КАФЕ ПАУЗА

Tag: одење

  • Истражување: Колку долго ќе живеете зависи од брзината на одење

    Истражување: Колку долго ќе живеете зависи од брзината на одење

    Британските лекари ја истражуваа врската помеѓу одењето и срцевите заболувања со фатален исход.rnrnИстражување: Колку долго ќе живеете зависи од брзината на одењеrnrnЛуѓето со бавно одење умираат двојно почесто од срцеви заболувања, покажуваат резултатите од обемното истражување на британските лекари.rnrnСпецијалистите следеле 230 000 жени и 190 000 мажи на возраст од 39 до 74 години во период од шест години. Учесниците во експериментот редовно правеле тестови за физичка подготовка и за општата состојба на организмот.rnrnИсто така, тие давале извештаи за темпото со кое се движеле. Се разбира, биле земени предвид и други фактори, како што се: алкохол, цигари, хронични болести, деловен статус, етничка припадност. Но, основната работа било темпото на одење.rnrnОдење со бавно темпо и поголема телесна тежина се причините за зголемена смртност кај учесниците во истражувањето. За време на истражувањето, починале 8 598 луѓе, од кои 1 188 мажи и 466 жени починале од срцев удар. Меѓу нив имало двојно повеќе луѓе, кои обично оделе полека.rnrnОбратните резултати од истражувањето го потврдиле претходниот заклучок дека брзото одење помага да се избегне развој на срцеви заболувања.rnrnИстовремено, брзината на одење не е поврзана со ризикот од рак. Но, долгиот работен ден, повеќе од 55 часа неделно, предизвикува аритмија и го зголемува ризикот од предвремена смрт за 40% во споредба со оние кои работат 35-40 часа.rnrnПрочитајте ги овие 10 популарни митови за медицината за кои експертите велат дека се лага.

  • 7 работи што ги открива начинот на одење за вашето здравје

    7 работи што ги открива начинот на одење за вашето здравје

    Кој размислува за тоа како ја става едната нога пред другата додека оди? Никој – сè до моментот кога ќе се појават здравствени проблеми. Вашиот начин на одење може да биде одраз на вашата физичка, ментална и невролошка состојба.rnrn7 работи што ги открива начинот на одење за вашето здравјеrn

    1. Ја користите едната нога повеќе

    rnОвој начин на одење открива дека ја штедите едната нога и веројатно станува збор за повреда на глуждот. Таквиот одење може да биде и последица на истегнување на лигаментот, повреда на стапалото, артритис и фактот што едната нога е пократка. Но, таквото одење може да му наштети на целото тело.rnrnТелото секогаш ќе активира механизми што ќе компензираат за неправилното одење. Некои пациенти може да имаат една нога пократка од другата, но може да го забележат тоа дури подоцна во животот кога ќе се истрошат зглобовите и со тоа ќе предизвикаат болка во грбот, во стапалото, во колената или во колковите. Ако болката во нозете стане постојана и силна, важно е да разговарате со лекар.rn

    2. Одите полека

    rnВозраста може да биде одговорна за бавното одење и мускулите на долниот дел од телото може да ослабат со возраста, а истото може да се случи и со мускулните влакна, па овие два феномени може да предизвикаат губење на силата и на тој начин да влијаат на брзина на движењето.rnrnИсто така, луѓето со вишок килограми и оние со дијагностициран остеоартритис често одат бавно.rn

    3. Бавни, кратки чекори

    rnАко не ги кревате стапалата од земја додека одите, тоа може да биде показател за Паркинсонова болест, па ако таквото одење кај вас е последица на болка, мора да разговарате со лекар. Исто така, можете да правите одредени вежби за зајакнување на мускулите што ги креваат стапалата.rn

    4. Не одите право

    rnНа некои луѓе им е тешко да одат право и да го задржат правецот, а причина за тоа може да биде слабиот глутеус.rnrnВаквото одење што наликува на одење на пингвин е исто така последица на остеоартритис во колковите, а вие можете да си помогнете со вежбање. Разговарајте со терапевт или со тренер за да ги изберете вистинските вежби за зајакнување на овие мускули.rn

    5. Одите на прсти

    rnАко сте среќни и возбудени, тие емоции можат лесно да се пренесат на начинот на одење.rnrnМожете да дознаете многу за менталната состојба на една личност според начинот на одење. Среќната личност ќе оди на прсти, па ќе изгледа како да потскокнува.rn

