Родителството не е лесна задача и многу често се случува да се заборави дека децата се само мали човечиња кои сè уште не сфатиле кои се. Токму затоа погледнете ги следниве совети кои ќе ве потсетат на сите оние нешта кои навистина ѝ се важни на вашата мала ќерка со цел да бидете подобар родител за неа.rnrn
rnrn1. Таа ужива во вашата прегратка, без разлика на тоа што секојдневно расте.rnrn2. Но, кога ќе „порасне“ едноставно не смеете ни да помислите да ја допрете ако таа не го посака тоа!rnrn3. Вие сте нејзината омилена личност на целиот свет.rnrn4. Но, 5 минути подоцна таа нема да може да поднесе ниту уште една секунда во ваша близина!rnrn5. Додека дојде вечерата, вие повторно ќе станете најдобри пријатели.rnrn6. Таа е паметна. Дури и премногу паметна за нејзино добро.rnrn
rnrn7. Без сомнение е смешна. Некој би рекол дури и урнебесна.rnrn8. Вие не сте смешни. Во никоја ситуација.rnrn9. Таа може да ја тресне вратата со сила на ураган.rnrn10. Но, нема да го затвори фрижидерот дури и ако животот ѝ зависи од тоа.rnrn11. Таа ќе мрази сè што ќе ѝ купите за носење, особено ако не е во нејзината омилена боја.rnrn12. Таа потајно сака да носи шминка, но не ѝ дозволувајте да порасне пребрзо.rnrn
rnrn13. Може да јаде овошни закуски 24/7 и би било будалесто да ѝ предложите нешто друго.rnrn14. Таа мисли дека можете да направите сè. И во право е.rnrn15. Таа мисли дека и самата може да направи сè. Повторно, во право е.rnrn16. Ќе дојде и ден кога таа целосно ќе се сомнева во своите способности и ваша работа е да ја потсетите на вистината.rnrn17. Има потреба од приватност и гласно ќе ве потсетува да не го заборавите овој факт.rnrn18. Оваа недела, сè што сака е да тренира кошарка. Следната, балет. Неделата потоа, карате. Во ред е да ѝ дозволите самата да се пронајде.rnrn
rnrn19. Розово е за мали бебиња. Таа сака тиркизна или резеда детска соба.rnrn20. Се плаши да биде различна од другите нејзини врснички.rnrn21. Има повеќе личности во неа. Но, тоа е сосема нормално.rnrn22. Многу брзо ќе го открие сарказмот, ако веќе не го сторила тоа. Подгответе се!rnrn23. Бидете нежни. Таа можеби се прави силна, но многу е кршлива.rnrn24. И покрај тоа што расте, неизмерно ѝ е потребна нејзината мамичка.rnrn
rnrn25. Иако никогаш не би ви го признала тоа.rnrn26. Таа во вас бара насоки за како да се однесува во светот како жена. Бидете соодветен модел на однесување.rnrn27. Но, сепак ќе се споредува и со другите девојчиња на нејзина возраст.rnrn28. Со тек на време ќе најде недостаток за себе.rnrn29. Потсетувајте ја дека е навистина неверојатна.rnrn30. Секој ден!rnrn
Tag: однесување
-

30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка
-

Едноставен карактерен тест кој ќе ја открие вашата перцепција за животот
Овој едноставен психолошки тест ќе ви даде детален приказ на вашата интуиција и ќе ви помогне да ја откриете својата скриена внатрешна страна. Со неговото решавање ќе можете подобро да ја разберете својата перцепција за животот и своите лични вредности. Единственото правило е да ги одговорите прашањата најбрзо и најискрено што можете.rnrn
rnrn1. Замислете се на еден пат. Опишете го. (Дали е земјен, зафатен автопат или нешто друго?)rnrn2. Каде моментално се наоѓа сонцето? (Дали замислувате ден или ноќ?)rnrn3. Продолжувате да одите по патот и стигнувате до една ограда. Како изгледа? Од што е направена? (Дрво, камен, метал…)rnrn4. Како преминувате преку неа?rnrn5. Како што продолжувате да одите, стигнувате до една шума. Опишете ја. Дали е светла или темна? Дали има мешани или зимзелени дрвја?rnrn6. Низ шумата има пат. Чекорите по патот и на земјата гледате клуч. Како изгледа клучот? Што правите со него? Дали го земате или го оставате на земјата, или можеби го обесувате на една од гранките на дрвата?rnrn7. Продолжувате по патот и се приближувате до некоја форма на водна површина. Како изгледа? Што правите со неа? Дали пливате во неа, или седнувате во нејзина близина?rnrn8. Откако ќе ја поминете водната површина, ја гледате куќата од вашите соништа. Мажот/жената од вашите соништа ве поканува да останете засекогаш таму, со него/неа. Што одлучувате?rnrn9. Директно зад куќата има пат. Како изгледа? Дали повторно наидувате на пречка? Каква пречка е тоа? Дали е тоа истата пречка којашто ја видовте на почетокот, или не?rnrn10. Каде се наоѓа сонцето?rnrn
