КАФЕ ПАУЗА

Tag: одмор

  • Зошто имаме потреба од спиење?

    Зошто имаме потреба од спиење?

    Сте чуле ли дека големиот император Наполеон во просек спиел само 4 часа дневно? Научникот Томас Едисон тврдел дека спиењето е само губење време? Дали сте знаеле дека 8 часа сон даваат исто енергија колку еден тост? Тогаш зошто имаме потреба од сон? Мистеријата зад ова прашање е поголема отколку што мислите, затоа што точните одговори не ги знаат ни светските научници.rnrnЗошто имаме потреба од спиење?rn

    Зошто спиеме?

    rnЗамислете го вашето тело како автомобил. Не може постојано да работи без престан и без „полнење на резервоарот“. Нашето тело закрепнува во текот на спиењето, се одмора од дневните активности, од планирањата, размислувањата и грижите. Мозочните клетки и менталната енергија се обновуваат во текот на спиењето.rn

    Дали недостатокот на сон ѝ штети на нашата менталната стабилност?

    rnНедостатокот од сон има сериозни последици по нашата ментална стабилност. Само со една ноќ помината без спиење нивото на концентрација значително се намалува, но не само во наредниот ден. Доколку имате нередовен сон, тешко ќе успевате во подигнување на вашето ниво на концентрација кога ви е најпотребно.rn

    Кои делови од мозокот се најзагрозени при недоволно спиење?

    rnНедостатокот на сон најпрво влијае во делот на мозокот кој ги контролира лингвистичките способности, меморијата, чувството за време и место. Ви се има случено поради недостаток на сон да изгубите секакво чувство за простор и време? Верувале или не, несоницата влијае дури и на нашата смисла за хумор. Недоволното спиење не прави нервозни, нерасположени, нетрпеливи.rnrnЗошто имаме потреба од спиење?rnrnРековме дека мозокот додека спиеме се одмора и се обновува, но тој не е исклучен. Напротив, додека спиеме размислуваме и тоа многу. Експертите тврдат дека мозокот во спиењето ги организира и складира податоците примени во текот на денот, па размислете дали пак ќе заминете на испит без претходно добро да се наспиете. Поради работата на нашиот мозок, додека спиеме настануваат соновите, кои главно се резултат на нашата потсвест.rnrnСите ние можеме на одредено време да функционираме без спиење, но по долга несоница не би функционирале правилно. Рекордот за најдолго време поминато без спиење е поставен во текот на 60-те години од минатиот век и изнесува цели 11 дена или 264 часа. Поставен е од страна на Ренди Гарднер кој во тоа време имал само 17 години. Сигурно не би сакале да се најдете на негово место после 11-от ден.rnrnВеќе спомнавме дека енергијата која ја добиваме од сонот може да ја добиеме и на друг начин, но ние не спиеме само за да собереме енергија. Кофеинот и калоричните закуски со сигурност би ни дале доволно енергија за да останеме будни, но не би ни го дале одморот кој му е потребен на нашиот мозок.rnrnСпиењето влијае на многу работи. За некои од нив не би ни помислиле дека можат да бидат контролирани од спиењето. Додека спиеме се лачат најмногу хормони за растење. Сте помислиле зошто бебињата спијат многу повеќе од возрасните? Точно е дека постојат многу митови поврзани со спиењето , но потребата за сон и работата на мозокот во текот на спиењето се различни кај секој човек.rnrnПоминуваме речиси 1/3 од животот спиејќи, а никој не знае што точно се случува додека спиеме. Она што со сигурност го знаеме, е дека спиењето е ментална појава која ни е неопходна. Доколку не ви е јасно зошто спиете, пробајте да не го правите тоа макар два дена, па ќе ви стане јасно.rnrnНекои ќе речат дека спиењето е губење на време, напротив, спиењето е храна за мозокот. Можеби губите време кога се излежувате во кревет бидејќи со вас надвладеала мрзата, но не кога спиете, бидејќи од сонот имате реална потреба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)

    Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)