    6. Грчеви во нозете

    rnГрчевите се јавуваат често кај некои луѓе и тие остануваат вкочанети в место сè додека не се смири болката. Ако ова ви се случува постојано, може да станува збор за неоткриена болест, како што е болест на белите дробови или на артериите.rn

    7. Често се сопнувате

    rnАко причината е случајна дупка на патот, тогаш секако не станува збор за нарушено здравје. Сепак, ако ова ви се случува често, немојте да мислите дека сте само несмасни.rnrnДијабетичната невропатија е состојба која често не се дијагностицира. Како што напредува дијабетесот, стапалата може да станат нечувствителни, а пациентот честопати не ја чувствува промената на температурата во стапалата или не е целосно свесен за движењата на телото.rnrnОваа состојба на крајот може да стане болна, па затоа е важно да ја контролирате вашата состојба, да го мерите шеќерот во крвта и да вежбате за да го спречите проблемот.rnrnПрочитајте што открива за вашето здравје местото каде што ви се појавуваат брчки.

  • Луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања

    Луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања

    Кога брзате и треба да стигнете некаде на време, последното нешто што ви треба е човек кој се влече на улица пред вас. Овие бавни пешаци го попречуваат зафатениот тек на животот, но тие не само што ги нервираат останатите туку и си штетат самите себеси. Имено, најновите истражувања откриле дека луѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања.rnrnЛуѓето кои одат бавно се изложени на поголем ризик од срцеви заболувањаrnrnРезултатите од истражувањата покажале дека брзината на вашето одење може да влијае на здравјето на вашето срце и да го зголеми ризикот од прерана смрт. Истражувачите го анализирал одењето на 420.000 луѓе во период од 6 години, како и нивните шанси за прерана смрт. Тие откриле дека кај бавните пешаци постојат од 1,8 до 2,4 пати повеќе шанси да починат од срцево заболување за разлика од брзите пешаци.rnrnМеѓутоа истражувачите веруваат дека ова се должи на активниот животен стил на луѓето кои одат брзо. Според нивните претпоставки, брзите пешаци се физички поактивни и во подобра форма за разлика од бавните пешаци. Поради сето тоа, луѓето кои одат брзо немаат проблеми со висок крвен притисок, прекумерна тежина и пасивен начин на живот, што се најголемите причинители на срцевите заболувања.rnrnДоколку вие сте едни од тие забавени пешаци кои се влечат како целиот свет да застанал, можеби не можете да си помогнете и навистина не сакате да брзате во животот. Но, со оглед на можните ризици што ви се закануваат, најверојатно подобро би било да ги забрзате работите. Никој не вели дека треба да станете маратонци, но постојат голем број секојдневни начини на коишто можете да го „зачините“ вашиот живот со малку движење и активност.rnrnДури и најмалата физичка активност може да ви донесе неверојатни здравствени придобивки. На пример, одбегнувајте ги лифтовите. Ако видите голем број скалила, искористете ја оваа можност за да повежбате малку. Малите нешта како качувањето по скали наместо возењето во лифт може да направат голема разлика во вашиот живот.rnrnОсвен тоа може да правите 10-минутни интензивни вежби секој ден. Без разлика колку сте зафатени, сигурно можете да издвоите 10 минути од вашиот ден и да ги посветите на вашето здравје.rnrnИсто така, ако користите јавен превоз, симнете се неколку станици порано и поодете 10 или 20 минути. Не морате да одите побрзо доколку не сакате, но барем ќе се движите повеќе, а тоа е главната цел.rnrnМотото „Полека, но сигурно“ несомнено ќе ве одведе до крајната цел, но кога се работи за здравјето на вашето срце, навистина би требало да се потрудите малку повеќе за да го направите она што е најдобро за вашето тело.rnrnДоколку сакате да ја зголемите вашата физичка активност, прочитајте со кои спортови најбрзо се слабее.

  • Колку чекори дневно се потребни за да слабеете без промена на исхраната?

    Колку чекори дневно се потребни за да слабеете без промена на исхраната?