rnrnТестот има едноставна интерпретација.rnrnПатот го претставува вашето однесување кон околината. Доколку патот што го замисливте е автопат со многу автомобили, тогаш вие сте активна, зафатена личност која оптимално го искористува и своето работно и своето слободно време. Ако е земјен пат, тогаш живеете тивок, одмерен живот. Се обидувате да ги контролирате настаните, наместо да им дозволите да се одвиваат по природниот тек. Патот со мали дупчиња и камчиња претставува нешто незначајно што постојано ви пречи.rnrnСонцето ги претставува вашите планови, идеи и цели. Изгрејсонцето значи дека сте на патот кон целта. Ако сонцето е директно над вас, тогаш се обидувате да ги остварите своите планови. Зајдисонцето значи дека веќе сте оствариле дел од своите цели.rnrnОградата симболизира пречка. Колку што е повисока, толку повеќе имате тенденција да ги преувеличувате вашите неуспеси.rnrnНачинот на кој поминувате преку неа покажува како преминувате преку пречките во животот. Ако се качувате преку оградата, одите околу неа или се обидувате да најдете врата или отвор, тогаш сте флексибилни во решавањето на проблемите и се обидувате да ги решите тогаш кога ќе се случат, што побрзо и што поефикасно. Доколку се удирате во ограда, тогаш вие сте директна личност која сака да прави брзи одлуки.rnrnШумата го претставува вашиот внатрешен свет. Изборот помеѓу светла и темна шума може да покажува како го перципирате животот – во позитивно или во негативно светло. Мешана шума значи дека сте интересна индивидуа која секогаш сака да научи нешто ново. Зимзелена шума може да покажува дека имате рационален ум – дека сте доверлива личност која знае што сака во животот.rnrnКлучот ја претставува вашата среќа. Колку што е помал, толку ви е поважен односот со вашите сакани, вашата среќа, и духовната состојба. Поголемите клучеви значат дека материјалните работи се висок приоритет во вашиот живот. Колку што е поубав клучот, толку повеќе внимание обрнувате на естетиката во животот. Изборот дали ќе го понесете клучот со себе или ќе го оставите на земја или ќе го обесите на некоја гранка ги претставува луѓето кои успеваат или не успеваат да ги забележат добрите шанси околу нив.rnrnВодата ги претставува вашите чувства и ја симболизира личноста која ја сакате. Колку што е подлабока, толку се посилни вашите чувства за саканата личност. Доколку е мирно езеро, тогаш вие и вашиот партнер сте луѓе со еднаков темперамент. Ако е брза река или водопад тогаш вие сте страсна индивидуа и сакате повеќе внимание од саканите. Седењето блиску до водата значи дека сакате да бидете во близина на вашиот партнер. Допирањето на водата или пливањето значи дека барате внимание од него/неа.rnrnКуќата и мажот или жената од соништата ја покажуваат вашата тенденција за преземање ризик и коцкањето. Овие симболи се поврзуваат и со тоа колку добро давате отпор на искушенијата.rnrnПатот зад куќата го симболизира вашиот иден живот. Доколку пречката е сѐ уште присутна, тоа значи дека не учите од минатите искуства.rnrnСонцето може да ви каже дали вашите планови ќе бидат успешни. -

25 изненадувачки психолошки факти кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете луѓето
Секогаш е интересно и забавно да се учат нови работи поврзани со човечката психологија бидејќи на тој начин подобро се запознаваме себеси, но и другите луѓе. Нема ништо попривлечно од тоа да се разбере причината за начинот на кој се однесуваме, ги третираме другите и се изразуваме себеси. Ова се 25-те најинтересни психолошки факти кои ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси, како и луѓето околу вас…rnrn
