КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • 5 нешта кои не се сметаат за неверство, без разлика колку страшно ви изгледаат на прв поглед

    5 нешта кои не се сметаат за неверство, без разлика колку страшно ви изгледаат на прв поглед

    Да се биде во сериозна врска некогаш е навистина тешко, особено за оние личности кои имаат потешкотии со довербата. Реалноста е дека никогаш не можете со сигурност да знаете дали тој/таа ве изневерува, освен ако не ги следите во секој чекор. Имајќи го тоа на ум, секоја здрава личност која е сигурна во себе и својата врска никогаш не би направила нешто такво. Едноставно нема потреба да се грижите дури и за најмалите скоро нереални ситници, бидејќи љубомората никогаш не завршува со добро. Токму затоа погледнете ги следниве совети кои ќе ви помогнат да се смирите и да сфатите дека можеби сè е во вашата глава.rnrn5 нешта кои не се сметаат за неверство, без разлика колку страшно ви изгледаат на прв погледrn

    1. Не добивате одговор на пораката во рок од 3-2 секунди

    rnЗнаете што значи ако не добиете одговор веднаш? Дека најверојатно тој или таа е зафатен/а и во моментов не може да дојде до мобилниот телефон. Не е ниту здраво, ниту продуктивно за вас и вашата врска доколку веднаш почнете да го претпоставувате најлошото.rn

    2. Тој излегува со пријателки насамо или таа излегува со пријатели насамо

    rnОва е малку тешко за разбирање, бидејќи времето поминато еден на еден со личност од спротивниот пол најчесто поттикнува мисли за секс, но погодете што? 2 возрасни личности од спротивниот пол се сосема способни да поминуваат време заедно без притоа да бидат голи. Доколку постојано му/ѝ зборувате дека се сомневате во изборот на неговото/нејзиното друштво, тој или таа со сигурност со тек на време ќе станат огорчени кон вас.rn

    3. Тој има само женски пријателки или таа има само машки пријатели

    rnПостои еден мит дека женските пријатели на момците се само девојки со кои тие сè уште не спиеле, но планираат да го направат тоа со тек на време. Но, ајде застанете малку и добро размислете. Дали и вие сакате да спиете со сите ваши пријатели од спротивниот пол? Токму така. Сите ние сме само луѓе и имаме пријатели од сите видови, големини и верувале или не, полови.rn

    4. Има потреба од слободно време

    rnНа почетокот од вашата врска, за време на периодот добро познат како „меден месец“, вие сигурно едвај сте ја напуштале спалната соба. Всушност толку многу време сте поминувале заедно што не помните период кога не сте се виделе подолго од само неколку часа. Со ова темпо, со тек на време, вие ќе посакате малку слобода и простор за дишење. Доколку тој или таа едноставно посака да прескокне некој викенд со вас, тоа не значи дека има нова личност во неговиот живот, туку дека едноставно сака да помине малку време со себе.rn

    5. Намалување на нагонот за секс

    rnПостојат милиони можни причини зошто тој или таа нема да сакаат секс со вас во секое време. Но, вие исто така не треба да го игнорирате овој проблем во спалната, туку едноставно искрено да разговарате пред да го претпоставите најлошото. Можеби станува збор за проблем кој може лесно да се реши и брзо да ви го тргне товарот од вашата душа.

