Никој не е ниту толку среќен, ниту толку несреќен колку што мисли. Среќата е релативен поим и секој човек индивидуално ја доживува. За некои луѓе станува збор за материјални нешта, успех на работа, добар автомобил или егзотично патување, додека пак за други среќата е составена од мали ситници. Прочитајте ја оваа приказна за Паунот и Враната која со сигурност ќе ве натера да се замислите за начинот на кој го живеете вашиот живот…rnrn
rnrnВраната живеела во шума и била целосно задоволна од својот живот. Еден таа забележала лебед. „Овој лебед е толку многу бел, а јас сум толку многу црна“, си помислила таа. „Тој мора да е најсреќната птица на светот.“ Токму тогаш таа ја споделила својата мисла со лебедот. „И јас мислев дека сум најсреќната птица сè додека не го видов папагалот. Тој има две бои и прекрасен е. Мислам дека папагалот е најсреќната птица која некогаш постоела“, ѝ одговорил лебедот. Враната тргнала во потрага по папагалот и кога го нашла, тој ѝ објаснил дека живеел среќен живот сè додека не го видел паунот. „Јас имам само две бои, додека пак паунот има многу повеќе.“rnrnВраната отишла во зоолошката градина за да го посети паунот и забележала дека илјадници луѓе се собираат околу него и се восхитуваат на неговата убавина. Откако луѓето си отишле, враната му се приближила на паунот. „Драги паун, ти си прекрасен. Секој ден илјадници луѓе доаѓаат да те видат. Кога луѓето ќе ме видат мене, одма ме бркаат. Мислам дека ти си најсреќната птица на светот“, му рекла враната. На тоа паунот ѝ одговорил: „Јас отсекогаш сум мислел дека сум најубавата и најсреќната птица на светот. Но, поради мојата убавина, јас сум заробен во оваа зоолошка градина. Откако го набљудував ова место каде живеам, сфатив дека враната е единствената птица која не е во кафез. Токму затоа веќе некое време размислувам за тоа како би бил посреќен доколку сум врана и летам каде што ќе посакам.“rnrn
rnrnОвој проблем многу често се случува и помеѓу луѓето. Ние правиме непотребни споредби со другите луѓе и поради тоа се растажуваме и престануваме да веруваме во нас. Сè ова води кон затворен круг од несреќа. Доколку научите како да бидете среќни со тоа што го имате и престанете да го гледате тоа што го немате, тогаш големи се шансите дека вашата среќа секојдневно само ќе расте. Секогаш ќе постои некој кој има повеќе или помалку од она што го имате вие. Но, личноста која е задоволна со она што го има е и најсреќната личност на светот.
Tag: однесување
-

Приказна која ќе ви го промени животот: Кој е посреќен, враната или паунот?
-

Постојат 5 видови мажи: Што кажува начинот на кој ги освојува жените за неговиот карактер?
Постојат 5 основни стилови на флертување од кои можете да заклучите што сака тој од вас. Научете како да ги препознавате овие стилови со цел да знаете дали станува збор за искрен маж, кој сака сериозна врска со вас, или пак сте се запознале со играч кој флертува со вас само поради забава.rnrn
rn1. Играч
rnКако да го препознаете: Најчесто можете да го сретнете во некој бар каде што и тој брзо ќе ве забележи. Вие веднаш ќе почувствувате некаков вид поврзаност помеѓу вас, но по цела вечер флертување, тој сепак најверојатно нема да ви се јави наредниот ден.rnrnНеговиот профил: Тој им се додворува на многу жени, а само со дел од нив започнува врска. Но, и покрај сè, овој маж можете многу тешко да го натерате на сериозна игра.rnrnДали навистина му се допаѓате: За жал, одговорот најчесто е не или пак, можеби многу малку. Овие момци преку флертот го пумпаат своето его, а којзнае, може да се случи да имаат и девојка која ги чека вечерта да се вратат дома.rn
2. Маж кој го привлекува физичкиот изглед
rnКако да го препознаете: Вие не можете да не го забележите овој маж, бидејќи тој сјае со сексуална енергија предизвикана од фактот што премногу добро се чувствува во својата кожа. Тој е експерт кога станува збор за откривање на личности кои се заинтересирани за него, па токму затоа и нема да се впушти во разговор со девојка со која знае дека нема да има шанси. Разговорот со него најчесто многу брзо преминува во страстен бакнеж.rnrnНеговиот профил: Понекогаш многу тешко можете да го следите неговото однесување.rnrnДали навистина му се допаѓате: Штом тој ви се приближил, најверојатно и му се допаѓате. Но, вашата врска може многу тешко да премине во посериозна фаза поради неговото често флертување.rn
