КАФЕ ПАУЗА

Tag: одгледување

  • 8 растенија што не се лесни за одгледување

    8 растенија што не се лесни за одгледување

    Растенијата го збогатуваат просторот, го освежуваат воздухот и внесуваат здив на природата во вашиот дом, но некои од нив се доста тешки за одржување. Мелинда Мајерс, експерт за градинарство, посочува дека има растенија што можат да напредуваат совршено кај некои луѓе, додека кај други се сушат и венеат за многу кратко време. Главните причини за тоа се количината на светлина и влага во просторот. Посебен проблем е сувиот воздух во зима и слабата светлина. Постојат неколку растенија што обично успеваат во домовите, но тие се многу чувствителни и не се лесни за одржување. Овие 8 растенија обично знаат да им зададат грижа на сопствениците:rn

    1. Лирски фикус

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by PM Plant Me (@plantme.cl) on

    rnrn

    rnrnrnОва растение е многу популарно на социјалните мрежи, а веднаш по фотосесијата, треба да го вратите растението пред прозорецот. Сите видови фикус бараат многу и рамномерна светлина. Со каква било промена, лисјата ќе паднат многу брзо. Лирскиот фикус сака влажна почва, но не поднесува премногу наводнување.rn

    2. Кадрав папрат

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Rupert (@rupertatx) on

    rnrn

    rnrnrnПапратот може да биде многу незгоден за одржување, а ако лисјата почнат да паѓаат, тој изгледа многу неуредно. Овие популарни висечки растенија сакаат влага и затоа изгледаат убаво во текот на летото, но страдаат на сувиот зимски воздух.rn

    3. Спатифилум

    rn8 растенија што не се лесни за одгледувањеrnrnСпатифилиумот е популарен затоа што има широки лисја и привлечни цвеќиња, но ако заборавате да ги наводнувате растенијата, тој не се за вас. Без вода, ова растенија се распаѓа брзо, а повторно ќе цвета по наводнувањето, но еден ден нема да се случи ни тоа. Не треба да биде изложено на директна светлина од отворени прозорци (без завеси) и може да биде чувствително на хемикалии како хлор и флуорид во водата, што може да предизвика дамки на листовите.rn

    4. Дрво од Мадагаскар

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Jardim da Wilma (@jardimdawilma) on

    rnrn

    rnrnrnОва растение е популарно во уредувањето на ентериерот бидејќи е високо и изгледа многу убаво. Потребни му се соодветни услови: малку влажна почва и влага, во спротивно ќе ги изгуби лисјата и ќе има кафеави врвови. Мора да биде во сенка затоа што директната сончева светлина ги гори лисјата и треба повремено да ги прскате со вода за да останат влажни, но не премногу.rn

    5. Венерина муволовка

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Candy Floriculture (@candy_floriculture) on

    rnrn

    rnrnrnОвие растенија најдобро успеваат во терариум затоа што сакаат влага. Ретко успеваат во стан со сув воздух. Покрај тоа, тие јадат бубачки, така што треба да ловите и да обезбедите храна за ова растение.rn

    6. Кротон

    rn8 растенија што не се лесни за одгледувањеrnrnОва се растенија што често се појавуваат на есен, кога на зелените лисја имаат изразено портокалова, жолта и црвена боја, па изгледаат како убав додаток на есенските декорации. Но, тие се многу чувствителни растенија, особено на слаба светлина и провев. Исто така, тие се многу чувствителни на наводнување. Ако ги чувате во некој темен агол, тие ќе ја изгубат светлата боја, но ако ги преместите на светло, може да им паднат лисјата.rn

    7. Гарденија

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Andrew & Jared (@gayswhogarden) on

    rnrn

    rnrnrnИако гардениите се прекрасни, имаат благ мирис, светлозелени лисја и изгледаат како да се отпорни, тие се всушност многу тешки за одгледување. Сакаат силна светлина и кисела почва, а во зима кога нема доволно светлина, тие едноставно не напредуваат. Тие не се отпорни на многу видови штетници, па ако не ги убие недостатокот на светлина, тоа ќе го направат штетниците.rn

    8. Детски солзи

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Plant (@plant_guelph) on

    rnrn

    rnrnrnОва растение е многу популарно поради неговата светлозелена боја и нежните кружни лисја. Во соодветни услови, може брзо да расте и да се шири, но тешко е да се погодат совршени услови за одгледување во затворено. Тешко е да се задржи растението влажно без да изгние. Затоа, најдобро е да се одгледува во терариум.rnrnПогледнете како да го украсите домот со овие необични растенија во форма на медузи.