    Филм за случајностите кои може да имаат фатални последици, сè додека не ги погледнете од комичната страна и за тоа дека изгледот понекогаш навистина лажеrnrn Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Режија: Илај КрегrnrnУлоги: Тајлер Лабин, Алан Тудик, Катрина БоуденrnrnВреметраење: 89 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 9 декември 2010 годинаrnrnЖанр: комедија, хорорrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————-rnНекои денови не ви се гледаат динамични акции, заплеткани трилери или „лигави“ романтични комедии. Некогаш едноставно сакате да се опуштите, да не размислувате премногу и да не се инволвирате длабоко емоционално во приказната на филмот. Сакате да ве изненади, насмее, разведри некој филмски жанр каков што одамна не сте погледнале. „Такер и Дејл наспроти злото“ е баш филмот кој треба да си го пуштите вечерва доколку одлучите да останете дома. rnrnИнтересен спој од хорор и комедија, кој не е некоја глупава пародија на која не би знаеле дали се смеете по навика или затоа што е навистина смешно. Филмот е онолку предвидлив колку за да не ви го замара мозокот, онолку грозен колку за да не се згадите, страшен колку да ве држи во мала неизвесност и смешен таман за да ви ја направи вечерта. Згора на сè, е и толку долг колку што е потребно за еден филм кој му припаѓа на овие два жанра.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rn

    rnrnПриказна: Такер и Дејл се двајца морничави жители на рурална средина, кои држат продавница покрај автопат. Тука наидува група размазени студенти, кои пак се тргнати на одмор во планина. Меѓу нив се и две привлечни русокоси со кои Дејл се обидува да направи муабет, но тие преплашени само брзо се качуваат во џипот и продолжуваат да патуваат. На Такер и на Дејл не им е јасно што е причината за ваквата реакција, но едноставно се помируваат дека Дејл не го бива баш со девојките.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл цел живот сонувале да имаат своја викендичка на планина и конечно ова им се остварува. Одлучуваат да заминат таму за викендот за да пијат пиво, да ловат риби и да се релаксираат. По некоја случајност, младите момци и девојки се на истото место, каде како резултат на сплет на околности, една од русокосите девојки завршува во нивната викендичка.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Нејзините другари се обидуваат да ја спасат од сомнителните „селани“, но при секој обид всушност самите се убиваат. Од перспективата на Такер и Дејл пак, изгледа како да се работи за група студенти со самоубиствени претензии кои дошле овде групно да завршат со своите животи. На никој не му е јасно што вистински се случува, а луѓето еден по еден си умираат.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Приказната во филмот тече спонтано, средно динамично и сосема по малку предвидливо. Хуморот е спореден, но различен. Хорор-елементите се присутни, но недоминантни. Заради ова, дејството е фино спакувано во 90-минутна приказна која ќе ви го покачува адреналинот, ќе ве засмејува и ќе ве остави со импресии.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Кога и како да го гледате: Ова е филм за во друштво. Не седнувајте да го гледате сами, освен ако не сте принудени. Секако дека не е ни за преку ден, заради тоа што во основата е хорор-приказна. Страшните и грозни елементи не ги има премногу, ниту се неподносливи, така што не мора да се плашите дека ќе скокнете со садот со пуканки при некое ненадејно или непријатно дејство.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)rnrn

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Луксузна јахта за прекрасен одмор

    Луксузна јахта за прекрасен одмор

    Јахтата „Keri Lee III“ е направена од компанијата „Claudette Bonville & Associates“, а долга е 54 метри. Таа била завршена во 2001 година, но претрпела темелен ремонт во 2009 година. Подобрувањата вклучувале целосно реновирање на главниот салон, нова климатизација, нов аудио-визуелен систем за забава и интернет со голема брзина. Исто така, јахтата добила и голем број механички подобрувања, како нови подводни светла и нови стабилизатори на брзина.Луксузна јахта за прекрасен одморВо неа можат да се сместат дванаесет гости во шест кабини (4 двокреветни и 2 дупли) сите со сопствена бања. Исто така, постои доволно простор на јахтата за екипаж. Палубата може и да се затвори доколку времето е лошо. Јахтата може да се изнајми за 275.000 американски долари за една недела. Луксузна јахта за прекрасен одморЛуксузна јахта за прекрасен одморЛуксузна јахта за прекрасен одморЛуксузна јахта за прекрасен одморЛуксузна јахта за прекрасен одморЛуксузна јахта за прекрасен одморЛуксузна јахта за прекрасен одморrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Перници под нозете за подобар сон

