КАФЕ ПАУЗА

Tag: одгледување

  • Совети за одгледување декоративна виолетова детелина

    Совети за одгледување декоративна виолетова детелина

    Детелината со четири листови се смета за симбол на среќа насекаде во светот, а дали досега сте виделе виолетова детелина?rnrnСовети за одгледување декоративна виолетова детелинаrnrnВиолетовата декоративна детелина која се одгледува во саксии, во дворови и балкони, е исклучително убаво и романтично растение, а кога ќе погледнете како го облагородува вашиот простор, сигурно ќе ја разбуди среќата во вас.rnrnМоже да се одгледува во затворен простор како домашно растение или на отворено, во жардинери. Растението е преубав украс околу фонтани и вештачки езера.rnrnЛистовите во форма на срце можат да бидат зелени или виолетови. Интензитетот на нивната боја зависи од изложеноста на сончева светлина. Има и мали цветови кои можат да бидат бели, жолти и розови. Високите цветни стебленца им обезбедуваат на цвеќето доволно сонце бидејќи се наоѓаат над лисјата.rnrnЗа време на садењето изберете супстрат кој е богат со органска материја. Не сака вишок на влага во зоната на коренот и треба да му се обезбеди добро исцедена почва или подлога во садот. За местото на садење изберете сончеви позиции или прозорци на јужната страна. Не толерира силна сенка. Во северните предели, поволно е растенијата да бидат што повеќе изложени на сонце, додека на југ, благата сенка е подобар избор. Полесно поднесува кратки сушни периоди од дождливите денови. Не поднесува мраз, екстремно високи и ниски температури.rnrnПо цветањето, отстранете ги исушените цветови и цветните стебленца. Ако листовите се суви, исечете ги со ножици еден до два сантиметри повисоко од основата на растението. Во лето преместете го растението во сенка, особено кога температурите се екстремно високи. Престанете да го полевате два до три месеци за да се подготвите за зимата. Ако не можете да го преместите, тогаш покријте го со прекривка.rnrnСемето на декоративната детелина се сее напролет, на растојание од еден сантиметар и се покрива со тенок слој супстрат кој треба да биде умерено влажен. Младите корени бараат повеќе влага од постарите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за одгледување на декоративната виолетова детелина, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие совети за одгледување герании.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Рецепт за природно ѓубриво за здрави и бујни цвеќиња!

    Рецепт за природно ѓубриво за здрави и бујни цвеќиња!

    По долгиот престој во затворен простор, неопходно е да им обезбедите на цвеќињата соодветна исхрана и што е можно повеќе сончева светлина. На растенијата им се потребни одредени витамини и минерали за да растат и да цветаат. Во продолжение ви споделуваме рецепт за органско ѓубриво за цвеќиња.rnrnРецепт за природно ѓубриво за здрави и бујни цвеќиња!rnrnСтанува збор за ѓубриво кое можете да го користите не само за растенијата во затворен простор, туку може да биде идеален избор и за растенијата кои го украсуваат вашиот двор и балкон.rnrnПотребни ви се две состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата куќа – кора од банана и лушпа од јајце. Земете една кора од банана и лушпи од две јајца, ставете ги во блендер со малку вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Истурете го ова природно ѓубриво во шише и додадете вода. Протресете го и наводнете ги растенијата со добиената течност. Со овој третман, вашите цвеќиња ќе станат побујни и поздрави.rnrnКората од банана содржи фосфор, кој позитивно влијае на цветањето на растението, калиум, кој го поттикнува растот и развојот и калциум што го зајакнува растението. Лушпите од јајца, пак, се богати со калциум, а содржат и магнезиум, фосфор, калиум и натриум – состојки кои позитивно делуваат на квалитетот на почвата и придонесуваат за здрави и цврсти стебла.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за природно домашно ѓубриво за цвеќиња, можеби ќе сакате да прочитате и како правилно да одгледувате лаванда во вашата градина.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Совети за одгледување герании

