КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • 6 видови парови кои никој не може да ги поднесе во своја близина

    6 видови парови кои никој не може да ги поднесе во своја близина

    Без разлика дали сте сингл или пак, во врска, постојат одредени видови парови кои со самото свое присуство им прават на другите да им биде непријатно. Токму овие парови се и оние кои ги губат своите пријатели и најчесто се движат сами, секогаш допрени еден до друг, или пак, со други парови кои се слични на нив. Погледнете за кои парови станува збор…rnrn6 видови парови кои никој не може да ги поднесе во своја близинаrn

    1. Парот кои страсно се бакнуваат и допираат во јавност

    rnКој не сака бакнување и допирање? Тоа е одлично. Но, кога сте излезени со друштво, бакнувањето и допирањето како никој да не ве гледа е невкусно и им прави на оние околу вас да се чувствуваат непријатно. Сигурни сме дека вашите пријатели слушаат доволно за вашиот сексуален живот и не мора тоа да го гледаат во живо. Постои време и место за изразувањето страст, а тоа дефинитивно не е во јавност покрај вашите пријатели. Доволно е да се држите за раце и нежно да се бакнете доколку почувствувате дека токму тоа ви треба во моментот, но сè останато оставете го за дома.rn

    2. Парот кои постојано зборуваат за нивните среќни искуства

    rnСите сфаќаат дека вие сте среќни. Тие исто така се среќни за вас, но не мора постојано да слушаат за тоа. Вие имате живот и надвор од врската, па можеби е време да почнете да зборувате малку за тоа. Оние кои се сингл или другите парови (кои можат да ја задржат својата среќа за себе) исто така имаат интересни настани кои би сакале да ги споделат со вас, доколку конечно би дошле на ред. Но, понекогаш тие имаат и лоши денови, па токму затоа не ги удирајте по глава со вашата среќа, правејќи им да се чувствуваат уште полошо од претходно.rn

    3. Парот со лоша врска кои глумат неизмерна среќа

    rnСите знаат дека вие моментално поминувате низ несогласувања, па токму затоа и време е да престанете да глумите дека сте среќни и неверојатни додека поминувате низ оваа фаза од вашата врска. Вашите пријатели се секогаш тука да ве сослушаат доколку имате проблем, но тие почнуваат да се грижат доколку вие едно им зборувате насамо, а сосема друго гледаат кога сте заедно. Ако не сте среќни во врската, тогаш зошто се обидувате да го скриете тоа од другите? И уште полошо, да им покажете дека всушност ви е многу добро?rn

    4. Парот кои постојано раскинуваат и се смируваат

    rnОдлучете се веќе еднаш. Да, вие треба да си дадете втора шанса доколку мислите дека вреди, но тоа е тоа. Која е целта постојано да се вртите во круг кога однапред го знаете исходот? Од друга страна, вашите пријатели веќе не знаат како да се однесуваат со вас кога повторно ќе им кажете дека сте раскинале или пак, дека сте се смириле. Малку е тешко тие да сочувствуваат или пак, да бидат среќни за вас кога постојано се случува едното исто.rn

    5. Парот кои се обидуваат да ви најдат партнер/ка

    rnПостојат парови кои чувствуваат дека е нивна обврска да им најдат партнери на сите свои сингл пријатели. Но, и покрај тоа што вашата намера е сигурно добра, бидејќи вие не сте во нивната глава, не можете да знаете точно што им е потребно во овој момент. Вие не знаете дали тие воопшто сакаат да бидат во врска или пак, ако сакаат, кои мажи или жени најмногу би им одговарале. Токму затоа и кога станува збор за љубов, не треба да се мешате во нивниот живот. Освен ако тие директно го побараат тоа од вас…rn

    6. Парот кои секогаш и секаде доаѓаат заедно

    rnОвој вид пар е можеби и најлош од сите. Откако „јас“ ќе стане „ние“, одеднаш на сè му доаѓа крајот. Вие полека ќе се трансформирате во една голема личност која нема да може да биде насамо дури ни 5 минути. Па, како би сакале да ги задржите вашите пријатели покрај вас доколку тие не можат ниту еднаш да ве видат на страна од вашиот партнер со цел барем малку да поразговараат со вас?

  • Има друг начин: Престанете да користите самодеструктивно однесување како лек за здодевност

    Има друг начин: Престанете да користите самодеструктивно однесување како лек за здодевност