  • 4 совети како да создадете царство од рози на балконот

    4 совети како да создадете царство од рози на балконот

    Мирисливи рози се неопходен дел од градините на љубителите на цвеќе, а можете да ги одгледувате и на мал простор како што е балконот. Притоа, важно е да се земат предвид неколку фактори што се потребни за розите да заблескаат со својот изглед.rn

    1. Ставете ги на соодветен дел на балконот

    rnrnrnРозите можат да успеат речиси на секој балкон, но исклучок се оние што се на северната страна. Имено, на розите им е потребна поголема количина сонце, а северната страна на балконот не може да го обезбеди тоа.rnrnНо, тие не може ни да бидат изложени на силното јужно сонце цел ден, па затоа обидете се да ги поставите на исток, на запад, на југоисточната или на југозападната страна на вашиот дом. Ако самиот балкон не го дозволува тоа, секогаш можете да ги поставите на надворешната страна на прозорецот.rn

    2. Земете го предвид видот на розите

    rn4 совети како да создадете царство од рози на балконотrnrnВо ботаниката се евидентирани над 14.000 видови рози, но не можат сите да преживеат во иста средина. Некои можат да преживеат на многу ниски температури, а други се погодни за тропски региони и за температури кои се искачуваат до 40 степени. Затоа, розите за вашиот балкон треба да бидат избрани во согласност со климатското поднебје во кое живеете.rnrnВо нашиот регион успеваат малите рози и тие се идеални за создавање вистинска бајка на балконот. Тие имаат дијаметар малку помал од вообичаените рози, а нивниот силен мирис и изобилството на цвеќе во една грмушка нема да ве остават рамнодушни.rn

    3. Изберете ги теглите правилно

    rn4 совети како да создадете царство од рози на балконотrnrnАко сакате да одгледувате грмушка од рози на балконот, треба да набавите средни и големи тегли, чија длабочина, како и дијаметар, мора да биде најмалку 40 центиметри. Од друга страна, ако сакате да одгледувате џуџести рози, ќе ви биде потребна тегла со дијаметар и длабочина од 20 до 30 цм.rnrnИсто така, мора да им обезбедите соодветна дренажа, па не заборавајте дека теглата мора да има дупки на дното за одвод на вишокот вода.rn

    4. Наводнувајте ги и хранете ги соодветно

    rn4 совети како да создадете царство од рози на балконотrnrnКога станува збор за наводнувањето, розите се растенија што сакаат вода, особено за време на жешките летни денови. Покрај тоа, грмушката од рози треба да прима 5-6 литри вода неделно, па дури и повеќе ако е поголема и ако има многу цветови. Водата треба да се нанесува директно на земјата, а не на лисјата бидејќи капките вода во текот на жешките денови може да остават трајни последици врз нив.rnrnНо, важно е и да знаете дека розите бараат дополнителна грижа, така што на секои две до три недели треба да додавате течно ѓубриво наменето за рози во водата со која ги наводнувате.rnrnПогледнете ги овие идеи како да го претворите малиот двор или балкон во удобно место за релаксирање.

  • Како да одгледате стебло кафе?

    Како да одгледате стебло кафе?

    Кафето е егзотично растение што можете да го одгледувате и дома.rnrnОдгледувањето не е тешко, а применувајќи неколку правила можете да имате сопствено кафе. Кои се тие правила?rnrnДрвото кафе што најмногу се одгледува дома е од арапска сорта (cafa arabica). Оваа сорта може да се најде во повеќето земјоделски аптеки, како и во повеќето супермаркети. Самото кафе доаѓа од тропските региони на Африка, но тоа не значи дека одгледувањето дома ќе биде проблематично. Домашните услови се доволни за вашето тропско растение сè додека се придржувате до неколку важни правила.rnrnКако да одгледате стебло кафе?rn

    Како изгледа дрвото кафе?

    rnДрвото кафе во природно опкружување создава голема, многу разгранета грмушка која може да достигне висина до 6 метри. Кога ќе го купите дрвото кафе во саксија, најверојатно тоа ќе има како грозд зелени, густи лисја кои брзо ќе му го променат изгледот и тоа повеќе ќе наликуваат на неговиот „див брат“. Растението можеби и не е толку големо, но домашното кафе може да достигне висина и до 2 метри.rn

    Како да го одгледувате?

