КАФЕ ПАУЗА

Tag: последици

  • 7 работи за кои ќе жалите по 7 години

    7 работи за кои ќе жалите по 7 години

    Понекогаш не можеме да ги разбереме последиците од работите кои ги правиме во животот. Но, едно е сигурно: сите сакаме да ги одбегнеме нештата кои подоцна ќе бидат извор на каење и неподносливо гризење на совеста. Затоа, доколку се двоумите, погледнете кои се 7-те работи за кои веројатно подоцна ќе зажалите. 7 работи за кои ќе жалите по 7 годиниrn

    1. Потценување на заштитните креми за сонце

    rnНанесувањето на ваквите креми знае да биде жива досада: потешко се нанесуваат, мрсни се, лепливи, а и чинат мало богатство. Поради овие причини многумина решаваат целосно да заборават на нив, не сфаќајќи дека тоа би можело да има сериозни последици како предвремено стареење, па дури и рак на кожа. Затоа, убаво размислете и нека ова не биде нешто за кое ќе жалите по 7 години.rn

    2. Пушење цигари

    rnПушењето лесно може да премине во несакана навика. Можеби на почетокот ќе ви се чини дека не е толку опасно, но вистината е сосема поинаква. И ова може да доведе до предвремено стареење и значително да влијае врз вашето целокупно здравје и изглед.rn

    3. Уништување на професионалните контакти

    rnКога влегувате во професионалниот свет, не придавате важност на контактите кои ги стекнувате во моментот. При напуштањето на работата, не размислувате, реагирате луто и импулсивно и засекогаш се збогувате со одредени личности, кои можеби би ви помогнале во идните работни ангажмани. Затоа, реагирајте паметно и не дозволувајте да ги уништите и онака малите шанси за напредок и помош.rn

    4. Премногу забава

    rnОва им се случува на сите млади, барем во одреден период. За среќа, многумина не продолжуваат со ваквиот начин на живот бидејќи сфаќаат колку лошо влијае врз нив. Пиењето алкохол и дрогата несомнено ќе остават негативни траги врз вашето здравје и изглед, а може да се одразат и врз личните врски и работата.rn

    5. Немање конкретни цели

    rnПoнекогаш луѓето запаѓаат во некоја неодредена состојба, каде само преживуваат, а не живеат. Во таквите моменти, не размислуваат за иднината, немаат цели и како постојано да стојат во место. Затоа, не дозволувајте и вие да бидете едни од нив. Почнете со градење на конкретни цели во личниот и професионалниот живот. Ваквата одлука подоцна значително ќе ви го намали степенот на каење.rn

    6. Нездрава исхрана

    rnНездравата исхрана е огромно искушение. Верувајте дека за 7 години и тоа како ќе зажалите за оваа навика. Не само што килограмите полека ќе се зголемуваат, туку и тенот и кожата ќе претрпат негативни промени. Затоа, покажете малку карактер и постепено трудете се да применувате здрав начин на исхрана.rn

    7. Немање време за уживање во секој момент од животот

    rnОва можеби претставува и најголемиот извор на подоцнежното каење. Честопати, луѓето се толку зафатени и живеат под стрес, што забораваат да уживаат во сите прекрасни моменти што ги носи животот. Доколку живеете, а не уживате, еден ден ќе посакате да се вратите назад, но ќе биде предоцна. Затоа, не дозволувајте да дојде до тоа и дадете сѐ од себе за да уживате во авантурата наречена живот!

  • Последиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохол

    Последиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохол

    Само една ноќ претерано конзумирање алкохол може да направи повеќе штета од очигледната главоболка наредното утро. Всушност, според една неодамнешна студија една ваква ноќ може да предизвика бактериите од вашите црева да преминат во вашиот стомак и да ослободат штетни токсини низ вашиот крвоток.rnrnПоследиците врз вашето тело од само една ноќ претерано пиење алкохолrnrnЗа оваа студија, истражувачите барале од 25-те учесници (11 мажи и 14 жени) да испијат доволно во текот на 2 часа (колку што би пиеле за време на едно вечерно излегување) за алкохолот во нивната крв да биде барем 0,08 проценти. Кога тие ја достигнале оваа точка, требало да престанат со пиење. Потоа на секои половина час во наредните 4 часа земале примерок од нивната крв и го повториле ова уште еднаш по 24 часа.rnrnРезултатите се следните… Тие откриле дека алкохолот во крвта поспоро се намалувал кај жените отколку кај мажите. Дури и по еден ден, кај жените сѐ уште имало поголемо количество алкохол. Тие исто така откриле и дека нивото на ендотоксини, штетни токсини кои се отпуштаат од цревата кога се во влошена состојба, успеале да навлезат во крвотокот и останале таму во текот на целото времетраење на експериментот. И исто како и кај количеството на алкохолот, нивното количество било повисоко кај жените, дури и по 24 часа.rnrnПа, зошто би требало да бидеме загрижени за ова? Ендотоксините можат да го променат имуниот одговор на вашето тело. Тоа може да предизвика болки во мускулите и да го натера вашето тело да повлекува хранливи материи од нив, а како резултат на тоа ќе се чувствувате како сѐ да ве боли. Продолженото претерано пиење алкохол може да доведе до поголемо количество ендотоксини во вашиот крвоток и со тек на време да ви предизвика алкохолен хепатитис (воспаление на црниот дроб).rnrnЗапомнете, ова се случува по само една ноќ. Неодамнешната студија која била објавена во журналот Алкохол открила дека постојаното претерано пиење за време на викендите може дури и да ѝ наштети на вашата ДНК. Токму затоа бидете мудри и обидете се да се контролирате наредниот пат кога ќе излезете со пријателите. И не заборавајте, после секоја чаша алкохол пијте една чаша вода, никогаш не пијте на празен стомак и обидете се да пиете само 3 или помалку чаши во текот на една вечер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува кога ги брзате вашите деца?

    Што се случува кога ги брзате вашите деца?

    Современото општество си наметнува брз начин на живот полн со непотребен адреналин во обидот да се стигне секаде на време. Стресот кој притоа се создава предизвикува штета кај сите, но кога во овие брзаници се вклучени и децата тогаш последиците се поголеми. Моментите кога од нив барате побрзо да се облечат или за две минути да завршат со оброкот затоа што вие треба да стигнете некаде не се поволни за нив. Психологот Лора Маркам предупредува дека на децата им е потребно време и опуштен амбиент, во спротивно можат да се соочат со проблемите кои следуваат.rnrnШто кога ги брзате вашите деца?rn

      rn011

    • Брзањето влијае на развојот на детскиот мозок. Тој се оформува секојдневно, а честото изложување на стрес може да предизвика тој да се развие на начин што ќе предизвика детето подоцна да биде склоно кон анксиозност.
    • rn011

    • Го покачува нивото на хормоните на стресот, што резултира со тешкотии со спиењето и мрзливост, а понатаму и со зголемување на телесната тежина.
    • rn011

    • Им дава чувство дека се под притисок и контрола. Кога ќе пораснат, ако работат работа во која му се изразито подредени некому, ќе бидат повеќе склони на стрес.
    • rn011

    • Премногу се стимулирани, така што не можат да ги процесираат сите информации кои стигнуваат до нив, што понатаму ја намалува способноста за учење.
    • rn011

    • Ги навикнува да бидат зафатени, па подоцна во животот лесно ќе им здодева што било и ќе бараат некоја нова поголема стимулација.
    • rn011

    • Им оневозможува да ги откриваат и истражуваат своите страсти во животот. Тоа е бавен процес на кој не му треба брзање.
    • rn011

    • Им создава чувство на некомплетност и неисполнетост, што им ја одзема привилегијата да уживаат во постигнатите резултати.
    • rn011

    • Не им дозволува да се занимаваат со сопствените емоции, така што на крајот на денот имаат многу емоции кои треба „да излезат надвор“. Тоа води до прекумерно јадење, прекумерно гледање телевизија и слични работи кои на детето му дозволуваат на некаков начин да избега од своите емоции.
    • rn011

    • Брзањето некаде постојано го прекинува нивното истражување на околината, а тоа постепено води до губење на љубопитноста.
    • rn011