    Замислете дека вашиот животот се одвива онака како што сте си замислиле дека треба. Едноставно сè е совршено, освен едно нешто. Тоа нешто што едноставно чувствувате дека не е како што треба. Можеби сте уморни. Можеби вашата работа е само добра, а не одлична. Можеби имате недостаток на љубов која ве води до непријатна осаменост. Вие не знаете како да ги поправите нештата околу вас, па затоа се насочувате против себе. Но, ова однесување нема да ви биде од корист, а еве и зошто…rnrnИма друг начин: Престанете да користите самодеструктивно однесување како лек за здодевностrnrnТрчањето кон вашиот бивш партнер е бегање од проблемите – Каде што нема нова љубов, нема ни исчекување. И ако нема исчекување, не постои движење кон напред. Па, тогаш зошто би сакале да се движите наназад додека животот ви стои во место?rnrnСо започнувањето караница нема да добиете нов почеток – Вие не сте лути на луѓето кои ве сакаат, но сепак секојдневно им се истурате. Обвинувањето на другите нема да ви помогне да го намалите вашето чувство на вина.rnrnСо купувањето скап фустан нема да купите среќа – Шопинг терапијата ни предизвикува да се чувствуваме нови, сè додека парчето облека кое сме го купиле не остари и дојде време за ново… По само еден ден носење.rnrnСексот со лошо момче нема да ви помогне да ја заборавите болката – Тој е лош. Вам ви е здодевно. Вие го правите тоа само затоа што тој е тука, дури и покрај тоа што се чувствувате лошо затоа што знаете дека ќе се чувствувате лошо откако ќе заврши. Тоа е образец во кој лесно можете да паднете, но од кој тешко е да излезете.rnrnРешението не се крие во дното на шишето – Пиењето алкохол може да биде безопасна забава, но сепак постои разлика помеѓу весело расположение и онесвестување. Со алкохолот нема да можете да ја испиете и вашата болка, туку само ќе ја намалите на краток временски период, а потоа кога тој ќе излезе од вашиот систем, ќе ја почувствувате уште посилно.rnrnЧестите љубовни состаноци нема да ја пополнат празнината која ја чувствувате – Сите велат дека друштвото може да ви помогне да не се затворите во себе, но кратките и брзи љубовни состаноци нема да успеат да ја постигнете таа цел. Сериското состанување повторно ќе ве остави сами за појадок.rnrnДрамата не ја зголемува вашата креативност – Страста може да биде драматична, но не секоја драма значи страст. На крајот од денот, драмата си е токму тоа – драма. Само кога се чувствувате неисполнето имате потреба да отворате стари рани.rnrnБудноста нема да ви помогне да го разбудите вашиот дух – Живеењето на животот брзо и без доволно одмор со тек на време ќе ви се одрази негативно. Потребно ви е време за дишење со цел да ги намалите стресот и грижите во вашиот живот.rnrnХраната нема да ви помогне полесно да се соочите со светот – Храната може да биде ваш пријател, но не и вашиот најдобар пријател. Таа не е единственото нешто во животот.rnrnМалите апчиња нема да го ви го олеснат багажот – Вие можете да ги поминувате вашите денови опкружени со пријатели или пак, ноќите во танцување. Но, опуштањето со хемикалии нема да ви помогне да ја опуштите и вашата душа.rnrnАко се мразите себеси нема да можете да сакате никој друг – Многу е лесно да се доживуваме како безвредни кога не размислуваме јасно, но кога се појавува самодеструктивното однесување, ние мора да почне вежбаме како да се прифатиме онакви какви што сме. Ако се растурите, потоа нема да можете одново да се составите.rnrnАко се лутите на светот нема да престанете да се лутите на себе – Светот е несовршено место бидејќи луѓето кои го населуваат се несовршени. Вие никогаш нема да можете да бидете среќни доколку не прифатите дека животот носи и низа разочарувања.

  • Кога маските ќе паднат: 5 знаци кои откриваат дека вашата врска е „болна“!

    Кога маските ќе паднат: 5 знаци кои откриваат дека вашата врска е „болна“!

    Многумина од нас не сакаат да признаат дека се наоѓаат во неквалитетна љубовна врска, сè додека не дојде до раскинување – денот кога маските ќе паднат долу! Тоа е поради тоа што девојките често не ја гледаат реалната ситуација во врската, ниту пак можат објективно да ги согледаат сите лоши и добри работи. Затоа одлучивме да ги издвоиме најчестите знаци кои покажуваат дека вашата врска е нездрава.rnrn1-koga-maskite-kje-padnat-5-znaci-koi-otkrivaat-deka-vashata-vrska-e-bolna-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чувствувате дека ништо не можете да направите како што треба

    rnВашиот партнер константно ве омаловажува и критикува што вие започнувате да мислите дека не сте доволно добри. Кога ќе помислите да направите нешто – се блокирате, бидејќи уште на почетокот се плашите дека нема да го направите добро и дека некој ќе ве осуди поради тоа. Подобро е што е можно побрзо да си го признаете тоа на себе, бидејќи на овој начин вашето момче ви се потсмева, а вие поради тоа се срамите и не се чувствувате удобно во сопствената кожа. Омаловажувањето прави да се чувствувате незадоволно и ја црпи целата ваша внатрешна сила.rn

    2. Сè се врти околу него, а никогаш околу вас

    rnСекако дека и вие имате чувства, но вашиот партнер не е заинтересиран да ги слушне. Не постои можност да имате разговор во кој вашето мислење ќе се сослуша со внимание, поддршка и почит. Во ситуациите кога треба сериозно да разговарате, тој се бори со вас, сè додека тој не го даде последниот збор. Таквите партнери ретко, скоро никогаш, не прашуваат што вие мислите и како се чувствувате, туку гледаат само за себе. Егоцентричните и себични мажи не се спремни за љубов, жртвување и прилагодување.rn

    3. Не уживате во убавите моменти со партнерот

    rnСекој ден за вас претставува уште еден предизвик. Се чини дека вашиот партнер секогаш поставува прашања – и тоа секогаш погрешни и глупави! Неговиот обид да го контролира вашето однесување е всушност контролирање на вашата среќа. Освен тоа, овој тип на маж сака да се фокусира на негативноста за да ве задржи покрај него. На тој начин тој од себе прави жртва и очекува вие да се сожалите на него. Искрено – тој е несреќен и беден, иако тој не сака да си признае на себе.rnrn2-koga-maskite-kje-padnat-5-znaci-koi-otkrivaat-deka-vashata-vrska-e-bolna-www.kafepauza.mk_rn

    4. Кога тој е покрај вас, вие не се чувствувате пријатно во сопствената кожа

    rnНе се чувствувате удобно да зборувате за сè што мислите и да се однесувате така како што сакате. Во овие моменти помислувате дека треба да ставите нечие друго лице, само за тој да ве прифати. Ова негово ужасно однесување ќе ве промени многу. После некое време ќе сфатите дека не можете да се препознаете себеси, како ни вашите најдобри пријатели и семејството.rn

    5. Се чувствувате дека ви е забрането да се менувате

    rnИсто како и претходното, вие не чувствувате никакви промени во вашиот живот и ви се чини дека сте приврзани кон самотијата, негативноста и незадоволството. Всушност, тука е проблемот што кога и да сакате да унапредите нешто во својот живот, вашето момче ве исмејува. Од негова страна не постои охрабрување и поддршка, туку само критика. Тој инсистира на тоа дека вие не можете да се промените, ниту да напредувате во животот.

  • Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

    Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

    Фејсбук е една од најпопуларните социјални мрежи, која е погодна за откривање на некои карактеристики на луѓето кои се членови. Затоа нека не ве чуди што на основа на Фејсбук може да се одредат некои карактеристики на хороскопските знаци, но и обратно. Погледнете како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук.rnrn1-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnПрипадниците на овој знак се препознатливи на Фејсбук по тоа што се насочени кон себе и токму тие се оние кои ги обработуваат нивните фотографии во Фотошоп за да изгледаат совршено. Тие мора да бидат во тек со сите случувања, па често ги проверуваат настаните. Исто така, не одобруваат што било да им се објави на нивниот профил додека тие не го проверат тоа, па затоа не е чудно кога ќе се налутат, да го избришат својот профил, а потоа да направат нов.rn

    Бик

    rnКога на Фејсбук ќе видите фотографии од луксузни работи, храна и места, тогаш бидете сигурни дека е во прашање личност која е Бик во хороскоп. Ним им се досадни пријателите кои објавуваат досадни стихови и песни, но затоа ги следат трендовите и голем број групи. Не објавуваат често свои фотографии, но затоа ќе ги избришат туѓите објави, фотографии и коментари доколку не им се допаѓаат. Најчесто се означуваат на патувања и на разни необични места.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се оние кои се во состојба да нè бомбардираат со своите фотографии, но и со фотографии од нивните деца или партнерот. Тие редовно нè известуваат за сите нивни емоционални состојби, па често ги нервираат останатите, бидејќи овие не сфаќаат дека Фејсбук за Близнаците е само чиста разонода. Освен тоа, сакаат што преку него може да комуницираат со други луѓе, па затоа поштенското сандаче им е секогаш полно.rnrn2-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    Рак

    rnНа Раковите во суштина Фејсбук им е досаден, но кога се активни на оваa социјална мрежа, тогаш нивните објави најчесто се противречни – од весели и оптимистични па сè до „ќе ве убијам сите“ објави. Оваа мрежа им служи за да ги следат луѓето со кои изгубиле контакт, но и во тоа не се премногу активни. Сепак, ќе се пофалат со работи кои им значат, како што се роденденот на нивното дете, новата врска или пак брак.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат да привлекуваат внимание, па често ги бомбардираат своите пријатели со објави и фотографии на кои многупати се во секси пози. Редовно ги следат туѓите профили, ги „лајкуваат“ фотографиите и објавите на сите, а со некои луѓе ги одржуваат односите исклучиво преку социјалните мрежи, кои како да се создадени за нив. Најчесто имаат и многу пријатели.rn

    Девица

    rnДевицата ги следи трендовите и сака да биде во тек со сите настани, но на Фејсбук не ја открива нејзината приватност. Нив ќе ги забележите како коментираат на актуелните социјални и политички теми, а ќе бидете среќни ако воопшто најдете нивни лични фотографии. Тие се толку мистериозни, што нема да се означуваат каде се, бидејќи не сакаат другите да им навлезат во нивната трага.rn

  • Бонтонот не е само нешто од минатото: Правилно однесување на вистинските дами и господа

    Бонтонот не е само нешто од минатото: Правилно однесување на вистинските дами и господа

    Дали знаевте дека при запознавање жената секогаш прва ја испружува раката кон мажот? Исто така, постарата личност секогаш ѝ ја нуди раката на помладата – ако е обратно, тоа е знак на непочитување. Доколку шетате со некого и тој/таа застане да се поздрави со некој, и вие треба да се поздравите, без разлика што не го познавате.rnrn0-bontonot-ne-eneshto-od-minatoto-pravilno-odnesuvanje-na-vistinskite-dami-i-gospoda-kafepauza.mkrnrnВо ресторан, помладите личности стануваат кога ќе им пријде постара личност. Жената станува само ако е млада, а кон масата се приближува некој кој е постар или по години или по положба. Општо правило е дека кога некој влегува во соба каде што има луѓе, таа личност ги поздравува сите, без разлика на полот и годините. Исто така, дамата никогаш не ги држи лактите на маса.rnrnМлада личност која има висока положба не треба да очекува сите први да ја поздрават. Возраста сепак има предност. Кога станува збор за разговор помеѓу луѓето, вистинската дама никогаш нема да упадне во збор – ќе причека да се заврши излагањето, а потоа ќе го искаже своето мислење и притоа ќе внимава да не го навреди туѓиот став.rnrnИсто така, на комплимент одговара со „Благодарам“. Ако на реченицата „Прекрасно изгледате“ возвратите со „знам“, оставате впечаток на препотентна, суетна личност со превисоко мислење за себе.rnrnКога ќе згрешите, извинете се – тоа е одлика на добро воспитување, без разлика дали станува збор за маж или жена. Што се однесува до доаѓањето на состаноци, секогаш пристигнувајте навреме и исполнувајте ги своите обврски во предвидениот рок – не само што ќе добиете пофалби, туку така и ќе го испочитувате и своето и туѓото време.rnrnСмислата за хумор е добредојдена особина, но вистинската дама никого не исмејува – шегувајте се исклучиво на своја сметка! Кога станува збор за изгледот, секогаш облекувајте се во склад со приликата. Дискретната и ненападна шминка е одраз на вистинска жена со префинет стил.rnrnСе подразбира дека кога зевате, кашлате или кивате задолжително мора да ставите рака на уста, а оние кои добро го познаваат, знаат дека бонтонот забранува да кажете „на здравје“. На тој начин само го привлекувате вниманието кон личноста која кивнала и правите таа да се чувствува непријатно.rnrnПоздравете го соседот кој живее во вашата зграда. Љубезноста и насмевката ќе ви го разубават денот и вам и него. Персирајте им на постарите личности (користете „вие“ наместо „ти“), освен ако инсистираат да не го правите тоа, а секогаш кога ќе влезете во затворена просторија симнете го шеширот или капата.rnrnШто се однесува до информациите поврзани со бившиот партнер, некогашната пријателка или поранешната фирма – сето она што е негативно држете го во себе. Во спротивно ќе испадне дека оговарате и дека не знаете да чувате тајни, а и ќе ги натерате луѓето да се запрашаат каква личност сте штом сте биле во такво опкружување.rnrnДамата никогаш не го фрла ѓубрето на улица – таа ги чува отпадоците во чантата, додека не најде канта. Кога зборуваме за комуникација преку пораки, никогаш не користете големи букви – тоа се смета за непристојно затоа што наликува на викање. И најважното правило кое се однесува и на дамите и на господата – почитувајте и ќе бидете почитувани!rnrnОва се основните правила на доброто однесување…rn