    rnКафето потекнува од Африка, така што лесно можете да претпоставите дека ќе има потреба од топлина и од светлина во текот на целата година. При изборот на место за растението, обрнете внимание тоа да биде на осветлено место, но во исто време заштитено од директна сончева светлина. На вашето растение ќе му биде најдобро на температура од 22 до 25 °C. Во текот на летото, дрвото кафе можете да го ставите на балконот или во градината затоа што тоа сака свеж воздух. Треба постојано да го наводнувате, но не треба да претерувате бидејќи тоа може да резултира со гниење на растението.rnrnУште една главна активност што треба да ја направите во текот на летото е ѓубрењето, а најдобро е да користите цитрусно ѓубриво. Зимската нега на дрвото кафе е малку поразлична бидејќи во овој период растението го забавува својот развој и е во состојба на мирување. Во зима, на растението му е потребна пониска температура, околу 18-20 °C. Освен тоа, во зима не треба да го ѓубрите затоа што не му требаат толку хранливи материи колку што му требаат во пролет.rn

    Најдобра почва за вашето растение

    rnЕден од најважните фактори при одгледувањето дрво кафе е вистинскиот избор на почва. Благодарение на почвата, растението ќе расте правилно и нема да се разболи. На кафето му е потребна плодна и малку кисела почва. Можете да ја користите мешавината која е препорачлива за агруми.rn

    Најчестите грешки при одгледувањето кафе се:

    rn

      rn 011

    • премногу ниска температура (под 12 °C)
    • rn 011

    • недостиг од светлина
    • rn 011

    • премногу влажна или сува почва
    • rn

    rn

    Домашно кафе?

    rnМожно е! Ако создадете вистинските услови за вашето кафе, по неколку години тоа може да ви возврати со нежни и мирисливи цветови што ќе формираат ситни, црвени плодови. Соберете ги, излупете ги, исушете ги и испржете ги и ќе имате свое кафе! Иако тоа нема да биде голема количина, фактот дека сами сте го одгледале ќе ве исполнува со големо задоволство.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да се грижите за вашите украсни растенија во зима?

  • Како правилно да одгледувате лаванда во вашата градина?

    Како правилно да одгледувате лаванда во вашата градина?

    Лавандата на многумина им е омиленото летно растение со препознатлив мирис, кое без проблем може да се одгледува и во домашната градина. Мирисот на оваа медитеранска билка одма нè потсетува на лето, море и сол во зраците. Со оглед на тоа од каде потекнува лавандата, таа е едно од оние растенија кои го обожаваат сонцето и тоа им е потребно. Па, што е потребно за да може да се одгледува ова растение?rnrnrnrnЌе ви биде потребно сончево место и градина. Засадете ја онаму каде што ќе сонцето ќе грее до осум часа дневно, а исто така важно е да биде заштитена и од силен ветар.rnrnКога станува збор за засадувањето, најмногу ѝ одговара плодна земја со неутрална или послаба киселост. Отпорна е на високи температури и суша, а може да издржи подолго време без многу наводнување. Сепак, во летните денови би требало да ја вадите почесто, најмалку два пати дневно.rnrnВажно е да внимавате да не претерувате со наводнување затоа што со тоа може да ги оштетите корените и билката може да пропадне.rnrnЛавандата е повеќегодишно растение кое расте во облик на грмушка, а нејзиниот животен век е околу 30 години. Коренот ѝ е дрвенест и продира длабоко во земјата. Со оглед на тоа што оваа билка не сака сенка, нејзиното одгледување во стан или во куќа е ставено под знак прашалник. Градината секогаш е подобар избор, особено ако живеете во потопли краишта.rnrnПостојат повеќе различни видови и подвидови на оваа медитеранска билка и следствено на тоа постојат различни барања за нејзино одржување.rnrnИмено, „вистинската“ лаванда успева на плитки, планински и сиромашни подрачја, додека на хибридниот вид му одговараат длабока и плодна земја.rnrnТаа не е посебна само по мирисот и аромата што опушта туку има и лековито својство.rnrnОд нејзе се изработуваат различни „природни“ лекови кои помагаат за несоница, ублажување на главоболка и останати болки во телото, ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат стресот и одржувањето на здравјето на целиот организам.rnrnДознајте и како да го примените есенцијалното масло од лаванда како природен лек.