  • 15 начини на кои неодлучните луѓе си го прават животот потежок одошто треба

    15 начини на кои неодлучните луѓе си го прават животот потежок одошто треба

    Тешко е да се биде неодлучна личност. Но, овие луѓе со одредени свои однесувања ги прават работите уште потешки и покомплицирани за себе и за оние околу нив. Погледнете ги следниве 15 нешта поради кои неодлучните луѓе претерано си го отежнуваат својот живот.rnrn15 начини на кои неодлучните луѓе го прават нивниот живот потежок отколку што требаrnrn1. Никогаш и никому не давате одлучен совет. Вие можете да им предложите неколку можности, па да ги оставите тие понатаму самите да ги разгледуваат сите аргументи.rnrn2. Не можете да се наречете себеси „фан“ на што било, бидејќи ви изгледа како огромна обврска. На пример, вам ви се допаднал тој филм, но не знаете што да кажете за крајот. Или пак, мислите дека ви се допаѓа музиката на тој бенд, но сепак не сте сигурни.rnrn3. Имате многу вештини, но ниту една од нив не е завршување на нештата до крај. Вие имате потешкотии кога станува збор за завршување на сите оние нешта кои истовремено сте ги почнале бидејќи едноставно немате доволно време.rnrn4. Постојат многу нешта кои сакате да ги видите, но никако не можете да се одлучите да тргнете. И не станува збор за бегање од вашата удобна зона, туку поради фактот што едноставно не знаете како да одберете од каде да почнете.rnrn5. Возрасните не би требало да губат толку време на облекување. Вие знаете со часови да се пресоблекувате бидејќи едноставно не можете да одлучите што е најсоодветно за денот.rnrn6. Потребна ви е цела вечност да составите статус, твит, порака, фотографија за Инстаграм… Постојат премногу фактори кои треба да се земат в предвид, па токму затоа и губите многу време во одбирањето на соодветните зборови или филтри.rnrn7. Откако ќе се запознаете со нова личност, 800 пати го повторувате вашиот разговор во глава со цел да проверите да не сте кажале нешто погрешно. И постои голема шанса да најдете грешка која ќе резултира со несоница и размислување за другите начини на кои сте можеле да го одговорите тоа прашање.rnrn8. Шопингот за вас е хорор. Без разлика дали станува збор за облека или пак, за намирници, вам ви е потребно барем 3 часа повеќе од останатите луѓе бидејќи не можете лесно да се одлучите за ништо.rnrn9. Толку брзо вртите телевизиски или радио канали што не ни можете да забележите дали има нешто добро или не. Најчесто ова дури и несвесно го правите.rnrn10. Вие сигурно сте личност која претерано се грижи за задоволување на туѓите потреби. Вие не сакате луѓето да бидат разочарани од вашите избори, па токму затоа и секогаш ги земате во предвид мислењата на оние околу вас.rnrn11. Кога треба да донесете одлука, ги повлекувате сите со себе. Мислењето на другите го користите како водич без кој никако не би можеле да дојдете до соодветниот заклучок.rnrn12. Не почнувате со физичка активност бидејќи не можете да се одлучите со што да почнете. Јога, аеробик, фитнес…?rnrn13. Не сте способни да одберете ресторан. Вие би сакале да го препорачате вашиот омилен ресторан, но подобро е да почекате некој друг да го предложи и вие да прифатите со цел да не делувате наметливо.rnrn14. Потребно е сериозно дебатирање за големите животни обврзувања. Вие не можете спонтано да ставите тетоважа или пак, да купите билет до Париз. Дури и кога станува збор за љубовната врска, вие никогаш не можете само да го следите вашето срце, доколку и разумот не го поддржува. Поради истата причина немате ни домашно милениче, бидејќи не сте сигурни дали истото ќе го сакате и во следните 15-тина година.rnrn15. Кога конечно ќе направите одлука, вие поминувате исклучително многу време каејќи се за неа. И едноставно не можете да не се запрашате дали е премногу доцна да си го промените мислењето.

  • Психолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?

    Психолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?

    Нашето држење на телото ни говори многу за нашите внатрешни процеси. Со цел да се приближите до вашиот внатрешен свет, вие можете да ја направите оваа вежба чија задача е визуелизација на она дрво кое мислите дека најдобро би ве претставило.rnrnПсихолошка вежба: Каква тајна крие вашето држење на телото?rnrnЗатворете ги очите и опуштете се, а потоа обидете се да замислите пред вас дрво. Првото дрво кое ќе ви се појави во мислите е токму она на кое вие најверојатно наликувате. Во него можете да ги видите вашите животни шаблони, како и да најдете поврзаност помеѓу изгледот и квалитетот на дрвото со вашите моментални животни ситуации.rnrnДодека го анализирате дрвото во вашите мисли, обидете се да откриете и дали сте вкоренети. Доколку имате корен, колку е тој плиток или длабок? Дали сте доволно вкоренети за да се издигнете високо кон небото или пак, недостатокот на длабочина ве спречува во оваа цел? Исто така обрнете внимание и на крошната, дали таа е бујна или не. Крошната го претставува вашето его. Од флексибилноста и цврстината на дрвото можете да откриете колку и вие ги поседувате овие карактеристики како и да го препознаете вашиот начин на решавање проблеми – со отпор или со прилагодување.rnrnВо животното стебло можете да ја забележите и вашата психолошка флексибилност. Тенкото стебло, кое лесно се витка значи дека поседувате способност за прилагодување, додека пак, моќното и дебело стебло покажува тврдост и ригидност. Тоа ќе му пркоси на ветрот и колку е тој посилен, толку поголем отпор ќе прави стеблото. Но, како и со сите други вакви ситуации, тоа некаде ќе попушти и ќе пукне. Стеблото кое може да се витка, без разлика на колку силен ветер е изложено, нема да прави толку голем отпор. Ако треба ќе се спушти и до земјата, но нема да пукне. Оваа флексибилност го штити од сериозни повреди.rnrnВо оваа вежба нема правилен или погрешен одговор. Секое дрво си има свој начин на опстанок и ќе го задржи своето место онолку долго колку што ќе може да се прилагоди на условите од околината.

  • Убаво лице не значи убаво срце! Поради ова не им се допаѓате на другите луѓе

    Убаво лице не значи убаво срце! Поради ова не им се допаѓате на другите луѓе

    Убавината поминува, а многу поважно е она што го имаме во себе. Ова изрека ја кажуваат многу луѓе, но никој од нив не ја сфаќа сериозно сè додека не сретне токму такви луѓе – убави, но празни однатре. После тоа следува разочарување, особено ако таа личност ни се допаѓала подолго време, бидејќи ништо не може да биде полошо од убав/а маж/жена со кој/а не можете да направете нормален разговор од две реченици.rnrnМожеби и вам луѓето нема да ве сакаат поради овие карактеристики.rnrn1-ubavo-lice-ne-znachi-ubavo-srce-poradi-ova-ne-im-se-dopagjate-na-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Немате свое „ЈАС“

    rnНема ништо полошо од тоа да ја запознаете личноста која ви се допаѓа, а потоа да сфатите дека таа нема свое „јас“ или пак живее за мислењето на другите луѓе. Да го додадеме фактот дека таа не знае како да го искаже своето мислење, бидејќи нејзиното мислење е мислењето на сите. На крај, може да заклучиме дека убавината и не е толку голема предност.rn