3. Искрен маж
rnКако да го препознаете: Можете да го сретнете кај вашите соседи или да го запознаете преку пријатели. Многу често, по грешка, жените го ставаат овој маж во категоријата пријатели, бидејќи тој е добро воспитан и не сака да форсира. Но, тоа не значи дека не сака да биде во ваше друштво и да разговара со вас.rnrnНеговиот профил: Тој се движи полека, но сака сериозна ментална и физичка поврзаност.rnrnДали навистина му се допаѓате: Да, и големи се шансите дека сака сериозна врска со вас!rn
4. Традиционален тип
rnКако да го препознаете: Вие ќе помислите или дека е шовинист или дека е старомоден. Тој е оној маж кој плаќа за вечера, одлучува каде ќе одите на состанок, го држи вашиот капут при облекување и никако не се осмелува да направи конкретен чекор.rnrnНеговиот профил: Бавен е, но бара цврста врска. Многу ретко флертува.rnrnДали навистина му се допаѓате: Да. Додека тој го направи првиот потег, вие сигурно ќе треба да почекате повеќе време со цел тој да биде сигурен дека токму вие сте онаа девојка која навистина ја сака.rn
5. Господин Љубезен
rnКако да го препознаете: Многу тешко. Овој вид мажи најчесто не одат на љубовни состаноци, ниту пак излегуваат. Ако успеете да го сретнете некаде во јавноста, големи се шансите дека тоа ќе биде некој мрачен агол од бар, криејќи се од другите, па токму затоа и ќе помислите дека неговиот интерес кон вас е чисто платонски.rnrnНеговиот профил: Тој навистина се труди околу оние личности кои му се допаѓаат.rnrnДали навистина му се допаѓате: Вие навистина му се допаѓате, но не очекувајте од него никаква романтика. Нему не му се допаѓа начинот на кој функционира овој свет, па токму затоа од него нема ни да добиете никаков вид љубовно клише. Но, имајте на ум дека по првото кршење на мразот, работите ќе одат многу полесно.
-

10 начини на кои децата кои растеле со разведени родители љубат поинаку
Љубењето на личност која растела со разведени родители е малку комплицирано, но тоа не значи дека не вреди. Сè додека ги имате овие фактори на ум и ги препознавате во нивното однесување, тогаш ќе сфатите дека вие можете да имате добра шанса за одлична и долготрајна љубовна врска.rnrn
rnrn1. Тие не се толку заинтересирани за бракот. Без разлика на сè, тие навистина сакаат да веруваат во бракот, но се плашат да не ги повторат истите грешки како нивните родители, па токму затоа и долго време ќе го одложуваат и ќе се двоумат за целата работа. Некои од нив, ако искрено и отворени ги прашате, би ви одговориле дури и дека ќе бидат задоволни со животен партнер, без официјален брак.rnrn2. Тие навистина ја ценат стабилноста. Бидејќи повеќето од нив растеле движејќи се лево-десно помеѓу два дома, еднаш живеејќи на едно место, а еднаш на друго, тие имаат оформено едно многу важно правило за себе. Станува збор за безбеден простор под само еден покрив.rnrn3. Понекогаш тие се премногу поврзани со нештата кои ги поседуваат. Тие живееле во два сосема различни дома каде што морале постојано да ги префрлаат своите нешта од едно место на друго. Затоа, со тек на времето, токму овие нешта кои ги носеле со себе почнале да го претставуваат нивниот дом, наместо кровот над нивните глави.rnrn4. Тие гледаат на празниците малку поинаку. Тие сè уште го делат времето помеѓу нивните родители, па ќе им биде малку тешко да најдат повеќе време и за вашите родители. Да, тие знаат дека ова е многу иритирачко, но тоа го прават цел живот. Добрата страна: Двојни подароци.rnrn5. Имаат „омилен“ родител. Тие и двајцата ги сакаат подеднакво, тука нема збор, но еден од нив го издвојуваат повеќе бидејќи поголемиот дел од времето го поминале со него. Тие нема да го признаат ова лесно, дури и кога е навистина очигледно.rnrn6. Многу се плашат од развод. Секогаш кога ќе налетаат на некоја од оние студии која тврди дека децата од разведени родители имаат поголеми шанси и самите да поминат низ развод, тие почнуваат да паничат. Дали разводот е генетски? Дали е на некој начин однапред програмиран? Во тие моменти тие го засилуваат верувањето дека ако никогаш не стапат во брак, тие никогаш нема да мора ни да се разведат. Решен проблем.rnrn7. Тие се или моногамни, или изневеруваат. На која страна и да се насочени, тие ќе одат во крајност. Особено ако разводот