rnrn1. Секое пријателство кое се родило во возраста помеѓу 16 и 28 години има големи шанси да биде цврсто и вечно.rnrn2. Жените претпочитаат мажи со длабоки, рапави гласови бидејќи тие изгледаат посамоуверени, но не и агресивни.rnrn3. Луѓето коишто даваат најдобри совети, се обично тие со најмногу проблеми.rnrn4. Колку попаметен е еден човек, толку побрзо размислува и толку понесмасен е неговиот ракопис.rnrn5. Нашите емоции немаат влијание врз начинот на кој комуницираме. Всушност, токму спротивното се случува: Начинот на кој комуницираме влијае врз нашето расположение.rnrn6. Начинот на кој еден човек се однесува со вработените во некој ресторан открива многу за неговиот карактер.rnrn
rnrn7. Луѓето кои имаат силно чувство на вина подобро ги разбираат размислувањата и чувствата на другите.rnrn8. Мажите не се посмешни од жените. Тие само кажуваат повеќе шеги, без да се грижат дали на другите луѓе ќе им се допадне нивниот хумор или не.rnrn9. Срамежливите луѓе малку зборуваат за себе, но кога зборуваат тоа го прават на таков начин што останатите чувствуваат како многу добро да ги познаваат.rnrn10. Жените имаат два пати повеќе рецептори на телото од мажите, но имаат многу повисок праг на толеранција на болка.rnrn11. Слушањето гласна музика прави да се чувствувате смирени, релаксирани и среќни.rnrn12. Ако не можете да ги запрете вашите мисли навечер, станете и запишете ги. На овој начин ќе го смирите вашиот ум и ќе можете да заспиете.rnrn13. Пораките за добро утро и добра ноќ го активираат делот од мозокот одговорен за чувството на среќа.rnrn
rnrn14. Ако правите работи кои ве плашат, ќе станете посреќни.rnrn15. Жената може да чува тајна отприлика 47 часа и 15 минути.rnrn16. Луѓето кои се обидуваат да ги направат другите среќни, често се чувствуваат најосамени.rnrn17. Колку сме посреќни, толку помалку спиење ни е потребно.rnrn18. Кога ја држите раката на саканата личност, помалку чувствувате болка и помалку се грижите.rnrn19. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од просечната личност. Колку што е попаметен човекот, толку е попребирлив.rnrn20. Доколку стапите во брак со вашиот најдобар пријател, тоа ќе ги намали шансите за развод до 70%, и поголема е веројатноста овој брак да трае вечно.rnrn
rnrn21. Жените кои имаат претежно машки пријатели, почесто се добро расположени.rnrn22. Луѓето кои зборуваат два јазика, несвесно можат да ја променат својата личност кога преминуваат од еден на друг јазик.rnrn23. Ако бидете сами долг период, тоа е исто толку штетно по вашето здравје како и да пушите 15 цигари на ден.rnrn24. Патувањето го подобрува здравјето на мозокот и го намалува ризикот од срцев удар и депресија.rnrn25. Луѓето изгледаат попривлечно кога зборуваат за нештата кои навистина ги интересираат. -

Забавни илустрации ни покажуваат како се однесуваат жените кога никој не ги гледа
Сите ние се однесува различно кога сме во јавност и кога сме сами. Токму тоа и била инспирацијата на артистката Сали Никсон за нејзината најнова серија илустрации. Таа сакала да му покаже на светот што прават жените кога никој не ги гледа и дефинитивно успеала да го долови нашето однесување. Па, се пронаоѓате во нејзините цртежи?rnrn
rnrn -

11 суптилни знаци на нарцизам кои лесно може да се занемарат
Сите мислиме дека лесно можеме да препознаеме нарцисоидна личност. Тоа се луѓето кои се заљубени во самите себе, така? Но, вистината е дека постојат многу суптилни знаци кои укажуваат на тоа дека си имате работа со нарцис, поразлични од очигледниот доказ за нарцизам. Всушност, вистинскиот нарцис може најмалку да се сака себеси. Тој е заљубен во идеализираната слика за себе, која ја проектира со цел да го одбегне соочувањето со неговото вистинско, слабо, оштетено „јас“. Доколку научите да ги препознавате овие луѓе околу себе, лесно ќе може да најдете начин да се справите со нив. Ако периодов забележувате дека имате потешкотии да се разберете со некоја личност, а не можете да сфатите зошто е тоа така, ова се 11-те знаци кои укажуваат на тоа дека можеби си имате работа со нарцис…rnrn
rn1. Постојано ве прекинуваат