    Перници под нозете за подобар сон

    За да се разбудите наутро одморени и спремни за дневните обврски и напор, освен тоа колку спиете, многу е важно и како спиете. Количината од седум до осум часa на ден е исто толку важна како и квалитетот на спиењето, па затоа спалната соба треба да биде прибежиште за одмор. Бојата на спалната соба е важна, и таа, освен бела може да биде светло сина, виолетова, зелена или некоја друга боја која вас ве смирува. Пожелно е да нема телевизор таму каде што спиете, бидејќи тој дополнително го оптоварува мозокот.Перници под нозете за подобар сонМузиката исто така може да ви помогне да се релаксирате и полесно да заспиете. Ако сакате да слушате радио можете да ја вклучите омилената станица, или ако имате паметен телефон, од интернет да си одберете музика која најбргу ќе ве однесе во царството на соништата.rnrnОсветлувањето во спалната соба е уште еден важен фактор за добар сон. Ноќните и подните ламби со придушено светло и топол отсјај, собата ќе ја претворат во вистинска оаза за одмор и добар сон. Пред да си легнете, наместете една до две перници кај долниот дел од нозете и тоа без разлика дали спиете на грб или на стомак. На тој начин ќе ја подобрите циркулацијата и ќе ги олабавите мускулите во долниот дел од грбот, па и полесно ќе заспиете. Ако наутро се будите со грчеви или со вкочанет врат, тоа веројатно е бидејќи  душекот и перницата ви се премногу меки или премногу тврди.rnrnУбавото утринското протегнување како мачка, не само што ви го  раздвижува телото, туку ја подобрува и циркулацијата,а го забрзува и расонувањето, па веќе сте спремни за новиот ден.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кутија за спиење на аеродром

    Кутија за спиење на аеродром

    Оригиналниот концепт за овој проект е направен во 2009 година. Две години подоцна руските дизајнери од компанијата „Arch Group“ конечно успеаја да го направат нивниот прв малечок хотел, кој е наменет за дремнување. Тој се наоѓа на аеродромот Шереметјево во Москва. Кутијата за спиење има два кревета и може да биде изнајмена од 30 минути до неколку часа.Кутија за спиењеКутијата, покрај кревети, содржи и додатни елементи кои можат да ви помогнат со вашите електронски уреди. Целата кутија е направена од дрво, а за во иднина се планира останатите да бидат направени од метал или пластифицирано стакло. Одличниот приватен простор за одмор, може да биде перфектно место на аеродромите за сите патници кои мораат да чекаат долго за својот лет. Во „собичката“ има неколку приклучоци за струја за да си ги наполните уредите, место за оставање на багажот, ламби со ЛЕД светилки, интернет, сеф и телевизор со екран осетлив на допир.Кутија за спиењеКутија за спиењеКутија за спиењеКутија за спиењеКутија за спиењеrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #40

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #40

    Бојата на кафето има некаков смирувачки ефект. Успокојува, одмора и релаксира. Оваа позадина ќе изгледа одлично на вашиот десктоп. Таа е совршен потсетник за уживање во кафе паузите.rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #40
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2560×1600) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одмор кој нема да ве чини ни денар

    Одмор кој нема да ве чини ни денар

    Ако мислите дека менталниот одмор не е ништо во споредба со егзотично патување во лето, размислете повторно. Честите ментални одмори се клучни за реставрирање на емоционалната благосостојба. Еве три есенцијални совети кои ќе ви помогнат да го откриете сопственото ментално патување.rnrnОдмор кој нема да ве чини ни денарrn

    1. Повеќе време за себе

    rnПрезафатени сме со исполнување на туѓите желби што сосема забораваме на сопствените. Подзастанете пет минути и размислете за сопствените желби и идеи и сфатете го тоа како депозит кој го вложувате во бакна од кој сите пријатели ќе имаат корист.Одмор кој нема да ве чини ни денарrn

    2. Не дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието

    rnБрзото темпо на живеење направи да биде нормално да работиме повеќе работи во исто време, да бидеме на повеќе места за неколку часа, да комуницираме со мобилни уреди… Од време на време, откачете се од компјутерот и ајфонот: исклучете ги (или ставете ги на тивко) и направете го она што долго време сте го одолговлекувале.rnrnОдмор кој нема да ве чини ни денарrn