    Одењето е најлесниот и наједноставниот начин за физичкa активност. Докажано е дека го подобрува расположението, го штити здравјето и помага во слабеењето и одржувањето на посакуваната телесна тежина. Одењето може и да придонесе за отстранување на килограмите без да ја менувате исхраната. Проверете колку чекори просечно правите и дали е тоа доволно за да ослабите.rnrn1-doznajte-kolku-chekori-bi-trebalo-da-napravite-dnevno-za-da-oslabite-www.kafepauza.mk_rnrnНеодамнешна студија покажала дека жените кои просечно прават по 3.520 чекори во текот на денот (што е околу половина час одење) изгубиле повеќе од 2 килограми во текот на годината без ниту малку да ги променат своите прехранбени навики. Исто така, штетното масно ткиво од стомакот им се намалило за 12%. За да дознаете дали правите доволно чекори за да слабеете, проверете во подолу наведените податоци во кои ви го претставуваме просечниот број на чекори за време на одење или изврпување домашни обврски.rn

    По минути:

    rn

      rn011

    • 1 минута – 118 чекори
    • rn011

    • 10 минути – 1.180 чекори
    • rn011

    • 30 минути – 3.540 чекори
    • rn011

    • 60 минути – 7.080 чекори
    • rn

    rn

    По километри:

    rn

      rn011

    • 1,6 километри – 2.000 чекори
    • rn011

    • 4,8 километри – 6.000 чекори
    • rn011

    • 8 километри – 10.000 чекори
    • rn011

    • 12,9 километри – 16.000 чекори
    • rn

    rn

    Во извршување домашни обврски:

    rn

      rn011

    • Купување – 67 чекори
    • rn011

    • Бришење на подот – 101 чекор
    • rn011

    • Чистење со правосмукалка– 94 чекори
    • rn011

    • Работа во градината – 89 чекори
    • rn

    rnСовет: Ситните промени во секојдневието може да ви помогнат да го зголемите бројот на чекори. Пред да заминете во шопинг, пешачете некое време во маркетот или шопинг центарот. На работното место користете го толаетот на вториот кат. Кога ги извршувате дневните обврски, паркирајте се на најоддалеченото место на паркингот и на најоддалечениот паркинг.

  • Брзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!

    Брзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!

    Секоја активност, па дури и одењето, бара психичка подготовка доколку сакате да постигнете ефект. Одењето подолго од 20 минути спаѓа во категоријата аеробен тренинг. Овој тренинг го зголемува максималното вдишување на кислород, го подобрува ритамот на срцето и го намалува стресот.rnrnБрзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!rnrnМеѓутоа, доколку сакате да ослабите со пешачење, треба да обрнете внимание на темпото со кое одите. Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Вирџинија, жените кои 3 пати неделно оделе брзо по 30 минути изгубиле 6 пати повеќе масно ткиво околу стомакот за разлика од жените кои 5 пати неделно пешачеле со нормално темпо.rnrnЖените кои оделе со побрзо темпо исто така стопиле 4 пати повеќе од вкупното телесно масно ткиво. Најдобрите вести се што брзото одење најпрво го топи абдоминалното масно ткиво. Освен тоа, брзото одење не создава толку голем притисок на глуждовите како трчањето. Тоа е така затоа што додека одите едната нога секогаш ја допира земјата, додека, пак, при трчањето постојат моменти кога целото тело е во воздух и кога ќе се спуштите на земја, телото е изложено на удар.rnrnПешачењето во одредено темпо во комбинација со здравата исхрана може да ви помогне да ослабите и да се вратите во форма. Со помош на овие совети ќе можете да ослабите дури 5 килограми за само 3 недели. Сѐ што треба да направите е да одите!rnrn1. За да постигнете најголем ефект, треба да одите со брзо темпо 3 пати неделно по 30 минути. Овие 30 минути можете да ги изодите одеднаш или со кратки пауза за време на кои ќе одите побавно. Постојат 3 вида одење:rnrnБрзо и лесно слабеење: Симнете 5 килограми за 3 недели со помош на пешачење!rnrnШетање. Со ова темпо се движите кога разгледувате излози додека пазарите и неговиот интензитет изнесува 4 на скала од 10. За време од 1 час можете да согорите 238 калории.rnrnБрзо одење. Ако одите со брзина од 5 или 6 на скала од 10 ќе можете да изодите 6 километри за еден час и ќе согорите 340 калории. Додека одите со оваа брзина, ќе можете да зборувате, но по секои неколку реченици ќе треба да направите пауза за да земете воздух.rnrnСилен од. Брзината е околу 8 до 7 километри на час, а ќе согорите околу 564 калории за 1 час. Ако одите со ова темпо и притоа ги движите рацете и правите поголеми чекори, интензитетот би требало да изнесува 7 или 8 на скала од 10. Ќе знаете дека одите доволно брзо според тоа дали можете да зборувате. Со оваа брзина одвај ќе можете да зборувате, бидејќи на секои 3 или 4 зборови ќе мора да земете воздух.rnrn2. При секое газење треба активно да ја стегате мускулатурата на ногата, како и стомачните мускули. Треба да чекорите со она темпо кое ќе ве доведе до анаеробна зона, односно би требало да не можете да вдишете доволно воздух. Можеби на почетокот тоа ќе ви се случува по само неколку минути, но постепено телото ќе се навикне и ќе добиете поголема кондиција. Поради истата причина, постојано треба да го „шокирате“ телото со нагли промени при одењето (одење по угорнини и надолнини) или со промена на темпото и неговиот интензитет. На пример, 2 минути одете брзо, па преминете на бавно одење. Доколку нозете почнат да ви се грчат или почувствувате вртоглавица, направете пауза една минута и истегнете се.rnrn3. Носете шише вода бидејќи на секои 10 до 15 минути треба да испиете по неколку голтки течност. Немојте да пешачите до период од денот кога е многу жешко за да не ви се слоши. Однапред подгответе си здрав оброк, за да не се прејадете по одењето.rnrnКога ќе почувствувате дека сте се прилагодиле на одењето, воведете и вежби со тежина барем два пати неделно кои ќе ви помогнат да ги оформите мускулите кои се главните потрошувачи на калориите.rnrnДоколку ве заинтересира оваа физичка активност, дознајте колку се слабее со пешачење.

