Секој од нас бил во ситуација кога добил одличен совет, но едноставно не го послушал и ги направил работите поинаку. И тоа е во ред, бидејќи никој од нас не може да не направи ниту една грешка во својот живот. Но, сепак постојат неколку совети кои навистина не би требало да ги игнорирате. Дел од тие совети се и следниве 10…rnrn
rnrn1. Не заборавајте да се намачкате со крема за сончање пред да излезете од дома – Верувајте ни за овој совет. Доколку секојдневно носите крема за сончање, вие ќе бидете поздрави, ќе го намалите ризикот од развивање рак и нема да треба воопшто ни да размислувате за сите оние продукти против стареење на кожата.rnrn2. Внимавајте на држењето на вашето тело – Вие имате само еден скелет, па доколку го оштетите никој нема да ви го замени со нов. Токму затоа обидувајте се што е можно почесто да стоите или седите исправено. Личноста која ќе бидете во иднината ќе ви биде бескрајно благодарна.rnrn3. Пијте многу вода – Постои причина зошто водата се вика течно злато за вашето здравје. Обидете се да стекнете навика да пиете 2 литри вода на ден. Доколку не можете одеднаш, правете го тоа постепено. Почнете со 1 литар и полека зголемувајте. Не само што на овој начин ќе го подобрите вашето здравје, туку и ќе ја подмладите вашата кожа.rnrn4. Наспијте се убаво – Додека спиете вие му дозволувате на вашето тело да се поправи од сите оние работи кои сте го натерале да ги претрпи во текот на денот, без разлика дали станува збор за забава или работа. Планирајте го вашиот ден така што секогаш ќе имате околу 8 часа слободно време за сон.rnrn5. Вежбајте секојдневно – Дури и да станува збор за само 15 минути, не бидете мрзливи. Станете од вашиот удобен кауч врз кој во последно време живеете и размрдајте го малку вашето тело.rnrn6. Не правете претпоставки – Овој совет опфаќа сè, почнувајќи од вашето здравје па сè до вашите врски. Не претпоставувајте дека симптомот што го искусувате е само нешто моментално и несериозно или пак, дека колегите не ве сакаат само затоа што вие сте се почувствувале во еден момент изоставени. Соочете се со дилемата и откријте за сигурно.rnrn7. Правете сè умерено – Од торта, алкохол, па сè до видео игри. Не треба да се откажувате целосно од оние нешта кои ви овозможуваат некакво задоволство, туку едноставно поставете си граници и обидувајте се да ги почитувате.rnrn8. Однесувајте се кон другите онака како што сакате тие да се однесуваат кон вас – Доколку вие се однесувате лошо кон одредена личност, тогаш зошто мислите дека таа би се однесувала добро кон вас? Секој човек е различен и не велиме дека треба да ги сакате сите кои ги сретнувате во вашиот живот, но доколку се однесувате кон нив со почит, истото ќе го добиете и за возврат.rnrn9. Живејте и дозволете им на другите живеат – Дали навистина сакате да го одржувате контактот со одредена личност која во последно време чувствувате како да не ви одговара (на која сигурно помисливте во овој момент)? Не. Во ред. Дали и тие не сакаат да бидат покрај вас? Нема проблем. Оставете го/ја да си оди и веднаш ќе се почувствувате полесно.rnrn10. Учете од вашите грешки – Грешките нема да бидат грешки доколку научите нешто од нив. Тие ќе бидат еден вид лекции кои ќе ви помогнат во иднина да бидете подобри и поуспешни на сите полиња од вашиот живот.
Tag: однесување
-

Одлични совети кои треба да почнете да ги применувате уште денес
-

20 видови момци кои тотално вредат за вашето време
Понекогаш девојките покрај себе имаат неверојатно добро момче, но тие поради некоја причина изгледа не го забележуваат тоа. Доколку сте во врска, или пак само се состанувате со некој, тогаш обидете се да откриете дали и вашиот партнер е еден од оние момци кои навистина заслужуваат шанса од вас.rnrn
rnrn1. Тој кој ви испраќа цвеќиња без причина. Или затоа што сака да ве покани на состанок. Или затоа што сте имале лош ден. Тој мисли на вас и сака да се потруди да ве освои! Зошто толку тешко го забележувате тоа?rnrn2. Тој кој го прави она што ќе каже дека ќе го направи. Тој ви се јавува кога ви рекол дека ќе се јави и однапред прави планови според кои се придржува. И доколку се случи нешто да го спречи во овие планови, тој искрено ќе се извини и ќе ви ја објасни детално целата работа.rnrn3. Тој кој ви се јавува следниот ден откако ќе се видите. Тој е сигурно еден од ретките на оваа планета кои сè уште се јавуваат наместо да пишува на социјалните мрежи, па тоа е и една од причините зошто треба да го задржите покрај себе.rnrn4. Тој кој бара од вас да бидете во сериозна врска. На почетокот вие сте без зборови бидејќи до неодамна сте се гледале со некој со кој никогаш не сте знаеле на што сте, па токму затоа ова момче предизвикува да се чувствувате како да сте единствената жена на овој свет за него. Секоја жена би требало да се чувствува на овој начин!rnrn5. Тој кој знае што сака и како да го добие тоа. Доколку и вие се сметате за личност која знае што сака и е свесна за начините на кои може да го добие тоа, тогаш вам ви е потребен маж со истата карактеристика инаку нема да може да ве следи во секој чекор низ животот.rnrn6. Тој кој едвај чека да ве запознае со своите пријатели и семејството. Конечно вие сте оние кои имаат можност јавно да ја покажат својата љубов!rnrn7. Тој кој наоѓа време да ги запознае и вашите