    3. Предадете им се на сопствените сетила

    rnЗатворете ги очите и замислете си некоја ситуација која ќе предизвика насмевка на вашето лице. Тоа може да биде плажа, планина или дворот преполн со најблиските пријатели. Потоа, обидете се да го помирисате тоа што го замислувате (морската вода, планинската река, скарата во дворот). Помирисајте, слушнете, видете… се тоа со затворени очи. Така ќе ја  создадете најубавата сцена која ќе ви предизвика внатрешен, ментален и емотивен мир. Тоа спокојство не може да се купи со ниедни пари на светот.rnrnОдмор кој нема да ве чини ни денарrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и идеалниот летен одмор

    Астрологијата и идеалниот летен одмор

    Дозволете им на ѕвездите да бидат вашиот туристички водич, кои со малку тренинг од космосот, ќе ви го испланираат овој летен одмор. Вашиот хороскопски знак може да ви каже на каков тип одмор најмногу би уживале. Прочитајте ги советите за патување, инспирирани од зодијакот.rnrnАстрологијата и идеалниот летен одморrn

    Овен

    rnВие сте секогаш спремни за акција и авантура, така што без разлика дали ќе патувате на некоја непозната дестинација во странство или ќе си го тестирате талентот во некој нов екстремен спорт, нема да бидете среќни доколку не сте возбудени и постојано во движење. Стојте настрана од испланирани тури со туристички водич и од места на кои многупати сте биле досега, бидејќи познатиот терен и однапред проектираните денови ќе ви оневозможат да ви дојдат до израз вашата спонтаност и авантуристички дух, поради што ќе се почувствувате фрустрирано.rn

    Бик

    rnСè додека не морате премногу да се движите додека сте на одмор, вие ќе бидете среќни. Посета на места со природна убавина или уметничка природа, во комбинација со вкусен ручек на паузата, дефинитивно ќе ја разнежнат вашата биковска душа. Вашиот идеален одмор, без разлика каде и да се одлучите да го поминете, треба да вклучува што е можно помалку активност од ваша страна. Сепак, одите на одмор за да се одморите, нели?rn

    Близнаци

    rnБидејќи можеби ќе ви биде проблем сосема да го исклучите вашиот мозок од работата, испланирајте патување кое ќе вклучува некои едукативни работилници, обуки или настани на кои ќе остварите нови контакти. Ова ќе го одржи вашиот мозок стимулиран и активен, што пак, од своја страна ќе ви овозможи да бидете целосно умствено присутни во текот на вашиот одмор. Најверојатно ќе сакате и да си пишувате блог постови во врска со настанот на кој сте присуствувале, така што слободно понесете си нетбук, смарт телефонот или ајпед за да ги документирате вашите активности.rn

    Рак

    rnВизуелизирајте си патување со вашето семејство, сместени во совршен летен дом, покрај езерото (море, базен, река). Ова е вашата идеална фантазија за летен одмор: членовите од вашето семејство, позната локација и вода. Доколку пак, додека сте на одмор постојано јадете домашно приготвени јадења, вие ќе се чувствувате како да сте во рајот. Обидете се да го режирате ова сценарио најдобро што умеете и ќе си го креирате вашиот совршен летен излез.rn

    Лав

    rnВие сакате да се дружите со „фаци“, така што сакате во текот на летниот одмор да заборавите на вашето секојдневие и да уживате на луксузни места, со луѓе кои ќе можат финансиски да ги поткрепат сите ваши скапи предлози. Бидејќи вие сакате секогаш да имате „публика“ која ќе ве следи додека зборувате или демонстрирате нешто, вашата најдобра летна забава ќе вклучува поголемо друштво, па затоа испланирајте го одморот однапред, за да се осигурите дека целата екипа ќе дојде.rn

    Девица

    rnНишто не може да направи да се чувствувате подобро, од тоа да знаете дека се трудите да го направите светот околу себе, подобро место за живеење. Како земјен знак, вие обожавате да ù ги понудите вашите услуги на планетата Земја. На пример, волонтерско патување кое вклучува еколошка акција за прочистување на природата, најверојатно би бил одличен избор за вас.rn

    Вага

    rnНеколку дена поминати во ексклузивен спа-центар е вашата идеја за совршено поминат летен одмор. Доколку успеете да организирате една-две забави измеѓу спа-третманите, вашата летна фантазија ќе биде целосно комплетирана. Во најмала рака, закажете си релаксирачка масажа во салон за убавина, како дел од вашата летна забава и организирајте неколку вечери во ресторан со вашите пријатели.rn

