КАФЕ ПАУЗА

Tag: однесување

  • Љубов на прв поглед: Како се однесува вашиот хороскопски знак кога е лудо заљубен?

    Љубов на прв поглед: Како се однесува вашиот хороскопски знак кога е лудо заљубен?

    Не е новост дека кога одеднаш ќе се заљубиме, ние почнуваме да се однесуваме на сосема поинаков начин. Хормоните ни полудуваат, не можеме да заспиеме бидејќи во мислите сме со саканата личност, телото не ни бара храна и сè што ни е потребно е само неговото или нејзиното присуство. Па, како овие промени се манифестираат кај различните хороскопски знаци?rnrnЉубов на прв поглед: Како се однесува вашиот хороскопски знак кога е лудо заљубен?rn

    Овен

    rnОвните се родени авантуристи и воопшто не ги интересира фактот што можеби едвај ја познаваат својата симпатија. Тие без двоумење ќе го направат првиот чекор. Иако се незаситни кога станува збор за љубовта, сепак истовремено се и грижливи љубовници.rn

    Бик

    rnБиковите се силни и мечтаат за вистинска љубов. Но, кога конечно ќе се заљубат, тие стануваат себични и најчесто не го делат своите внимание и љубов со оние кои не ги ценат и почитуваат. Во нивните очи, љубовта која ја поседуваат мора да биде „заработена“.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се прилагодливи и пријателски настроени, но секогаш се водат според разумот, а не според чувствата и срцето. Без разлика колку се заљубени, тие никогаш нема 100% да се препуштат и постојано ќе одржуваат рамнотежа со цел да зачуваат малку мистичност во врската.rn

    Рак

    rnРаковите се максимално приврзани кога станува збор за нивното семејство и пријателите, но кога ќе се заљубат, тоа е за цел живот. Со оглед на тоа што се многу чувствителни, тие во љубовта наоѓаат утеха и лек за сè.rn

    Лав

    rnМожеби на прв поглед не делува така, но кога Лавовите се заљубуваат стануваат многу опседнати со својата сакана личност. Дури и во моментите кога тој/таа не е покрај нив, тие ќе размислуваат за нивната врска и ќе прават планови за иднината.rn

    Девица

    rnДевиците се познати по нивната самокритичност и премногу време трошат на размислување и барање грешки. Дури и кога чувствуваат пеперутки во стомакот, тие попрво би упатиле саркастичен коментар, отколку да го признаат тоа.rn

    Вага

    rnВагите се создадени за уметност, убавина и хармонија. Тие сакаат да бидат среќни и добро да се забавуваат. Својата љубов и наклонетост ја покажуваат преку малите знаци на внимание со кои секојдневно одново го освојуваат својот партнер.rn

    Скорпија

    rnСтрасните Скорпиите љубат безусловно и посесивно. Нивната љубов е голема, но и напорна доколку се во врска со личност која е спротивна на нив и не ја разбира нивната наклонетост. Тие можат да бидат навистина тешки за разбирање кога станува збор за љубовта.rn

    Стрелец

    rnСтрелците се забавни и вечни авантуристи, но дури и покрај својата природата, тие сепак ќе бидат верни. Тоа не значи дека нема повремено безопасно да флертуваат, но со сигурност нема да ја преминуваат границата. Кога се заљубени, можете тоа да им го видите и на лицето.rn

    Јарец

    rnЈарците се одговорни и озбилни, па на истиот начин ја сфаќаат и љубовта. Кога се заљубени, тие ќе се потрудат сите аспекти од нивната врска совршено да функционираат. Иако делуваат ладно, во суштина не се такви и врската никогаш не ја земаат здраво за готово.rn

    Водолија

    rnВодолиите се заљубуваат во оној момент кога најмалку го очекуваат тоа. Кога се заљубени, сè им изгледа убаво и совршено, бидејќи за нив љубовта е главната движечка сила во светот. Ако ги прашате нив, едноставно не постои нешто подобро за доживување.rn

    Риби

    rnЕмотивните и чувствителни Риби секогаш размислуваат за другите. Токму затоа и во врската се посветени и никогаш не би ја предале личноста со која се. Нивната чувствителна природа понекогаш може да ги спречи да ги остварат личните цели.

