КАФЕ ПАУЗА

Tag: одмор

  • 4 причини зошто понекогаш треба да бидете себични

    4 причини зошто понекогаш треба да бидете себични

    Грижата за себе е тема со која се среќавате на секој чекор, но не станува збор само за нега на кожата, долги релаксирачки бањи, јога и вкусна и здрава храна. Грижата за себе значи да имате здрав однос кон себе и кон луѓето околу вас. Понекогаш, ако се ставите себеси на прво место, на многумина ќе им изгледате како себична личност. Но, не дозволувајте тоа да ве спречи да го послушате внатрешниот глас што сака да управува со вашите одлуки. Тој глас е во вас со причина, а ако го слушате, ќе разберете зошто понекогаш треба да бидете „себична личност“.rnrn4 причини зошто понекогаш треба да бидете себичниrn

    1. Бидете себични кога ви треба одмор

    rnКога ќе почувствувате емотивен, ментален или физички замор, време е да се одморите. Во ред е да ги откажете средбите и да не се појавувате на настани што не се од големо значење и да се ставите себеси на прво место. Понекогаш одморот ќе значи гледање серии цел ден, понекогаш спиење, а понекогаш ќе биде во форма на мали ритуали од кои ги полните батериите.rn

    2. Бидете себични кога сакате да бидете сами

    rnНекои луѓе нема да ве разберат кога ќе изберете да останете дома наместо да излезете надвор, но не се чувствувајте лошо за тоа. Секој понекогаш треба да има време само за себе. Вашиот календар не мора да биде полн со настани ако не сакате да се дружите. Во ред е да се одморите од луѓето, дури и од најблиските.rn

    3. Бидете себични по големите промени во животот

    rnГолемите промени во животот, како што се губење на работното место, раскинување на долга врска или смрт на најблиските, честопати бараат период без дружење, луѓе и настани. Во такви периоди од животот, секоја личност реагира различно. Ако сметате дека ви треба пауза од сите оние работи што порано ве исполнуваа, сторете го тоа без каење.rn

    4. Бидете себични ако чувствувате дека давате премногу

    rnАко сметате дека премногу им давате на некои луѓе и не добивате ништо за возврат, тргнете се настрана. Без разлика дали се работи за луѓе што ги познавате со години, за роднини или за личности со кои штотуку се запознавте, не двоумете се кога станува збор за исфрлање на таквите луѓе од вашиот живот. Грижата за себе подразбира отворено отфрлање на одредени луѓе и работи што веќе не се добри за вас. Да кажете „не“ значи да се ставите на прво место и тоа е сосема во ред.rnrnПогледнете ги овие 5 начини на грижа за себе кои секоја жена би требало да ги применува.

  • Како да одвоите време за одмор и да се опуштите додека работите од дома?

    Како да одвоите време за одмор и да се опуштите додека работите од дома?

    Работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот стана вообичаена за многумина. Не само што се промени начинот на работа, туку и начинот на кој се одморате. Наместо да јадете ручек во ресторан со колегите, сега јадете сендвич набрзина, истовремено проверувајќи го вашиот мејл. Како да го промените тоа?rnrnКако да одвоите време за одмор и да се опуштите додека работите од дома?rnrnИсклучително е важно да се исклучите и да се обидете да се оттргнете од работата за време на паузата за ручек. Најдобро е да ја вклучите опцијата „режим на летање“ на вашиот телефон.rnrnАко бевте на ручек заедно со колегите, веројатно не би одговориле на телефонските повици. Ако не ви помага ни опцијата „режим на летање“, чувајте го вашиот мобилен телефон во некоја фиока што можете да ја заклучите. Тоа е одлично решение да не гледате цело време во екранот.rnrnЛуѓето кои живеат сами и им недостасува разговор со други луѓе, може да организираат ручек со нив за време на паузата. Но, кога ќе организирате ручек надвор од дома додека работите од дома, не одете премногу далеку затоа што на тој начин би можеле да бидете изложени на непотребен стрес. Сепак, таа одлука зависи и од самата личност и од тоа дали таа сака да ја помине паузата со другите луѓе. Понекогаш интровертите претпочитаат да ја поминат паузата за ручек во ресторан без друштво на други луѓе.rnrnПокрај паузата за ручек, секој што работи од дома треба да се обиде да воведе уште неколку кратки паузи во својот дневен распоред. Ако работите од дома, може да легнете на креветот, но важно е да не спиете повеќе од петнаесет минути.rnrnПоради пандемијата на коронавирусот, подолгите патувања сè уште се многу неизвесни. Но, потребна ви е промена на околината, особено ако вашиот дом се претворил во канцеларија. Ако сте во можност, избегајте од дома и сменете ја околината на неколку дена.rnrnЗа крај, за време на одморот, исклучете го компјутерот и другата опрема од вашата домашна канцеларија веднаш штом ќе завршите со работата за тој ден.rnrnПрочитајте на што треба да внимавате ако имате видео-состанок од дома.