на нивните родители настанал поради изневерување. Ако тоа е проблемот, тие или се погрижуваат никого да не повредат на истиот начин или го гледаат однесувањето на нивните родители како еден вид оправдување и се впуштаат и самите во истото.rnrn8. Тие се многу приврзани за браќата и сестрите. Бидејќи тие се единствените на овој свет кој целосно разбираат низ што поминале и ја делат целата болка и повреда која следи со живеење во оваа ситуација. Токму затоа и се многу блиски, и без разлика на сè постојано се тука за поддршка.rnrn9. Сè уште се обидуваат да средат некои проблеми со себе. Дури во возрасниот живот, децата на разведени родители почнуваат да ги гледаат сите оние влијанија кои разводот на нивните родители им ги предизвикал. Мора да помине подолго време за тие да можат да направат поврзаност помеѓу малите навики/карактеристики/размислувања кои ги имаат, добри и лоши, како и начинот на кој разводот на нивните родители директно им влијаел.rnrn10. Тие имаат два сета родители кои мора да бидат импресионирани. И се извинуваат за тоа. -

10 типови луѓе кои токсично влијаат на вас и вашиот живот
Човекот е социјално суштество кое не може да опстане без пријателите. Социјализацијата и создавањето на нови пријатели како и на одреден круг од пријатели се есенцијален дел од животот на човекот. Но, не треба да бидеме пријатели со секого. Многу е важно внимателно да ги одбираме луѓето со кои се дружиме и уште поважно, како им дозволуваме да се однесуваат со нас.rnrn
rn1. Сакаат да им го посветите целото слободно време
rnМожеби на почеток е слатко да ги поминувате сите моменти заедно, но да го трошат целото ваше слободно време е претерано. На секого му е потребно малку време сами или околу други луѓе. Ако ваквите луѓе не сакаат да отстапат од ова, тогаш имате проблем од кој треба брзо да се ослободите.rn
2. Даваат злонамерни комплименти
rnТоа се таков тип луѓе кои преку комплимент сакаат да ви кажат дека нешто не е во ред со вас. Звучи како комплимент, но не се чувствувате така? Тргнете се од нив. Вие заслужувате вистински и искрени комплименти.rn
3. Постојано се жалат
rnЛуѓето кои постојано се жалат и никако не придонесуваат во вашиот живот се луѓе кои дефинитивно не ви се потребни во животот. Тие ниту влијаат позитивно на вас, ниту имате некаква корист од нивното однесување. Но, ако веќе ако им дозволувате да ви се жалат, тогаш бидете сигурни дека тие преземаат нешто околу тоа и не остануваат само на зборови.rnrn
rn4. Очекуваат да правите компромис за сѐ
rnТочно е дека некогаш треба да правите компромис и да се откажете од вашите барања, но тоа не треба да го правите секогаш. Не сте должни да се откажувате од сето она што го сакате. Компромис треба да постои од двете страни. Ако само едната страна секогаш се откажува од она што го сака, тогаш сигурно ќе настанат проблеми, порано или подоцна.rn
5. Постојано наоѓаат причина за карање
rnНа повеќето луѓе не им е пријатно да бидат во околина каде што постојано има негативна енергија и расправии. Па така и вие не сте должни да трпите нечии караници. Заслужувате средина која зрачи со позитивност и оптимизам.rnrn
rn6. Не веруваат во вас
rnАко луѓето околу вас не веруваат во вашите идеали и соништа, тогаш мала е веројатноста дека ќе успеете да ги постигнете зацртаните цели. На секого му е потребна поддршка и разбирање. Не смеете да си го скратувате ова право.rn
7. Постојано се навраќаат на минатото
rnНема ништо добро во спомнувањето на минатото и неговите грешки. Вие живеете во сегашноста и се стремите кон иднината. Но, тоа станува многу потешко ако некој постојано ве навраќа назад.rn
8. Секогаш наоѓаат маани
rnБез разлика што и да направите никако не можете да ги усреќите. Свестете се. Време е да престанете да ги задоволувате туѓите потреби и да размислите за вашите. Луѓето кои вредат да се најдат во вашата близина секогаш ќе ви даваат поддршка и љубов. Не смеете да се чувствувате како да сте бескорисни. Не го дозволувајте ова.rnrn
rn9. Ги омаловажуваат вашите соништа
rnПотребен ви е оптимизам и поддршка, а од ваквите луѓе тоа никогаш нема да го добиете. Опкружете се со луѓе кои веруваат во вас и во вашите квалитети. Така најлесно ќе успеете во она што сте го зацртале.rn
10. Не опростуваат