    Запознавање и претставување

    rn

      rn011

    • Мажот прв ѝ се претставува на жената.
    • rn011

    • Помладата жена треба да ѝ се претстави на постарата.
    • rn011

    • Помладата жена треба да му се претстави на постариот маж.
    • rn011

    • Помладата личност треба да ѝ се претстави на постарата.
    • rn011

    • Домаќинот меѓусебно ги запознава гостите.
    • rn011

    • Брачниот пар треба да се претстави заедно.
    • rn011

    • При претставување парови, кажете ги само нивните имиња и презимиња.
    • rn011

    • Кога се претставувате, кажете го своето име и презиме. Без титули.
    • rn011

    • При запознавање, насмевнете се и погледнете го соговорникот во очи.
    • rn011

    • Мажите при запознавање треба да стануваат.
    • rn011

    • Жените при запознавање не треба да стануваат.
    • rn011

    • Не го прекинувајте разговорот помеѓу две личности за да претставите некого.
    • rn

    rn

    Поздравување

    rn

      rn011

    • Мажот секогаш прв ја поздравува жената.
    • rn011

    • Помладата личност секогаш поздравува прва.
    • rn011

    • При влез во работна просторија, странката треба прва да поздрави.
    • rn011

    • Продавачот секогаш прв го поздравува купувачот.
    • rn011

    • Во црква се поздравува само за време на венчавка.
    • rn

    rn

    Ракување

    rn

      rn011

    • Жената прва ја испружува раката кон мажот.
    • rn011

    • Постарите секогаш први испружуваат рака кон помладите.
    • rn011

    • При ракување, секогаш треба да ја испружите десната рака.
    • rn011

    • Ракувајте се кратко.
    • rn011

    • Ракувањето е задолжително при честитање и изразување сочувство.
    • rn

    rn

    Ословување

    rn

      rn011

    • На секоја личност и се обраќате со „вие“ без разлика на староста и полот.
    • rn011

    • Постарите и жените предложуваат преминување на „ти“.
    • rn011

    • При ословување госпоѓа или господин може да се додаде и титулата.
    • rn011

    • Личноста се ословува на име, само ако тоа е нејзин предлог.
    • rn

    rn

    Формално бакнување

    rn

      rn011

    • Бакнежот се дава на образ, не во уста.
    • rn011

    • Иницијативата за бакнежот секогаш ја дава жената.
    • rn011

    • На јавни места жените не се бакнуваат помеѓу себе.
    • rn011

    • Започнете го бакнежот од својата лева страна.
    • rn

    rn

    Разговарање

    rn

      rn011

    • Настојувајте да зборувате за себеси што е можно помалку.
    • rn011

    • Во разговорот „јас“ никогаш не е на прво место.
    • rn011

    • Разговорот не е монолог.
    • rn011

    • Семејните проблеми не се препорачлива тема на разговор.
    • rn011

    • Кога зборувате за присутните, секогаш користете го нивното име, а не заменки.
    • rn011

    • Не е културно да го држите соговорникот за рака за време на разговорот.
    • rn011

    • Несложувањето треба да се изрази воздржано.
    • rn011

    • Избегнувајте да покажувате со прст.
    • rn011

    • Кога зборувате со повеќе луѓе, наизменично гледајте ги во очи.
    • rn

    rn

    Седење

    rn

      rn011

    • Седнете само доколку тоа ви е понудено.
    • rn011

    • Понудете им место на оние на кои тоа им е најпотребно.
    • rn011

    • Мажот треба да ѝ помогне на жената да седне.
    • rn011

    • Не е културно да се потпирате на туѓ стол.
    • rn

    rn

    Влегување и излегување

    rn

      rn011

    • При влегување, жените имаат предност.
    • rn011

    • Во угостителски објекти први влегуваат мажите.
    • rn011

    • Низ подвижна врата први влегуваат мажите.
    • rn011

    • Придржете им ја вратата на оние кои доаѓаат по вас.
    • rn011

    • Ако вратата се отвора кон вас, отворете ја и пуштете ги другите први.
    • rn011