  • 10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијата

    10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијата

    Сместени под дрвјата, помеѓу цвеќиња и грмушки, скриените градини се создадени за да ја одморите душата додека престојувате во нив. Не станува збор за раскошни, големи градини што ќе ве остават без здив поради својата величественост, туку за мали места на отворено што се скриени од погледите и опкружени со зеленило. Сите фантазираат за еден ваков агол во дворот, за мал свет за себе, за скриена градина во којашто ќе сакате да останете дури и откако ќе помине изолацијата.rnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrn10 скриени градини во коишто ќе посакате да останете дури и по изолацијатаrnrnПогледнете ги овие 12 идеи како да го уредите дворот за дневен престој на отворено.

  • Трендови за патување што треба да ги следите во 2020 година

    Трендови за патување што треба да ги следите во 2020 година

    Во последно време, патувањето стана важен дел од животите на луѓето. Авионските билети и сместувањето станаа исклучително поволни, без оглед на дестинацијата и на должината на патувањето. Сега можете да патувате на другиот крај на светот и не ви треба огромна сума пари за една таква авантура. Во продолжение прочитајте кои трендови за патување ќе бидат актуелни оваа година, каде и како да патувате и на што да се придржувате.rnrnТрендови за патување што треба да ги следите во 2020 година rn

    1. Кратки одмори

    rnДолгите летови и патувања каде што поминувате десет или повеќе денови веќе не се толку популарни. Кратките патувања во странство се сè повеќе популарни, особено кога станува збор за продолжените викенди неколку пати годишно во земји од коишто сте оддалечени само неколку часа со авион. На овој начин ќе ги избегнете долгото чекање на аеродромите и многуте часови поминати во авион. Исто така, можете да си дозволите пократки одмори неколку пати годишно.rn

    2. Велнес одмори во природа

    rnВелнес одморите кои ги поминувате во природа стануваат сè попопуларни, вклучувајќи ги звучната и шумската терапија. Сè повеќе сместувања нудат програми што ги промовираат личната трансформација и фокусот на менталните и на духовните ефекти од природата.rn

    3. Одржливост на луксузниот туризам

    rnСè поголем број авиокомпании се одлучуваат за еколошки прифатливи идеи, така што „зелените патувања“, чија главна цел е одржливост и грижа за животната средина, ќе станат голем тренд.rn

    4. Голем интерес за нови начини на транспорт

    rnБидејќи патувањата со авион имаат големо влијание врз животната средина, сè повеќе луѓе се одлучуваат за различни превозни средства. На тој начин, ќе се намалат климатските промени. Ако луѓето покажуваат интерес за еколошките начини на транспорт, ќе се вратат постарите и поодржливите начини на транспорт, како што се патувањето со воз или со брод.rn

    5. Вегански хотели

    rnДоколку целиот свет би се определил за живот без месо до 2050 година, би се спасиле 8 милиони луѓе и ќе се намали ефектот на стаклена градина за дури две третини. Со зголемениот број луѓе кои се одлучуваат за веганска исхрана, се појави потребата за вегански хотели. Еден од нив е првиот англиски вегански хотел кој во своите простории нема волна, свила и пердуви, а ресторанот се заснова на растителна храна.rnrnПрочитајте кои се новите ограничувања што треба да ги знаете за да не си го уништите вашето следно патување.