rnЛуѓето кои се злопамтила и силно се држат за вашите грешки од минатото се луѓе кои дефинитивно не треба да останат во вашиот живот. Сите правиме грешки и човечки е да простуваме, но овие луѓе никогаш нема да го направат тоа. Затоа, трудот да ги промените е залуден. Продолжете понатака без нив во вашиот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

20 видови луѓе на кои никогаш не треба да им верувате
Постојат некои луѓе кои уште од првиот момент кога ќе ги здогледате, знаете дека целосно ќе се согласувате со нив. Но, исто така постојат и одредени луѓе кои без особено објаснување ни најмалку не ви се допаѓаат. Тие шират некоја негативна енергија околу нив чиј извор не може лесно да се открие. Можеби следниве поделби ќе ви помогнат…rnrn
rnrn1. Фризери или фризерки кои велат „Знам која фризура најдобро ќе ти стои. Верувај ми“. Никогаш не им верувајте кога упорно ве убедуваат дека нивната одлична идеја ќе биде добра и за вас. Станува збор за различни луѓе, со различни вкусови, па ако не сакате да излезете со солзи, не дозволувајте да ја преземат контролата.rnrn2. Луѓе кои не ја сакаат ТВ серијата „Пријатели“. Што не е во ред со нив?rnrn3. Мажи со неверојатно нежни и мазни раце. Зарем тие никогаш не работеле? Или можеби се толку многу опседнати со својот изглед што дури и нарцисите не им се рамни? Ако нѐ прашувате нас, оваа комбинација е рецепт за катастрофа.rnrn4. Луѓе кои никогаш не можат да најдат ништо во бутиците. Цел ден шетале и ништо не им се допаднало? Дури ни белите чорапи? Или се премногу пребирливи или се личности кои никогаш не можат да донесат одлука. Во секој случај, нема да бидат добри пријатели.rnrn5. ЛуЃеТо КоИ кУцАаТ вАкА. Додека пишуваат, сигурно прават детален план како да ве убијат. Нема друго објаснување.rnrn6. Луѓе кои можат да изедат само една коцка чоколадо. Потребна е голема самоконтрола за да се сопрете по првото залче чоколадо. Толку голема што е скоро невозможна. Тоа значи дека тие луѓе едноставно не се од овој свет!rnrn7. Луѓе кои не употребуваат емотикони. Сигурно и во реалноста не ги искажуваат своите чувства, се согласувате?rnrn8. Луѓе кои не сметаат дека животните се слатки. Психопати? Социопати? Сериски убијци?rnrn9. Луѓе кои биле МНОГУ убави како деца. Тие сигурно не морале да научат како да бидат фини и љубезни бидејќи откако ќе ги виделе сите автоматски ги сакале. Тоа е една од многуте причини зошто денес се многу злобни и очекуваат сè што ќе сакаат да им падне во нивните раце без никаков труд.rnrn10. Луѓе кои не слушаат музика. Бизарно.rnrn11. Луѓе кои не можете да ги откриете со едноставно пребарување на Гугл. Што се обидуваат да сокријат?rnrn12. Непознати личности кои рано од сабајле пријатно ви се смешкаат. Чудаци!rnrn13. Доктор Гугл. „Дали станува збор за обична главоболка или можеби имам Менингитис?“ Доктор Гугл секогаш ќе се обиде да ве натера да паничите, дури и за најмалата и секојдневна ситница која ја чувствувате.rnrn14. Луѓе со екстремно голема коса. Таа е сигурно преполна со тајни. Зарем никогаш не сте го гледале филмот „Злобни девојки“?rnrn15. Луѓе кои никогаш не го гледале филмот „Злобни девојки“. Сигурно во тоа време биле затвор. Не постои друга причина поради која би можеле да го пропуштат овој филм. Бегајте од нив.rnrn16. Луѓето кои не сакаат да појадуваат. Премногу погрешно за да се објасни со зборови.rnrn17. Луѓе кои не плачат додека го гледаат филмот „Титаник“. Роуз требало да ве турне вас во водата, а не Џек!rnrn18. Луѓе кои не запознале ниту еден нов пријател во последниве година дена. Бегате од вашето минато? Интересно…rnrn19. Луѓе кои не ставаат кечап, мајонез и цел тон сосови во својот хамбургер. Тие јадат само леб, месо и компири. Зошто?rnrn20. Луѓе кои веруваат во сè што ќе прочитаат на Интернет. „Се гради Ајфелова кула во Скопје? Чекајте да ги информирам сите пријатели за ова чудо.“ На овие луѓе најмалку можете да им верувате бидејќи тие не знаат како да разликуваат вистина од лага, дури и за најмалите ситници, па токму затоа и постојано ќе ви шират дезинформации.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Приказна за еден војник која ќе ве натера да се замислите за вашето однесување
Еден војник по долго војување конечно можел да се врати дома. Токму затоа им се јавил на своите родители и им рекол…rnrn