    • Не им дава да живеат во сегашниот момент.
    • rn

    rnНеопходно е да се побара начин да се забави малку со ваквото темпо, затоа што тоа не создава ниту добри родители, ниту сосема здрави деца. Затоа Маркам советува да најдете време кое ќе го поминете со детето, во кое ќе се поврзете повеќе со него, без само да брзате да го поминете денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 негативни последици од непроспиените ноќи

    4 негативни последици од непроспиените ноќи

    Освен уморот и чувството на раздразливост, на ноќните птици им се закануваат уште многу опасности кои влијаат негативно врз организмот, а се и научно докажани.rnrn4 негативни последици од непроспиените ноќи rn

    1. Подепресивни сме

    rnИстражување од 2008 година открило дека оние кои спијат помалку од 6 часа, наредениот ден се чувствуваат подепресивни, а кај нив е забележано и повисоко ниво на стрес.rn

    2. Јадеме повеќе и понездрава храна

    rnКако реагираме кога наместо осум часа, спиеме само половина од тоа? Наредниот ден консумираме 560 калории повеќе од вообичаено и тоа најчесто одбираме масна и нездрава храна. Тоа значи дека ако честопати спиете малку, повеќе јадете и поголеми се шансите да ви се зголеми тежината.rn

    3. Изгледаме лошо и тажно

    rnВо две одделни истражувања направени во Универзитетот во Стокхолм, се споредувани фотографии од испитаници кои биле будни нешто повеќе од 30 часа, со други фотографии од луѓе кои минатата вечер спиеле 8 часа. Испитувачите притоа сосема се сложиле дека луѓето кои немале спиено изгледале помалку атрактивни, а во другиот експеримент биле опишани како тажни луѓе, кои очигледно ги мачат некакви проблеми.rn

    4. Не сме расположени за друштво

    rnНедостатокот од сон прави да се чувствуваме како да не сме им пожелно друштво на другите луѓе, поради што се чувствуваме вознемирено. Интересен е податокот дека мажите кои не спијат доволно, честопати помислуваат дека други жени сакаат да спијат со нив.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

    Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

    Колку и да се грижиме за нашето здравје, сепак постојат некои работи за кои не ни помислуваме дека можат да бидат фатални по нашата здравствена состојба. Ова не значи дека треба да најдете начин во целост да ги исфрлите од вашиот живот, но доколку секоја од овие работи е премногу присутна во вашето секојдневие тогаш треба да преземете нешто.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    1. Тешко пронаоѓате љубов

    rnДоколку имате тешкотии да најдете партнер, тоа може да ве мачи и да ви го скрати животот за неколку месеци. Но, доколку подолг период сте сами, тоа може тотално да ве уништи. Истражувањата покажале дека луѓето кои никогаш нема да се венчаат, го зголемуваат ризикот за смрт за 32%.rn

    2. Седите неколку часа дневно

    rnДоколку седите по повеќе од три часа дневно можете да изгубите две години од животот. Едно истражување направено во Австралија покажало дека дури ни редовното вежбање не може да ги намали негативните ефекти од седењето.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    3. Занемарување на пријателите

    rnЛуѓето со послаб социјален живот имаат поголема стапка на смртност, а долгогодишната осаменост може да биде лоша за здравјето исто колку секојдневно пушење на 15 цигари. Од друга страна е докажано дека постарите лица кои имаат голем број пријатели, за 22% ги зголемуваат своите шанси да живеат подолго. Друштвените врски позитивно влијаат на здравјето на мозокот.rn

    4. Вегетирање пред телевизор

    rnСамо два часа дневно пред телевизор може да доведе до предвремена смрт, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Според некои истражувања секој час поминат пред телевизор по навршувањето на 25 години, го скратува животот за 21,8 минути.rn

