КАФЕ ПАУЗА

Tag: одмор

  • Мали совети за да ги избегнете ситниците што можат да ви го уништат одморот

    Мали совети за да ги избегнете ситниците што можат да ви го уништат одморот

    Веќе го имате испланирано вашиот летен одмор и се надевате дека ќе ви биде најдобриот досега. Додека ги завршувате последните подготовки, ви се појавуваат анксиозни мисли за сè што може да тргне во погрешен правец… Но не грижете се, ние имаме совети како да бидете подготвени за секој проблем на којшто можете да наидете за време на вашиот одморот.rnrn(1) soveti-kako-da-gi-izbegnete-sitnicite-koi-mozhat-da-vi-go-unishtat-odmorotrn

    Сончаница

    rnСите сакаме темен тен и немаме никаков проблем со сончањето со часови, сè додека не го добиеме посакуваниот бронзен тен. Но, доколку се претера, може да доведе до сончаница која воопшто не е пријатна. Таа се манифестира преку покачена температура, сува кожа, црвенило и чешање во вид на алергија, гадење, вртоглавица и слично – симптоми кои дефинитивно никој не сака да ги искуси за време на одморот.rnrnЗатоа внимавајте почесто да поминувате време под сенка, да се разладувате во морето или базенот и задолжително да нанесувате крема со заштитен фактор. Доколку се случи да претерате со сончањето, тргнете се од сонцето, истуширајте се со топла вода, внесете доволно течности за да се разладите внатрешно и одмарајте. Ладните облоги исто така помагаат во намалувањето на температурата. По неколку часа би требало да се чувствувате подобро.rn

    Проблеми со стомакот

    rnЕдна од најлошите работи која може да ви се случи за време на одморот е стомачниот вирус. Факт е дека промената на климата, ладната вода, жешкото време и консумирањето лесно расипливи намирници се главните причини поради кои би можеле да заглавите во тоалет за време на одморот. Постои превенција која вклучува консумирање пробиотски препарати, како и свежо овошје и зеленчук, супи, јогурт и негазирана минерална вода.rnrn(2) soveti-kako-da-gi-izbegnete-sitnicite-koi-mozhat-da-vi-go-unishtat-odmorotrn

    Уринарни инфекции

    rnАко стомачниот вирус не е најлошата работа што може да ви се случи за време на летниот одмор, тогаш тоа се уринарните инфекции. Непријатната болка во долниот дел на стомакот и постојаната потреба за уринирање проследено со пецкање дефинитивно можат да ви го уништат одморот, и сето ова се случува поради дехидрација и влага.rnrnПа, што можете да направите за да си помогнете во ваков случај? Најпрво, треба да пиете многу вода и никако да не го одложувате одењето во тоалет. Потоа, избегнувајте тесна облека и веднаш штом излезете од водата, облечете сув костим за капење. За секој случај, понесете и лекарства против уринарни инфекции.rn

    Болка во заб

    rnВисоките, летни температури влијаат на проширувањето на крвните садови и го зголемуваат ризикот од размножување на бактерии, кои пак предизвикуваат инфекција, воспаление и болки. Сигурни сме дека не сакате да минувате низ вакви болки за време на одморот, па затоа ви предлагаме да извршите стоматолошки преглед пред заминувањето на одмор.rnrnОсвен тоа, имајте на ум да спакувате нови четки за заби како и сите останати производи за нега и грижа на вашите заби и уста. Во случај да се појави болка во некој заб, најдобро е да имате со вас аналгетик, а на болното место ставете ладна облога (од надворешната страна на образот). Стоматолозите советуваат никако да не ја плакнете устата со алкохол ниту пак да ставате аспирин директно на забот.rn

    Дехидрација

    rnИако консумирањето течности е неопходно преку целата година, посебно внимание треба да обрнете за време на летниот период. Најдобриот превентивен совет кој можеме да ви го дадеме е да пиете доволно вода за безгрижно да уживате во летото!rnrn(3) soveti-kako-da-gi-izbegnete-sitnicite-koi-mozhat-da-vi-go-unishtat-odmorotrnrnПрочитајте и дали е паметно да ја одложите менструацијата за време на летниот одмор.