  • Знаци кои укажуваат на тоа дека треба да успорите и да се одморите: Еве кои се слабостите на секој хороскопски знак

    Знаци кои укажуваат на тоа дека треба да успорите и да се одморите: Еве кои се слабостите на секој хороскопски знак

    Понекогаш едноставно ви е преку глава од сè и не можете да се вратите во вашиот колосек. Во текстот подолу откријте кои се знаците кои укажуваат на тоа дека ви е потребен одмор. Еве што велат астролозите на оваа тема.rnrnЗнаци кои укажуваат на тоа дека треба да успорите и да се одморите: Еве кои се слабостите на секој хороскопски знакrn

    Овен

    rnЛошо сте расположени и ги нервирате сите.rn

    Бик

    rnПремногу сте самосвесни, вознемирени и напнати.rn

    Близнаци

    rnПрестанавте да спиете, правилно да се храните и да се дружите.rn

    Рак

    rnСтанавте премногу емотивни, постојано сте на работ да заплачете.rn

    Лав

    rnПремногу сте расеани и постојано губите концентрација.rn

    Девица

    rnИмате проблеми со спиењето. Не може едноставно да го „исклучите“ мозокот.rn

    Вага

    rnНикогаш не го оставате вашиот телефон, никогаш не престанувате да одговарате на пораките, никогаш не престанувајте да работите.rn

    Скорпија

    rnПочнавте да се изолирате, да ги игнорирате пораките и да ги откажувате плановите.rn

    Стрелец

    rnПочнавте премногу да размислувате за нештата. Имате потешкотии дури и во донесувањето на наједноставни одлуки.rn

    Јарец

    rnПочнавте лесно да се вознемирувате, дури и најмалата работа ве фрустрира.rn

    Водолија

    rnГо изгубивте апетитот, имате главоболки и болки во стомакот.rn

    Риби

    rnПочнавте да се дистанцирате од пријателите и семејството.rnrnМожеби сакате да дознаете и како се караат хороскопските знаци: Некаде летаат пердуви, а некаде се влегува во ринг.

  • Направи сам: Лулашка од платно за совршен одмор

    Направи сам: Лулашка од платно за совршен одмор

    Без оглед на целата технологија што ја обезбедува 21-от век, некои работи и активности се имуни на промените што ги носи модерното време. Лулашките се меѓу таквите и дефинитивно се задолжителни кога станува збор за одмор и уживање.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrnТие се интересни за децата, како и за возрасните, па секој би можел да го помине своето слободно време на нив, уживајќи во природата, во добра музика или во некоја убава книга.rnrnИмајќи го ова предвид ви предлагаме сами да направите лулашка, што ќе биде целосно во склад со вашите потреби и афинитети. Ова е предизвикувачки проект и треба повеќе да се потрудите, но доколку строго ги следите упатствата ви гарантираме апсолутно уживање.rn

    Потребни материјали:

    rn

      rn 011

    • Дрвена дабова прачка со дебелина од 3,5 цм и должина од 90-100 цм
    • rn 011

    • 500 цм јаже изработено од плетен полипропилен
    • rn 011

    • Платно 200 х 200 цм
    • rn 011

    • Машина за шиење
    • rn 011

    • Пегла
    • rn 011

    • Акрилни бои
    • rn 011

    • Четка
    • rn 011

    • Кука од не’рѓосувачки челик
    • rn

    rn

    Постапка:

