КАФЕ ПАУЗА

Tag: портокал

  • Што ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?

    Што ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?

    Веројатно сте ја слушнале изреката: едно јаболко на ден за да бидете здрави како дрен. Но, исто како јаболката така и портокалите имаат многу здравствени придобивки. Тие се извор на витамин Ц и антиоксидантски хранливи материи. Сепак, што ќе се случи ако ги јадете секој ден?rnrnШто ќе се случи со вашиот организам доколку секојдневно консумирате портокали?rn

    Зајакнување на имунитетот

    rnРедовното консумирање портокали и друго овошје и зеленчук може да ја зајакне имунолошката одбрана на вашето тело. Како и сите цитрусни овошја, портокалите се богат извор на витамин Ц. Тие се исто така добар извор на витамин Б фолати. Витаминот Ц и фолатите помагаат во одржувањето на имунолошката бариера на вашето тело.rn

    Поубава и блескава кожа

    rnВитаминот Ц, кој го има во изобилство во портокалите, игра различни улоги во одржувањето на здрава кожа. Витаминот Ц игра клучна улога во формирањето на колаген, протеинот кој ја формира основната структура на кожата. Здравото производство на колаген е поврзано со намалување на предвременото стареење на кожата. Портокалите исто така содржат флавоноидно соединение кое му помага на телото да одржува соодветно ниво на хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина е супстанца која помага во одржување на еластичноста на кожата.rn

    Подобар вид

    rnСтудијата од 2018 година во The American Journal of Nutrition открила врска помеѓу внесот на флавоноиди и намалениот ризик од макуларна дегенерација (AMD) поврзана со возраста – една од главните состојби што доведува до губење на видот и слепило кај луѓето над 65 години. Поточно, истражувачите забележале дека секојдневното консумирање портокали може да обезбеди соодветни количини на флавоноиди кои значително го намалуваат ризикот од развој на оваа состојба за дури 60 проценти.rn

    Хидратација

    rnПриближно 50-70 проценти од телото се состои од вода, а хидратацијата е клучна за одржување на здравјето и секојдневната благосостојба. Дури и малата дехидрација може да предизвика несакани појави како што се замор, главоболки и тешкотии со концентрирањето. Не мора да пиете само вода бидејќи и свежите портокали исто така можат да бидат хранлива и вкусна опција кога станува збор за зголемување на внесот на течности.rnrnОткако прочитавте за влијанието на портокалите врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и како од 1 килограм портокали да направите 10 литри сок.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Ледено кафе со портокал и кардамом

    Ледено кафе со портокал и кардамом

    Прекрасно летно освежување!

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • Коцки мраз
    • rn 011

    • 250 грама зрна кафе
    • rn 011

    • 2 портокали
    • rn 011

    • 5 зрна кардамом
    • rn 011

    • 1900 милилитри вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво олупете ги портокалите и слободно изедете ги веднаш бидејќи нема да ви бидат потребни за овој рецепт. Изрендајте ја кората, така што ќе го вклучите само горниот, најпортокалов дел, целосно избегнувајќи го белиот слој. Потоа отворете ги зрната кардамом и искршете ја внатрешноста на ситни парчиња. И за крај, смелете ги зрната кафе.rnrnВо посебен сад, ставете ја изренданата кора, искршениот кардамом, водата и кафето во прав. Важно е да ги ставите сите состојки одеднаш за да добиете поинтензивен вкус. Покријте го садот и оставете го да отстои на собна температура, околу 24 часа. Потоа исцедете го низ филтер, сипете го во друг сад и ставете го во фрижидер за целосно да се олади.rnrnПри послужување, прво наполнете ги чашите со ледени коцки, а потоа додајте го кафето во нив. По желба, оставете малку простор за млеко или друг додаток по ваш избор. Исто така слободно засладете го ако сакате да ви биде поблаго.rnrnВреме е за првата голтка. Вредеше тоа што чекавте цел ден, се согласувате? Ако ви се допадна овој рецепт, можеби би уживале и во турско кафе зачинето со кардамом.