rnrn„Мамо и тато, си доаѓам дома. Но, сакам да ве замолам за една услуга. Имам пријател кој би сакал да го донесам со мене дома.“rnrn„Секако“, одговориле тие. „Ние би сакале да го запознаеме.“rnrn„Треба нешто да знаете“, продолжил тој да зборува. „Тој беше многу повреден за време на војната. Згазнал на мина и ги изгубил раката и ногата. Но, нема каде да оди па затоа сакам да дојде и да живее со нас.“rnrn„Жал ми е што го слушам тоа сине. Можеби би можеле да му најдеме нов дом.“rnrn„Не, мамо и тато, сакам да живее со нас.“rnrn„Сине“, рекол таткото. „Ти не си свесен што бараш од нас. Некој со таков хендикеп би бил голем товар за нас. Ние имаме наши животи и не можеме да дозволиме нешто вакво да ни попречи во живеењето. Мислам дека треба да си дојдеш дома и да заборавиш на него. Тој ќе најде начин како да живее сам.“rnrnВо тој момент синот го прекинал повикот и неговите родители не го слушале повторно. Но, неколку денови подоцна добиле повик до полицијата која им кажала дека нивниот син паднал од зграда и починал. Полицијата верувала дека станува збор за самоубиство.rnrnПотресените родители отишле во мртовечницата со цел да го идентификуваат телото на нивниот син. Тие го препознале, но на нивно изненадување исто така откриле и нешто што не знаеле досега. Нивниот син имал само една рака и една нога.rnrnЦелта на оваа приказна е да ни покаже дека сите ние многу наликуваме на овие родители. Можеме многу лесно да ги сакаме оние кои изгледаат добро и чие присуство е забавно, но не сакаме луѓе кои прават да се чувствуваме неудобно. Токму затоа попрво би се оттргнале од оние кои не се толку здрави, убави или паметни како нас. За среќа, постојат луѓе кои не го прават тоа. Постојат луѓе кои безусловно ги сакаат сите, без разлика на хаосот во кој се наоѓаат. Овие луѓе треба да бидат пример за однесување.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

7 начини да го заведете со помош на говорот на телото
Заборавете на вербалниот разговор и пораките, бидејќи говорот на телото е најголемиот херој кога станува збор за љубовни состаноци. Сакате да знаете дали ги испраќате вистинските невербални пораки? Продолжете со читање…rnrn
rn1. Смејте се
rnСигурно сте го слушнале ова многу пати, но тоа навистина успева. Да кажеме дека сте запознале личност за која сте заинтересирани. Кога ќе се ракувате и ќе го чуете неговото име, токму тогаш треба да се насмевнете. На овој начин ќе му дадете до знаење дека таа насмевка е наменета само за него.rn
2. Не ги држете рацете вкрстени
rnВкрстените раце предизвикуваат во неговите очи да изгледате студено, па токму затоа можете и да го избркате од себе. Науката вели дека можете многу полесно да се справите со одреден проблем доколку стоите со вкрстени раце, но кога станува збор за љубовен состанок, обидете се да не го практикувате тоа. Вие не сакате да му покажете дека сте затворени или незаинтересирани.rn
3. Следете го правилото на папокот
rnПогрижете се вашиот папок да е насочен кон личноста која ве привлекува. Кога сте во поголема група луѓе, вашиот папок најчесто е насочен кон онаа личноста која најмногу ја сакате, ѝ верувате или ѝ се восхитувате. Ова важи дури и ако вашата глава е насочена кон друга страна. И покрај тоа што ова е нешто што треба природно да ви доаѓа, сепак имајте го на ум кога разговарате со личност која ви се допаѓа.rn
4. Допирајте го нежно
rnДопирот е многу важен кога станува збор за љубовни состаноци. Кога луѓето ќе доживеат интимен допир, нивните срца почнуваат побрзо да чукаат. Ова можеби е премногу за првиот состанок, но е одлична идеја за вториот. Обидувајте се во текот на разговорот нежно и кратко да ја допирате областа помеѓу неговиот зглоб и лакт на раката.rn
5. Зголемете го контактот со очите
rnЗа време на љубовните состаноци, во просек треба 80% од времето да го поминувате гледајќи во вашите очи. Зголемениот контакт со очи е јасен индикатор на привлечност. Токму затоа ако ги комбинирате погледите со допири, тогаш многу брзо ќе го освоите. Доколку сте похрабри, тогаш погледнувајте го и во неговите усни додека тој гледа во вашите очи.rn
6. Стојте во средината
rnДоколку сте излезени во бар со пријатели, тогаш обидете се суптилно да го најдете вашето место во средината. На овој начин вие се ставате себеси во рамка, а со тоа и ќе привлечете многу повеќе внимание. Нашите очи природно се фокусираат кон средината на нештата, па токму затоа на овој начин можете побрзо да го привлечете неговото внимание.rn