пријатели. Тие нема да си заминат од вашиот живот, па доколку и тој сака да не си замние, тогаш дефинитивно треба да најде време да ја открие својата позиција во вашиот потесен круг пријатели.rnrn8. Тој кој обожава да поминува време со своето семејство. Исто така тој сака да поминува време и со вашите родители и браќа/сестри бидејќи се чувствува како веќе да е дел од семејството. Тој нема да превртува со очи кога вашите најблиски ќе ве „полудуваат“ вас или него бидејќи премногу ги почитува.rnrn9. Тој кој планира однапред. Не постои ништо посекси од маж кој може да го помине состанокот без постојани прекини од неговиот мобилен телефон. Едно од непишаните правила на љубовните состаноци е тоа дека мажот треба овие неколку часа целосно да ги посвети на девојката која е пред него, а не да ја помине вечерта зборувајќи или праќајќи пораки на својот смартфон.rnrn10. Тој кој ги дели вашите вредности. Не е важно колку сакате некого, доколку тој не ги цени истите работи како и вие (каде би живееле, дали да имате деца или не, како да ги менаџирате вашите финансии), врската помеѓу вас нема да може да успее.rnrn11. Тој кој ги гледа вашите омилени ТВ серии само затоа што со тоа ве прави среќна. Тој најверојатно потајно ја сака „New Girl“ (зарем има некој кој не ја сака?), па токму затоа и двајцата добивате нешто од оваа ситуација.rnrn12. Тој кој не се гледа со други жени додека е неофицијално со вас. Овој маж има морални вредности и размислува за добросостојбата на другите луѓе. Секој маж во вашиот живот треба да има одреден степен на учтивост.rnrn13. Тој кој е подготвен на компромиси. Бидејќи не се врти сè околу него и тој е доволно самоуверен за да го сфати тоа.rnrn14. Тој кој е подготвен да прави жртви за вашата врска да успее. На пример, вие сте ја добиле работата од соништата во друга држава, а тој уште пред да го прашате веќе ги пакува куферите и се подготвува да замине со вас.rnrn15. Тој кој ви кажува како навистина се чувствува. Зборувањето за вашите чувства е едно од најважните нешта во врската, дури и покрај тоа што луѓето забораваат на тоа во последно време. Вие не треба да бидете единствените кои разговарате искрено за тоа што го чувствувате во врската.rnrn16. Тој кој не се обидува, ниту пак сака да ве промени. Тој мисли дека сте секси и неверојатни, понекогаш можеби и малку луди, но сепак тој никогаш не би ве менувал!rnrn17. Тој кој смета дека сте најсекси во фармерки и маичка. Дури и кога не носите шминка и вашата коса е бушава, тој во вас гледа прекрасна девојка. За време на викендот, дури и кога ги носите вашите „удобни“ алишта, тој едноставно не може да ги оттргне рацете од вас.rnrn18. Тој кој слуша. Тој знае кој е вашиот омилен вкус на сладолед и ја памти секоја приказна која сте му ја раскажале од вашето детство, бидејќи кога зборувате, сè останато околу него исчезнува.rnrn19. Тој кој кога ве бакнува се чувствувате како вашиот живот да е филм. И кој не сака да се чувствува така?rnrn20. Тој кој сака да му бидете сопруга. Тој го гледа вашиот потенцијал и никогаш не ве зема здраво за готово. Тој цел живот барал личност како вас и токму затоа нема да дозволи лесно да му избегате од раце.rn -

10 знаци дека тој во вас гледа вистинска дама
Постојано се зборува за тоа што значи да се биде џентлмен, кои се неговите начини на однесување и како тој со кавалерството може да освои одредена жена, но зарем би можеле да постојат џентлмени доколку нема дами? Погледнете ги следниве начини на кои мажите ги гледаат дамите и откријте дали тој во вас гледа само уште една обична девојка или вистинска елегантна дама…rnrn
rn1. Дамата нема потреба од него, но таа сепак го посакува
rnПостои една изрека која вели:rn
„Незрелата љубов вели: Те сакам затоа што ми требаш, додека пак зрелата љубов вели: Ми требаш затоа што те сакам.“
rnМногу е важно да се запомни дека една интелигентна, зрела и исполнета жена нема потреба од маж кој ќе се грижи за неа, туку сака поеднаков партнер со кој ќе може рака под рака да го освои светот.rn
2. Дамата знае како да направи значаен разговор
rnБез разлика на темата за која разговарате, многу е лесно да се забележи разлика помеѓу девојката чии основни интереси се новите светкави штикли на Ким Кардашијан и дамата со која можете да имате длабок, реален и значаен разговор. На секој маж му е потребна интелектуална стимулација, меѓу другото, па токму затоа тие преферираат да бидат со дами со кои можат лесно и ефективно да комуницираат.rn
3. Дамата е горда на својот изглед, но тој ѝ доаѓа на второ место по нејзината внатрешна убавина
rnЕлеганцијата не е вид стил, ниту пак има врска со марката или цената на вашата облека. Таа е нешто што го носите во себе, начинот на кој се покажувате и начинот на кој се однесувате кон другите луѓе. Една личност не може да се смета за елегантна само затоа што така се облекува. Тоа е нешто што постои длабоко во неа.rn
4. Девојките очекуваат нешта од момците, додека пак дамите ги ценат
rnСекој маж сака да може да се грижи за својата девојка. Особено на почетокот од врската, кога тој ужива да ја носи на состаноци, да плати за нејзиниот оброк и потоа безбедно да ја врати до својот дом. Ова е еден традиционален начин на покажување кавалерство. Но, имајќи го тоа на ум, мажите многу повеќе ценат кога во врската постои реципроцитет, односно кога дамите покажуваат дека и тие се заинтересирани да придонесат за нешто и дека го ценат она што тие го прават, а не само да седат настрана и да очекуваат мажите да се погрижат за сè само затоа што тие се жени.rn