    rn1. Преклопете го платното на половина и ставете го на рамна површина, така што преклопениот дел да биде од лево. Со линијар измерете 20 цм од горниот десен раб и обележете ја точката. Со пенкало, поврзете ја означената точка со долниот десен агол на преклопеното платно и внимателно со ножици, отстранете го означениот дел.rnrn2. Раширете го платното и ставете го на рамна површина. Преклопете го горниот раб за 1 цм и пеглајте го. Потоа, преклопете го за уште 1 цм, повторно пеглајте и сошијте ја страната по целата должина. Повторете ја истата постапка со долниот дел.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn3. Завртете го платното за 90 степени во лево, така што подолгиот порабен дел да дојде од десно. На двете страни на платното направете џебови пред да шиете, како што е прикажано на сликата. Низ џебовите треба да минува јажето.rnrn4. Откако ќе го направите џебот, свиткајте го работ околу 4 цм (доволно за да помине јажето) и почнете да шиете. Повторете ја истата постапка на двете страни.rnrn5. Откако ќе ги сошиете сите рабови, можете да го украсите платното со акрилни бои.rnrn6. Од двете страни на краевите на прачката, направете две дупки (на 5 и на 10 цм). Треба да имате вкупно 4 дупки, како што е прикажано на сликата.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn7. Едниот крај на јажето врзете го во јазол, така што под јазолот ќе останат околу 7 цм. Слободниот дел од јажето протнете го надолу низ надворешната дупка на прачката. Продолжете со протнувањето преку долниот (поширокиот) дел на платното, па кон горниот (потесниот) дел. Кога јажето ќе помине низ целиот раб на платното, пред да го протнете низ внатрешната дупка на прачката направете јазол (на околу 90 см од првиот јазол).rnrn8. Продолжете да протнувате надолу низ другата надворешна дупка на прачката. Потоа измере повторно 90 см од крајот (слободниот дел) и врзете лабав јазол. Протнете го јажето и низ другата страна на платното и потоа нагоре низ последната дупка на прачката пред да завршите со јазол со 7 цм слободни. Доколку двете страни на лулашката не се еднакви, прилагодете ги јазлите пред цврсто да ги потегнете.rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrn9. Најдете го центарот на јажето над прачката и врзете јазол оставајќи околу 20 цм слободни, па закачете го за куката. Вашата лулашка е готова!rnrnНаправи сам: Лулашка од платно за совршен одморrnrnПрочитајте за овие 10 интересни начини со кои старите џемпери ќе ги претворите во нешто ново.

  • 18 работи кои треба да почнеме одново да ги правиме

    18 работи кои треба да почнеме одново да ги правиме

    Нештата се многу поразлични денес. Луѓето и околностите се сменија заедно со напредокот на технологијата, па заборавивме да ги правиме нештата што порано нè правеа среќни. Во продолжение е листа од 18 нешта на кои треба да им се вратиме и да им посветиме време.rnrn18 работи кои треба да почнеме одново да ги правимеrnrn1. Да пишуваме рачно. Без разлика дали се тоа писма до нашите пријатели, список за во продавница, целите кои сакаме да ги постигнеме во текот на неделата, пораки до нашите сакани, картички со кои ќе им се заблагодариме на нашите соработници…rnrn2. Да имаме време да уживаме не правејќи ништо. Како во прединдустриското општество и кај културите кои имаат време и за попладневен одмор и долги седенки во кои уживаат заедно.rnrn3. Да размислуваме пред да одговориме. Станавме условени да ги бараме нештата веднаш. Некој ќе постави прашање и ние веднаш треба да одговориме. Не беше така пред инстант пораките. Знак на вистинска интелигенција и самодоверба е кога на некој му треба време да размисли за прашањето и да го продлабочи, а потоа да одговори.rnrn4. Да зготвиме убав оброк само заради тоа што така ни текнало. Поради тоа блиските ќе бидат благодарни, а готвењето ќе ни донесе радост.rnrn5. Да се дотераме без некоја посебна пригода.rnrn6. Книги. Вистински книги на кои можеме да пишуваме забелешки од страните и да ги мириснеме, да го слушаме звукот на вртењето на страниците и да ставаме обележувачи за да знаеме до каде сме стигнале со читањето.rnrn7. Да им се јавиме на нашите роднини без некоја посебна причина и да ги прашаме како се.rnrn8. Да славиме за некој повод со долги вечери и многу луѓе со кои ќе разговараме и ќе пиеме заедно.rnrn9. Да чистиме, да ги офарбаме ѕидовите, да ставиме цвеќе на полиците. Тоа многу терапевтски ќе делува на нас.rnrn10. Да бидеме со нашите деца и да си играме со нив.rnrn11. Да одговараме на испратените покани навреме, а не да ги игнорираме само затоа што можеме.rnrn12. Да се исклучуваме повремено од технолошките уреди, за да не жалиме за работите кои долго сме ги посакувале, а не сме ги направиле.rnrn13. Да бидеме сигурни дека нашата врска со партнерот се базира на времето кое го поминуваме заедно. Комуникацијата преку електронските уреди е оправдана за врските на далечина, но физичкото присуство е единственото нешто што ќе ни даде чувство на поврзаност.rnrn14. Да седнеме и да слушаме музика. Иако постојано во позадина има музика, треба понекогаш да седнеме и само да ја слушаме.rnrn15. Да патуваме со воз, или ако тоа не е возможно, барем да ја истражиме околината околу нас. Особено ако живееме во некој голем град, а во близина има интересно местенце за кое не сме знаеле.rnrn16. Нашето здравје и благосостојба треба да ни бидат на прво место. Треба да користиме денови од нашиот одмор во кои ќе се релаксираме, ќе си дремнеме и ќе одмораме. Тоа не нè прави стари. Тоа е здраво.rnrn17. Да планираме нешто заедно со другите. Без разлика дали е тоа заедничка вечера или годишниот одмор за следната година. Секогаш треба да имаме нешто што едвај го чекаме.rnrn18. Да застанеме за да поразговараме со луѓето во текот на денот. Љубезно да комуницираме, затоа што тоа е важно, а ние сме го подзаборавиле. Да ги исклучиме нашите телефони за време на вечерата и да не размислуваме што сè сме поставиле на социјалните медиуми. Тоа нè оддалечува од вистинското доживување на нештата.rnrnДополнително, ако научите да уживате во животот без овие 11 работи, ништо нема да ви биде толку тешко.