    Совети за одгледување герании

    Гераниите се цвеќиња кои цветаат во текот на целата сезона и се достапни во различни бои. Тие се издржливи и лесни за нега.rnrnСовети за одгледување геранииrnrnСтанува збор за цвеќиња со повеќегодишен животен циклус, но често се одгледуваат како едногодишни. По потекло се од Јужна Африка, но денес се одгледуваат низ целиот свет, па и кај нас.rnrnТие се идеални за одгледување во саксии на тераса или балкон бидејќи се отпорни на суша и топлина, а имаат и украсни цветови во разни бои. Најдобро време за засадување герании е пролетта, кога ќе помине опасноста од мраз.rnrnРастенијата треба редовно да се наводнуваат, но внимавајте да не ги наводнувате прекумерно, бидејќи тоа може да предизвика гниење на коренот. Важно е и редовно да се отстрануваат сувите лисја и цветови за растенијата да останат здрави и да изгледаат убаво.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за одгледување герании, можеби ќе сакате да ги прочитате и советите за одгледување петунија – идеално пролетно цвеќе за вашата тераса.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Цвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетниците

    Цвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетниците

    Овие растенија цветаат и во текот на есента, а некои од нив се многу лесни за одгледување.rn

    Астер

    rnЦвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетницитеrnrnИмето на овој цвет потекнува од грчкиот збор што значи ѕвезда и го добил поради изгледот на неговите цвеќиња. Цветовите на ова растение најчесто се во различни нијанси на розова, црвеникава, виолетова и сина боја.rn

    Хелиопсија

    rnЦвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетницитеrnrnОва растение со интензивни жолти цветови ги преживува и најтешките зими, издржувајќи силни ветрови и бури. Хелиопсијата успева на речиси секоја градинарска почва, но ако сакате да цвета бујно, сепак треба да ѝ обезбедите подобра, умерено плодна и пропустлива почва. Може да порасне и над еден метар ако ја засадите како грмушка.rn

    Жедник

    rnЦвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетницитеrnrnОва растение сака сончеви места и сува почва. Сепак, треба да бидете внимателни и да го контролирате неговиот раст за да не се шири премногу. Во зависност од видот и од сортата, овие цвеќиња може да растат од 5 до 60 центиметри во висина, а цветовите најчесто им се жолти, бели, зеленикаво-бели, розови и црвени. Жедникот е одличен за почетници бидејќи е многу лесен за одгледување.rn

    Фуксија

    rnЦвеќиња што цветаат во есен: 4 вида растенија што ќе им успеат и на почетницитеrnrnФуксијата е позната по прекрасните розово-виолетови цветови во форма на ѕвонче. Нејзините цветови се многу нежни и чувствителни, па затоа не е добро да ја преместувате додека цвета. За добар раст и цветање, потребно е многу вода и редовно хранење.rnrnПрочитајте кои 3 цвеќиња нема да ви замерат ако заборавите да ги наводнувате.

  • Може да го оштетат коренот на орхидеите: 3 грешки што ги правите во текот на летото

    Може да го оштетат коренот на орхидеите: 3 грешки што ги правите во текот на летото

    Орхидеите се многу чувствителни и се познати како цвет за кој не е лесно да се грижите. Поради тоа, може да направите многу грешки што може да доведат до гниење на коренот и венеење на орхидеите. Некои од овие грешки најчесто се прават во летните месеци кога температурите се повисоки.rnrnМоже да го оштетат коренот на орхидеите: 3 грешки што ги правите во текот на летотоrn

    1. Ги наводнувате орхидеите со ладна вода

    rnМожеби сте слушнале дека наместо класичното наводнување на орхидеи, можете едноставно да ставите неколку коцки мраз во саксијата и да ги оставите да се стопат. Поради овој совет, многу луѓе мислат дека можат да го наводнуваат орхидеите и со ладна вода. Сепак, ако водата е премногу ладна, може неповратно да го оштети коренот. Ако орхидејата е во многу мала саксија во која нема многу почва, ладната вода може многу брзо да стигне до коренот и да го оштети.rn

    2. Ги наводнувате орхидеите премногу

    rnВисоките температури брзо ја сушат почвата во саксијата и затоа некои луѓе мислат дека на орхидеите им треба многу повеќе вода во текот на летото. Навистина, понекогаш вашиот цвет може да се дехидрира поради недостаток на вода, но внимавајте да не го наводнувате премногу бидејќи тоа ќе доведе до габични инфекции на коренот. Набљудувајте ги орхидеите и наводнувајте ги поретко ако забележите дека повеќе вода не им одговара, дури и ако почвата ви изгледа премногу сува.rn