  • 5 причини зошто сексот во базен е лоша идеја

    5 причини зошто сексот во базен е лоша идеја

    Сите кои биле на одмор со партнерот барем еднаш посакале да имаат секс во базен. Можеби ви изгледа романтично и возбудливо во исто време, но подобро размислете уште еднаш. Сексот во базен може да звучи како добра идеја и е дел од фантазијата на многумина. Но, нашите мечти секогаш не се исполнуваат на посакуваниот начин. Прочитајте зошто не се препорачува да имате секс во базен.rnrn5 причини зошто сексот во базен е лоша идеја rnrn

    1. Сексот во базен може да биде болен

    rnПокрај тоа што повеќето лубриканти се базирани на вода, самата вода може да направи повеќе штета отколку што можете да замислите. Таа брзо го мие природниот лубрикант, па продирањето на партнерот почнува да предизвикува непријатни сензации.rn

    2. Хлорираната вода е опасна за вагината

    rnИзложувањето на хлор и други производи за чистење негативно влијаат на микрофлората на вагината – што често доведува до непријатност и инфекции.rn

    3. Зголемен ризик од полово преносливи болести и бременост

    rnКондомите не се најдобра контрацепција за секс во базен. Кога сте во вода, постои поголема веројатност нешто да тргне наопаку во критичен момент, како на пример, кондомот да се слизне или да се искине од неприродното триење.rn

    4. Не е хигиенски

    rnСпоред една неодамнешна студија од Универзитетот Алберт, просечниот базен може да содржи до десет литри урина. Сигурно не сакате таа да влезе во вас!rn

    5. Не е сè така гламурозно како на филм

    rnБазените се тврди и лизгави површини. Потребен е само еден погрешен потег за да се повредите. Подобро е да не ризикувате, па практикувајте секс на копно, а потоа освежете се во базен.rnrnДознајте кои се најчести стравови во сексот според сексуалните терапевти.

  • Каков летен одмор е идеален за секој хороскопски знак?

    Каков летен одмор е идеален за секој хороскопски знак?

    Море или копно? Активен одмор или лежење? Далечни неоткриени дестинации или добро познати места на кои секогаш се чувствувате пријатно? Во продолжение дознајте каков вид одмор е идеален за секој хороскопски знак и кои дестинации ви ги препорачуваат ѕвездите.rnrnКаков летен одмор е идеален за секој хороскопски знак?rn

    Овен

    rnНа некои луѓе, за време на летниот одмор, излежувањето и впивањето сонце на плажа им е сосема доволно, додека на Овните им треба малку повеќе возбуда и активности. За да се вратат освежени во секојдневието тие мора да ја исфрлат нивната енергија на одмор. Затоа најмногу сакаат патувања што се преполни со активности што им одговараат на нивната енергична и социјална природа.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Одморалиште во коешто е вклучено сè, со разни спортски активности на егзотична и топла локација како Хаваи или Кариби.rn

    Бик

    rnБез оглед на тоа за каков вид одмор се работи, Биковите сакаат да бидат третирани како кралеви. Максимално треба да им се угоди на сите желби и потреби. Не се љубители на големи авантури и сакаат дестинации каде што ќе се чувствуваат удобно, но сакаат и да посетат некое место со доволно занимливи содржини.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Париз, хотел со голема спа оаза во која секојдневно ќе уживате во масажи.rn

    Близнаци

    rnКлучот за совршен одмор за Близнаците е угодување на умот, телото и духот. Тие се родени истражувачи кои со часови би лутале низ улиците во потрага по познати градби, археолошки локалитети, музеи и сјајни ресторани во кои ќе соберат сила за нови авантури.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Фиренца, стан со појадок во центарот на градот од кој ќе можете одма да појдете во галеријата Уфици и да им се восхитувате на делата на Ботичели.rn

    Рак

    rnНе можете лесно да ги извадите Раковите од дома, но дури и ним им е потребно малку патување во животот. Тие му се радуваат на одморот, но не и на процесот на подготовки за пат. Наместо долг одмор, Раковите преферираат пократки патувања во друштво на семејството или најблиските пријатели.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Мирен продолжен викенд на италијанското езеро Лаго ди Гарда покрај кое задолжителна е посетата на забавниот парк Гардленд.rn

    Лав

    rnКога се во прашање патувањата, Лавовите обожаваат луксуз. Тие не сакаат да бидат задоволни, туку сакаат да бидат воодушевени. Сакаат живи и забавни дестинации со добра енергија на кои ќе уживаат баш во сè, од природа и храна до луд ноќен живот.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Буенос Аирес, соба во хотел со пет ѕвездички и најубав поглед на градот, уживање во првокласни аргентински закуски и вино и после тоа луда забава во некој бар на плажа.rn

