КАФЕ ПАУЗА

Tag: портокал

  • Освежителен сладолед на стапче

    Освежителен сладолед на стапче

    Во топлите денови, солените грицки и чоколадните десерти сакаме да ги замениме со лесни освежителни ужини кои ќе ни предизвикаат задоволително чувство во устата.rnrnЗа денес ви предлагаме сладолед на стапче кој брзо ќе го подготвите, а ќе ве врати во детството кога вакви сладоледи секојдневно купувавте од локалната продавница.Освежителен сладолед на стапчеПотребни состојки за 8 сладоледи (зависно од големината на калапите):rn

      rn011

    • 4-5 портокали
    • rn011

    • 620 мл сладолед од ванила
    • rn011

    • 1 лажичка рендана кора од портокал
    • rn011

    • 250 мл шлаг пена
    • rn

    rnНачин на подготовка: Најпрво исцедете ги портокалите и потоа блендирајте ги заедно сокот, ренданата кора и сладоледот. Откако убаво ќе се измазни смесата, сипете ја во модлите, но притоа оставајќи ги празни на 3 прсти од крајот. Потоа измиксирајте ја шлаг пената до степен кога ќе почнат да се прават меки меурчиња. Немојте премногу да ја зацврстите. Дополнете ги модлите со шлагот, ставете стапчиња и пикнете ги во замрзнувачот.rnrnОвој рецепт можете да го правите и со други сокови, но најдобро одговара со оној од цитрусните овошја. Уживајте!Освежителен сладолед на стапчеОсвежителен сладолед на стапче
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и банана

    Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и банана

    Превкусен појадок за совршен почеток на денот…Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и бананаПотребни состојки:rn

      rn011

    • путер од кикирики
    • rn011

    • џем од јагоди
    • rn011

    • 1 банана
    • rn011

    • 2 лепчиња
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrnНа едното лепче намачкајте путер од кикирики, а на другото џем од јагоди. Бананата исечете ја на тенки парчиња во должина и наредете ја помеѓу двете парчиња леб.Вкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и банана Сендвичот  потпечете го малку од двете страни на тостер или на тава. Потоа исечете го на четири триаголници, а послужете го со парчиња портокал. Одличен е за појадок во комбинација со шолја кафе или чаша сок од цедено овошје.rnВкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и бананаВкусен клуб сендвич со путер од кикирики, џем и банана
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Природен овошен енергетски пијалак

    Природен овошен енергетски пијалак

    Природен коктел кој ќе ве држи будни доколку учите, спремате важен проект за на работа или гледате интересен ТВ пренос до доцните утрински часови

    rnrnПрироден овошен енергетски пијалакrnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 јаболка
    • rn011

    • 1 портокал
    • rn011

    • 5 ореви
    • rn011

    • цимет
    • rn011

    • мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnrnПортокалот и јаболката убаво исчистете ги од лушпите и од семките и заедно со оревите ставете ги во блендер и убаво измешајте ги. На крај додадете малку цимет и мед по вкус, измешајте уште малку и сипете го пијалакот во чаша. За дополнителна свежина додадете неколку листа мента и коцки мраз.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Придобивките од овошјето за вашата кожа и коса

    Придобивките од овошјето за вашата кожа и коса

    Овошјата отсекогаш се сметале за добар извор на витамини. Дури и во некои салони за убавина има понуди со овошни пакети кои служат за негување, зацврстување и освежување на кожата на лицето преку отстранување на мртвите клетки и нејзино прочистување. Но, не секогаш имаме можност да одиме во овие салони и да уживаме во нивните услуги. Поради тоа, погледнете ги наредниве совети со кои без воопшто да излезете од вашиот дом можете да ја искусите придобивката од различните видови овошја на вашата кожа и коса.rnrnПридобивките од овошјето за вашата кожа и косаrnrnБанана – Таа е богата со калиум и содржи витамини Б и Ц кои се навистина добри за вашата кожа. Калиумот помага при омекнувањето на кожата, а истовремено ја тонира и затега. Направете каша од банана, која потоа ќе ја нанесете на вашата кожа исто како што би нанеле маска за лице.rnrnЈаболки – Тие се одлични антиоксиданси и брилијантни тонери на кожата кои ја стимулираат циркулацијата на крвта и ја затегнуваат кожата. Можете да нанесувате секојдневно свеж џус или каша од јаболка. Јаболковиот оцет исто така е од голема корист за вашата коса, бидејќи помага при проблеми со првутот.rnrnПапаја – Таа содржи ензим наречен папаин кој е многу корисен при отстранување на мртвите клетки од кожата. Папајата е одлична за оние луѓе кои имаат потемна боја на лицето, бидејќи ја освежува и осветлува кожата ако ја нанесувате редовно. Можете да направите каша од папаја и да го масирате лицето со неа, или пак да направите мешавина со други додатоци како овесни снегулки или мед за да направите маска за лице.rnrnПортокали – Тие се одличен извор на витамин Ц и се однесуваат како брилијантни прочистувачи на кожата. Исто така со нив можете да ја осветлите и затегнете вашата кожа. Со помош на масирање со кората од портокал или лимон можете да ја отстраните нерамномерната боја на вашето лице.rnrnГрејпфрут – Тој е многу корисен за масна кожа која е склона на акни така што помага при намалување на маснотиите и тонирањето. Има одличен тонирачки и освежувачки ефект на вашата коса, а не може да се занемари и фактот дека длабински ја прочистува. Направете каша од грејпфрут, нанесете ја на вашето лице, почекајте да се исуши и потоа измијте го. Резултатите скоро инстантно се забележуваат.rnrnОва се само мал дел од овошјата кои можете да ги нанесувате на вашата кожа и коса за освежување и враќање на нивниот природен шарм и сјај. Секако постојат многу повеќе кои можат да направат чуда како на пример, манго, јагоди, цреши, лубеница и калинки. Принципот на нанесувањето горе-долу е сличен, сè што е потребно е само да ги употребувате според вашата комоција и нивната достапност.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Црни шумски мини колачиња