    5. Јадете премногу нездрава храна

    rnБрзата храна, белиот леб, црвеното месо, сувомесните производи и многу други продукти, кога се јадат во преголема количина ни го скратуваат животниот век за околу 20%.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    6. Не можете да најдете работа

    rnНевработеноста може да го зголеми ризикот од предвремена смрт, судејќи според едно канадско истражување кое траело 40 години и во кое учествувале околу 20 милиони луѓе од 15 земји. Уште едно истражување покажало дека кај белите жени најчести фактори поврзани со прерана смрт се пушењето и невработеноста. Докажано е и дека постарите лица кои ја губат својата работа за време на рецесијата, губат три години од својот живот поради оваа промена во животот.rn

    7. Долго патување до работа

    rnДоколку долго патувате до работното место, го зголемувате нивото на стрес, ги добивате истите негативни ефекти како кај седењето, ги намалувате и шансите да учествувате во здрави активности.rnrnНајголем ризик имаат жените кои до работното место патуваат 50 или повеќе километри. Едно шведско истражување го поврзува долгото патување до работното место со зголемување на тежината, несоница и со високата стапка на разводи.rn

    8. Сексуална неактивност

    rnЕдно истражување направено на мажи покажало дека неможноста за редовно доживување на оргазам потенцијално може да ја зголеми смртноста за 50% во однос на оние кои редовно имаат сексуални односи. Ова е случај кога се одземаат факторите како пушење цигари, старост и социјалниот статус. Од друга страна, оргазмите се поврзани со голем број здравствени придобивки.rn

    9. Лош однос со колегите на работа

    rnНедостаток на поддршка од страна на колегите може да биде силен показател за ризик од предвремена смртност, тврди едно истражување направено од Универзитетот во Тел Авив.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    10. Премалку или премногу спиење

    rnИстражувањата покажале дека животниот век се скратува доколку спиете помалку од пет часа или повеќе од девет часа дневно. Хроничниот недостаток на сон е поврзан со кардиоваскуларни болести, дијабетес, некои врсти рак, деменција, когнитивни проблеми, дебелина и прерана смрт.rnrnСпоред голем број истражувања, на човекот му се потребни 8 часа сон за да функционира нормално, но според некои други сè што е повеќе од 7 часа дневно е премногу и штетно.rn

    11. Се плашите од смртта или не сакате да живеете онолку колку што треба

    rnБолен парадокс е тоа што стравот од смрт го скратува животниот век. Едно поново истражување во кое учествувале пациенти кои боледуваат од рак, покажало дека животниот век кај оние кои се плашеле од смртта се намалувал.rnrnКај оние луѓе кои не боледуваат од смртоносна болест, интензивниот страв од смртта го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за три до пет пати. Благиот страв има позитивно влијание, бидејќи го тера човекот да ја зголеми физичката активност и му ја зголемува желбата за здрав живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Последици врз децата од конфликтите на родителите