  • 10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

    10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дама

    Многу мажи ќе се согласат дека нема ништо посмешно од жена која носи чевли со високи потпетици, а не знае да оди со нив. Но, жените знаат дека понекогаш едноставно не можат да одолеат на тие прекрасни чевли кои прават да се чувствуваат како вистински топ модели. Доколку ви е тешко да одите во вашите нови потпетици, не очајувајте бидејќи има решение. Ова се 10-те трика кои ќе ви помогнат да се чувствувате удобно и самоуверено кога ќе чекорите во вашите омилени обувки…rn

    1. Правете мали чекори

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnЗа да изгледате елегантно треба да правите мали и бавни чекори без да ги виткате колената повеќе од вообичаено. Ако се обидете да правите големи чекори, како што го правиме тоа во секојдневните чевли, вашиот од ќе изгледа неприродно. Така што, ако сте одлучиле да ги освојувате височините, не смеете да брзате.rn

    2. Чекорете од петици кон прсти

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnЗа вашето темпо на одење да делува природно, треба прво да стапнете со петиците на земја и потоа полека да го придвижите стапалото кон прстите. Кога вашата тежина ќе падне на табанот од стапалото, наведнете го нанапред, како да одите на прсти, и почнете да го преземате следниот чекор.rn

    3. Одете исправени

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnНема убава жена без беспрекорно држење. Исправете ги рамената и брадата нека ви биде паралелна со подот. На овој начин вашите стомачни мускули ќе се зацврстат, стомакот ќе ви се израмни и ќе изгледате послаби и полесни.rn

    4. Чекорете во права линија

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnЗа да одите како модел, замислете си права линија пред вас и чекорете строго по неа. Движете ги стапалата точно едно пред друго и ширете ги прстите по малку, за да ви се нишаат колковите. Ќе ви треба малку вежбање, но трудот ќе се исплати. Несомнено е дека ќе привлечете голем број погледи.rn

    5. Подгответе се од дома

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrn

      rn011

    • Доколку ве очекува некој голем настан, како на пример свадба, треба да се припремите однапред за да изгледате совршено. Вежбајте го вашиот од за вечерта помината во високи потпетици да не се претвори во кошмар, туку во сон. Можете и да ги изгребете малку ѓоновите на чевлите за да не се лизгаат.
    • rn011

    • Носете ги чевлите за да свикнете на нив. Новите обувки во комбинација со цела вечер помината во стоење, не даваат добри резултати. Можете да ги направите вашите чевли помеки, доколку облечете волнени чорапи и ги носите со чевлите секој ден по 10 минути.
    • rn011