7. Внимавајте на држењето на вашето тело
rnЗа време на љубовните состаноци вие мора да најдете начин како цело време да го држите вашиот грб исправен. Вие не сакате да изгледате згрбавени во неговите очи. Плус, постојат истражувања кои покажале дека со седењето во свиткана позиција се ослободува и кортизол, кој негативно ќе влијае врз вашиот стрес и анксиозност. Со доброто држење на вашето тело, вие не само што ќе му оставите поголем впечаток, туку истовремено ќе бидете и поопуштени за време на состанокот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

12 проблеми на интровертите кои работат во заедничка канцеларија
Вие си ја сакате својата работа, но исто така знаете дека заради вашиот карактер понекогаш тешко се носите со фактот што не работите во одделна канцеларија, туку ја делите со други. Ова се некои потешкотии со кои се соочуваат интровертите кои ја делат канцеларијата со други колеги.rnrn
rn1. Преферирате да ручате сами
rnНадвор од канцеларија, без никој да ве прекинува, без да мора да ги слушате туѓите маки дури и за време на паузата за ручек. Иако знаете дека звучи злобно, вие понекогаш целосно ги одбегнувате колегите за време на ручек, па ќе одберете да ручате надвор и сами. Некогаш измислувате изговор за да го направите ова, но никогаш не би признале дека е така.rn
2. Кога колега/колешка ви се приближува веднаш чувствувате притисок
rnЌе треба да разговарате, а што ако немате што да си кажете па во просторијата завладее онаа чудна тишина? Така, уште пред тој/таа да седне во ваша близина смислувате за што би можеле да разговарате доколку другата страна нема веќе смислена тема.rn
3. Едноставно не знаете кога да се појавите на работа
rnАко дојдете пред 8, ќе оставите впечаток дека му се умилкувате на шефот, а ако дојдете после 8 оставате впечаток на неодговорна личност. А што е со паузата, кога би требало да се вратите од пауза, пред или после другите колеги? Некогаш сфаќате дека премногу размислувате за некои едноставни работи.rn
4. Го мразите звукот на ќесичката со чипс
rnСамо што си отворивте чипс за да грицнете нешто и сфаќате дека ќесичката прави ужасна мала врева и привлекува внимание кон вас… исто како и грицкањето на чипсот. Одлично, сега ви се чини дека сите гледаат во вас.rn
5. Навистина ви е тешко да ја одредите соодветната положба на седење/стоење во канцеларија
rnКако да се поставите додека разговарате за да не им влегувате во приватниот простор на колегите, а како за да не испаднете далечни и незаинтересирани?rn
6. Некогаш ви се чини дека сите се интересираат за вашата приватност
rnДали колегата на минување гледаше во вашиот монитор? Зошто колешката би се интересирала толку за вашето семејство? Навистина ви е непријатно да споделувате приватни моменти со другите, па не знаете како да им кажете без да испаднете вообразени снобови.rn
7. Тешко воспоставувате контакт со очи со другите во канцеларија
rnДали да го/ја гледам директно во очи или малку да го оттргнам погледот? Супер, сега сигурно си мисли дека сум некаков чудак.rn
8. Некогаш ви е навистина непријатно
rnБидејќи не знаете што да кажете, како да се однесувате, движите или да гестикулирате. Да, ова мало пријатно местенце за работа понекогаш ви создава многу грижи.rn
9. Мразите кога вашите колеги имаат премногу слободно време
rnПа така сите сакаат да зборуваат, а во тој разговор ќе мора да се вклучите, спротивно од вашата желба секој да си работи во тишина.rn
10. Вашите колеги неретко имаат погрешен впечаток за вас
rnНа пример мислат дека сте вообразени или едноставно сте мамурни, па ги избегнувате сите во потрага по малку мир.rn
11. Сигурни сте дека не знаете да се смеете правилно
rnДобро, дали се насмеавте прегласно или повеќе звучеше како кучешко лаење? Ова е катастрофа, сега сите очекуваат да се надоврзете на шегата, а во суштина вие само се насмевате за да бидете пристојни, или за да изгледа дека уживате во разговорот.rn
12. Страшно сте им љубоморни на оние кои не мора да бидат во канцеларија
rnДали некој има флексибилно работно време? Дали нечија работа вклучува активности вон канцеларија? Сè би дале да сте на негово/нејзино место.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како изгледа еден ден од животот на девојка со интензивен ПМС?