    Девица

    rnЗа да не „прегорат“ од размислување за своите обврски и на одмор, на Девиците им е потребна дестинација која е надвор од нивната удобна зона за да ги воодушеви и да им ги оттргне мислите од секојдневните проблеми. Тие сакаат активни патувања, но исто така мора да имаат и доволно време за одмор.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Перу, качување до светиот град Инки Мачу Пикчу, а после тоа излежување на плажите во Лим.rn

    Вага

    rnВагите најмногу сакаат одмор кој ќе ги збогати и стимулира интелектуално. Затоа најдраги дестинации им се оние што се богати со историја, полни со важни знаменитости и градби чиишто ќошиња можат да бидат истражени од страна на љубопитните Ваги.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Истанбул, волшебен град на два континенти и поранешна престолнина на римското, византиското и отоманското царство.rn

    Скорпија

    rnОние патувања кои другите можеби би ги преплашиле, на храбрите и незапирливи Скорпии им се само предизвик што ќе го прифатат со ширум отворени раце. Тие имаат потреба од авантури за паметење и дестинации кои сè уште кријат неистражени области.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Јоханесбург, еден од најмодерните африкански градови преполн со траги од турбулентно минато.rn

    Стрелец

    rnПрирода, природа и уште малку природа. Тоа е она што им треба за одмор на Стрелците. Нема таква планина преку која не можат да преминат за да дојдат до нови природни убавини. Подготвено ќе го стават ранецот на грб и ќе се упатат кон планинарење или кампување под ѕвездите.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Аризона, истражување на неверојатниот Голем Кањон и сплаварење на реката Колорадо.rn

    Јарец

    rnИсто како и Вагите, така и Јарците сакаат патувања што ќе ги збогатат. Јарците едноставно мора да знаат дали ќе им се исплати патот и дали е паметно да го инвестираат нивното време во посета на одредена дестинација. Сакаат да појдат на важни места и таму што повеќе да научат.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Њујорк, дом на стотици музеи, уметнички галерии и разновидни културни центри.rn

    Водолија

    rnШто ги привлекува Водолиите? Нови места, нови луѓе, нови идеи. На Водолиите одморот треба да им обезбеди оттргнување од секојдневието и допир со занимливи култури на кои не се вообичаено изложени.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Јапонија, двонеделна турнеја по најпознатите јапонски градови со неизбежна посета на историски знаменитости.rn

    Риба

    rnНа Рибите доволна им е некоја далечна тропска дестинација на која со денови непрекинато ќе уживаат на сонце и море. Тие сакаат максимално да се опуштат и да се препуштат на сонувањето.rnrnИдеален летен одмор и дестинација: Малдиви, рај на земјата збогатен со прекрасни песочни плажи и тиркизно море.rnrnДознајте која е вашата летна песна за 2019 година според хороскопскиот знак.

  • Глисер на дување е новиот летен хит што ќе направи да се чувствувате како милионери

    Глисер на дување е новиот летен хит што ќе направи да се чувствувате како милионери

    Летото е веќе тука, па сигурно веќе го планирате вашето викенд бегство со најдобрите пријатели и семејството! Но, ако сакате вистински да се релаксирате, може да биде навистина скапо. За среќа, постојат многу начини да организирате одмор без да потрошите пари. Еден од нив е да купите глисер на дување! Ако не сте доволно богати за вистински (не грижете се, еден ден ќе стигнете таму) тогаш ова лето можете да уживате на овој душек. Всушност, сигурни сме дека е многу поудобно од вистинскиот глисер!rnrn