    2. Постојано ги озборувате другите луѓе

    rnСигурно досега сте запознале многу луѓе чија единствена работа изгледа дека им е да ги озборуваат другите, а вас тоа ве иритира. Но, уште полошо е кога тие ги омаловажуваат другите луѓе, кои според нивно мислење се помалку атрактивни од нив. Токму со оваа особина тие всушност докажуваат дека се помалку атрактивни од луѓето за кои е тој коментар упатен.rnrn2-ubavo-lice-ne-znachi-ubavo-srce-poradi-ova-ne-im-se-dopagjate-na-drugite-lugje-www.kafepauza.mk_rn

    3. Мислите дека сте најпаметни

    rnНикој, дури ни најголемите умови го немаат најголемото знаење на овој свет, а уште помалку да се фалат со него. Па, затоа на луѓето им смета кога некоја атрактивна и убава личност им „соли памет“ и ги убедува во спротивното за сè што тие кажуваат. Со оваа особина станувате непожелни во друштвото, дури и покрај целата ваша убавина.rn

    4. Се однесувате кон другите како да се помалку од вас

    rnТоа што сте убави и атрактивни не ви дава за право да се однесувате агресивно и непријатно кон другите личности, бидејќи токму оваа особина ве прави непожелни за останатите. Вие не сте оние кои треба да судат кој е убав а кој не, кој е на ваше ниво а кој не е. Ако продолжете така, другите луѓе ќе започнат да ви враќаат на истиот начин, а тоа може да ве заболи.

  • Бонтон за жени: 15 правила на однесување кои секоја дама треба да ги почитува

    Бонтон за жени: 15 правила на однесување кои секоја дама треба да ги почитува

    Што е тоа што ја издвојува дамата од другите жени? Нејзиното однесување, секако. Па, доколку ви е важен впечатокот кој го оставате кај другите луѓе, прочитајте ги следниве неколку правила на однесување кои ќе ви помогнат да станете културна, воспитана и префинета дама.rnrnБонтон за жени: 15 правила на однесување кои секоја дама треба да ги почитуваrnrn1. Дали сте знаеле дека жената секогаш прва ја подава раката кон мажот? Исто така постарата личност прво ја подава раката кон помладата, обратното се смета како знак за непочитување.rnrn2. Доколку шетате со некоја друга личност кога тој/таа ќе се поздрави со познајник истото треба да го направите и вие.rnrn3. Во ресторан, помладите личности стануваат од своето место кога ќе им пријде постара личност. Жената станува само доколку е млада, а ѝ пристапува личност која е постара по години или позиција. Од друга страна пак, доколку жената е млада, но се наоѓа на висока позиција, не треба да очекува сите први да ја поздрават. Исто така постои и општо правило кога ќе влезете во просторија со повеќе луѓе, први да се поздравите со сите, без разлика на полот или годините. И не заборавајте дека дамите никогаш не се потпрени со лактите на маса.rnrn4. Кога станува збор за разговори, вистинските дами никогаш не им влегуваат на другите во збор. Тие треба да почекаат нивниот соговорник да се искаже, а потоа да го изнесат својот став, притоа внимавајќи да не го навредат туѓиот став.rnrn5. Дамите секогаш одговараат на комплименти со „Благодарам“.rnrn6. Кога ќе направите грешка, извинете се. Тоа е одлика на секоја добро воспитана личност, без разлика дали станува збор за маж или жена.rnrn7. Никогаш не доцнете на состаноците и секогаш исполнувајте ги вашите обврски во дадениот рок. На овој начин не само што ќе бидете доживувани како одговорна личност, туку истовремено ќе им дадете до знаење на другите дека го цените вашето, но и нивното време.rnrn8. Смислата за хумор е секогаш добредојдена, но вистинската дама никогаш не исмева друга личност. Таа се шегува исклучиво на своја сметка.rnrn9. Кога станува збор за облеката, секогаш носете комбинации кои се соодветни за настанот кој го посетувате. Исто така, дискретната и ненападна шминка е одличен избор за дамите со префинет стил.rnrn10. Кога зевате, кашлате или кивате, не заборавајте да ја ставите вашата рака на уста. Исто така според бонтонот, не треба да велите „На здравје“ кога некој ќе кивне. На овој начин само се насочува вниманието кон оваа личност и тој/таа се чувствува непријатно.rnrn11. Секогаш поздравувајте ги вашите соседи. Љубезноста и насмевката без сомнение ќе ве расположи и вас и нив. Исто така секогаш персирајте им на постарите личности, со исклучок на оние кои ве замолиле да не го правите тоа.rnrn12. Задржете ги за вас сите тајни кои некогаш ви биле доверени. Дури и ако станува збор за бивш сопруг, поранешна пријателка или стара фирма.rnrn13. Никогаш не фрлајте ѓубре на улица. Зачувајте го отпадокот во вашата чанта сè додека не најдете канта за отпадоци.rnrn14. Кога комуницирате преку пораки, секогаш пишувајте со мали букви, бидејќи големите се сметаат за непристојни и делуваат како да зборувате со повишен тон.rnrn15. Најважно од сè, сите дами и џентлемени треба да ги почитуваат другите.