    • Во работни згради во лифт се влегува по редот на доаѓање.
    • rn011

    • При разминување предност секогаш имаат оние кои излегуваат.
    • rn011

    • Секогаш е добро да чукнете и да почекате знак за влегување.
    • rn

    rn

    Театар, концерт, кино

    rn

      rn011

    • Ако сте повикани, не смеете да доцните.
    • rn011

    • Ако задоцните во театар, почекајте ја првата пауза.
    • rn011

    • Кога вие ги имате картите, вие го водите друштвото до седиштата.
    • rn011

    • Секогаш први влегуваат мажите.
    • rn011

    • Жените први седнуваат.
    • rn011

    • На надворешните седишта секогаш седат мажите.
    • rn011

    • За облеката задолжен е мажот.
    • rn

    rn

    На улица

    rn

      rn011

    • Мажот оди помеѓу две жени, а жената помеѓу двајца мажи.
    • rn011

    • Жената оди од десната страна на мажот.
    • rn011

    • Жената треба да го фати мажот под рака, а не мажот жената.
    • rn011

    • Чантите или торбите треба да бидат од надворешната страна.
    • rn011

    • Непристојно е да се движите и да јадете.
    • rn011

    • При разминување треба да скршнете на десно.
    • rn

    rn

    Посетување

    rn

      rn011

    • Никогаш не доаѓајте ненајавено.
    • rn011

    • Не договарајте посета за време на ручек или вечера.
    • rn011

    • Во посета носете ги само луѓето кои претходно биле најавени.
    • rn011

    • Не носете домашни миленици.
    • rn011

    • Кога ќе ви стигнат гости, престанете со сѐ што сте правеле.
    • rn011

    • Пристојно е да ѝ подарите букет на домаќинката.
    • rn011

    • Пред да ѝ се предаде букетот на домаќинката, треба да се тргне хартијата.
    • rn011

    • Пијалакот донесен за домаќинот не мора да се отвори.
    • rn011

    • Учтиво е задоцнетите гости да се почекаат 15 минути.
    • rn011

    • Знакот за завршување на посетата го дава посетителот.
    • rn011

    • Културно е да ги испратите гостите до врата.
    • rn011

    • Културно е да ја возвратите посетата.
    • rn

    rn

    На маса

    rn

      rn011

    • Домаќинката секогаш прва започнува со јадење и дава знак за станување.
    • rn011

    • Приборот се поставува според редоследот на употреба.
    • rn011

    • Храната пристигнува на масата непосредно пред јадење.
    • rn011

    • Храната секогаш се служи од левата страна.
    • rn011

    • Никогаш не ги потпирајте лактите на масата.
    • rn011

    • Помеѓу оброците рацете држете ги или во скут или на маса.
    • rn011

    • Крпата секогаш стои во скут, а не околу вратот.
    • rn011

    • Секогаш одвојувајте ги паровите на масата.
    • rn011

    • Избегнувајте да служите премногу ладни пијалаци.
    • rn011

    • За време на јадењето, учтиво е да разговарате со луѓето кои седат до вас.
    • rn011

    • Не е во ред да јадете за време на здравица.
    • rn011

    • Ако не пиете алкохол, во ред е да наздравите и со вода.
    • rn011

    • На свечена вечера не се послужува кафе на масата.
    • rn011

    • Не останувајте последна личност на масата која јаде и пие.
    • rn011

    • Ако сте добиле покана за вечера треба да однесете пригоден подарок.
    • rn011

    • Чистењето е обврска на домаќинот.
    • rn011

    • Културно е да се заблагодарите на гостопримството.
    • rn

    rn

    Во ресторан

    rn

      rn011

    • Секогаш резервирајте маса ако носите друштво.
    • rn011

    • Во ресторан секогаш прв влегува мажот.
    • rn011

    • Од ресторанот секогаш прва излегува жената.
    • rn011

    • Мажите ги поздравуваат жените потстанувајќи само до половина.
    • rn011

    • На масата, мажот седи или спроти жената или од нејзината лева страна.
    • rn011

    • Келнерот го повикува мажот.
    • rn011

    • Жената започнува да јаде прва.
    • rn011

    • Не почнувајте со јадење барем додека не се послужени две личности .
    • rn011

    • Ако вашето јадење доцни, другите можат да почнат со јадење.
    • rn011

    • Културно е мажот да ја плати сметката.
    • rn

    rn

    Јадење различни јадења

    rn

      rn011

    • Чинијата секогаш треба да биде повлечена од вас, никогаш не кон себе.
    • rn011

    • Лебот се јаде така што се кине дел по дел.
    • rn011

    • Јаболката или праските се лупат со нож.
    • rn011

    • Тестенините не се сечат со нож.
    • rn

    rn

    Бизнис бонтон

    rn

      rn011

    • Личноста од понизок ранг секогаш се претставува на онаа со повисок.
    • rn011

    • Без разлика на рангот, сите се претставуваат на купувачот или клиентот.
    • rn011

    • Личноста со највисок ранг треба да биде претставена прва.
    • rn011

    • Ракувајте се и на пристигнување и на заминување.
    • rn011

    • На бизнис состанок не доцнете повеќе од 5 минути.
    • rn011

    • На бизнис состанок не е културно да пристигнете прерано.
    • rn011

    • Треба да станете кога посетител влегува во вашата канцеларија.
    • rn011

    • Вие го завршувате разговорот во вашата канцеларија.
    • rn

    rn

    Бизнис оброк

    rn

      rn011

    • Вечерата не е добро време за бизнис разговор.
    • rn011

    • Разговорот за работата започнете го по аперитивот или предјадењето.
    • rn011