  • Дознајте кои се најисплатливите градови за одмор во Европа

    Дознајте кои се најисплатливите градови за одмор во Европа

    Доколку планирате патување низ Европа ова лето, треба да ја погледнете листата со најисплатливи градови за посетување, која ја направи Британската пошта. Според неа, Вилниус во Литванија е прогласен за град со најдобри вредности за мини одмор, ако ги земеме предвид цените и она што градот може да го понуди за посета.rnrnrnrnИзвештајот ги споредува просечните цени што туристите ќе треба да ги платат за 12 видови содржини, за одмор во 48 европски дестинации. Понудата вклучува разни пијалаци, вечерен оброк за двајца со вино, сместување со две ѕвездички за двајца возрасни, градски разглед и градски превоз.rnrnВо главниот град на Литванија, вкупниот трошок за сето ова изнесува 165,24 евра. Сместувањето е, исто така, меѓу најевтините, поточно 78,51 евра за две ноќевања. Белград е на второто место, со вкупен трошок од 193 евра, Варшава се најде на третото место со 180 евра, а Краков, најевтиниот град минатата година, падна на 13. место на листата, со трошок од околу 225 евра.rnrnОд останатите земји, исплатливо би било да ги посетите и Истанбул, Букурешт, Порто, Рига, Братислава, Москва и Прага бидејќи тие ги држат останатите седум позиции на листата на топ 10 најисплатливи градови во Европа.rnrnПрочитајте и за тоа кои европски дестинации се идеални за патување со воз.

  • Како да го направите овој викенд вистински одмор за душа?

    Како да го направите овој викенд вистински одмор за душа?

    Ако и вие имавте напорна недела, тогаш мора да го искористите овој викенд за одморање на вашата душа доколку сакате да се освежите и да ги наполните батериите со цел да бидете одморени и фокусирани за враќање на работа од понеделник. Погледнете ги следниве неколку идеи за квалитетен викенд одмор што ќе ве исклучат од сите работни обврски и ќе ве вратат во нормала.rnrnrn

    1. Пишување

    rnБез разлика дали станува збор за дневник или пак, за креативно изразување, пишувањето е еден од најдобрите начини да го исфрлите целиот стрес од вашето тело и да го одморите умот.rn

    2. Кафе со сакана личност

    rnБез разлика дали станува збор за член од семејството, за пријател/ка или пак, за вашиот партнер, особено ако сте биле премногу зафатени да се видите периодов – јавете им се и поканете ги на шолја кафе во вашиот дом.rn

    3. Играње или шетање со домашниот миленик

    rnДокажано е дека животните имаат терапевтско влијание на човекот и дека делуваат антидепресивно. Токму затоа посветете внимание на своето милениче, поиграјте малку со него или излезете на попладневна прошетка.rn

    4. Читање книга

    rnАко пишувањето не е нешто што ве опушта, тогаш можеби читањето е совршената активност за вас! Нема нешто поубаво од губење низ страниците на добро напишана приказна со цел да го одморите и телото, и умот.rn

    5. Средување на шкафот

    rnИсфрлете сè што не сте носеле со години или што веќе не одговара на вашиот стил. Откако ќе го исчистите вашиот шкаф ќе се чувствувате многу полесно и многу поопуштено.

  • Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

    Финците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќни

    Финска, која според голем број истражувања е најсреќната држава во светот, се обидува да ја сподели нејзината среќа со сите нудејќи бесплатно летување.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnНеодамна Финската туристичка заедница ја претставила програмата „Rent a Finn“ (изнајми Финец), преку која нудат одмор во Финска, и тоа во делот од земјата којшто ви изгледа најсреќен. Сите кои ќе се одлучат да ја пробаат финската среќа, ќе поминат време со нивниот „водич за среќа“, а Финците се надеваат дека нивниот опуштен начин на живот ќе им помогне на туристите барем малку да се ослободат од стресот.rn

    „’Rent a Finn’ е кампања во која 8 обични Финци канат странци во Финска за со нив да го поделат своето искуство, бидејќи Финците сакаат да ја направат Земјата повторно среќна! Ќе ‘издаваме’ 8 обични Финци како водичи за среќа, а тие ќе им помогнат на туристите од странство одново да се поврзат со природата ова лето.“

    rnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnЕден од водичите е Еско кој е градоначалник на Рованиеми, рурален град во Лапонија. Еско изјавил дека со заинтересираните посетители сака да ги сподели убавините на финското лето, така што тие ќе имаат можност да ја посетат неговата викендичка, да берат бобинки, да се возат со брод и да играат игри.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnДруги водичи се парот Линда и Нико, кои живеат во најјужниот остров од архипелагот на Финска. Тие на туристите ќе им го покажат едноставниот островски живот, а ќе ги однесат и на едрење и кампување со нивното куче.rnrnФинците нудат бесплатен одмор во Финска за да нè научат да бидеме среќниrnrnПомеѓу водичите е и студентката и инструкторка по јога Катја, која живее во близина на Хелсинки. Таа сака да им помогне на туристите да ја искусат природата и во градско опкружување.rnrnСите кои сакаат да ги искористат водичите за среќа, треба да снимаат видео од 3 минути, во кое ќе се опишат себеси, својата врска со природата и зошто сакаат да ја посетат Финска. Исто така треба да се пополни и апликација на нивниот веб-сајт, а на избраните ќе им бидат покриени сите трошоци за патувањето. Доколку и вие сакате да изнајмите Финец, пополнете ја онлајн пријавата тука.rnrnДоколку имате среќа и сте добитник на патувањето, тогаш сигурно ќе сакате да ги знаете интересните факти за животот во Финска.