  • 5 основни правила на свадбениот бонтон

    5 основни правила на свадбениот бонтон

    Дали ги знаете основните правила на свадбениот бонтон? Доколку не сте најсигурни, тогаш сега е вистинско време да ги откриете бидејќи сезоната на свадбите е во полн ек. Погледнете ја следнава листа која е составена од нешта кои ниту еден гостин не смее никогаш да ги направи за време на венчавката.rnrn5 основни правила на свадбен бонтонrn

    1. Не им се јавувајте на младенците на денот на свадбата

    rnВие сигурно сте добиле детални упатства за каде и кога се одржува свадбата како и за сите останати нешта кои треба да ги знаете. Токму затоа ваша обврска е да ги потврдите овие работи пред големиот ден. Но, доколку имате каква било дилема, јавете се кај кој било освен младенците.rn

    2. Не се жалете од младенците

    rnТие ве сместиле на иста маса со луѓе кои воопшто не ги познавате? Храната не ви е добра? Нема хартија во тоалетот? Во ред е да имате замерки, но овој ден задржете ги само за себе и не ги нервирајте младенците со нив.rn

    3. Не изостанувајте без најава

    rnПонекогаш во животот се случуваат непредвидливи ситуации поради кои едноставно мора да откажете, но доколку неколку недели пред венчавката знаете дека можеби нема да стигнете на настанот, известете ги младенците со време.rn

    4. Не носете бело

    rnЕдно од најстарите правила на свадбениот бонтон е дека на венчавката само невестата треба да биде во бело. Ниту една друга гостинка не треба да ја носи оваа боја со цел да не ја засени невестата на нејзиниот голем ден. Придружувајте се колку што можете повеќе до ова правило.rn

    5. Не објавувајте важни новости за вашиот живот

    rnГлавните ѕвезди на венчавката треба да бидат младенците, бидејќи тој ден се слави токму нивната љубов. Доколку вие имате големи вести кои би сакале да ги споделите, задржете ги за себе и објавете ги некој друг ден.

  • 10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошо

    10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошо

    Близнаците се исто толку способни да го збогатат вашиот живот, како и да го уништат (најчесто ненамерно). Но, без разлика на ситуацијата покрај нив работите никогаш нема да ви бидат здодевни. Погледнете сè што треба да знаете за неверојатните Близнаци…rnrn10 причини зошто никогаш нема да можете да ги заборавите Близнаците, за добро или лошоrn

    1. Тие се комуникативни

    rnКомбинацијата на интелигенција, бистрина и ентузијазам ги прави Близнаците одлични за комуникација во сите видови ситуации. Тие обожаваат да учат и да го споделуваат она што го научиле, па токму затоа и не се воздржуваат при искажување на своите размислувања. Во врските тие сакаат веднаш да ги средуваат сите проблеми и токму затоа нема да дозволат да се насобираат. Понекогаш имаат потешкотии при криењето на своето незадоволство со другите луѓе, па токму затоа најчесто гласно го изразуваат. Во пријателството тие сакаат да дрдорат и озборуваат. Но, ако ви е потребен совет, Близнаците се најдобар избор. Тие ќе ви дадат насока, како и уникатна перспектива на нештата.rn

    2. Тие се брзи

    rnБлизнаците брзо размислуваат, зборуваат и се движат. Во повеќето области од нивниот живот, тие едноставно немаат многу трпение за неактивност. И покрај тоа што се релативно опуштени и не се тешки за „одржување“, стагнацијата и досадата им предизвикува анксиозност. Доколку тие почувствуваат дека е време да продолжат понатаму, без размислување ќе го сторат тоа. Исто така имајте на ум дека ако не можете да ги следите, големи се шансите дека тие ќе ве остават зад себе.rn

    3. Тие се креативни

    rnБлизнаците имаат многу таленти кои најчесто се артистички и токму затоа започнуваат повеќе различни нешта одеднаш. Оваа карактеристика не е секогаш добра, бидејќи често им недостасува насока и многу ретко можат доволно долго да го задржат своето внимание кон нешто со цел да го завршат до крај. Но, доколку ги пронајдат вистинските проекти, тие можат да бидат многу способни и ефикасни. Најдобро работат во креативна и брза околина. Тие се одлични кога станува збор за јавен говор.rn

    4. Тие имаат повеќекратна личност

    rnЕдна од најпознатите атрибути на Близнаците е нивната двојна личност. Но, она што повеќето луѓе не го знаат е фактот што тие имаат многу повеќе од само двојна личност. Тие многу лесно се адаптираат и имаат силна интуиција. Токму затоа и брзо реагираат на енергијата на другите луѓе што резултира со различна „верзија“ од нив во зависност од личноста со која зборуваат. Овие разлики варираат од суптилни до енормни, во зависност од ситуацијата. Токму затоа тие можат да бидат перципирани како „лажни“, иако реалноста е дека тие само откриваат различни страни од својата повеќекратна личност.rn