    • Купувачот или клиентот никогаш не плаќа за бизнис оброк.
    • rn

  • 10 факти кои ќе ги разберат само родените во знакот Близнаци

    10 факти кои ќе ги разберат само родените во знакот Близнаци

    Не е лесно да се разберете или пак да се спријателите со Близнаците, а тоа го знаат сите кои во своето опкружување имаат некој со тој хороскопски знак. Но, погледнете ги пак овие факти кои нема да ги разбере никој друг освен Близнаците.rnrn1-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-znakot-na-bliznaci-www.kafepauza.mk_rnrn1. Луѓето мислат дека сте дволични само поради карактеристиките на вашиот хороскопски знак. Факт е дека Близнаците, исто како и останатите хороскопски знаци, имаат неколку различни лица, но не во вистинската смисла на тој збор.rnrn2. Мора да им објаснувате на луѓето дека колку повеќе сте саркастични со нив во разговорот, значи дека толку повеќе тие ви се допаѓаат. На никого не му е јасно зошто тоа е така, но во тоа најверојатно се крие целиот шарм на Близнаците.rnrn3. Не знаете како да им објасните на луѓето дека ви е потребно да ве остават на мир неколку дена или подолг период. Близнаците се едноставно такви, умеат да се изолираат од сите, па затоа пуштете ги да им помине таа фаза.rnrn4. Имате феноменална идеја, феноменална… сè до наредните пет минути кога ќе ви текне уште подобра.rnrn5. Често ви се случува да сфатите дека флертувате со некого само затоа што ви се допаѓа како личност, а за тоа да не сте свесни. Затоа не треба да ве чуди дека некој Близнак се обидува да флертува со вас – треба да се загрижите ако ситуацијата е обратна.rnrn2-10-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-rodenite-vo-znakot-na-bliznaci-www.kafepauza.mk_rnrn6. Постојано сте на вистинска вртелешка од емоции, 7 дена во неделата, 365 дена во годината.rnrn7. Вашето расположение е променливо. Во еден момент сте феноменално расположени, а во следниот имате лице кое вели „остави ме на мир, не сакам да те гледам“.rnrn8. Не може да прошетате по улица, а да не наидете на минимум пет луѓе чија животна приказна ќе ја дознаете со само 10-минутен разговор. Едноставно Близнаците се многу привлечни за луѓето, особено за странците, па не е чудно што толку многу ги обожаваат.rnrn9. За вас целиот живот е една непрекината „журка“ и би било ужасно досадно кога околу вас би се случувале нормални работи.rnrn10. Вие претставувате совршено несовршена комбинација на карактеристики, па затоа не ви е чудно зошто некои луѓе ве сакаат, а додека други не може да ве поднесат. И тоа е животот, зар не?

  • 17 мисли кои ви поминуваат низ главата додека вашите родители се обидуваат да изгледаат кул пред вашите пријатели

    17 мисли кои ви поминуваат низ главата додека вашите родители се обидуваат да изгледаат кул пред вашите пријатели

    Мора да признаеме дека времињата се менуваат и нашите родители понекогаш не ги сфаќаат денешните трендови, но сепак се обидуваат да ги имитираат. Тие не сакаат да изгледаат старомодно пред нашите пријатели, па додека се тие кај нас, нашите родители кажуваат некои интересни шеги. Секако, вие не мислите дека тоа е смешно, па започнуваат да ви се вртат овие мисли во глава.rn

    1. Ох, ве молам НЕ!

    rn1-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    2. Леле, колку е ова засрамувачки.

    rn2-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    3. Ќе се скријам под камен и ќе умрам.

    rn3-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не ми се верува дека сме роднини.

    rn4-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    5. Сериозно, ќе немам пријатели после ова.

    rn5-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    6. Ве молам, престанете да зборувате!

    rn6-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    7. Дали тие знаат дека не се воопшто кул?

    rn7-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    8. Или го прават ова намерно?

    rn8-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    9. Ох, ме „тролаат“ моите родители!

    rn9-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    10. Тие најверојатно не знаат што значи тоа.

    rn10-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    11. Па, најверојатно сега ќе ја одбијам поканата за пријателство на Фејсбук.

    rn11-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    12. Дали родителите со текот на годините природно стануваат некул?

    rn12-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    13. Дали тоа значи дека моите родители некогаш биле кул?

    rn13-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    14. Чекај, дали ова ќе ми се случи мене кога ќе станам родител?

    rn14-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    15. Не, јас ќе бидам кул.

    rn15-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    16. Па, уште моите родители се прашуваат зошто не сакам да ги носам моите пријатели додека тие се дома.

    rn16-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_rn

    17. Дали моите пријатели кажаа дека моите родители се кул?

    rn17-17-misli-koi-vi-pominuvaat-niz-glavata-dodeka-vashite-roditeli-se-obiduvaat-da-izgledaat-kul-pred-vashite-prijateli-www.kafepauza.mk_