    • Научете да одите по скали. Стапнувајте со цело стапало кога се симнувате, а кога се качувате стапнувајте само со прстите.
    • rn011

    • Користете удобни влошки и подлоги. Кога ќе ги пробате новите потпетици, ако стапалата ви се лизгаат, влошките можат да ви помогнат да ви биде попријатно во чевлите. На овој начин вашите стапала и чевли ќе бидат заштитени.
    • rn

    rn

    6. Научете како да стоите на високи потпетици

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnНе е сѐ до одењето, треба да знаете и како да стоите. Поставете ја петата на едното стапало во средината на другото под прав агол. Потоа пренесете ја тежината на второто стапало и кога ќе се уморите, префрлете ја тежината на другото.rn

    7. Одморајте ги стапалата

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnАко сакате цел ден да носите високи потпетици, а да не ве болат стапалата, одморајте се одвреме-навреме. Но, не ги соблекувајте чевлите. Уморните стапала отекуваат и вистински предизвик ќе биде повторното облекување на потпетиците.rn

    8. Не носете високи потпетици премногу често

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnНосете чевли со различна висина на потпетицата, но нека доминираат ниските и удобни чевли. Постојаното носење високи потпетици може да му нанесе многу штета на вашето здравје.rn

    9. Одберете ги вистинските обувки

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnДоколку целиот ваш живот сте носеле патики, не брзајте веднаш да купите чевли со потпетица висока 15 центиметри. Почнете со нешто понеутрално и стабилно, како што се потпетиците од 8 или 10 центиметри. Можете да се обидете со чевли со ремчиња. Тие се поудобни бидејќи стапалото помалку се лизга во нив и полесно е да се одржи рамнотежа.rn

    10. Одберете ја вистинската величина

    rn10 трика кои ќе ви помогнат да носите високи потпетици како вистинска дамаrnrnНишто нема да ве спаси доколку носите премногу тесни чевли. Никогаш не смеете да купувате високи потпетици ако почувствувате дека ви се малку тесни. Ако мора да одберете помеѓу премногу големи и премногу тесни чевли, одберете ги првите затоа што ќе можете да ги носите со влошка, а со вторите нема да можете ништо да направите освен да се каете што сте ги купиле.

  • Едноставна навика која може да ви го смени животот на подобро

    Едноставна навика која може да ви го смени животот на подобро

    Доколку ѝ верувате на науката, сигурно ќе ве интересира како може една навика да ни го промени целиот живот на подобро. Имено, со помош на оваа навика, ние се ослободуваме од стресот, поубаво спиеме, нашиот метаболизам работи подобро, имаме повеќе енергија и многу подобро расположение. Сигурни сме дека со нетрпение чекате да дознаете за каква навика се работи.rnrn0-doznajte-koja-e-taa-navika-koja-mozhe-da-vi-go-smeni-zhivotot-na-podobro-www.kafepauza.mk_rnrn

    Станува збор за одењето боси по земја, трева или песок!

    rnИако веруваме дека нема да излезете од вашиот дом без обувки, сепак кога сте во парк, на плажа или каде било што е безбедно да чекорите боси, тогаш чекорете на овој начин. Многубројни студии и истражувања покажале дека директниот контакт со земјата пренесува енергија во нашето тело. Таа е во облик на онаа што ја примаме од сонцето, само што разликата е во директниот контакт.rnrn1-doznajte-koja-e-taa-navika-koja-mozhe-da-vi-go-smeni-zhivotot-na-podobro-www.kafepauza.mk_rn

    Благотворните дејства на оваа навика се многубројни:

    rn

      rn011

    • Ќе имате повеќе енергија
    • rn011

    • Ќе бидете помалку под стрес
    • rn011

    • Ќе спиете подобро
    • rn011

    • Ќе имате помали шанси да заболите од рак (бројните слободни електрони од земјата ќе се најдат на патот на слободните радикали),
    • rn011

    • Ќе имате подобра крвна слика
    • rn011

    • Ќе ги намалите разните воспаленија
    • rn011

    • Вашиот метаболизам ќе функционира подобро/li>rn011
    • Ќе бидете многу подобро расположени
    • rn

    rn2-doznajte-koja-e-taa-navika-koja-mozhe-da-vi-go-smeni-zhivotot-na-podobro-www.kafepauza.mk_rnrnАпсолутно нема да ве чини ништо доколку го испробате ова следниот пат кога ќе бидете во можност. Дефинитивно ќе се чувствувате многу слободно и помалку хипи, но секако набрзо ќе ги почувствувате и првите придобивки.