  • Луди правила од 1830-тите кои покажуваат како требало жените да се однесуваат

    Луди правила од 1830-тите кои покажуваат како требало жените да се однесуваат

    Во далечното минато било голем тренд да се биде нешто што денес е синоним за нетолерантност, ограниченост, незрелост и ментална затвореност: Светот сметал дека е добро да се биде расист, сексист, ксенофоб, хомофоб. Минатото било ужасно за секој за кој се велело дека отстапува од границите на „нормалното“, каде под нормално се подразбирало да се биде бел, католик, да се сака само спротивниот пол и пред сѐ, да се биде маж. Жените отсекогаш биле сметани за пониска класа на луѓе, а 1831-та година не е никаков исклучок.rnrnЛуди правила од 1830-тите кои покажуваат како жените требало да се однесуваатrnrnЗа да ја илустрира поентата, NPR (National Public Radio) пронашле неколку луди правила на однесување од еден сет книги насловени „Морална енциклопедија“. Книгите биле напишани од Чарлс Варле, адвокат од Балтимор, кој очигледно бил во голема заблуда. Еден дел од книгите, кој значително се истакнува, се состои од серија правила кои покажуваат како жените од културното и цивилизираното општество би требало да се однесуваат за да останат добри и чисти, според Варле. Правилата се толку апсурдни, што можат слободно да се сметаат за една од причините поради кои жените решиле да се изборат за своите права.rnrnВо продолжение, едни од најлудите, и за жал, постоечки правила за однесувањето на жените кои на денешниот читател му даваат слика низ колку тежок период поминувале тие во минатото и кои имаат само една поента: Да укажат на тоа дека клучот за да се биде една почитувана и воспитана жена е да се биде совршена.rnrn1. Избегнувајте сѐ што е машко.rnrn2. Немојте да дозволите често да ве гледаат во јавноста.rnrn3. Консултирајте се само со своите роднини.rnrn4. Немојте ниту да слушнете зборови кои имаат двојно значење.rnrn5. Настојувајте да пишувате и зборувате соодветно по граматичките правила.rnrn6. Симпатизирањето на фините работи покажува исто толку лош вкус како што чистотата и едноставноста покажуваат добар.rnrn7. Немојте да формирате пријателства со мажи.rnrn8. Скромно подајте рака кога е потребно.rnrn9. Ако има потреба да зборувате во општеството, тогаш зборувајте само за работи кои ги разбирате.rnrn10. Знајте дека добриот и разумен маж никогаш нема да се ожени со нешто подолу од побожната, работлива и скромна жена.rnrn11. Немојте да дозволите љубовта да започне со вас. Најпрвин треба да ве засака мажот.rnrn12. Немојте да формирате голема блискост со никого.rnrn13. Никогаш не срамете се кога образите ќе ви поруменат.rnrn14. Гордејте се со скромноста.rnrn15. Немојте да читате романи и новели, читајте само историски, географски, биографски и други инструктивни книги.rnrn16. Смилувајте се на несреќните.rnrn17. Немојте да верувате на ниту една ваша познајничка, со други зборови немојте да имате блиски пријателки.rnrn18. Не смеете да бидете претпазливи и внимателни во изборот на љубовта и бракот и запомнете: Карактерот на една млада дама се смета за ангелски, па секој недостаток и маана може да ја намали почитта која мажите ја имаат за вас.

  • Астрологијата открива: Најлошите особини на хороскопските знаци

    Астрологијата открива: Најлошите особини на хороскопските знаци

    Астрологијата не е секогаш тука за да ни ги открие нашите најдобри особини и да ни помогне да ја пронајдеме нашата сродна душа. Понекогаш, таа се врти малку и на темната страна и ни ги открива нашите најлоши особини. Во продолжение прочитајте какви личности би биле доколку го живеевте животот по најлошото сценарио и кога би биле антагонистите во сопствената животна приказна.rnrnАстрологијата открива: Најлошите особини на сите хороскопски знациrn

    Овен

    rnВојник, лидер, склон кон игри и интриги, импулсивен, што е последица на неговиот колеричен темперамент. Луѓето ги гледа како објекти, посебно жените и оние кои се поразлични од него, и откако ќе ја заврши комуникацијата, ги турка на страна и ги заборава. Овните се добри економисти и обично добро заработуваат. Како маани можат да им се издвојат гордоста, брзоплетоста и егото, а во најлош случај можат да бидат садисти.rnrnПознати личности родени во знакот на Овен: Казанова, Марлон Брандо, Никита Хрушчов, Адолф Хитлерrn

    Бик

    rnТемпераментен, дипломат, тврдоглав и мрзлив, освен ако не е добро платен за работата. Материјалист, често успешен во политиката и воените дела, но и во економијата и финансиите. Мецена за уметностите, а има талент да создаде нешто и сам. Ужива во храната, виното и доброто друштво. Како карактерни маани му се издвојуваат непопустливоста, склоноста кон алкохолот и љубомората.rnrnПознати личности родени во знакот на Бик: Сократ, Тито, Макијавелиrn

    Близнаци

    rnПривлечни но ладни, интелигентни но неемотивни, самокритични но сакаат да ги критикуваат и другите. Бројот на лоши особини им е еднаков на бројот на добри особини. Контрадикторен, дуален знак кој денес вели едно, утре друго, а потоа го преанализира сѐ она што го кажал.rnrnПознати личности родени во знакот на Близнаци: Платон, Лорка, Паскал, Сартрrn