    Црни шумски мини колачиња

    Одличен зимски десерт, соодветен за попладневната кафе пауза

    rnЦрни шумски мини колачињаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 калап (8×8) чоколадни колачиња
    • rn011

    • 500 г свежи цреши, без семки
    • rn011

    • 2 портокали за џус
    • rn011

    • 110 г шеќер
    • rn011

    • 10 г житно брашно
    • rn011

    • 225 мл чоколадна пенеста крема или чоколаден пудинг
    • rn011

    • 225 мл шлаг пена
    • rn011

    • Мал дел од вашето омилено чоколадо за декорација
    • rn011

    • 4 цреши за декорација
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво започнете со подготовка на мешавината од црешите. Во тенџере со средна големина додадете ги црешите и шеќерот. Исечете ги портокалите на половина и исцедете ги одозгора. Подготвувајте ги на средно ниска температура околу 6 минути. Потребно е црешите малку да омекнат. Потоа додадете го и житното брашно и мешајте добро. Оставете да се вари околу 3 минути, додека мешавината не стане погуста. Откако ќе ја тргнете од рингла, мешавината ќе продолжи сама да се згуснува и кога ќе биде доволно густа ставете ја во фрижидер за да се олади.rnrnОткако црешите ќе бидат подготвени, земете ги чоколадните колачиња и исецкајте ги на ленти. Поставете половина од нив на дното од садовите или чашките. Притиснете ги за подобро да се наместат. Потоа додадете ја мешавината од црешите која ќе им даде одличен вкус на колачињата. Погрижете се да ставите подеднакво количество во секој сад. Откако ќе завршите, додадете ја и чоколадната пенеста крема. Измазнете ја со лажица. Потоа додадете уште една лента од чоколадните колачиња. Следниот слој е наменет за шлаг пената. По нанесувањето и неа израмнете ја со лажица. Земете го вашето омилено чоколадо и изрендајте мал слој врз шлагот. На крај декорирајте со една цреша. Готовите колачиња сместете ги во фрижидер да постојат околу 1 час.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Превкусно варено вино

    Превкусно варено вино

    Специфичен вкус за сите љубители на виното…Превкусно варено виноПотребни состојки за 6 дози:rn

      rn011

    • 750 мл суво црвено вино
    • rn011

    • 120 мл вода
    • rn011

    • 120 мл сируп од пченка
    • rn011

    • лушпа од портокал
    • rn011

    • половина стапче цимет
    • rn011

    • 4 каранфилчиња
    • rn011

    • половина морско оревче
    • rn

    rnНачин на подготовка:rnrn1. Загрејте ја ринглата, а во тенџере ставете го виното, водата и сирупот од пченка.rnrn2. Во мрежичка или во газа ставете ги лушпата од портокал, стапчето цимет, каранфилчињата и морското оревче. Убаво заврзете ја мрежата и ставете ја во тенџерето.rnrn

    Превкусно варено вино
    Мрежа за готвење
    rnrn3. Сѐ заедно се вари 2 часа на повисока температура.rnrn4. По два часа извадете ја мрежата за готвење од тенџерето и вареното вино сипете го во стаклени шолји. Декорирајте по желба, со парче портокал или стапче цимет.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што содржи идеалниот појадок?

    Што содржи идеалниот појадок?