  • 6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка

    6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминка

    Секоја жена сака да изгледа убаво, а шминката е еден од начините да го постигне тоа. Со шминката лесно можете да ги прекриете речиси сите несовршености, но и таа има свои недостатоци. Овие продукти се полни со хемикалии кои понекогаш можат да ѝ наштетат на вашата кожа. Па погледнете зошто понекогаш е добро да го одморите лицето од шминка.rnrn6 причини зошто да го одморите вашето лице од шминкаrn

    1. Ќе ви се намалат порите

    rnКога честичките од шминката доаѓаат во контакт со штетните материи од воздухот, се создава нечистотија која ги затвора порите. По некое време овие пори се прошируваат и можат да ви создадат големи проблеми. Доколку не користите шминка, кожата ќе го регулира овој проблем, а ќе се намали и појавувањето на брчките.rn

    2. Помалку мозолчиња

    rnРедовното шминкање може да предизвика појава на мозолчиња поради токсините кои се впиваат во кожата. Четките за шминкање можат дополнително да го влошат проблемот. Доколку не ги чистите редовно, на нив се создаваат бактерии кои потоа завршуваат на вашата кожа. Сето ова предизвикува проблеми со акни и мозолчиња.rn

    3. Навлажнување на сувата кожа

    rnШминката навистина ѝ штети на сувата кожа бидејќи го спречува природното обновување на клетките. Наместо тоа, мртвите клетки се таложат и кожата почнува да се суши. Доколку имате проблем со сува кожа, најдобро е да избегнувате шминка, или да најдете продукти кои се погодни за вашиот тип. Исто така редовно користете хидратантна крема.rn

    4. Ќе се намалат алергиските реакции

    rnМногу продукти за шминкање се полни со сулфати и метали, а токму тие можат да предизвикаат алергии. Алергиите можат да се манифестираат како црвенило или сувост, а тоа значи дека одреден вид шминка не одговара на вашата кожаrn

    5. Подобро здравје

    rnКога ќе ја намалите нечистотијата на кожата, таа ќе стане мазна и нежна. Доколку можете 2-3 дена неделно да избегнувате шминки, вашата кожа, но и вашето тело ќе бидат поздрави. Имено, канцерогените материи кои се наоѓаат во кармините можат да го зголемат и ризикот од висок притисок, па дури и да делуваат на вашата плодност.rn

    6. Помалку воспаленија на очите

    rnДоколку ве чешаат очите или сте забележале отоци и црвенило, причината може да биде вашата шминка. Всушност, маскарата го поттикнува ширењето на бактериите и може да предизвика непријатно чувство на очите.rnrnОд голема важност е и какви продукти за шминкање користите, па погледнете ги знаците кои покажуваат дека купувате шминка која не ви одговара.

  • Погледнете како изгледа денот за одмор и размислување на Дипак Чопра

    Погледнете како изгледа денот за одмор и размислување на Дипак Чопра

    Доктор Дипак Чопра е експерт за благосостојба и „кралот“ на алтернативната медицина, па не треба да ве изненади фактот што неговиот просечен викенд вклучува вежбање јога, пешачење и многу размислување.rnrnПогледнете како изгледа денот за одмор и рефлексија на Дипак Чопраrn

    „Недела е ден за одмор. Не е ден за обврски. Нема ништо толку важно што можете да го испуштите.“

    rn

    Грижа за менталното и физичкото здравје

    rnКога е ден за одмор, Чопра всушност прави многу. Се буди во 5 часот наутро и ги поминува првите два часа од денот медитирајќи во креветот.rn