    Рак

    rnВоден знак со променливо расположение кој се пронаоѓа во секоја професија, но му треба време за да се одлучи само за една. Поетска и уметничка душа, емотивен, темпераментен, не покажува слабост кога е повреден или кога нешто му смета. Ја цени самотијата, но има потреба и од социјализација. Понекогаш склон на пороци.rnrnПознати личности родени во знакот на Рак: Тесла, Рокфелер, Фрида Кало, Хенри VIIIrn

    Лав

    rnДиктатор, не ги признава своите грешки, секогаш сака да биде во право, мирен е само кога е свесен дека е послаб од луѓето во околината каде што се наоѓа. Понекогаш може да биде добар дипломат. Вешт манипулатор, способен да ја натера масата да го сака и почитува и покрај неговите мотиви и методи. Кога има моќ, тогаш навистина има моќ. Исто како и со кралот на џунглата, така и со лавовите најдобро е да се нахранат и да им се даде простор за да не ја тиранизираат околината.rnrnПознати личност родени во знакот на Лав: Наполеон Бонапарта, Мусолини, Карл Јунг, Коко Шанелrn

    Девица

    rnСамокритични, добри во сѐ што работат, понекогаш тврдоглави и мрзливи. Аналитичен и импулсивен знак со променлив карактер. Боемска душа, што подразбира комар, алкохол, секс и рокенрол.rnrnПознати личности родени во знакот на Девица: Толстој, Мајкл Џексон, Фердинанд Порше, Агата Кристиrn

    Вага

    rnЕдинствениот воздушен знак кој знае искрено да ги покаже своите емоции. Склони се кон убавите и ретки работи и се добри декоратори. Со вистинските луѓе знаат да бидат добри пријатели, а со погрешните, најголеми непријатели. Како карактерни маани им се издвојуваат неодлучноста, тоа што не знаат што сакаат и што можат да очекуваат од себе, тоа што многу трошат и што понекогаш можат да бидат невротични.rnrnПознати личности родени во знакот на Вага: Алфред Нобел, Мигел де Сервантес, Франц Лист, Еленор Рузвелтrn

    Скорпија

    rnМистериозни, понекогаш депресивни, успешни во динамичните работи. Неверојатно привлечни, многу љубоморни, импулсивни и ја обожаваат одмаздата. Склони на кршење и деструкција на себе и на сите околу нив. Како маана им се издвојува тоа што често знаат да уживаат во пороците. Ракот и Скорпијата се непобедлива комбинација, а со Бикот ја достигнуваат чистата страст.rnrnПознати личности родени во знакот на Скорпија: Леон Троцки, Пабло Пикасо, Марија Кири, Кристофер Колумбоrn

    Стрелец

    rnФилозоф, безгрижен, луд возач, често коцкар и општ хазардер. Никогаш не се откажува, ниту пак сака да признае кога ќе направи грешка. Нивниот збор мора секогаш да биде последен, но често знаат и мудро да молчат. Не ја сакаат конзервативната природа, максимално се отворени и склони кон дебатите. Веруваат повеќе во науката и фактите, отколку во некоја виша сила. Со нив е многу тешко да се соработува.rnrnПознати личности родени во знакот на Стрелец: Марк Твен, Волт Дизни, Џими Хендрикс, Френк Синатраrn

    Јарец

    rnМатеријалисти, тврдоглави, своеволни, можат да бидат одлични математичари или програмери. Ако се согласат да направат некоја работа, ќе ја сработат до совршенство. Ги прифаќаат само цврстите докази за која било тема, посебно духовноста, и е тешко да ги разубедите. Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а понекогаш знаат и туѓите успеси да си ги припишат на свое име.rnrnПознати личности родени во знакот на Јарец: Исак Њутн, Ал Капоне, Мартин Лутер Кинг Џуниор, Умберто Еко, Молиерrn

    Водолија

    rnПаметни, понекогаш скоро генијални, сестрани со променлив карактер и плитки емоции. Генерално добри пријатели, но луѓето знаат да им замерат поради нивната искреност и отвореност. Сакаат да се шегуваат, понекогаш знаат и да навредат, но способни се да бидат и хумани. Од една страна се алтруисти, а од друга страна знаат да бидат и злобни.rnrnПознати личности родени во знакот на Водолија: Линколн, Томас Едисон, Џејмс Дин, Галилеоrn

    Риби

    rnМоже да се каже дека сите знаци се обединети во знакот на Рибите. Се соочуваат со кризи на идентитетот, дивергентност која предизвикува една поделеност на сите страни, контрадикторност и најсилно изразено променливо однесување. Интелигентни, генијални, немилосрдни и неверојатно добри тактичари. Од сите знаци, астролозите велат дека Рибите имаат најголема веројатност да станат ладнокрвни убијци.rnrnПознати личности родени во знакот на Риби: Ајнштајн, Нострадамус, Мојсеј, Шопен, Микеланџело, Коперник

  • Сте спиеле заедно и потоа тој исчезнал: Зошто мажите бегаат после првиот сексуален однос?