    Дали знаете што ви е потребно за вашиот ден да започне на најдобар можен начин? Научниците испитувале, анализирале и на крај го составиле идеалниот оброк за старт на денот.rnrnШто содржи идеалниот појадок?rnrnЗа да имате секој ден доволно енергија, на вашата листа треба да се најде следнава храна:rnrnКафе – бидејќи ја забрзува апсорпцијата на мастите.rnrnМлеко – бидејќи е богато со калциум и аминокиселини кои го поттикнуваат производството на колаген и еластин.rnrnЧоколадо – бидејќи содржи триптофан кој e претходник на серотонинот (хормонот на среќата).rnrnПортокал, грејпфрут и киви – бидејќи содржат многу витамин Ц, А, Е.rnrnИнтегрален леб и путер – лебот дава енергија и е богат со олигоелементи, а путерoт е извор на селен, кој е редок, но драгоцен антиоксиданс.rnrnМед – бидејќи изобилува со витамини, аминокиселини, минерали.

  • Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

    Неколку едноставни трикови за неодолива насмевка

    Нема ниедна личност на планетава која не посакала барем еднаш во животот да има прекрасна филмска насмевка со снежно бели заби. Погледнете ги наредниве неколку совети и трикови кои доколку редовно ги применувате ќе успеете брзо и едноставно да ги избелите вашите заби и да ја добиете неодоливата насмевка која веќе подолго време ја посакувате.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Сол и оцет

    rnОвој трик за избелување на забите е познат од многу одамна и голем број од оние што го пробале велат дека е многу ефикасен. Измешајте една лажичка сол со неколку капки јаболков оцет. Откако ќе се појави малку пена во мешавината, нанесете ја на четка и измијте ги вашите заби. Потоа измијте ги забите повторно, но овој пат со паста за заби. Се препорачува овој метод да не се повторува повеќе од еднаш во неделата.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Сода

    rnБрз и едноставен начин за избелување на вашите заби е да ги исплакнувате од време на време со мешавина од по една лажичка сода, 3% хидроген и вода. Убаво исчеткајте ги вашите заби со мешавината и притоа внимавајте да не ја голтнете. И за овој трик се препорачува да не го употребувате повеќе од еднаш неделно.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Лушпа од портокал

    rnБелата страна од внатрешноста на лушпата од портокалот содржи состојки кои одлично ги избелуваат забите. Направете им мала „масажа“ на вашите заби со лушпата од портокал и по само неколку „третмани“ веќе ќе ја забележите разликата. За подобри резултати додадете и малку сол на внатрешноста од лушпата и не заборавајте потоа да ги измиете вашите заби со обична паста. Третманот можете да го практикувате и со лушпа од лимон.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевкаrn

    Јаболков оцет

    rnДокажано е дека јаболковиот оцет многу помага при белеење на забите, но многу е важно да бидете внимателни при неговата употреба бидејќи киселината го нагризува надворешниот слој на забите. Поради тоа разложете една лажичка во 120 милилитри вода и ќе добиете течност за плакнење која претставува здрав начин за избелување на вашите заби.rnrnНеколку едноставни трикови за неодолива насмевка

  • Храна која го намалува нивото на стрес

    Храна која го намалува нивото на стрес

    Наредниот пат кога ќе се почувствувате нервозно, под притисок или пак премногу стресно, составете оброк од наредниве неколку видови храна, кој за многу брзо време ќе ви помогне да се вратите во нормала.rnrnБлаги компири – Тие можат да бидат од голема помош при намалување на стресот бидејќи ја задоволуваат вашата потреба за јаглехидрати и шеќери. Тие се составени и од бета-каротини и други витамини кои му помагаат на вашето тело да ги процесира јаглеохидратите полека и со константно темпо.rnrnИсушени праски – Тие се полни со магнезиум, кој го намалува стресот и истовремено на природен начин ви ги релаксира мускулите.rn

    Портокали – Една германска студија во областа на психофармакологијата покажала дека витаминот Ц го намалува стресот и ги враќа крвниот притисок и кортизолот на нормално ниво, по стресна ситуација. Витаминот Ц исто така е и добар за подобрување на имуниот систем.Храна која го намалува нивото на стресБадеми, ф’стаци и ореви – Бадемите содржат во себе Б и Е витамини, кои го подобруваат вашиот имун систем, а ф’стаците и оревите помагаат при намалување на крвниот притисок.

    rnМисиркино месо – Ова месо содржи аминокиселени наречени Л-триптофан, кои го поттикнуваат испуштањето на аеротонин, хемикалија во мозокот која предизвикува да се чувствуваме добро. Поради тоа многу луѓе по јадење мисиркино месо изјавиле дека се чувствуваат релаксирано, дури и уморно. Документирано е и дека Л-триптофан има смирувачки ефект.rnrnСпанаќ – Недостатокот на магнезиум може да предизвика мигренски главоболки и чувство на умор. Една чинија спанаќ ви овозможува 40% од дневната потреба на вашето тело за магнезиум.Храна која го намалува нивото на стресЛососХраната која е богата со омега-3 масни киселини ве заштитува од срцеви болести. Нова студија покажала и дека е многу ефикасна при одржување на стресните хормони кортизол и адреналин на нормално ниво.rnrnЗелени зеленчуциБрокулите и останатите темно зелени зеленчуци изобилуваат со многу витамини, кои одлично му помагаат на вашето тело за време на стресни ситуации.rn