    3. Ги изложувате орхидеите на несоодветна светлина

    rnВашата орхидеја може брзо да дехидрира ако е изложена на директна сончева светлина, но и да ги изгуби цветовите ако е во премногу темна средина. Најдоброто место за орхидеите е просторија која има многу природна светлина во текот на денот, но во никој случај не поставувајте ги на директна сончева светлина.rnrnПогледнете како да го направите овој пијалак што орхидеите го сакаат повеќе од водата.

  • 5 растенија што ќе успеат дури и ако ги запоставите

    5 растенија што ќе успеат дури и ако ги запоставите

    Кога станува збор за одгледувањето растенија, некои луѓе немаат време да се справат нив, а некои ќе речат дека едноставно не се талентирани. За среќа, постојат растенија на кои не им е потребно ниту време, ниту внимание за да успеат.rn

    1. Замија

    rn5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставитеrnrnНа замијата не ѝ треба многу вода или светлина и нема да ја пресадувате често – веројатно на секои две или три години.rn

    2. Сансеверија

    rn5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставитеrnrnОва растение може да преживее без вода долго време и расте многу бавно. Произведува само еден или два нови лисја по сезоната на растење.rn

    3. Аспидистра

    rn5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставитеrnrnАспидистрата била омилено растение во Викторијанската ера поради својата способност да напредува во екстремно лоши услови во домовите од средната класа.rnrnПо потекло е од Кина и има темнозелени лисја кои растат исправено и достигнуваат висина од приближно 70 сантиметри.rn

    4. Драцена

    rn5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставитеrnrnДрацената е растение што расте бавно и добро ја поднесува сушата. Лесно и брзо се приспособува на животот во затворен простор и нема да ви замери ако понекогаш заборавите да ја наводнете.rn

    5. Аглаонема

    rn5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставитеrnrnПокрај тоа што е исклучително издржливо, ова растение и бавно расте. Неговите лисја, во зависност од видот, можат да бидат од бели до зелени и црвени. Кога се грижите за аглоанемата, следете едно едноставно правило – колку се посветли нијансите на лисјата, толку повеќе ѝ треба светлина.rnrnПрочитајте кои видови цвеќиња цветаат во текот на целото лето.

  • 3 цвеќиња што нема да ви замерат ако заборавите да ги наводнувате

    3 цвеќиња што нема да ви замерат ако заборавите да ги наводнувате

    Повеќегодишните растенија се исклучително лесни за одгледување затоа што откако еднаш ќе се посадат, нема потреба повторно да се пресадуваат. Друга предност на овие растенија е тоа што тие не бараат многу внимание и успеваат, дури и ако одвреме-навреме ги „заборавите“.rn

    1. Ехинацеа

    rn3 цвеќиња што нема да замерат ако заборавите да ги наводнуватеrnrnПотребно е да се стави на сончево место, а се препорачува прво да се засади во саксија, а кога ќе созрее може да се пресади во градината. Така ќе го избегнете нападот на полжави кои многу го сакаат ова растение.rn

    2. Дневен крин

    rn3 цвеќиња што нема да замерат ако заборавите да ги наводнуватеrnrnИнтересно е што некои делови од овој цвет се јадат, така што пупките и цвеќињата може да се додадат во летните салати. Бидејќи се затвора навечер, ова растение не е најдобар избор за букети, па следното утро веќе нема да личи на цветот што сте го одбрале. Неговата убавина најдобро се забележува во неговото природно живеалиште или во саксија.rn

    3. Лаванда

    rn3 цвеќиња што нема да замерат ако заборавите да ги наводнуватеrnrnОва растение сака многу сонце, привлекува пчели и бумбари и има неколку корисни својства за телото и за кожата. Освен што воодушевува со својот мирис во текот на целото лето, лавандата е и силен сојузник во борбата против комарците и мувите. Затоа, ставете ја на прозорците или во близина на вратите за да ја намалите посетата на несаканите крилести гости.rnrnЛавандата не бара посебна грижа. Треба само да се обликува во грмушка во текот на првата и втората година на растот, а понатаму само повремено да се наводнува.rnrnПогледнете го овој цвет што носи атмосфера на море во секоја градина.