  • Најдобриот дел од портокалот: Направете прав од кората што содржи два пати повеќе витамин Ц

    Најдобриот дел од портокалот: Направете прав од кората што содржи два пати повеќе витамин Ц

    Кората од портокалот содржи голем број хранливи вредности и висока доза на витамин Ц. Содржи голем број состојки што делуваат превентивно на појавата на рак на дојка и дебело црево, но исто така можат да бидат и од голема помош при борбата во раната фаза на овие видови рак. За да го искористите најдоброто од ова овошје, сѐ што ви е потребно се домашни и непрскани портокали.rnrn1-najdobriot-del-od-portokalot-napravete-prav-od-korata-koj-sodrzhi-dva-pati-povekje-vitamin-c-www.kafepauza.mk_rnrnВитаминот Ц е неопходен за нашиот организам. Тој може лесно да се најде во природата, а за да го „наполниме“ нашето тело со него, доволно е да консумираме многу овошје и зеленчук. Витаминот Ц е важен сојузник во борбата против разни болести, настинки и инфекции. Исто така, има важна улога во регенерација на ткивата и борбата против слободните радикали. За да се погрижите дека внесувате доволна количина за вашето тело, многу е важно да обрнете внимание на овој витамин. Подготовката на домашниот прав од кората на портокал е единствена, бидејќи на тој начин телото може 100% ефикасно да го искористи витаминот Ц. Всушност, токму во кората на портокалот се крие најголемата концентрација на овој витамин.rnrn2-najdobriot-del-od-portokalot-napravete-prav-od-korata-koj-sodrzhi-dva-pati-povekje-vitamin-c-www.kafepauza.mk_rnrnЗа подготовка ви се потребни неколку портокали, но исклучително е важно да бидат домашни и непрскани. Откако ќе го изедете плодот, во печка исушете ја кората. Потоа, сомелете ја во мелница за кафе или блендер. Правот кој сте го добиле ставете го во тегла и потоа добро затворете ја.rnrnЕдна лажица од овој прав содржи дупло повеќе витамин Ц отколку самото „месо“ на плодот. Можете да консумирате по една лажица од тој прав на ден. Исто така, можете да го измешате со јогурт, да го додадете во вашето утринско смуди или едноставно да го ставите во чаша вода. Одлична „помош“ е и при подготовка на разни слатки. Со правот можете да го ароматизирате вашиот колач и така омилениот десерт да го направите уште подобар.rnrnПрочитајте ги и овие 5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц!

  • Вашето омилено овошје ги открива вашата личност и вашиот карактер

    Вашето омилено овошје ги открива вашата личност и вашиот карактер

    Сите ние уживаме во консумирањето на нашето омилено овошје, бидејќи тоа е здраво, природно и е одлична замена за слатките, со оглед на тоа што некои плодови се многу богати со природен шеќер.rnrnИзборот на омиленото овошје многу зборува за вашиот карактер, а оваа теорија е стара повеќе од 2.000 години и за прв пат се појавила во стара Јапонија. Начинот на кој ги третираме луѓето, облеката што ја избираме, начинот на кој се однесуваме и разговараме со луѓето, семејството и пријателите, па дури и какви сме кога сме налутени и спремни за кавга – сето тоа можеме да го дознаеме од нашето омилено овошје.rnrnНаучниците тврдат дека омиленото овошје е сигурен показател за типот на личноста и дека поради него често сонуваме. Овошјето има одредена симболика, припишувани му се магични својства, а одговорот на прашањето каква личност сте ќе ви го даде токму вашето омилено овошје.rnrn1-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    1. Јаболко

    rnЈаболката ги обожаваат веселите и ведри личности кои не сакаат ризици и секогаш играат на сигурно. Овие личности се фер играчи, никогаш нема да подметнат некоја измама и ќе ги избегнат кавгите, конфликтите и озборувањата. Тие се премногу срдечни индивидуи, секогаш спремни да излезат во пресрет и да помогнат на секого. На нив можете да се потпрете во секој момент. Луѓето често ги гледаат како лековерни и наивни, па затоа многупати се жртви на измамување. Во љубовта имаат реални очекувања, не живеат во облаци и никогаш нема поради љубов да си ја „загубат“ главата.rnrn2-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    2. Портокал

    rnПортокалот е омилено овошје на силните личности, но овие индивидуи се често недостапни, затворени и тешки за придобивање. Потребно е многу време и труд за тие да се отворат, да ви ја укажат нивната доверба и да ве прифатат за пријател. Исто така се склони кон ненадејни промени на расположението, лесно и брзо се лутат и често изговараат грди зборови за кои подоцна се каат. Љубителите на портокалот имаат исклучителен сексуален набој, но не се склони кон долги врски.rnrn3-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    3. Јагода