5. Дамата разбира дека не секогаш помалку е повеќе
rnДа, станува збор за облека. Девојките сметаат дека колку пократко здолниште носат, толку посекси изгледаат, додека пак дамите знаат да изгледаат секси дури и ако се облечени од глава до пети. Дамата која е елегантна знае како да изгледа и секси и префинето во исто време. Таа се движи на линијата помеѓу секси и прекрасно, па токму со тоа мами многу погледи.rn
6. Дамата не бара постојано внимание
rnМногу пати, дамите кои не бараат внимание се токму оние на кои мажите треба да го посветат своето внимание. Девојките кои се секогаш сјајни, гласни и зборлести го привлекуваат целото внимание околу себе, но реалноста е дека тие тоа го прават со цел да ја скријат неудобноста која ја чувствуваат во својата кожа. Дамата го цени вниманието кое ѝ го посветуваат, но не ѝ е потребно за да напредува.rn
7. Дамата има визија за својата иднина
rnДевојката само лебди низ својот живот без никаква насока. Секако, на некои луѓе им е потребно многу повеќе време да откријат што сакаат од својот живот, но со тек на време сите стигнуваат до одреден план за својата иднина. Вистинската дама одамна одлучила каков ќе биде нејзиниот живот во иднина и таа веќе почнала да работи на остварувањето на оваа визија, долго пред да го запознае мажот со кој ќе сака да го помине својот живот.rn
8. Дамата го разбира значењето на компромисот
rnДевојката смета дека доколку не биде по нејзино, нема воопшто потреба да се труди да продолжува понатаму, додека пак дамата разбира дека животот постојано се менува и дека никој никогаш ништо не може да знае за во иднина. Во секој момент во нејзиниот живот може да влезе личност која целосно ќе ѝ го промени и таа разбира дека нема ништо лошо во тоа. Всушност, тоа е единствениот начин на кој ние луѓето можеме да растеме и да се развиваме.rn
9. Дамата презема одговорност за својот живот
rnЕден од најсигурните знаци на зрелост е способноста да се препознаат своите грешки и да се презема одговорност за нив. Дамата во секој момент е свесна за она што се случува околу неа и доколку настане некој проблем, таа нема да ја префрла својата вина врз некој друг.rn
10. Дамата е личност со која можете да ја замислите вашата иднина
rnПокрај дама вие можете реално да замислите како вашиот заеднички живот би изгледал во следните 10 години. Таа е личност која секој маж може да ја замисли како своја сопруга, мајка на своите деца и рамноправен партнер со кој секојдневието би го поминувал полесно. Таа е неговата најдобра пријателка, но и неговата љубовница. Дамата е жена која прави тој да сака да биде подобар!
-

10 нешта кои секоја девојка ги прави по раскинување
Неодамна сте се разделиле со момчето во кое сте биле навистина заљубени? И покрај тоа што секоја личност има свој различен начин на справување со вакви ситуации, сепак сме сигурни дека ќе се пронајдете во дел од овие постапки кои секоја девојка има навика да ги прави по раскинувањето.rnrn
rnrn1. Претерано троши. На сè. Започнувајќи од нова постелнина за креветот (па, таа не може да спие врз онаа која го потсетува на него, нели?) па сè до неочекуваната (читајте: ужасна) нова фризура. Но, откако ќе потроши 100 евра во само еден ден, таа се чувствува многу подобро!rnrn2. Пие. Многу. Дури и кога не пие, таа испраќа пораки со емотикон од вино и прашалник до него на сите нејзини контакти.rnrn3. Собира солени закуски. Нејзиниот патетичен апетит не може да поднесе цел оброк, па токму затоа чинија чипс или пуканки се одлична замена за вечерата.rnrn4. Се обидува да биде „во ред“ прерано. Чекор 1: Испланирајте неверојатна вечер со другарките за да го прославите вашиот нов сингл статус. Чекор 2: Започнете со плачење во 9 часот директно врз вашата чаша вино.rnrn5. Кажува лаги. Кога тој ќе ѝ пише за да ја праша како е, таа одговора со „Извини, чиј е овој број?“ Да, тоа е навистина зрел чекор.rnrn6. Се обидува да биде пријателка со него. Но, тоа никогаш не успева. Барем не веднаш. Престанете да се лажете себеси дека сè е во ред и едноставно поминете го месецот мразејќи го.rnrn7. Му праќа пораки кои се читаат меѓу редови со помош на цитати на социјалните мрежи. „Доверба? Потребни се години за да се изгради и само неколку секунди за да се скрши.“rnrn8. Се претвора во сајбер демнач. Која е таа девојка која му станала пријателка на Фејсбук? Која е таа личност на неговата профил фотографија? Од кога па тој почнал да твита?rnrn9. Му праќа пораки на пијано. Сосема логични и доследни нешта како: „Еј ми недостигаш! Ха ха :)“ и бидејќи тој не одговорил во следните 2 минути потоа следува: „Не ми се верува дека те сакав, немој никогаш повеќе да си ми пишал!“rnrn10. Ја поминува ноќта со личност за која потоа се кае. Може да биде со него, а може да биде и со некоја сосема друга личност. Во секој случај, најчесто утрото се чувствува виновно.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

5-те најчудни психолошки експерименти
Како што поминуваат годините, така психолозите наоѓаат генијални начини на кои можат да го проучуваат човековото однесување. Но, понекогаш креативноста на психолозите знае да ги одведе работите во необјаснива насока која води кон следниве чудни психолошки експерименти…rnrn