    Сте спиеле заедно и потоа тој исчезнал: Зошто мажите бегаат после првиот сексуален однос?

    Голем дел од жените го искусиле следново сценарио: Неколку љубовни состаноци со згоден и културен дечко, редовно разменување слатки пораки, неверојатен секс и потоа тишина. Како што деновите поминуваат, така тој има сè помалку време за пораки и средби, додека во еден момент едноставно целосно исчезнува од вашиот живот. Што се случува кај мажите што поттикнува олку неочекувано спротивставено однесување?rnrnСте спиеле заедно и потоа тој исчезнал: Зошто мажите бегаат после првиот сексуален однос?rn

    1. Постои друга девојка во неговиот живот

    rnИако сме сигурни дека не сакате да верувате во тоа, сепак постојат големи шанси дека тој веќе има некоја личност во неговиот живот која ја гледа како подобар избор за него. Без разлика дали ја запознал пред или по вас, тој сигурно се двоумел пред конечно да донесе одлука. Со неговото исчезнување покажува дека ја одбрал неа.rn

    2. Страв од обврзување

    rnНекои луѓе го покажуваат својот страв од сериозни врски така што како малите пчели скокаат од цвет на цвет. Ако во кој било момент почувствуваат дека обичното дружење може да се претвори во нешто повеќе, тие едноставно бегаат наместо да се обидат да ви објаснат. Со други зборови, ова однесување и за него не е лесно, но во неговите очи е подобар избор од обврзувањето.rn

    3. Сè уште има контакт со бившата девојка

    rnОва е само уште една тажна вистина, која можеби и самите би можеле да ја забележите. Особено доколку тој постојано комуницира со неа, разговара за нивното заедничко минато со вас или случајно ве нарекува со нејзиното име. Доколку не сакате да губите време, најдобро е да сфатите на што сте и ако не ви се допаѓа каде води вашата врска да продолжите понатаму.

  • Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

    Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

    Кога сте принудени да го инвестирате своето време и енергија во погрешни партнери, единствениот резултат кој следува како последица е тоа што ќе завршите повредени, фрустрирани и нервозни. Во тие моменти, клучно е да го пронајдете мирот и чувството за среќа во животот и жестоко да се борите да ги задржите, не дозволувајќи некој друг да ви го одземе тоа задоволство. Сепак, не смеете да се откажете ниту од љубовта.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrnВо оној момент кога ќе ја пронајдете вистинската личност која ве инспирира и искрено ве цени, тогаш ќе се ослободите од сите стравови. Но, како да го сторите тоа без да го ризикувате мирот за кој напорно сте работеле да го култивирате во својот живот? Во продолжение прочитајте ги 9-те работи кои можете да ги направите за да се погрижите дека вашето срце ќе остане цело и безбедно.rnrn1. Избегнувајте партнери со очигледна ниска самодоверба. Ако самиот не се сака, цени и почитува тогаш сигурно нема да може да го стори истото и за вас. Пронајдете некој кој има поголема доверба во себе и своите способности.rnrnrnrn2. Погрижете се неговите семејни и пријателски вредности да се совпаѓаат со вашите. Доколку сакате да го поканите во својот живот, најпрвин анализирајте го неговото однесување. Погледнете дали неговиот однос со семејството и пријателите е цивилизиран и нормален и дали неговите обврски и одговорности се под контрола.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn3. Не го прифаќајте неговото лошо однесување. Доколку покажува негативен, критички и некомуникативен однос со пасивна агресија, тогаш разговарајте со него и кажете му како се чувствувате. Ако не може да се откаже од неговите лоши навики и одлуки, тогаш време е да ставите крај на вашето дружење.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn4. Обрнете внимание на тоа што го прави, а не на тоа што го кажува. Делата зборуваат погласно од зборовите. Оној партнер кој е љубезен, дарежлив, досетлив и способен да бара компромис е партнер кој вреди да го имате покрај себе.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn5. Погрижете се да ве вклучи во сите аспекти на неговиот живот. Доколку искрено ве сака, тој ќе го сподели неговиот приватен и професионален живот со вас и нема да се срами од фактот што токму вие сте личноста со која избрал да ја дели својата животна приказна.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn6. Бидете сигурни дека е заинтересиран за вас. Доколку навистина ве цени, тој ќе ве направи дел од неговите приоритети во животот. Ќе сака да поминува време со вас и ќе ви каже кои ваши карактеристики му се допаѓаат. Нема да има потреба да се запрашувате како тој се чувствува или што мисли за вас. Ако е заинтересиран, вие тоа ќе го знаете.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn7. Бидете сам свој адвокат. Кога нешто ви пречи, кажете му. Ако ги занемари вашите чувства или се обидува да го оправда и одбрани своето однесување, тогаш не е сѐ во најдобар ред. Барајте партнер кој знае да ги препознае своите грешки и е способен да ги направи потребните промени. Некој кој ќе знае да ги почитува вашите чувства и некој за кој ќе можете и вие да го сторите истото.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn8. Почекајте пред да спиете со него. Кога сте сериозни во потрагата по вистинската личност, добро е да почекате додека не развиете емоционална поврзаност пред да стапите во поинтимен однос. Ова е една од најдобрите стратегии за поуспешна врска.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажитеrnrn9. Погрижете се да се чувствувате среќно и опуштено. Ако се чувствувате анксиозно и нервозно, тогаш нешто не е во ред. Верувајте им на своите инстинкти и дајте си време. Ако има повеќе лоши отколку добри денови, тогаш време е да ја продолжите потрагата.rnrnЖените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