  • 20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите…

    20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите…

    Занесени, непредвидливи, мечтатели, малку изгубени во времето, интуитивни, љубопитни, со силни емоции… За овие луѓе повеќето би рекле дека тие се малку чудни, различни од останатите или на кратко, креативни! Има нешто шармантно и неодоливо кај нив, поради начинот на кој го гледаат светот. Но, што е тоа што толку издвојува овие луѓе од толпата?rnrn20 нешта кои различните луѓе ги прават различно: Ако сте едни од нив, ќе сфатите...rnrn1. Тие добиваат инспирација во најнеочекувани моменти. Тие не можат да претпостават кога ќе се појави нивната следна голема идеја. Таа едноставно ќе се појави, на најмалку очекуваниот начин и во најмалку очекуваниот момент.rnrn2. Тие мечтаат. Многу. Физички можеби се покрај вас, но психички дефинитивно се многу оддалечени. Многумина од нив можат дури и да одлетаат со своите мисли во кој било момент, без разлика што прават.rnrn3. Лесно им станува здодевно. Тие треба да бидат стимулирани за да останат активни, па токму затоа и не можат да се фокусираат на нешто што не им се допаѓа.rnrn4. Го набљудуваат светот со детски очи. Дел од нив никогаш не расте, па токму затоа и толку невино и безгрижно гледаат врз светот.rnrn5. Неуспехот не ги обесхрабрува. Животот не е секогаш лесен за креативните луѓе, особено за оние кои професионално работат со тоа. Но, без разлика колку неуспеси ќе доживеат, тие сепак ќе се воздигнат и на крајот ќе успеат.rnrn6. Ретко можат да најдат озбилна работа. Не е лесно да се биде прифатен како креативна личност, особено кога најблиските очекуваат нешто друго од вас. Но, вистинските креативци нема да дозволат тоа да ги спречи во следењето на нивните соништа.rnrn7. Тие ќе го следат своето срце, иако нивниот ум често го мисли спротивното. Креативните луѓе помалку се грижат за проблемите и многу повеќе ризикуваат. Ова можеби ќе им донесе илјадници неуспеси, но истовремено и милион задоволства.rnrn8. Можат да се изгубат во времето. Кога тие нешто прават, многу лесно можат да заборават да јадат, пијат, па дури и да спијат. Кога идеите ќе почнат да излегуваат од нивниот ум, ништо друго не им е важно.rnrn9. Тие работат кога вие спиете, а спијат кога вие работите. Како што веќе спомнавме, ним инспирацијата им доаѓа во најнеочекуваните моменти. Сè што треба да направат е да ја прифатат и да направат нешто големо од неа.rnrn10. Онаму каде што луѓето гледаат потешкотии, тие гледаат можности. Тие секогаш ја гледаат светлата страна и брилијантно излегуваат од проблемите на најнеобични начини.rnrn11. Тие во еден момент го љубат своето дело, а веќе во следниот го мразат. Овој феномен е навистина голема мистерија, но постои еден вид процес кој ги прави исклучително променливи кога станува збор за мислењето за своите дела.rnrn12. Скромни се и горди во исто време. Тие се секогаш подготвени да учат, но ќе бидат исклучително горди и самоуверени кога се во прашање нивните дела.rnrn13. Секогаш бараат нови начини на изразување. Без разлика дали се професионалци, или едноставно само креативни личности, тие знаат дека не постои само еден начин на изразување.rnrn14. Постојано ги одложуваат нештата. Дајте им рок и тие ќе го почитуваат, но можете да бидете сигурни дека 90% од задачата ќе ја завршат вечерта претходно.rnrn15. Не сакаат граници. Правилата и границите не се за нив. Многу популарни креативни луѓе во историјата биле означени како бунтовници.rnrn16. Често не сакаат броеви. Тие се сјајни и навистина можат да ве изненадат, но доколку им дадете математичка задача брзо ќе сфатите дека тие не ги сакаат бројките.rnrn17. Тие се неверојатни набљудувачи. Често ги набљудуваат луѓето и ги забележуваат дури и најмалите детали поврзани со нив. Всушност, луѓето се огромна инспирација за нивното следно дело.rnrn18. Секогаш создаваат нови искуства. Како што веќе спомнавме, тие мора да бидат стимулирани за да бидат креативни. Постои ли подобар начин да го направат тоа од правењето нешто кое немале можност да го направат претходно?rnrn19. Доколку нешто не им се допаѓа, ќе направат сè од почеток. Без разлика до каде стигнале со своето дело, доколку нешто во одреден момент не им се допаѓа, тие нема два пати да размислат за да почнат од ново.rnrn20. Тие љубат. Го сакаат животот, луѓето, емоциите, животните, убавината… Тие можат во тишина да гледаат во зајдисонцето, уживајќи во секој момент, или пак да бидат со денови возбудени за следната голема ликовна изложба во градот. Нивната љубов е заразна, па ако имате вакви пријатели, држете ги покрај себе. Тие без сомнение ќе го направат вашиот живот малку поубав!

  • Најдосадните досадни однесувања

    Најдосадните досадни однесувања

    Сте се запрашале ли некогаш како е можно некои луѓе да бидат толку досадни? Уште повеќе, дали тие воопшто се слушаат себеси што зборуваат и како го прават тоа?rnrn(3)-najdosadnite-dosadni-odnesuvanja-kafepauza.mkrnrnПсихологот Марк Лири и уште тројца негови колеги вршеле низа истражувања на оваа тема. Што ги прави луѓето досадни, зошто баш некое однесување луѓето го сметаат за досадно и сл., се само мал дел од прашањата кои си ги поставиле овие истражувачи пред да започнат да ги бараат нивните одговори. Она кое го заклучиле е дека луѓето можат да бидат досадни не само поради тоа што го кажуваат, туку и поради начинот на кој го прават тоа.rnrnПрвото истражување било изведено во два дела. Во првиот дел, учесниците имале задача да опишат какво однесување според нив ги прави луѓето досадни, додека во вториот дел, откако истражувачите добиле листа од вкупно 43 досадни однесувања, другите учесници биле задолжени да ја погледнат листата и да ги оценат однесувањата од најмалку до најмногу досадни. Резултатот бил таков што истражувачите успеале да добијат 9 групи на досадно однесување, кои ги категоризирале почнувајќи од најмалку досадната.rnrn9. Одвлечено внимание – Гледање во телефонот, лутање со мислите или, пак, водење празни разговори, како и сѐ останато што ѝ го одвлекува вниманието на личноста спроти вас.rnrn8. Обид да се биде допадлив – Смешен, интересен, привлечен и сѐ останато што ги прави луѓето вештачки.rnrn7. Сериозност – Нема смеење, нема шеги и сѐ се сфаќа буквално и со голема доза сериозност. А што ли би се случило со малку опуштање?rnrn6. Самобендисаност – И тоа во секоја смисла на зборот. Секогаш јас, јас и само јас нема никаде да ве одведе.rnrn5. Пасивност – Немање желба ама баш за ништо, никогаш. Малку зборување, немање свој став, предвидливо однесување и согласување со сѐ што кажуваат другите се само мал дел примери за пасивно однесување.rnrn4. Монотонија – Бавно и зборување со многубројни и долги паузи, потреба од цел еден век за да се искаже мислење и влечкање на разговори до недоглед.rnrn3. Мала емоционалност – Ништо не е возбудливо, ништо не е доволно тажно, ништо не е забавно ни убаво. Особено изразено кога ќе се искомбинира со монотоно зборување и слабо гледање во очи.rnrn2. Баналност – Сите знаат дека чашата ќе се скрши ако падне на земја нели? Зборувањето за банални работи за кои нема смисла да се зборува, заинтересираност за само една тема и повторување на истите работи одново и одново – второ најдосадно однесување.rnrn1. Негативен егоцентризам – На првото место на најдосадни однесувања е она кога не само што личноста е полна со негативна енергија, туку и постојано се жали за нешто. Ова не чини, тоа не чини, вака треба, така не… Секој има проблеми, но не сите зборуваат само за нив така?rnrn(2)-najdosadnite-dosadni-odnesuvanja-kafepauza.mkrnrnВторото истражување се одвивало малку поинаку. Имено, еден дел од учесниците биле снимани додека разговарале меѓу себе, додека другиот дел биле во улога на судии со задача да дадат оцена за тоа колку тие биле досадни. Истражувачите за тоа време воделе евиденција за што се воделе разговори, а потоа воочиле 3 основни разлики меѓу досадните и интересните луѓе:rn