  • 18 едноставни правила за татковците кои одгледуваат ќерки

    18 едноставни правила за татковците кои одгледуваат ќерки

    Зарем има нешто послатко од татко кој ја обожава својата ќерка? Но многу често татковците се помалку заинтересирани за одгледување ќерки, само затоа што не знаат што да прават и од каде да почнат. Па доколку сте татко кој има ќерка, следниве 18 правила ќе ви бидат од помош.rnrn18 едноставни правила за татковците кои одгледуваат ќеркиrn

    1. Сами миете ги садовите

    rnГотвење, чистење, перење… вашата ќерка мора да види дека и мажите можат да ги прават овие нешта. Истото важи и за играње – не срамете се да си играте со куклите на вашата ќерка. Среќата на вашето дете е поважна од секој стереотип.rn

    2. Минувајте време со неа

    rnОва е можеби најдобриот совет за татковците. Почнете уште од првиот ден од нејзиниот живот. Менувајте ѝ пелени, држете ја, шетајте со неа, играјте си со неа. Која било активност каде што ќе можете да минувате време заедно.rn

    3. Одговарајте на сите нејзини прашања

    rnЗаборавете на зборовите „Прашај ја мајка ти“. И таткото треба да одговара на прашањата. Сепак, што би можела да ве праша ќерка ви, а вие да не го знаете одговорот? Доколку сепак не можете да одговорите, обидете се заедно да го најдете одговорот.rn

    4. Колку повеќе „детски“ обврски преземате, толку подобро

    rnЖената што го родила детето не учи сè што е потребно за еден ден. Таа учи постојано, а истото треба да го правите и вие. Па, немојте да испуштате можност да промените пелена или да ја смирите ќерка ви. Колку повеќе правите, толку подобро.rn

    5. Кажувајте им го точното име на деловите од телото

    rnИстражувањата покажале дека децата кои ги знаат деловите на телото уште од рано детство, полесно комуницираат со лекарите. Користењето на точните термини за анатомијата ќе му помогне на детето да го прифати и да го разбере своето тело, ќе ја подобри поврзаноста со родителите, а може дури да спречи и насилство.rn

    6. Научете ја ќерка ви да игра фудбал

    rnИли кошарка или кој било спорт што го сакате. Таа ќе се чувствува гордо и ќе мисли дека има предност пред другите девојчиња. Доколку имате хобија, доколку ја сакате вашата работа, ќерка ви ќе ги прифати овие квалитети и ќе бара нешта што сака да ги прави.rn

    7. Понудете ѝ помош на сопругата пред да побара

    rnМногу често младите мајки не знаат како да побараат помош, а некогаш пак не се ни свесни дека им е потребна. Ова се моментите кога треба да истапите напред. Не прашувајте дали можете да направите нешто, туку останете со бебето, дајте ѝ време на мајката да се истушира или вие однесете го детето на лекар. Доколку уште сега не станете активен дел од животот на ќерка ви, никогаш нема да се поврзете.rn

    8. Танцувајте со неа пред нејзината венчавка

    rnТаткото е првиот маж во животот на девојчето. Доколку таткото се грижи за неа, тогаш и таа самата ќе се грижи за себе. Според психолозите, ова ќе ѝ помогне во иднина да одбере партнер кој ќе прави да се чувствува безбедно.rn

    9. Бидете нејзин татко во текот на целата недела, не само за викенди

    rnНајверојатно вие одите на работа, а мајката е таа што останува дома. Навечер, после напорниот ден, сигурно немате енергија да бидете татко. Но имајте на ум дека и вашата партнерка е преморена, а да се биде татко е работа што трае 24 часа, 7 дена во неделата.rn

    10. Ако оди со мајка ѝ на базен, одете и вие

    rnНемојте да се срамите, дури и ако нема други татковци. Тоа е нивен проблем. Навистина е важно да бидете дел од големите настани во животот на вашата ќерка. Покрај тоа, добро е да знаете кој број на чевли и облека носи.rn

    11. Учтиво одбијте ја ако ви рече да се венчате

    rnКога ќе биде на возраст помеѓу 3 и 6 години, можно е вашата ќерка да ви рече да се венчате. Тогаш учтиво одбијте ја. Таткото е првиот маж кон кој девојчето ја покажува нејзината женственост. Колку постара станува, толку понепријатни ситуации ќе се случуваат. Поради ова, татковците често се срамат и се оддалечуваат, но тоа може да има лошо влијание врз самодовербата на девојчето.rn

    12. Научете ја на самоконтрола и дисциплина

    rnОва се нештата што ги учи таткото. Според психолозите, игрите помеѓу татковците и ќерките се важни моменти во животот на детето. Татковците се повеќе слушани и нивните правила се повеќе почитувани. Ќерките им даваат посебен третман на татковците и поради разликата во полот, но и бидејќи им недостасува вниманието од таткото.rn