  • 5 спасоносни трикови за сигурно одење по заледените патишта

    5 спасоносни трикови за сигурно одење по заледените патишта

    Топлото време во Македонија конечно се замени со снежна покривка која ги развесели сите кои го сакаат снегот и зимските денови. Но, ниските температури во текот на ноќта и мразот кој го окова асфалтот, претставуваат голема грижа за сите кои мораат да балансираат на замрзнатите градски улици. Одењето по мразот не е воопшто лесно и може да донесе секаков вид проблеми – од болки во грбот и скршеници, до потреси на мозокот. Последиците од паѓањето се особено опасни за постарите лица кои имаат послаби коски.rnrn5 спасоносни трикови за сигурно одење по мразот!rnrnДржете се до овие правила и трикови за да ја совладате вештината на одењето по мразот и да ги избегнете паѓањата:rn

    1. Ослободете ги рацете

    rnДодека одите, не би требало да ги држите рацете во џебовите, ниту пак дополнително да се оптоварувате и да носите кеси. На тој начин, доколку паднете, нема да може да паднете на рацете и тука да ја концентрирате целата тежина врз нив.rn

    2. Одете пошироко

    rnЗа да бидете постабилни, препорачливо е да одите малку пошироко.rn

    „Поширокиот од е постабилен, а доколку имате дополнително помагало како на пример бастун или чадор, тогаш сигурно ќе ја намалите можноста за паѓање“, советува Андреја Јасич Канточи, физиотерапевт.

    rn

    3. Пробајте го трикот со исечени чорапи

    rn

    „На погрубите чорапи, исечете им ги им прстите и ставете ги на чевлите. На тој начин, при одењето, предниот дел се фиксира на подлогата и го спречувате паѓањето“, вели Јасич Канточи, додавајќи дека обично постарите луѓе го применуваат овој лукав трик.

    rnМеѓутоа, овој трик можат да го користат и помладите така што подлогата ќе ја стават само на ѓонот од чевлите и чорапите нема да бидат видливи.rn

    4. Одете навалени нанапред

    rnЗа дополнително да се заштитите од паѓање, при одењето добро би било да го навалите телото нанапред.rn

    „При одењето добро би било телото да го навалите малку нанапред. Таквото одење наликува на одењето на пингвините: Силата на гравитацијата преминува на предните нозе и на тој начин сте повнимателни на мразот“, објаснува Јасич Канточи.

    rn

    5. Избегнувајте спортска облека и чевли со рамна платформа

    rnПред да излезете на мразот треба да знаете дека спортската облека и чевлите со рамна платформа не се идеален избор. Грубата платформа на зимските чевли како и овие корисни совети можат да ви го олеснат балансирањето по замрзнатиот асфалт.

  • Стилот на одење говори многу за вашата личност

    Стилот на одење говори многу за вашата личност

    Малите нешта можат да кажат многу за нас. Тоа е прилично лудо, бидејќи за некои од тие нешта мислиме дека не се под наша контрола. Тие се само дел од тоа што сме, како што е положбата во која најчесто спиеме или обликот на нашите нокти.rnrn(10)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnОвие работи претставуваат прилично интимни нешта во нашиот живот. Социолозите спровеле истражување кое открива дека нашиот стил на одење, вклучувајќи ја брзината на одењето и должината на нашиот чекор имаат огромно влијание на нашиот карактер.rnrnПостојат неколку главни категории според стилот на одење. Повеќето луѓе се комбинација од две од тие категории, иако најчесто доминира една.rn

    Управувач

    rn(4)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnДоколку тежината е префрлена нанапред, а чекорот е брз, вие сте „управувач“. Бонус е ако можете да правите повеќе работи одеднаш додека одите – да го користите телефонот, да мислите за одредени проблеми или да правите некаков попис во вашата глава.rnrnЕкспертот за говор на телото, Пети Вуд вели дека ако постои некоја пречка на вашиот пат, вие ќе најдете нов, заобиколен пат и ќе ја поминете.rnrnАко ова ве потсетува на вас, имате многу позитивни особини. Знаете како да ги остварите плановите, продуктивни сте, логични и веројатно многу интелигентни. Луѓето ви се восхитуваат, но понекогаш можеби изгледате ладно. Често сте натпреварувачки расположени и вашата огнена личност може да го извлече најдоброто од вас. Вуд сугерира дека треба да забавите и да го почувствувате мирисот на ружите, да воспоставувате контакт со очи и да вложите напор за да се поздравите со некој што го познавате.rn

