејство. За оној кој ќе ја најде паричката, се смета дека ќе биде најсреќниот во претстојната година.rnrnВечерта на Бадник спроти Божиќ се палат коледарски огнови, се гори бадниковото дрво, а најчесто за таа цел се употребува пенушка од даб. Тоа е обичајот наречен „коледица“, а околу запалениот оган се пее и најчесто се останува буден цела ноќ за да се пречека Христовото раѓање.rnrnНа Божиќ се оди во црква. Оние кои ги почитувале божиќните пости се причестуваат со пеено вино и нафора, кои ги симболизираат Исусовата крв и тело. Ова е ден за веселба, за игри и песни, ден кога задолжително заборавате на обврските и им посветувате време на најблиските.rnrnЗа крај, не заборавајте на старата поговорка: „Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си дома да си!“ Овој Божиќ прославете го во вашиот топол дом, со најмилите, најсаканите. И најважно е да запамтите дека во овој ладен период, најбезбедно и најудобно е во сопствениот дом.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии

    Фотографот Сем Гелман, кој по потекло е од Висконсин, во последниве пет години живее и работи во Хонг Конг. Пред извесен период тој беше на четиридневно патување во  Демократска Народна Република Кореја или позната како Северна Кореја. Тој имал можност да биде сведок и да го овековечи настанот „Игри на масата“ во Пјонгјанг.rnПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографии„Игри на масата“ се дисциплинирани, строги и максимално прецизно одиграни точки од гимнастичарки и други изведувачи, кои се одржуваат во чест на државниот празник за осамостојување на Северна Кореја. Во точките учествуваат повеќе од 100.000 луѓе, а низ приказните се проткаени државни пропагандни пораки.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииМожеби најимпресивен дел од целата глетка е шарената позадина која е составена од илјадници прецизно поставени деца, кои секвенцијално превртуваат  шарени листови, притоа креирајќи неверојатни слики, од знамиња, коњи, слогани, државни симболи и слично.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииСето ова се одржува на стадионот „Први Мај“ во Пјонгјанг, кој воедно е и најголемиот стадион во светот, со капацитет од 150.000 седишта.Прославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииПрославата за денот на независноста на Северна Кореја низ фотографииrn

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%BE%D0%BD%D0%B3_%D0%9A%D0%BE%D0%BD%D0%B3

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Mокриот понеделник во Полска

    Mокриот понеделник во Полска

    Автор: М. Давидовскаrn (поднесено преку „Предложи содржина“)rnrnВелигден е најголемиот Христијански празник, но во секоја земја различно се празнува. „Мокар понеделник“ е името на вториот ден од Велигден во Полска, долгогодишна традиција зачувана до денес.Mокриот понеделник во ПолскаНа овој ден, обичај е да се фрла вода врз непознати минувачи по улиците, а симболизира прочистување пред доаѓањето на пролетта.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаВо минатото неженетите момци ги прскале со вода девојките и на тој начин ги искажувале своите интереси и чувства. Девојките пак, во знак на благодарност, подарувале бојадисано јајце. Кај други, обичајот бил поинаку толкуван. Ако девојката е испрскана значело дека ќе се омажи таа година.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаНо, со текот на годините и обичаите се менувале. Добиле модерен начин на обележување. Па така, секоја година во Полска, момците се на улиците со шишиња и кофи со вода кои ги истураат врз девојките. За нив овој ден е вистински кошмар, но сепак одлично се забавуваат.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаПокрај во Полска, овој ден се одбележува и во Украина и Чешка.Mокриот понеделник во ПолскаMокриот понеделник во ПолскаrnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.

  • Велигденска боенка за дечиња

    Велигденска боенка за дечиња

    Велигденските празници не би биле комплетни доколку не ги празнуваме со членовите од нашето семејство. Живееме во време, кога сите сме премногу зафатени со обврски. Децата одат на училиште или на факултет, а родителите работат, но најголемиот христијански празник е одлична пригода сите да се соберат во топлиот дом и да придонесат околу велигденските гозби и вапсувањето на јајцата. Ако во вашето семејство трчка помало синче, братче, сестриче или внуче кое сака да биде дел од традиционалните обичаи, зошто да не му дадете соодветна улога? Нема дете кое не сака да бои во боенка, а со оваа ќе научи нешто повеќе за велигденските адети.rnrnКликнете на секоја од сликите за да ја видите во вистинската големина. Потоа отпечатете ги сите, грабнете боички во рака и израдувајте го најмладиот член од семејството со една поинаква велигденска забава.rn