    rnЗабавните, срдечни и гостопримливи луѓе обожаваат јагоди. Тие се радуваат на ситници и сакаат да си угодуваат на себе, но и на своите најблиски. Овие луѓе ги боли неправдата, многу се праведни и ќе застанат во нечија одбрана без разлика на последиците. Иако се со отворен дух, кога ќе ги повредите или навредите тешко простуваат. Во љубовта се отворени, не поднесуваат лаги и изневерувања.rnrn4-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    4. Банана

    rnБананата упатува на благи и меки личности, иако тие карактеристики не би им се доделиле на прв поглед. Луѓето кои сакаат банани се сентиментални, осетливи на критика и емотивни. Нив ги карактеризира и непостојаноста и ненадејните промени на одлуките во последен момент. Често се каат поради своите постапки и многу им е грижа за впечатокот кој го оставаат на околината. Во љубовта се потполно посветени, сите нивни врски се фатални, но често се многу посесивни.rnrn5-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    5. Грозје

    rnГрозјето го обожаваат дружељубиви личности кои се вистински тимски играчи. Тие исто така се одлични организатори, родени лидери и во нив соработниците секогаш може да имаат доверба. Добри се во чувањето тајни, многу се амбициозни, но и културни личности. Тие се фини, суптилни и грижливи луѓе. Честопати може да претераат со својата строгост и критика, но не се злонамерни, бидејќи тоа го прават за да им помогнат на останатите и да ги поттикнат да бидат подобри. Тие љубат до крајни граници, склони се на партнерот да му простат сè, па дури и предавство и изневерување.rnrn6-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    6. Вишна

    rnВишната открива разумна, несекојдневна личност со истанчен вкус и непредвидлив карактер. Вишната ја сакаат специфични луѓе кои никогаш не личат на останатите. Тие не сакат ништо што е обично. Сепак, склони се да ги одложуваат обврските, а во љубовта се недостижни.rnrn7-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_rn

    7. Кајсија

    rnЉубителите на кајсијата се шармантни, заводливи и сакаат луксуз и скапи работи. Постојано се во брзање и многу ја ценат работата, трудот и залагањето. Тие се пријателски настроени, а уживаат во излегувања и журки. Тие се идеални партнери за долга врска.rnrn8-vasheto-omileno-ovoshje-ja-otkriva-vashata-lichnost-i-karakter-www.kafepauza.mk_

  • Топло какао со ѓумбир и портокал

    Топло какао со ѓумбир и портокал

    Какао со силно зачинет вкус

    rnТопло какао со ѓумбир и портокалrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички какао
    • rn011

    • 4 лажички кафеав шеќер
    • rn011

    • рендана кора од ½ портокал
    • rn011

    • 1 лажичка ситно исечкан корен од ѓумбир
    • rn011

    • 100 мл млеко
    • rn011

    • 100 мл вода
    • rn011

    • малку екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЃумбирот, кората од портокал, шеќерот и екстрактот од ванила ставете ги во блендер и мешајте околу една минута. Потоа додајте го какаото и мешајте додека сите состојки убаво не се соединат.rnrnВо меѓувреме млекото и водата ставете ги во сад на тивок оган. Кога течноста ќе зоврие, почнете да додавате од неа во смесата од блендерот, константно мешајќи, и не повеќе од една лажичка наеднаш. Кога ќе добиете паста, истурете ја оваа смеса во течноста која врие на огин. Кога сето тоа добро ќе се соедини, вашиот пијалак е спремен за сервирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сутлијаш со рум и портокал

    Сутлијаш со рум и портокал

    Направете го сутлијашот поинтересен

    rnСултијаш со рум и портокалrn

    Потребни состојки за 4-6 порции:

    rn

      rn011

    • 1250 мл млеко
    • rn011

    • 120 грама ориз
    • rn011

    • едно стапче ванила
    • rn011

    • 100 грама шеќер
    • rn011

    • 2 лажички рум
    • rn011

    • 1 лажичка рендана кора од портокал
    • rn011

    • парчиња портокал
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад на оган ставете ги млекото, оризот и ванилата и оставете ги додека млекото не почне да врие. Потоа намалете ја температурата на среден оган и гответе околу 25 минути додека омекне оризот. Додајте ги шеќерот, румот и кората од портокал и гответе така уште 5-10 минути додека смесата убаво не се згусне. Поделете го сутлијашот во чинии и оставете ги во фрижидер неколку часа за да се изладат. Сервирајте ги со парчиња портокал.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цел живот погрешно сте ги лупеле портокалите