    5. Тие се тешки за обврзување

    rnБлизнаците се исклучително независни и ја ценат својата слобода. Токму затоа и не сакаат да бидат врзани и брзо ќе се повлечат доколку се почувствуваат згушено. Исто така, за нив времето е многу важно, па тие не сакаат да се обврзат од страв да не направат погрешна одлука која ќе резултира со џабе потрошено време. Тие го сакаат само најдоброто за нивните лични врски, па токму затоа и се подготвени многу да понудат. Во врските, Близнаците најдобро работат со луѓе кои се авантуристи, независни и делотворни.rn

    6. Тие се страсни, понекогаш дури и „луди“

    rnКога Близнаците се навистина заљубени, тие не се воздржуваат. Токму затоа можат да бидат и ирационално љубоморни на сè она кое го гледаат како закана за оваа љубов. Овој знак е способен во еден момент бесно да фрла урамени фотографии низ домот, а веќе еден час подоцна да го чисти скршеното стакло и да се извинува за својата непромислена одлука. Да, тие знаат да полудат, но тоа се случува само кога навистина се грижат и најчесто поради тоа што имаат навистина добра причина.rn

    7. Тие се површни

    rnБлизнаците се површни во неколку аспекти. Тие го сакаат сценското светло и често им даваат преголема вредност на површните нешта. Тие многу често не допираат многу длабоко, па токму затоа и погрешно ги проценуваат луѓето или ситуациите. Ова можеби е најголемата маана која ја поседува овој знак. Понекогаш едноставно мора да работите напорно доколку сакате да го промените првичниот впечаток кој Близнакот набрзина го донел за вас.rn

    8. Тие се неодлучни и непостојани

    rnМожеби една од најголемите маани (или квалитети, во зависност од ситуацијата) на Близнаците е непостојаноста. Еден ден тие се среќни, а веќе наредниот може работите да им се премногу комплицирани. Нивното расположение може да се промени за само една секунда. Па, поради нивната двојна природа, тие се сомневаат во своите одлуки, доколку воопшто успеале да се одлучат за нешто. Тие постојано се сомневаат во себе, понекогаш и до степен на опсесивност. Токму затоа и се склони на анксиозност.rn

    9. Тие се дарежливи

    rnДури и кога поминуваат низ лоши времиња, Близнаците никогаш нема да ја изгубат својата дарежливост кон најблиските. Тие се познати по тоа што не се добри за штедење, па токму затоа можат да потрошат многу повеќе со цел другите да не ги доживуваат како скржави.rn

    10. Тие опростуваат, но никогаш не забораваат

    rnИ покрај тоа што опростуваат лесно, тие никогаш нема да ги заборават нештата кои им биле згрешени. Кога Близнаците се грижат за вас, тој или таа лесно ќе ги надмине сите грешки кои некогаш сте ги направиле. Но, бидејќи не се способни да заборават, потребно е долго време за одново да ја освоите нивната доверба, па токму тоа може негативно да влијае врз вашата врска. Каква поука можете да извлечете од ова? Едноставно не им грешете на Близнаците.

  • 8 интересни изрази кои совршено опишуваат 8 однесувања

    8 интересни изрази кои совршено опишуваат 8 однесувања

    Науката постојано изненадува нели? Од разните откритија, па сè до имињата кои им ги доделува, постојано се соочуваме со нови идеи и интересни факти. Но кога станува збор за однесувањето, психологијата веќе го направи своето доделувајќи им мошне интересни имиња на 8 типови однесување, притоа совршено опишувајќи ги во само 2-3 збора.rnrn(1)-8-interesni-izrazi-koi-sovrsheno-opishuvaat-8-tipa-na-odnesuvanje-kafepauza.mkrn

    1. Замрзнување на расположението

    rnВодејќи се според она, на сите познато, дека луѓето се чувствуваат подобро доколку ги изразат чувствата, како и дека со искажување на гневот се ослободуваат од сите негативни чувства (идејата за катарза), учесниците во еден експеримент се согласиле на следново: тие биле намерно разгневени, а потоа им била дадена пилула која наводно имала такво дејство што ги замрзнува во тоа расположение. Мислејќи дека дејството на таа пилула е вистинско, тие морале потсвесно да најдат начин да се ослободат од гневот, па на крајот на експериментот тие всушност се чувствувале многу подобро.rnrnЦелта на овој експеримент била луѓето да сфатат дека нема потреба од изразување на гневот како што се верува. Доволно е да се убедиме себеси во тоа дека постои друг начин и веднаш ќе се чувствуваме малку подобро.rn

    2. Фацијална реакција

    rnОваа теорија на емоции се води според идејата дека изразот на лицето може многу да влијае на тоа како навистина се чувствуваме. Со други зборови, креираме израз на лицето врз база на некои емоции, што пак предизвикува така и да се чувствуваме.rnrnНа учесниците во едно истражување им давале инструкции од типот „подигнете ги веѓите“, „додека ги држите подигнати доближете ги“, „сега подигнете ги горните очни капаци и затегнете ги долните“, „сега оптегнете ги усните хоризонтално“. Инструкциите кои ги добивале учесниците всушност одговараат на една конкретна емоционална реакција – стравот. Потоа истражувачите им мереле некои психолошки параметри како температурата, срцебиењето, степенот на потење, додека луѓето повторно ги изведувале овие изрази. Заклучокот бил дека сепак, со прифаќање на вештачки изразениот страв, луѓето чувствуваат барем малку страв и реагираат на различни начини кои се асоцираат со оваа емоција.rnrnЕден друг експеримент кој се надоврзува на оваа теорија заклучил дека гледањето во други лица кои изразуваат разни емоции, кај луѓето предизвикува и фацијални промени во изразот, но и во стекнатите емоции од тоа набљудување.rn