    13. Не срамете се да ја бакнете

    rnНе плашете се да изгледате премногу чувствителни. Искажувањето на вашите чувства е добро за физичкото здравје, и вашето и на ќерка ви. Реагирајте на нејзиниот успех како што ви вели срцето, а не според стереотипите што постојат. Нема ништо лошо во тоа да се насмевнете кога ќерка ви ќе ви нацрта цвет.rn

    14. Правете нешта кои не бараат физичка сила

    rnТатковците често се третирани како луѓе кои можат да отворат нешто невозможно, да подигнат нешто тешко или кои се доволно храбри навечер да одат до продавница. Но грижата на татковците вклучува многу повеќе. Можете да го утешите вашето дете во болница откако ќе ја добие вакцината, да му помогнете да одбере играчка или да му помогнете да го излади неговиот оброк. Вашата ќерка не може да ги направи овие работи без вас.rn

    15. Третирајте ја ќерка ви како еднаква на вас

    rnСлушајте кога има нешто да ви каже и немојте да ја игнорирате. Дозволете ѝ да ги покаже нејзините љубов и внимание. Немојте да ги потиснувате нејзините негативни чувства, не ѝ наредувајте и не ѝ се заканувајте. Едноставно, бидете човечко суштество наместо строг надзорник кој само наредува.rn

    16. Носете ја на рамена

    rnПравете го ова додека е сè уште лесна. Доколку ќерка ви е премала, не плашете се да користите ранец или носилка за дете. Експертите покажале дека на овој начин, врската помеѓу таткото и детето станува посилна.rn

    17. Научете ја да ги прифаќате одбивањата

    rnИзгледа дека родителите се обидуваат да го направат детето да се чувствува среќно со себе, но потребно е да го научите и да разбере одредени нешта. Доколку некој не сака да направи нешто со ќерка ви, не значи дека ја одбива, туку дека едноставно не му се допаднала идејата.rn

    18. Знајте ги вашите права

    rnМожете да земете отсуство доколку вашето детето е болно. Потребно е и вие да се грижите за здравјето на вашата ќерка.rnrnПогледнете и зошто врската помеѓу таткото и ќерката е нераскинлива.

  • 19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша вода

    19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша вода

    Растенијата можат да го направат домот многу поудобно место. Но, не сите луѓе се доволно трпеливи за да им ја пружат потребната грижа на растенијата. Дали знаевте дека има растенија што можете да ги одгледувате многу лесно, па дури и без почва? Погледне за кои станува збор.rn

    1. Лук

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnАко ставите чешниња лук во вода, по некое време тие ќе изртат. Зелените листови што ќе се појават се јадат и можете да ги додадете во салата.rn

    2. Кинеска зелка

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnНа кинеската зелка можат да ѝ пораснат нови листови дури и ако е останат само долниот дел. Поставете го долниот дел во сад со малку вода и листовите ќе почнат да растат од средината.rn

    3. Млад кромид

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnСè што ви е потребно е чаша, вода и млад кромид за да имате бесконечна залиха од овој зеленчук. Отстранете го зелениот дел, а долниот дел од кромидот ставете го во сад со вода.rn

    4. Моркови

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnЛистовите на морковите растат многу брзо ако ги ставите во плиток сад со вода. И овој дел од морковот се јаде и можете да го додадете во салата или да го измешате со мед.rn

    5. Праз

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnОд долниот дел на празот оставете околу 5 центиметри и ставете го во сад со вода.rn

    6. Нане

    rn19 растенија и зеленчуци што можете да ги одгледувате само во чаша водаrnrnНането е одличен додаток за чај, слатки и разни сосови, а е навистина лесно да го одгледувате дома. Сè што треба да направите е да ги ставите неговите корења во вода.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Како изгледале некои од најпознатите видови овошја и зеленчуци пред луѓето да ги култивираат?

    Како изгледале некои од најпознатите видови овошја и зеленчуци пред луѓето да ги култивираат?