    Велигденска боенка за дечињаВелигденска боенка за дечињаВелигденска боенка за дечињаВелигденска боенка за дечињаВелигденска боенка за дечињаВелигденска боенка за дечињаВелигденска боенка за дечињаВелигденска боенка за дечиња


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Креативни идеи за украсување велигденски јајца

    Креативни идеи за украсување велигденски јајца

    Велигденските празници се на прагот. Денес, на Велики Четврток, секоја христијанска домаќинка ги вапсаше првите три велигденски јајца пред изгрејсонце, во црвена боја, која е симбол на светата пролеана крв на Исус Христос. Порано за Велигден се вапсале само црвени јајца. Црвената боја е симбол на радоста и на животот. Денес, секој сака да биде уникатен и препознатлив по нешто, па убаво би било доколку на овој голем христијански празник му дадете ваш личен „шмек“ со уникатно украсување на велигденските јајца. rnrnОбичај е на овој празник да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот. Доколку сакате на вашите блиски роднини и пријатели да им подарите велигденско јајце со креативен дизајн, ви предлагаме 3 интересни начини на украсување, кои нема да ви одземат многу време за изработка.rn
    rn

    1. Цветни велигденски јајца

    rnКреативни идеи за украсување велигденски јајцаПотребно ви е:rn

      rn011

    • Боја за јајца во разни бои
    • rn011

    • Тврдо варени јајца
    • rn011

    • Бел оцет
    • rn011

    • Самолеплива хартија во разни бои
    • rn011

    • Мало парче картон
    • rn011

    • Модла во форма на цвет
    • rn

    rnКако да ги направите: Во неколку чаши сипете зовриена вода и во секоја од нив ставете различна боја за јајца. Потоа сипете 60 мл бел оцет во секоја чаша. Со лажица ставете по едно јајце во секоја чаша. Откако ќе се обојат, ставете ги јајцата на хартиена крпа убаво да се исушат. На картонче нацртајте убав цвет и исечете го со скалпел. Со помош на добиената модла, нацртајте цветови на разнобојната самолеплива хартија. Исечете ги цветовите и залепете ги на велигденските јајца за да им дадете прекрасен „шарен“ изглед.rn
    rn

    2. Велигденски јајца со уметнички „шмек“

    rnКреативни идеи за украсување велигденски јајцаПотребно ви е :rn

      rn011

    • Хартија за печење
    • rn011

    • Акрилни бои
    • rn011

    • Восочна хартија
    • rn011

    • Јајца
    • rn011

    • Тава
    • rn

    rnКако да ги направите: Откако ќе се оладат јајцата кои претходно убаво сте ги свариле, во тава постелете хартија за печење и на неа сипете акрилна боја од тубите. Ставете едно јајце во тавата и тркалајте го додека да се обои секаде подеднакво. Повторете ја постапката за останатите јајца, притоа комбинирајќи различни комбинации од бои, за јајцата да ви испаднат пофраерски. Откако ќе завршите со работа, оставете ги јајцата да се исушат на восочна хартија.rn
    rn

    3. Велигденски јајца во боите на пролетта

    rnКреативни идеи за украсување велигденски јајцаПотребно ви е:rn

      rn011

    • Суви цветови
    • rn011

    • Хартија
    • rn011

    • Дебела книга
    • rn011

    • Лепило
    • rn011

    • Јајца
    • rn

    rnКако да ги направите: Наберете неколку цвеќиња од вашата градина или купете неколку од цвеќарница. Цветовите откинете ги од дршката, ставете ги на една половина од лист хартија и преклопете ги со другата половина. Така припремени, цветовите ставете ги помеѓу страниците на некоја подебела книга (лексикон, енциклопедија) и оставете ги убаво да се исушат и испеглаат. Исушените цветови со лепило залепете ги на јајцата и ќе добиете фантастичен природен дизајн на вашите велигденски јајца.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Божиќните трпези ширум светот

    Божиќните трпези ширум светот

    Денеска православните христијани го прославуваат големиот празник Божиќ. Без разлика дали се водите според Јулијанскиот или според Грегоријанскиот календар, на овој ден се празнува раѓањето на Исус Христос.rnrnБогатата трпеза и големиот број традиции го прават овој празник толку посебен. Денеска на една македонска трпеза ќе може да се најде убаво печено месо, мрсна сарма или подварок, печен компир, по некоја заостаната риба од бадниковата вечера, фино црвено вино, а за десерт чоколадна торта, милиброд и печена тиква. Сепак, од држава во држава, се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. Следуваат традиционалните божиќни трпези на 16 земји од светот, а вие одберете која ќе ја посетите наредната година.rn