rnrnСтудија со урина – Со оваа студија психолозите се обидувале да откријат како присуството на други луѓе во тоалетот за мажи може да предизвика негативно влијание врз самиот процес на уринирање. Зависната варијабла во оваа студија било времето потребно за почетокот на мокрењето, додека пак независната варијабла била присуството или отсуството на друга личност во тоалетот. Но, како истражувачите го мереле почетокот на уринирањето? Па, многу едноставно. Еден од нив секогаш стоел во близина на испитаниците и ги набљудувал додека тие ја завршувале својата работа, што звучи како сериозно нарушување на приватноста.rnrnИдејата на Скинер за гулаби кои водат проектили – За време на Втората светска војна, бихејвиоралниот психолог Скинер почнал да тренира група гулабите со цел да бидат водачи за проектили во лет. Интересно е што владата на Америка вложила 20.000 долари во ова истражување, но тоа никогаш не било искористено, па токму затоа ниту еден гулаб не бил повреден ниту убиен за време на студијата.rnrnДобриот Самарјанин – Во оваа позната психолошка студија каде што бил истражуван актот на помагање, биле регрутирани група студенти кои шетале низ нивниот факултет и ја ширеле приказната за добриот Самарјанин од библијата. Истражувачите ги поделиле студентите во 3 категории според тоа колку тие доцнат во својата задачата (мало доцнење, средно доцнење, големо доцнење). На својот пат, студентите сретнувале личност која лежела покрај вратата и барала помош. Во зависност од моменталната состојба на студентите, само 10% од оние кои многу доцнеле застанале да помогнат, за разлика од 63% од оние кои биле скоро на време. Очигледната иронија е дека темата на нивното предавање била помагање, но оние кои биле во брзање едноставно не успеале да го спроведат на дело тоа што го проповедале.rnrnСтудија за синхронизација на менструалниот циклус – Оригиналната студија која била објавена во 1971 година, открила дека жените кои живееле заедно имаат тенденција да бидат синхронизирани во однос на нивните менструални циклуси. Овие резултати отсекогаш биле добро познати, но единствениот проблем е што понатамошните студии не успеале да најдат докази за постоењето на менструална синхронизираност.rnrnЗаразно зевање – Сите ние сме го искусиле овој феномен, па кога некој во наша близина ќе се почне да зева, истото почнуваме и ние веднаш да го правиме. Но, истражувачите кои го истражуваат зевањето досега успеале со сигурност да докажат само дека заразното зевање е поврзано со годините, бидејќи кај малите деца не се случува. Сепак потребно е многу повеќе истражување во оваа област со цел да се откријат сигурните причини за појавата на заразното зевање.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

8 нешта кои момците потајно сакаат да ги прават со вашите гради
Да бидеме реални, не постојат разлики помеѓу нештата кои мажите сакаат да ги прават со градите на жените и нештата кои тие навистина ги прават. Но, што мислите, што би правеле тие со вашите гради доколку имаат пристап до нив 24/7? Погледнете.rnrn
rnrn1. Тие би се нурнале со лицето во вашите гради и би си играле тресејќи ја главата. И покрај тоа што ова не е многу пријатно ни за вас, ниту пак за нив, тие едноставно сакаат да го прават тоа. Тоа е еден вид внатрешна желба и потреба која постои во сите мажи.rnrn2. Би зјапале во нив долго време. Толку долго што дури и да сте во долга и сериозна врска, вам во еден момент би ви станало непријатно. Ви се случило некогаш да се разбудите во текот на ноќта и да заспиете повторно гледајќи го вашето момче како спие покрај вас? Е па и мажите сакаат да го прават тоа, но гледајќи во вашите гради.rnrn3. Би ги земале во двете раце нежно и потоа би жонглирале со нив. Тоа ги маѓепсува.rnrn4. Би ги користеле како пернички. Да можат, тие постојано би лежеле на вашите гради. Доколку вие не им кажете да се тргнат бидејќи ви тежат, тие самите не би го сториле тоа…rnrn5. Тие би го притиснале нивното уво до нив и би се обидувале да го слушнат океанот. Секое утро, без исклучок…rnrn6. Би се однесувале кон нив како да се секси кошаркарски обрач. Тие едноставно сакаат да направат неколку чекори наназад и да се обидуваат да дадат „кош“ со коцки чоколадо во вашето деколте бидејќи тоа е нешто што премногу ги задоволува. Тие сакаат гради, но исто толку сакаат и нешта кои можат да ги фрлат во други нешта, па токму тука се спојуваат овие два нивни силни интереси.rnrn7. Би ги истражувале лудо и без прекин. Тие сакаат да ги истражуваат вашите гради како да се огромни планини, без притоа да внимаваат дали тоа за вас е пријатно или не. Тие едноставно сакаат да ги притискаат со нивните раце.rnrn8. Би ги држеле вечно. Доколку беше социјално прифатливо, тие би ги држеле своите девојки во јавност за градите наместо за рацете… И никогаш повторно не би ги пуштиле!rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Фасцинантни студии во областа на психологијата кои ќе ве натераат да го промените мислењето за себе
Дури и покрај најголемите обиди и доживотното проучување на себе и блиските, луѓето едноставно никогаш нема да можат да сфатат на што сè се способни. Токму тоа и ни го покажуваат наредниве 10 неверојатни студии во областа на психологијата…rnrn