ПМС-от знае да биде кошмар за некои девојки. Лудиот ролеркостер од емоции не е нешто со што секој би можел лесно да се справи. Токму затоа, ако и вие сте во моментов во тие денови, за малку да ве насмееме, погледнете што се случува во главата на една девојка која страда од интензивен ПМС во текот на еден ден…rnrn
rnrn7:30 – Не ми се станува од кревет денес. Мразам работа. Мразам да возам до работа. Мразам затоа што ги поминувам најдобрите години од мојот живот седејќи на едно место, цел ден. Мразам сè! Која е целта?rnrn7:31 – Ох леле… да не сум депресивна? Дали вака изгледа да си клинички депресивен? Навистина боли насекаде. Моите гради, мојот грб… Ах, погрешен аларм. Дошло време за ПМС.rnrn7:45 – Што убаво, многу сакам „рандом“ мозолчиња. Особено оние кои се на средината од моето чело кои едноставно не можат да бидат скриени со капа или со други модни додатоци. Сега целиот свет ќе знае што се случува под површината на мојата кожа.rnrn8:00 – Без разлика колку шминка ставам на моето лице, повторно ќе изгледам како вампир. А кога ќе се сетам дека уште не ми ни започнал циклусот… Страшно!rnrn8:05 – Одлично! Предебела сум за сите парчиња облека кои ги поседувам и сакам да го запалам целиот мој шкаф.rnrn8:06 – Можеби ќе успеам да ја скријам мојата дебелина со неколку слоеви облека…rnrn8:08 – Совршено. Изгледам како блед бездомник со акни на лицето. Токму тоа и го барав од мојот изглед.rnrn8:15 – Сè што сакам да јадам во моментов е нешто благо. Не ми е важно точно што, важно е да биде со многу шеќер. Ако не го направам тоа, цел ден ќе мислам на вкусни десерти и ништо нема да завршам од работата.rnrn8:20 – Здраво, добро утро. Една крофна со чоколадо ќе ве молам. Благодарам.rnrn8:21 – Мх, мх, мх, мојот живот повторно има значење! Ова е највкусната крофна која некогаш сум ја јадела!rnrn8:25 – Се мразам себеси за тоа што го направив сега.rnrn8:27 – Не, знаете што? Го заслужив тоа! И за ручек ќе јадам салата, па крофнава нема воопшто да се одрази на моето тело.rnrn8:45 – Се прашувам зошто дечко ми сè уште не ми пишал? Секогаш ми пишува кога станува. Ептен не е романтичен. Сигурно не ме сака. А може и воопшто да не му се допаѓам. Ох, зарем е можно да сме тргнале кон патот на раскинувањето? Можеби треба да раскинеме пред работите да станат полоши. Ќе најдам некој друг. Како се почнува од почеток?rnrn8:48 – О, еве го. Леле колку е сладок и грижлив. Го сакам!rnrn9:29 – Дали го гледам колегата како отвора чоколадо? Само да не ми понуди! Само да не ми понуди!rnrn9:30 – Секако дека сакам еден ред чоколадо, ти благодарам што сподели и со мене. Не можам да го одбијам, тоа би било непристојно.rnrn9:31 – Мх, мх, мх, како не сум го јадела ова чоколадо досега? Превкусно е!rnrn9:34 – Може уште еден ред? Штетата и онака е веќе направена.rnrn9:37 – И ете ме пак, се мразам! Зошто? Зошто не можам да се контролирам во вакви ситуации? И зошто моите колеги мора да го хранат мојот внатрешен ПМС ѕвер? Зарем не би требало веќе да имаат увид во мојот циклус?rnrn10:01 – Искрено, мислам дека се поправив 5 килограми од утрово. Ќе ручам само марула со лимон, не може ова вака!rnrn10:59 – Го обожавам моето куче! Што ќе правам кога тоа ќе почине?rnrn11:01 (15-минутно чудно плачење во тоалет насамо, кое не може да се доведе под контрола)rnrn11:20 – Ахахаха, не ми се верува што прочитав на Твитер. Овие луѓе се навистина смешни. И не ми се верува дека пред само неколку минути плачев. Нема