  • Тиландсија – растение на кое не му треба почва за раст и развој

    Тиландсија – растение на кое не му треба почва за раст и развој

    Опкружени со бетонски згради и заробени во четири ѕида, далеку од вистинската природа и од шумите, копнееме по смирувачкото зеленило на растенијата и нивната свежина и секогаш се обидуваме да го направиме нашиот дом поубав со избор на разни видови растенија.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by @kiiiiyo_kiyo

    rnrn

    rnrnrnТиландсијата е исклучително привлечен род растенија и тие се посебни затоа што не им треба земја за раст и развој. Имаат атрактивен изглед, малку диви, но сепак нежни. Подеднакво интересна е и нивната приказна за преживување, затоа што тие се воздушни растенија без корен. Сепак, тие не функционираат како паразити, туку користат други растенија, главно дрвја, како подлога за раст.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Living Ornaments TT (@living_ornaments)

    rnrn

    rnrnrnУсловите за раст се различни за одредени видови, од тропски шуми, постудени планински области, до суви пустини, така што тие се многу различни по изглед. Повеќето немаат корен или имаат само мали мустаќи и апсорбираат вода и храна преку лисјата. Дури и видовите кои растат на почва имаат многу слаби корени и ги исполнуваат повеќето од своите физиолошки потреби преку лисјата и нивните розети.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Living Ornaments TT (@living_ornaments)

    rnrn

    rnrnrnРастението умира по цветањето, но во исто време создава неколку млади растенија во основата кои растат заедно со него. На овој начин, растението се зголемува со текот на годините, а во природата, ваквите фрагменти од младото растение се одделуваат со помош на ветер, птици и други животни и се пренесуваат на други дрвја или карпи. Птиците често ги користат како материјал за гнездење и со тоа придонесуваат за нивно ширење.rnrnПовеќето видови имаат цвет во розова или црвена боја. Кај некои видови, паралелно со формирањето на цветот, горните лисја ги добиваат истите нијанси како и цветот.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Living Ornaments TT (@living_ornaments)

    rnrn

    rnrnrnУслов за нивно одгледување е многу светлина и прскање со вода два до три пати неделно. Покрај тоа, може да се додаде специјално ѓубриво (2-3 пати годишно) или ѓубриво за орхидеи. Не поднесуваат влага и лесно може да изгнијат, па затоа им треба прозрачно и многу светло место, па дури и малото изложување на директна сончева светлина за некои видови нема да претставува проблем.rnrnДекоративната примена на овие растенија е неограничена, така што тие можат да бидат поставени на стакло во модерните ентериери, на дрво во класичните или да се користат за помали или поголеми аранжмани и разни украси во просторот.rnrnПрочитајте ги овие трикови со кои предвесникот на пролетта нема да овене.

  • Најголемите грешки што ги правите при одгледувањето кактуси и други сукуленти

    Најголемите грешки што ги правите при одгледувањето кактуси и други сукуленти

    Како пустински растенија, на сукулентите им треба многу светлина за да успеат. Сепак, поради нивната репутација на жилави домашни растенија, луѓето знаат како да ги лишат од најважните услови за живот, па на крајот изумираат. Иако се лесни за одгледување, тоа не значи дека можете да ги оставите сукулентите на прозорецот или на масата и целосно да ги заборавите. Иако сукулентите се отпорни, сепак им треба малку внимание за да успеат. За да им дозволите да напредуваат совршено без многу мака, обрнете внимание на овие 5 најчести грешки и избегнете ги:rnrnНајголемите грешки што ги правите при одгледувањето кактуси и други сукулентиrn

    1. Саксии без дупки

    rnСукулентите изгледаат убаво во шарена саксија, но ако нема дупки на дното, ви се заканува катастрофа. Повеќето сукуленти претпочитаат посува почва, но користењето саксија без дупки ги зголемува шансите за гниење бидејќи вишокот вода ќе се смести на дното на садот и буквално ќе ги удави корените на вашето растение.rnrnСукулентите треба да се садат во саксии со дренажни дупки кои се помали од украсните саксии без дупки што сакате да ги користите. Користите смеса од земја направена за сукуленти и кактуси. За време на наводнувањето, извадете го растението од декоративниот сад и вратете го откако ќе се исцеди вишокот вода.rn