    На сите ни е познато дека домашните животни биле припитомени од диви видови. Но што е со растенијата? Во продолжение погледнете како изгледале некои од најпознатите овошја и зеленчуци пред илјадници години и пред луѓето да почнат да ги одгледуваат.rn

    1. Лубеница

    rn

    (1)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnПредците на модерната лубеница биле пустински растенија со овошје. Тие имале сунѓереста, бела и многу горчлива пулпа. Пустинските Бедуини правеле леб од мелените семки, а маслото од семките го користеле како лек и за производство на сапун.rn

    2. Банана

    rn

    (2)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnБананата е ран пример за припитомено растение. Дивите банани имаат многу тврди семки и дијаметар до 6 милиметри. Милиони луѓе во земјите во развој ги користат зелените незрели банани за готвење. Тие може да бидат пржени, варени, печени, а понекогаш се користат и за вино и пиво од банана. Имате пробано варена банана?rn

    3. Модар патлиџан

    rn

    (3)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnОригиналниот модар патлиџан всушност е плевел кој расте покрај патиштата и е отровен за домашните животни. Модерните модри патлиџани имаат виолетова боја, но има и бели овални модри патлиџани кои наликуваат на јајце.rn

    4. Морков

    rn

    (4)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnДивиот морков бил припитомен најмногу за неговите семки и листови, а и денес се смета за корисна тревка. Ги привлекува осите и пеперутките и го зголемува производството на домати кога е засаден до нив. Портокаловите моркови кои ни се познати денес, се појавиле во Холандија дури во 17-тиот век.rn

    5. Пченка

    rn

    (5)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnПред припитомувањето, пченките биле долги само 25 милиметри и имало само по една пченка на секое растение. Иако денес ни е позната класичната жолта пченка, постојат и некои видови со разни боја кои изгледаат навистина интересно.rn

    6. Домат

    rn

    (6)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnДоматите ја промениле својата големина, боја и вкус откако биле припитомени. Но, некои диви видови сè уште се консумираат од страна на Абориџините бидејќи се добар извор на калиум и витамин Ц.rn

    7. Јагода

    rn

    (7)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnДивите јагоди се мали, но вкусни бобинки со многу убава арома. Оваа арома се изгубила низ годините на култивирање.rn

    8. Компир

    rn

    (8)kako-izgledale-nekoi-poznati-vidovi-hrana-pred-lugjeto-da-gi-kultiviraat-kafepauza.mk
    Пред (лево) и потоа (десно)
    rnrnКомпирите на левата фотографија потекнуваат од Јужна Америка. Тие растат во разни форми, бои и текстури, додека ние ги користиме оние „обичните“. Постојат неколку организации во Јужна Америка кои не само што ги одржуваат видовите во живот, туку сакаат и да ги промовираат низ целиот свет. Па кој знае, можеби еден ден ќе ги најдеме и на нашите пазари.rnrnСелективното одгледување во период од стотици години многу ја променило храната која ја јадеме. Користењето на генетски инженеринг поттикнува многу прашања, но сигурно прави голема разлика. Кој знае какви овошја и зеленчуци ќе одгледуваме за 20 години. Како ќе изгледа храната во иднина, и дали би ни се допаднале промените?rnrnПрочитајте ги и овие неверојатни факти за храната.

  • 10 зеленчуци кои можете да ги одгледувате дома

    10 зеленчуци кои можете да ги одгледувате дома

    Здравјето е важно, а здравата исхрана е најдобриот начин да ги спречите болестите. Вашите оброци треба да содржат органски овошја и зеленчуци, а лошата страна на ова е тоа што тие многу брзо се расипуваат. Но, можете дел од зеленчуците да ги одгледувате и дома. Погледнете ги следниве 10 зеленчуци кои е навистина лесно да ги засадите и да ги одгледувате.rnrn10-zelenchuvi-koi-mozhete-da-gi-odgleduvate-doma-kafepauza.mkrn

    1. Аспарагус

    rnОва е пролетен зеленчук. Ако правилно го одгледувате, тој ќе трае 25 години. Садењето од семе ќе трае подолго, па затоа можете да го засадите од самото растение. Само немојте премногу да го наводнувате.rn

    2. Лук

    rnДали знаете дека едно чешне лук може да ви даде 10? Ставете го никулецот во чаша вода и чувајте го до прозорот. Откако ќе порасне малку, засадете го. Користете голем цреп и квалитетна почва. Ќе ги забележите првите листови за само неколку дена.rn

    3. Моркови

    rnСтавете го врвот на морковот во вода и чувајте го до прозорецот. По некое време засадете го во земја. На морковите им е потребно многу светлина.rn

    4. Кинеска зелка

    rnСтавете го долниот дел во вода и чувајте го на светло место. Почекајте неколку недели, па засадете го во земја.rn

    5. Марула

    rnСтавете го долниот дел во чаша вода полна до половина. Штом ќе забележите нови никулци, засадете го во земја. На ист начин можете да ја засадите и зелката.rn

