КАФЕ ПАУЗА

Tag: портокал

  • Цитрусни овошја

    Цитрусни овошја

    Автор: Марија СмокварскаrnrnОвошките како лимон, портокал, мандарина, грејпфрут се само дел од групата цитрусни овошја. Се смета дека потекнуваат од Југоисточна Азија, но денес се култивираат секаде каде што е застапена топлата клима. Овие растенија растат како големи грмушки или мали дрвја, високи 5-15 метри со боцкави стебла. Се карактеризираат со иста градба како и другите растенија, меѓутоа се значајни по нивната арома која делумно доаѓа од содржината на флавоноиди и терпеноиди кои се наоѓаат во кората од плодот. Нивниот сок содржи висока количина на лимонска киселина која го дава нивниот остар вкус.Цитрусни овошјаКако што знаеме, тие се најголем извор на Витамин Ц. Нивните плодови се јадат свежи, се користат за ублажување на болката при каснување од пчела и да не заборавиме, нашите мајки ни ги даваат за подобрување на имунитетот во зимските периоди. Еве неколку главни карактеристики на некои од претставниците на цитрусните овошја.rn.rn

    Лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 6 метри.
    • rn011

    • Лимоновиот сок содржи најголема количина на детоксикативни материи од сите други овошја.
    • rn011

    • Содржи 40 милиграми на Витамин Ц што е за 2/3 повеќе од човечката дневна потреба.
    • rn011

    • Лимонот има 15 калории.
    • rn011

    • Во Малезија се верува дека лимоновиот сок е оружје против злите духови.
    • rn

    rn

    .rnПортокал:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Портокаловото дрво расте 8-15 метри.
    • rn011

    • Потекнува од Индо-Кина.
    • rn011

    • Портокаловата боја на ова овошје произлегува од нивното изложување на пониски температури. Во тропските области портокалите имаат зелена боја со неколку жолти дамки.
    • rn011

    • Портокалот има 59 калории.
    • rn011

    • Калциумот во портокалот е подобро впиен, отколку калциумот во млекото. На пример, чаша млеко има 291 милиграми калциум од кој во човечкото тело се впива само 31%, додека, сок од портокал има 350 милиграми од кои се впиваат 37%. Чудно, нели?
    • rn

    rn

    .rnМандарина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Мандариновото дрво е високо 7.5 метри.
    • rn011

    • Мандарината го добила своето има бидејќи била експлоатирана од страна на високи државни функционери во Кина (мандарини).
    • rn011

    • Мандарината има 47 калории.
    • rn011

    • Во древната кинеска медицина, се користи исушена кора од мандарина за подобрување на работата на дигестивниот систем.
    • rn011

    • Мандарината покрај Витаминот Ц, содржи и калиум, магнезиум и Витамините Б1, Б2 и Б3.
    • rn

    rn

    .rnЗелен лимон:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Неговото дрво расте до 5 метри.
    • rn011

    • Зелените лимони, најчесто се култивирани во земјите со тропска клима и се многу покисели од обичните лимони.
    • rn011

    • Кората на зелениот лимон е значаен дел од мексиканската, виетнамската и тајландската кујна.
    • rn011

    • Маслото од ова овошје се користи во парфимеријата и во процесите со ароматерапија.
    • rn011

    • Содржи 47 калории.
    • rn

    rn

    .rnЦитрон:

    rn

      rn011

    • Дрвото на цитронот расте до 15 метри.
    • rn011

    • Во фамилијата на цитрони спаѓаат неколку подвидови како на пример:
    • rn

    rn

    Цитрусни овошја
    Бел цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Црвен цитрон
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Помело
    rnrn
    Цитрусни овошја
    Минеола
    rn