  • 5 совети со чија помош полесно ќе го преживеете враќањето на работа после годишниот одмор

    5 совети со чија помош полесно ќе го преживеете враќањето на работа после годишниот одмор

    Годишните одмори веќе полека им завршуваат на сите. Училишната настава само што не почнала, се приближуваат факултетските рокови, сè се враќа во вообичаената рутина, а изгледа дека и времето ни покажува дека најтоплите денови се веќе зад нас. Со други зборови, време е за враќање на вообичаениот начин на живот. Враќањето од состојба на безгрижност во морето од обврски на многумина им паѓа многу тешко. Во психологијата познат е терминот за депресија после патување, која се препознава по уморот, загубата на апетитот, силното чувство на носталгија, а во тешките случаи доаѓа дури и до сериозни симптоми на депресија. За среќа обично исчезнува за неколку дена до неколку недели, а еве што можете да направите за да си го олесните преминот од годишен одмор во нови работни победи.rnrnrnrn

    1. Подгответе се полека

    rnВраќањето од одмор, од убавите дестинации и топли краишта е голем шок за вашиот организам и психа. Затоа е важно целосно да се подготвите. Секако од патување треба да се вратите еден или два дена порано, да ја исперете облеката, да го средите домот и да спремите што ќе носите првиот работен ден.rn

    2. Поразговарајте со колегите за најинтересните летни авантури

    rnКога ќе стигнете на вашето работно место поразговарајте со колегите. Со нив поминувате неретко и повеќе од 8 часа дневно, па е важно да се одржуваат добри односи, а тоа најдобро можете да го направите после враќањето од годишен одмор. Прашајте ги како си го поминале годишниот одмор и што правеле, дали им се случило нешто посебно интересно и слично. Здравата комуникација е полна со меѓусебна почит и искрениот интерес за колегите е од пресудна важност за пријатно работно опкружување. Притоа, треба да се има мерка и да не се испрашува другата страна ако не е многу заинтересирана за тоа. Но, ваше е да покажете дека се грижите и дека сакате заедно да ги „раскажете“ летните случувања.rn

    3. Пронајдете нешто што ве мотивира

    rnДа, тешко е од плажа со апостолки да се премине на работно опкружување, но ако пронајдете нешто што ќе ве мотивира во работниот ден, преминот ќе биде полесен. Ако работите во канцеларија во која има канцелариски прибор, кој е неопходен, започнете ја новата работна година со купување нов прибор. Поради доаѓањето на новата учебна година продавниците се полни со попусти во кои можете да најдете навистина прекрасен прибор – роковници, позлатени ножици, самолеплива хартија. Кој вели дека снабдувањето со нов прибор е само за учениците? Исто така, канцеларијата можете да ја разубавите со некое растение или некоја ситница од патувањето, нешто што ќе ве развеселува и мотивира.rn

    4. Направете планови

    rnЗа да имате на што да се радувате во новата работна година добро размислете и направете планови за тоа што сакате да постигнете. Сакате да учествувате во некоја менторска програма или самите сакате да станете ментор? Сакате ли да напредувате на вашата функција или да учите за да ја промените кариерата? Сакате конечно да го завршите одамна почнатиот проект? Направете планови за да знаете дека имате причини да се радувате.rn