    6. Млад кромид

    rnСтавете ги корењата на кромидот во вода и чувајте ги на светло место.rn

    7. Целер

    rnИсечете го долниот дел на целерот и ставете го во плиток сад со вода. За околу 3 дена ќе забележите нови листови и тогаш можете да го засадите во земја.rn

    8. Коријандер

    rnСтавете ги дршките во вода и новите ливчиња ќе се појават многу брзо. Потоа засадете ги во земја. Новото растение ќе порасне за неколку месеци.rn

    9. Босилек

    rnПотопете дршки од босилек во вода. Чувајте ги на светло место и кога ќе се појават нови корења засадете во земја. Редовно полевајте со вода.rn

    10. Артичока

    rnАртичоките се берат единствено кога ќе се развие виолетовиот цвет. Потребна ви е мека земја и доволно светлина. Користете и ѓубриво и берете ги во пролет и есен.rnrnПогледнете го и ова видео кое ќе ви помогне во одгледувањето на зеленчукот.

  • Прво наспроти второ дете: 10 разлики во воспитувањето што родителите никогаш нема да ги признаат

    Прво наспроти второ дете: 10 разлики во воспитувањето што родителите никогаш нема да ги признаат

    За првото дете родителите имаат енергија и надеж, а се посветени и на идејата дека сѐ мора да направат да биде совршено. Меѓутоа, потоа го добиваат и второто дете и сфаќаат дека некои работи може да претрпат и промени. Погледнете ги овие 10 споредби помеѓу првото и второто дете кои ќе предизвикаат насмевка кај родителите, кои пак ќе се пронајдат во барем еден од наведените примери.rnrnПрво наспроти второ дете: 10 работи за одгледувањето деца што родителите не се осмелуваат да ги изговоратrn

    1. Храна

    rnПрво дете: Свежо подготвено овошје, зеленчук, готвени јадења, мени каде што не постои место за брза храна. Барем до моментот кога вие не гледате, а некој од вашите блиски ќе му подаде нешто за грицкање.rnrnВторо Дете: Остатоци од ручекот, смоки, сендвичи, сок…rn

    2. Облека

    rnПрво дете: Облека од стопроцентен памук, докажани производители.rnrnВторо дете: Веќе носена облека од постариот брат или постарата сестра.rn

    3. Бањање

    rnПрво дете: Секоја вечер во бања со соодветна големина, со најдобриот природен гел наменет за бебиња.rnrnВторо дете: Два пати неделно. Останатите денови делумно миење или можеби туширање.rn

    4. Рутина на заспивање

    rnПрво дете: Покриено со омиленото детско ќебе, приспивна песна и заспивање секоја вечер во исто време. Строго почитување на правилата, затоа што тоа им овозможува сигурност на децата.rnrnВторо дете: Заспива со шише или цуцла во устата, на каучот, во 10 часот навечер.rn

    5. Пријатели

    rnПрво дете: Организирани средби, договори со мајките од паркот за идни дружења.rnrnВторо дете: Пријателите на постариот брат или постарата сестра.rnrnПрво наспроти второ дете: 10 работи за одгледувањето деца што родителите не се осмелуваат да ги изговоратrn

    6. Играчки

    rnПрво дете: Дрвени играчки, со врвен квалитет со потекло од земјите во Европската Унија.rnrnВторо дете: Играчка автомобил произведена во Кина, важно е да има нешто негово и ново.rn

    7. Правила за телевизорот

    rnПрво дете: Само програми за деца, ограничено време во денот.rnrnВторо дете: На две и пол години има свој таблет, знае како да гледа фотографии на мобилниот телефон и долгометражни цртани филмови.rn

    8. Обувки

    rnПрво дете: Врвен квалитет со европски потпис, цената не е пресудна.rnrnВторо дете: Неименувани марки и обувки од постариот брат или постарата сестра.rn

    9. Тетка која го чува

    rnПрво дете: Драгата сосетка која ќе ја цените и сакате до крајот на животот. Онаа која го носела во парк на утринска и попладневна прошетка и заедно си играле.rnrnВторо дете: Никој. И онака родителите не излегуваат премногу често.rn

    10. Фотографии

    rnПрво дете: Фотографии од првиот заб, првиот оброк, првите чекори, првото излегување надвор.rnrnВторо дете: Какви било фотографии.