    3. Ретроспективна пристрасност

    rnЛуѓето често тежнеат кон самоубедување дека предвиделе како нешто ќе излезе на крајот, кога всушност и не е баш така. Ова однесување во психологијата е познато како ретроспективна пристрасност, а најпознат пример за ова се изразите од типот Знаев цело време и Ти кажав дека ќе биде вака. rnrnВо едно истражување, научниците им рекле на група студенти да го предвидат исходот од гласањето на Американскиот сенат за кандидатот за Врховниот суд Клеренс Томас. Пред гласањето, 58% предвиделе дека ќе биде прифатен. Кога повторно биле анкетирани откако Томас бил изгласан, 78% од учесниците рекле дека мислеле дека Томас ќе биде прифатен. Разликата јасно ја покажува нашата тенденција да мислиме дека нешто сме знаеле пред да се случи, но откако всушност се случило.rnrnЛуѓето можат да влијаат врз ваквото однесување, притоа намалувајќи ја веројатноста од можното лошо влијание кое таквото „знаење“ може да го има. Тоа се постигнува со применување на превентивни интервенции при што треба реално да се запрашаме себеси што „знаеме“ пред да дадеме одреден исказ.rn

    4. Разџагорени врски

    rnИако овој израз е доделен од страна на социолози, повеќе од очигледно е дека се однесува на тип психолошко однесување. Оваа теорија го опишува оној период кога некој оди од врска во врска при што секоја се одвива во стилот раскинување – смирување. Луѓето кои се наоѓаат во вакви ситуации се претежно млади луѓе во период од животот кога врските се доста несериозни и нестабилни.rnrnИстражувањето направено на база на оваа теорија било спроведено со цел да се провери дали постои врска помеѓу ова однесување со некои понатамошни посериозни конфликти, како физичко насилство и вербална злоупотреба. Предвид биле земени млади луѓе кои постојано раскинувале врски без да се смируваат, луѓе кои оформувале стабилни врски без да раскинуваат при секој конфликт, како и луѓе кои ги имале овие т.н. разџагорени врски. Резултатите покажале дека оние кои имале разџагорени врски пријавувале два пати повеќе физичко и вербално насилство од останатите два типа.rn

    5. Исполнување барања во три фази

    rnОва се однесува на манипулирање на луѓето со цел да исполнат некое големо барање. Според истражувањата, веројатноста дека тоа ќе се случи е поголема доколку самото барање се подели во 3 фази: мало, средно и големо барање. Оваа стратегија влева помалку страв кај луѓето, па тие полесно се решаваат да го исполнат тоа барање во споредба со ситуации кога истото би им било презентирано во две или во една фаза.rn

    6. Целна шема

    rnОвој израз се однесува на стратегијата за забележување опасности кога сме изложени на сложен систем од такви можни фактори. Доколку за пример го земеме преминувањето улица во период од денот кога по неа постојано поминуваат автомобили, а секаде наоколу има пешаци и сл., оној кој сака да ја премине улицата мора да може да ги забележи опасните ситуации на кои може да се изложи себеси. Како целна шема при ова може да помогнат видеоигрите, особено оние акциски ориентираните, кои ја зголемуваат способноста на луѓето да скенираат сложени системи од овој тип така изострувајќи ја нивната способност за перцепција. На овој начин, луѓето потсвесно формираат целни шеми со чија помош полесно детектираат опасни ситуации.rn

    7. Темната тријада

    rnПод ова име е позната групата од три човечки особини (однесувања) и тоа: нарцизам, психопатија и макијавелизам. Самото име укажува на тоа дека се работи за личности со лоши карактери согласно фактот дека основните три особини се поистоветуваат со голема гордост, егоизам, непостоење на емпатија и морал, манипулирање, себичност, импулсивност и сл. Луѓето кои се карактеризираат со оваа темна тријада се доста непријатни, а според истражувањата, доколку сте во врска со нив постои огромна веројатност дека ќе бидете повредени. Од друга страна, пак, овие луѓе се доста успешни во своите кариери со способност брзо да напредуваат.rn

    8. Професионален повик

    rnКако што и самото име кажува, се работи за тоа како гледаме на професијата која ја имаме. Имено, доколку работата која ја работиме ја гледаме како вистинскиот професионален повик за нас, тогаш е многу поверојатно дека ќе бидеме задоволни работејќи ја, како и мотивирани да постигнеме повеќе. Ова на долга патека влијае така што имаме повеќе контрола врз нашиот живот, нашите желби и цели во кариерата, што финално може да доведе до чувство на поврзаност со некоја поголема животна цел.