    5. Продолжете си го летното чувство и наградете се

    rnСè ова ќе биде полесно ако знаете дека нè очекува уште по некој сончев ден, како и доволно прилики за дружење со најмилите. Затоа со пријателката договорете се за кафе после работа, уживајте во впивање на сончевите здрави, „украдете“ некоја вечерна прошетка низ градот пред првите дождови и уживајте во секој нов ден.rnrnДознајте на кои начини може да постигнете баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

  • Романски неврохирург тврди: Само вака правилно се одмара мозокот!

    Романски неврохирург тврди: Само вака правилно се одмара мозокот!

    Познато е дека мозокот никогаш не спие, дури ни кога спиеме. Но, за среќа сепак постојат неколку начини за тој да се одмори и стимулира. Со стимулација се подобрува неговата работа, а одморот е одличен начин да се смириме и да му го овозможиме потребниот третман. На мозокот му е потребна секојдневна позитивна стимулација. Романскиот неврохирург открива на каков начин се постигнува тоа.rnrnrn

    „Како неврохирург, често гледам тага на лицата на моите пациенти. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самиот проблем. И тоа е нормално. Мозокот не е орган кој можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот му се потребни одмор и внимание.“

    rnЗа време на празници или одмор, во искушение сме да си дозволиме премногу: јадеме и пиеме претерано, седиме на компјутер до доцна во ноќта, пушиме, пиеме многу кафе… Мозокот никогаш не спие, но постои некој начин да се одмори и стимулира. На мозокот му е потребен позитивен поттик.rnrnНеврохирургот препорачува спиење без мобилен телефон во близина. Наутро прво да се погледне во небото или едноставно да се ужива во погледот низ прозорецот за да се стимулираат визуелните центри. Негова препорака е да слушате музика што ќе ви го подигне расположението и да испиете една чаша вода веднаш после отворањето очи од сабајле.rnrnЈадете умерено бидејќи желудникот го оптоварува мозокот. Се препорачува и пиење црно вино бидејќи тоа помага при чистењето на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерате со алкохолот бидејќи тој ги напаѓа нервните клетки.rnrnНамалете го гледањето телевизија. Златното правило за одморен мозок е тишина! Одвојте време за уживање во тишина за да ги средите своите мисли. И за крај – секој ден дозволете си радост бидејќи радоста е вистинска храна за мозокот!rnrnДознајте како влијае постојаното седење врз вашиот мозок.

  • 1 грешка и 2 совети за употребата на тампони за време на летните одмори

    1 грешка и 2 совети за употребата на тампони за време на летните одмори

    Во сезоната на летните одмори сѐ повеќе жени ги заменуваат хигиенските влошки со тампони за да можат да уживаат во пливањето без никаков проблем. Затоа многу е важно да знаете некои работи пред употребата на тампони за време на летниот одмор.rnrn(1) 1-greshka-i-2-soveti-za-upotreba-na-tamponi-za-vreme-na-letnite-odmori-www.kafepauzarnrnГрешка број 1: Не ги менувате често. Тампонот би требало да се менува на секои 3 до 4 часа, и секој пат кога ќе излезете од вода.rn

    1. Дали можам превентивно да ставам тампон кога очекувам да добијам менструација?

    rnПревентивното ставање на тампон не е штетно, и жените можат да го користат доколку треба да добијат менструација, а сакаат да се бањаат.rn

    2. Дали смеам тампонот да го користам доколку имам вагинални инфекции или воспаление на мочниот меур?

    rnМоже да се користи тампон во ваква ситуација, но пред ставање тој треба да се намачка со крема против вагинални инфекции. Кога станува збор за воспаление на мочниот меур пак, тампонот треба внимателно да се става и не би требало да има проблеми.rnrnГабичните инфекции и воспалението на мочниот меур се чести придружници на жените за време на летните одмори, а причината за тоа е што не внимаваме дали нашите костими за капење се исушени, дали одиме боси по плочки и слично.rnrnПрочитајте и дали е паметно да ја одложите менструацијата за време на летниот одмор?