rnНарцисите постојано го прекинуваат разговорот. Тие обожаваат да зборуваат за себе и не ви даваат шанса да учествувате до двонасочна конверзација. Секогаш кога ќе се обидете да кажете нешто, тие ќе сакаат да го свртат вниманието кон себе за да си дадат на значење.rn
2. Ве нарекуваат луди
rnНарцисите се многу драматични личности, сакаат да малтретираат психички и да создаваат анксиозност и збунетост, со цел да ја разнишаат самодовербата на соговорникот и на тој начин да се чувствуваат подобро во врска со самите себеси. Ако одеднаш се фатите себеси како се чувствувате несигурно и се двоумите за одлуките што сте ги донеле, иако сте биле сосема сигурни во тоа што сте сакале да го направите, причината може да лежи во тоа што си имате работа со нарцисоидна личност.rn
3. Губат интерес кога ќе почнете да им се отворате
rnНарцисите обично губат интерес веднаш штом почнете да им се доверувате и да зборувате за вашите проблеми. Така што, ако поминете часови слушајќи ги како зборуваат за себе, а потоа забележите како очите им лутаат наоколу секогаш кога ви треба пријател, тоа значи дека оваа личност е нарцис.rn
4. Шармантни се
rnНарцисите можат да бидат многу шармантни кога сакаат, и тоа е всушност причината зошто толку ве привлекле. Ако забележите дека личноста го вклучува и исклучува шармот во зависност од тоа со кого зборува, а не е цело време екстровертна и комуникативна, тоа може да биде голем знак за предупредување.rn
5. Немаат ниту една лоша слика на Фејсбук
rnНарцисите се луѓе кои имаат илјадници пријатели на Фејсбук, но ниту една лоша фотографија. Едноставно не е возможно од толку многу пријатели ниту еднаш да не биле означени на слика на која не излегле баш најубаво. Тоа е така затоа што нарцисите многу внимаваат на тоа каква слика оставаат за себе и се стремат кон тоа на светот да му ја покажат нивната идеализирана верзија.rnrn
rn6. Никогаш не се тие криви
rnАко сте опкружени со нарцисоидни луѓе ќе забележите дека тие никогаш не се виновни за тоа што се случило. Дури и кога раскажуваат приказна за тоа како направиле нешто погрешно или биле опоменати на работа, на крајот ќе дојдат до заклучок дека не се доволно ценети или дека биле емоционално малтретирани. Никогаш нема да чуете: „Тоа беше моја вина и научив значајна лекција од целото искуство“.rn
7. Не знаат да прифатат критика
rnКолку и да изгледаат самоуверено на површината, тие воопшто не знаат да прифатат ниту мала, најобична критика. Веднаш се лутат и не го сфаќаат тоа како добронамерен совет и можност да се подобрат, туку како лична навреда. Ако сте го забележале ова кај некој ваш пријател или колега, можно е тие да имаат елементи на нарцисоидна личност.rn
8. Чувствувате како постојано да треба да им давате комплименти
rnЛаскањето е најлесен начин да се справите со нив и да избегнете конфликт. Ако почувствувате дека основата на вашата врска се состои од вашите комплименти што ги давате, можеби е време да ја преиспитате динамиката на вашиот однос.rnrn
rn9. Даваат непотребни совети
rnНарцисите се личности кои често даваат совети иако не сте го побарале тоа од нив. Тие секогаш знаат малку повеќе од вас. Со тоа што ќе се направат попаметни од вас, тие се чувствуваат поважни и позначајни.rn
10. Не сакаат да чекаат
rnНарцисите воопшто не сакаат да чекаат во редици, ниту пак да чекаат генерално што било. Нивните потреби, какви и да се, мора да се исполнат веднаш. Во спротивно стануваат нервозни и предизвикуваат тензија.rn
11. Не знаат да губат… Ниту пак да победуваат
rnНарцисите се ужасни кога станува збор за некаков натпревар или игра. Се лутат кога ќе изгубат, а задеваат кога ќе победат. Дефинитивно не се луѓето што би сакале да ги поканите да играат друштвени игри со вас и вашето друштво.rnrnНарцисоидните луѓе можат да создадат многу токсични врски во вашиот живот, но не секогаш е толку лесно да се препознаат. Ако имате човек во вашиот живот кој покажува некој од овие или сите горенаведени начини на однесување, постои голема веројатност дека се нарциси и би било паметно да бидете на дистанца.