    „Практикувам свесност за телото и дишењето прашувајќи се: Како можам да го имам најрадосниот ден?“

    rnОд 7:30 до 8:30 часот тој вежба јога, а потоа пие не една, туку дури три шолји кафе.rnrnОколу 9:30 часот ѝ се придружува на неговата сопруга на прошетка околу Њујорк. Секој пат се обидуваат да изодат најмалку 8 километри. По прошетката ручаат заедно. Потоа го минува попладнето анализирајќи ги неговите одлуки и мисли, додека неговата „подружељубива“ сопруга најчесто оди во кино или во музеј со пријателите.rn

    Време за креативни проекти

    rnПотоа работи на книгата што ја пишува моментално – 89-та по ред. По работењето чита, ги забележува неговите мисли и се подготвува за претстојните предавања.rn

    „Следните 30 минути запишувам белешки што ми се собрале во главата, или се подготвувам за говорот што ќе го држам.“

    rnГо завршува попладнето медитирајќи и размислувајќи за неговиот ден. Во тој период се враќа кај неговата сопруга, па остатокот од денот го минуваат заедно. Вечераат, пред спиење одат на прошетка во соседството и ги гледаат вестите. Околу 9 часот повторно вежба јога и оди на спиење.rnrnНавистина исполнет распоред за мирен ден за одмор и размислување.rnrnПрочитајте ги и најдобрите цитати од Дипак Чопра кои ќе ја инспирираат вашата внатрешна мудрост.

  • Истражувањата покажале дека одењето на одмор може да ви помогне да живеете подолго

    Истражувањата покажале дека одењето на одмор може да ви помогне да живеете подолго

    Кога ќе го смените работното место или кога се обидувате да добиете унапредување, можеби воопшто не ни планирате да ги искористите деновите за одмор за таа година. Но потребно е добро да размислите пред да ја донесете таа одлука. Според едно истражување од Универзитетот во Хелсинки, одењето на одмор може да ви помогне да живеете подолго.rnrnИстражувањата покажале дека одењето на одмор може да ви помогне да живеете подолгоrnrnИстражувањето траело од 1974-та го 2014-та година и во него учествувале 1.222 средовечни мажи родени помеѓу 1919 и 1934 година. Сите мажи имале барем едно нешто што им го зголемувал ризикот од кардиоваскуларни болести. Некои мажи биле пушачи, некој имале висок холестерол, некои биле со прекумерна тежина, а некои имале висок крвен притисок.rnrnМажите биле поделени во две групи по случаен избор – група за контрола и група за интервенција. Групата за контрола продолжила со нивните животи како и претходно, а групата за интервенција посетувала доктор на секои 4 месеци и добивала совети за тоа како да живее поздрав живот. Ако советите не помагале, добивале и лекарства.rnrnПо завршувањето, истражувачите забележале нешто навистина изненадувачко кај групата за интервенција. Луѓето од оваа група кои поретко земале одмор имале 37% поголем ризик од смрт помеѓу 1974-та и 2004-та година. Овие луѓе живееле здрав живот, но она што направило вистинска разлика било времето што го одвојувале за намалување на стресот. Паузите од работа значително им помогнале на мажите од оваа група.rnrnИстражувачите ги претставиле нивните откритија на Конгресот на европското друштво за кардиолози во 2018-та година. Еден од истражувачите, професор Тимо Страндберг, објаснил зошто било важно овие мажи да земаат одмор.rn

    „Во нашето истражување, мажите со пократки одмори работеа повеќе и спиеја пократко од оние со подолги одмори. Овој стресен животен стил ја поништил секоја предност од интервенцијата.“

    rnПрофесор Страндберг се надева дека луѓето ќе почнат повеќе да ги користат деновите за одмор бидејќи тоа е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот.rn

    „Немојте да мислите дека здравиот животен стил ќе надомести за пренапорното работење и некористењето на деновите за одмор. Одморите се одличен начин да се ослободите од стресот.“

    rnМоже да биде навистина тешко да најдете вистинско време за земање одмор, но од ова можете да имате многу придобивки. Како што покажало истражувањето, одморите можат навистина да го подобрат вашето физичко здравје.rnrnДруги истражувања покажале дека одморите можат да го подобрат и вашето ментално здравје. Тие ви помагаат да бидете попродуктивни, да се чувствувате порелаксирано и да имате контрола над животот. Па ако барате начин да го продолжите вашиот живот, одењето на одмор е еден начин да го направите тоа.rnrnПогледнете и што прават 10 дена одмор на море за вашето здравје.