    Последици врз децата од конфликтите на родителите

    Кога децата се сведоци на караница меѓу родителите или на физичко насилство, тоа остава трага врз нивната личност, иако насилството не е директно насочено кон нив. Во таква ситуација тие повеќе не го чувствуваат домот и семејството како прибежиште за заштита од сите опасности на овој свет.rnrnДецата кои се сведоци на физичко насилство имаат слични последици како и оние кои го претрпеле тоа. Тоа неизбежно води до психолошки и емоционални проблеми, кои понатаму придонесуваат за социјални тешкотии. Вообичаено машките се повеќе склони кон агресија, тепачки, малтретирање на послабите од себе, лажење и мамење, додека кај девојчињата почесто се забележува повлеченост, вознемиреност и депресија. Но, и кај двата пола подеднакво се среќаваат проблеми со вербалните и моторните способности, како и тешкотии со разрешување на проблеми и конфликти, и секако, верување во ригидните конзервативни стереотипи за положбата и односите меѓу двата пола кои секогаш го ставаат мажот во супериорна позиција во однос на жената.rnrnПоследици врз децата од конфликтите на родителитеrnrnСведоштво на каква било форма на насилство во домот им оневозможува на децата да развијат врска со родителот која ќе ги храни емоционално. Развиваат чувство на срам, се обвинуваат себеси, се плашат од напуштање, се чувствуваат слабо и беспомошно. Почнуваат да пројавуваат знаци на депресија, лажат со цел да избегнат каков било конфликт и не можат да засноваат однос на доверба, особено со возрасните. Некои од нив потоа стануваат многу таинствени, не зборуваат воопшто за своите семејства и не ги канат своите другари на гости кај нив дома. Постепено ги губат врските со другите околу нив, се лишуваат од емоционалната поддршка која можат да ја примат од околината и побавно созреваат, притоа развивајќи чувства на срам, збунетост, страв, а неретко и бес кој тешко се контролира.rnrnПоследици врз децата од конфликтите на родителитеrnrnДецата кои секојдневно ги гледаат конфликтите на своите родители имаат проблеми и за време на созревањето. Не само со бавноста на тој процес, туку и со понатамошното присуство на симптомите на анксиозност и депресија кои вообичаено ќе сакаат да ги решаваат со употреба на алкохол или дрога. Кога, пак, ќе почнат да излегуваат со лица од спротивниот пол, во нивните односи ќе се забележат истите карактеристики како оние на родителите. Кај таквите личности постои поголем ризик да бидат опседнати со тоа да имаат контрола над својот партнер.rnrnСепак, не сите деца кои биле сведоци на домашно насилство ги имаат овие проблеми. Некои од нив можат да покажат голема флексибилност и добро да се справат со проблемите. На пример, се трудат да се занимаваат со некој спорт или музика и со тоа помалку се изложени на она што се случува дома. Но, во секој случај, за да се избегне високиот ризик од претходно набројаните последици вистинскиот избор е да се избегне основање на семејство со насилни личности и на децата да им се пружи сета љубов и емоционална поддршка која им е потребна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кои нации спијат најдолго?

    Кои нации спијат најдолго?

    Просечното времетраење на човечкиот сон од 1970 година до денеска е во постојан пад, а овој меѓународен феномен е резултат на промената на работно време и стресниот живот. Според последните истражувања, дури 65% од Британците спијат во просек по само 6 часа и 27 минути дневно.Кои нации спијат најдолго?Доколку спиете помалку од 7 часа дневно, тоа може да резултира со бројни последици по вашето здравје, од срцеви заболувања до проблеми со помнењето и зголемување на ризикот од добивање дијабетис.rnrnПомеѓу нациите кои најмалку спијат се и Јапонците, Корејците, Норвежаните и Швеѓаните.rnrnСпоред последните истражувања, Кинезите во просек дневно спијат по нешто повеќе од 9 часа, додека Јапонците просечно по само 7 часа и 14 минути.rnrnШпанците исто така спаѓаат во нациите кои спијат најдолго во просек, благодарение на нивниот културолошки обичај на правење „сиеста“, односно попладневен одмор.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали е безбедно да разбудите месечар?

    Дали е безбедно да разбудите месечар?

    Еден од најстарите митови вели дека никогаш не треба да будите човек кој месечари, бидејќи тоа може да доведе до последици по неговото ментално и физичко здравје.rnrnДали е безбедно да разбудите месечар?rnrnНајновите истражувања докажуваат дека тоа е само уште еден невистинит мит и образложуваат зошто е тоа така. Експертите кои го спроведувале истражувањето велат дека ова верување потекнува од многу дамнешно време, кога луѓето верувале и се опседнувале со приказни за духови и демони.rnrnСепак, сега е утврдено дека месечарењето е многу почеста појава и дека луѓето во тие моменти се наоѓаат во таканаречена „сива зона“ помеѓу сонот и јавето.rnrnДоколку забележите дека некој месечари, експертите посочуваат дека најдобро е со неколку збора да му наредите да се врати во кревет и да продолжи да спие. Доколку месечарот продолжи да оди и доколку се појави шанса да се најде во опасна ситуација, на пример да се доближи до отворен прозорец или врата, обидете се да го разбудите со нежно тресење изговарајќи го неговото име.rnrnЕдинствен кој е загрозен во оваа ситуација е оној што се обидува да го разбуди месечарот, бидејќи поради ненадејното будење од сон, тој може неконтролирано да замавне. Покрај ова, будењето на месечар е тотално безбедно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)

    Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)