-

Поларни спротивности: Кои хороскопски знаци не ви одговараат?
Додека астрологијата може да ви помогне во избирањето на правилниот партнер или најдобриот пријател и да ви даде совет кои личности треба да ги имате во ваша близина, врз основа на знакот на кој припаѓаат, таа може и да ви каже од кои треба да се држите настрана. Можеби звучи чудно, но и како и сѐ друго, така и хороскопот е еден круг, па знаците кои се едни до други често знаат да не се сложуваат. Во тој контекст, прочитајте кој знак најмалку одговара на вашиот карактер.rnrn
rnrnПрипадниците на знакот Овен секогаш имаат некоја своја математика, но Рибите понекогаш знаат да ги направат да се чувствуваат непријатно, да ја вознемират нивната интуиција и нивниот свет кој нема граници. Можат секому да дојдат зад грб, а некој да не ги забележи.rnrnБикот не одговара со знакот на Овенот поради неговата пробојност и експлозивност. Бикот сѐ уште не ни почнал, а Овенот веќе истрчал напред, бидејќи понекогаш знае да биде брзоплет.rnrnБлизнаците не можат да се сложуваат со Биковите, бидејќи додека Биковите се спремни да чекаат цела вечност и да бидат стабилни и смирени, Близнаците ќе ја изгубат целата своја сила поради недостатокот на трпение.rnrnРаковите не се сложуваат толку добро со Близнаците, поради нивното брзо учење, собирање информации и разумно заклучување, додека Раковите сакаат да се водат по своите инстинкти и емоции.rnrnЕмоциите на Раковите не се омилени кај Лавовите, бидејќи според нив, тие можат да го загрозат егото на Лавот и да му покажат дека нивниот свет не е центар, туку тоа се чувствата.rnrnДевиците пак, не се сложуваат толку со Лавовите поради нивната дипломатија. Овој знак никогаш нема да разбере како Лавот успева да живее во раскош, а да не биде оптоварен со финансиите, како што се Девиците.rnrnВагите не ја сакаат логиката која ја имаат Девиците, но и точноста и прецизноста. Кога Девицата нешто ќе испланира, тоа е средено „под конец“, а додека Вагата да ги измери работите, Девиците веќе го планираат следниот чекор.rnrnСкорпиите не се рамнодушни на шармот, интелектот и дипломатијата на Вагите. Додека Скорпијата се реши да се отвори, Вагите веќе ги собрале сите околу себе.rnrnСтрелците не се љубители на мистичниот свет на Скорпиите, бидејќи се деца во срцето и не го сакаат она што е мистериозно и по малку темно.rnrnНа Јарците не им е јасен оптимизмот на Стрелците, среќата која ги следи и никогаш не би се впуштиле со нив во авантура.rnrnВодолиите се секогаш еден чекор пред времето и се подготвени да се изборат со она што се случило некогаш одамна, оставајќи го зад себе, додека пак Јарците се господари на минатото.rnrnРибите не ја сакаат непредвидливоста на Водолиите, ниту пак нивниот начин на размислување и знаат дека ако некој ги изнервира, тие се спремни да го срушат концептот за само неколку секунди. -

8 психолошки откритија кои ги објаснуваат нашите секојдневни одлуки
Ако претпоставуваме дека разбираме зошто размислуваме и ги правиме работите на одреден начин, тогаш веројатно грешиме. Со децении долгите истражувања покажуваат дека луѓето се однесуваат на начин кој е мистериозен и збунувачки – дури и за самите нив. Во продолжение прочитајте ги 8-те психолошки откритија кои објаснуваат дел од одлуките што ги правиме секој ден.rnrn
rn1. Честопати се согласуваме со мислењата на другите, дури и ако е очигледно дека другите грешат