    2. Прскање наместо наводнување

    rnБидејќи на сукулентите не им треба многу вода за да преживеат, може да помислите дека прскањето е добар начин за одржување на растението. Но, не е така. Прскањето на лисјата е одлично за растенија кои ја ценат дополнителната влага, како многу папрати и други тропски видови одгледувани во затворени простории. Но, прскањето на сукулентите може да гi оштети, па дури и да предизвика гниење.rn

    3. Премногу малку вода

    rnТочно е дека повеќето сукуленти може да преживеат неколку недели, па дури и еден месец без вода, но тоа не значи дека тие никогаш не треба да се наводнуваат или дека можат да се справат со само неколку капки. Сукулентите ја преживуваат сушата со складирање вишок вода во нивните лисја или трње, а понекогаш и во коренот, но ако честопати ги оставате растенијата без вода неколку недели, тие можат да почнат да се намалуваат и да им паднат лисјата.rnrnНаместо тоа, обрнете внимание на почвата – кога е сува, време е да ги наводните. Проверете со врвовите на прстите – ако чувствувате влага, сепак имате време, но ако почвата е сува – наводнете го растението веднаш.rn

    4. Недостаток на светлина

    rnБидејќи се пустински растенија, на сукулентите им треба многу силна, па дури и директна светлина за да напредуваат. Сепак, поради нивната репутација за отпорни домашни растенија, се чини дека тие можат да преживеат секаде, дури и во темни простории без многу природна светлина.rnrnСепак, без доволно светлина, тие честопати ја губат бојата и почнуваат да ги издолжуваат лисјата или трњето за да најдат светлина. Кога купувате растение, проверете колку светлина му треба и потоа приспособете се на неговите потреби.rn

    5. Премногу сукуленти во иста саксија

    rnФотографиите често покажуваат прекрасни аранжмани на сукуленти, дури и натрупани едни на други, но ваквото садење нема да им ги обезбеди потребните услови за раст и развој.rnrnСукулентите можат да се справат со тесен простор за раст подобро од повеќето растенија, но ако имате еден куп збиени заедно, со текот на времето ќе почнат да се натпреваруваат за ресурсите како што се вода и хранливи материи во почвата. Покрај тоа, избегнувајте садење сукуленти со други растенија кои имаат сосема поинаква потреба за нега.rnrnПогледнете ги овие 5 розови домашни растенија за кои нема да верувате дека се вистински.

  • Цвет на искреноста: Како да се грижите за цикламата?

    Цвет на искреноста: Како да се грижите за цикламата?

    Ако сакате ова чувствително растение да преживее цела година во затворен простор, треба да знаете што му пречи. Температурите над 15 степени можат да му наштетат, па затоа преместете го на место што не се загрева.rnrnЦвет на искреноста: Како да се грижите за цикламата?rnrnЦиклама не поднесува многу топли простории со сув воздух. Најдобро е да ја чувате во простории што не се загреваат, каде што температурата е од 10 до 15 степени.rnrnПотребна ѝ е многу светлина, но не директна сончева светлина. Источната или северната страна се идеални. Ако ја негувате цикламата, може да цвета до март.rnrnЗа време на цветањето, потребно е редовно да ја прихранувате еднаш неделно. Цикламата природно престанува да расте напролет, па затоа треба да се намали наводнувањето. Потребен ѝ е период на мирување од околу еден месец додека не се исушат лисјата.rnrnКога ќе помине опасноста од мраз, може да се стави во градината или на балконот и да не се наводнува до средината на летото. Кога ќе почне да развива нови лисја, треба да се пресади и да се чува на свежо и светло место со редовно наводнување. Пред мразот, треба да се чува во незагреана просторија.rnrnЗа цикламата се вели дека е цвет на искреноста. Добро е да ја имате дома затоа што таа ги „израмнува сметките“ и ги решава недоразбирањата.rnrnПрочитајте кои домашни растенија може да доведат до труење на организмот.