rnСекој е способен на зло
rnЕдна од најпознатите студии во историјата на психологијата е онаа од 1971 година која била спроведена од Факултетот Стенфорд. Таа вклучувала 24 студенти без криминално досие, со совршено физичко и психичко здравје кои биле поставени во контролирани услови да глумат чувари на затвореници кои биле затворени 24 часа на ден. Експериментот требало да трае 2 недели, но бил прекинат по само 6 дена поради снимките на скриените камери кои покажале психичка тортура и агресија спроведена од страна на „чуварите“.rn
Не го забележуваме она што е пред нас
rnПоголемиот дел од луѓето веруваат дека добро го забележуваат сè она што се случува околу нив, но еден експеримент од Универзитетот Харвард во 1998 година го докажал спротивното. Во овој експеримент, еден испитувач застанувал случајни минувачи на патот и барал од нив упатство како да стигне до одредена локација. За време на разговорот, помеѓу испитувачот и случајниот минувач поминувале работници кои носеле огромна врата, така што им оневозможиле на луѓето да ја забележат промената на испитувачите зад неа. Новиот испитувач имал различна градба, фризура, облека и боја на глас, но повеќе од половина испитаници не успеале воопшто да ја забележат оваа промена.rn
Одложувањето на уживањето е тешко, но поуспешни сме доколку успееме во тоа
rnЕден од најславните експерименти на Универзитетот Стенфорд во 1960-тите години ја тестирал способноста на деца од претшколска возраст да одолеат на сладок десерт. Тие биле затворени во просторија каде што пред нив имало само една чинија со колаче. Испитувачите им рекле дека тие можат веднаш да изедат едно колаче или да почекаат 15 минути за да добијат 2. Иако повеќето деца рекле дека би сакале да чекаат, многу од нив не успеале да издржат. Оние кои успеале да одолеат на искушението, користеле тактики на избегнување, така што се вртеле во спротивна насока за да не го гледаат колачето или ги прекривале очите со раце. Научниците заклучиле дека оние кои успеале да одолеат на колачињата има помали шанси да потпаднат под влијание на наркотици.rn
Моќта лесно влијае негативно врз човекот
rnПостои психолошка причина поради која моќта ги поттикнува луѓето да се однесуваат омаловажувачки и супериорно во однос на другите. Луѓето несвесно се покоруваат на авторитетот, па токму оние поединци кои се наметнуваат со своето однесување најчесто стануваат лидери на својата група. Една студија од 2003 година докажува дека луѓето кои се на моќна позиција многу почесто ги допираат другите не непристоен начин, секогаш го кажуваат она што го мислат и се многу посклони кон ризично однесување.rn
Конфликтот во групата нè привлекува
rnЕден класичен социолошки експеримент од 1950-тите години ја проучувал причината поради која друштвените групи, па дури и целите земји војувале помеѓу себе. Студијата вклучувала 11 деца поделени во групи кои биле раздвоени недела дена така што никој од нив не знаел за постоењето на другата група. Откако ги споиле на едно место, децата од различните групи меѓусебно се навредувале, а по спортскиот натпревар веќе не сакале ни да јадат заедно. По овие настани истражувачите се обидувале да ги смират децата со пријатни активности, но не успевале сè додека не им дале проблем кој можел да се реши само со заеднички сили.rn
Високата самодоверба и признанието се неверојатно важни за животот
rnПостигнувањето слава и успех не е само начин за „подигнување“ на егото, туку тоа може да биде и клучот за долговечноста. Според една „Оскар“ студија, актерите кои ја добиле оваа вредна награда живеат и до 4 години подолго од оние кои биле само номинирани за неа. Тоа нè тера да заклучиме дека признанието за постигнувањата и успехот игра огромна улога во подобрување на квалитетот на животот, па токму затоа и има позитивно влијание врз здравјето.rn
Постојано ги оправдуваме своите искуства со цел да имаат смисла
rnСпоред теоријата за когнитивна дисонанца, верувањето во различни и често целосно спротивни нешта кои се побиваат едни со други, кај здравите пациенти обично води кон чувства на психолошка непријатност кои траат сè додека поединецот не го реши проблемот. Со други зборови, луѓето најчесто самите се лажат со цел да го направат светот да им изгледа пологичен и постабилен и токму тоа го покажало експериментот на Фестингер во 1959 година. Во ова истражување испитаниците завршувале досадни задачи во текот на неколку денови. За дел од нив тие биле повеќе платени, додека за дел помалку. Оние за кои тие биле повеќе платени, без проблем признале дека им биле здодевни, додека пак оние кои им биле помалку платени, тие велеле дека и не се толку лоши, само затоа што сакале да се оправдаат за фактот што не се откажале.rn
Сите имаме предрасуди во големо количество
rnМажите кои почесто гледаат други жени често и изневеруваат, додека пак, убавите девојки многу ретко се екстремно интелигентни. Ова се само дел од предрасудите кои на несвесен начин постојано влијаат врз нашето размислување. Луѓето најчесто ги преземаат стереотипите кои ги има нивната група, што е остаток од еволуцијата кога на луѓето тие им помагале да преживеат во непознати простори и нови ситуации.rn
Само едно нешто е доволно за да бидете среќни