rnПсихологот Еш направил експеримент уште во 50-тите години на минатиот век каде учесниците требало да кажат која од трите линии е најдолга. Едната линија очигледно била подолга од останатите. Во секоја околност, еден учесник бил опкружен со група луѓе кои тврделе дека најкратката линија е најдолга. Дури ¾ од учесниците се сложиле со групата. Подоцнежните експерименти во кои се скенирал мозокот, покажале дека групниот притисок предизвикувало промена во перцепцијата за реалноста на луѓето, додека несогласувањето со групата ги правело да се чувствуваат неудобно.rn
2. Погрешно претпоставуваме дека повеќето луѓе го поддржуваат однесувањето на другите
rnЕден начин да се објасни овој феномен е кога „никој не верува, а сите мислат дека сите веруваат“. Со други зборови, поединци во групата приватно веруваат во едно, но мислат дека сите останати во групата веруваат во спротивното. Кога психолозите Даниел Кац и Флојд Алпорт во 1931-та година испитувале студенти за расната сегрегација, повеќето од нив не ја поддржувале, но биле убедени дека нивните пријатели ја поддржуваат. Истите резултати се покажале и во скорешните истражувања за консумацијата на алкохолот помеѓу студентите. Повеќето не ја практикувале, но мислеле дека тие се оние кои се издвојуваат од другите.rn
3. Повеќе ги сакаме луѓето кои се однесуваат слично како нас
rnВеќе е познато дека ако сакате да добиете нешто од некого, треба суптилно да го имитирате нивниот говор на телото. Овој ефект е познат како „камелеонов ефект“.rn
4. Мислиме дека имаме силно влијание врз функционирањето на работите, иако тоа не така
rnТоа објаснува зошто секогаш мислиме дека сме заглавиле во побавниот ред во продавницата или во подолгата колона на патот. Таа врска се појавува кога се чини како две работи да се поврзани, иако не се. Затоа кога стоите во ред, забележувате само две работи: Редот кој сметате дека се движи побрзо од вашиот и себеси. Не обрнувате внимание на фактот дека всушност и вие брзо се приближувате до касата.rn
5. Не размислуваме секогаш рационално кога работиме во група
rnПознатиот психолог Бен Датнер вели:rn
„Понекогаш, најдобрата работа која лидерот може да ја направи за да го спречи „групното размислување“ е да отстапи од својот тим и да овозможи групата да дојде до својот независен консензус пред да се донесе некоја финална одлука.“
rn
6. Можеме да бидеме погруби кон другите отколку кон себеси
rnЧестопати мислиме дека туѓите грешки се резултат на личните пропусти, а нашите грешки се резултат на околностите. Така на пример ако некој ве турне на поминување, ќе помислите дека е луд пред да му се случи нешто. Но, ако вие некого поттурнете, вие сте љубезни и знаете дека не сте го направиле тоа намерно.rn
7. Не сме свесни што влијае врз нашето однесување
rnВо една студија, на учесниците им била дадена плацебо таблетка и им било кажано дека ќе им се намали болката кога примаат електрични шокови. Откако ја зеле таблетката, учесниците можеле да издржат дури 4 пати поголема болка. Но, кога ги прашале зошто одеднаш повеќе ја толерираат болката, тие не го поврзале своето однесување со пилулата туку давале разни објаснувања – на пример дека се навикнале и слично.rn
8. Мислиме дека сме попривлечни некому кога ќе ги сретнеме во опасни ситуации
rnБројните истражувања покажуваат дека првата средба треба да биде возбудлива. Состанокот на кој сте вклучиле и доза адреналин – вртелешка, хорор филм (па дури и ако сте се нашле во некоја навистина опасна ситуација), го помага стимулирањето на мозокот и луѓето мислат дека навистина уживаат во вашето друштво. Што, се разбира, е вистина, но чувството дополнително се засилува.
-

Што најмногу го привлекува спротивниот пол кај вас?