      rn011

    • Цитронот содржи 30 калории.
    • rn011

    • Мармаладот од цитрон има одличен вкус и се смета за специјалитет.
    • rn

    rnЦитрусни овошја.rn

    Клементина:Цитрусни овошја

    rn

      rn011

    • Ова овошје се нарекува и мандарина без семка.
    • rn011

    • Неговото добивање се должи на отецот Клемент Родиер од Ангола.
    • rn011

    • Клементината е хибрид од портокал и мандарина.
    • rn

  • Кампари Мимоза

    Кампари Мимоза

    Ова е пијалакот со кој ќе сакате да наздравите за доаѓањето на новата година. Италијанскиот ликер кампари ќе ве освои со неговиот горчлив вкус, а прекрасните меурчиња од деликатниот шампањ само ќе го надополнат изгледот на овој новогодишен пијалак.rnrnКампари Мимозаrnrn

    За 12 чаши потребни се:

    rn

      rn011

    • 3/4 шолји кампари
    • rn011

    • 3 шолји свежо цеден сок од портокал, претходно оладен
    • rn011

    • 750 мл добро оладен шампањ
    • rn011

    • за декорација: спирали од кора од портокал
    • rn

    rnКампари Мимозаrnrn

    Подготовка:

    rnrnСекоја висока чаша наполнете ја со 1 голема лажица кампари и 1/4 шолја сок од портокал. Промешајте. Благо навалете ја чашата и наполнете ја со шампањ. Секоја чаша декорирајте ја со спирални кори од портокал. Служете веднаш.rnrnКампари МимозаКампари МимозаrnrnЗабелешка: Со мало ноже излупете тенки долгнавести парчиња кора од портокал. Целата кора навртете ја на тенко дрвено стапче и оставете ја да постои во фрижидер еден час за да се стврдне. Потоа, ставете по една спирална кора во секоја чаша со кампари мимоза.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здрава храна препорачлива за секој ден

    Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност. Еве неколку видови храна кои ќе му бидат добредојдени на вашиот организам.rn
    rn

    Зрнести плодови

    rnrnСите зрнести плодови, како јагоди, малини, капини, боровинки, се богати со хранливи влакна кои се многу важни за нормален и здрав дигестивен систем. Малините имаат најмногу хранливи влакна и се со анти-канцерогени својства, боровинките имаат дупло помалку влакна, но се богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат при подобрување на меморијата, а јагодите како овошки со најмало количество хранливи влакна од зрнестите плодови, се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Тие исто така помагаат во намалувањето на телесната маса.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јајца

    rnЈајцето како извор на високо квалитетен протеин, може навистина да ви даде поголема моќ. Една неодамнешна студија покажала дека, луѓето кои за доручек јадат пржени јајца и тост, се чувствуваат позаситено и јадат помалку на ручек, отколку кога појадуваат ѓеврек (кој има отприлика сличен број на калории). Дури и кога внимавате на вашиот холестерол, едно јајце одлично би се вклопило во вашата дневна исхрана. Жолчката од јајцето содржи лутеин и зеаксантин – два антиоксиданси кои ги одржуваат очите здрави. rnrnИстражувањата исто така ги поврзуваат лутеинот и зеаксантинот како фактори за намалување на ризикот од макуларна дегенерација, причина поради која ослепуваат голем број лица постари од 50 години. Лутеинот е добар и за заштита на кожата од УВ зраците.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Грав

    rnГравот е одличен извор на железо, минерал кој го пренесува кислородот од белите дробови до клетките низ нашето тело. Бидејќи телото не може да апсорбира исто количество железо преку растителната храна, како што може преку говедското или пилешкото месо, комбинирајте го гравот со храна богата со витамин Ц, за да го зголемите нивото на апсорпција на железо. Гравот е исто така богат со растителни влакна, кои помагаат за регулација на нивото на холестерол во крвта.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Јаткасти плодови

    rnЈаткастите плодови се богати со незаситени масти кои се добри за срцето. Студиите на „Seventh-Day Adventists“ (религиозна вероисповед која придава големо значење на здраво живеење и вегетаријанска исхрана) покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови, си го продолжуваат животот за отприлика 2 и пол години. Оревите се најверојатно во центарот на вниманието, поради нивното високо ниво на алфа-линоленска киселина која е добра за здравјето на срцето и која го подобрува расположението.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Портокали