  • Знаци кои покажуваат дека покрај него НЕ може да бидете она што навистина сте

    Знаци кои покажуваат дека покрај него НЕ може да бидете она што навистина сте

    Кога започнуваме нова врска секогаш имаме трема. Дали ќе се покажеме во најдобро светло, дали ќе претераме со тоа и дали понатаму ќе можеме да ги одржиме стандардите и да ги исполниме очекувањата. Дали ќе наидеме на разбирање онаму каде што сме срамежливи и повлечени или пак онаму каде што сме слободни и исполнети? Дали личноста ќе ја шокираме или ќе бидеме досадни? Како да се поставиме, како да се опуштиме, како да не размислуваме за тоа како треба да се однесуваме?rnrnСекој почеток на врската е повеќе застрашувачки и напнат отколку возбудлив и опуштен. Овие знаци покажуваат дека во врската нема да може да бидете опуштени и она што навистина сте. Ако се присутни во вашата врска, верувајте дека нема да бидете среќни ниту сега ниту во иднина.rnrn1-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-pokraj-nego-ne-mozhe-da-bidete-ona-shto-navistina-ste-www.kafepauza.mk_rn

    1. Забелешки за вашето облекување

    rnБез разлика дали тој ви префрла за тоа дека сте облечени премногу провокативно или пак можеби формално, ако тоа не е во контекст со грижата дали ќе се чувствувате удобно во тие чевли или дали ќе ви биде топло во таа јакна, тогаш се неприфатливи. Она во што се облекувате е израз на вашето расположение во тој момент, но и на вашиот стил. Ако тој прави забелешки за „пакувањето“ тогаш сигурно ќе сака да ја промени и „содржината внатре“. Бидете сигурни дека ова не е начин на кој ќе ви биде удобно покрај него.rn

    2. Насоки за вашето однесување кога треба да се запознаете со некого

    rnВо ред е ако сака да ве предупреди дека другата личност со која ве запознава може да биде непријатна и неучтива, но да ви даде определени насоки како да се однесувате бидејќи се плаши какво мислење ќе има таа личност за вас како негов избор, докажува дека тој нема доверба во вас и вашето однесување. Се плаши да не го посрамотите. Вие не сте трофеј кој тој ќе го покажува наоколу и не сфаќајте го ова како комплимент. Нема да успеете да бидете во врска со формалист кој ќе ја забележува секоја трошка прашина на својот трофеј.rn

    3. Покажува вкочанетост во физичката комуникација

    rnВо неговите физички движења нема ниту трошка спонтаност. Не сака да се гушка, да ве држи за рака, нема мали бакнежи во косата, образот, рамото. Се однесува како физичката комуникација да е резервирана само за сексуалните активности каде што е неизбежна. Непријатноста да ја сподели топлината, симпатијата и прифаќањето на физичкиот контакт е одбивање на вашето присуство во неговиот интимен простор. Не очекувајте дека тоа ќе се промени, бидејќи тоа не е навика, туку порака од неговите очекувања за во иднина, а таа гласи – не досадувај ми.rnrn2-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-pokraj-nego-ne-mozhe-da-bidete-ona-shto-navistina-ste-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не ужива во вашето мислење

    rnМожеби нема доверба во женското гледање на работите, можеби ја потценува вашата интелигенција, а можеби не сака никој да се меша во неговите работи. Патријархалното воспитување од мажот може да направи тој да мисли дека одлуките што тој ги донел воопшто не треба да ги преиспита, дури и кога вие со своето мислење му ги укажувате на неговите слабости и недостатоци. Тој очекува вие да знаете каде е вашето место, а со тоа нема да ви ја пружи потребната удобност во искажување на своето мислење и да бидете она што сте.rn

    5. Генерално критички е настроен

    rnКритички настроениот маж не е спремен да ве прифати такви какви што сте, бидејќи постојано ќе ве споредува со неговиот идеален тип жена, кој може да биде имагинарен или пак реален, но сепак во таа споредба секогаш ќе биде незадоволен од вас. Вие не сте идеална жена, туку личност која заслужува да биде сакана онаква каква што е.

  • 20 ситуации во кои мажите скоро секогаш погрешно ги сфаќаат жените

    20 ситуации во кои мажите скоро секогаш погрешно ги сфаќаат жените

    Жените секојдневно се преплавени со стереотипи. Без разлика на ситуацијата, некој постојано се обидува да им назначи нефер и сексистички значења за она што тие го направиле или кажале. Жените се заробени во овие кутии кои општеството им ги изградило, па токму затоа и секојдневно се борат со начините на кој мажите погрешно го толкуваат нивното однесување. Понекогаш, ова погрешно сфаќање е забавно, но понекогаш навистина може да ги повреди. Погледнете дел од најчестите ситуации во кои мажите погрешно ги сфаќаат жените…rnrn20 ситуации во кои мажите секогаш погрешно ги сфаќаат женитеrn

    1. Ако сме фини, ние флертуваме

    rnМажите имаат тенденција да мислат дека жените кои прават љубезен разговор со нив преку него ја искажуваат својата романтична заинтересираност. Тоа најчесто е далеку од вистината, бидејќи жените во просек се пољубезни од мажите, па токму затоа можеби и доаѓа до ова недоразбирање.rn