rnВо една 75-годишна студија спроведена од Универзитетот во Харвард биле истражувани 268 студенти кои редовно поднесувале податоци за различни аспекти од нивните животи. Според резултатите, за постигнувањето долгогодишна среќа и задоволство единствено нешто што било важно била љубовта. Постојат две страни на оваа приказна. Првата е љубов, а втората е живот кој не ја отфрла љубовта. Не се среќни само оние кои сакаат и се сакани, туку и оние кои не се подготвени да се откажат од потрагата кон љубовта.rn
Моралните импулси се често конфликтни
rnЕдна студија која била спроведена од Универзитетот Јејл во 1961 година се обидувала да открие колку луѓето можат да ги слушаат авторитетите кога водат битка помеѓу моралот и должноста. Тие со оваа студија сакале подобро да ја разберат подготвеноста на нацистичките војници да слушаат наредби и да прават незамисливи нешта. Токму затоа спровеле експеримент каде што испитаниците биле еден по еден сместувани во просторија со актер, на кој требале да му поставуваат прашања и на секој погрешен одговор да му задаваат електрошокови. Со секој следен електрошок неговиот интензитет се зголемувал, сè до момент кога стигнувал до ниво кое е смртоносно за човековото тело. Секако, електрошокот бил само глума, но и покрај сè дури 65% од испитаниците, под влијание на испитувачот, се согласиле да го зададат електрошокот кога актерот ќе згрешел на поставеното прашање.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 необични работи кои ги прават само најдобрите пријателки
Врската помеѓу 2 најдобри пријателки е една од најсилните видови поврзаност која може да се оствари помеѓу луѓето. Тие се слободни една покрај друга, целосно искрени, си пружаат неизмерна поддршка и секогаш знаат како да ја насмеат другата. Но, тие исто така прават и некои работи кои другите луѓе не можат да ги сфатат… Погледнете дел од нив.rn
1. Постојано се прегрнати
rn
rnrnТие се толку блиски што едноставно не можат да се замислат да бидат долго време раздалечени, па токму затоа секогаш кога се во близина една на друга, тие се прегрнати. Нив воопшто не им пречи да спијат во ист кревет, ниту пак да се држат за рака. Тие делат сè, па токму со допирот си кажуваат колку се среќни што се имаат една со друга.rn2. Ги споделуваат сите моменти од нивниот живот, дури и оние безначајните
rn
rnrnСериозно, за најдобрите пријателки не постои момент кој е премногу мал. Тие сакаат да знаат буквално сè што се случува во нивниот живот, почнувајќи од будењето, па сè до заспивањето. Всушност споделувањето не завршува ни тука, тие наутро си ги споделуваат и соништата, па дури и квалитетот на самото спиење. Тие знаат дека можат да се потпрат една на друга и дека таа секогаш ќе биде тука да ја ислуша другата.rn3. Си ги средуваат заедно алиштата
rn
rnrnКолку пати ви се случило вашата најдобра пријателка да дојде во оној момент кога си ги средувате алиштата, па наместо да седи и да ве гледа, таа без размислување да почне да ви помага? Дури и ако станува збор за долната облека, помеѓу најдобрите пријателки нема тајни, па токму затоа и не се срамат од вакви ситуации.rn4. Во оние моменти кога не се една покрај друга, комуницираат по мобилен телефон
rn
rnrnДоколку некој постојано ви се јавува и пишува пораки вие без сомнение ќе се изнервирате и ќе го исклучите мобилниот. Но, тоа не се случува со најдобрите пријателки. Баш напротив, во еден ден нема доволно часови за да ѝ ги испратите преку пораки сите оние мисли кои ви поминуваат низ главата.rn5. Си помагаат една на друга дури и во несекојдневни ситуации
rn
rnrnВие знаете дека доколку ви пораснало некое залутано влакненце околу веѓите или кај брадата, таа ќе биде првата која ќе го забележи и отстрани. Од друга страна пак, најдобрата пријателка никогаш нема да дозволи по оброкот да се шетате со храна помеѓу вашите заби.rn6. Во нивниот фрижидер секогаш ја има омилената храна на онаа која не живее таму
rn
rnrnДури и да не ѝ се допаѓа таа храна, секоја девојка ќе ја има во својот фрижидер омилената храна на нејзината најдобра пријателка. Што ако таа некогаш налета без претходно да се најави? Вие секогаш сакате да бидете спремни за нејзиното присуство, а токму тоа го зацврстува ова пријателство.rn7. Позајмуваат облека и по некое време целосно забораваат дали е на едната или на другата
rn
rnrnЦрниот краток фустан без прерамки беше нејзин или ваш? Којзнае. Личната сопственост има замаглени граници кога станува збор за најдобрите пријателки. Тие исто така никогаш не се плашат да си позајмат и повредни работи како мобилен телефон или рачен часовник затоа што знаат дека и двете добро ќе се грижат за тоа. Исто така веруваат и дека тоа што е на едната ѝ припаѓа и на другата…rn8. Ги воспитуваат децата заеднички
rn
rnrnВелат дека потребно е цело село за да воспита едно дете, но во случајот со најдобрите пријателки, тие ги имаат работите во свои раце! Најдобрите пријателки постојано се советуваат на оваа тема и токму поради тоа имаат можност да се видат себеси како родител и од друга перспектива. Исто така тие се секогаш тука да помогнат доколку треба да се чуваат децата, па токму затоа не им пречи ни доколку треба да останат кај нив и цел викенд.rn9. Си испраќаат фотографии со смешни фаци
rn