    Цел живот погрешно сте ги лупеле портокалите

    Целиот живот сте ги лупеле портокалите на потешкиот начин. За најлесно да се справите со нивната лушпа прво треба портокалот да го исечете од двата краја, па да го засечете попреку до средината. Потоа лесно се отвора и уште полесно се јаде.rnrnЦел живот погрешно сте ги лупеле портокалите

  • Топол пијалак од јаболка

    Топол пијалак од јаболка

    Вкусен и здрав напиток кој убаво ќе ве стопли во овие студени денови

    rnТопол пијалак од јаболкаrn

    Потребни состојки за 4 шолји:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка, излупени и исечени на коцки
    • rn011

    • 2 лажици мед
    • rn011

    • ¼ портокал
    • rn011

    • 1 ½ лажички цимет
    • rn011

    • ¼ лажичка каранфилче
    • rn011

    • 2 шолји врела вода
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во блендер по наведениот редослед. Блендирајте околу три минути и послужете во шолја декорирана со стапче цимет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пилешко во сос од портокал

    Пилешко во сос од портокал

    Одличен предлог за денешниот ручек

    rnpileshko-vo-sos-od-portokal-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 8 помали парчиња пилешки гради
    • rn011

    • 150 мл сок од портокал
    • rn011

    • 1 рендана кора од портокал
    • rn011

    • 1 цел портокал
    • rn011

    • 1 лажичка сенф
    • rn011

    • 20 грама кафеав шеќер
    • rn011

    • 40 грама маргарин
    • rn011

    • 2 лажици масло
    • rn011

    • 2 лажички густин
    • rn011

    • 1 лажица мешавина од суви зачини
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Истанчете ги малку пилешките филети, потоа посипете ги со сув зачин и премачкајте ги со сенф.
    2. rn011

    3. Во поголема тава загрејте го маслото и половина од маргаринот, па полека пржете од двете страни околу 6-7 минути. Потоа извадете ги парчињата на чинија.
    4. rn011

    5. Во истата тава ставете го преостанатиот маргарин, кората, сокот од портокал и шеќерот, и со мешање гответе околу 3-4 минути. Додајте го густинот измешан со малку вода и на крај портокалот, излупен и исечен на тенки крукчиња. Уште малку гответе и по потреба разредете со вода и дополнително посолете.
    6. rn011

    7. Пилешките стекови сервирајте ги во чинии, на секоја ставете по некое крукче портокал и одозгора врз сè прелијте со жешкиот сос. Како прилог можете да послужите варен ориз, а по желба и друг варен зеленчук.
    8. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадни стапчиња од портокал

    Чоколадни стапчиња од портокал

    Автор: Маја ЛинковаrnrnДали знаете како да ја искористите кората од портокалот? Направете супер вкусни слатки од само две состојки!rnrnchokoladni-stapchinja-od-portokal-kafepauza.mkrnrnКората од портокалот не мора да ја фрлате, бидејќи од неа можете да направите хранлив десерт: стапчиња од портокал и чоколадо. Можеби ви звучи комплицирано, но рецептот е сосема лесен.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Шолја вода
    • rn011

    • Шолја шеќер
    • rn011

    • Кора од еден портокал
    • rn011

    • Чоколадо за готвење
    • rn

    rn

    Упатство за подготовка:

    rn

      rn011

    1. Отсечете ги горниот и долниот дел од портокалот. Потоа отстранете го внимателно остатокот од кората, оставајќи го и белиот дел. Исечете ја кората на ленти. Варете ги лентите во вода, сè додека не омекнат. Потоа исцедете ги.
    2. rn011

    3. Помешајте шолја вода и шолја шеќер и загрејте ги на умерена температура, додека не се раствори шеќерот. Потоа додајте ги лентите од портокал и оставете ги да се варат 30 минути.
    4. rn011

    5. Извадете ги лентите и почекајте да се изладат. Потоа извалкајте ги во шеќер, па потопете ги во стопено чоколадо и оставете ги да се изладат. Кога стапчињата ќе бидат готови, може да ги додадете како украс на некој десерт, да ги комбинирате со овошен јогурт или да ги јадете како чоколадни мусли.
    6. rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.