  • Како да бидете помудри од останатите луѓе?

    Како да бидете помудри од останатите луѓе?

    Според последните изјави на студентите по психологија, со самото анализирање на различните специфични психолошки студии кои го демонстрираат и објаснуваат човечкото однесување, дури и без да се потрудат да ги запомнат, тие се чувствувале значително помудри и посвесни. Можеби немате голем интерес во луѓето и работите кои тие, или вие, ги правите, но ако вашите ставови се сосема спротивни тогаш сигурно ќе ја цените книгата „Најмудриот во собата: Како можат да ви користат најмоќните студии од социјалната психологија?“. Авторите, Томас Гилович и Ли Рос, професори по психологија на Универзитетите Корнел и Стенфорд, во својата нова соработка покриваат најразлични теми од секојдневниот живот, проблемите со војната, мирот и зошто е толку тешко да го постигнеме.rnrnКако да бидете помудри од останатите луѓе?rnrnКритичката разлика помеѓу мудроста и интелигенцијата е тоа што мудроста бара ефективност и увид од луѓето, а интелигенцијата не. Мудрата личност е способна да ги смести во перспектива сите индивидуални настани и да заземе поширок став и поглед кон проблемот. Во тој контекст, Голович и Рос нудат 3 начини на кои луѓето можат да бидат помудри:rnrn1. Кога правите тешка одлука, практикувајте да ја правите на начинот кој аналитичарите го нарекуваат „премортем“. Тоа се подразбира за оние случаи кога одлуката има потенцијал да биде лоша и од вас се бара да откриете кои информации ви се потребни за да дознаете зошто е тоа така. Некои од нас природно се обидуваат да ги пронајдат пречките во процесот на носењето одлуки и причините зошто постои ризик тие да бидат лоши. Она што треба да научиме да го правиме е слободно да го искажуваме своето мислење и да увидиме кога тоа нема да биде корисно за луѓето, а кога ќе има позитивен ефект.rnrn2. Сопствеништвото не е она што нѐ прави среќни. Искуствата во животот се клучниот елемент кој носи повеќе значења и подолготрајна среќа. Кога сакате да постигнете добар социјален однос кој ќе ве направи помудри, наместо за работите кои сте ги купиле, платата или материјалните нешта, разговарајте за вашите искуства.rn

    „На оние луѓе чии приоритети им се ниските даноци, финансиските проблеми или поконкретно личните и приватните креации создадени на трошок на градењето јавни експериментални ресурси (паркови, јавни места…), е многу поверојатно да го намалат колективното добро на општеството.“ – стои во книгата на Гилович и Рос.

    rn3. Борете се со фундаменталната грешка на атрибуцијата кога ќе се соочите со неа. Таа се дефинира и настанува кога луѓето се обидуваат да претстават или да заклучат дека однесувањето на една личност е предизвикано и е под влијание на неговиот карактер и диспозиција. Тоа го занемарува вистинскиот придонес на контекстот. Авторите велат:rn

    „Вистинскиот мудрец е теренски теоретичар кој не ги осудува другите сѐ додека не ја осознае природата на ситуацијата и додека внимателно не размисли пред да дејствува.“

  • Едноставни тајни за исполнет живот: Кои се разликите помеѓу среќните и несреќните луѓе?

    Едноставни тајни за исполнет живот: Кои се разликите помеѓу среќните и несреќните луѓе?