причина да бидам вознемирена за нешто што сè уште не се случило. Ептен сум луда.rnrn11:32 – Понекогаш имам чувство дека сите на Инстаграм ме мразат.rnrn11:35 – Всушност не ми е гајле. Јас ќе си објавувам сè што сакам, а ако на некој му пречат моите фотографии може слободно да ме отследи.rnrn11:36 – Не, не ме отследувајте. Ми требаат вашите лајкови на моето новото селфи кое и покрај тоа што помина низ многу филтри, сè уште изгледам како бездомник. Како инаку би си ја открила одново мојата љубов кон себе преку социјалните мрежи?rnrn12:00 – Време е за мојата марула со лимон.rnrn12:05 – Да, ќе дојдам на ручек со тебе. И онака немав планови.rnrn12:31 – Леле, зошто храната е олку вкусна? Не знам дали е до ПМС-от (дефинитивно е до ПМС-от), но мислам дека можам да изедам 10 пици за 10 минути без притоа да зажалам за ништо!rnrn12:45 – Јас сум свиња. Јас сум дебела свиња и никој никогаш нема да ме сака!rnrn1:07 – Ми се допаѓаат овие денови од месецот кога градите ми се поголеми од вообичаено. Се чувствувам многу женствено.rnrn1:10 – Моите бутини се огромни и прават да се чувствувам како џин.rnrn2:52 – Се прашувам што прави дечко ми. Никаде го нема. Можеби треба да го потсетам дека постојам.rnrn2:53 – Извини, не мислев да ти напишам така. Само ми недостасуваш и сакам да те прегрнам. Мислам дека сум пречувствителна денес.rnrn3:03 (15-минутно чудно плачење во тоалет насамо, кое не може да се доведе под контрола)rnrn4:12 – Едвај чекам да си одам дома, да ги облечам најудобните пижами, да си направам пуканки и да си пуштам некоја романтична комедија за да ме расположи. Ох, колку сум патетично стереотипна.rnrn4:15 – Не, ќе одам во теретана да вежбам! Ќе го испотам ПМС-от и ќе го скротам ѕверот. Ја имам моќта!rnrn5:45 – Мразам сообраќај! Го мразам премногу! Ова е ужасно. Никогаш нема да стигнам дома. Или во теретаната. Ова е катастрофа. Мислам дека ќе се откажам тука, на лице место. Ќе го изгасам автомобилот на сред улица и нема да мрднам од седиштето.rnrn6:01 – И зошто сè уште дечко ми не ми пишува да ме праша како сум?rnrn6:02 – Имам потреба од моето куче. Сакам да го гушнам. Тоа нема да се случи во теретаната. Ништо, ќе одам дома и ќе бидам дебела уште еден ден.rnrn6:30-10:00 – Го заслужувам ова вино. Нели викаат дека една чаша на ден е добра за здравјето? Па, тоа значи дека 4 мора да се одлични! И филмот беше супер, можеби би требало да си пуштам уште еден… Или да преминам на некоја серија?rnrn10:05 – Здраво дечко ми. Знам дека обично не преспиваме еден кај друг за време на работните денови бидејќи животот е ужасен и работата е пекол, но навистина би сакала да дојдеш вечерва и да ме гушкаш. Те молам?rnrn10:15 – Јухууу, дојде!rnrn10:40 – Извини ама воопшто не сум расположена за секс вечерва. Се чувствувам ужасно. Те молам престани да се обидуваш, може?rnrn11:10 – Еј, буден си уште? Мислам дека сега сум расположена.rnrn11:30 – Добро вечер свету, се гледаме утре.rnrn12:00 – По ѓаволите, гладна сум!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дали можеме да го погодиме вашиот карактер со само едно прашање?
Разгледајте ги внимателно следниве симболи и размислете, кој од нив најмногу ве привлекува? Откако ќе го одберете вашиот омилен симбол кликнете на него и прочитајте што значи вашиот избор, а потоа споделете со нас дали сме погодиле нешто за вашиот карактер…rnrn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rn[column col=”1/3″]
[/column]rnrn