    Шармер

    rn(9)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко чекорите со испакнати гради кон напред, а рамената, грбот и главата ги држите високо, постои голема шанса да сте „шармер“.rnrnДруг клучен фактор е дека слично како „управувачите“, чекорите брзо, но имате еластичен и сигурен од. Додека чекорат, шармерите се смешкаат, воспоставуваат контакт со очи или гласно се поздравуваат.rnrnСпоред Вуд, голем број политичари и јавни личности имаат „шармерски“ стил на одење. Ако сте шармер, вие сте забавни, харизматични, социјално вешти, но некои луѓе може да помислат дека малку претерувате.rnrnВашата предимензионирана личност ја привлекува светлината од рефлекторите, а понекогаш го вртите целото внимание кон вас, дури и кога не треба. Вуд сугерира да го смалите ентузијазмот и да размислувате пред да делувате.rn

    Помошник

    rn(5)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко вашата тежина е распределена на двете нозе, а не напред или назад, тоа може да е знак дека сте „помошник“.rnrnВашата брзина на одење е со средно темпо, а вашите движења се меки и суптилни. Слично како „шармерите“, имате тенденција да гестикулирате додека одите, иако повеќе сакате контакт со очи отколку довикување.rnrnДоколку сте „помошник“, повеќе се занимавате со луѓето отколку со задачите, уживате во вашиот живот и кариерата не ви е важна.rnrnКога сте дел од група се чувствувате задоволно, сакате да се дружите со семејството и да учествувате во групни спортски активности. Имате многу квалитети, но „управувачите“ и „шармерите“ може да ве сметаат за послаби и поради тоа да се обидат да ве искористат.rn

    Плашливец

    rn(0)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко одите тивко на ножните прсти и вашите очи се залепени за подот, тоа може да значи сте „плашливец“.rnrnВашиот ритам е бавен и претпазлив, како да се плашите дека ќе направите погрешен чекор. Вашите раце се во непосредна близина на телото, како да се плашите дека ќе навлезат во туѓ простор.rnrnНе користите телефон додека одите, ниту пак имате интеракција со пријателите додека чекорите заедно со нив.rnrnВие веројатно сте интровертни, но љубезни. Кон другите се однесувате како што сакате и тие да се однесуваат кон вас. Сепак, со оглед на вашата интровертна природа, не зборувате за она што го сакате или ви е потребно. Едноставно очекувате луѓето да знаат. Тоа може да доведе до компликации во односот со другите луѓе, кои можат да бидат збунети од вашата раздразливост.rn

    Следните категории не спаѓаат во четирите основни пешачки карактеристики, но особините и навиките откриваат многу важни информации за вас.

    rn

    Пешак со краток чекор

    rn(1)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnАко сте жена со краток чекор и чувствувате болка во колената, можеби е време да се ослободите од високите потпетици. Кратките чекори укажуваат и на проблеми со колковите.rn

    Пешак со прекрстени раце

    rn(6)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnТоа би можело да значи дека се чувствувате ранливо. Жените вообичаено ги прекрстуваат рацете кога навечер чекорат сами или поминуваат низ опасен дел од градот.rnrnНо, напаѓачите имаат тенденција да ги напаѓаат тие коишто изгледаат слабо и немоќно, па обидете се да ги спуштите рацете и да одите исправено и брзо.rn

    Пешак кој мавта со рацете

    rn(8)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnНашите раце се поврзани со грбните мускули. Кога одиме, замавнуваме со рацете во спротивна насока од ногата која оди напред, а тој замав го поддржува latissimus dorsi, мускулот на долниот дел од грбот.rnrnАко едното рамо се движи слободно, а другото е круто, можеби треба да очекувате болки во грбот и вратот.rn