    2. Ако сме емоционални, ние сме луди

    rnНе. Следен пат кога некој маж ќе ве нарече „луда“ само поради тоа што сте искажале чувство, можете слободно навистина да „полудите“ со цел да му покажете што навистина значи тој збор.rn

    3. Ако сме самоуверени и наметливи, ние сме кучки

    rnИзгледа на жените не им дозволено да ја покажат својата висока самодоверба и да бидат горди на сите оние нешта кои ги постигнале, без притоа да бидат етикетирани со погрдни имиња.rn

    4. Ако сакаме да играме или зборуваме за видео игри, ние само се обидуваме да ве импресионираме

    rnМажите често погрешно сфаќаат дека жените сакаат да бидат „едни од момците“ кога ќе спомнат дека уживаат во видео игри, но доколку ги сфатите сериозно и им дозволите да играат со вас, тие ќе ви покажат дека навистина имаат искуство во оваа област.rn

    5. Ако сме доживеале оргазам, тој бил вистинит

    rnМажите се многу чувствителни кога станува збор за оргазам. Токму затоа никогаш не ја исклучувајте можноста дека жената глуми оргазам со цел да не го повреди мажот со кој има сексуален однос.rn

    6. Ако сме лути или вознемирени, ние имаме ПМС

    rnНа мажите никогаш не им е дозволено да го обвинуваат месечниот циклус на жените кога се нервозни и лути. Сите имаат лоши денови, вклучувајќи ги и мажите, па од тоа можеме слободно да заклучиме дека тие најчесто воопшто не се поврзани со хормоните.rn

    7. Ако сакаме сериозна врска, сакаме и веднаш да се венчаме

    rnСамо затоа што жените сакаат да бидат дел од стабилна љубовна врска, тоа не значи дека тие во истиот тој момент бараат и прстен на нивниот прст.rn

    8. Ако се облекуваме жешко, го правиме тоа за вас

    rnНајчесто, жените се дотеруваат со цел да се чувствуваат подобро во својата кожа. Тие исто така го прават тоа и за да ги импресионираат другите жени. Не постои ништо подобро од пијан комплимент од непозната девојка во тоалетот на некоја дискотека со цел вечерта да им заврши одлично.rn

    9. Ако носиме тесна облека или краток фустан, ние сакаме да имаме секс со вас

    rnНе.rn

    10. Ако имаме големи гради, ние сме промискуитетни

    rnОва ни најмалку не е вистина. Не постои никаква поврзаност помеѓу големината на градите и однесувањето на жените.rn

    11. Ако кажеме „Ништо не ми е“, вие треба да се подготвите за смртна казна

    rnПонекогаш навистина ништо не се случува со жените и ова не е само еден вид пасивно – агресивен начин за тие да го искажат својот гнев.rn

    12. Ако не ги депилираме нозете, нашата врска со вас дошла до својот крај

    rnНе грижете се, можеби вашата девојка едноставно била презафатена или пак, заборавила да ги среди влакненцата на нејзините нозе. Ова во никоја ситуација не треба да биде сфатено како знак за крај на врската.rn

    13. Ако кажеме дека некое бебе е слатко или пак, дека некој свршенички прстен е убав, ние индиректно кажуваме дека ги сакаме овие работи

    rnКако и за секое друго мислење, така и во овие ситуации најчесто станува збор за обичен коментар или комплимент кој нема никаква врска со тоа дали жената сака или не сака брак и деца.rn

    13. Ако носиме шминка во теретаната, ние се обидуваме да не изгледаме лошо за вас

    rnВсушност, големи се шансите дека жените кои одат со шминка да вежбаат едноставно немале доволно време да ја отстранат од нивното лице бидејќи дошле директно од работа или факултет. Тоа е сè.rn

    15. Ако сакаме да платиме за вечерата, ние сме тешки за одржување

    rnВистината е сосема спротивна. Девојката која покренува иницијатива за плаќање на сметката најчесто сака да биде љубезна и да не дозволува половите норми да ја ограничуваат.rn

    16. Ако озборуваме за настан на нашата пријателка, ние сме сомнителни

    rnМажите не се толку искусни во озборувањето како жените, па токму затоа и не сфаќаат дека не секое озборување е лошо. Фактот што тие разговараат со вас за нивните пријатели не значи дека се измамници, туку дека едноставно се обидуваат да ги сфатат работите кои моментално им се случуваат.rn

    17. Ако порачаме вотка со боровинка или коктел, ние сме многу женствени

    rnОд кога алкохолните пијалаци имаат категории за половите? Ова е апсурдно. Секоја жена си има свој вкус за алкохол и не треба да биде осудувана за тоа што сака да го пие.rn

    18. Ако порачаме виски, ние се обидуваме да бидеме кул

    rnПовторно, секоја жена има различен вкус за алкохол, исто како и мажите…rn

    19. Ако порачаме салата, ние се обидуваме да внимаваме на нашата тежина

    rnНе мора да значи. Понекогаш, жените едноставно посакуваат да јадат салата. Или пак, неодамна решиле да се исхрануваат поздраво.rn

    20. Ако велиме дека не сакаме да нè нарекувате „маче“, ние лажеме

    rnЗошто било која жена би лажела за нешто вакво?