    Франција

    rnБожиќната трпеза во Франција и во местата каде се зборува француски јазик е наречена Le Reveillon. Тоа е долга вечера или по можност забава, а името потекнува од францускиот збор réveil (будење), бидејќи обичајот подразбира луѓето да останат будни до полноќ, кога се служи вечерата и часовите кои следуваат потоа. За предјадење се служи „Foie gras“ (џигер од гуска или патка), остриги, пушен лосос или тенки палачинки направени со брашно од хељда. Главен оброк е печена гуска декорирана со костени, а место тоа може и мисирка, говедско или јагнешко печено месо. Пијалакот кој иде во комбинација со вечерата варира од едно до друго место, но најчесто се служи шампањско. Традиционалниот француски десерт на „La Reveillon“ е „Buche de noel“ – ролован сунѓерест колач (прикажан на сликата), направен да изгледа како паднат трупец дрво, а е декориран со печурки направени од матена белка и шеќер.rnrnБожиќните трпези ширум светотrn

    Перу

    rnУште на почетокот на декември во перуанските цркви се одржува настанот „Chocolatadas“. Користејќи пари донирани од граѓаните, организаторите на овој настан го печат колачот panettone и прават зачинето топло чоколадо во големи казани. Колачот и чоколадото им се служат на луѓето од пониска социјална класа, во знак на прославување на празникот. Главен оброк на трпезата е печена мисирка, гарнирана со свежо овошје, а се служи во комбинација со пире од јаболка, „tamales“ (вид мексиканско јадење) и разни видови салати, погачица, сладок леб марципан и колачот „pannetone“.rnrnБожиќните трпези ширум светотrn

    Литванија

    rnЛитванскиот божиќен оброк наречен „Kucios“ произлегол од паганските обичаи и голем број ритуали сè уште се одбележуваат. Специфично за него е што се состои од 12 различни видови јадења. Оброкот традиционално започнува кога првата ѕвезда ќе се појави на небото, која и најавува на мајката во секое домаќинство да скрши лепче за секој гостин. Според литванските обичаи, а и во останатите Балтички земји, едно место на масата секогаш останува празно. На трпезата не се служат месо и млечни производи. За главно јадење се служи риба (крап, харинга или штука) во комбинација со кисел зеленчук. Исто така, се служат и погачички т.н. „kuciukai“ (мали, слатки печива без квасец, со афионово семе) потопени во млеко од афионово семе, кое е омилено јадење за празникот. Исто така, во Литванија се верува дека секој оној кој ќе ја напушти Божиќната трпеза пред да завршат сите со јадење, ќе го следи несреќа.rnrnБожиќните трпези ширум светотrn

    Шпанија

    rnВо текот на божиќните празници во Шпанија традиционално се јаде касно навечер. Така, на ноќта пред Божиќ, вечерата почнува некаде помеѓу 22 и 12 часот на полноќ. Оброкот обично започнува со разновидни мали сатчиња т.н. „tapas“ (прикажани на сликата), кои се сочинети од различни видови сирења, тиквички, шунка, маслинки… Супата од морски плодови е многу популарна за Божиќ, особено во крајбрежните региони. Се служи и бела шпаргла, како и јадења од разновидна морска храна, вклучувајќи „angulas“ (бебиња на јагула), „langostinos“ (морски ракчиња) и „besugo“ (печена морска риба од видот спариди). За десерт Шпанците обично јадат колачиња од марципан, шпански крофни т.н. „churros“ и „turron“ (колач во форма на цигла направен од мед, шеќер, печени бадеми и белки од јајца).rnrnБожиќните трпези ширум светотrnrn

  • Декорација на божиќни свеќи

    Декорација на божиќни свеќи

    Во божиќните традиции на многу земји, па и кај нас, се применуваат божиќните свеќи. Палењето на свеќите го симболизира раѓањето на Исус и со тоа ја освежува и обновува инспирацијата кај луѓето за поубав и нов почеток на годината. Божиќните свеќи, исто така, метафорично ја претставуваат чистината и новиот пат што треба да се помине во годината што следува. Свеќите се еден вид амблем на Божиќ. За време на божиќните празници, можете да ги забележите насекаде.rn(1) Декорација на Божиќни свеќиБожиќните свеќи доаѓаат во различни форми. Можат да се користат околу каминот, на масата, кај божиќното дрвце, на прозорците или на кое било друго место. Тие претставуваат одличен светол елемент во вашиот празничен декор. Исто така, ако ги ставите близу до влезната врата, можат да претставуваат одличен топол и светол пречек за вашите гости. Во секој случај, еве ви неколку креативни начини како да ги декорирате и каде да ги искористите вашите божиќни свеќи.rn(2) Декорација на Божиќни свеќи(3) Декорација на Божиќни свеќи(4) Декорација на Божиќни свеќи(5) Декорација на Божиќни свеќи(6) Декорација на Божиќни свеќи(7) Декорација на Божиќни свеќи