    Авокадомоносатурираните маснотии и калиумот во авокадото го намалуваат крвниот притисок. Националниот институт за срце, бели дробови и крв објавил студија во која пишува дека најдобриот начин за намалување на крвниот притисок е да се конзумира доволно калиум (во авокадото има поголемо количество отколку во бананата).Храна која го намалува нивото на стресДруги совети за намалување на стресот:

    rnrn

      rn011

    • Редовно вежбајте
    • rn011

    • Пијте енергетски шејк за доручек
    • rn011

    • Јадете помали оброци во текот на целиот ден, кои ќе ви помогнат со одржување на нивото на шеќерот во крвта (кога тој е низок се намалуваат менталната, физичката и психолошката енергија, а стресот се зголемува).
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Битка со портокали во северна Италија

    Битка со портокали во северна Италија

    Автор: Александра ЧакаровскаrnrnБитката во која главно оружје се портокалите е карневалски фестивал, кој се одржува во северна Италија во градот Ивреа, близу градот Торино. Овој фестивал е најголемиот фестивал на борби со јадења во Италија.Битка со портокали во северна ИталијаСекоја година во февруари, фестивалот е посетен од 100.000 туристи, а битката со портокали се води помеѓу 4.000 учесници. Иако навидум фестивалот изгледа како илјадници луѓе самоволно да се собрале, сепак тој е многу добро организиран и има значајна историска важност. Со сигурност се знае дека карневалот потекнува од 12-иот век. Сепак, за самите почетоци и за тоа како карневалот настанал, многу малку е познато.rnrnСпоред една легенда, битката што се одржува секоја година ја означува победата на градот против градскиот тиранин, член на фамилијата Раниери. Друга легенда се поврзува со Маркизот Вилијам VII од Монтферат, тогашна област во Италија. Имено, во тоа време господарите имале законско право да им ја одземат невиноста на своите слугинки, токму на денот на нивната венчавка. Кога Маркизот Вилијам се обидел да си го исполни своето право на една од слугинките по име Виолета, таа му се спротивставила и според една од легендите, му ја отсекла главата. Самото население ја поддржало и таа ја запалила палатата, во која бил маркизот.rnrnПоради тоа, во знак на храброста на оваа слугинката, секоја година едно девојче е избрано да ја игра главната улога на Виолета. Самиот фестивал претставува симбол на победата на слободата над тиранијата.Битка со портокали во северна ИталијаУчесници на фестивалот се жителите на градот Ивреа. Битката се води помеѓу „Аранчери“ – учесници кои ги поседуваат портокалите, овошје кое симболично ги претставува старите оружја и камења, и Аранчери качени на кочии, означувајќи ги тираните. Подоцна, во 19-иот век за време на Француската револуција, во фестивалот биле додадени и претставници од Француската војска.Битка со портокали во северна ИталијаУчесниците се поделени на 9 тимови. Фестивалот трае 3 дена, недела, понеделник и вторник, кога се води немилосрдна битка помеѓу тимовите кои фрлаат портокали со целата своја сила. Атмосферата на фестивалот може да се долови од изјавата на еден 21-годишен учесник:rn
    rn

    „Застрашувачки е. Поради тоа што носите кацига на главата не можете ништо да видите, а портокалите летаат и наидуваат на вас од сите страни.“

    rnКарневалот завршува ноќта на „Мрсен вторник“, со сериозен погреб. Традиционално, на крајот на тивкиот марш кој го обележува крајот на карневалот, „Генералот“ се поздравува со сите со фразата која ја изрекува на дијалект „arvedse a giobia a ‘n bot“, што во превод значи „ќе се видиме во вторник наредната година во 1 часот“.Битка со портокали во северна ИталијаСамите посетители можат да учествуваат во битката и да бидат дел од тимовите. Доколку носат црвени капи, тие се сметаат како дел од револуционерите, и со тоа се заштитени од илјадниците портокали.Битка со портокали во северна ИталијаНа самиот почеток биле фрлани зрна грав, а потоа јаболки. Подоцна, во 19-иот век, портокалите станале главно оружје во овие битки, означувајќи ја главата на лордот. Традицијата, битката да се води со портокали не е многу јасна, најмногу поради тоа што портокалите не се одгледуваат во Северна Италија и треба да се транспортираат специјално од Сицилија, Јужна Италија. Во 1994 година, околу 265.000 килограми портокали се донесени во градот на фестивалот, најповеќе од оние портокали кои им останале од зимата.Битка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна ИталијаБитка со портокали во северна Италија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.