  • 10 совети кои ќе ви помогнат да го воспитате детето да биде примерно

    10 совети кои ќе ви помогнат да го воспитате детето да биде примерно

    Одгледувањето на децата можеби е една од најтешките работи што постои, но тоа е и најубавото нешто што може да му се случи на човекот. Децата се нашата иднина и ние мора да се погрижиме тие да израснат во примерни луѓе.rnrn1.10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-go-vospitate-deteto-da-bide-primerno-kafepauza.mkrnrnЉубовта кон децата е неспоредлива со ниедна друга, тие се најголемото богатство, но токму поради тоа родителите често грешат при воспитувањето. Секако, тоа не ги прави лоши родители, само што децата примаат навики кои потоа лошо влијаат врз нивниот живот во иднина.rnrnНаправивме листа од 10 работи кои ќе ви помогнат да го израснете вашето дете во подобар човек.rnrn1. Почесто кажувајте НЕ. Практикувајте одложено задоволство и едноставно не му давајте на вашето дете сè што ќе посака во моментот, иако вие тоа лесно можете да си го дозволите.rnrn2. Очекувајте благодарност. Одете чекор подалеку во учењето на вашето дете да кажува „ве молам“ и „благодарам“. Научете го да воспоставува контакт со очи, правилен поздрав со рака, да покажува љубезност и благодарност за убавите зборови кои му се кажуваат и дарежливите подароци кои ги добива. Ако ова не се случува, натерајте го детето да го врати подарокот (на личноста која му го подарила или вам на безбедно чување) и објаснете му зошто не е подготвено да го добие.rnrn3. Практикувајте алтруизам. Донирајте облека и играчки за луѓето на кои им се потребни (не само на вашите соседи бидејќи така е најлесно и бидејќи тие имаат мали деца) и потрудете се и вашето дете да биде дел од тој процес. Правете го ова почесто кога имате можност, пакувајте и подарувајте заедно со цел детето да научи да не биде себично.rnrn4. Бидете внимателни во врска со вашето друштво. Ако се дружите само со богати семејства кои не го одгледуваат нивното дете правилно, можеби ќе почувствувате потешкотии да го постигнете тоа што сакате кога станува збор за воспитувањето на вашето дете. Гледајте да го поминувате времето со членови на фамилијата или пријатели кои имаат слични вредности на вашите.rnrn5. Пишувајте картички за благодарност. Да, картички напишани на хартија со пенкало! Генерално, денес децата пократко го задржуваат вниманието, расеани се и не се научени да одвојуваат време и внимание за да ја изразат нивната благодарност. Оваа едноставна, но сепак важна работа, може значително да го научи вашето дете не само да ја изразува својата благодарност за нештата кои ги има и доживува, туку и своите чувства и грижи.rnrn2.10-soveti-koi-kje-vi-pomognat-go-vospitate-deteto-da-bide-primerno-kafepauza.mkrnrn6. Не ги фаќајте секогаш кога ќе паднат. Гледајте да научат дека постапките имаат последици уште од рана возраст – споделете ваши искуства и научете ги лекции како „животот не е фер“. Дополнително, не претерувајте во заштитувањето од разочарувања. Мора да разберете и да верувате дека падовите се дел од успешниот развој на детето.rnrn7. Одолејте му на поривот да купувате повеќе работи наеднаш. Само затоа што можете, не значи дека морате! Не купувајте му 4 играчки наеднаш, купете му една и дозволете му на детето да ја засака и да го цени она што го има.rnrn8. Разговарајте со нивните дедовци и баби и објаснете им ги вашите намери. Споделете со нив дека имате желба детето да научи за почит, благодарност, љубезност и одговорност, и дека целите кон тоа. Потребна ќе ви биде нивната помош во остварување на овие цели, особено ако тие се како повеќето баби и дедовци кои сакаат да ги разгалуваат нивните внуци и внуки. Побарајте од нив да го разгалуваат вашето дете со љубов, време, наклонетост и внимание, а не со пари, подароци и играчки.rnrn9. Научете го детето за вредноста на парите. Поттикнете го вашето дете да управува со пари преку заштеда и донирање во добротворни цели, наместо во трошење. Ако го практикувате ова уште од рана возраст, тогаш детето ќе израсне во навистина одговорна личност.rnrn10. Споделувајте ги вашите приказни. Ако потекнувате од богата фамилија, раскажете му ја на вашето дете приказната како дошло до тоа. Ако самите го имате постигнато она што го имате, раскажете му ја таа приказна. Не заборавајте дека „давањето на детето сè што вие сте немале“ не е секогаш добра работа. Сигурно постојат многу работи кои вие сте ги научиле по патот кои ве направиле личноста којашто сте денес.