    Сте забележале како некои луѓе природно се посреќни од други, иако реално немаат големи разлики во начинот на кој го живеат својот живот? Нивните тајни се кријат во начинот на кој се однесуваат и размислуваат. Погледнете што ги издвојува среќните од несреќните луѓе и како и вие уште денес да почнете да го менувате вашето размислување со цел да бидете многу посреќни во вашиот живот.rnrnЕдноставни тајни за исполнет живот: Кои се разликите помеѓу среќните и несреќните луѓе?rnrnСреќни: Покажуваат благодарност и делат комплименти.rnrnНесреќни: Ги критикуваат другите без основа.rnrn rnrnСреќни: Знаат како да опростат.rnrnНесреќни: Постојано даваат забелешки.rnrn rnrnСреќни: Живеат во моментот.rnrnНесреќни: Живеат во минатото.rnrn rnrnСреќни: Преземаат одговорност за грешките.rnrnНесреќни: Ги обвинуваат другите.rnrn rnrnСреќни: Споделуваат информации.rnrnНесреќни: Чуваат тајни.rnrn rnrnСреќни: Сјаат со позитивна енергија.rnrnНесреќни: Постојано се насочени кон негативните емоции.rnrn rnrnСреќни: Зборуваат за идеите.rnrnНесреќни: Ги озборуваат другите.rnrn rnrnСреќни: Ја прославуваат победата со другите.rnrnНесреќни: Ги преземаат сите заслуги.rnrn rnrnСреќни: Секогаш се подготвени за промена.rnrnНесреќни: Се плашат од промените.rnrn rnrnСреќни: Се надеваат дека ќе успеат.rnrnНесреќни: Потајно се надеваат на туѓиот неуспех.rnrn rnrnСреќни: Го земаат во предвид туѓото гледиште.rnrnНесреќни: Ги гледаат нештата само од своја перспектива.rnrn rnrnСреќни: Имаат поставено цели.rnrnНесреќни: Немаат поставено цели.rnrn rnrnСреќни: Знаат точно што сакаат.rnrnНесреќни: Не знаат што сакаат.rnrn rnrnСреќни: Постојано учат.rnrnНесреќни: Мислат дека знаат сè.rnrn rnrnСреќни: Читаат книги.rnrnНесреќни: Гледаат само ТВ.

  • Кои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?

    Кои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?

    Секој хороскопски знак има свои позитивни и негативни карактеристики кои ја обликуваат сечија природа. За да не ги изненадите другите со брзите одлуки и однесувањето, астролозите откриваат кои се најголемите маани на хороскопските знаци за кои можете да прочитате во продолжение со цел да ги избегнете непријатните ситуации на време.rnrnКои карактеристики на вашиот хороскопски знак ги изненадуваат и шокираат другите?rn

    Овен

    rnОвенот ги изненадува другите со својата непромисленост, нетрпеливост и презир кон сите совети кои му се делат. Дури и ако успее да издржи и да го сослуша неговиот соговорник, повторно ќе направи сѐ по свое. Ако сте се подготвувале за вечерно излегување со некој ваш близок кој припаѓа на овој знак, очекувајте да доцни.rn

    Бик

    rnБикот ги изненадува другите со своите главни адути: истрајноста, упорноста и тврдоглавоста. Вие понекогаш со денови или месеци ќе го чекате Бикот да го исполни она што го ветил, но на крајот, тој секогаш го исполнува ветеното. Кога ќе биде мрзлив за нешто, тешко е да го мрднете. Но, затоа пак кога ќе се развредни и ќе има волја за работа, може да работи како манијак.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците често многу брзо ги изненадуваат другите. Тие се шармантни, привлечни, информирани, начитани, и интелигентни. Но, сите овие особини кои на почетокот ве привлекле, можат да станат и едни од поголемите маани на овој знак. Припадниците постојано ќе зборуваат, ќе сакаат да се информираат од секаде, да се интересираат за сѐ и сешто и брзо ќе ја губат концентрацијата и интересот. Можете да очекувате дека тие ќе треба да го препаркираат автомобилот, токму во оној момент кога треба да се нахрани кучето или да се исчисти филтерот од машината за садови.rn

    Рак

    rnДодека мислите дека вашиот Рак умира од работа, тој се јавува од непознат број (нема батерија на телефонот) од некоја кафеана каде заглавил со пријателите, бидејќи тој ден времето се променило 5 пати, а во медиумите пишувало дека озонската дупка се проширила. Потоа му ја одбиле кредитната картичка во супермаркетот баш кога сакал да купи нешто за дома, а роднините постојано му досадувале. На крајот се изнервирал, ама не сакал непотребно да ве малтретира бидејќи и онака веќе сте во шок.rn

    Лав

    rnЛавовите се секогаш спремни да прават големи дела, но често знаат тоа да го прават само во своја корист. Тие сакаат да го поделат задоволството со вас, но очекуваат секогаш да бидете покрај нив и тие да бидат центарот на вашиот свет, па ако не сте тука во моментот кога сакале да ви дадат некоја покана и карта за филмска или театарска премиера или некој спортски натпревар, тогаш кој ви е крив.rn