Неодамнешните психолошки истражувања, објавени во списанието „Evolutionary Psychology“ ги откриле квалитетите што жените ги сметаат за најатрактивни на машкото лице. Научниците им покажувале на жените фотографии од различни машки лица и притоа им објаснувале како тие би се однесувале во различни ситуации, на пример, при купување храна за бездомници или при помагање стари луѓе. Резултатите покажале дека жените преферираат грижливи мажи, особено кога станува збор за избор на партнер за долгогодишна врска.rnrn
rnrnАлтруизмот, како несебична грижа и љубов кон блиските се наоѓа на првото место на квалитети што им се важни на жените. Жените, сепак, сакаат кога мажите се грижливи и атрактивни во исто време. Но, кога би требало да одбираат само една особина, тогаш алтруизмот ќе го изберат пред добриот физички изглед на партнерот.rnrnОд друга страна, истражувањето објавено во списанието „Royal Society Open Science“, спровело истражувања во обратна насока, утврдувајќи кои особини на женското лице им се најпривлечни на мажите. Според ова истражување, се покажало дека на мажите им се најпривлечни едноставни лица на кои не се истакнува ништо посебно. Едноставните лица кои имаат меки контури и малку брчки, се полесни за разбирање од страна на машкиот мозок, а сите знаеме дека мажите сакаат едноставни работи. Во контекст на истото истражување, на последната група испитаници им биле покажувани фотографии на жени со различни експресии на лицето, некои се лутеле, некои биле тажни, а некои пак насмеани. Овој дел од испитувањето утврдил дека на испитаниците им се најпривлечни лицата на кои можат да прочитаат емоции што ги разбираат. -

Кои типови луѓе е најверојатно да останат верни во врската?
Едно истражување објавено во „Дневникот за карактер и индивидуални разлики“ вели дека луѓето кои вообичаено им веруваат на своите инстинкти имаат помала веројатност да направат некои неморални акти. Резултатите исто така покажуваат дека луѓето кои го слушаат својот внатрешен глас или интуиција е поверојатно да останат верни во својата врска и има помала можност да украдат нешто откако ќе размислат за претходните искуства во кои покажале лошо однесување.rnrn
rnrnСара Џ. Вард, дипломиран студент при Универзитетот Мисури во Колумбија, работела заедно со нејзината професорка по психологија, Лаура А. Кинг, за да ги открие сите придобивки и позитивни страни на следењето на интуицијата. Интуицијата е процес во кој се презентира способноста да се осознае и спознае нешто без претходно аналитичко истражување, пополнувајќи ја празнината помеѓу свесните и несвесните делови на мозокот и помеѓу инстинктот и логичкото размислување. Интуицијата е слушањето на вашиот внатрешен глас или верувањето во она претчувство кое ви вели дека нешто е или добра или лоша идеја.rn„Некои луѓе веруваат во своите инстинкти кога донесуваат одлуки, додека други помалку се ослонуваат на нив и не им обрнуваат многу внимание на претчувствата дури и ако ги искусуваат. Ние се интересиравме за тоа како индивидуалните разлики во интуицијата влијаат врз моралното однесување“, вели Вард.
rnТаа направила два експеримента за да одреди дали потпирањето врз интуитивното размислување и процес влијае врз моралното однесување кога луѓето искусуваат внатрешно генерирани, морално важни чувства. Првиот експеримент броел 100 испитаници, меѓу кои 75 жени, кои одговарале на серија прашања за да се одреди дали имаат тенденција да ја следат својата интуиција или не. Потоа биле замолени да замислат дека се однесувале неморално на работното место: Сите прочитале приказна во која се раскажувало дека направиле нешто лошо на работа и за тоа обвиниле некој колега. Испитаниците во контролната група ја прочитале истата приказна, но наместо да обвинат некој друг, тие ја признале грешката и презеле одговорност за неа.rnrnПретходните студии покажале дека луѓето кои направиле нешто неморално и се чувствувале виновно и засрамено, се чувствувале и валкано или заразено. Врз основа на тоа, Вард предвидела дека субјектите кои направиле нешто неморално ќе бидат желни да потрошат пари на производи за чистење на рацете.rn
„Ако се чувствувате лошо за некоја морална трансгресија, тогаш ќе сакате да се исчистите. Нашето истражување открива дека испитаниците кои ја слушаат својата интуиција купувале повеќе течни сапуни за раце откако прочитале за префрлувањето на вината на колегите“, објаснува Вард.
rnВо вториот експеримент, испитаниците пишувале за некој момент кога тие се однесувале неморално и потоа им бил даден еден тест за интелигенција кој не можел да се реши. Вард сакала да анализира дали поинтуитивните луѓе помалку би мамеле на нерешливиот тест. На испитаниците им биле дадени 10 прашања и еден лист хартија на кој биле напишани одговорите и им било кажано дека одговорите можат да ги користат откако ќе го завршат тестот за да проверат дали одговориле точно. Потоа им било кажано дека првите 10% од нив ќе добијат ливче за лотарија (мотив за мамење). Резултатите покажале дека дури 23% од испитаниците мамеле на тестот.rn
„Нашиот втор експеримент покажа дека луѓето кои се ослонуваат на своите инстинкти мамат помалку од другите кога ќе се сетат на некој момент кога се однесувале неморално. Сметаме дека тоа е така бидејќи луѓето сакаат да го компензираат за лошото однесување со тоа што ќе се однесуваат морално во сегашноста и оваа тенденција за компензирање е поизразена кај луѓето кои ја слушаат својата интуиција“, заклучува Вард.