    Скорпија

    rnКако воден знак, со интензивна, страсна природа, вие ќе ја цените скриената моќ на нуркањето под вода или експедиција во пештера. Вие обожавате да навлегувате под површината на работите и поради тоа ја цените лековитата моќ на темнината, па зошто да не си организирате летна авантура во длабочините на Земјата или некој океан?!rn

    Стрелец

    rnДалечни дестинации, пробување нови јадења, запознавање разни култури и слушање странски јазици е вашата добитна комбинација за совршен летен одмор. Поточно, вие сакате спонтани патувања, кои се исполнети со возбудливи авантури. Вам не ви смета доколку си ја извалкате облеката, така што колку поневообичаени места посетите, толку подобро ќе се чувствувате.rn

    Јарец

    rnОдмор? Каков одмор? Во ред, знаеме дека вие јарците за време на летниот одмор најверојатно би избрале повторно да работите нешто, но одвреме-навреме на секој му треба малку одмор, па дури и вам. Бидејќи го обожавате чувството кога постигнувате некаков успех, екстремното качување на карпи, може да биде вашиот најдобар избор.rn

    Водолија

    rnСè додека немате можност да се качите во вселенски брод, ќе морате да ги доживеете сите најнеобични искуства, коишто постојат на нашава планета. Исто така, најверојатно ќе уживате да бидете дел од патување, кое вклучува некоја хуманитарна акција и поголема група луѓе, со која ќе се дружите. Вие ќе бидете среќни и задоволни на вашето патување, сè додека ја имате слободата да бидете свои.rn

    Риби

    rnБидејќи имате длабока, емотивна душа, вие најверојатно најмногу ќе уживате на некое место со фантастична природа, на кое ќе можете душевно да се повлечете. Во најмала рака, отидете неколку дена на кампување, дружејќи се со природата. Со вас понесете си блокче за скицирање или музички инструмент за да си ги наполните батериите и да ја збогатите вашата креативност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршена дестинација за одмор од соништата

    Совршена дестинација за одмор од соништата

    Времето веќе си го прави своето. Полека се олабавуваме од обврските, размислуваме за жешки плажи, бистри води, длабоки сенки… Истовремено, ги трошиме последните сили да ја избереме најдобрата дестинација за да се наградиме за трудот што сме го вложиле од претходниот одмор па наваму. Изборот секако зависи од многу работи, но кога парите, не би биле пречка, вака би изгледал сечиј одмор од соништата.Совршена дестинација за одмор од соништатаОва маестрално архитектонско дело е составено од шест делови, поврзани во низа, опколени со природна вегетација, драматични карпи, колоритни градини и поглед кон плажа. Вилата Мандаринас е лоцирана во Пуерто Валарта, Мексико. На располагање има 7 соби за изнајмување во кои комотно можат да се сместат до 14 возрасни луѓе. Единствениот проблем со ова место е што ако еднаш отидете, ќе ви биде многу тешко да се вратите назад. Но, ако веќе сте таму, не заборавајте да ја посетите и неверојатна вила во Коста Карејес. 🙂Совршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаСовршена дестинација за одмор од соништатаrnrn——————————————————————————————————————————————————————-rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најромантичните летни дестинации во светот

    Најромантичните летни дестинации во светот

    Се ближи летото, периодот во кој сите размислуваат каде да се почестат за напорната работна година. Доколку вашата замисла е ова лето да го поминете со партнерот шетајќи по рајските песочни плажи за време на зајдисонцето, гушкајќи се на кралските лежалки со меки перничиња, пиејќи винце на балконот со неверојатен поглед, тогаш следниве дестинации можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Повеќето од нив се подалечни и можат да ве чинат повеќе пари, но сепак вредат да се најдат на оваа листа на најромантичните дестинации за летниот период.rnrn

    Најромантичните летни дестинации во светот
    Островот Леванцо, Италија
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Островот Санторини, Грција
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Хаваи, САД
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Малдиви
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Јамајка
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Островот Хајман, Австралија
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Порторико
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Доминиканска Република
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Островот Бора Бора
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Сејшели
    rnrn
    Најромантичните летни дестинации во светот
    Венеција, Италија
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.