      rn011

    • Луѓето кои делувале интересни повеќе ги изразувале своите чувства и мисли за разлика од оние кои делувале досадни.
    • rn011

    • Интересните луѓе го искажувале својот став многу повеќе од досадните, односно во глобала повеќе се внесувале во разговорот.
    • rn011

    • Досадните луѓе често зборувале за незначајни работи, додека интересните отворале теми на разговор кои се доста интригирачки.
    • rn

    rn(1)-najdosadnite-dosadni-odnesuvanja-kafepauza.mkrnrnОна што се извлекло како заклучок од третото истражување е тоа дека доколку некој ве смета за досадна личност, тогаш веројатно ве осудува на секое поле во животот. Во последното истражување, учесниците гледале видео клипови од луѓе кои веќе претходно биле оценети како досадни или интересни. Без да знаат кој како бил карактеризиран, учесниците имале задача да ги оценат особините на луѓето кои учествувале во разговорите. Резултатот бил како и што се очекувало.rnrnДосадните луѓе биле помалку допадливи, не делувале ентузијастички, биле осудени како малку дружељубиви и слабо популарни, како слаби личности несигурни во себе. Со други зборови, учесниците осудувале и за работи кои немаат поврзаност со тоа дали некој е досаден или не. Сепак, и двата типа луѓе биле исто оценети за две работи и тоа доверливост и способност. А тоа што веројатно изненадува е фактот дека иако претходно оценети за досадни, учесниците во третото истражување добиле впечаток дека тие се попаметни од интересните луѓе.

  • Психолозите ни ги откриваат 6-те причини поради кои луѓето флертуваат

    Психолозите ни ги откриваат 6-те причини поради кои луѓето флертуваат

    Некои луѓе се родени додворувачи, кои едноставно не можат да престанат да го прават тоа. Доколку чекаат на ред за кафе, тие веднаш почнуваат да флертуваат со личноста покрај нив или со вработените. За нив ова однесување настанува природно и е еден начин на кој се справуваат со светот. Но, кога станува збор за личност која им се допаѓа и кога не сакаат ништо за возврат, тие знаат да бидат навистина големи шармери.rnrnПсихолозите ни ги откриваат 6-те причини поради кои луѓето флертуваатrnrnВо 2004 година, професорот Дејвид Драјден Хенингсен направил преглед на литературата за флертување и идентификувал 6 различни видови мотивација за флертување:rnrnСекс: флертување со цел сексуален односrnrnЗабава: флертување како хобиrnrnИстражување: флертување како дел од љубовната врскаrnrnПоврзаност: флертување како начин на зголемување интимностrnrnСамодоверба: флертување за зголемување на самопочиттаrnrnИнструмент: флертување со цел да се добие нешто од друга личностrnrnПостои огромна разлика помеѓу шармантноста и флертувањето. Доколку вие сте шармантни, ќе ги правите сите луѓе околу вас да се чувствуваат значајно. Но, доколку сте флертувачи, вие ја користите сексуалната привлечност за да манипулирате со друга личност, понекогаш на безопасен начин, но понекогаш и со цел да го добиете она кое вие го сакате. И шармантните личности и оние кои флертуваат, одржуваат контакт со очите и имаат топлина во нивниот глас, но флертувачите се оние кои скоро секогаш имаат (скриена) агенда, нешто што би им било од корист.rnrnФлертувањето многу често може да доведе до емоционална повреда, особено ако зборовите и делата на флертувачот се сфатат сериозно, а неговата/нејзината цел е да се забавува. На пример, доколку некоја личност флертува само со цел да открие дали ќе добие каква било реакција од соговорникот, а тој/таа помисли дека искажаните емоции се реални, не е потребно долго време за да дојде до големо недоразбирање.rnrnОд друга страна пак, оние кои постојано флертуваат се и личности кои уживаат во играта на освојување, па кога ќе ја остварат целта им станува здодевно и веднаш преминуваат на следната „жртва“. И покрај тоа што флертувањето може да биде забавно и безопасно, може да биде и манипулативно и злонамерно, па токму затоа секогаш внимавајте пред целосно да се впуштите во игра со овие момци или девојки кои се многу вешти на зборови.