    Еден настан и последиците кои ги чувствуваат повеќе генерацииrnrnФилм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Режија: Дерек СајанфрансrnrnУлоги: Рајан Гослинг, Бредли Купер, Ева Мендес, Емори КоенrnrnВреметраење: 140 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 19 април 2013rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Местото зад боровата шума“ (The Place Beyond the Pines) е драма чии 140 минути се поделени на три различни делови, при што секој од нив ги опфаќа животните патеки на различни ликови, кои се испреплетуваат и си влијаат една на друга. Покажува како настаните кои некогаш се случиле оставаат последици кои се чувствуваат многу подоцна, пренесувајќи се и на идните генерации.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Почнува со сцените во кои каскадерот Лук Глентон (Рајан Гослинг) изведува разни опасни точки со мотор за еден патувачки циркус. Кога тој дознава дека Ромина (Ева Мендес) пред една година му родила син, останува во нејзиниот град со желба да направи сè што може за своето дете. Се вработува кај еден автомеханичар кој откако ќе ги забележи возачките способности на Лук му предлага заедно да ограбуваат банки, сметајќи дека со таков виртуоз на мотор никогаш нема да ги фатат. Размислувајќи што може да направи со тие пари за иднината на својот син, Лук прифаќа. Новиот „бизнис“ оди добро, сè додека по еден грабеж каскадерот не налета на полицаецот Ејвери Крос (Бредли Купер). Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Ејвери Крос е млад полицаец кој сака брзо да напредува во полициската хиерархија. Неговата амбициозност ќе го впушти во бескомпромисно извршување на полициската должност, така што кога ќе стигне до Лук, прави максимум за да го запре. Тоа се моменти кои засекогаш ги менуваат нивните животи и животите на нивните идни поколенија.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Ова е филм кој ги опсервира причините и последиците од настаните во еден подолг временски период, дава добар преглед врз нив и пренесува своја порака. Почетокот не е премногу забавен затоа што е малку бавен и може да не ви е јасно за што се работи во филмот. Тој полека ве воведува во проблематиката, така што треба малку трпение додека се внесете во него. Но, со почетокот на вториот сегмент од приказната добивате јасна слика за она што се случува и веќе оттука целосно ќе уживате во неговата непредвидливост.>Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Целата приказна е добро склопена и одлично изрежирана, дури делува многу реално, како да не се случува на филм. Покрај режисерот, и актерите имаат голема заслуга за тоа. Рајан Гослинг е импресивен во глумењето на мрачниот и енигматичен Лук Глентон, многу потсетувајќи на неговиот лик во „Возење“ (Drive). Подеднакво добар е и Бредли Купер, одлично претставувајќи ги сите дилеми и борби со самиот себе низ кои поминува младиот полицаец. Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Сè на сè, „Местото зад боровата шума“ е извонреден филм. Тој е еден од подобрите што се појавија во последните неколку месеци и вреди да се погледне. Ако сте расположени да посветите повеќе од два часа на не баш лесен, но доста гледлив филм, ова е добар избор.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Што ве чека доколку спиете помалку од 6 часа дневно?

    Што ве чека доколку спиете помалку од 6 часа дневно?

    Доколку спиете по помалку од 6 часа дневно, за само една недела ќе ги осетите негативните последици по вашето здравје, ќе ви опадне имунитетот, а ќе ви се зголеми желбата за внесување на јаглехидрати и поголем број калории.rnrnШто ве чека доколку спиете помалку од 6 часа дневно?rnrnСледствено на тоа ќе ви се намали и моќта за концентрирање и памтење, а поради лишувањето од сон ќе се зголеми појавата на агресивни испади, негативно размислување и нервоза, велат заклучоците од спроведеното истражување на британскиот универзитет во Сари.rnrnСекој осми човек на планетава, спие по помалку од шест часа навечер, а лошиот сон влијае на повеќе од 700 различни гени.rnrnДоколку го нарушите сонот, вие преку тоа го нарушувате целокупното функционирање на организмот. Иако телото може да се приспособи на помалку спиење, помалку од 6 часа сон дневно е крајно нездраво и предизвикува голем број болести, смета лидерот на истражувањето Дерк Јан Дијк.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.