    rnСамо еден голем портокал или пак чаша цеден сок е одличен извор на витамин Ц. Витаминот Ц е од суштинско значење за производство на бели крвни зрнца и антитела. Тој е исто така моќен антиоксиданс кој помага и ги штити клетките од радикална штета и игра клучна улога во производството на колаген за зацврстување на кожата. Портокалите се богати и со влакна и фолна киселина.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Сладок компир

    rnСлатките компири се сјајно портокалови поради фактот што содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на здравјето на очите и коските и подобрувањето на имунитетот. Еден среден сладок компир обезбедува речиси четири пати повеќе од препорачаната дневна вредност на витаминот А, плус неколку други витамини како Ц и Б6, калиум, манган, лутеин и зеаксантин, што го прави еден од најхранливите зеленчуци.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Брокула

    rnОваа зелена велесила претставува пакет од витамини Ц, А и К (кој им помага на коските), како и фолна киселина. Постои уште една причина поради која брокулата често се наоѓа на првото место на листата за здрава храна – таа обезбедува здрава доза на сулфорафан, еден вид на изотиоцијанат за кој се смета дека го спречува ракот, преку помагање во стимулирањето детоксификација на ензимите во организмот.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Чај

    rnИстражувањата покажуваат дека доколку редовно пиете чај, го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни. Чајот е богат со антиоксиданси наречен флавоноиди. Препорачливо е чајот да се пие топол и свежо сварен. Доколку сакате да го пиете ладен од фрижидер, во него додадете цеден лимон. Лимонската киселина и витаминот Ц ќе помогнат во зачувувањето на флавоноидите.Здрава храна препорачлива за секој денrn

    Спанаќ

    rnСпанаќот е преполн со важни хранливи материи: витамини А, Ц и К, како и со растителни влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Спанаќот е лесен, вкусен и добар извор на фолна киселина, витамин Б (растворлив во вода) кој помага за формирање на нови клетки, правејќи го особено важен за трудници.rnЗдрава храна препорачлива за секој денrn

    Јогурт

    rnВо 70-тите години на минатиот век, советската република Грузија имала повеќе жители со над 100 години, од која било друга земја. Извештаите од тоа време тврдат дека тајната на нивниот долг живот бил јогуртот, кој редовно се наоѓал на нивната трпеза. Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата. Само 1 чаша јогурт обезбедува речиси половина од препорачаната дневна вредност на калциум, а богата е и со фосфор, калиум, цинк, рибофлавин, витамин Б12 и протеин.Здрава храна препорачлива за секој ден
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Мароканска салата со портокали и урми

    Мароканска салата со портокали и урми

    Оваа мароканска салата за миг ќе ве однесе  на Истокот. Мирисите на портокалите, вкусот на урмите и аромата на циметот создава комбинација која мора да ја вкусите.rnrnПотребно:rn

      rn011

    • 4 излупени портокали
    • rn011

    • 1/2 лажичка цимет во прав
    • rn011

    • 3 лажици розе вино
    • rn011

    • 12 урми, со извадени семки
    • rn011

    • една рака листови од свежо нане
    • rn011

    • неколку цели печени бадеми
    • rn011

    • 1 лажица мед
    • rn

    rnПодготовка: Излупените портокали исечете ги внимателно на парчиња. Сокот што ќе се создаде додека ги сечете портокалите чувајте го за дресингот.rnrnМароканска салата со портокали и урмиrnrnВо сад за салата, ставете ги парчињата портокал, бадемите и урмите.rnrnМароканска салата со портокали и урмиЛистовите од  нане исецкајте ги на многу ситни делчиња и додадете ги кај овошјата. Во мал сад измешајте го сокот од портокал, виното, циметот и медот. Прелијте преку салатата.rnrnМароканска салата со портокали и урми