  • Подароци за најдобрите пријателки според хороскопскиот знак

    Подароци за најдобрите пријателки според хороскопскиот знак

    Би ви ја позајмила омилената чанта, би ви го дала нејзиниот автомобил кога ќе ви треба, ќе ги ислуша сите ваши грижи и проблеми и ќе излезе со вас дури и изморена за да ве направи среќна кога сите ќе ве откачат во петок вечер… Тоа е вашата најдобра пријателка со која знаете да се скарате, но за која би направиле сè што и таа би направила за вас. Па еве, како да ја изненадите со празничен подарок, а за изборот ни помага астрологијата:rnrnПодароци за најдобрите пријателки според хороскопскиот знакrnrnОвен: рачно изработен албум со слики, убави чизми, чанта или ременrnrnБик: чоколади, платени часови по пеење, некое убаво синџирче за на вратrnrnБлизнаци: блескав приврзок за клучеви, свеќи од соин восок, кул кутија за пренос на електронски уреди, гаџети, надворешни хард дискови и сл.rnrnРак: нешто од кашмир, особено чорапи и џемпери, убава чанта во некоја јака боја, некои убави декоративни елементи за во домот, на пример кристални свеќнициrnrnЛав: карти за во театар, скапа шминка која сама не би си ја купила, елегантен тефтер за водење дневник или некое „фенси“ пенкало со кое ќе може да си ги запишува своите спомениrnrnДевица: новиот роман од нејзиниот омилен автор, парфем или средства за одржување на чистотата во домотrnrnВага: претплата на списанието кое сака да го чита, убаво шише со некој пијалак кој го обажава, пешкир со нејзините иницијалиrnrnСкорпија: платен третман за ароматерапија, игра за возрасни, вечерно излегување во градrnrnСтрелец: камера, вреќа за спиење, прибор за патување, некои убави чевлиrnrnЈарец: цвеќиња, растенија или прибор за нивна грижа, филм на ди-ви-ди или вечера во омилениот ресторанrnrnВодолија: донација за добротворни цели во нејзино име, додатоци за електронската опрема која ја поседува, музичко це-де или уреди за слушање музикаrnrnРиби: производи за бањање, купончиња за платени услуги во салони за убавина и спа-центри, високи чаши на столче.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни божиќни додатоци за вашата бања

    Интересни божиќни додатоци за вашата бања

    Автор: Марија СмокварскаrnrnЗа сите нас Божиќ е еден од најголемите празници во годината кој ги зближува семејствата и пријателите. Иако во различни земји низ светот се празнува на различен и уникатен начин, сепак пораката која ја носи овој најголем христијански празник е иста: љубов, единство, толеранција, прошка.rnrnЗа време на овој магичен празник, сите домови добиваат едно посебно светло во знакот на Божиќ и разните икебани, божиќни свеќи и сите други мали детали, прават сетo тоа да изгледа волшебно. Од таа причина ви нудиме неколку идеи за додатоци кои би го направиле вашиот дом, конкретно вашата бања, поинтересен во овој празничен период од годината. Фатете го последниот воз и украсете си го домот на уникатен начин.rnrn

    Интересни божиќни додатоци за вашиот дом
    Покривач за тоалет во форма на Дедо Мраз
    rnrn
    Интересни божиќни додатоци за вашата бања
    Крпи и пешкири дезенирани со Снешко
    rnrn
    Интересни божиќни додатоци за вашата бања
    Држач на тоалетна хартија во форма на ирвас
    rnrn
    Интересни божиќни додатоци за вашата бања
    Додатоци за вашата бања со чизмата на Дедо Мраз
    rnrn
    Интересни божиќни додатоци за вашата бања
    Снешко-чергиче за бањата
    rnrn
    Интересни божиќни додатоци за вашата бања
    Туш-завеса со дезенот на оделото на Дедо Мраз
    rnrn
    Интересни божиќни додатоци за вашата бања
    Дедо Мраз-држачи за пешкири
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #13

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #13

    Крајно време е да ја поставите новогодишната елка, барем на вашиот десктоп во омилената шолја со кафе. Оваа десктоп-позадина ќе ве стави во празнично расположение и ќе ви го пренесува новогодишниот дух кој владее насекаде околу вас. Воедно, поставувањето на оваа позадина е дел од процесот на украсување по повод празниците кои следуваат.

    rn

    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2716×1810) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.Кафе-позадина за вашиот десктоп #13