    Пешак со некоординиран од

    rn(3)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnКога нашите нозе го допираат дното, испраќаат сигнали до мозокот за положбата на екстремитетите. Тој феномен се вика проприоцепција. Намалената проприоцепција се случува поради губиток на осет, што резултира со некоординиран од и личноста не е свесна за положбата на своите долни екстремитети.rnrnОвие луѓе ги подигнуваат стапалата и нозете многу високо, а потоа со нив треснуваат на тлото, како би знаеле каде ги спуштиле нозете.rnrnГубитокот на осет во стапалата е предизвикан од дијабетес и недостаток на витамин Б12.rn

    Пешак мултитаскер

    rn(2)-stilot-na-odenje-govori-mnogu-za-vashata-lichnost-kafepauza.mkrnrnВерувале или не, ако одите и истовремено зборувате и џвакате мастика или паралелно правите и други работи, тоа може да создаде позитивна енергија. На пример ако одите низ дома, зборувате на телефон, готвите, украсувате или организирате нешто друго, тоа вас може да ве направи покреативни.rnrnАко тоа често го правите, најверојатно сте креативни и полни со идеи.

  • Нашите отпечатоци не се единствените нешта кои нè прават уникатни

    Нашите отпечатоци не се единствените нешта кои нè прават уникатни

    Сите ние знаеме дека кога станува збор за криминал, првото нешто врз кое се потпираат детективите за идентификација на осомничените се отпечатоците на прстите. Нивната уникатност предизвикува полесно распознавање на луѓето, како и откривање на нивната присутност на одредени места. Оваа пракса е позната со илјадници години и потекнува од далечната Кина, каде што тие ги запечатувале писмата со глина во форма на авторските отпечатоци.rnrnНашите отпечатоци не се единствените нешта кои нè прават уникатниrnrnНо, што е со останатите делови од нашето тело? Секој човек е уникатен и посебен, па токму затоа и не е воопшто чудно што отпечатоците од прстите не се единственото нешто кое ги издвојува луѓето. Па, погледнете кои други делови од вашето тело се уникатни и ве издвојуваат од останатите луѓе на планетата.rn

    1. Уши

    rnГолеми се шансите дека вие никогаш не сте гледале вака на вашите уши, но тие без сомнение ве прават уникатни. Секое уво има свои различни линии и облини, од кои највпечатлив и најуникатен е неговиот раб. За разлика од отпечатоците на прстите, кои можат да се менуваат поради лузни и триење на кожата, браздите на ушите остануваат исти во текот на целиот живот.rnrnУшите се целосно формирани пред раѓањето и со текот на годините ресицата малку се спушта, но сè останато останува исто.rn

    2. Очи

    rnПокрај отпечатоците на прстите, вие можете да бидете препознаени и според вашите очи. Има различни начини на кои тоа може да се стори, како скенирање на ретината, ирисот или шареницата на вашето око. Тоа е само уште еден начин кој денес сè почесто се користи во форензиката со цел да се откријат злосторниците или жртвите.rnrnШареницата е мускул кој го контролира поголемиот дел од зеницата и им дава на очите боја во зависност од количината мелатонин која ја содржат во себе. И покрај тоа што бојата и структурата на ирисот се најчесто одредени според генетиката, деталите исцртаните врз него најчесто не се. Тие се формираат од цврсто склопените мембрани на ткивата одека бебето сè уште се наоѓа во матката на мајката, а потоа веднаш пред раѓањето се создава мрежницата. Овие процеси на создавање се токму оние кои ги прават уникатни шарениците.rn

    3. Јазик

    rnОтпечатоците од забите се анализираат уште од 1970-тите во текот на судските предмети, но се верува дека уште еден посебен дел од телото е токму јазикот, кој исто така останува непроменет во текот на целиот живот.rnrnИако не е целосно докажано дека секој човек има посебен јазик, истражувачите тврдат дека токму овој орган е адекватен за идентификација осомничени или жртви поради тоа што е невозможно да се фалсификува неговиот отпечаток.rn

    4. Од

    rnНекои луѓе одат подгрбавено, некои потскокнуваат, додека пак други, ги влечат нозете. Секој се движи на свој начин и тоа не само со нозете, туку со целото тело. Во склоп на овој концепт, истражувачите откриле 24 компоненти кои го творат одот на секој човек и според кои тие можат да препознаат кој било во толпата луѓе.rnrnРазлични програми кои го анализираат човечкото одење имаат дури и до 80% точност. Принципот врз кој работи еден од овие програми можете да го погледнете во следново видео.