    Девица

    rnОтмена, воздржана и рационална, Девицата често знае да изненади. Понекогаш оваа нивна рационалност може да биде претерана, но бидејќи знаете дека тука не е крајот, вие се тешите со тоа што се потсетувате дека ова е истата ваша Девица која ве спушта на земја секогаш кога премногу летате во облаци и ве чува од непромислени постапки. А, што е со чувствителноста? И тука знаат да ве изненадат, посебно ако направиле некој добар ручек или поправиле нешто сами, а вие сте се воодушевиле. Тие ќе ве гледаат во очи додека ги фалите, бидејќи ги дочекаа своите 5 минути.rn

    Вага

    rnПонекогаш Вагите знаат да изненадат со својата љубов кон материјалните работи кои нечесто ги ценат повеќе од времето кое го поминуваат со своите најблиски. Кога се толку радосни што купиле нешто ново на себе (на ваша сметка), а вие не сте забележале, без сомнение ќе бидете наречени неблагодарни и дека не ги заслужувате. Но, и кога сте вака изненадени и шокирани, вашата Вага ве сака толку многу, што ќе ви опрости.rn

    Скорпија

    rnИако би сакале на секого да им ја кажат вистината во лице (посебно на оние луѓе кои не им се допаѓаат), вам нема да ве изненади кого Скорпијата избира да го сака, туку тоа ќе ги изненади сите други околу неа. Кога би погледнале во нејзиниот свет, би се шокирале кога ќе сфатите дека вашата Скорпија сонува за времето кога била помала, кога немала ниту кариера, ниту пари, зависела од своите родители и била заљубена до уши. Но, не во вас.rn

    Стрелец

    rnА, што друго да направи освен да ве изненади и шокира. Посебно ако сте нивен партнер. Па, вие не сте со кој било, вие сте нивните избраници, а Стрелецот решил да ви го разубави животот со неговото присуство и постоење. Адреналинот кој постојано струи во неговите вени ви го префрла и вам во оној момент кога, на пример, ќе седнете во неговиот автомобил или ќе посака да има деца или внуци.rn

    Јарец

    rnЈарецот ќе ве изненади кога со жар ќе објаснува и расчленува некои работни зафати и нови идеи, кога ќе каже дека одамна сака да ја објави книгата која ја пишувал подолго време, да го изложи своето недовршено уметничко дело, да компонира музика, да замисли некоја нова модна линија или да отпатува некаде со вас. Ако се согласите, тогаш очекувајте уште во истиот момент да го припреми теренот за заминување во Париз или Шпанија, да ги резервира картите и да се распраша за условите за престој и рекреативните понуди. Сепак, еднаш се живее.rn

    Водолија

    rnМожно ли е една Водолија да изненади или да шокира некој, воопшто? Се разбира дека може, и тоа знае да се случи токму во оној момент кога ќе дојде на време дома, а вие тој ден сте решиле да се откажете од идејата за заеднички ручек и сте отишле во посета на пријателите. Ќе ѝ испратите порака, а таа се разбира уредно ќе ви одговори. Вие, природно, ќе започнете да се прашувате што се крие зад ова однесување. Всушност, ништо не се случило, Водолијата е седната на двоседот и го гледа омилениот квиз. Мобилниот телефон непрекинато ѕвони, но ставен е на нечујно…rn

    Риби

    rnРибите шокираат и кога делуваат конфузно и кога се навистина такви, но и кога се прават дека се такви, па ви доаѓа малку да се преиспитате бидејќи сега и вие сте збунети. Но, нив веќе им успеало да ја остварат и завршат работната идеја од која вам ви се кревала косата. А потоа, излегува дека Рибите всушност го изненадиле бизнис партнерот, а не вас, па се издишувате и повеќе не се загрижувате. Во меѓувреме, вашата љубовна партнерка веќе некому му се допаднала, додека мажите веќе успеале да ја освојат првата личност која им паднала на памет. На крајот, сите сте шокирани.

  • Зошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?

    Зошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?