rnrnПонекогаш ова е единствениот начин на кој можете да ја расположите вашата најдобра пријателка. Таа веќе ве има видено и во најдобро, но и во најлошо светло така што воопшто не ви пречи да ѝ праќате смешни фаци од вас со цел да ја насмеете. Но, исто така знаете и дека веднаш ќе добиете повратна смешна фотографија од неа.rn10 Имаат телепатска моќ
rn
rnrnДоволно е само едната да помисли на другата и таа веднаш ѝ се јавува за да ја праша што ѝ е потребно. И не само тоа, тие си ги довршуваат речениците една на друга и можат да го предвидат нивното однесување. Ова е од особено голема помош кога се наоѓаат во јавност, бидејќи можат со поглед да разговараат за некој настан кој во моментот не е пристојно да го споделат пред сите. -

12 вистини за „добрите девојки“
Луѓето се такви какви што се. Некои се убави, некои паметни, некои живи и разиграни, некои, пак, уживаат во самотијата и мирниот живот. Иако во поглед на поголем дел од нашите особини имаме избор какви ќе бидеме, за некои сме едноставно такви какви што сме. Целта е да се прифатиме такви какви што сме бидејќи само така ќе можеме да бидеме среќни и да живееме исполнет живот. Но секако и очекувано е дека ги има и оние луѓе кои секогаш ќе зборуваат. Тие ќе носат заклучоци за нас дури и тогаш кога не ги знаат сите факти, ќе градат и шират мислење кое, во поголем дел, не е точно, па на база на него ќе осудуваат. И тука не можеме да направиме ама баш ништо.rnrn
rnrnЕдни од најголемите стереотипи кои постојат за луѓето, се оние за „добрите девојки“. Па за сите оние кои мислат дека сето тоа е глума и дека тие се ладнокрвни, вообразени личности, овие неколку вистини ќе го сменат вашето мислење.rn1. Не мислат дека се подобри од вас
rnТие имаат свое мислење и став и не им е страв да го споделат со луѓето околу нив. Истовремено го почитуваат и туѓото мислење, без разлика колку е различно. И ова воопшто не значи дека мислат дека се подобри од другите. Едноставно кажува дека се јаки личности кои стојат позади тоа што го зборуваат.rn
2. Не се опседнати со мислењето кое другите луѓе го имаат за нив
rnОна што веројатно најмногу од останатите луѓе го мислат е дека овие девојки постојано глумат дека се добри и слатки. Многу луѓе веруваат дека добрите девојки се опседнати со тоа каков впечаток оставаат пред останатите, па глумат невини и добри само за тоа мислење да биде добро. Но тие се такви какви што се бидејќи им е убаво така. Толку ли е неверојатно да се помисли дека едноставно не уживаат во правењето лудории?rn
3. Се забавуваат
rnДобрите девојки делуваат досадни и монотони за останатиот свет. Додека сите учествуваат во класичните игри на забава, како што е пијанчење со пријателите на некоја луда забава, овие девојки можеби повеќе уживаат во мирна вечер со пријателките или посета на некој убав ресторан. Тоа што дефиницијата за забава не им е иста како на другите луѓе, не значи дека нивниот живот е досаден и дека тие не знаат да се забавуваат.rnrn
rn4. Пријателки се и со девојки кои не се како нив
rnИако повеќето сметаат дека „добрите девојки“ си се држат едни до други, најчесто не е така. Тие имаат широк спектар на пријатели, но можеби најверојатно е да се во друштво на нивната целосна спротивност. Тоа е така бидејќи тие ги ценат различностите кај луѓето и тоа што различните искуства и карактери можат да им го понудат. „Добрите девојки“ се доста дружељубиви и ги прифаќаат другите, а не се злобни и повлечени во друштво на луѓе со карактер сличен на нивниот.rn
5. Не се асексуални личности
rnСекс после брак е работа која е одамна изумрена. Бројот на луѓе кои сѐ уште чекаат да запливаат во брачните води, па потоа да имаат секс е веројатно премногу мал за воопшто и да се спомнува. Па зошто тогаш постои таа претпоставка дека „добрите девојки“ се или сексуални девијанти или асексуални личности? Тие се сосема нормални како сите други, па и функционираат сексуално како сите други. Имаат момчиња, излегуваат со нив, се забавуваат, имаат секс. Тоа што се чини дека живеат по сите норми и прописи на општеството навистина не треба да ги карактеризира како вечни девици.rn
6. Не се потајно сексуални девијанти
rnЛуѓето тежнеат да измислуваат и замислуваат за она што не го познаваат. Гледајќи ги „добрите девојки“ како повлечени, мирни и послушни, многу луѓе претпоставуваат дека тие се всушност сексуални девијанти, односно мора да постои некоја нивна мрачна страна и чудни желби поврзани со сексот. Но факт е дека тоа не е воопшто нивна работа и дека тие се такви какви што се, а тоа не значи дека се чудни, страшни и морничави кога станува збор за сексот. Но, не можеш да ги спречиш луѓето да си умислуваат нели?rnrn
rn7. Прават шеги на нивна сметка
rnДа, делуваат сериозни во поголем дел од времето, но верувајте дека знаат да се шегуваат. Уште повеќе, знаат да кажат шега и на своја сметка кога ситуацијата го повлекува таквото однесување. На сите им се случува да направат некоја глупост или некој кикс, па потоа да ги следи зезање и смеење за тоа секогаш кога ќе се соберат во друштво. Истото им се случува и на „добрите девојки“. Тие не се посебни ниту, пак, се чувствуваат така, а сериозноста со која се одликуваат во поголем дел од времето не значи и дека се намќорести и дека лесно се навредуваат.rn
8. Не се грижат дека пропуштаат многу работи