-

6 предупредувачки знаци дека дозволувате другите луѓе да ве искористуваат
Границите се оние непишани правила кои сите ги имаме и практикуваме за да се заштитиме себеси од туѓото однесување и да ги исполниме своите желби и потреби. Во оние моменти кога им дозволуваме на другите да ги преминат нашите социјални граници со тоа што нема да ги засилиме или гласно да го искажеме својот став, тогаш неретко анксиозноста и несреќата се јавуваат како резултат. Кога не сме сигурни кои се нашите граници или постојано им дозволуваме на луѓето да се извлечат со однесување кое не би требало да го дозволиме, тогаш се соочуваме со неколку емоционални несакани дејства.rnrn
rnrnЗа жал, ние не можеме секогаш да ги препознаеме овие несакани дејства сѐ до оној момент кога сме дозволиле другите да нѐ третираат лошо. Во тој контекст, прочитајте ги 6-те знаци кои укажуваат на тоа дека на вашите граници им треба поправка.rn1. Се чувствувате несигурно и искористено
rn
rnrnДа се чувствувате несигурно и искористено е директен резултат од оние ситуации кога давате повеќе помош и совети отколку што разумно треба да давате. Проблемот е поврзан со границите, бидејќи, ако намалите со помагањето или советувањето кога ќе забележите дека вашиот труд не е ниту ценет ниту возвратен, тогаш нема да се чувствувате огорчени кога не сте го добиле тоа што сте се надевале дека ќе го добиете како знак за почит.rn2. Алергични сте на зборот „Не“
rn
rnrnНезависно дали луѓето често бараат работи од вас кои немаат причина да ги бараат или имате тенденција да сакате да ги усреќите и задоволите потребите на другите, сепак станува збор за проблем кој покажува дека не знаете што точно чувствувате, што ви е потребно и што сакате пред да направите разлика помеѓу откажувањето од нешто и неговото исполнување. Ние ги учиме луѓето како да се однесуваат со нас. Ако не застанеме зад своите ставови и не речеме „не“, така засилувајќи ги границите, тогаш само дополнително го зголемуваме проблемот со тоа што ги тренираме другите да мислат дека сѐ што тие сакаат да прават, за нас е прифатливо.rn3. Постојано се најоѓате во лоши ситуации
rn
rnrnАко им дозволите на луѓето да ја преминат вашата крајна линија на трпението и толеранцијата, тогаш вашите границите се повредени. Во тие моменти можеби нема да забележите дека проблемот е токму во границите бидејќи ќе бидете преокупирани со непријатни чувства поради луѓето кои постојано го туркаат вашиот лимит.rn4. Ги обвинувате другите
rn
rnrnВината и обвинувањето на другите се два различни поими. Второто е знак дека или им дозволувате на другите да преминуваат преку вашите граници или дека тие не биле доволно цврсти уште од самиот почеток. Во оној момент кога ќе почнете да станувате поодговорни за вашата улога во секоја ситуација, ќе ви стане јасно каде не сте ги почитувале своите граници.rn5. Потешко ги изразувате своите чувства, желби и потреби
rn
rnrnЧестопати луѓето со проблеми во нивните граници не знаат што точно сакаат или што им треба во нивниот живот. Ако искусувате проблеми и потешкотии кога треба да си ги задоволите потребите, користејќи јасна комуникација, тогаш веројатно и вие припаѓате на претходната група луѓе. Можеби патите длабоко во себе, а, со тоа што не можете добро да се изразите, вие само дополнително го проширувате и комплицирате проблемот.rn6. Претпоставувате дека луѓето сами ќе го поправат своето однесување
rn
rnrnАко постојано посакувате и се надевате дека некој ќе застане на ваша страна, иако тие продолжуваат константно да ве разочаруваат, тогаш очекувате премногу од некој кој не е доволно инвестиран во вас и вашето пријателство. Тоа може да биде знак дека вашите желби не соодветствуваат со реалноста и вие не правите тешки одлуки за односот.