    Ако историјата нешто нè научила, тоа е дека „таа“ не е непријателот.rnrnЗошто кога мажите изневеруваат, сите ја обвинуваат „другата жена“?rnrnВо аферите и скандалите со изневерување секогаш се обвинува „другата жена“ (особено ако изгледа како Кејт Аптон). Ги обвинуваме дадилките кои застануваат помеѓу славните двојки како Бен Афлек и Џенифер Гарнер, Гвен Стефани и Гавин, Џуд и Сиена Милер, и да бидеме искрени: 6 деца подоцна, многу жени сѐ уште не ја сакаат Анџелина Џоли и покрај сѐ што таа прави за светов (но Бред, Бред е супер). Длабоко во нас знаеме дека потребни се двајца за да се игра танго (со други зборови да се има секс надвор од моногамијата), па зошто тогаш жените се сѐ уште главните виновници? Да ја разгледаме психологијата зад ова размислување:rn

    1. Претпоставуваме дека мажите и онака се лоши

    rnМногу добро ја знаеме познатата изрека: „Сите мажи се исти“. Но, факт е дека мажите се оние кои ги извршуваат повеќето ужасни криминални акти кои ги гледаме на ТВ или ги читаме по весниците.rn

    „Постои мислење дека мажите се кучиња, а жените се добри. Кога жените ќе направат нешто лошо, полесно е да им се налутиме бидејќи мислиме дека се однесуваат различно од нивната вистинска природа“, вели д-р Кристин Хартмен, бихевиористички научник и експерт за односите помеѓу луѓето.

    rnТоа е како да прекршиле некој свет закон. Жената се смета за лошата вештерка, додека мажот е обвинет дека направил грешка, кога во реалноста, тој е личноста која прекршила некаков договор.rn

    2. Полесно е да ја мразиме „Неа“

    rn

    „Другата жена е лесна цел – особено ако не ја познавате или ако не е ваш пријател. Мразењето на личноста која ја сакате, од друга страна, е збунувачко. Ако го обвинувате него, почнувате да си поставувате прашања од типот ‘Што ако мојот брак или мојата врска е лага?’ или ‘Дали ќе бидам сама до крајот на животот?’ Така, поголемиот дел од времето ја мразиме и обвинуваме неа бидејќи планираме да останеме, но ни треба нешто или некој врз кој ќе го истуриме сиот гнев“, вели д-р Бренди Енглер, психолог и автор на книгата „Мажите на мојот кауч“.

    rn

    3. Мислиме дека таа го завела

    rn

    „Мислиме дека ако се ослободиме од неа, сѐ ќе биде во ред. Ја гледаме како виновникот кој го заведува мажот и затоа му е лесно да изневерува. Но, знаеме дека има милиони причини зошто мажите изневеруваат и обично тоа не е толку едноставен проблем каде единственото решение е да се ослободиме од другата жена. Тоа е исто како да сме ублажиле само еден симптом“, вели Хартмен.

    rnШто е најефективно? Заборавете ја одмаздата кон другата жена и обидете се да го разберете неговото однесување.rn

    „Ретко кога мажите изневеруваат бидејќи нивната партнерка не е привлечна или пак, личноста со која ве изневерувал била поубава. Обично тој тоа го прави бидејќи е лут на својата партнерка или не му биле задоволени емоционалните и физичките потреби“, вели Енглер.

    rnНаредниот пат кога ќе тешите некој пријател кој бил изневерен или кога ќе се соочувате со ситуација каде вие сте изневерената личност, смирете го искушението да ѝ се одмаздите на другата жена. На крајот од денот, таа е само уште една личност во потрага по љубов.

  • Момците се согласија: Ова се работите кои не сакаат да ги видат на социјалните мрежи

    Момците се согласија: Ова се работите кои не сакаат да ги видат на социјалните мрежи

    Вашето однесување на социјалните мрежи може да ги одбие момците. Дали некогаш сте се запрашале што тие не сакаат да видат на нашите профили на социјалните мрежи? Момците се согласија и искрено ни одговорија. Ова се работите кои не можат да ги поднесат.rnrn1-momcite-se-soglasija-ova-se-rabotite-koi-ne-sakaat-da-gi-vidat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Премногу селфи фотографии

    rnПо некоја селфи фотографија е сосема во ред, но целиот профил со скоро исти фотографии остава лош впечаток. Бидете повеќе креативни кога се фотографирате.rn

    2. Приватни драми

    rnНе морате секој ваш проблем да го споделите јавно. Задржите нешто за себе или во рамки на разговорот со вашите пријателки кога ќе излезете на кафе. Во спротивно, ќе го преплашите.rnrn2-momcite-se-soglasija-ova-se-rabotite-koi-ne-sakaat-da-gi-vidat-na-socijalnite-mrezhi-www.kafepauza.mk_rn

    3. Хаштагови

    rnСите ние сакаме лајкови и нови следбеници, но тоа воопшто не значи дека под секоја фотографија мора да има 1.000 хаштагови. Колку време потрошивте додека ги напишавте сите?rn

    4. Претерана активност

    rnПравите ли нешто друго во животот, освен што „висите“ на социјалните мрежи? Така излегува дека не правите ништо друго во животот, освен што висите на Фејсбук, што се гледа по вашите 30 објави на ден, 100-те слики кои ги лајкнувате секојдневно… Тој ќе знае дека сте без обврски и дека немате некоја попаметна работа во животот, а никој не сака залудни девојки.