rnСите оние лудории кои младите ги прават кога се во 20-тите години се работи кои ниту еден млад човек не треба да ги пропушти. Забави до ниедно време во ноќта, пијанчење, менување девојки/момчиња како чорапи, бегање од одговорности, правење глупости и сѐ на сѐ, таа потполна несериозност се само мал дел од тоа искуство кое е неизбежно за младите. Но едноставно „добрите девојки“ не чувствуваат потреба за сите или за дел од овие работи. Тие се забавуваат на свој начин и тоа им е сосема доволно. Не се чувствуваат дека пропуштаат важен дел од животот бидејќи тие го живеат тој дел на начин на кој тие сакаат и кој совршено им се допаѓа.rn
9. Не се совршени и не живеат совршено среќен живот
rn„Добрите девојки“ имаат чувства како и сите други луѓе. И тие се натажуваат, се радуваат, се нервираат, се лутат, се чувствуваат несигурни, страв им е, уживаат во животот и сѐ останато што е сосема очекувано за секое живо човечко суштество. Начинот на кој тие го живеат својот живот не значи дека тој е лесен и едноставен. Тоа е живот како и на сите останати, пропратен со сите подеми и падови кои му следуваат. Можеби начинот на кој тие се поставуваат кон нивните проблеми е различен, но чиј не е?rnrn
rn10. Не избрале да бидат „добри девојки“
rnНа сите ни се допаѓа тоа што ни се допаѓа. Не секогаш постои посебна причина зошто некои нешта ни се допаѓаат, а други не или зошто некои наши карактеристики и гледишта се такви какви што се. Едноставно тоа е така. И колку побргу се прифатат тие работи во врска со себе, толку побрзо ќе може да се живее тој поубав живот. „Добрите девојки“ немаат туку така избрано да бидат такви какви што се, едноставно се. Некои сакаат да се бунтуваат, други не. Некои сакаат да живеат живот полн со предизвици други не. Ете толку е едноставно.rn
11. Не се деликатни нешта на кои им треба заштита од реалноста
rnДали навистина мислите дека „добрите девојки“ се конзервативни и тотално незапознаени со реалниот свет? Бидејќи не е така. Тие живеат, како и сите други, во овој свет и се соочуваат, како и сите други, со сите тешкотии кои животот ги носи со себе. Гледаат телевизија како и сите други, слушаат радио како и сите други и користат интернет како и сите други. Свесни се колку може животот да биде крут и неправеден и не се некои принцези одгледани во замок ограден од гнасотиите на денешницата. И не им е потребна заштита од нив. Можеби делуваат нежни и како одгледани во совршенство, но се совршено способни да се соочат со предизвиците и лошите вести.rn
12. Не им треба поправка и чудо за да ги спаси
rnГледате, навистина нема ништо погрешно во врска со „добрите девојки“. Тие се потполно здрави умствено и не постои чкрапало кое само чека да биде притиснато за да се случи чудо и тие да станат нормални. Бидејќи веќе се. Само се различни. Па што ако не ги сакаат истите работи како поголемиот дел од младите? Што ако се забавуваат на поинаков начин? Па што ако се однесуваат различно? Тие се такви какви што се, нормални и исправни, не им треба чудо кое ќе ги спаси за да станат како останатите. Токму другите се оние кои имаат проблем со прифаќање на тоа какви луѓе се „добрите девојки“, бидејќи тие самите се имаат целосно прифатено себеси.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

4 начини да ги дисциплинирате децата без да ги казнувате
Кога родителите мислат на дисциплинирање на своите деца, тоа си го преведуваат во казнување. Но, казнувањето си има своја цена. Тоа прави децата да се чувствуваат лошо и поради тоа не е премногу ефективен метод на воведување дисциплина во нивното однесување. За среќа има методи кои не вклучуваат казнување, а даваат добри резултати при подобрувањето на однесувањето кај децата. Д-р Сузан Хејтлер нуди четири методи преку кои ќе ја остварите таа цел.rnrn
rn1. Превенирајте го негативното однесување
rnАко го превенирате негативното однесување, нема ни да има потреба од дисциплинирање. Децата почнуваат да прават проблеми од две причини: ако се гладни или ако им е здодевно. Давајте им да каснат по нешто на неколку часа и овозможувајте им активности кои ќе ги држат во позитивно расположение. Добар начин за тоа е да создадете рутина. На пример, само еднаш викнете ги да дојдат да ручаат и ветете им десерт ако дојдат веднаш после првиот повик. Ако претходно сте се расправале за тоа кога да јадете, сега тие ќе престанат да се расправаат со вас за тоа.rn
2. Одвлечете му го вниманието
rnКога детето прави нешто што не треба да го прави, како на пример играње со некој кршлив предмет додека сте на гости, немојте веднаш да викате по него. Наместо тоа, обидете се да му го насочите вниманието кон нешто друго при што однесувањето нема да му биде проблематично.rn
3. Објаснувајте му и насочувајте го
rnОбјаснете им каде згрешиле и што треба да направат наместо тоа. Сторете го тоа кратко и јасно. На пример: „Дома не се игра со топка. Топките се за играње надвор“. Или: „Сестрите не се удираат, тие се за да си играш со нив“. Кажете им што треба да направат, затоа што многу ќе ги збуните и налутите ако им забраните нешто, а не ги насочите како понатаму.rn
4. Пофалете ги кога се однесуваат убаво
rnСекогаш кога ќе направат нешто убаво и паметно, пофалете ги за тоа. Ако се фокусирате на тоа, тие ќе ви возвратат со добро однесување. Децата сакаат да бидат пофалени одново и одново.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.